Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 79–та седница одржана на 10 април 2014 година, донесе 12 решенија и 15 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Б. од Велес, поднесена против  Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.Б. од Велес, поднесена против  Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
„Од 01.11.2010 согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за управата за јавни приходи, УЈП е надлежен орган за присилна наплата на глобите и трошоците изречени во прекршочните постапки. Ја барам информацијата:
1.Дали после оваа законска измена имаше дилеми околу присилната наплата на глобите и трошоците, поради кои Вие на Основниот суд Велес им ги вративте предметите кои Ви беа доставени за присилна наплата? И со кој Ваш допис судовите беа известени за тоа кога да Ви ги доставуваат предметите за присилна наплата?
2.Од кој датум и кои први три Основни судови Ви ги имаат уредно доставени ИПРК.бр. предметите за присилна наплата?
3.Основниот суд Велес, на кој датум и година, Ви ги има доставено кривичните, а посебно ИПРК.бр. прекршочните предмети за присилна наплата“, се УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-42 од 27.02.2014 година, изјавена од А.Б. од Велес, поднесена против  Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.Б. од Велес на 23.01.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје и побарала да и ја достават следната информација:
„Од 01.11.2010 согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за управата за јавни приходи, УЈП е надлежен орган за присилна наплата на глобите и трошоците изречени во прекршочните постапки. Ја барам информацијата:
1.Дали после оваа законска измена имаше дилеми околу присилната наплата на глобите и трошоците, поради кои Вие на Основниот суд Велес им ги вративте предметите кои Ви беа доставени за присилна наплата? И со кој Ваш допис судовите беа известени за тоа кога да Ви ги доставуваат предметите за присилна наплата?
2.Од кој датум и кои први три Основни судови Ви ги имаат уредно доставени ИПРК.бр. предметите за присилна наплата?
3.Основниот суд Велес, на кој датум и година, Ви ги има доставено кривичните а посебно ИПРК.бр. прекршочните предмети за присилна наплата?“.
Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-42 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје на барањето на Комисијата одговори со Произнесување по Жалба бр. 02-558/3 од 17.03.2014 година, заведено во Комисијата под бр. 07-42 на 19.03.2014 година. Во Произнесувањето по Жалба е наведено дека за делот од Барањето од точка 1 „…Дали после оваа законска измена имаше дилеми околу присилната наплата на глобите и трошоците, поради кои Вие на Основниот суд Велес им ги вративте предметите кои Ви беа доставени за присилна наплата?“  „…нема креирано ваков вид на информација“. За делот од Барањето од точка 1 „И со кој Ваш допис судовите беа известени за тоа кога да Ви ги доставуваат предметите за присилна наплата?“ „…доставуваме копија од 2 дописи…до Основниот суд Велес…“. Во однос на останатите точки од Барањето Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје наведува дека „…таков вид на податок не е креиран, со оглед дека доставата на предметите не е континуирана…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје не постапила во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје и укажува на следното:
Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје е должна повторно да го разгледа Барањето од А.Б. од Велес и да и ги достави сите побарани информации од јавен карактер кои ги создала, или со кои располага.
Во врска со наводите во Произнесувањето по Жалба дека „…нема креирано ваков вид на информација“, Комисијата укажува дека доколку Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје утврди дека не создала, односно не располага со бараната информација, треба да постапи  согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
Согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Во членот 26 став 2 зборовите `“барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи „Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Од тука произлегува дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага, или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
При повторното постапување по предметот, Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата и да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, земајќи предвид дали согласно своите надлежности е должна да ги има бараните информации.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба. 
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното
       
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација: „Фотокопии од документација во врска со исплати од двете сметки на ИНИ, за 2009 год., по следниве ставки: Службени патувања во земјата; Научно-истражувачки престој во странство; Струја; Вода; Телефонски разговори; Ѓубретарина; Научно-истражувачка литература, котизации семинарски материјал; Канцелариски материјал; Копирање и печатење на книги; Потрошен материјал; Материјали за АОП; Ситен инвентар; Тековно одржување на зградата; Поправка и одржување – софтверска опрема; Авторски надоместоци, рецензии, преводи и др.; Канцелариска опрема; Опрема за климатизација,
Од приходите од посебната сметка – сопствени приходи: Телефон, телефакс; Списанија и весници; Потрошен материјал; Одржување на софтверска опрема; Услуги за копирање и печатење и Авторски надоместоци и други услуги “ најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-46 на 06.03.2014 година, изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, К.Т. од Скопје истата ја поднесува поради недобиен одговор по Барање за слободен пристап до информации бр. 03-57/1 од 29.01.2014 година, со кое побарала да и ја достават следната информација:
„Фотокопии од документација во врска со исплати од двете сметки на ИНИ, за 2009 год., по следниве ставки: Службени патувања во земјата; Научно-истражувачки престој во странство; Струја; Вода; Телефонски разговори; Ѓубретарина; Научно-истражувачка литература, котизации семинарски материјал; Канцелариски материјал; Копирање и печатење на книги; Потрошен материјал; Материјали за АОП; Ситен инвентар; Тековно одржување на зградата; Поправка и одржување – софтверска опрема; Авторски надоместоци, рецензии, преводи и др.; Канцелариска опрема; Опрема за климатизација,
Од приходите од посебната сметка – сопствени приходи: Телефон, телефакс; Списанија и весници; Потрошен материјал; Одржување на софтверска опрема; Услуги за копирање и печатење и Авторски надоместоци и други услуги“.
ЈНУ Институт за национална историја, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-46 од 12.03.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ Институт за национална историја не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈНУ Институт за национална историја не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот  информација наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.   

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното
       
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација-фотокопии  од документацијата во врска со исплати на двете сметки на ИНИ, за 2010 година по следниве ставки:
“Од приходите на  Министерството за образование и наука:
Службени патувања во земјата; Научно-истражувачки престој во странство; Струја; Вода; Телефонски разговори; Ѓубретарина; Научно-истражувачка литература, котизации семинарски материјал; Канцелариски материјал; Копирање и печатење на книги; Потрошен материјал; Материјали за АОП; Ситен инвентар; Поправка и одржување – софтверска опрема (барање за поправка, налог за работа, исплата); Авторски надоместоци, рецензии, преводи и др.; Канцелариска опрема; Компјутерска опрема; Опрема за телекомуникација; Трошоци за одбрана на магистерски труд.
Од приходите од посебната сметка – сопствени приходи:
Телефон, телефакс; Списанија и весници; Потрошен материјал; Услуги за копирање и печатење и Авторски надоместоци и други услуги “ најдоцна до 30 април 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-47 на 06.03.2014 година, изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30 април 2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, К.Т. од Скопје, истата ја поднесува поради недобиен одговор по Барање за слободен пристап до информации бр. 03-58/1 од 29.01.2014 година, со кое побарала да и ја достават следната информација:
„ Од приходите на  Министерството за образование и наука:
Службени патувања во земјата; Научно-истражувачки престој во странство; Струја; Вода; Телефонски разговори; Ѓубретарина; Научно-истражувачка литература, котизации семинарски материјал; Канцелариски материјал; Копирање и печатење на книги; Потрошен материјал; Материјали за АОП; Ситен инвентар; Поправка и одржување – софтверска опрема (барање за поправка, налог за работа, исплата); Авторски надоместоци, рецензии, преводи и др.; Канцелариска опрема; Компјутерска опрема; Опрема за телекомуникација; Трошоци за одбрана на магистерски труд.
Од приходите од посебната сметка – сопствени приходи:
Телефон, телефакс; Списанија и весници; Потрошен материјал; Услуги за копирање и печатење и Авторски надоместоци и други услуги“.
ЈНУ Институт за национална историја, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Барателот на 24.02.2014 година до имателот доставил Допис “потсетување на барање на документи за 2010 година“, заведено под број 07-58/2, но имателот не постапил по наведеното барање.
Комисијата, со допис бр.07-46 од 12.03.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ Институт за национална историја не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈНУ Институт за национална историја не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот  информација наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното
       
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата на барателот да му ја достави бараната информација: „Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на патничко моторно возило по пат на оперативен лизинг и Тендерската документација бр.2827/2013“ најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-50 на 11.03.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации истата ја поднесува поради недобиен одговор по Барање за слободен пристап до информации бр. 0302/3398 од 20.12.2013 година, со кое побарало да му ја достават следната информација:
„Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на патничко моторно возило по пат на оперативен лизинг и Тендерската документација бр.2827/2013“.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-50 од 14.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот  информација наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.   

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Чаир, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Чаир, СЕ ОТФРЛА.
                          
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.07-53 од 11.03.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена. 
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното.
На 11.03.2014 година, Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заведена под бр.07-53. Во Жалбата наведува: ”На ден 23.12.2014 година барателот- Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје до имателот на информацијата-Општина Чаир поднел барање заведено во Здружението под број 0302-3406 со кое побарал од имателот да му ја достави следната информација:
“Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.05-2819/2013:
-цената (со или без ДДВ) која плаќате за набавка на 1 училишна клупа,
-димензиите на клупите и
-бројот на купените клупи “.
Имателот на информацијата, како што е наведено во Жалбата, не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-53 од 14.03.2014 година, ја препрати Жалбата до имателот и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истатата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Чаир на 21.03.2014 година до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под број 08-490/2 од 21.03.2014 година а во Комисијата под број 07-53.
Во Одговорот е наведено:“..Ве информираме дека до нас не е пристигнато никаков предмет или барање поставено во врска со бараната информација. Имајќи го предвид претходното Ве молиме да се побара од подносителот на жалбата да го достави барањето со приемен штембил од страна на Општина Чаир или уредна доставница како доказ дека предметното барање е доставено до Општина Чаир.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014 година), право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информации.
Во конкретниов случај, во списите доставени  со Жалбата до Комисијата нема доказ за уредно доставено барање за пристап до информации од јавен карактер.
          Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Во врска со моите пријави, а воедно и телефонски јавувања за направени сообраќајни прекршоци на улица – пат во с.Ботун, од страна на лицето М.К. барам да ми дадете информација колку пријави се реализирани во Основен суд Охрид – Отсек за прекршоци за направени сообраќајни прекршоци за 2011 до 2013 година. За оваа работа се имам обратено со барање на информација на ден 07.10.2013 година, а до денес немам добиено никаква информација“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-54 на 12.03.2014 година, изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, С.Ј. од Скопје истата ја поднесува против Одговор на Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид бр.33.5.2-1-440/2 од 26.02.2014 година.
Комисијата со допис бр.07-54 од 14.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 22721/2 од 27.03.2014 година, заведено во Комисијата под бр. 07-54 на 07.04.2014 година.
Во Одговорот е наведено „…Ве известуваме дека барателот неколкукратно доставува исти барања до СВР Охрид, при што од страна на СВР Охрид согласно законските надлежности доставен му е одговор на истите“.
Во прилог на наведеното Произнесување по жалба, до Комисијата не се доставени фотокопии од претходни барања на С.Ј. од Скопје, ниту пак фотокопии од одговори од СВР Охрид на негови барања.

По разгледувањето на Жалбата Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во врска со наведеното, Комисијата на Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид му укажува на следното.
Согласно член 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, доколку имателот на информации утврди дека веќе одговорил позитивно на исто или слично барање за пристап до информации од јавен карактер поднесено од страна на исто лице во рок од шест месеца пред денот на приемот на барањето, должен е за тоа да го извести барателот на информацијата. Во конкретниов случај, од списите по предметот не може со сигурност да се утврди дали Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид на барателот му одговорило во погоренаведениот рок и дали тоа го сторило по претходни барања за пристап до информации од јавен карактер, или по барања од негова надлежност. Доколку Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид на барателот му одговорило по барања од негова надлежност, по конкретното Барање за пристап до информации од јавен карактер е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
При повторното постапување по предметот Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

***********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 242 став 3 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т., поднесена против Заклучокот на ЈНУ Институт за национална историја, број 03-157/1 од 17.03.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,  во дeлот кој се однесува на барање копија од документацијата на првото Издание на книгата “Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“ СЕ УВАЖУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот да му ја достави на барателот наведената докуметација за првото издание на книгата на начин и форма наведени во Барањето 03-559/1 од 02.12.2014 година, најдоцна до  30 април 2014 година.
Останатиот дел од Заклучокот кој се однесува на документацијата за второто  издание на книгата “Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-3 на 31.03.2014 година, изјавена од К.Т., поднесена против Заклучокот на ЈНУ Институт за национална историја број 03-157/1 од 17.03.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, „Да ни биде дадена копија од документацијата за објавување на двете изданија на книгата од д-р В.С. и д-р А.С. под наслов: “Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, во делот кој се однесува за првото Издание на книгата “Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“ ЗАКЛУЧОКОТ го ПОНИШТИ и  го ЗАДОЛЖИ имателот да му ја достави на барателот докуметацијата за првото издание на книгата Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“  на начин и форма наведен во Барањето 03-559/1 од 02.12.2014 година, најдоцна до 30.04.2014 година.
Останатиот дел од Заклучокот, кој се однесува на второто  издание на книгата “Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, ГО ПОТВРДИ.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под број 07-3 на 31.03.2014 година, Катерина Тодороска поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Институтот за национална историја заведено под број 03-559/1 на 02.12.2013 година, со кое побарала да и ја достават следната информација.
„ Да ни биде дадена копија од документацијата за објавување на двете изданија на книгата од д-р В.С. и д-р А.С. под наслов “Букурешки мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година?“
ЈНУ Институт за национална историја на ова Барање до барателот доставил Известување заведено во Институтот за национална историја под бр.03-560/2 од 17.12.2013 година.
Незадоволна од добиеното Известување, К.Т. на 20.12.2013 година до ЈНУ Институт за национална историја повторно доставила  допис заведен под број 03-560/3 – “Одговор на точка 2 од Ваш одговор бр.03-560/2 од 17.12.2013 година“.
Во врска со ова повторно Барање, имателот не доставил одговор до барателот, поради што К.Т. на 09.01.2014 година до Комисијата достави Жалба заведена под број 07-3.
Комисијата со допис бр.07-3 од 10.01.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ-Институт за национална историја на барањето на Комисијата одговори со Допис бр. 03-89/1 од 11.02.2014 година –Одговор на Ваш допис број 07-3 од 10.01.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-3 на 12.02.2014 година .
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата на 19 февруари донесе Решение со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Постапувајќи по Решението имателот на 17.03.2014 година, донел Заклучок за прекинување на постапка бр.03-157/1 кој го доставил до барателот.
Против наведениот Заклучок за прекинување на постапка по барањето за пристап до информации од јавен карактер К.Т. од Скопје на 31.03.2014 година до Комисијата достави Жалба заведена под број 07-3.
Комисијата со допис бр.07-3 од 03.04.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ Институт за национална историја не одговори на дописот на Комисијата.
Постапувајќи по Жалбата и сите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈНУ Институт за национална историја не постапила во целост согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во оспорениот Заклучок е наведено: “..ЈНУ Институт за национална историја на ова барање доставил известување со кое го известил барателот дека  за првото издание постои документација која е достапна во Институтот….
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното.
Согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин за доставување“.
Барателот во Барањето навел дека “…подготвениот материјал ќе го подигнеме од Архивата на ИНИ…значи ја навел формата и начинот на добивањето на информацијата и имателот, односно службеното лице што постапува по предметот, било должно да ги подготви бараните информации и да го повика барателот да си ги подигне а не да наведува во Заклучокот  “постои документација која е достапна во Институтот…“
Што се однесува до делот од Барањето наведен во Заклучокот, “Да ни биде дадена копија од документацијата за објавување на второто издание на книгата од д-р В.С. и д-р А.С. под наслов: “Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, Институтот правилно постапил и во Заклучокот навел дека не располага со бараната информација. Во Одговорот на Институтот се наведува дека, второто издание од трудот целосно е финансирано од авторот и за него Институтот за национална историја не направил трошоци, не направил исплати, што значи и дека нема сметковотствена документација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи, СЕ ОТФРЛА.
                          
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-29 од 20.02.2014 година, изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи  и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена. 
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.Л. од Скопје на 03.01.2014 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Министерството за внатрешни работи под број 13-521 и побарала  со доставница да и биде доставена следната информација:
“Дали наведените прекршочни пријави во претставката од 16.07.2013 година Началник В.Н. ги праќала застарени до Основен суд Куманово и Комисијата за прекршоци во СВР Куманово. Дали истата одговорила за сторена злоупотреба со умисла бидејќи јас ја обавестив дека истите се застарени?“
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-29 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи на 19.03.2014 година, до Комисијата достави произнесување по Жалба бр.15.2-19605/2, во кое наведува дека до барателот повеќе пати е доставен одговор на прашањето од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“
Министерството постапило по барањата како по прашања кои произлегуваат од надлежностите на Министерството и по сите прашања доставило одговор до барателката.
Доколку барателката била недзадоволна од добините одговори имала право да поведе постапка пред други надлежни институции, бидејќи во случајов не се работи за информации од јавен карактер.
З.Л. бара одговор на одредени прашања кои се поврзани со права и обврски кои произлегуваат од нејзиниот статус како вработена во Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово а не информации од јавен карактер, што не е во надлежност на Комисијата.
          Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје,  против Министерството за одбрана – Сектор за логистика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното   
   
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје, против Министерството за одбрана – Сектор за логистика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за одбрана – Сектор за логистика на барателот да му ја достави бараната информација: „Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на резервни делови за лесни возила (гуми) и тендерската документација бр. 17/3-187/5/2013“, најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-34 од 24.02.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, поднесена преку полномошник С.Ф. од Скопје, против Министерството за одбрана – Сектор за логистика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за одбрана – Сектор за логистика на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации на 13.01.2014 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0302-22/1 до Министерството за одбрана – Сектор за логистика, со кое побарал фотокопија од следната информација:
„Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на резервни делови за лесни возила (гуми) и тендерската документација бр. 17/3-187/5/2013“.
Министерството за одбрана – Сектор за логистика, како што се наведува во Жалбата, до Центарот за граѓански комуникации доставило Одговор на барање бр.14/2-548/3 од 04.02.2014 година.
Незадоволен од содржината на добиениот „делумен одговор“, Центарот за граѓански комуникации поднесе Жалба до Комисијата, во која наведува дека имателот на информации „не овозможил пристап до бараните информации (Извештајот за спроведената постапка) и покрај законската обврска да го стори истото“.
Комисијата, со допис бр.07-34 од 27.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана – Сектор за логистика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана – Сектор за логистика достави Произнесување по Жалба бр.14/1-548/5 од 13.03.2014 година, а во Комисијата заведено под бр.07-34 на 19.03.2014 година. Во прилог на Произнесувањето по Жалба се доставени фотокопии од Информации за спроведена постапка бр.17/3-187/5/2013 за набавка на пневматици и Тендерска документација по оглас бр.17/3-187/5/2013 за доделување на договор за јавна набавка на пневматици за лесни моторни возила – зимски, но не и од Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на резервни делови за лесни возила (гуми), кој е наведен во Барањето од Центарот за граѓански комуникации. Во Произнесувањето по Жалба е наведено дека „Министерството за одбрана нема обврска да го доставува до барателот на информацијата Извештајот за спроведената постапка, од причина што Извештајот не претставува информација од јавен карактер согласно член 10 став 2 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Тендерската документација е утврдена во член 32 став 2 од Законот за јавните набавки, а Извештајот за спроведената постапка не е во тендерската документација за која јавноста се информира…согласно член 143 став 8 од Законот за јавните набавки, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во Извештајот од спроведената постапка…барателот на информацијата не е економски оператор за да му се овозможи увид во Извештајот“.
Во врска со погоренаведеното Комисијата укажува на следното:
Согласно член 10 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација „Извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на резервни делови за лесни возила (гуми) и тендерската документација бр. 17/3-187/5/2013“ во целост претставува информација од јавен карактер. Истата не спаѓа во редот на исклучоците наведени во член 6 став 1 од истиот Закон, ниту пак во исклучоците наведени во член 5 и во член 6 од Законот за јавни набавки (“Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2012) .
Исто така, согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како барател на информации од јавен карактер може да се појави „… секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа…“. Во конкретниов случај, како барател на информација која се однесува на јавна набавка од страна на институција која се финансира од буџетски средства, односно од парите на граѓаните, може да се појави секое правно и физичко лице (меѓу кои и Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации), а не само економските оператори што учествувале во постапката.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како еден од антикоруптивните закони во Република Македонија, е да обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и да им овозможи на физичките и правните лица да го остварат уставно загарантираното право на слободен пристап до информации од јавен карактер. Во случајов, да дознаат за која намена, во каков обем, на каков начин и според кои критериуми се трошат нивните пари.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за одбрана – Сектор за логистика не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставило до барателот целосната информација наведена во Барањето, туку само дел од неа, иако располагало со истата.
Доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно член 20 став 2 од наведениот Закон, односно да донесе Решение за одбивање на пристапот, со образложение за одбивање на пристапот и да го спроведе тестот на штетност. Тестот на штетност согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. Весник на РМ“ нр.6/2010) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со членот 6 од овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
 Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.   

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното
       
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација:
“Фотокопии  од Одлуките, дополнети со Записниците на седниците на Советот на ИНИ во периодот од 17.07.2012 до 18.10.2012 год.“ најдоцна до  30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-44 на 06.03.2014 година, изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, К.Т. од Скопје истата ја поднесува поради недобиен одговор по Барање за слободен пристап до информации бр. 03-41/1 од 17.01.2014 година, со кое побарала да и ја достават следната информација:
„Фотокопии  од Одлуките, дополнети со Записниците на седниците на Советот на ИНИ во периодот од 17.07.2012 до 18.10.2012 год“.
Барателот на 11.02.2014 година до имателот доставил Допис “потсетување на барање на документи“, заведено под број 07-41/2.
ЈНУ Институт за национална историја, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање одговорил со допис бр,03-41/3 од 12.02.2014 година. Во дописот е наведено дека „заради обемноста на бараните документи во бараните документи во брањата број 03-40/1 од 17.01.2014 и број 03-41/1 од 17.01.2014 и заради зафатеноста на вработените во сметководството на ЈНУ Институтот за национална историја со подготовка на завршна сметка за 2013 година, ве изестуваме дека е потребно подолго време за постапување по вашите барања“.
Комисијата, со допис бр.07-44 од 14.03.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ Институт за национална историја не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈНУ Институт за национална историја не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот  информација наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.   

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното
       
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација-фотокопии  од документацијата во врска со исплати од двете сметки на ИНИ, за 2012 година по следниве ставки:
“Од приходите на  Министерството за образование и наука:
Службени патувања во земјата; Научно-истражувачки престој во странство; Вода; Телефон; Ѓубретарина; Друг расходи за транспорт – такси; Научно-истражувачка литература, котизации семинарски материјал; Копирање и печатење на книги; Потрошен материјал; Материјали за АОП; Ситен инвентар; Поправка и одржување – софтверска опрема, Тековно одржување на зграда; Други договорни услуги.
Од приходите од посебната сметка – сопствени приходи:
Телефон, телефакс; Други материјали (тонери, кваки, кабли); Услуги за копирање и печатење; Авторски надоместоци и други услуги; Трошоци за судско решение“ најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-48 на 06.03.2014 година, изјавена од К.Т. од Скопје, поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈНУ Институт за национална историја на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30.04.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, К.Т. од Скопје истата ја поднесува поради недобиен одговор по Барање за слободен пристап до информации бр. 03-59/1 од 29.01.2014 година, со кое побарала да и ја достават следната информација:
„Од приходите на  Министерството за образование и наука:
Службени патувања во земјата; Научно-истражувачки престој во странство; Вода; Телефон; Ѓубретарина; Друг расходи за транспорт – такси; Научно-истражувачка литература, котизации семинарски материјал; Копирање и печатење на книги; Потрошен материјал; Материјали за АОП; Ситен инвентар; Поправка и одржување – софтверска опрема, Тековно одржување на зграда; Други договорни услуги.
Од приходите од посебната сметка – сопствени приходи:
Телефон, телефакс; Други материјали (тонери, кваки, кабли); Услуги за копирање и печатење; Авторски надоместоци и други услуги; Трошоци за судско решение“.
ЈНУ Институт за национална историја, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Барателот на 24.02.2014 година до имателот доставил Допис “потсетување на барање на документи за 2012 година“, заведено под број 07-59/2, но имателот не постапил по наведеното барање.
Комисијата, со допис бр.07-48 од 14.03.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ Институт за национална историја не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈНУ Институт за национална историја не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот  информација наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.   

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од  Велес поднесена против Нотар Т.А. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08, 6/10 и 42/14), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П. од  Велес, поднесена против Нотар Т.А. од Велес, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА. 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-12 на 21.01.2014 година, изјавена од Б.П. од  Велес, поднесена против Нотарот Т.А. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована.
Комисијата утврди дека Жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Б.П. од  Велес, на 10.12.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Нотарот Т.А. од Велес и побарал пристап до следната информација.
“1.Дали нотарот Т.А. може да покрене правна постапка – правни дејствија, (правен акт, активирање на налог, решение и сл.) при незавршена правна управна постапка на тужбено барање – тужба од тужител (подносител).
2.На барателот да му се дозволи увид во целокупниот предмет за покренување на правни дејствија, од страна на нотар Т.А. до подносителот и издаде фотокопии на решение одлуки и друго по извршениот увид.“
Во врска со ова Барање, Нотарот Т.А. од Велес, како што се наведува во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
 Нотарот Т.А. од Велес на 10.02.2014 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.4-1/13 од 03.02.2013 година. Во Одговорот е наведено дека „Постапувајќи по предлогот откако отценив дека предлогот е допуштен и основан во врска со член 16-г донесов Решение со кое се дозволува извршување врз основа н веродостојна изправа УПДР 410/13 од 12.07.2013 г и истото преку македонска пошта лично му го доставив на Должникот. Од доставницата за лична достава се гледа дека е направен обид за лична достава на ден 13.07.2013 година, бидејќи примачот не e најден на адреса на ден 15.07.2013 г. на Должникот оставено му е известување со кое се повикува во рок од 8 дена да дојде лично во просториите на поштата, заради превземање на пратката. Со оглед на тоа дека пратката не била подигната во определениот рок од 8 дена истата му се враќа на испраќачот на ден 26.07.2013 г … По оствареното известување Должникот пристапи во мојата канцеларија и побара од мене да му кажам за што се работи. По моето исрцпно објаснување и дозволен целосен увид во предметот по што тој кажа дека му е јасно и знае за постоењето на долгот – паричното побарување спрема Доверителот ОНЕ, Телекомуникациски услуги ДОО, кое парично побарување Доверителот ЕОС МАТРИХ го има откупено согласно Рамковен договор за пренесување на побарарувања и исто така ми ја достави и првата страна на Тужбата У.З. бр.181/13 од 02.04.2013 со цел да му ја пуштам на Доверителот …“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Согласно член 137 став 1 и 2 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2011), е утврдено дека: „тужба, платен налог, вонреден правен лек, пресуда, решение донесено во постапка поради смеќавање на владение, како и решение против кое е дозволена посебна жалба, ќе се достават лично до странката која е физичко лице, односно до нејзиниот законски застапник, односно полномошник. Другите писменo ќе се достават лично кога тоа со овој закон изрично е определено или кога судот смета дека поради приложените исправи во оригинали или од некоја друга причина е потребна поголема претпазливост“ и во став 2 „Писменото за кое со овој закон е определено дека треба лично да се достави, му се предава непосредно на лицето на кое му е испратено. Ако лицето на кое писменото мора лично да му се достави, не се затече таму каде што треба да се изврши доставувањето, писменото ќе му се испрати препорачано по пошта.Ако писменото не биде подигнато во рок од осум дена од денот на известувањето дека писменото треба да го подигне, ќе се смета дека доставата е уредно извршена“.
Согласно член 125 став 3 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2011) е утврдено дека: „кога доставата се врши по пошта со препорачана пратка на адресата на лицето на кое таа му се доставува, доставата се смета за извршена кога писменото ќе му биде врачено, односно ако лицето не го подигне писменото во рок од осум дена иако било повикано тоа да го стори“.
Нотарот Т.А. од Велес постапилa по Барањето согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на 15.07.2013 година од страна на Македонски пошти е направен обид да му се достави допис од Нотарот, а по она што не е регулирано во наведениот закон, постапилa по Законот за општата управна постапка и Законот за парничната постапка. 
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување. 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Боговиње, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Боговиње, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
 „- Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-69 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Боговиње, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Боговиње и побарал на е-маил да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
    Општина Боговиње, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.   
Комисијата со допис бр.07-69 од 27.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Боговиње и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Боговиње на 03.04.2014 година до Комисијата достави допис бр. 03-663/2 од 02.04.2014 година, заведено во Комисијата под бр.07-69. Во дописот е наведено дека „…Општина Боговиња одговорила на горенаведениот Барател“.
На 09.04.2014 година С.С. од Скопје, по е-маил, достави допис до Комисијата  во кој наведува дека добил одговор од Општина Боговиње.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Могила, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Могила, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:   
 „- Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-65 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Могила, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Могила и побарал на е-маил да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
    Општина Могила, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.    
Комисијата со допис бр.07-65 од 27.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Могила и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Могила на 07.04.2014 година до Комисијата достави допис бр. 23-416/2 од 31.03.2014 година, заведено во Комисијата под бр.07-65. Во дописот е наведено дека „..Ви доставуваме листа со наведени правни лица на кои во 2013 година и јануари 2014 година кои имаат добиено дозвола за градба од Општина Могила ….Општина Могила не се има произнесено од причина што барањето, по извршената проверка во електронската пошта констатиравме дека не го имаме добиено“.
На 09.04.2014 година С.С. од Скопје, по е-маил, достави допис до Комисијата  во кој наведува дека добил одговор од Општина Могила.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерство за внатрешни работи – СВР Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерство за внатрешни работи – СВР Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
„Копие од книгата за редовност каде се потпишуваме со своерачен потпис од 29.10.2011 год. и 30.10.2011 или со писмено да ми се одговори дали сум била на работа и од колку до колку часот“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-10 на 20.01.2014 година, изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерство за внатрешни работи – СВР Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, З.Л. од Скопје, на 19.12.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово,  заведено во Министерството  под бр.30-10894/1 и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Копие од книгата за редовност каде се потпишуваме со своерачен потпис од 29.10.2011 год. и 30.10.2011 или со писмено да ми се одговори дали сум била на работа и од колку до колку часот“.
Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-10 од 24.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово на 03.02.2014 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.15.2-7526/2 од 31.01.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-10.
Во прилог на Произнесувањето на жалбата е доставен Одговорот бр.15.2-7526/3 од 31.01.2014 година насловен до З.Л. од Скопје.
Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово на 09.04.2014 година достави меил до Комисијата бр.07-10. Во прилог на меилот е доставено во фотокопија поштенската повратница, како доказ дека на 03.02.2014 година З.Л. го добил одговорот. 
Во конкретниов случај, по добиениот одговор, барателот нема поднесено Жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Врз основа на списите од предметот, Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи – СВР Куманово постапило по Барањето на барателот и доставило одговор до барателот, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Општина Зелениково по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.5/2013 година:
    -Цената која ја плаќате за стручен надзор изразена како процентуална вредност или во денари(со или без ДДВ) и
    -вредноста на објектот/предмет на надзор“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-35 на 24.02.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 27.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3513 до Општина Зелениково и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 “Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.5/2013 година:
    -Цената која ја плаќате за стручен надзор изразена како процентуална вредност или во денари(со или без ДДВ) и
    -вредноста на објектот/предмет на надзор “ 
Општина Зелениково, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-35 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Зелениково и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Зелениково на 19.03.2014 до Комисијата достави допис “Информација“ заведен под бр.03-142/2 од 12.03.2014 година, а во Комисијата под број 07-35.
Во Дописот е наведено: “Постапувајќи по Вашето барање под предметниот број, Ви ја доставуваме бараната од Вас информација.“
Во прилог ја достави бараната информација.
Службеното лице што постапуа по предметот комуницираше со Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации, кое го извести дека не ги добило бараните информации.
Поради наведеното, на 04.04.2014 година, во просториите на Комисијата, на претставник на Здружението му беа дадени бараните информации.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 04.04.2014 година  достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Зелениково постапила по Барањето, но со задоцнување, а барателот ги добил бараните информации со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Агенцијата за вработување на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
“Ве молиме доставете го Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки Купување на информатичка опрема за потребите на Агенцијата за вработување на Република Македонија и тоа: 1. Печатач во количина од парчиња 70 (седумдесет) 2.Гигабитен 24-портен свич во количина од парчиња 20 (дваесет) 3.Менаџибилен гигабитен 24-портен свич во количина од парчиња 2 (две) и 4.Уред за резервно напојување УПС во количина од парчиња 2 (две) согласно описот на стоките наведени во техничките спецификации и Тендерската документација бр.10/2013“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-36 на 24.02.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Агенција за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 20.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3380 до Агенција за вработување на Република Македонија и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 “Ве молиме доставете го Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка на стоки Купување на информатичка опрема за потребите на Агенцијата за вработување на Република Македонија и тоа: 1. Печатач во количина од парчиња 70 (седумдесет) 2.Гигабитен 24-портен свич во количина од парчиња 20 (дваесет) 3.Менаџибилен гигабитен 24-портен свич во количина од парчиња 2 (две) и 4.Уред за резервно напојување УПС во количина од парчиња 2 (две) согласно описот на стоките наведени во техничките спецификации и Тендерската документација бр.10/2013.“
Агенцијата за вработување на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање доставила допис бр.03-1436/2 од 30.12.2013 година до Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Незадоволно од наведениот допис Здружението на граѓани – Центар за граѓански комуникации од Скопје на 24.02.2014 годин достави Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-36 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Агенција за вработување на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
Агенција за вработување на Република Македонија на 19.03.2014 година до Комисијата достави допис бр.03-1436/4 од 11.03.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-36. Во прилог на овој допис го достави и дописот насловен до Здружението.
Агенција за вработување на Република Македонија на 31.03.2014 година до Комисијата достави допис „Доставување на известување“ бр.03-1436/5 од 20.03.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-36. Во Доставувањето е наведено дека „Ве известуваме дека по однос на барањето бр. 03-1436/2 од 30.12.2013 година поднесено од страна на Здржението на граѓани Центар за граѓански комуникации, на барателот на информацијата од јавен карактер дополнително му е доставено бараната документација“.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 03.04.2014 година  достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенција за вработување на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето. 
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Општина Зелениково по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Ве молиме доставете ни ја Тендерската документација во врска со постапката за доделување на договор за јавна набавка на Купување на патничко моторно возило со одложено плаќање на 60 месеци за потребите на Општина Зелениково бр.7/2013“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 I 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-37 на 24.02.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани -Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 27.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3513 до Општина Зелениково и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 “Ве молиме доставете ни ја Тендерската документација во врска со постапката за доделување на договор за јавна набавка на Купување на патничко моторно возило со одложено плаќање на 60 месеци за потребите на Општина Зелениково бр.7/2013 “ 
Општина Зелениково, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-37 од 04.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Зелениково и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Зелениково на 19.03.2014 до Комисијата достави допис “Достава на документи“ заведен под бр.03-142/3 од 12.03.2014 година, а во Комисијата под број 07-37.
Во Дописот е наведено“ Постапувајќи по Вашето барање под предметниот број, во прилог на дописот Ви ја доставуваме бараната  документација“
Во прилог ја достави бараната документација.
Службеното лице што постапуа по предметот комуницираше со Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации, кое го извести дека не ги добило бараните информации.
Поради наведеното, на 04.04.2014 година, во просториите на Комисијата, на претставник на Здружението му беа дадени бараните информации.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 04.04.2014 година  достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Зелениково постапила по Барањето, но со задоцнување, а барателот ги добил бараните информации со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Центарот, против Средно општинско училиште “Неготино“ од с. Неготино- Полошко по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Средно општинско училиште “Неготино“ од с. Неготино- Полошко, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“-Набавка бр.10/2013:
  -Цената (со или без ДДВ) која плаќате за набавка на 1 училишна клупа,
    -Димензиите на клупите и
  -Бројот на купени клупи?“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-57 на 17.03.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во Здружението, против Средно општинско училиште “Неготино“ од с. Неготино-Полошко, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации од Скопје на 23.12.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 0302/3438 до Средно општинско училиште “Неготино“ од с. Неготино- Полошко и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
 “-Набавка бр.10/2013:
   -Цената (со или без ДДВ) која плаќате за набавка на 1 училишна клупа,
    -Димензиите на клупите и
   – Бројот на купени клупи?“ 
    Средното општинско училиште “Неготино“ од с. Неготино- Полошко, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-57 од 17.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Средното општинско училиште “Неготино“ од с.Неготино- Полошко и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 04.04.2014 година  достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добило бараните информации.
Средното општинско училиште “Неготино“ од с. Неготино- Полошко на 07-04.2014 година достави допис број 03-211/3 од 31.03.2014, заведен во Комисијата под број 07-57 07.04.2014 година во кој неведува дека“… не се набавени училишни клупи…“
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Средното општинско училиште “Неготино“ од с. Неготино- Полошко постапило по Барањето, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, преку полномошникот С.Ф. од Скопје, поднесена против Државното музичко училиште – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, преку полномошникот С.Ф. од Скопје, поднесена против Државното музичко училиште – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.02-302/6/2013:
–    Цената (со или без ДДВ) која плаќате за набавка на 1 училишна клупа,
–    Димензиите на клупите и
–    Бројот на купени клупи? “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-58 на 17.03.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации, преку полномошникот С.Ф. од Скопје, поднесена против Државното музичко училиште – Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации на 23.12.2013 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.0302/3439 до Државното музичко училиште – Битола, со кое побарал по пошта или по емаил фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.02-302/6/2013:
–    Цената (со или без ДДВ) која плаќате за набавка на 1 училишна клупа,
–    Димензиите на клупите и
–    Бројот на купени клупи?“
    Државното музичко училиште – Битола, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 
Комисијата со допис бр.07-58 од 26.03.2014 година, ја препрати Жалбата до Државното музичко училиште – Битола и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државно музичко училиште – Битола до Комисијата достави Известување бр.03-86/2 од 04.04.2014 година, заведено во Комисијата под бр. 07-58 на 07.04.2014 година.
Во Известувањето е наведено „…со јавна набавка бр.02-302/6/2013 училиштето не набави училишни клупи, па не можеме да Ви доставиме информации…јавната набавка се однесуваше на набавка на наставнички столици, ормар со полици и витрина за надгледност“. Во прилог на Известувањето до Комисијата се доставени фотокопии од документите за извршената јавна набавка опишана во Известувањето од Државно музичко училиште – Битола.
Службеното лице што постапуа по предметот комуницираше со Здружението на граѓани- Центар за граѓански комуникации, кое го извести дека не ги добило бараните информации.
Поради наведеното, на 09.04.2014 година, преку е-маил, на претставник на Здружението му беа дадени бараните информации.
Здружението на граѓани-Центар за граѓански комуникации од Скопје на 09.04.2014 година  достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека ги добило бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државно музичко училиште – Битола постапило по Барањето, но со задоцнување, а барателот ги добил бараните информации со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Пехчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Пехчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 „Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-73 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Пехчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Пехчево и побарал да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
Општина Пехчево, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-73 од 26.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Пехчево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 01.04.2014 година С.С. од Скопје, по е-маил, достави допис до Комисијата  во кој наведува дека „…ја повлекувам Жалбата…сум добил одговор на моето Барање“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Јегуновце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Јегуновце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 „„- Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-81 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Јегуновце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Јегуновце и побарал на е-маил да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
    Општина Јегуновце, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-81 од 26.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Јегуновце и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Јегуновце на 07.04.2014 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-607/2 од 03.04.2014 година, во кој наведува дека „…на ден 03.04.2014 година, по е-маил е испратен одговорот на С.С. од Скопје…“. Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата е доставена фотокопија од електронски допис од Општина Јегуновце насловен до барателот С.С. и доставен на 04.04.2014 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Јегуновце постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето. 
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 „- Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-85 на 18.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Бутел, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Бутел и побарал на е-маил да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
    Општина Бутел, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-85 од 26.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Бутел и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Бутел на 08.04.2014 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 11-471/3 од 07.04.2014 година, во чиј прилог е доставена фотокопија од електронски одговор од Општина Бутел насловен до барателот С.С., доставен на 07.04.2014 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Бутел постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето. 
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Василево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Василево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
 „- Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-72 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Василево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Василево и побарал на е-маил да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
    Општина Василево, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. 
Комисијата со допис бр.07-72 од 26.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Василево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 09.04.2014 година С.С. од Скопје, по е-маил, достави допис до Комисијата  во кој наведува дека добил одговор од Општина Василево.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Крушево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Крушево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:   
 „- Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-82 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Крушево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Крушево и побарал на е-маил да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
    Општина Крушево, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.    
Комисијата со допис бр.07-82 од 26.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Крушево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Општина Крушево на 07.04.2014 година до Комисијата достави допис бр. 03-327/2 од 02.04.2014 година, заведено во Комисијата под бр.07-82. Во дописот е наведено “ По приемот на вашиот допис контактирано е со барателот и разјаснета е ситуацијата и на меил повторно му е доставен дописот кој беше изготвен на 11.02.2014 година“ .
На 09.04.2014 година С.С. од Скопје, по е-маил, достави допис до Комисијата  во кој наведува дека добил одговор од Општина Крушево.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: 
 „- Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите “,
поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-84 на 17.03.2014 година, изјавена од С.С. од Скопје, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Скопје на 03.02.2014 година, по електронски пат, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Илинден и побарал на е-маил да му ја достават следната информација:
„Фотокопија од дозволи за градба издадени на правни лица во 2013 и јануари 2014 (по месеци) или Листа со наведени правни лица кои во истиот период имаат добиено дозвола за градба во вашата општина. Притоа бараме да бидат изземени компаниите кои добиле дозвола за градба на станбени згради. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите.
-Листа на компании кои во текот на 2013 и во јануари 2014 од вашата општина имаат купено градежни парцели. Притоа бараме да ни доставите контакт телефони од компаниите“.
    Општина Илинден, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата со допис бр.07-84 од 27.03.2014 година ја препрати Жалбата до Општина Илинден и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
Општина Илинден на 01.04.2014 година до Комисијата достави Доставување на информации од јавен карактер бр. 10-1142/2 од 01.04.2014 година, во кој наведува дека „…ги доставува следните информации со кои располагаме….“.
На 09.04.2014 година С.С. од Скопје, по е-маил, достави допис до Комисијата  во кој наведува дека добил одговор од Општина Илинден.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Л. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од изјавена од Б.Л. од Скопје, поднесена, против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1.Како реагираше Општината Сопиште по добивањето на Петицијата од граѓани сопственици на куќи и имоти во викенд населбата “Јаболци“, за несогласување со намерата за отварање каменолом, Ваш бр. 08-4578/1 од 24.08.2011 година.
 Дали ја доставивте петицијата до Владата на РМ, Министерството за соoбраќај и врски, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и со кој допис.
Каков одговор добивте и со кој допис.
2.Дали Општината учествуваше во постапката за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања член 14 став (4) од Законот за минерални суровини-пречистен текст, Сл.Весник на РМ 132 од 23.09.2013 година, односно дали Министерството за економија побара од вас мислење во врска со локалитетот на кој се планира отварање на каменолом.
Какво мислење вие доставивте со оглед дека ви беше познато противењето на граѓаните.
3.Дали Општината издала Б интегрирана дозвола од областа на екологијата во врска со Дозволата за експлоатација број 24-2624/3 од 16.07.2013 година издадена од Министерството за економија? Доколку издала, молиме да ни се достави.
4. Да ни се достави сообраќајната согласност број 23-1630/7 од 6.09.2012 година издадена од Општина Сопиште“, поради тоа што на барателот му е одговорено.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-569 на 19.03.2014 година, изјавена од Б.Л. од Скопје, поднесена, против Општина Сопиште поради неспроведување на Решение на Комисијата број 07-569 од 29.01.2013 година и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Б.Л. заедно со М.Т. и А.Т. од с.Сопиште  на 14.11.2013 година поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Општината под бр.08-3729/1  со кое побарале да им бидат доставени лично на првопотпишаниот Т.М., фотокопија од следните информации:
1.Како реагираше Општината Сопиште по добивањето на Петицијата од граѓани сопственици на куќи и имоти во викенд населбата “Јаболци“, за несогласување со намерата за отварање каменолом, Ваш бр. 08-4578/1 од 24.08.2011 година.
 Дали ја доставивте петицијата до Владата на РМ, Министерството за соoбраќај и врски, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и со кој допис.
Каков одговор добивте и со кој допис.
2.Дали Општината учествуваше во постапката за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања член 14 став (4) од Законот за минерални суровини-пречистен текст, Сл.Весник на РМ 132 од 23.09.2013 година, односно дали Министерството за економија побара од вас мислење во врска со локалитетот на кој се планира отварање на каменолом.
Какво мислење вие доставивте со оглед дека ви беше познато противењето на граѓаните.
3.Дали Општината издала Б интегрирана дозвола од областа на екологијата во врска со Дозволата за експлоатација број 24-2624/3 од 16.07.2013 година издадена од Министерството за економија? Доколку издала, молиме да ни се достави.
4. Да ни се достави сообраќајната согласност број 23-1630/7 од 6.09.2012 година издадена од Општина Сопиште“
Општина Сопиште во врска со ова барање, до Т.М. доставила Известување бр.08-3729/2 од 11.12.2013 година со кое го известува дека согласно член 22 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер потребно им е подолго време од 30 дена и затоа рокот го продолжуваат на 40 дена.
Општина Сопиште не одговорила ни во рокот од 40 дена поради што барателот на 30.12.2013 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-569 од 09.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Сопиште и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Сопиште на 16.01.2014 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр.03-215/21 од 16.01.2014 година, а во Комисијата заведена под бр. 07-569.
Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „..од страна на подносителите на барањето при поднесување на жалбата е занемарен и не е истакнат фактот (веруваме намерно) дека од страна на Општина Сопиште-службени лица за информации од јавен карактер е доставено известување со документација со која располага Општина Сопиште заведено под број 08-372/9/3 од 30.12.2013 година..“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 29 јануари 2014 година донесе Решение бр.07-569  со кое Жалбата во однос на точките 1,2,и 3  ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување а во однос на точка 4 ја одби.
Општина Сопиште со акт број 03-215/6 од 18.03.2014 година до жалителот доставила делумни и непотполни информации поради што Б.Л. од Скопје на 19.03.2014 година до Комисијата поднесе Жалба заведена под број 07-569 поради непотполно спроведување на Решението на Комисијата број 07-569 од 29.01.2014 година.
Постапувајќи по Жалбата, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 25.03.2013 година до Општина Сопиште достави Ургенција поради неспроведување на Решението на Комисијата 07-569 од 29.01.2014 година со укажување доколку не го спроведат наведеното Решение, истото ќе биде препратено на надлежност на Државниот управен инспекторат.
Општина Сопиште на 04.04.2014 година до Комисијата достави “Известување по доставена ургенција“ заведено под број 03.215/10 од 04.04.2014 година а во Комисијата заведено под број 07-569.
Во Известувањето е наведено дека: „На ден 04.04.2014 година до подносителот на Жалбата Б.Л. е доставено известување со број 03-215/9“.
Во прилог достави фотокопија од Известувањето со кое го известуваат по сите три точки наведени во Решението на Комисијата бр.07-569 од 29.01.2014 година.
Службеното лице што постапува по предметот, на 07.04.2014 година комуницираше со барателот кој го извести дека го добил наведеното Известување од Општина Сопиште.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Сопиште постапила по Барањето, но со задоцнување.