ДОНЕСЕНИ 13 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 74–та седница одржана на 12 март 2014 година, донесе 13 решенија и 3 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово, СЕ ОТФРЛААТ.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под број 07-23 на 10.02.2014 година и бр. 07-30 на 20.02.2014 година, изјавени од З.Л. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и заклучи дека Жалбите се изјавени од ист жалител, по исто Барање, поднесени против ист имател- Министерството за внатрешни работи-СВР-Куманово, поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка, водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите ги ОТФРЛИ како недопуштени.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.Л. од Скопје на 15.01.2014 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер насловено преку началник на СВР Куманово М.Ј. до Ф.З., командир во ПЕ во СВР Куманово, заведено во СВР-Куманово под број 30-406/1 и побарала во писмен одговор или во СВР Куманово да и биде доставена следната информација:
“1.Дали ми се давани работни задачи од Вас 2011 година и дали ми вршевте контрола на сработените задачи?“
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи-Сектор за односи со јавноста и информации од јавен карактер до барателот доставило Одговор на барање број 15.2-58 од 05.02.2014 година “…Работните задачи и обврски се даваат од претпоставените согласно систематизацијата во Министерството за внатрешни работи.
Незадоволна од добиениот Одговор, З.Л. од Скопје на 10.02.2014 година и на 20.02.2014 година поднела Жалби до Комисијата заведени под број 07-23 и 07-30.
Жалбите се поднесени против Одговорите на Министерството за внатрешни работи-Сектор за односи со јавноста и информации од јавен карактер број 15.2-58 од 05.02.2014 година и број 15.2-11398/2 од 11.02.2014 година за исто Барање за пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-23 од 13.02.2014 година и допис број 07-30 од 24.02.2013 година, ги препрати Жалбите до Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истите и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметите.
Министерството за внатрешни работи-Сектор за односи со јавноста и информации од јавен карактер на 25.02.2014 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба до Комисијата во кое е наведено:
“…Ве известуваме дека информацијата која е предмет на барањето не е информација од јавен карактер бидејќи согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од јавен карактер е информација која ја создал и со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности. Ве известуваме дека согласно законските надлежности од страна на Министерството за внатрешни работи е доставен одговор на прашањата до барателот…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Во конкретниов случај не се работи за информација од јавен карактер бидејќи барателот не бара информација или документ со кој располага имателот туку поставува прашања, бара одговори и слично за работи кои произлегуваат од надлежноста на Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово во однос на правата и обврските на барателот како вработена во Министерството.
Министерството за внатрешни работи постапило по барањата како по прашања кои произлегуваат од надлежностите на Министерството и по сите прашања доставило одговор до барателката.
Доколку барателката била незадоволна од добините одговори имала право да поведе постапка пред други надлежни институции, бидејќи во случајов не се работи за информации од јавен карактер.
З. Л. бара одговор на одредени прашања кои се поврзани со права и обврски кои произлегуваат од нејзиниот статус како вработена во Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово а не информации од јавен карактер, што не е во надлежност на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Ч. од Скопје, поднесена против Топлификаија АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Љ.Ч. од Скопје, поднесена против Топлификација АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Топлификација АД Скопје на барателот да му ја достави бараната информација: 1. „За колку тужби пред Основен суд II се водела постапка, да ми се дадат тие тужби бидејќи во судот не постојат како и доставници со кои наводно сум известена за судска постапка како и информација за која квадратура ги издадовте тие тужби, односно по која квадратура се наплатувани сметки“ 2. „Писмено да ми се одговори и да ми се достават сите доставници кои наводно сте ми доставувале при врачување на тужбите“. најдоцна до 28.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-567 од 27.12.2013 година, изјавена од Љ.Ч. од Скопје, поднесена против Топлификација АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Топлификација АД Скопје на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Љ.Ч. од Скопје на 20.11.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Топлификација АД Скопје и побарала да и ја достават следната информација:
„1. За колку тужби пред Основен суд II се водела постапка, да ми се дадат тие тужби бидејќи во судот не постојат како и доставници со кои наводно сум известена за судска постапка како и информација за која квадратура ги издадовте тие тужби, односно по која квадратура се наплатувани сметки.
2. Писмено да ми се одговори и да ми се достават сите доставници кои наводно сте ми доставувале при врачување на тужбите“.
Топлификација АД Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-567 од 09.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Топлификација АД Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Топлификација АД Скопје на 05.02.2014 година достави Допис до Комисијата бр.01-44/1 од 24.01.2014 година. Во дописот е наведено „….по личниот контакт со странката договорено е да направи увид во сите тужби, но наместо тоа следуваше нивно обраќање до Основен суд Скопје 2, до Народниот правобранител и на крај до Вас, со Барање дека не можат да го признаат долгот бидејќи не живееле во станот. По добивањето на Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.01 -1050/1 од 28.11.2013 година, во архива на Топлификација АД Скопје , од страна на Топлификација АД Скопје на странката со допис бр.01-1050/2 од 16.12.2013 година и беше одговорено дека увид на тужбите може да направи со претходно определување на ден и термин за увидот. Во прилог: Барање за пристап на информации од јавен карактер бр.01-1050/1 од 28.11.2013 година; Допис од Топлификација АДбр.01-1050/2 од 16.12.2013 година; Допис до Основен суд Скопје 2 бр.01-553/1 од 27.05.2013 година; Допис до Основен суд Скопје 2 бр.01-965/1 од 10.10.2013 година.“
Службеното лице што постапува по предметот контактираше со барателот кој го извести дека од страна на Топлификација АД Скопје нема примено известување за увид во бараните информации.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Топлификација АД Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот информација наведена во Барањето.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.П. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Канцеларија на претседателот на Владата, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.П. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Канцеларија на претседателот на Владата, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-24 од 14.02.2014 година, изјавена од В.П. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Канцеларија на претседателот на Владата, ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното.
На 14.02.2014 година, В.П. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заведена под бр.07-24. Во Жалбата наведува: ”Не е одговорено во законски предвиден рок предмет известувањето од 08.01.2014 кое е надополнување на барањето од 04.11.2013 до премиерот на РМ и тоа: дали затоа што сум Бугарин во БЈРМ ме дискриминираат по 4-те точки во прилог 1 и 2, 3, 4, 5“.
Во прилог на Жалбата се доставени сите дописи во врска со предметот и тоа „последно предмет известување со молба“ бр.12-01 од 08.01.2014 година, „предмет известување со молба“ бр.12-07 од 04.11.2013 година, „специјалистички наод“ бр.18208 од 31.08.2012 година.
В.П. од Скопје на 26.02.2014 година поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заведена под бр.07-24, поради тоа што Комисијата не одговорило по неговата Жалбата бр.07-24 од 14.02.2014 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер карактер (“Службен весник на РМ” бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година) право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информации.
Во конкретниов случај, во писмените дописи доставени до Премиерот на Владата на Република Македонија барателот не се повикува на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, иако согласно член 16 точка 4 потребно е да наведе дека во Барањето се работи за барање за пристап до информации, В.П. од Скопје не поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, туку доставувал дописи до премиерот по друг основ, поради што нема право да поднесе Жалба согласно горенаведениот закон.
В.П. бара одговор за одредени прашања и постапување на поставените институции (МВР да покрене истрага за исчезнатите лица… и Министерство за финансии да провери дали се уште се исплаќа пензија на претходно наведената..) а не информации од јавен карактер, што не е во надлежност на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи-СВР-Куманово, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-11 од 20.01.2014 година, изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи-СВР-Куманово и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.Л. од Скопје на 19.12.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во СВР-Куманово под број 30.10895/1 и побарала во фотокопија по пошта или во СВР Куманово со доставница да и биде доставена следната информација:
“Барам одговор писмен: Како вработена во СВР Куманово во 2011 година кои работни задачи сум ги извршувала и од кого сум ги добивала задачите од Началник на Аналитика или Командирот на ПС Куманово и кој ги следел и контролирал моите резултати?“
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-11 од 24.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово на 03.02.2014 година достави до Комисијата Произнесување на жалба бр.15.2-7527/2 од 31.01.2014 година. Во прилог на Произнесувањето го достави Одговорот бр.15.2-7527/3 од 31.01.2014 година насловен до З.Л. од Скопје.
Незадоволна од Одговорот бр. бр.15.2-7527/3 од 31.01.2014 година З.Л. од Скопје на 10.02.2014 година достави Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-11.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-11 од 13.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово до Комисијата достави Произнесување бр.15.2-7527/5 од 19.02.2014 година.
Во произнесувањето е наведено дека бараната информација не е информација од јавен карактер и дека Министерството согласно своите надлежности до барателот доставило одговор на поставените прашања.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“.
Во конкретниов случај не се работи за информација од јавен карактер бидејќи барателот не бара информација или документ со кој располага имателот туку поставува прашања, доставува приговори и друг списи за работи кои произлегуваат од надлежноста на Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово во однос на правата и обврските на барателот како вработена во Министерството.
Министерството постапило по барањата како по прашања кои произлегуваат од надлежностите на Министерството и по сите прашања доставило одговор до барателката.
Доколку барателката била недзадоволна од добините одговори имала право да поведе постапка пред други надлежни институции, бидејќи во случајов не се работи за информации од јавен карактер.
З.Л. бара одговор на одредени прашања кои се поврзани со права и обврски кои произлегуваат од нејзиниот статус како вработена во Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово а не информации од јавен карактер, што не е во надлежност на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-28 од 20.02.2014 година, изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.Л. од Скопје на 25.12.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во СВР-Куманово под број 30.11130/1 и побарала во фотокопија по пошта или во СВР Куманово со доставница да и биде доставена следната информација:
“По доставеното барање од 08.03.2013 година со бр.30.1437/1 – дали бев викната од Вас или Началник на ОАОА В.Н. да бидам оценета за 2012 година“
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-28 од 25.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово на 07.03.2014 година, до Комисијата достави произнесување по Жалба бр.15.2-17195/1, во кое наведува дека согласно своите надлежности до барателот неколкукратно е доставен одговор по наведените прашања.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“
Во конкретниов случај не се работи за информација од јавен карактер бидејќи барателот не бара информација или документ со кој располага имателот туку поставува прашања, доставува приговори и друг списи за работи кои произлегуваат од надлежноста на Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово во однос на правата и обврските на барателот како вработена во Министерството.
Министерството постапило по барањата како по прашања кои произлегуваат од надлежностите на Министерството и по сите прашања доставило одговор до барателката.
Доколку барателката била незадоволна од добиЕните одговори имала право да поведе постапка пред други надлежни институции, бидејќи во случајов не се работи за информации од јавен карактер.
З.Л. бара одговор на одредени прашања кои се поврзани со права и обврски кои произлегуваат од нејзиниот статус како вработена во Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово а не информации од јавен карактер, што не е во надлежност на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација: „Барање за бројот и името и презимето на лицата за кои Комисијата покренала иницијатива за поведување на постапка пред надлежните органи за разрешување, распоредување, сменување и казниво гонење во 2011, 2012 и 2013“, најдоцна до 28.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-17 од 30.01.2014 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 19.12.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата и побарал да му ја достават следната информација:
„Барање за бројот и името и презимето на лицата за кои Комисијата покренала иницијатива за поведување на постапка пред надлежните органи за разрешување, распоредување, сменување и казниво гонење во 2011, 2012 и 2013“.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што се наведува во Жалбата, му доставила Одговор бр.03-135/2 на 17.01.2014 година, во кој „…Информацијата содржи само со иницијали на лицата, чија функција, пак е општо одредена, од типот, директор на агенција или градоначалник на општина …“.
Незадоволен од наведениот Одговор бр.03-135/2 од 17.01.2014 година, В.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-17 од 04.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата достави Одговор на Жалба бр.03-135/4 од 10.02.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-17 на 14.02.2014 година. Во прилог на Одговорот се доставени сите списи во врска со предметот. Исто така, во прилог е Одговорот насловен до В.С. од Скопје.
Во Одговорот се наведени делумни информации, со тоа што се дадени само иницијалите на функционерити и функцијата, а не и институцијата каде е извршена функцијата.
Во конкретниов случај барателот бара информација за „бројот и името и презимето за кои Комисијата покренала иницијатива за поведување на постапка пред надлежените органи за разрешување, распоредување, сменување и казнива гонење во 2011, 2012 и 2013 година“.
Бараните податоци се однесуваат на лица кои се избрани и именувани и на лица кои се вработени во органите на државната управа и други државни органи, органи на судска власт, јавни претпријатија, установи, други органи на централната и локалната власт утврдени со закон. Оттука, се гледа дека се работи за барање на информација за избрани и именувани лица, јавни и државни службеници кои се финансираат од буџетски средства и не може да очекуваат заштита на индивидуалноста и личните податоци во врска со сите податоци кои се поврзани со извршувањето на работната функција.
Податоците за избран или именуван функционер а кои се однесуваат за името, презимето, службен телефон, односно се што е поврзано со неговата работа се од јавен карактер. Податоците за единствениот матичен број, адресата, приватен фиксен телефон се исклучок од слободниот пристап.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот целосната информација наведена во Барањето, туку за дел од неа, иако располагала со истата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „… името и презимето на избраните и именуваните функционери кои во 2011, 2012 и 2013 година пријавиле зголемување на имотот, согласно со член 34 од Законот за спречување на корупција“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр. 03-123/2 од 16.01.2014 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-18 од 30.01.2014 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Заклучокот на Државната комисија за спречување на корупцијата бр. 03-123/2 од 16.01.2014 година ГО ПОНИШТИ.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 19.12.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државната комисија за спречување на корупцијата и побарал да му ја достават следната информација:
„Бројот, името и презимето на избраните и именуваните функционери кои во 2011, 2012 и 2013 година пријавиле зголемување на имотот, согласно член 34 од Законот за спречување на корупција“.
Државната комисија за спречување на корупцијата, како што се наведува во Жалбата, му доставила Одговор бр.3-123/3 на 16.01.2014 година, во кој „…дава информација за бројот на функционери кои доставиле пријава за зголемување на имотот, но не и за нивниот идентитет и за податоците од пријавите, со образложение дека не располага со информација-документ во кој се содржани име и презиме, односно податоци од пријавите…“.
Незадоволен од наведениот Одговор, бидејќи на официјалната интернет страница на Државната комисија за спречување на корупцијата не можел да ги следи промените во анкетните листови, В.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-18 од 04.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-123/5 од 10.02.2014 година, заведен во Комисијата под бр.07-18 на 14.02.2014 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека Државната комисија за спречување на корупцијата останува во целост на причините наведени во образложението на Заклучокот за прекинување на постапката бр.03-123/2 од 16.01.2014 година. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Заклучок. Во образложението на наведениот Заклучок е наведено дека Државната комисија за спречување на корупцијата „…констатираше дека не располага со бараната информација, т.е. не располага со информација-документ во кој се содржани име и презиме на лица, кои до Државната комисија за спречување на корупцијата доставиле пријава во смисла на член 34 од Законот за спречување на корупцијата, ниту пак располага со информација-документ во кој се содржани податоци од пријавите поднесени во смисла на посочениот член. Податоците од доставените пријави согласно со одредбите од Законот за спречување на корупцијата тековно се внесуваат во базата на податоци за имотната состојба на избрани или именувани функционери, службени лица и одговорни лица во јавно претпријатие или друго правни лице што располага со државен капитал, а која согласно член 35 став 2 од Законот за спречување на корупцијата е објавена на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Државната комисија за спречување на корупцијата…нема обврска да создава информации по барање на подносител на барање за пристап до информации од јавен карактер“.
Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата не е доставена фотокопија од поштенска доставница, од која би било видно дека Заклучокот е доставен и до барателот на информацијата.
Во врска со ова Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Државната Комисија за спречување на корупцијата и укажува на следното.
Согласно член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата (“Службен весник на Република Македонија“ бр.126/2006), член 35 став 1 од Законот за спречување на корупцијата се менува и гласи: „Податоците од анкетниот лист претставуваат информации од јавен карактер, освен податоците заштитени со закон“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот целосната информација наведена во Барањето, туку за дел од неа, иако располагала со истата, донела Заклучок за прекинување на постапката, со образложение дека не располага со таква информација.
Во врска со наведеното, Комисијата на Државната комисија за спречување на корупцијата и укажува на следното.
Доколку се има предвид фактот дека Државната комисија за спречување на корупцијата е законски обврзана да ги прибира податоците за имотната состојба на избраните или именуваните функционери и да ги објавува на својата веб-страница, може да се заклучи дека Државната комисија за спречување на корупцијата не ја создава оваа информација, но сепак располага со побараните податоци согласно нејзината надлежност. Ако се земе во предвид и вкупниот број на примени Пријави за промена на имотната состојба, може да се заклучи дека Државната комисија за спречување на корупцијата можела во законскиот рок од 40 дена определен во член 22 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да изготви поименична листа на пријави, врз основа на расположливите податоци, а согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и истата да ја достави до барателот на информацијата, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во конкретниов случај барателот бара информација за „бројот, името и презимето на избраните и именуваните функционери кои во 2011, 2012 и 2013 година пријавиле зголемување на имотот“, обврска која произлегува од членот 34 од Законот за спречување на корупцијата. Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го разгледа Образецот за пријавување промени на имотната состојба и утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата треба да ги разгледа околностите за овозможување делумен пристап до бараните информации.
Во прилог на наведеното е следното образложение. Бараните податоци се однесуваат на лица кои се избрани и именувани и на лица кои се вработени во органите на државната управа и други државни органи, органи на судска власт, јавни претпријатија, установи, други органи на централната и локалната власт утврдени со закон, кои согласно Законот за спречување на корупцијата се должни при преземањето на вршење на јавните овластувања и должности, во рок од 30 дена да поднесат пријава за „…секое зголемување на неговиот имот, односно на имотот на член на неговото семејство…“. Оттука, треба да се има предвид дека се работи за барање на информација за избрани и именувани лица, јавни и државни службеници кои се финансираат од буџетски средства и кои не можат да очекуваат заштита на индивидуалноста и личните податоци во врска со сите податоци кои се поврзани со извршувањето на работната функција.
Податоците за избран или именуван функционер од првата страница од Образецот за пријавување промени на имотната состојба, а кои се однесуваат за името, презимето, службен телефон, односно се што е поврзано со неговата функција се од јавен карактер. Податоците за единствениот матичен број, адресата, приватен фиксен телефон се исклучок од слободниот пристап.
Податоците од втората страница, во врска со сопственоста на избрани и именувани лица, се од јавен карактер. Од наведените причини Комисијата смета дека треба да се овозможи делумен пристап до бараната информација со бришење на личните податоци. Со овозможувањето на делумен пристап до бараните информации нема повреда на заштита на личните податоци со чие бришење нема да се загрози нивната безбедност и нема да се изгуби смислата и погрешно да се разбере содржината на бараната информација.
При повторното постапување по предметот Државната комисија за спречување на корупцијата треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Увид и фотокопија на дневниците на: Втора- 1;2;3;4;5;6;7;8 и Трета-7 и 8 паралелка од учебната 2009/2010 година“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-38 на 25.02.2014 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Д.Д. од Скопје на 24.01.2014 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.03-65/1 до СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, со кое побарал увид и фотокопија од следната информација:
„Увид и фотокопија на дневниците на: Втора- 1;2;3;4;5;6;7;8 и Трета-7 и 8 паралелка од учебната 2009/2010 година“.
СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-38 од 27.02.2014 година, ја препрати Жалбата до СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје до Комисијата достави Одговор бр. 03-137/2 од 28.02.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-38 на 28.02.2014 година .
Во Одговорот е наведено дека „Со оглед дека се работи за барање кое се подведува под исклучоците предвидени со член 6 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Ве информираме дека одговорното лице донесе Решение со кое е одбиено барањето…пред донесувањето на Решението беше направен тест на штетност, со кој е проценето дека со давањето на овие информации се вршат повреди на одредбите од Законот за заштита на личните податоци за малолетни деца, во случајот учениците…“.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата е доставена фотокопија од Решение бр.02-65/2 од 24.02.2014 година, со кое е одбиен пристапот до бараната информација.
По разгледувањето на Жалбата Комисијата утврди дека СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во врска со наведеното, Комисијата на СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје му укажува на следното.
Доколку утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап односно, односно дека согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е заштитен личен податок, како што наведува во Решението, должно е во образложението во кое ги наведува причините за одбивањето да го образложи и спроведениот тестот на штетност, односно задолжителната постапка која ја спровел, проверувајќи ги последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Во случајов, спроведениот тест на штетност е образложен само во Одговорот на жалба поради молк на имателот.
Доколку, пак, СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје утврди дека бараниот документ, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Доколку се работи за информации од поголем обем, согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата има право да побара од барателот за добиената фотокопија да плати надоместок во висината на материјалните трошоци согласно Одлуката на Владата на Република Македонија со која се утврдува надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации објавена во “Службен весник на РМ“ бр.136/2006 година.
При повторното постапување по предметот СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни работи-СВР-Куманово, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-27 од 20.02.2014 година, изјавена од З.Л. од Скопје, поднесена против Министерството за внатрешни рабпти-СВР-Куманово и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Зорица Лазаревска од Скопје на 02.01.2014 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во СВР-Куманово под број 32.3.36/1 и побарала во фотокопија по пошта или во СВР Куманово со доставница да и биде доставена следната информација:
“1.Дали сум била на работа на 02.10.2013год; 2. Дали сум била на работа на 29.10.203 година(сабота) и 3Дали истите часови ми се платени, ако не се зошто?“
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово до барателот доставило Известување рег.бр. 32.3-36/2 од 20.01.2014 година во врска со нејзиното присуство на работа во наведените денови.
Исто така, Министерството за внатрешни работи-Сектор за односи со јавноста и информации од јавен карактер до барателот на 05.02.2014 година доставил Одговор на приговор бр.15.2-10254/2 со кој ја известуваат дека по ова барање и е одговорено претходно.
Незадоволна од добиениот Одговор, З.Л. од Скопје на 20.02.2014 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-27.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-27 од 24.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
З.Л. од Скопје на 27.02.2014 година до Комисијата достави Проширување на Жалба по Одговор број 13.3-103/8.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“
Во конкретниов случај не се работи за информација од јавен карактер бидејќи барателот не бара информација или документ со кој располага имателот туку поставува прашања, доставува приговори и друг списи за работи кои произлегуваат од надлежноста на Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово во однос на правата и обврските на барателот како вработена во Министерството.
Министерството за внатрешни работи постапило по барањата како по прашања кои произлегуваат од надлежностите на Министерството и по сите прашања доставило одговор до барателката.
Доколку барателката била незадоволна од добиените одговори имала право да поведе постапка пред други надлежни институции, бидејќи во случајов не се работи за информации од јавен карактер.
З.Л. бара одговор на одредени прашања кои се поврзани со права и обврски кои произлегуваат од нејзиниот статус како вработена во Министерството за внатрешни работи-Сектор за внатрешни работи Куманово а не информации од јавен карактер, што не е во надлежност на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Ј. од Сопиште, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена Б.Ј. од Сопиште, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ 1. Колку дозволи за приклучување на фекалната канализација имате издадено (период 2010-2013 година) на ул.“29“ во с. Сопиште“,
се УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-39 од 25.02.2014 година, изјавена од Б.Ј. од Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Б.Ј. од Сопиште, на 24.12.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Општината под бр.03-4093/1 со кое побарал да му биде доставена по пошта, во фотокопија следната информација:
“1.Колку дозволи за приклучување на фекалната канализација имате издадено (период 2010-2013 година) на ул.“29“ во с. Сопиште“
Општина Сопиште во врска со ова барање, до Б.Ј. доставила Известување бр.08-387/1 од 24.01.2014 година со кое го известува дека согласно член 22 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер потребно им е подолго време од 30 дена и затоа рокот го продолжуваат на 40 дена.“
Општина Сопиште не одговорила ни во рокот од 40 дена поради што барателот на 13.02.2014 година поднесе Жалба до Општина Сопиште заведена под број 03-387/2.
Општина Сопиште на 25.02.2013 година Жалбата ја препрати до Комисијата. Во прилог ги достави списите по предметот. Во Комисијата Жалбата е заведена под број 07-39.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Сопиште не постапила во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 15.11.2013година Општина Сопиште до барателот доставила “Известување и достава на информации“ заведено под број 27-3633/2.
Во Известувањето е наведено: “… Планот кој важеше во 2009 година повеќе не е во сила затоа што во 2012 година донесен е урбанистички план за с. Сопиште-разработка на блок 1 плански период 2012-2020 година кој е донесен со Одлука 07-3968/1 од 09.11.2012 година. После усвојувањето на овој план не се направени никакви измени.
Планот од скицата се уште постои и се користи како јавна површина-пристапен пат.
Во врска со доставеното барање за издадени елаборати Ве известуваме дека Општина Сопиште нема издадено елаборати за изградба и надградба на ул.“29“ КО Сопиште, согласно известувањето на одделениоето за урбанизам,
Исто така, сакаме да ве известиме дека доставеното известување од одделението за урбанизам и комунални работи истите не поседуваат информации за издадени дозволи за приклучок на фекална канализација за ул “29“ КО Сопиште…“
Во Дописот-Одговор на барање од одделението за комунални работи бр.25-3632/4 од 11 месец 2013 година до Комисијата за информации од јавен карактер на Општина Сопиште е наведено “До формирањето на Одделението за комунални работи со новата организациона поставеност, од областа на комунални работи ги вршеше одделението за урбанизам, па може има информации за наведената улица“
Во врска со погоре наведеното Комисијата укажува на следното.
Во конкретниот случај, службеното лице што постапува по предметот, било должно да провери дали постои бараната информација согласно Одговорот од Одделението за комунални работи бр.25-3632/4 од ноември 2013 година “па може има информации за наведената улица“
Доколку Општината утврди дека не располага со бараната информација, треба да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена согласно со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“ При тоа треба да има во предвид, дали согласно своите надлежности е должна да ги има наведените информации.
При повторното постапување по предметот, Општина Сопиште треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата и да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.П. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.П. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерство за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода на барателот да му овозможи увид во бараната информација :
„Увид во предметите наведени во Барање од јавен карактер со арх. бр.19-08-521(89) и други“, во рок од 5 дена од доставувањето на ова Решение.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-22 на 07.02.2014 година, изјавена од Н.П. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода на барателот да му овозможи увид во бараната информација во рок од 5 дена од доставувањето на ова Решение.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Н.П. од Скопје истата ја поднесува поради „Недозволување на увид во предметите наведени во Барање од јавен карактер со арх. бр.19-08-521(89) и други“.
Во прилог на Жалбата до Комисијата е доставена фотокопија од Одговор на барање изготвен од страна на Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода (без архивски број), потпишан од страна на претседателот на Комисијата. Во Одговорот на барањето е наведено дека „Во врска со вашето барање за пристап до информации од јавен карактер по барањето на група граѓани Ве известуваме дека Комисијата изврши увид во предметите и констатира дека барањата се поднесени од други лица…Со оглед на тоа што лицето Н.П. и групата на граѓани не се баратели согласно Законот за денационализација, Комисијата е на мислење дека не е должна да ви овозможи увид во предметите“.
Комисијата со допис бр.07-22 од 10.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерство за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не одговори и на дописот на Комисијата за произнесување по Жалба.
Што се однесува до наводите во Одговорот на барање од Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода, доставен до барателот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното:
Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода е должно да постапува по одредено Барање доставено до него согласно Законот според кој е поднесено Барањето. Во случајов, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е lex specialis за постапувањето по Барањата за слободен пристап од јавен карактер, чиј предмет е токму остварувањето на правото на слободен пристап до овие информации. Поради тоа постапката по барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се спроведува согласно овој Закон.
Комисијата не спори дека Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода постапува според Законот за денационализација, но смета дека при одбивањето на слободниот пристап, како основ прво треба да ги земе предвид исклучоците наведени во член 6 став 1 точки 1 до 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, па потоа да се повикува на Законот за денационализација.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице без дискриминација по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон“. Во случајов Н.П. од Скопје е барател на информации и Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела не може да и го ускрати тоа законско право повикувајќи се на Законот за денационализација.
Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барањата за денационализација за подрачјето на Општина Кисела Вода , како имател на информации од јавен карактер, било должно да постапи согласно член 2 став 1 од истиот Закон и да им овозможи на „…физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против КПУ Затвор-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против КПУ Затвор – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ 1. Правилник за работни односи на КПУ Затвор Скопје;
2. Правилник за систематизација на работни места;
3. Правилник за исплата на плата и средства за заедничка потрошувачка и
4. Правилник за работен ред и дисциплина како и други подзаконски акти кои се во согласност со Закон за работни односи и Законот за извршување на санкции, а кои се однесуваат на вработените во КПУ Затвор Скопје“, во делот од Барањето наведено под точките 2, и 4 СЕ ОДБИВА.
Во делот од Барањето наведено под точка 1 и 3 се УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-16 од 28.01.2014 година, изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против КПУ Затвор-Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и во делот од Барањето наведено во точките 2 и 4 ЈА ОДБИ како неоснована.
Во во делот од Барањето наведено под точка 1 и 3 ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Г.Р. од Скопје, 25.12.2013 година поднел по е-маил Барање за пристап до информации од јавен карактер “бидејќи му било повредено правото за прием во деловодна книга“ до КПУ Затвор- Скопје, со кое побарал да му бидат доставени во фотокопија, по пошта, следните информации:
“1. Правилник за работни односи на КПУ Затвор Скопје;
2. Правилник за систематизација на работни места;
3. Правилник за исплата на плата и средства за заедничка потрошувачка и
4. Правилник за работен ред и дисциплина како и други подзаконски акти кои се во согласност со Закон за работни односи и Законот за извршување на санкции а кои се однесуваат на вработените во КПУ Затвор- Скопје“
КПУ Затвор-Скопје, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, поради што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-16 од 30.01.2014 година, ја препрати Жалбата до КПУ Затвор-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
КПУ Затвор-Скопје на 07.02.2014 година до Комисијата достави “Доставување на одговор на жалба и писмени списи бр.03-445/2 од 06.02.2014 година, а во Комисијата заведена под бр. 07-16.
Во Одговорот на Жалба е наведено дека “…на ден 06.12.2013 година објавен е во Службен весник на Република Македонија, Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкции, со кој закон се вршат измени во однос на статусот на вработените во казнено-поправните установи. Истиот закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија, додека подзаконските акти пропишано е да се донесат во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон.
Имено, самото барање за пристап до информации од јавен карактер е поднесено токму во период кога бараните акти се во постапка на усогласување односно во постапка на подготвување. Па од тие причини бараниот Правилник за плата и заедничка потрошувачка на КПУ Затвор- Скопје како и Правилникот за работни односи се ставени вон сила и од таа причина не му се доставени на подносителот на жалбата. Додека околу Правилникот за систематизација на КПУ Затвор- Скопје надлежен е да го усогласи Управата за извршување на санкции и во останатиот пропишан рок за усогласување ќе се изврши негова измена но од причина што бараниот Правилник за систематизација се уште е важечки како и Правилникот за работен ред и дисциплина и се уште не се ставени вон сила, на подносителот на жалбата во фотокопија му се доставуваат согласно барањето на домашна адреса и воедно истите ги доставуваме и со одговорот на жалба“.
Во Прилог на Жалбата доставен е допис до Г.Р. заведен под број 04-429/1 од 03.02.2014 година со кој му се доставуваат Правилникот за систематизација на работните места во КПУ Затвор- Скопје како и Правилникот за работен ред и дисциплина и казнување поради повреда на работниот ред и дисциплина.
КПУ Затвор- Скопје на 21.02.2013 година до Комисијата достави е-маил со кој достави Решение на побарувачки лист од пошта во кој е наведено дека документите-пратката е доставена до Г.Р. на 18.02.2014 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека КПУ Затвор-Скопје постапила по точка 2 и 4 и до барателот ги доставила бараните информации поради што Комисијата за делот од Барањето наведено во точка 2 и 4 ја одби жалбата иако утврди дека бараните информации имателот ги доставил после рокот предвиден во Законотот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но поинаквото постапување на Комисијата не може да има суштински промени во постапувањето по Барањето бидејќи барателот ги добил бараните информмации што е и целта на Законот.
Што се однесува до точките 1 и 3 од Барањето, Комисијата го врати предметот на повторно постапување пред првостепениот орган од причина што доставените први страници на наведените акти не може да бидат основ за недоставување на бараните информации.
Согласно член 6, алинеја од 1-8, доколку имателот смета дека одредени информации претставуваат исклучок од слободниот пристап или како што наведува имателот “бараните акти се во постапка на усогласување односно во подготовка на подготвување..“ треба да донесе Решение за одбивање на пристапот со образложение за одбивањето и спроведен тест на штетност како и упатство за правно средство.
Во Барањето е точно наведено дека барателот ги бара Правилниците под точка 2 и 4 кои се во согласност со Законот за работни односи и Законот за извршување на санкции па имателот бил должен истите да му ги достави доколку тие не претставуваат исклучок согласно Законотот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
При повторното постапување, КПУ Затвор- Скопје треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата и да постапи согласно со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.К. од Скопје, преку полномошник С.Г.П., Адвокат од Скопје поднесена против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.К. од Скопје, преку полномошник С.Г.П. Адвокат од Скопје, поднесена против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Чаир на барателот да му ја достави бараната информација: „Кое лице ги изведува градежните работи на ул.„396“ бр.52 или по старо ул.„Прохор Пчински“ бр.52, на КП 3957 на КО Центар 1, кој е инвеститор, по која градежна дозвола и по кое одобрение за градба, да ми се достави одобрение за градба или градежна дозвола доколку ги има.“ најдоцна до 28.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-9 од 14.01.2014 година, изјавена од С.К. од Скопје, преку полномошник С.Г.П. адвокат од Скопје, поднесена против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Чаир на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, С.К. од Скопје, преку полномошникот С.Г.П., адвокат од Скопје на 21.11.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Чаир и побарал да му достават фотокопија од следната информација:
„Кое лице ги изведува градежните работи на ул.„396“ бр.52 или по старо ул.„Прохор Пчински“ бр.52, на КП 3957 на КО Центар 1, кој е инвеститор, по која градежна дозвола и по кое одобрение за градба, да ми се достави одобрение за градба или градежна дозвола доколку ги има.“
Општина Чаир, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е добиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-9 од 18.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Чаир и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Чаир не одговори ниту на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Чаир не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставила до барателот информација наведена во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.А. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.А. од Скопје поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ 1. Во врска со претставка бр.07-510 од 19.07.2013 молам увид во Решение од Државен инспекторат за труд согласно член 258 од ЗРО. На кој начин се пресметани часовите прекувремена работа и истите исплатени и евидентирани како и часовите работа во државен празник. Исто така и часовите работа во ноќна смена.Инспекциски надзор извршен од О.Л..
2. По претставка бр. 07-581 од 01.09.2013 молам увид во Решение донесено од Државен инспекторат за труд, кои писмени докази се презентирани пред овој орган. Јас добив само налог за прераспоредување на друго работно место со обезбедени 3000 денари како дел од надомест за одвоен живот, без никаков нов променет договор за вработување, а јас одлука за отказ на договор за вработување. Инспекциски надзор извршен од Д. Б. “, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-21 на 06.02.2014 година, изјавена од А.А. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.А. на 04.12.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за труд и социјална политика, заведен под бр.14 10392/1 и побарал по е маил да му ја достават следната информација:
„ 1. Во врска со претставка бр.07-510 од 19.07.2013 молам увид во Решение од Државен инспекторат за труд согласно член 258 од ЗРО. На кој начин се пресметани часовите прекувремена работа и истите исплатени и евидентирани како и часовите работа во државен празник. Исто така и часовите работа во ноќна смена. Инспекциски надзор извршен од О. Л..
2. По претставка бр. 07-581 од 01.09.2013 молам увид во Решение донесено од Државен инспекторат за труд, кои писмени докази се презентирани пред овој орган. Јас добив само налог за прераспоредување на друго работно место со обезбедени 3000 денари како дел од надомест за одвоен живот, без никаков нов променет договор за вработување, а јас одлука за отказ на договор за вработување. Инспекциски надзор извршен од Д. Б..“
Министерството за труд и социјална политика, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-21 од 12.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика, на 25.02.2013 достави Одговор на Жалба бр.14-892/14 од 20.02.2014 година.
А.А. на 19.02.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека на 17.12.2013 година ја добил бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 12 март 2014 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З, Генерален секретар на Здружението, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
1. Дали средствата наброени во Одлуката бр. 41-5919/1 од 15.08.2012 година се предадени на Министерството за внатрешни работи.?
2. Спецификација на средствата, кога се предадени и каде се поставени средствата доколку средствата се предадени односно примени при Министерството за внатрешни работи согласно Одлуката бр.41-5919/1?
3.Копија од договорот помеѓу деканот на Факултетот за безбедност-Скопје во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски“-Битола и министерот за внатрешни работи, со кој се уредуваат правата и обврските за движните ствари предмет на Одлуката Бр.41-5119/1;
4.Дали средствата наброени во Одлуката Бр.41-5920/1 од 15.08.2012 година се предадени на Министерството за внатрешни работи?
5. Спецификација на средствата, кога се предадени и каде се поставени средствата доколку средствата се предадени односно примени при Министерството за внатрешни работи согласно со Одлуката Бр.41-5920/1?
6.Копија од договорот помеѓу деканот на Факултетот за безбедност-Скопје во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски“-Битола и министерот за внатрешни работи, со кој се уредуваат правата и обврските на движните ствари предмет на Одлуката Бр.41-4020/1.? “ .

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-560 на 05.12.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поднесена преку М.З., Генерален секретар на Здружението, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 10.06.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи, заведено во Транспаренси Интернешнл-Македонија под бр.0302-1340 и побарало во фотокопија по пошта, да му ја достават следните информации од јавен карактер:
1. Дали средствата наброени во Одлуката бр. 41-5919/1 од 15.08.2012 година се предадени на Министерството за внатрешни работи.?
2. Спецификација на средствата, кога се предадени и каде се поставени средствата доколку средствата се предадени односно примени при Министерството за внатрешни работи согласно Одлуката бр.41-5919/1?
3.Копија од договорот помеѓу деканот на Факултетот за безбедност-Скопје во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски“-Битола и министерот за внатрешни работи, со кој се уредуваат правата и обврските за движните ствари предмет на Одлуката Бр.41-5119/1;
4.Дали средствата наброени во Одлуката Бр.41-5920/1 од 15.08.2012 година се предадени на Министерството за внатрешни работи?
5. Спецификација на средствата, кога се предадени и каде се поставени средствата доколку средствата се предадени односно примени при Министерството за внатрешни работи согласно со Одлуката Бр.41-5920/1?
6. Копија од договорот помеѓу деканот на Факултетот за безбедност-Скопје во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски“-Битола и министерот за внатрешни работи, со кој се уредуваат правата и обврските на движните ствари предмет на Одлуката Бр.41-4020/1.?“
Министерството за внатрешни работи, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање доставило Одговор за дел од бараните информации под точка 1,2,4 и 5, а за точките и 3 и 6 не ги доставило бараните информации.
Незадоволно од тоа што не ги добило бараните информации под точка 3 и 6, здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со Решение број 07-469 од 27 август 2013 година, Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред Министерството за внатрешни работи.
Постапувајќи по Решението на Комисијата, Министерството за внатрешни работи на 12.11.2013 година до Транспаренси Интернешнл-Македонија доставило Одговор заведен под број 15.2-71623/2.
Незадоволен од добиениот Одговор, Транспаренси Интернешнл-Македонија на 05.12.2013 година достави жалба до Комисијата заведена под број 07-560.
Комисијата со допис број бр.07-560 од 18.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи во врска со ова Барање до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 15.2-71623/4 од 27.12.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-560 на 09.01.2013 година. Во наведениот Одговор на жалба е наведено: “…Ве известуваме дека на 26.12.2013 година до барателот е испратено дополнување на одговор во врска со прашањата 3 и 6 од Барањето“
Во прилог го достави Дополнување на одговор до барателот заведен под број 15.2-71623/3 од 26.12.2013 година.
Транспаренси Интернешнл-Македонија на 14.01.2014 година, по е-маил до Комисијата достави Поднесок заведен под број 07-560: “Ве информираме дека од имателот на информации Министерството за внатрешни работи по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер наш број 0302/1340 од 12.06.2013 година не добивме соодветен одговор..“.
Комисијата со допис број бр.07-560 од 17.01.2014 година, го препрати Поднесокот до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи во врска со ова Барање до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 15.2-5485/3 од 27.01.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-560 на 28.01.2014 година. Во Произнесувањето по жалба е наведено: “…Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи, по барањето поднесено од Транспаренси Интернешнл-Македонија заведено под број 0302-1340 од 12.06.2013 година, неколку пати одговоараше на пристигнатите жалби од страна на барателот бидејќи истиот не беше задоволен од доставениот одговор..Ве информираме дека Министерството за внатрешни работи донесе Заклучок за прекинување на постапката, бидејќи нашето министерство нема изработено друг поинаков документ кој се бара во наведеното барање “
Во прилог достави Заклучок за прекинување на постапката заведен под број 15.2-5485/2 од 27.01.2014 година испратен до Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија.
Против наведениот Заклучок барателот во законски предвидениот рок не поднесе Жалба до Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.