ДОНЕСЕНИ 6 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 73–та седница одржана на 19 февруари 2014 година, донесе 6 решенија и 4 заклучока.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 февруари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Да ни биде дадена копија од документацијата за објавување на двете изданија на книгата од д-р В.С. и д-р А.С. под наслов: “Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-3 на 09.01.2013 година, изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под број 07-3 на 09.01.2014 година, К.Т. поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Институтот за национална историја заведено под број 03-559/1 на 02.12.2013 година, со кое побарала да и ја достават следната информација.
„ Да ни биде дадена копија од документацијата за објавување на двете изданија на книгата од д-р В.С. и д-р А.С. под наслов “Букурешки мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година?“
ЈНУ Институт за национална историја на ова Барање до барателот доставил Известување заведено во Институтот за национална историја под бр.03-560/2 од 17.12.2013 година.
Во Известувањето, во точка 2 е наведено “… Во врска со Вашето Барање број 03-559/1 од 02.12.2013 година за документи за издавање на двете изданија од книгата “Букурешки мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“(2011-прво издание, 2013-второ издание) Ве известуваме дека за првото издание постои документација која Ви е достапна во Институтот, меѓутоа со ова издание има спор со печатарот кој се уште не доставил примероци од изданието до Институтот.
Во врска со второто издание од оваа книга ве известувам дека тоа е целосно финансирано од авторот и за него Институтот не направил никакви финансиски трошоци. Еден од авторите, д-р А.С. донесе примероци од печатеното второ издание…“
Незадоволна од добиеното Известување, К.Т. на 20.12.2013 година до ЈНУ Институт за национална историја повторно доставила  допис заведен под број 03-560/3 – “Одговор на точка 2 од Ваш одговор бр.03-560/2 од 17.12.2013 година“, со кој од имателот повторно ги побарала информациите наведени во цитираното барање, како и “…Нашата намера беше да дознаеме колку средства собрала издавачката куќа Институт за национална историја од продажбата на првото издание, и за што би се искористиле… и за според нас, направените пропусти при објавувањето на второто издание…“
Во врска со ова повторно Барање, имателот не доставил одговор до барателот, поради што К.Т. на 09.01.2014 година до Комисијата достави Жалба заведена под број 07-3.
Комисијата со допис бр.07-3 од 10.01.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ-Институт за национална историја на барањето на Комисијата одговори со Допис бр. 03-89/1 од 11.02.2014 година –Одговор на Ваш допис број 07-3 од 10.01.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-3 на 12.02.2014 година .
Во Одговорот е наведено:
Во врска со вашето барање ве известуваме за следното:
“…Документите за првото издание на трудот Букурешки мировен договор и поделбата на Македонија во 2013 година врз основа на кои се конкурирало во Министерството за култура, документите кои Министерството…ги доставило до ЈНУ Институт за национална историја(договор за финансирање на трудот) и документи врз основа на кои е вршена исплатата достапни се за увид во ЈНУ Институт за национална историја. Заради тоа што во барањето од К.Т. наведено е да се достават документи кои ЈНУ Институт за национална историја не е имател (барање до Советот на ИНИ за избор на рецезенска комисија… одлуки…) не сме во можност да доставиме документи со кои не располагаме.
Документите барани во второто издание исто така не сме во можност да ги доставиме, заради тоа што, како што наведовме изданието е финансирано од самиот автор, ЈНУ Институт за национална историја не примил средства, не исплатил средства, не сме иматели на такви документи.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека,  Институтот за национална историја, не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На барањето не одговорил во законски предвидената форма.
Во врска со наведеното, Комисијата на ЈНУ Институт за национална историја му укажува на следното.
Согласно член 16 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се зпознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис). Во Барањето барателот навел кои документи бара да му се достават и на каков начин и за првото и за второто издание на книгата.
Согласно член 8 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “службеното лице за посредување со информации контактира и ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барањата за информации, чувањето и давање на информации, а согласно член 17 точка 2 “службеното лице определено за посредување со информации е должно на барателот да му даде соодветна помош при дополнување на барањето.“
Тој треба да му помогне на барателот и да му ја достави бараната информација на начин наведен во барањето.
Доколку се работи за информации од поголем обем, согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата има право да побара од барателот за добиениот препис, фотокопија или електронски запис, надоместок во висината на материјалните трошоци согласно Одлуката на Владата на Република Македонија со која се утврдува надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации објавена во “Службен весник на РМ“ бр.136/2006 година“.
Доколку се работи за информации со кои имателот не располага или како што наведува Институтот дека “не сме во можност да доставиме документи со кои не располагаме“ тогаш треба да постапи согласно член 26 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да донесе заклучок за прекинување на постапката.
Докулку Институтот смета дека не е имател на бараните информации а знае кој е имател, должен е да постапи согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот.
При повторното постапување по предметот Институтот  треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 февруари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 „Бараме да ни бидат доставени , во законски рок, копии од Предлог-Буџетите на ИНИ за 2013 и 2014 год. При тоа не мислиме на Програмите за работа на вработените кои се уште се собираат од вработените.“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-4 на 09.01.2013 година, изјавена од К.Т., поднесена против Институтот за национална историја по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под број 07-4 на 09.01.2014 година, К.Т. поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Институтот за национална историја заведено под број 03-558/1 на 02.12.2013 година, со кое побарала да и ја достават следната информација.
„Бараме да ни бидат доставени, во законски рок, копии од Предлог-Буџетите на ИНИ за 2013 и 2014 год. При тоа не мислиме на Програмите за работа на вработените кои се уште се собираат од вработените?“
ЈНУ Институт за национална историја на ова Барање до барателот доставил Известување заведено во Институтот за национална историја под бр.03-560/2 од 17.12.2013 година.
Во Известувањето, во точка 3 е наведено “… Во врска со Вашето Барање број 03-558/1 од 02.12.2013 година за предлог буџет на Институтот за 2013 и 2014 година ви доставуваме копии од барањето на МОН за доставување на план за стоки и услуги за 2013 година и План на Институтот за потребните средства за стоки и услуги за наведената година кој е доставен доо МОН. За 2014 година од МОН не е побаран таков план од Институтот. Исто така ве информирам дека као директор побарав од раководителите на одделенијата да достават план за работа за 2014 година, меѓутоа до денес не сите одделенија доставија планови.“
Незадоволна од добиеното Известување, К.Т. на 20.12.2013 година до имателот повторно доставила  допис заведен под број 03-560/3-Одговор на точка 3 од ваш одговор бр.03-560/2 од 17.12.2013 год.
Во врска со ова повторно Барање, имателот не доставил одговор до барателот, поради што К.Т. на 09.01.2014 година до Комисијата достави Жалба заведена под број 07-4.
Комисијата со допис бр.07-4 од 13.01.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институт за национална историја и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈНУ-Институт за национална историја на барањето на Комисијата одговори со Допис бр. 03-37/4 од 20.01.2014 година –Одговор на Ваш допис број 07-4 од 13.01.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-4 на 20.01.2014 година.
Во наведениот допис Институтот се произнесува по неколку Барања по кои се поднесени Жалби до Комисијата, а за Жалбата заведена под број 07-4 од 09.01.2014 година наведува:
“Ве известуваме дека ЈНУ Институт за национална историја нема законска обврска да подготвува документи “предлог-буџет“ за тековната година, заради тоа  што е единка корисник на буџетски средства од Буџетот на Република Македонија. Заради тоа ве известуваме дека документи предлог-буџети за тековни години не се подготвуваат како акти во ЈНУ Институт за национална историја.
Согласно наведеното ЈНУ Институт за национална историја на именуваната и доставил документи во врска со планирањето на финансиите кои како документи постојат, со што и овозможил слободен пристап на информациите. Документи кои се наведени во барањето како “предлог буџет“ не постојат и не сме во можност да ги доставиме“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека,  ЈНУ Институтот за национална историја, не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во врска со наведеното, Комисијата на ЈНУ Институт за национална историја му укажува на следното.
Согласно член 16 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се зпознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис). Во Барањето барателот навел кои документи бара да му се достават и на каков начин.
Доколку се работи за информации со кои имателот не располага или како што наведува Институтот дека “не постојат“ тогаш треба да постапи согласно член 26 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да донесе заклучок за прекинување на постапката.
Доколку пак, како што наведува имателот “документи предлог-буџети за тековни години не се подготвуваат како акти во ЈНУ Институт за национална историја“ а од преписката на Институтот  со Министерството за образование и наука како и надлежностите на Институтот познато е кој ги подготвува Предлог-Буџетите на Институтот, имателот бил должен да постапи согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација, веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот.
При повторното постапување по предметот Институтот  треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 февруари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од К.Т. поднесена против ЈНУ Институт за национална историја, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
 „Документација за текот на тендерот за набавка на техничка опрема на сајтот на Бирото за јавни набавки на 21.10.2013 година од страна на ИНИ?“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-6 на 13.01.2013 година, изјавена од К.Т., поднесена против ЈНУ Институт за национална историја , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата, и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под број 07-6 на 13.01.2014 година, К.Т. поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈНУ Институт за национална историја заведено под број 03-560/1 на 02.12.2013 година, со кое побарала да и ја достават следната информација.
„ Документација за текот на тендерот за набавка на техничка опрема на сајтот на Бирото за јавни набавки на 21.10.2013 година од страна на ИНИ?“
Поради тоа што, како што наведува во Жалбата, не добила Одговор, К.Т. на 05.12.2013 година  повторно поднела Допис до ИНИ заведен под број 03-567 во кој наведува повторно дека ја бара информацијата наведена во претходното Барање и дека бараните информации “ги очекуваме најдоцна до среда (04.12.2013 г).
Институтот за национална историја на ова Барање до барателот доставил Известување заведено во Институтот за национална историја под бр.03-560/2 од 17.12.2013 година.
Во Известувањето, во точка 1 е наведено “… Во врска со Вашето Барање број 03-560/1 од 02.12.2013 година за добивање на копии од целосната документација од текот на тендерот за набавка на техничка опрема ве известуваме дека документацијата ви стои на увид во сметководството на Институтот. Во исто време ве известуваме дека е доставено барање до Бирото за јавни набавки за увид по објавен јавен оглас.“
Незадоволна од добиеното Известување, К.Т. на 20.12.2013 година до имателот повторно доставила  допис заведен под број 03-560/4 -Одговор на точка 1 од ваш одговор бр.03-560/2 од 17.12.2013 година  “..до вас доставивме барање копија од целосната документација за текот на тендерот за набавка на техничка опрема, и тоа во два наврата (допис бр.03-560/1 од 02.12.2013 год и допис бр.0-567 од 05.12.2013 година,) ….што нема никаква допирна точка со вашата преписка со Бирото за јавни набавки која, патем речено, не може да одговори на прашањата кои нас не интересираат……“
Во врска со ова повторно Барање, имателот не доставил одговор до барателот, поради што К.Т. на 13.01.2014 година до Комисијата достави Жалба заведена под број 07-6.
Комисијата со допис бр.07-6 од 14.01.2014 година, ја препрати Жалбата до ЈНУ Институтот за национална историја и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Институтот за национална историја на барањето на Комисијата одговори со Допис бр. 03-37/3 од 20.01.2014 година –Одговор на Ваш допис број 07-6 од 14.01.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-6 на 20.01.2014 година .
Во наведениот допис Институтот се произнесува по неколку Барања по кои се поднесени Жалби до Комисијата, а за Жалбата заведена под број 07-6 од 13.01.2014 година наведува:
“На барање број 03-560/1 од 02.12.2013 година ЈНУ Институт за национална историја достави одговор и документи со допис број 0-560/2 од 17.12.2013 година, во кој допис во точката број 1 именуваната е известена дека целокупната документација од тендерот и стои на располагање за увид во сметководството на Институтот.“
 Во прилог ги  достави списите по предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека,  Институтот за национална историја, не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На барањето не одговорил во законски предвидената форма.
Во врска со наведеното, Комисијата на Институтот му укажува на следното.
Согласно член 16 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис). Во Барањето барателот навел кои документи бара да му се достават и на каков начин, односно ја барал документацијата во фотокопија а имателот наведува дека “…целосната документација од тендерот и стои на увид во сметководството на Институтот“.
Согласно член 8 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “службеното лице за посредување со информации контактира и ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барањата за информации, чувањето и давање на информации, а согласно член 17 точка 2 “службеното лице определено за посредување со информации е должно на барателот да му даде соодветна помош при дополнување на барањето.“
Во конкретниот случај, службеното лице што постапува по предметот, било должно на барателот да му овозможи увид во бараните информации со наведување на точно време кога може да се изврши увидот а по потреба да му достави и фотокопии, а не барателот да го препраќа во сметководство сам да врши увид.
Доколку се работи за информации од поголем обем, согласно член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата има право да побара од барателот за добиениот препис, фотокопија или електронски запис, надоместок во висината на материјалните трошоци согласно Одлуката на Владата на Република Македонија со која се утврдува надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации објавена во “Службен весник на РМ“ бр.136/2006 година“.
Доколку пак, имателот утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап, односно согласно член 6 став 1 точка од 1до 8  од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должен е  да донесе Решение за одбивање на пристапот до истата, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Комисијата му укажува на барателот  дека согласно член 21 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.“
Барателот нема право во барањето да наведува други рокови за доставување на информацијата освен роковите во погоре цитираниот член.
Барателот има право по истекот на наведениот рок, по одговор на имателот како и против решение и заклучок на имателот да поднесе жалба до Комисијата, согласно член 28 од наведениот Закон.
При повторното постапување по предметот Институтот  треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата и доколку не се работи за исклучок, на барателот да му ги достави бараните информации на начин и во форма наведени во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.Ќ. од Скопје, поднесена против Решението на НУ Филмски Фонд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана  на¬ 19 февруари 2014 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.Ќ. од Скопје, поднесена против Решението на НУ Филмски Фонд на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер:
„Копија од договорот или договорите склучени помеѓу продукцијата Триангл и Филмскиот Фонд во врска со филмот со работен наслов „До Балчак“ во режија на С.П., склучени по завршувањето на снимањето на филмот, односно по 27 Август 2012 година“  СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение бр.03-29/1 од 17.01.2014 година на НУ Филмски Фонд на Република Македонија, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-568 на 21.01.2014 година, изјавена од Ј.Ќ. од Скопје, поднесена против Решението на НУ Филмски Фонд на Република Македонија бр.03-29/1 од 17.01.2014 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ, оспореното Решение бр.03-29/1 од 17.01.2014 година на НУ Филмски Фонд на Република Македонија, го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Ј.Ќ. од Скопје на 18.12.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до НУ Филмски Фонд на Република Македонија, заведено во под бр.03-965/1 и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
 „Копија од договорот или договорите склучени помеѓу продукцијата Триангл и Филмскиот Фонд во врска со филмот со работен наслов “До Балчак„ во режија на С.П., склучени по завршувањето на снимањето на филмот, односно по 27 Август 2012 година“
НУ Филмски Фонд на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, до барателот доставил Одговор  по меил на 27.12.2013 година.
Незадоволен од наведениот Одговор, Ј.Ќ. од Скопје на 30.12.2013 поднесе Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.07-568.
Комисијата, со допис бр.07-568 од 09.01.2014 година, ја препрати Жалбата до НУ Филмски Фонд на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
НУ Филмски Фонд на Република Македонија на 21.01.2014 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-29/2 од 17.01.2014 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-568.
НУ Филмски Фонд на Република Македонија во прилог на Одговорот на Жалба го достави Решението за одбивање на пристап бр.03-29/1 од 17.01.2014 година. Во Решението е наведено дека „Бараната информација е од доверлив карактер, бидејќи договорот е правно обврзувачки акт, склучен помеѓу две или повеќе договорни страни и истите не можат да се дадат на увид на трето лице. Филмскиот фонд смета дека договорот е склучен помеѓу две или повеќе договорни страни поради што барателот нема правен легитимитет да изврши увид во истите бидјќи се од доверлив карактер иако не се класифицирани како такви. Од друга страна договорите кои барателот ги бара за да изврши увид врз истите, содржат лични податоци кои согласно член 6 став 1 точка 2 од ЗСПИЈК се информации поради кои имателот може да го одбие барањето за пристап до информација во согласност со закон.“
Ј.Ќ. од Скопје на 21.01.2014 година до Комисијата достави Жалба заведено под бр.07-568, против Решението на НУ Филмски Фонд на Република Македонија бр.03-29/1 од 17.01.2014 година.
Комисијата, со допис бр.07-568 од 24.01.2014 година, ја препрати Жалбата до НУ Филмски Фонд на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
НУ Филмски Фонд на Република Македонија на 10.02.2014 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-29/3 од 03.02.2014 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-568. НУ Филмски Фонд на Република Македонија  останува целосно во наводите на Решението и во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбите, оспореното Решение на НУ Филмски Фонд на Република Македонија и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Решението на НУ Филмски Фонд на Република Македонија 03-29/1 од 17.01.2014 година не е во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи имателот на информации при донесување на Решение за одбивање на пристапот на информации не го спроведел тестот на штетност, кој е задолжителна постапка, кога имателот на информации согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е должен да го спроведе пред одбивање на пристапот со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Во решението, имателот наведува „дека се работи за информација од доверлив карактер иако не се класифицирани како такви“, но според член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер исклучок се само класифицирани информации со одреден степен на класификација која имателот сам ја одредува. Поимот  „доверливо“ е степен на класификација и не може информацијата да биде доверлива, да не е класифицирана како таква. 
Доколку бараната информација е класифицирана информација со доверлив карактер, имателот на информацијата е должен да ја достави во фотокопија првата страна на информацијата која е класифицирана, со кое ќе се утврди класификацијата на информацијата и рокот на класифицијата.
Што се однесува до наводите на Решението на  Филмскиот Фонд на Република Македонија, дека Барањето содржи лични податоци согласно член 6 став 1 точка 2 од ЗСПИЈК, Комисијата му укажува на Филмскиот Фонд на Република Македонија дека, доколку бараната информација содржи лични податоци, имателот на информацијата на барателот треба да му овозможува делумен пристап до бараната информација, со бришање на личните податоци.
При повторното постапување по предметот, НУ Филмски Фонд на Република Македонија  треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, против Одговорот на Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, на седницата одржана на 19 февруари 2014 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, против Одговорот на Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, во делот од Барањето наведено под точка 8, 13 и 14 СЕ ОДБИВА како неоснована.
Во делот од Барањето под точка 6 СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација по пошта, во форма и начин наведени во Барањето:
„6. Да ни доставите листа на апликанти (установи односно институции) на кои им биле одобрени апликации со листа на апликации соодветно на институцијата“ најдоцна до 07.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
 
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-278 на 23.12.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку М.З., генерален секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, против Одговорот на  Министерството за образование и наука бр.15-1966/3 од 18.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и во делот од Барањето под точки 8, 13 и 14 ја ОДБИ како неоснована.
Во делот од Барањето под точка 6 СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 07.03.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.     
Транспаренси Интернешнл – Македонија, на 21.03.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација. 
1.    Која документација била побарана од Владата на Република Македонија односно од Министерството за образование и наука при аплицирањето по јавниот повик за изразување интерес за програмата на Владата на Република Македонија за опремување на лаборатории за државните универзитети и јавните научни установи, објавен во дневните весници „Вечер“ и “Lajm” на 30.12.2009 година?
2.    Дали и која документација била побарана дополнително?
3.    Колку апликации биле добиени од поканетите установи и институции?
4.    Колку апликации поднесени?
5.    Колку апликации биле прифатени, а колку одобрени?
6.    Да ни доставите листа на апликанти (установи односно институции) на кои им биле одобрени апликации со листа на апликации соодветно на институцијата.
7.    Колку општи и посебни услови требало да ги исполнуваат апликантите за да бидат одобрени односно прифатени апликациите?
8.    Колку тендери за набавка на опремата биле реализирани?
9.    Колку чини проектот вкупно во денари?
10.    Од кој буџетски линии на Буџетот на Република Македонија соодветно на секоја буџетска година се исплатени набавките?
11.    Колку набавки на опрема се реализирани во целост до 20.03.2013 година?
12.    Колку набавки на опрема се делумно реализирани до 20.03.2013 година?
13.    Да ни доставите листа на набавки (лаборатории и други) кои се поставени и во употреба согласно со прогрмата?
14.    Да ни доставите листа на локации (установи, институции и слично) каде опремата според тендерските набавки е во употреба согласно со програмата.“
Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање доставил Одговор бр.07-7747/2 од 22.04.2013 година. Во Одговорот е наведено дека „…За објавените информации во дневните весници „Вечер“ и „Lajm“ на 30.09.2009 година беше задолжен Секретаријатот за Европски прашања при Влада на Република Македонија, за сите дополнителни информации можете да се обратите во Секретаријатот“. Во прилог на Одговорот се наведени сите области за опремување на лаборатории.
Незадоволен од наведениот Одговор, Транспаренси Интернешнл – Македонија на 30.04.2013 година поднесе Жалба до Комисијата заведена во Комисијата под бр.07-278. 
Комисијата со допис бр.07-278 од 09.05.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.      
Министерството за образование и наука не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука не постапи во целост согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. До барателот не ги доставило информациите наведени во точки 2, 3, 6, 9, 10, 11 и 12 од Барањето.
Исто така, во однос на точка 1 од Барањето, Министерството не го препратило Барањето до вистинскиот имател согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако имателот на информации што го примил Барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, е должен да го препрати Барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“. Министерството за образование и наука е должен да го препрати Барањето од точка 1 од бараната информација до Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
По разгледување на Жалбата и сите списи во врска со предметот Комисијата на 16 октомври 2013 година донесе решение со кое жалбата во делот од Барањето наведено во точките 4, 5, 7, 8, 13 и 14 ја одби како основана, а во делот од Барањето по точките 2, 3, 6, 9, 10, 11 и 12 ја уважи и го задолжи Министерството да му ја достави бараната информација, а по однос на точка 1 ја уважи и го задолжи Минитерството да го препрати Барањето.
Министерството за образование и наука на 19.12.2013 година до Комисијата достави Одговор бр.15-1966/3 од 05.11.2013 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-278. Одговорот е насловен до Транспаренси Интернешнл – Македонија, во кој е наведено дека е постапено по Решението на Комисијата од страна на Миистерството. 
Во Жалбата барателот наведува дека информациите наведени во точките 6, 8, 13 и 14 не му се доставени.
Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку полномошникот М.З., генерален секретар на Здружението на 23.12.2013 година незадоволна од Одговорот на Министерството поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-278 од 24.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.      
Министерството за образование и наука на 14.01.2014 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.15-1966/4 од 31.12.2013 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-278. Во Одговорот е наведено дека „…неосновани се жалбените наводи дека од страна на имателот на информациите не е доставен одговор по точка 6 од барањето, од причина што видно од одоговорот на Министерството за образование и наука, бр.15-1966/3 од 05.11.2013 година, во точка 6 на страница 2, јасно е наведено дека „ во прилог Ви доставуваме табела со одобрени апликации“, што значи дека во конкретниот случај, од страна на имателот на информациите во целост е постапено по точката 6 од барањето“.
Службеното лице од Комисијата кој постапува по предметот, телефонски контактираше со службеното лице на Министерството за образование и наука во врска со делот од барањето по точка 6, за кое е побарано поштенска повратница како доказ дека одговорот е добиен од страна на Транспаренси Интеренешнл – Македонија, но Министерството не постапи по барањето на Комисијата.
Комисијата укажува дека за делот од Барањето по точките 8, 13 и 14, останува по Решението бр.07-291 од 16.10.2013 година, со кое по однос на овие точки Жалбата е одбиена.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена поради неспроведување на Решението на Комисијата од страна на Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана  на¬ 19 февруари 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена поради неспроведување на Решението на Комисијата од страна на Општина Студеничани, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер:
„1.Дали во Катастарот на шуми што Општината Кисела Вода ја водела согласно чл.90 од Законот за шумите (Сл.Весник на СРМ 20/74, 15/86, 51/80, 20/90) е евидентирана шума на КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 год?
2. Кој вид на шума била запишана во Катастарот на шумите за КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани-Скопје, место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 година и кој стопанисувал со неа?“    СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-291 на 28.01.2014 година, изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена поради неспроведување на Решението на Комисијата бр.07-291 од 13.12.2013 година, од страна на Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ЈА ОДБИ како неоснована.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.   
Како што се наведува во Жалбата, А.Т. на 28.02.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода, заведено во Општина Кисела Вода под бр.18-1596/1 и побарала да и достават по пошта фотокопија од следната информација:
 „1.Дали во Катастарот на шуми што Општината Кисела Вода ја водела согласно чл.90 од Законот за шумите (Сл.Весник на СРМ 20/74, 15/86, 51/80, 20/90) е евидентирана шума на КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 год?
2. Кој вид на шума била запишана во Катастарот на шумите за КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани-Скопје, место викано Трница во периодот од 1975 год. до 1991 година и кој стопанисувал со неа?“
Општина Кисела Вода, како што се наведува во Жалбата, до барателот доставила Известување бр.18-1596/2 од 21.03.2013 година. Во Известување е наведено дека Општина Кисела Вода не е имател на бараната информација и дека согласно чл.18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Барањето го препраќа до имателот на информацијата – Општина Студеничани.
Во прилог на Известувањето е доставено и Препраќањето на Барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.18-1596/1 од 28.02.2013 година до Општина Студеничани.
А.Т. од Скопје на 14.05.2013 година до Комисијата достави Жалба, заведена во Комисијата под бр. 07-291.
Општина Студеничани, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.07-291 од 27.05.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Студеничани и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Студеничани не одговори на дописот на Комисијата. 
А.Т. од Скопје до Комисијата достави Втора писмена Жалба заведена во Комисијата под бр. 07.291 на 24.06.2013 година.
Во наведената Жалба, А.Т. останува при наводите од Жалбата поднесена на 14.05.2013 година и наведува дека Општина Студеничани не и ја доставила бараната информација во законски предвидениот рок.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 22.08.2013 година донесе Решение со кое Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Општина Студеничани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Студеничани на барателот да му ја достави бараната информација.
Општина Студеничани во врска со ова барање, на 17.09.2013 година до Комисијата достави Заклучок бр.08-852/2 од 06.09.2013 година,  со кое постапката ја запира.
А.Т. од Скопје до Комисијата достави Жалба бр. 07-291 на 16.09.2013 година, против Заклучокот на Општина Студеничани бр.08-852/2 од 06.09.2013 година.
Комисијата, со допис бр.07-291 од 03.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Студеничани и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Студеничани на 25.10.2013 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр.08-983/2 од 09.10.2013 година, а во Комисијата заведена под бр. 07-291.
Во Произнесување по Жалба е наведено дека „..Општина Студеничани постапи во врска со Решението бр.07-291 донесено од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер со Заклучок за запирање на постапката со архивски број 08-852/2 од 06.09.2013 бидејќи Општина Студеничани не располага со такви информации. Бидејќи странката А.Т. од Скопје се жалела повторно, Општина Студеничани односно службеното и одговорното лице за давање на информации од јавен карактер повторно пристапи кон разгледување на архивата на Општина Студеничани и повторно констатира дека архивата на Општина Студеничани не располага со такви информации.“
 По разгледувањето на Жалбата, Заклучокот на Општина Студеничани и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Заклучокот на Општина Студеничани 08-852/2 од 06.09.2013 година не е во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на 13.12.2013 година донесе Решение со кое Жалбата ја уважи, Заклучокот на Општина Студеничани бр.08-852/2 од 06.09.2013 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, со укажување како да постапи по предметот.
Општина Студеничани на 09.01.2014 година до Комисијата достави Заклучок за прекинување на постапката бр.08-1292/2 од 30.12.2013 година. Во образложението на Заклучокот е наведено дека „..Општина Студеничани постапи по барањето на А.Т. и ве информираме дека за периодот кој што се бара информацијата Општина Студеничани воопшто не постоела и во нашата архива не постојат податоци за бараната информација односно кој вид на шума била запишана во катастарот на шумите за КП 554 пл.4 ск.3 КО Морани место викано Трница во периодот од 1975 г. до 1991 г. и кој стопанисувал со нив? Исто така ве повикуваме вас како Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации да дојдете на увид и заедно да ја прегледаме архивата со која располага Општината Студеничани“.
А.Т. од Скопје до Комисијата достави Жалба бр. 07-291 на 28.01.2014 година, поради неспроведување на Решението на Комисијата  бр.07-291 од 13.12.2013 година.
Комисијата, со допис бр.07-291 од 30.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Студеничани  и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот. 
Општина Студеничани на 07.02.2014 година достави до Комисијата допис бр.08-129/2 од 07.02.2014 година, а во Комисијата заведен под бр.07-291. Во дописот е наведено дека „Опшина Студеничани постапи во врска со доставената Жалба со бр.07-291 од 30.01.2014 г. Од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Општина Студеничани веќе има постапено во врска со овој предмет за информацијата за која се бара и има донесено заклучок за прекинување на постапката со образложение дека не располага со таква информација. Општина Студеничани односно службеното лице за посредување со информации од јавен карактер достави и повик до Комисијата … да дојдат и да извршат увид во архивата на Општина Студеничани“.
На 04.02.2014 година во Општина Студеничани, службеното лице што постапува по предметот заедно со член од Комисијата извршија увид во архивата во Општина Студеничани и утврдија дека Општината не располага со таква информација. По извршениот увид е направен записник.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, како и по извршениот увид во архивата на Општина Студеничани, Комисијата утврди дека Општина Студеничани правилно постапила по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донела Заклучок за прекинување на постапката, во чие образложение се наведени причините за прекинување.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 19 февруари 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Огласот за јавна набавка и склучениот договор со Операторот кој го доби тендерот за превоз на учениците од основните и средните училишта на територијата на Општина Гостивар“,  поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-14 на 24.01.2014 година, изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, на 16.12.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гостивар,  заведено во Советничката група под број 40/1-2013 и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„ Огласот за јавна набавка и склучениот договор со Операторот кој го доби тендерот за превоз на учениците од основните и средните училишта на територијата на Општина Гостивар“.
Општина Гостивар, како што се наведува во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-14 од 28.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар на 05.02.2014 година, по е-маил ја извести Комисијата дека доставила одговор до барателот на информацијата.  
Инфо центарот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар на 10.02.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека на 04.02.2014 година ја добил бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Гостивар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19 февруари 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Огласот за јавна набавка и склучените договори со операторите за снабдување со горива и огревно дрво за основните и средните училишта на територијата на Општина Гостивар“,  поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-15 на 24.01.2014 година, изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, на 16.12.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гостивар,  заведено во Советничката група под број 40/2-2013 и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„Огласот за јавна набавка и склучените договори со операторите за снабдување со горива и огревно дрво за основните и средните училишта на територијата на Општина Гостивар“.
Општина Гостивар, како што се наведува во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-15 од 27.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар, на 05.02.2014 година, по е-маил ја извести Комисијата дека доставила одговор до барателот на информацијата.  
Инфо центарот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар на 10.02.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека на 04.02.2014 година ја добил бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Гостивар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 19 февруари 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Бараме да ни се достави Огласот за јавна набавка и потпишаниот договор за јавна набавка, со економскиот оператор за снабдување со материјали за новогодишно украсување на градот“,  поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-19 на 03.02.2014 година, изјавена од В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар, поднесена против Општина Гостивар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, В.М., координатор на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар на 23.12.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Гостивар,  заведено во Советничката група под број 41-1/2013 и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„ Бараме да ни се достави Огласот за јавна набавка и потпишаниот договор за јавна набавка, со економскиот оператор за снабдување со материјали за новогодишно украсување на градот “.
Општина Гостивар, како што се наведува во Жалбата, не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-19 од 04.02.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Гостивар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Гостивар на 05.02.2014 година, по е-маил ја извести Комисијата дека доставила одговор до барателот на информацијата.  
Инфо центарот на Советничката група на НДП при Советот на Општина Гостивар на 10.02.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека на 04.02.2014 година ја добил бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Гостивар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 февруари 2014 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје поднесена против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ 1. Колку пари се потрошени за претплата на весници, списанија, и новински агенции?
   2. Колку пари се потрошени за рекламирање и огласување во медиуми во 2008, 2009, 2010, 2011, 2012 а колку се проектирани за 2013 година?
   3. Во кои медиуми се рекламирате/огласувате/претплатувате и користите други      услуги?“,  поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-558 на 04.12.2013 година, изјавена од М.Ј., поднесена против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното. 
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј.  на 11.11.2013 година, поднелa Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар,  заведено во Општина Центар под број 10-7988/4 и побаралaда и ја достават следната информација:
„  1. Колку пари се потрошени за претплата на весници, списанија, и новински агенции?
   2. Колку пари се потрошени за рекламирање и огласување во медиуми во 2008, 2009, 2010, 2011, 2012 а колку се проектирани за 2013 година?
             3. Во кои медиуми се рекламирате/огласувате/претплатувате и користите други услуги ? “
Општина Центар, како што се наведува во Жалбата, на ова барање на 21.11.2013 година како Одговор и доставило само листа на трошоци за претплати и огласувања, но не и листа на медиуми каде што Општината е претплатена и каде што се огласува.
Незадоволна од Одговорот на Општина Центар М.Ј. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-558 од 12.12.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Центар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Центар, на 12.12.2013 достави Одговор на Жалба бр.10-8856/3 од 17.12.2013 година.
М.Ј. на 10.02.2014 година достави е-маил до Комисијата во кој наведува дека на 17.12.2013 година ја добила бараната информација и дека е задоволна од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Центар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.