ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 80 седница одржана на 12 мај 2008 година, донесе 4 решенија и 1 заклучок.

* * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на В.Н., поднесена преку полномошник Б.С.С., од с.Сарај, Скопје, против Државниот завод за геодетски работи – Сектор за премер и катастер – Скопје, по предметот Барање за  пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2008 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.Н. поднесена преку полномошник Б.С.С.,  против Државниот завод за геодетски работи – Сектор за премер и катастер – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА, Државниот завод за геодетски работи – Сектор за премер и катастер – Скопје, на барателот да му ги достави: “Сите списи од Управниот предмет 1111/340 од 25.10.2004 година. Барање за мерење на К.П. Полномошна од предметот, уплатници за теренско мерење на име ДЗГР – Скопје. Избор на лица за премер со Решение од заводот, ден на достава на скицата за премер на странката за изјаснување, Записници од лице место за сите страни од реден број 1-22 од Скицата“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-294/1 од 16.04.2008 година, изјавена од В.Н., застапуван од полномошник Б.С.С., против Државниот завод за геодетски работи – Сектор за премер и катастер – Скопје, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот завод за геодетски работи, на барателот да му достави фотокопија од бараните списи: “Сите списи од Управниот предмет 1111/340 од 25.10.2004 година. Барање за мерење на К.П. Полномошна од предметот, уплатници за теренско мерење на име ДЗГР – Скопје. Избор на лица за премер со Решение од заводот, ден на достава на скицата за премер на странката за изјаснување, Записници од лице место за сите страни од реден број 1-22 од Скицата“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
По разгледувањето на Жалбата Комисијата го констатира следното.
На 10.03.2008 година, В.Н., преку полномошник Б.С.С., до Државниот завод за геодетски работи – Сектор за премер и катастер – Скопје, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер и побарал: “Сите списи од Управниот предмет 1111/340 од 25.10.2004 година. Барање за мерење на К.П. Полномошна од предметот, уплатници за теренско мерење на име ДЗГР – Скопје. Избор на лица за премер со Решение од заводот, ден на достава на скицата за премер на странката за изјаснување, Записници од лице место за сите страни од реден број 1-22 од Скицата“.
Државниот завод за геодетски работи Сектор за премер и катастер – Скопје, на ова Барање не одговорил во предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што е поднесена Жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кое нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Државниот завод за геодетски работи Сектор за премер и катастер – Скопје, не одговори ниту на дописот бр.07-294/2 од 17.04.2008 година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Согласно член 44 став 2  од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2008 година го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.У. од Скопје против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-152/1 од 28.01.2008 година, изјавена од В.У. од Скопје против Основен суд Скопје 2 Скопје и ЈА ОДБИ.
На 18.12.2007 година В.У. од Скопје поднел Барање до Основен суд Скопје 2 Скопје и побарал по пошта да му биде доставена фотокопија од „примерок од документот-доказот со кој што се потврдува-докажува дека службеното лице определено за посредување со информации (согласно чл.8 од ЗСПИЈК) при Основниот суд Скопје 2 Скопје ги препратило барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер до оние органи до кои е наведено во самите барања, односно едното барање упатено за Стечајниот совет по предметот СТ.517/2004г. (како орган) и другото барање упатено за Стечајниот управник по предметот Ст.517/2004г. (како посебен орган во тој предмет) кои барања се доставени до овој суд на 15.06.2007г. и евентуално примерок-доказ дека овие органи ги примиле овие барања„.
Основниот суд Скопје 2 Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 15.03.2008 година ја препрати Жалбата до Основен суд Скопје 2 Скопје и побара од него веднаш да се произнесе по истата и да ги  достави списите во врска со предметот.
Основен суд Скопје 2 Скопје одговори на барањето на Комисијата на 04.04.2008 година со Произнесување во врска со поднесена жалба, во кое вели дека на Барањето на В.У. од Скопје „е веќе одговорено од овој Суд со известувањето 03-СУ.бр.1655/2007 од 10.10.2007 година, во кое е јасно наведено дека барањата доставени до Основниот суд Скопје 2 Скопје на 15.06.2007 година од барателот В.У., а кои се однесуваат за предметот што се води под Ст.бр.517/2004, се препратени до Централниот регистар на РМ како имател на бараните информации„.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по разгледувањето на списите по предметот констатира дека Основниот суд Скопје 2 Скопје во претходна постапка веќе одговорил на барањето на В.У. од Скопје, односно согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер го препратил барањето до Централниот регистар на Република Македонија како имател на бараната информација и за тоа го известил барателот.
Централниот регистар постапил по препратеното Барање и донел Решение бр.08-2022/4 од 22.11.2007 година, кое му е доставено на барателот В.У. од Скопје. Барателот, во меѓувреме изјавил Жалба бр. 07-387/8 од 16.11.2007 година, на која добил Одговор од централниот регистар заведен под бр. 08-2022/6 на 23.11.2007 година. Комисијата ги разгледала и донела Решение бр.07-387/11 на 06.12.2007 година, кое исто така е доставено до В.У.. Со тоа постапката по Барањето и по Жалбата на В.У. е завршена.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Р.А.С. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Општина Карпош и Општина Аеродром, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2008 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Р.А.С. од Скопје против Општина Карпош и Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОТФРЛА како недопуштена.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата изјавена од  Р.А.С. од Скопје, утврди дека не може да постапува по истата и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Р.А.С. од Скопје на 29.04.2008 година поднесе Жалба  до Комисијата во која се наведува дека Општина Карпош и Општина Аеродром не и одговориле во законски предвидениот рок на приложено Барање.
Во Барањето Р.А.С. наместо да бара информација од јавен карактер, при што требало да се повика на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа повикувајќи се на Законот за обезбедување на побарувањето со Барање заведено во Општина Карпош под бр. 23-626/1 од 19.02.2008 година и Барање заведено во Општина Аеродром под бр. 18-1465/1 од 21.02.2008 година  барала да и се обезбедат податоци за инвеститорот „Самарија„, „со кои објекти располага и тоа: објекти во изградба; изградени објекти„.
Комисијата констатира дека не може да постапи по поднесената Жалба на Р.А.С., базирана врз Барање кое не е во согласност со член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој „барателот не мора да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации„ од јавен карактер.
Поради ова Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Р.А.С. од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Општина Центар, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 12 мај 2008 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Р.А.С. од Скопје против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОТФРЛА како недопуштена.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата изјавена од  Р.А.С. од Скопје, утврди дека не може да постапува по истата и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Р.А.С. од Скопје на 29.04.2008 година поднесе Жалба  до Комисијата во која се наведува дека Општина Центар не и одговорила во законски предвидениот рок на поднесено Барање.
Во Барањето Р.А.С. наместо да бара информација од јавен карактер, при што требало да се повика на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа повикувајќи се на Законот за обезбедување на побарувањето со Барање заведено во Општина Центар под бр. 27-539/1 од 20.02.2008 година барала да и се обезбедат податоци за инвеститорот „Самарија„, „со кои објекти располага и тоа: објекти во изградба; изградени објекти„.
Општина Центар, постапувајќи согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на 17.03.2008 година ја повикала Р.А.С. во својот Информативен центар поради „пополнување на барање за пристап до информации од јавен карактер, како би се решило Вашето барање согласно законот за слободен пристап до информации„. Р.А.С не го дополнила барањето во рок од три дена од добиеното известување од страна на Општина Центар.
Комисијата констатира дека не може да постапи по поднесената Жалба на Р.А.С., базирана врз Барање кое не е во согласност со член 16 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој „барателот не мора да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации„ од јавен карактер.
Поради ова Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, против Државниот завод за геодетски работи-Сектор за премер и катастер-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 мај, 2008 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер  број 07-265/1 од 19.03.2008 година, изјавена од Н.А. од Скопје поднесена, против Државниот завод за геодетски работи-Сектор за премер и катастер-Скопје поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на 21.04.2008 година доставен е Поднесок број 07-265/3, со кој поднесителот на Жалбата Н.А. од Скопје ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Државниот завод за геодетски работи-Сектор за премер и катастер-Скопје од кој барал “движење на објекти со Барање број 1118/5852 од 03.10.2007 година до денешен ден (16.11.2007 година).
Жалбата е повлечена затоа што подносителот на Жалбата погрешил и кон Жалбата приложил друго барање а не она на кое се повикува во Жалбата и за кое е заинтересиран да ја добие бараната информација.
За информацијата што му е потребна поднесе нова Жалба со точно барање (1118/5848, бидејќи ни за тоа поднесено барање нема добиено одговор од имателот).
Согласно горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.