ДОНЕСЕНИ 45 РЕШЕНИЈА И 19 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 89-та седница одржана на 21 август 2014 година, донесе 45 решенија и 19 заклучоци.
Комисијата на седницата постапуваше по 61 жалба од Здружението за еманципација,солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ изјавени против здравствени институции. Притоа, беа донесени 42 Решенија со кои жалбите се уважуваат и се задолжуваат имателите на барателот да му ги достават бараните информации. Комисијата донесе решение за прифаќање и на Жалбата поднесена од Транспаренси интернешнал- Македонија, додека жалбите од лицата Б.П и К.Ш. беа одбиени како неосновани.
Исто така, Комисијата донесе 19 заклучоци со кои се запираат постапките по жалбите од Здружението за еманципација,солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.