ДОНЕСЕНИ 42 РЕШЕНИЈА И 31 ЗАКЛУЧОК Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 88-та седница одржана на 31 јули 2014 година, донесе 42 решенија и 31 заклучок. Постапувајќи по 42 жалби изјавени од Здружението на граѓани Х.Е.Р.А.- Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје (5) и Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија- ЕСЕ од Скопје (37), Комисијата донесе Решение со кое Жалбата се уважува и се задолжува првостепениот орган на барателот да му ја достави бараната информација. Произнесувајќи се по 31 друга жалба, од кои 27 изјавени од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија- ЕСЕ од Скопје, а 4 од Фондацијата Отворено општество-Македонија, Комисијата донесе заклучоци со кои се запираат постапките по жалбите, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации.