ДОНЕСЕНИ 9 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 71–та седница одржана на 29 јануари 2014 година, донесе 9 решенија.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на  29 јануари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,СЕ ОДБИВА.
Решението бр. бр.50-2034/37 од 31.10.2013 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-298 на 30.12.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. бр.50-2034/37 од 31.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје на 06.03.2013 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3.5-02/15/7 до Министерството за финансии заведена во Министерството на 6.03.2013 година со кое побарало да му ја достават следната информација:
“Доставете ни фотокопиии од примероци од медиа планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот-“Избери живот-имаш право на избор“ во 2010 година, во кои ќе биде наведено во кои електронски и печатени медиуми биле емитувани спотовите и принт огласите од кампањата.“
Постапувајќи по Барањето, Министерството за финансии со Известување  бр.03-11573/3  од 11.03.2013 година го известило Здружението ЕСЕ дека го препратило Барањето до Генералниот секретаријата на Владата на Република Македонија, согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
 Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по препратеното Барање не одговорил во законски предвидениот рок, поради што барателот на 15.05.2013 година поднесе Жалба заведена во Комисијата под бр.07-298.
Комисијата со допис бр.07-298 од 21.05.2013 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 50-2034/25 од 06.09.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-298 на 06.09.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека му е одговорено на барателот со допис бр.50-2034/24 од 06.09.2013 година дека „…известувањата за склучените договори за јавни набавки…се доставени до Бирото за јавни набавки…во однос на емитувањата и медиа плановите ве известуваме дека соодветно избраните економски оператори ги следат емитувањата вршени на националните и локални тв медиуми, како и објавите во печатени медиуми“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, односно доставила одговор со задоцнување. Одговорот, исто така, не е во согласност со одредбите од наведениот Закон, бидејќи Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, иако е создавач на дел од бараната информација, не му одговорила на барателот на начин и во форма наведени во Барањето, туку неосновано го упатила истата да ја бара во Бирото за јавни набавки.
Поради наведеното, Комисијата на 06.09.2013 година донесе Решение со кое Жалбата ја уважи и го задолжи имателот-Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 24.09.2013 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-298 поради неовозможување пристап до бараната информација од јавен карактер.
Комисијата со допис бр.07-298 од 27.09.2013 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на 18.12.2013 година до Комисијата достави Известување заведено под бр.50-2034/43 од 13.12.2013 година а во Комисијата под бр.07-298.
Во Известувањето е наведено“:…Во врска со вашите Решенија бр.07-298. 07-299 и 07-300 од 16.09.2013 година и барањата од 27.09.2013 година, ве известуваме дека Генералниот секретаријат постапи по истите и одговорите ви ги доставуваме во прилог на овој допис.
Во прилог на дописот доставени се решенија за одбивање на пристапот  заведени под горе наведените броеви.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 30.12.2013 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-298, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр.50-2034/37 од 31.10.2013 година.
Комисијата со допис бр.07-298 од 09.01 2014 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријата на Владата на Република Македонија не се произнесе по дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија  постапил согласно Законот за слободен приостап до информации од јавен карактер и донел Решение со кое Барањето за пристап до информации  го одбил.  
Во образложението на Решението е наведено;..Постапувајќи по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Генералниот секретаријат постапи согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој  имателите на информации може да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на комерцијални и други интереси, чие давање би имало штетни последици во остварувањето на функцијата.
Имено, предметната понуда а со тоа и медиа планот како дел од понудата, беше означен како деловна тајна од страна на операторот.“
Во образложението имателот се повикува и на член 25 од Законот за јавни набавки според кој “договорниот орган (генералниот секретаријат) е должен да обезбеди заштита на информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи“.
Исто така е наведено и “по задолжително спроведениот тест на штетност во согласност со член 3 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер беше утврдено дека со објавување на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Генералниот секретаријат оцени дека, постапувајќи спротивно на погорецитираниот член 25 од Законот за јавни набавки, би настанале штетни последици за самата институција.“
Врз основа на списите на предметот и наводите во Решението, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат-Владата на Република Македонија постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донел Решение за одбивање на Барањето во кое се повикал на исклучоците наведени во погоре цитираниот закон, го спровел тестот  на штетност со кој утврдил дека интересот кој се штити е поголем од јавниот интерес, основано се повикал на Законот за јавни набавки и донел правилно и врз закон засновано Решение.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на  29 јануари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,СЕ ОДБИВА.
Решението бр. бр.50-2034/36 од 31.10.2013 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-299 на 30.12.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. бр.50-2034/36 од 31.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 06.03.2013 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3.5-02/15/8 до Министерството за финансии заведена во Министерството на 06.03.2013 година со кое побарало да му ја достават следната информација:
“Доставете ни фотокопиии од примероци од медиа планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот-“Избери живот-имаш право на избор“ во 2011 година, во кои ќе биде наведено во кои електронски и печатени медиуми биле емитувани спотовите и принт огласите од кампањата.“
Постапувајќи по Барањето, Министерството за финансии со Известување  бр.03-11573/3  од 11.03.2013 година го известило Здружението ЕСЕ дека го препратило Барањето до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
 Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по препратеното Барање не одговорил во законски предвидениот рок, поради што барателот на 15.05.2013 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-299.
Комисијата со допис бр.07-299 од 21.05.2013 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 50-2034/25 од 06.09.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-299 на 06.09.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека му е одговорено на барателот со допис бр.50-2034/24 од 06.09.2013 година дека „…известувањата за склучените договори за јавни набавки…се доставени до Бирото за јавни набавки…во однос на емитувањата и медиа плановите ве известуваме дека соодветно избраните економски оператори ги следат емитувањата вршени на националните и локални тв медиуми, како и објавите во печатени медиуми“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, односно доставила одговор со задоцнување. Одговорот, исто така, не е во согласност со одредбите од наведениот Закон, бидејќи Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, иако е создавач на дел од бараната информација, не му одговорила на барателот на начин и во форма наведени во Барањето, туку неосновано го упатила истата да ја бара во Бирото за јавни набавки.
Поради наведеното, Комисијата на 06.09.2013 година донесе Решение со кое Жалбата ја уважи и го задолжи имателот-Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 24.09.2013 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-299 поради неовозможување пристап до бараната информација од јавен карактер.
Комисијата со допис бр.07-299 од 27.09.2013 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на 18.12.2013 година до Комисијата достави Известување заведено под бр.50-2034/43 од 13.12.2013 година а во Комисијата под бр.07-299.
Во Известувањето е наведено“:…Во врска со вашите Решенија бр.07-298. 07-299 и 07-300 од 16.09.2013 година и барањата од 27.09.2013 година, ве известуваме дека Генералниот секретаријат постапи по истите и одговорите ви ги доставуваме во прилог на овој допис.“
Во прилог на дописот доставени се решенија за одбивање на пристапот  заведени под горе наведените броеви.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 30.12.2013 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-299, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр.50-2034/36 од 31.10.2013 година.
Комисијата со допис бр.07-299 од 09.01 2014 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија не се произнесе по дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија  постапил согласно Законот за слободен приостап до информации од јавен карактер и донел Решение со кое Барањето за пристап до информации  го одбил.  
Во образложението на Решението е наведено;..Постапувајќи по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Генералниот секретаријат постапи согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој  имателите на информации може да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на комерцијални и други интереси, чие давање би имало штетни последици во остварувањето на функцијата.
Имено, предметната понуда а со тоа и медиа планот како дел од понудата, беше означен како деловна тајна од страна на операторот.“
Во образложението имателот се повикува и на член 25 од Законот за јавни набавки според кој “договорниот орган (генералниот секретаријат) е должен да обезбеди заштита на информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи“.
Исто така е наведено и “по задолжително спроведениот тест на штетност во согласност со член 3 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер беше утврдено дека со објавување на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Генералниот секретаријат оцени дека, постапувајќи спротивно на погорецитираниот член 25 од Законот за јавни набавки, би настанале штетни последици за самата институција.“
Врз основа на списите на предметот и наводите во Решението, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат-Владата на Република Македонија постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донел Решение за одбивање на Барањето во кое се повикал на исклучоците наведени во погоре цитираниот закон, го спровел тестот  на штетност со кој утврдил дека интересот кој се штити е поголем од јавниот интерес, основано се повикал на Законот за јавни набавки и донел правилно и врз закон засновано Решение.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

***********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на  29 јануари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,СЕ ОДБИВА.
Решението бр. бр.50-2034/35 од 31.10.2013 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-300 на 30.12.2013 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот А.М., практикант на Програмата “Човекови права во здравствена заштита“, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. бр.50-2034/35 од 31.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 06.03.2013 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.35-02/15/9 до Министерството за финансии заведена во Министерството на 06.03.2013 година со кое побарало да му ја достават следната информација:
“Доставете ни фотокопиии од примероци од медиа планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот-“Избери живот-имаш право на избор“ во 2012 година, во кои ќе биде наведено во кои електронски и печатени медиуми биле емитувани спотовите и принт огласите од кампањата.“
Постапувајќи по Барањето, Министерството за финансии со Известување  бр.03-11573/3  од 11.03.2013 година го известило Здружението ЕСЕ дека го препратило Барањето до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
 Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по препратеното Барање не одговорил во законски предвидениот рок, поради што барателот на 15.05.2013 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-300.
Комисијата со допис бр.07-300 од 21.05.2013 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 50-2034/25 од 06.09.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-300 на 06.09.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека му е одговорено на барателот со допис бр.50-2034/24 од 06.09.2013 година дека „…известувањата за склучените договори за јавни набавки…се доставени до Бирото за јавни набавки…во однос на емитувањата и медиа плановите ве известуваме дека соодветно избраните економски оператори ги следат емитувањата вршени на националните и локални тв медиуми, како и објавите во печатени медиуми“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, односно доставила одговор со задоцнување. Одговорот, исто така, не е во согласност со одредбите од наведениот Закон, бидејќи Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, иако е создавач на дел од бараната информација, не му одговорила на барателот на начин и во форма наведени во Барањето, туку неосновано го упатила истата да ја бара во Бирото за јавни набавки.
Поради наведеното, Комисијата на 06.09.2013 година донесе Решение со кое Жалбата ја уважи и го задолжи имателот-Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 24.09.2013 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-300 поради неовозможување пристап до бараната информација од јавен карактер.
Комисијата со допис бр.07-300 од 27.09.2013 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија на 18.12.2013 година до Комисијата достави Известување заведено под бр.50-2034/43 од 13.12.2013 година а во Комисијата под бр.07-300.
Во Известувањето е наведено“:…Во врска со вашите Решенија бр.07-298. 07-299 и 07-300 од 16.09.2013 година и барањата од 27.09.2013 година, ве известуваме дека Генералниот секретаријат постапи по истите и одговорите ви ги доставуваме во прилог на овој допис“.
Во прилог на дописот доставени се решенија за одбивање на пристапот  заведени под горе наведените броеви.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ-Скопје, на 30.12.2013 година, поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-300, против Решението на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр.50-2034/35 од 31.10.2013 година.
Комисијата со допис бр.07-300 од 09.01 2014 година ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија не се произнесе по дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија  постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел Решение со кое Барањето за пристап до информации  го одбил.  
Во образложението на Решението е наведено:“..Постапувајќи по Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Генералниот секретаријат постапи согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој  имателите на информации може да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на комерцијални и други интереси, чие давање би имало штетни последици во остварувањето на функцијата.
Имено, предметната понуда а со тоа и медиа планот како дел од понудата, беше означен како деловна тајна од страна на операторот.“
Во образложението имателот се повикува и на член 25 од Законот за јавни набавки според кој “договорниот орган (генералниот секретаријат) е должен да обезбеди заштита на информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи“.
Исто така е наведено и “по задолжително спроведениот тест на штетност во согласност со член 3 став 1 алинеја 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер беше утврдено дека со објавување на предметната информација, последиците врз интересот што се заштитува ќе бидат поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Генералниот секретаријат оцени дека, постапувајќи спротивно на погорецитираниот член 25 од Законот за јавни набавки, би настанале штетни последици за самата институција.“
Врз основа на списите на предметот и наводите во Решението, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат-Владата на Република Македонија постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донел Решение за одбивање на Барањето во кое се повикал на исклучоците наведени во погоре цитираниот закон, го спровел тестот  на штетност со кој утврдил дека интересот кој се штити е поголем од јавниот интерес, основано се повикал на Законот за јавни набавки и донел правилно и врз закон засновано Решение.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје поднесена против Решението на Управниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 29 јануари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решението на Управниот суд на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението бр.03-10/7 од 26.11.2013година на Управниот суд на Република Македонија, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-566 на 23.12.2013 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решението на Управниот суд на Република Македонија бр.03-10/7 од 26.11.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган бр.03-10/7 од 26.11.2013година е правилно и врз закон засновано.
Комисијата утврди дека Жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.У. од Скопје, на 27.09.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управниот суд на Република Македонија, заведено во Управниот суд под бр. 03-10/1 и побарал пристап до следната информација.
“Да ми се достават копии од доказите и списите во смисол мои доставени поднесоци (тужби, жалби и слично) и Ваши одлуки по истите од следните предмети по хронологија:
1.    У.бр.1364/2004 г.; У.бр.2392/2006 г.; У.бр.1265/2007 г; на Врховниот суд на Р. М.; У.бр. 3454/2007 г; У-4.бр.974/2010 г, на Управниот суд на Р.М.?“
2.    У.бр. 1822/2006 г. пред Врховниот суд на Р.М.; У.бр. 1580/2008 г.; УИ.бр.40/2009 г.; на Управниот суд на Р.М.
3.    3. У.бр.2921/2006 г.; на Врховниот суд на Р.М. У.бр.2205/2007 г. и УИ.бр.48/2010 г.
Во врска со ова Барање, Управниот суд на Република Македонија со допис бр. 03-10/3 од 24.10.2013 година, до барателот доставил Известување за потреба од дополнување на Барањето. Во Известувањето навел дека „…Разгледувајќи ја содржината на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, констатирано е дека истото содржи недостатоци кои го оневозможуваат постапувањето на Имателот по истото. Имено со оглед  да барате ослободување од плаќање на надомест за добиените информации, а како во конкретниот случај се работи за информации од поголем обем, потребно е да доставите уверение за имотната состојба издадена од надлежен орган. Согласно член 29 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер….барателот на информацијата за добиениот препис, фотокопија или електронски запис на информацијата плаќа надомест во висина на материјалните трошоци, а според став 5 од истиот член, ако барањето се однесува на информација од поголем обем, имателот на информацијата може да бара барателот да го даде однапред надоместокот за покривање на трошоците за добивање информација.
Со оглед да во Законот за слободен пристап доинформации од јавен карактер не е уредено прашањето за ослободување од плаќање на трошоци, за прашањата што не се уредени со овој Закон, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка ….
Во оваа смисла должни сте во рок од 3 дена од приемот на ова известување да извршите дополнување на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, а воедно Ви укажуваме да доколку во оставениот рок не постапите по ова известување, Судот во својство на Имател на информацијата, согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ќе смета дека Барањето сте го повлекле “.
Во врска со наведеното Известување, В.У. од Скопје на 31.10.2013 година до Управниот суд на Република Македонијс, доставил допис -Дополнување на барање, заведен под бр.03-10/4 со Изјава дека не поседува друг движен и недвижен имот освен станот во кој живее.  Во прилог доставил Потврда од МВР-Одделение за управни работи бр.10.1.4.3/7-2-290 од 06.06.2913 година како доказ дека не  е евидентиран како сопственик на моторно возило.
Управниот суд на Република Македонија на 04.11.2013 година до В.У. доставил  допис-Известување за појаснување на барање за дополнување  на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, заведено  под бр.03-10/5 во кој наведува “Во врска со вашиот допис од 31.10.2013 година, со кој барате појаснување на известувањето на Судот за дополнување Вашето барање за слободен пристап бр.03-10/1, Ве известуваме дека кон барањето е потребно да доставите уверение од надлежен орган-Управата за јавни приходи за Вашата имотна состојба, како и имотната состојба на членовите на семејството…Имајќи го предвид Вашето барање за ослободување од плаќање надомест за бараната информација, а како Судот во својство на имател би можел по истото да одлучи, должни сте во рок од 3 дена од приемот на ова известување да извршите дополнување на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, а воедно Ви укажуваме да доколку во оставениот рок не постапите по ова известување, Судот во својство на Имател  на информацијата, согласно член 17 од Законот зџа слободенн пристап до информации од јавен карактер, ќе смета дека Барањето сте го повлекле.“
В.У. од Скопје на 15.11.2013 година до Управниот суд доставил Допис-Дополнување на барање, заведено под бр.03-10/6 во прилог на кое доставил Потврда за обврските од имотот на даночниот обврзник В.У., издадена од Град Скопје-Сектор за финансиски прашања.
Управниот суд на Република Македонија постапувајќи по барањето и  дополнувањата од 31.10.2013 година и 15.11.2013 година, донел Решение за отфрлање на Барањето, согласно член 17 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Образложението на Решението е наведено “..Имателот на информацијата постапувајќи по барањето утврди дека истото содржи недостатоци кои го оневозможуваат постапувањето по барањето, поради што со писмо од 24.10.2013 година и  04.11.2013 година, го задолжи барателот да го дополни барањето на начин што ќе достави доказ за неговата имотна состојба и состојбата за членовите за неговото семејство, со назначување на износот на данокот што го плаќа домаќинството и одделни членови на домаќинството како и други извори на нивни приходи и воопшто имотната состојаба на странката на која и се издава уверението….. Со оглед дека барателот не постапи во целост по задолжението на Судот, за да истиот може како имател може да одлучи за барањето за ослободување од трошоци за бараните информации, а имајќи ја во вид обемноста на информацијата, се одлучи барањето да се отфрли.“
Незадоволен од наведеното Решение, В.У. од Скопје на 23.12.2013 година достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-566 од 02.01.2013 година, ја препрати Жалбата до Управниот суд на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управниот суд на Република Македонија во врска со ова барање достави Допис-Одговор на жалба и списи, број 03-10/10 од 17.01.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-566 на 21.01.2014 година.
Во Одговорот на Жалбата, Управниот суд на Република Македонија останува на наводите од  Решение бр. 07-10/7 од 26.11.2013 година. Во прилог ги достави списите на предметот.
 Во Одговорот покрај другото наведува и: “Исто така, од доставницата за прием на обжаленото решение се гледа дека барателот истото го примил на ден 05.12.2013 година, а Жалбата до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена на 23.12.2013 година, односно по истекот на законски предвидениот рок. Од овие причини предлагаме жалбата на барателот да биде отфрлена како ненавремена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Неосновани се наводите на Управниот суд на Република Македонија во врска со ненавременоста на Жалбата, затоа што барателот Решението го примил на 05.12.2013 година, а Жалбата во Пошта ја предал на 20.12.2013 година, што е видно од поштенскиот жиг на писмото предадено во пошта, што е во согласност со Законот за општата управна постапка.
Управниот суд на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од В.У. од Скопје постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапувајќи по барањето констатирал дека за да биде барателот ослободен од плаќање надомест за дадените информации предвиден во член 29 став 2 од Законот за слободен пристап до информации, потребно е барањето да го дополни и да приложи документи за неговата имотно правно состојба. Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер предвидува колку барателот треба да плати за материјалните трошоци за добиената информација, но не предвидува дека барателот може да биде ослободен од оваа обврска доколку имателот смета дека за информации од поголем обем треба да му наплати на барателот. Поради тоа, имателот побарал, согласно член 123 од Законот за општата управна постапка да достави доказ за имотната состојба, имајќи ја во вид обемноста на бараната информација. Имателот побарал од барателот да го дополни Барањето во рок од три дена. Барателот доставил до имателот Дополнување на барање и тоа на 31.10.2013  и 15.11.2013 година, но со оглед на тоа дека и по двете дополнувања имателот не можел да постапи, со Решение бр.03-10/7 од 26.11.2013 година го отфрлил  Барањето за пристап до информации од јавен карактер согласно член 17 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Управниот суд на Република Македонија постапил по Барањето согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а по она што не е регулирано во наведениот закон, постапил по Закнот за општата управна постапка и донел правилно и врз закон засновано Решение.
Врз основа на горенаведеното Комисијата утврди дека Решението на Управниот суд на Република Македонија е правилно и врз закон засновано, а Жалбата неоснована.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, новинар во „Дневник“, поднесена против Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 29 јануари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, новинар во „Дневник“, поднесена против Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,СЕ ОДБИВА.
Решението бр.0302-1284/2 од 27.12.2013 година на Агенцијата за супервизија на осигурување, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-8 на 13.01.2014 година, изјавена од А.М. од Скопје, новинар во „Дневник“, поднесена против Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување бр. бр. 0302-1284/2 од 27.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.М. од Скопје на 27.11.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за супервизија на осигурување и побарал преку е-маил да му ја достават следната информација:
„Што има АСО преземено по потпишување на договорот за осигурување на имотот на „Македонска пошта“ со „Кроација осигурување“ по пожарот во 2013 година?“.
Агенцијата за супервизија на осигурување, како што се наведува во Жалбата, пристапот до бараната информација го одбила со Решение бр.0302-1284/2 од 27.12.2013 година. Во Решението е наведено дека Барањето од А.М. од Скопје е одбиено согласно исклучокот од слободниот пристап до информации наведен во член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дека станува збор за информација стекната или составена за истрага „…за околностите под кои настанал пожарот во главната зграда на АД за поштенски сообраќај Македонска пошта Скопје…“ и дека при донесување на Решението е спроведен задолжителниот тест на штетност, при што е утврдено дека „…давањето на информации поврзани со реализацијата на оштетното побарување можат да имаат штетни последици за текот на постапката“.
Комисијата со допис бр.07-8 од 15.01.2014 година ја препрати Жалбата до Агенцијата за супервизија на осигурување и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за супервизија на осигурување до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 0304-96/3 од 21.01.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-8 на 24.01.2014 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…АСО целосно останува на наводите од донесеното Решение…Имајќи предвид дека Јавното обвинителство на Р. Македонија има покренато кривична постапка за одговорно лице од АД за поштенски сообраќај Македонска пошта Скопје за околностите под кои настанал пожарот во главната зграда на АД за Поштенски сообраќај Македонска пошта Скопје на 15.01.2013 г., давањето на информации поврзани со реализацијата на оштетното побарување можат да имаат штетни последици за текот на постапката. При донесување на Решението, Агенцијата за супервизија на осигурување  спроведе тест на штетност при што утврди дека обелоденувањето на информацијата ќе предизвика штета за текот на постапката, како и можни негативни импликации на сите инволвирани страни“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за супервизија на осигурување постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, донесувајќи Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Врз основа на списите на предметот и наводите во оспореното Решение, Комисијата утврди дека Агенцијата за супервизија на осигурување постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донела Решение за одбивање на Барањето во кое се повикала на исклучоците наведени во погоре цитираниот Закон, го спровела тестот  на штетност со кој утврдила дека интересот кој се штити е поголем од јавниот интерес, односно основано се повикала на исклучоците од член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилно и врз закон засновано Решение.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, новинар во „Дневник“, поднесена против Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 29 јануари  2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, новинар во „Дневник“, поднесена против Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,СЕ ОДБИВА.
Решението бр.0302-1284/6 од 27.12.2013 година на Агенцијата за супервизија на осигурување, СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-7 на 13.01.2014 година, изјавена од А.М. од Скопје, новинар во „Дневник“, поднесена против Решението на Агенцијата за супервизија на осигурување бр. бр. 0302-1284/6 од 27.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.М. од Скопје на 27.11.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за супервизија на осигурување и побарал преку е-маил да му ја достават следната информација:
„Дали и кога „Кроација осигурување“ го има исплатено осигурувањето за „Македонска пошта„ во врска со пожарот во јануари 2013 година?“.
Агенцијата за супервизија на осигурување, како што се наведува во Жалбата, пристапот до бараната информација го одбила со Решение бр.0302-1284/6 од 27.12.2013 година. Во Решението е наведено дека Барањето од А.М. од Скопје е одбиено согласно исклучокот од слободниот пристап до информации наведен во член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дека станува збор за информација стекната или составена за истрага „…за околностите под кои настанал пожарот во главната зграда на АД за поштенски сообраќај Македонска пошта Скопје…“ и дека при донесување на Решението е спроведен задолжителниот тест на штетност, при што е утврдено дека „…давањето на информации поврзани со реализацијата на оштетното побарување можат да имаат штетни последици за текот на постапката“.
Комисијата со допис бр.07-7 од 15.01.2014 година ја препрати Жалбата до Агенцијата за супервизија на осигурување и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за супервизија на осигурување до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 0304-96/4 од 21.01.2014 година, заведен во Комисијата под бр. 07-7 на 24.01.2014 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…АСО целосно останува на наводите од донесеното Решение…Имајќи предвид дека Јавното обвинителство на Р. Македонија има покренато кривична постапка за одговорно лице од АД за поштенски сообраќај Македонска пошта Скопје за околностите под кои настанал пожарот во главната зграда на АД за Поштенски сообраќај Македонска пошта Скопје на 15.01.2013 г., давањето на информации поврзани со реализацијата на оштетното побарување можат да имаат штетни последици за текот на постапката. При донесување на Решението, Агенцијата за супервизија на осигурување  спроведе тест на штетност при што утврди дека обелоденувањето на информацијата ќе предизвика штета за текот на постапката, како и можни негативни импликации на сите инволвирани страни“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за супервизија на осигурување постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, донесувајќи Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Врз основа на списите на предметот и наводите во оспореното Решение, Комисијата утврди дека Агенцијата за супервизија на осигурување постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донела Решение за одбивање на Барањето во кое се повикала на исклучоците наведени во погоре цитираниот Закон, го спровела тестот  на штетност со кој утврдила дека интересот кој се штити е поголем од јавниот интерес, односно основано се повикала на исклучоците од член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилно и врз закон засновано Решение.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.С. од Пехчево, поднесена против Решението на Општина Пехчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  29 јануари 2014 година, го донесе следното
                    
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ј.С. од Пехчево, поднесена против Решението на Општина Пехчево бр. 03-1906/3 од 20.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Колку средства ви има уплатено на с-ка на Општината лицето П.Ј. (Фагус-Пехчево и по кој основ)“,СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение на Општина Пехчево бр. 03-1906/3 од 20.12.2013 година се поништува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-5 од 09.01.2014 година, изјавена од Ј.С. од Пехчево, поднесена против Решението на Општина Пехчево бр. 03-1906/3 од 20.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, оспореното Решение на Општина Пехчево бр. 03-1906/3 од 20.12.2013 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Ј.С. од Пехчево, на 22.11.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-1906/1 до Општината Пехчево и побарал да му ја достават следната информација:
„Колку средства ви има уплатено на с-ка на општината лицето П.Ј. (Фагус-Пехчево и по кој основ)“.
Општина Пехчево, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање донела Решение за одбивање на пристапот бр. 03-1906/3 од 20.12.2013 година.
Незадоволен од Решението на Општина Пехчево, Ј.С. од Пехчево поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-5 од 13.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Пехчево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Општина Пехчево достави Одговор бр.03-79/2 од 16.01.2014 година, а во Комисијата заведен под број 07-5 на 21.01.2014 година. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот, Општина Пехчево наведува дека „…Општина Пехчево смета дека по Барањето за слободен пристап со бр.03-1906/1 од 22.11.2013 година од страна на лицето Ј.С. е постапено согласно на закон односно е во согласност со Исклучоците од слободниот пристап до информации, член 6 став 1 алинеја 2 и 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер… Општина Пехчево има потпишано Договор за аванс за уредување на градежно земјиште со правното лице ДИК ФАГУС дооел Пехчево заведен кај Нотар чиј предмет на договор претставува уредување на неуредено градижно земјиште кое е предвидено за уредување со Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Пехчево и кој договор всушност беше предметот врз кој беше спроведен Тестот на штетност и за што Општина Пехчево смета дека е во рамките на Исклучоците од слободниот пристап до информации бидејќи станува збор за документ со лични податоци но и документ кој содржи информации чие давање би значело повреда на доверливоста на даночаната постапка кон правен субјект – инвеститор“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Пехчево не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и неосновано се повикала на член 6 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата му укажува на имателот на информацијата дека во конкретниот случај бараната информација не може да биде исклучок согласно член 6 став 1 алинеја 2 и 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи не станува збор за даночна постапка, туку за тоа колку средства од лицето има уплатено на жиросметката на Општината.
Што се однесува до исклучоците од член 6 став 2 – личните податоци, имателот можел да ги прикрие личните податоци и да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Комисијата и укажува на Општината Пехчево дека при донесување на Решение за одбивање на пристапот имателот е должен да го спроведе задолжително тестот на штетност согласно член 2 алинеја 4 од  Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој претставува задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата пред да го одбие пристапот согласно член 6 од овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Во оспореното Решение имателот наведува дека го спровел тестот на штетност и дека одговорот на погоре наведеното Барање може да предизвика штетни последици по изготвувачот на информацијата односно по физичкото и правното лице наведени и во Барањето, но не наведува какви и колкави последици ќе настанат и не утврдила дали е поголем интересот за граѓаните да ја знаат бараната информација или тоа е потребно да се заштитува. Општината треба да има предвид дека Буџетот на општините се полни од донациите на граѓаните и тие имаат право да знаат како и зошто се трошат нивните пари и дали Општината постапува согласно надлежностите утврдени со Закон.
При повторното постапување по предметот Општина Пехчево треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение  е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.      

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Решението на Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 29 јануари 2014 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
   
Жалбата изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Решението на Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението бр. 25-4968/9 од 12.12.2013 година СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Велес на барателот да му ја достави бараната информација:
“Барам да ми се дозволи увид во целокупната документација по предмет бр.13-3152/9 од 27.06.2013 година. Одобрение за градење кое е издадено од Одделението за урбанизам и заштита на животната средина од Општина Велес, за изградба на ПОТКРОВЈЕ над станбена зграда на ул. „11 Октомври“ бр.9 Велес на Г.А. со адреса на ул. „11 Октомври“ бр.9/3-19 Велес. Барам по извршениот увид да ми се издадат преписи, фотокопии со сите списи во врска со предметот бр.13-3152/9 и друго“, најдоцна до 14.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-508 на 26.12.2013 година, изјавена од Љ.Р. од Велес, поднесена против Решението на Општина Велес бр.25-4968/9 од 12.12.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ, Решението бр. 25-4968/9 од 12.12.2013 година го ПОНИШТИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Велес на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 14.02.2014 година, на начин и во форма наведени во Барањето.      
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.     
Како што се наведува во Жалбата, Љ.Р. од Велес, на 13.07.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес,  заведено во Општината под број 25-4968/1 на 19.07.2013 година и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„Барам да ми се дозволи увид во целокупната документација по предмет бр.13-3152/9 од 27.06.2013 година. Одобрение за градење кое е издадено од Одделението за урбанизам и заштита на животната средина од Општина Велес, за изградба на ПОТКРОВЈЕ над станбена зграда на ул. „11 Октомври“ бр.9 Велес на Г.А. со адреса на ул. „11 Октомври“ бр.9/3-19 Велес. Барам по извршениот увид да ми се издадат преписи, фотокопии со сите списи во врска со предметот бр.13-3152/9 и друго“.
Општина Велес, како што се наведува во Жалбата, доставила Одговор на Барање бр.25-4968/2 на 29.07.2013 година. Во Одговорот освен другото е наведено дека „Општина Велес може да Ви обезбеди пристап до документација во форма на увид во документацијата во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина. Увидот можете да го закажете со раководителот на одделението З.М. на следните контакти: телефон канцеларија…“
Незадоводел од наведениот Одговор, Љ.Р. од Велес на 05.09.2013 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-508 од 16.09.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.    
Општина Велес на 27.09.2013 до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 25-4968/5 од 24.09.2013 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-508. Во Одговорот на жалба, е наведено дека „ ….Општина Велес го извести Барателот дека неговото барање се однесува на документација во постапка на подготвување и дека за расположивата документација во врска со предметот од интерес, може да направи увид во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина. На барателот му се доставени контакти од раководителот на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина со цел да се да се олесни организацијата на увидот во координација со службеното лице за посредување со информации. Постапката за одговор на горенаведеното барање од барателот Љ.Р., во Општина Велес е спроведена согласно процедурите за управување со документи базирани на меѓународниот стандард ISO 9001:2008 и електронскиот систем за управување со документот кои налагаат строга контрола над изготвените акти кои ги потпишуваат раководителите на одделенија и сектори“.
Комисијата укажува дека Општина Велес не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како лекс специалис, туку се повикува на меѓународни стандарди ISO 9001:2008. Исто така службеното лице за посредување со информации од јавен карактер е должно да му овозможи увид на барателот, а не да го упатува барателот да закаже увид, во конктретниот случај во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина.
Општина Велес на 16.12.2013 година до Комисијата достави допис Доставување на документација бр.25-4968/11 од 12.12.2013 година. Во прилог на дописот ги достави сите списи во врска со предметот, и тоа: Одговор на Барање бр.25-4968/6 од 29.11.2013 година насловен до Љ.Р., Записник за извршување увид во документација согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.25-4968/7 од 04.12.2013 година, Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 25-4968/8 од 11.12.2013 година, Тест на штетност бр. 25-4968/10 од 12.12.2013 година, Решение за одбивање на пристап до информации од јавен карактер бр. 25-4968/9 од 12.12.2013 година.
Во Решението за одбивање на барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.25-4968/9 од 12.12.2013 година меѓу другото е наведено дека „Врз основа на усмено барање на барателот Љ.Р. од Велес при увид во документација од 04.12.2013, Службеното лице од Општина Велес поднесе барање под бр. 25-4968/8 од 11.12.2013 год. за слободен пристап до информации од јавен карактер за издавање на копии од целокупната документација констатирана со Записник од извршен увид во документацијата бр.25-4968/7 од 04.12.2013. Со оглед на фактот што Одобрението за градење со документацијата од која се бараат копии во моментов е предмет на жалбена постапка и не правосилно, а согласно член 6, став 1, точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Општина Велес, не може да излезе во пресрет на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер се до исполнувањето на условите утврдени во член 6, став 2 од Законот“.
Што се однесува до наведеното Решение, Комисијата и укажува на Општина Велес дека, станува збор за документ кој бил даден на увид и кој е изготвен документ, а не е информација од членот 6, став 1, точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизивикало погрешно разбирање на содржината.
Љ.Р. на 26.12.2013 година незадоволен од Решението на Општината достави Жалба до Комисијата, заведена во Комисијата под бр.07-508.
Комисијата со допис бр.07-508 од 09.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.    
Општина Велес на 21.01.2014 година до Комисијата достави допис Одговор на Дополнување на жалба во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 25-313/2 од 17.01.2014 година,а во Комисијата заведен под бр. 07-508. Во прилог на Одговорот се доставени сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот на Дополнување на жалбата е наведено следното: „Општина Велес на ден 29.11.2013 година до барателот достави Одговор на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.25-4968/6 во кој го известува барателот дека увидот во целокупната документација за предметот бр.13-3152/9 од 27.06.2013 година може да го направи на ден 04.12.2013 година во Одделението за урбанизам на Општина Велес, во присуство на службеното лице за посредување со информации. На ден 04.12.2013 година барателот во присуство на службеното лице за посредување со информации и одговорниот службеник од Одделението за урбанизам и заштита на животна средина изврши увид во целокупната документација од интерес … службеното лице за посредување со информации на ден 04.12.2013 година изготви Записник за извршен увид во документација заведен под бр.25-4968/7. Во записникот своерачно потпишан од барателот и службеното лице е констатирано дека барателот по извршениот увид побара копии од целокупната документација…Во телефонски разговор, службеното лице го извести барателот дека врз основа на записникот бр.25-4968/7 од 04.12.2013 година, а со цел да се забрза постапката во негово име ќе поднесе барање за пристап до информации со барање за издавање на копија од документација од извршен увид на ден 04.12.2013 година. Барањето е доставено на ден 11.12.2013 година, заведено под бр. 25-4968/8. Врз основа на барањето, Одделението за урбанизам и заштита на животна средина го извести службеното лице дека во тековниот момент не е можно да се издаде копија од целокупната документација по предмет бр.13-315/9 од 27.06.2013 година бидејќи е поведена жалбена постапка и предметот не е правосилен….Општина Велес донесе Решение за одбивање на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер заведен под бр.25-4968/9 од 12.12.2013 година со констатација дека согласно член 6, став 1, точка 7 од ЗСПИЈК, општината не може да излезе во пресрет на барањето се до исполнувањето на условите утврдени во член 6, став 2 од Законот.“
Комисијата укажува дека наводите на имателот во Решението дека „Со оглед на фактот што Одобрението за градење со документација од која се бараат копии во моментов е предмет на жалбена постапка и не е правосилно а согласно член 6, став 1, точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РМ“ бр.13/06), Општина Велес, не може да излезе во пресрет на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер се до исполнувањето на условите утврдени во член 6, став 2 од Законот“се неосновани бидејќи во конретниот случај не се работи за документ што е во подготовка, бидејќи барателот веќе извршил увид во бараните информации кои се готови документи. Доколку станува збор за управна постапка тогаш се работи за исклучок од член 6 точка 5 но од сите списи на предметот и од извршен увид може да се утврди дека тие документи не биле стекнати или составени за управната постапка, туку веќе постоеле. Комисијата укажува дека, по извршениот увид на 04.12.2013 година барателот побарал копии од целокупната документација што му биле дадени на увид и истите требало да му бидат дадени.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Л. од Скопје, поднесена против  Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 29 јануари 2014 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена Б.Л. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  
„ 1. Како реагираше Општината Сопиште по добивањето на Петицијата од граѓани сопственици на куќи и имоти во викенд населбата “Јаболци“, за несогласување со намерата за отварање каменолом, Ваш бр. 08-4578/1 од 24.08.2011 година.
  Дали ја доставивте петицијата до Владата на РМ, Министерството за сообраќај и врски, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и со кој допис.
Каков одговор добивте и со кој допис.
2. Дали Општината учествуваше во постапката за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања член 14 став(4) од Законот за минерални суровини-пречистен текст, Сл.Весник на РМ 132 од 23.09.2013 година, односно дали Министерството за економија побара од вас мислење во врска со локалитетот на кој се планира отварање на каменолом.
Какво мислење вие доставивте со оглед дека ви беше познато противењето на граѓаните.
3.Дали Општината издала Б интегрирана дозвола од областа на екологијата во врска со Дозволата за експлоатација број 24-2624/3 од 16.07.2013 година издадена од Министерството за економија? Доколку издала, молиме да ни се достави.
4. Да ни се достави сообраќајната согласност број 23-1630/7 од 06.09.2012 година издадена од Општина Сопиште, СЕ УВАЖУВА во однос на точка 1, 2 и 3 и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Во однос на точка 4 од Барањето,Жалбата СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-569 од 30.12.2013 година, изјавена од Б.Л. од Скопје, поднесена против Известувањето бр.08-3729/2 од 11.12.2013 година на Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и во однос на точките 1,2,и 3  ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување.
Во однос на точката 4 Жалбата ЈА ОДБИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Б.Л.  од Скопје, заедно со Т.М. и Т.А. и двајцата од Скопје,  на 14.11.2013 година поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Општината под бр.08-3729/1  со кое побарале да им бидат доставени лично на првопотпишаниот Т.М., фотокопија од следните информации:
„1. Како реагираше Општината Сопиште по добивањето на Петицијата од граѓани сопственици на куќи и имоти во викенд населбата “Јаболци“, за несогласување со намерата за отварање каменолом, Ваш бр. 08-4578/1 од 24.08.2011 година.
 Дали ја доставивте петицијата до Владата на РМ, Министерството за соoбраќај и врски, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и со кој допис.
Каков одговор добивте и со кој допис.
2.Дали Општината учествуваше во постапката за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања член 14 став(4) од Законот за минерални суровини-пречистен текст, Сл.Весник на РМ 132 од 23.09.2013 година, односно дали Министерството за економија побара од вас мислење во врска со локалитетот на кој се планира отварање на каменолом.
Какво мислење вие доставивте со оглед дека ви беше познато противењето на граѓаните.
3.Дали Општината издала Б интегрирана дозвола од областа на екологијата во врска со Дозволата за експлоатација број 24-2624/3 од 16.07.2013 година издадена од Министерството за економија? Доколку издала, молиме да ни се достави.
4. Да ни се достави сообраќајната согласност број 23-1630/7 од 6.09.2012 година издадена од Општина Сопиште“
Општина Сопиште во врска со ова барање, до Т.М. доставила Известување бр.08-3729/2 од 11.12.2013 година со кое го известува дека согласно член 22 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер потребно им е подолго време од 30 дена и затоа рокот го продолжуваат на 40 дена.
Општина Сопиште не одговорила ни во рокот од 40 дена поради што барателот на 30.12.2013 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-569 од 09.01.2014 година, ја препрати Жалбата до Општина Сопиште и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Сопиште на 16.01.2014 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр.03-215/21 од 16.01.2014 година, а во Комисијата заведена под бр. 07-569.
Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „..од страна на подносителите на барањето при поднесување на жалбата е занемарен и не е истакнат фактот (веруваме намерно) дека од страна на Општина Сопиште-службени лица за информации од јавен карактер е доставено известување со документација со која располага Општина Сопиште заведено под број 08-372/9/3 од 30.12.2013 година..“
Во прилог го достави наведеното Известување.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Општина Сопиште не постапила во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од приложената документација Комисијата утврди дека Општина Сопиште постапила само по однос на точка 4, односно до барателите ја доставила само сообраќајната согласност издадена од страна на Општина Сопиште бр.23-1630/7 од 06.09.2012 година.
Во однос на точка 1.“Како реагираше Општина Сопиште по добивањето на Петицијата од граѓани сопственици на куќи и имоти во викенд населбата “Јаболци“, за несогласување со намерата за отварање каменолом, Ваш бр. 08-4578/1 од 24.08.2011 година.
 Дали ја доставивте петицијата до Владата на РМ, Министерството за сообраќај и врски, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за животна средина и со кој допис.
Каков одговор добивте и со кој допис“,  Општината одговорила “во однос на доставената петиција сакаме да истакнеме дека во документацијата на Општина Сопиште не може да се пронајде допис со кој истата е доставена до Министерствата на кои се повикувате во самото Барање.“
Во однос на точка 2. “Дали Општината учествуваше во постапката за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања член 14 став(4) од Законот за минерални суровини-пречистен текст, Сл.Весник на РМ 132 од 23.09.2013 година, односно дали Министерството за економија побара од вас мислење во врска со локалитетот на кој се планира отварање на каменолом.
Какво мислење вие доставивте со оглед дека ви беше познато противењето на граѓаните“, Општината наведува “Во однос на бараната информација за тоа дали Општина Сопиште издала мислење во врска со отварањето каменолом, сакаме да истакнеме дека во документацијата на Општина Сопиште не може да се пронајде таков документ, а во секој случај како последна инстанца која одлучува во однос на давање мислење е надлежното Министерство согласно Законот за минерални суровини.
Во однос на точка 3. “Дали Општината издала Б интегрирана дозвола од областа на екологијата во врска со Дозволата за експлоатација број 24-2624/3 од 16.07.2013 година издадена од Министерството за економија? Доколку издала, молиме да ни се достави“ Општина Сопиште одговорила дека  “..исто така во врска со отварањето на каменолом од страна на Министерството за економија е издадена дозвола за експлоатација со број 24-2624/3 од 16.07.2013 година, а во самото образложение на истата се наведени документите кои се доставени во прилог од страна на подносителот на барањето.
Во врска со погоре наведеното, во однос на точка  1 и 2 Комисијата укажува дека, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена согласно со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“ При тоа треба да има во предвид, дали согласно своите надлежности е должна да ги има наведените информации.
Во однос на точка 3 Комисијата укажува дека барателот не ја барал Дозволата за експлоатација бр.24-2624/3 од 16.07.2013 година издадена од Министерството за економија туку барал дали Општината издала Б интегрирана дозвола од областа на екологијата во врска со Дозволата за експлоатација број 24-2624/3 од 16.07.2013 година издадена од Министерството за економија, односно ја барал Б интегралната дозвола издадена од Опшината.
При повторното постапување по предметот, Општина Сопиште треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата и да постапи согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.