ДОНЕСЕНИ 24 РЕШЕНИЈА И 16 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата седма седница (во нов состав) одржана на 1 јули 2011 година, донесе 24 решенија и 16 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата институт отворено општество- Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството во периодот од 1 јануари 2010-20 февруари 2011 година?“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-129 од 17.05.2011 година, изјавена од Фондацијата институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за здравство и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Фондацијата институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство заведено под бр.26-3678/1 на 22.03.2010 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството во периодот од 1 јануари 2010-20 февруари 2011 година?“.
Фондацијата институт отворено општество-Македонија, на 17.05.2011година, преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата заведена под бр.07-129 во која наведува дека, на горе наведеното барање Министерството за здравство не одговорило, односно до барателот не ја доставило бараната информација.
Комисијата со допис бр.07-129 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство се произнесе по Жалбата со допис бр.04-6179/2 од 14.06.2011година, во Комисијата заведен под бр.07-129 на 15.06.2011 година. Во дописот наведува дека одговорило на наведеното барање со акт бр.26-3678/2 од 26.03.2011 година.
Како доказ за наведеното во прилог достави фотокопија од приемната книга на Министерството од 28.03.2011 година каде што под реден број 6 е заведен наведениот одговор.
По разгледувањето на Жалбата и списите во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за здравство одговорило на барањето со акт бр.26-3678/2 од 26.03.2011 година, заведено во приемна книга од пошта на 28.03.2011 година, (доказ фотокопија од приемната книга), значи 6 дена по приемот на Барањето, што значи дека не станува збор за молчење на администрацијата како што е наведено во Жалбата.
Од тука, произлегува дека не се точни наводите во Жалбата дека, Министерството за здравство не одговорило на барањето, односно до барателот не ја доставило бараната информација.
Бараната информација до барателот е доставена во рокот предвиден согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Агенцијата на барателот да му ја достави бараната информација “Увид во проектна документација на проект бр.62/40 од 10.09.2010 година, за реконструкција на базенот “Карпош“, -Надзорен орган УКИМ,- Инвеститор Влада на РМ“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-86 од 13.04.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата за млади и спорт на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
М.К. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за млади и спорт, примено во Агенцијата на 24.01.2011 година и побарал увид и по пошта да му ја достават следната информација.
“Увид во проектна документација на проект бр.62/40 од 10.09.2010 година, за реконструкција на базенот “Карпош“, -Надзорен орган УКИМ,- Инвеститор Влада на РМ.”
Агенцијата за млади и спорт на ова барања не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-86 од 20.04.2011 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за млади и спорт и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за млади и спорт не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за млади и спорт постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Нацрт-Методологија за утврдување на систем на секундарна контрола за следење на работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-122 од 28.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука, примено во Министерството на 14.02.2011 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Нацрт-Методологија за утврдување на систем на секундарна контрола за следење на работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.”
Министерството за образование и наука на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-122 од 09.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за образование и наука постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација “Колку нови вработувања на определено време а колку на неопределено време се реализирани во Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени во периодот од 1 јануари 2011 година-20 февруари 2011 година?“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.68/2008 и бр.6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-153 на 20.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање на 22.03.2011 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку нови вработувања на определено време а колку на неопределено време се реализирани во Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени во периодот од 1 јануари 2011 година-20 февруари 2011 година?“.
Министерството за животна средина и просторно планирање како што е наведено во Жалбата на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-153 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за животна средина и просторно планирање постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот од 1 јануари 2011 година-20 февруари 2011 година?“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.68/2008 и бр.6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-150 на 20.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за животна средина и просторно планирање на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање на 22.03.2011 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот од јануари 2011 година-20 февруари 2011 година?“.
Министерството за животна средина и просторно планирање како што е наведено во Жалбата на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-150 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за животна средина и просторно планирање не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за животна средина и просторно планирање постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Заклучокот на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Заклучокот бр.05-05/2 од 17.05.2011 година на ЈП“ Водовод и канализација“-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-147 од 19.05.2011 година, изјавена од П.Б. од Скопје, против Заклучокот бр. 05-05/2 од 17.05.2011 година, на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
П.Б. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП “Водовод и канализација“-Скопје, заведено во Јавното претпријатие на ден 10.05.2011 година под број 05-05/1 и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Да ми доставите фотокопија од интерниот акт на ЈП “Водовод и канализација“ со кој било решено дека на 8-ми март 2011 година, Денот на жената, жените вработени во ЈП “Водовод и канализација“ можат да си одат од работа пред истекот на работното време, а ако таков акт не е донесен да ми доставите фотокопија од членот од Законот за работните односи (или членот од Колективниот договор на претпријатието, врз основа на кој е донесена одлуката (усмена?) дека на 8-ми март 2011 година жените вработени во ЈП “Водовод и канализација“ можат да си одат од работа пред истекот на законски пропишаното работно време?“
Во врска со ова Барање, ЈП “Водовод и канализација“-Скопје донело Заклучок за прекинување на постапката заведен под број 05-05/2 од 17.05.2011 година.
Незадоволен од донесениот Заклучок, барателот на 19.05.2011 година, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-147 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до ЈП “Водовод и канализација“-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП “Водовод и канализација“-Скопје, на 28.06.2011 достави Одговор на Жалба заведен под број 05/5-4 од 17.06.2011 година а во Комсијата заведен под бр.07-147 на 28.06.2011 година.
Во Одговорот се наведува“ Ве известуваме дека остануваме на образложението дадено во Заклучокот бр.05/5-2 од 17.05.2011 година и во прилог Ви ги доставуваме сите списи во врска со предметот“.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈП “Водовод и канализација“-Скопје во врска со Барањето на барателот, постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел правилен и врз закон заснован Заклучок.
Во Образложението на оспорениот Заклучок, ЈП “Водовод и канализација“-Скопје наведува “…Постапувајќи по Барањето на барателот, констатирано е дека имателот нема создадено и не располага со бараната информација…“
При донесувањето на Заклучокот имателот се повикал на член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ”Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот…, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.”
Од горенаведено произлегува дека имателот нема создадено и не располага со бараната информација, нема готов документ, а изработка на нов документ согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не е предвидено.
Врз основа на спроведената постапка по Жалбата, Комисијата утврди дека Заклучокот на ЈП “Водовод и канализација“-Скопје е правилен и врз закон заснован.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година?“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-132 на 17.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29 .07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на 24.03.2011 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор, во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година?“.
Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор како што е наведено во Жалбата на ова барања не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-132 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за култура во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година?“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-135 од 17.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура, примено во Министерството на 24.03.2011 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за култура во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година?.”
Министерството за култура на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-135 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за култура постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Одговорот на Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Одговорот на Министерството за надворешни работи 04-2675/2 од 10.05.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Увид во оргиналниот ратификуван акт: Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, со дополнителниот протокол за забрана за клонирање на човечките суштества и дополнителен протокол за трансплантација на органите и ткивата од човечкото потекло со бр.— од датум—-, кој е објавен во Службен весник на РМ бр.55 од 28.04.2009-Меѓународни договори, последователен акт 19?“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-174 од 01.06.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Одговорот на Министерството за надворешни работи бр. 04-2675/2 од 10.05.2011 година, и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
М.К. од Скопје, како што е наведено во Жалбата поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за надворешни работи на 18.04.2011 година, и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Увид во оргиналниот ратификуван акт: Конвенција за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, со дополнителниот протокол за забрана за клонирање на човечките суштества и дополнителен протокол за трансплантација на органите и ткивата од човечкото потекло со бр.—–од датум——, кој е објавен во Службен весник на РМ бр.55 од 28.04.2009-Меѓународни договори, последователен акт 19?“.
Министерството за надворешни работи, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање на барателот му доставило Одговор на барање за пристап до информции од јавен карактер, заведен под бр.04-2675/2 од 10.05.2011 година. Незадоволен од добиениот Одговор, М.К. поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата наведува“ …напоменувам, доставениот одговор е несоодветен, односно е спротивен на начинот на извршување на бараната информација“
Комисијата со допис бр.07-174 од 13.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за надворешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за надворешни работи се произнесе по Жалбата со допис бр.04-4434/2 од 16.06.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-174 на 17.06.2011 година. Во дописот наведува: “…Министерството за надворешни работи со допис бр. 04-2675/2 од 10 мај 2011 година го информира барателот дека Република Македонија е договорна страна на предметната Конвенција и двата дополнителни протоколи од 1 јануари 2010 година. Воедно Министерството приложи копии од Законот за ратификација на предметната Конвенција и двата дополнителни протоколи (“Сл. весник бр.55/2009) и инструментот за ратификација на Република Македонија на Конвенцијата и двата дополнителни протоколи…….Министерството со одговорот доставен до барателот К. од 10 мај 2011 година го достави Законот за ратификација на горенаведената Конвенција и дополнителните протоколи усвоени од Собранието на РМ на 27 април 2009 година (“Сл. весник бр.55/20009) и достави копија од инструментот за ратификација на РМ со кој што се потврдува дека договорот е ратификуван согласно националните прописи издаден од Министерот за надворешни работи. Оригиналот на документот е депониран во Советот на Европа. Советот на Европа како депозитар извести дека Конвенцијата и двата протоколи стапиле на сила за Република Македонија од 01.01.2010 година. Овој податок е ажуриран на страната на Советот на Европа“.
Како доказ за наведеното Министерството во прилог достави фотокопија од Законот за ратификација на Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинството на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, со дополнителен протокол за забрана на клонирање на човечки суштества и дополнителниот протокол за трансплантација на органи и ткива од човечко потекло како и предметната Конвенција.
По разгледувањето на Жалбата и списите во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за надворешни работи одговорило на барањето со акт бр.04-2675/2 од 10.05.2011 година, по пошта, со печат и дата на пликот од 12 мај.
Од тука, произлегува дека Бараната информација до барателот е доставена во рокот предвиден согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Бараната информација на барателот му е доставена во фотокопија затоа што, како што наведува имателот во одговорот по Жалба оригиналот на документот е депониран во Советот на Европа.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбите изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВААТ, Решението на Основен суд Велес СУ.бр.683/10-13 од 03.05.2011 година се поништува и СЕ ЗАДОЛЖУВА Судот на барателот да му ја достави бараната информација „Да ми се издаде фотокопија од оригиналниот договор (на јазикот на кој што е напишан) за пренос на побарување склучен меѓу субјектите: МХК Злетово АД Велес на улица Моша Пијаде б.б., Р.Македонија и АСТС Груп С.А. со седиште Микроџакет 401630 во Панама, Република Панама“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), ги разгледа Жалбите бр.07-444 од 28.04.2011 година и бр.07-444 од 06.05.2011 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ГИ УВАЖИ, Решението на Основен суд Велес СУ.бр.683/10-13 од 03.05.2011 година го поништи и ГО ЗАДОЛЖИ Судот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата утврди дека Жалбите се допуштени, навремени и изјавени од овластено лице.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
По разгледувањето на жалбите бр.07-444 од 28.04.2011 година и 07-444 од 06.05.2011 година Комисијата утврди дека се изјавени од ист жалител, по исто барање, против Основен суд Велес поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
Како што се наведува во Жалбата бр.07-444 од 28.04.2011 година, Б.П. од Велес е незадоволен од непостапувањето на Основниот суд Велес по Решението на Комисијата бр. 07-444 од 29.12.2010 година, со кое неговата жалба бр. 07-444 од 15.11.2010 година Комисијата ја уважи, Решението на Основниот суд Велес СУ.бр.683/10-1 од 05.11.2010 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата, со допис бр.07-444 од 03.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од 3 дена Судот да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.05.2011 година Б.П. од Велес до Комисијата достави Жалба по истото предметно Барање, во која наведува дека Основниот суд Велес на 03.05.2011 година му доставил Решение СУ.бр.683/10-13 со кое „…и по втор пат го одбива барањето…“. Во прилог на Жалбата е доставена фотокопија од наведеното Решение во чие образложение Основниот суд Велес наведува дека „При повторното постапување Основниот суд Велес постапи по укажувањата на Комисијата и по спроведениот задолжителен тест на штетност, одлучи барањето повторно да го одбие…согласно чл.6 ст.1 т.5 од ЗСПИЈК…се работи за информација – писмен доказ…постапката на трговски спор…не е правосилно завршена…во постапката на трговски спор, во текот на која е донесено решение со кое тужбата на тужителот се смета за повлечена… издавањето на овој договор…би можело да има штетни последици за понатамошниот тек на постапката…во овој случај постапката правосилно не е завршена, решението со кое тужбата на тужителот се констатира за повлечена не е правосилно, бидејќи преку замолница до Министерството за правда на РМ е побарано да се достави до тужениот… при донесување на решението имателот ја имаше во вид и содржината на чл. 144 ст.2 од ЗПП…“.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Основниот суд Велес не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, при што неосновано го одбил Барањето на Б.П. од Велес повикувајќи се на исклучокот од слободниот пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 5 од истиот Закон, според кој „Иматели на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката“.
Комисијата констатира дека бараната информација не е стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката, туку со истата Судот располага и ја добил како веќе готов документ.
Што се однесува до наводите во Решението на Судот дека „…постапката правосилно не е завршена…“, Комисијата на Судот му укажува дека тие, исто така, не се доволен аргумент за одбивање на Барањето за пристап до бараниот документ, зашто во фазата кога е донесено „решение со кое тужбата на тужителот се смета за повлечена“ Судот веќе изготвил документ, кој исто така би требало да и е достапен на јавноста, без разлика на текот на натамошната постапка.
Исто така, Комисијата му укажува на Судот дека пристапот до бараната информација не може да го одбие согласно одредбите од Законот за парнична постапка, туку е должен по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер да постапува исклучиво според одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во тој контекст Комисијата му укажува на Судот дека при одбивање на пристапот може единствено да се повика на исклучоците од слободниот пристап до информации предвидени во член 6 став 1 од наведениот Закон, меѓу кои нема исклучок од типот „…помеѓу странките било договорено дека…ќе се разменуваат информации од доверлива природа, кои нема да бидат достапни за јавноста, како и тоа дека ќе ја чуваат тајноста на сите информации, без откривање на истите на трети лица…“, а што Судот го навел во оспореното решение како „причина повеќе“ за одбивање на пристапот до бараната информација.
Основниот суд Велес во конкретниов случај направил повреда на член 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што не обезбедил јавност и отвореност во работењето, односно не му овозможил на барателот да го оствари правото на слободен пристап до информацијата од јавен карактер со која располагал, а што претставува основна цел на наведениот Закон.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-180 од 16.06.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на наведената Жалба Комисијата го утврди следното:
Барателот на 16.02.2011 година поднел писмено Барање до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, повикувајќи се на член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи не располагала со бараната информација, со допис бр. 55-1070/2 од 06.03.2011 година го препратила Барањето до Министерството за правда, како имател кој според содржината на Барањето е имател на информацијата. За препраќањето на Барањето го известила барателот со Известување бр. 55-1070/3 од 06.03.2011 година. Согласно член 18 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од денот на добивање на барањето кај Министерството за правда тече рокот за добивање на информацијата која ја побарал М.К. од имателот кој го препратил Барањето.
Оттука произлегува дека Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и, бидејќи не располагала со бараната информација, Барањето го препратила до Министерството за правда. Барателот, пак, не постапил согласно истиот Закон и, иако барањето е препратено до Министерството за правда, за што бил уредно известен, Жалба поднел против Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат. Од тие причини жалбената постапка не може да се спроведе согласно наведениот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ 13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-145 од 18.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 22.03.2011 година поднела Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарала да и биде доставена следната информација:
„Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за финансии во периодот 20 февруари 2011 година – 20 март 2011 година?“.
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорило со Одговор на барање бр. 19-11109/2 од 20.04.2011 година. Во Одговорот Министерството за финансии наведува дека „…согласно Законот за Агенциите за привремени вработувања, привремени вработувања можат да се реализираат само во Агенција за привремени вработувања, додека пак органите можат да ангажираат лица кои се отстапени од страна на Агенцијата за привремени вработувања“.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, достави жалба до Комисијата. Во истата е наведено дека е поднесена поради тоа што Министерството за финансии во законски предвидениот рок не го препратило барањето до имателот кој располага со бараната информација, „…исто така имателот морал…да го повика барателот на информацијата…да го дополни барањето во определен рок…“.
Комисијата, со допис бр.07-145 од 26.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за финансии достави Одговор на Жалба бр.03-18542/2 од 30.05.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-145 на 07.06.2011 година. Во Одговорот е наведено: “Неосновани се наводите на жалителот дека имателот на информации требало да го повика барателот на информацијата да го дополни барањето во определен рок бидејќи барањето е јасно и конкретно и по истото е даден конкретен одговор“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за финансии по наведеното Барање постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010) и му доставило одговор на барателот во законски предвидениот рок.
Комисијата му укажува на барателот дека не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно неосновано очекувал од имателот да го препрати барањето до имател кој располага со бараната информација, бидејќи Барањето се однесува на информација за која имателот не се произнесол дека не располага. Исто така, барателот неосновано очекувал од имателот да го повика да го дополни барањето, бидејќи Барањето терминолошки е јасно и прецизно.
Комисијата не навлегува во тоа дали барателот под „привремени вработувања“ подразбира „ангажирани лица кои се отстапени од страна на Агенција за привремени вработувања“, што во случајов не е со исто значење.
Во конкретниов случај барателот не ја искористил можноста што му ја дава член 24 став 4 од истиот Закон, според кој „Ако барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информација што ја навел во барањето, може да бара од имателот на информации да му се овозможи запознавање со информацијата што ја навел во барањето најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата“. Во случај имателот да не одговори по повторното барање во рокот утврден во член 24 став 4, тогаш барателот може да поднесе Жалба до Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-897/1 од 31.01.2011 година се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација „Увид во оригиналниот писмен акт : Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализација на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2011 година со —–од——-при МЖСПП, кој истиот е објавен во 1. Сл. В. На РМ – огласен дел во бр. 12 од 3 февруари 2011 год. послед. Страни 28 и 29; 2. на веб ст. На МЖСПП www.moepp.gov.mk“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-84 од 11.04.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата утврди дека Жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-84 на 11.04.2011година, М.К. од Скопје на 14.02.2011 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање и ја побарал следната информација:
„Увид во оригиналниот писмен акт : Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализација на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2011 година со —–од——-при МЖСПП, кој истиот е објавен во 1. Сл. В. На РМ – огласен дел во бр. 12 од 3 февруари 2011 год. послед. Страни 28 и 29; 2. на веб ст. На МЖСПП www.moepp.gov.mk“.
Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-84 од 14.04.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за животна средина и просторно планирање достави допис бр. 18-1562/3 од 09.05.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-84 на 09.05.2011 година. Во дописот е наведено дека „во однос на барањето на М.К. од Скопје, министерството во прилог доставува печатена верзија на Конкурсот. Воедно Ве информираме дека истиот нема форма на цитираме „оригинален писмен акт“, бидејќи се работи за текст на Конкурс кој се доставува до Службен весник на Република Македонија во електронска форма и по неговото објавување почнува да тече рокот за доставување на барања за финансирање од корисници на средствата, согласно условите на Конкурсот“. Во прилог на дописот до Комисијата е доставена фотокопија од бараната информација, која не е архивски заведена и потпишана, нема печат и штембил од Министерството, ниту пак има доказ за електронско доставување до „Службен весник на Република Македонија“. Министерството за животна средина и просторно планирање, исто така, до Комисијата не достави никаков доказ дека допис со ваква содржина доставило и до барателот, или пак го известило и закажало извршување на побараниот увид.
Во функција на побрзо и поекономично решавање, службеното лице кое постапува по предметот на 20.05.2011 година го контактираше барателот и го запозна со содржината на добиениот одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно му даде фотокопија од истиот.
Незадоволен од содржината на наведениот одговор, на 01.06.2011 година барателот до Комисијата достави Дополнение во врска со предмет бр. 07-84, во кое бара да го добие бараниот документ, без формални недостатоци.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање не постапило согласно член 20, член 21 и член 24 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Министерството за животна средина и просторно планирање му укажува дека во евентуални идни вакви случаи на барања е должно бараната информација на барателот да му ја достави во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност бр. 03-96/3 од 14.03.2011 година СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Националната агенција на барателот да му ја достави бараната информација “Акциски план добиен од страна на Европската Комисија (нагласен на страна 309 од Ревизијата на НПАА 2011)“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр. 07-71 од 16.03.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за одбивање бр. 03-96/3 од 14.03.2011 година го поништи и ја задолжи Националната агенција на барателот да му ја достави бараната информација „Акциски план добиен од страна на Европската Комисија (нагласен на страна 309 од Ревизијата на НПАА 2011)“ најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Комисијата утврди дека Жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице.
Фондацијата институт отворено општество – Македонија на 31.01.2011 година доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и побарала од Агенцијата да и достави по пошта фотокопија од следната информација:
“Акциски план добиен од страна на Европската Комисија (нагласен на страна 309 од Ревизијата на НПАА 2011)“.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, како што е наведено во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-71 на 16.03.2011 година.
Истиот ден кога е поднесена Жалбата до Комисијата, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност до барателот доставила Решение за одбивање на пристапот до бараната информација бр. 03-96/3 од 14.03.2011 година.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, на 24.03.2011 година достави Дополнување на Жалбата. Во Дополнувањето полномошникот на барателот наведува дека е незадоволен од донесеното Решение бидејќи „…Националната агенција воопшто не наведува какви се тие наводни штети, односно негативни ефекти кои ќе настанат за нејзиното работење, а и на нејзината соработка со Европската Комисија – Генералниот директорат за образование и култура…видно Националната агенција спровела тест на штетност…интересот на двете страни воопшто не е измерен и кај Националната агенција не постои воопшто волја информацијата да се стори достапна…Националната агенција наведува дека Европската комисија не е согласна документ кој е предмет на усогласување и одобрување од нејзина страна да се изнесе во јавност. Ниту овој навод на Националната агенција не е поткрепен со било каков документ, врз основа на кој би се извршила проверка дали навистина постои таква забрана од страна на Европската комисија…Фондацијата не може да пружи верба во ваквото образложение…“.
Комисијата, со допис број 07-71 од 25.03.2011 година, ја препрати Жалбата до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 03-96/6 од 01.04.2011 година, заведено во Комисијата под бр. 07-71 на 01.04.2011 година.
Во прилог на Произнесувањето по жалбата, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност до Комисијата достави фотокопија од Решението за одбивање на пристапот до бараната информација бр.03-96/3 од 14.03.2011 година и фотокопија од допис за спроведениот Тест на штетност бр. 03-96/2 од 14.03.2011 година. Во текстот за спроведениот тест на штетност е наведено дека пристапот до бараната информација е одбиен зашто спаѓа во исклучоците предвидени во член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно претставува „информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината…интересот кој се заштитува со информацијата…ќе претрпи штетни последици врз понатамошната соработка на Националната агенција со Европската комисија…како и за Република Македонија во врска со користењето на европските фондови за образование…мора да се води сметка и за заштитата на угледот и на меѓународната позиција на земјата во учеството во програмите на заедницата…Националната агенција…од страна на Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура има добиено насоки со кој барателот на информации се упатува директно да се обрати до Европската Комисија. Регулативата (ЕК) бр. 1049/2001 на Европскиот парламент, Советот и документите на Комисијата, публикувани во Службениот весник на ЕУ (ОЈ L 145 од 31 мај 2001 стр.43) ги регулира принципите, условите, ограничувањата и правилата на јавен пристап до документите на Европската унија, а поглавје 4 од Регулативата ги специфицира исклучоците кога институциите можат да го одбијат пристапот до документите…“.
Во функција на правилно утврдување на фактичката состојба и донесување на правилно и на закон засновано решение, на 21.04.2011 година, Комисијата со Барање дополнителни информации бр. 07-71, побара Националната агенција да прецизира дали бараниот документ е во постапка на подготвување, или е готов документ. Исто така побара од Националната агенција да приложи фотокопија од наведените насоки добиени од Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура, како и фотокопија од поглавјето 4 од Регулативата (ЕК) бр. 1049/2001 на Европскиот парламент, Советот и документите на Комисијата, публикувани во Службениот весник на ЕУ (ОЈ L 145 од 31 мај 2001 стр.43).
Националната агенција на ова барање на Комисијата одговори со Произнесување бр. 03-96/8 од 23.05.2011 година, заведено во Комисијата под бр.07-71 на 23.05.2011 година. Во него наведува дека „…Акцискиот план е план на активности добиен од страна на Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура, кои треба да се спроведат за да се подигне суспензијата на програмите Доживотно учење и Млади во акција и тој се уште е предмет на изготвување и усогласување помеѓу Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура и Националната агенција…односно не е готов документ…“. Што се однесува на упатувањето на барателот да се обрати до Европската Комисија – Генерален директорат за образование и култура, Националната агенција наведува дека „ова упатување е направено од причина што, постапувајќи по претходни слични барања од барателот…насоките добиени од ЕК е да се обратат со официјално писмено барање до нив“.
Во прилог на Произнесувањето, Националната агенција до Комисијата достави фотокопија од Регулативата (ЕК) бр. 1049/2001, објавена во Службен весник на ЕУ (ОЈ L 145 од 31 мај 2001 стр.43) и фотокопија од електронски допис од Европската Комисија – Генерален директорат за образование и култура за насока за официјално писмено барање до нив од страна на барателот, заведен во Националната агенција под бр.03-893/3 на 16.09.2010 година. Од нив е видно дека Регулативата (ЕК) бр. 1049/2001 воспоставува принципи, услови, ограничувања и правила за пристап до јавни документи изготвени од страна на Европскиот парламент, Советот и Европската комисија. Во член 4 од наведената Регулатива на ЕК се наведени исклучоците од слободниот пристап до документите изготвени од Европскиот парламент, Советот и Европската комисија. Притоа во ставовите 1,3 и 5 од истиот член е предвидено ограничување на пристапот до „интерни“ документи доколку нивното објавување ќе предизвикаат сериозни штети за меѓународните односи, за институциите изготвувачи на документите, како и предвидена можност за барање за необјавување на такви изготвени документи од страна на институција од друга земја, без претходно склучен договор со изготвувачот. Меѓутоа, од приложеното не може да се заклучи дека во исклучоците спаѓаат и документи од типот на Акцискиот план добиен од страна на Европската Комисија (нагласен на страна 309 од Ревизијата на НПАА 2011), кој во случајов го бара Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.
По разгледувањето на сите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со задоцнување, донела Решение бр. 03-96/3 од 14.03.2011 година со кое Барањето на Фондацијата Институт отворено општество Македонија го одбива. Во образложението на Решението е наведено дека Барањето го одбива согласно член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Националната агенција наведува дека постапила и согласно член 6 став 3 од истиот Закон, при што констатирала дека последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, бидејќи нејзиното „откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината…интересот кој се заштитува со информацијата…ќе претрпи штетни последици врз понатамошната соработка на Националната агенција со Европската комисија…“.
Образложението на наведеното Решение и на тестот на штетност на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност не е доволен аргумент за да се одбие пристапот до бараната информација. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го цитирала членот 6 став 1 точка 7 од Законот и навела дека бараната информација е „информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации…“, Комисијата изврши увид во Акцискиот план добиен од страна на Европската Комисија. Во овој документ, на страница 309 (посочена и во Барањето), меѓу другото, во делот „Програми на заедницата“ е наведено дека „МОН и НАЕОПМ (Национална агенција за европски образовни програми и мобилност) активно работат на спроведување на акцискиот план добиен од страна на ЕК (Европска комисија)…“. Тоа значи дека бараната информација не е „информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште предмет на усогласување кај имателот на информации“, туку информација од веќе готов документ добиен од страна на Европската комисија, со која располага Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Комисијата смета дека објавувањето на бараната информација нема да предизвика негативни последици врз натамошната соработка на Националната агенција со Европската комисија, односно воопшто нема да има штетни последици во остварувањето на функцијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Напротив, со објавувањето на бараната информација ќе се зајакне довербата на граѓаните во функционирањето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Јавноста има право да ја контролира работата на државните органи и носителите на јавни овластувања.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во конкретниов случај направила повреда на член 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што не обезбедила јавност и отвореност во работењето, односно не овозможила информираност на јавноста за работата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, што претставува основна цел на наведениот Закон.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Р.С.С. од Куманово, поднесена против Заклучокот на Апелационен суд Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Р.С.С. од Куманово, поднесена против Заклучокот на Апелационен суд Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Заклучокот на Апелационен суд Скопје 03.VI Су.бр.282/11-1 од 04.04.2011 година се поништува и СЕ ЗАДОЛЖУВА Судот на барателот да му ја достави бараната информација „За судијата Б.А. …за период од 13.09 до 17.11.2010 г.: 1. Кога судијата А. има положено правосуден испит; 2. Кога дебитира како судија во зборен совет; 3. Кога дебитира како судија известител; 4. Колку вкупни учества има во зборен совет и 5. Колку вкупно одредувања има за судија известител“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата изјавена од Р.С.С. од Куманово, заведена во Комисијата под број 07-136 на 18.05.2011 година, поднесена против Заклучокот на Апелационен суд Скопје 03.VI Су.бр.282/11-1 од 04.04.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок го поништи и ГО ЗАДОЛЖИ Судот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата утврди дека Жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Р.С.С. од Куманово на 25.03.2011 година доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Апелационен суд Скопје, со кое од Судот ја побарал следната информација:
„За судијата Б.А. …за период од 13.09 до 17.11.2010 г.: 1. Кога судијата А. има положено правосуден испит; 2. Кога дебитира како судија во зборен совет; 3. Кога дебитира како судија известител; 4. Колку вкупно учества има во зборен совет и 5. Колку вкупно одредувања има за судија известител“.
Апелационен суд Скопје во врска со ова Барање на 04.04.2011 година донел Заклучок со кое ја прекинал постапката по Барањето.
Незадоволен од наведениот Заклучок Р.С.С. од Куманово на 18.05.2011 година, преку Апелационен суд Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Судот ја препрати Жалбата до Комисијата, но не се произнесе по истата. Во прилог ги достави списите во врска со предметот.
Комисијата, со допис број 07-136 од 26.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Апелационен суд Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Апелационен суд Скопје до Комисијата достави Одговор на Жалба 03 VI СУ. Бр. 282/2011 од 31.05.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-136 на 07.06.2011 година. Во Одговорот на Жалба се наведува : “…Апелациониот суд Скопје…го донесе сега обжалениот заклучок …поради тоа што истиот суд не располага со бараната информација. Ова со оглед на тоа што, во смисла на одредбата од чл.9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, листата на информации со кои располага Апелациониот суд Скопје како имател на информации ја сочинуваат: информации за месечните, периодичните и годишните извештаи за работа на Судот, информации за бројот и содржината на претставките и поплаките на граѓаните за работата на Судот, информации за извршени јавни набавки во Судот, информации за јавните седници и претреси во Судот и слободното присуство на нив и други информации кои граѓаните имаат право да ги добијат заради остварување на своите права и интереси…“. Во прилог на Одговорот на Жалба Апелационен суд Скопје достави фотокопија од оспорениот Заклучок, чие образложение ги содржи истите наводи како и во Одговорот на Жалба.
По разгледувањето на сите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Постапувањето на Апелационен суд Скопје по конкретниот предмет е спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и спротивно на начелата на јавност, отвореност, транспарентност, економичност на имателите на информации.
Наводите на Апелационен суд Скопје дека бараната информација не се наоѓа на Листата на информации од јавен карактер на Судот не може да биде основ за одбивање на пристапот, бидејќи Листата на информации со која располагаат имателите е од променлив карактер и имателите се должни, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постојано да ја ажурираат.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“, а член 10 став 1 од истиот Закон прецизира дека имателот на информации е должен да ја информира јавноста, покрај другото и за „други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации“.
Причините наведени во Одговорот на Жалбата и во Заклучокот не се доволен основ за неовозможување пристап до бараната информација, напротив Комисијата смета дека бараната информација е информација од јавен карактер со која Апелационен суд Скопје е должен да располага и дека истата треба да ја достави до барателот.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ж.Р. од с.Бохула, Кавадарци, поднесена преку полномошник З.А., адвокат од Скопје, против Комората на овластени геодети на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008 и бр.6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ж.Р. од с.Бохула, Кавадарци, поднесена преку полномошник З.А., адвокат од Скопје, против Комората на овластени геодети на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Комората на барателот да му овозможи пристап до бараната информација: “Разгледување на списи на предмет во врска со донесено решение по предлог на Агенцијата за катастар на недвижности за одземање на овластувања на овластени геодети од ГЕОСЕТ ДООЕЛ.” најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.68/2008 и бр.6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-126 на 11.05.2011 година, изјавена од Ж.Р. од с.Бохула, Кавадарци, поднесена преку полномошник З.А., адвокат од Скопје, против Комората на овластени геодети на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Комората на барателот да му овозможи пристап до бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Ж.Р. од с.Бохула, Кавадарци, преку полномошник З.А. адвокат од Скопје, како што е наведено во Жалбата, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на овластени геодети на Република Македонија, примено на 23.03.2011 година, и побарал да изврши увид во следната информација.
“Разгледување на списи на предмет во врска со донесено решение по предлог на Агенцијата за катастар на недвижности за одземање на овластувања на овластени геодети од ГЕОСЕТ ДООЕЛ.“
Комората на овластени геодети како што е наведено во Жалбата, на ова барања не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-126 од 17.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Комората на овластени геодети и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање, Комората на овластени геодети до Комисијата достави Известување бр.03-111/1 од 17.06.2011 година, заведено во Комисијата под бр.07-126 на 22.06.2011 година. Во Известувањето, Комората наведува:“Со Известување бр.03-82/1 од 04.05.2011 год. а постапено по барање на адвокат З.А. за пристап до информации од јавен карактер му е одговорено дека сите информации кои имаат јавен карактер се објавени на веб страницата на Комората. Исто така, Ве известуваме дека согласно член 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл.весник на РМ бр.13/2006) на објавената листа на иматели на информации од јавен карактер, Комората на овластени геодети на Република Македонија не е ставена на оваа листа.” Во прилог на одговорот, Комората го достави и Известувањето адресирано до полномошникот на барателот, адвокат З.А.
Во врска со наведеното, Комисијата на Комората на овластени геодети и укажува на следното. Без оглед на тоа што се уште не е ставена на листата на иматели на информации, на веб страницата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, таа е имател на информации од јавен карактер. Листата на иматели на информации од јавен карактер, што Комисијата ја објавува на својата веб страница, е од променлив карактер и истата се дополнува.
Во прилог на тврдењето на Комисијата дека Комората е имател на информации од јавен карактер е и следното. Во член 3, став 1, алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на РМ бр. 13/2006, бр.68/2008, бр.6/2010) е наведено дека ”иматели на информации од јавен карактер” се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица кои вршат јавни овластувања, утврдени со закон. Во член 6 став 1 и став 2 од Статутот на Комората на овластени геодети на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.40/2008), е утврдено дека “Комората врши јавни овластувања утврдени со Законот за катастар на недвижности и за истите води евиденција.” Оттука, произлегува дека, Комората на овластени геодети на РМ, е имател на информации од јавен карактер и по Барањата за пристап до информации од јавен карактер, е должна да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниов случај, Комисијата утврди дека Комората е должна да му овозможи на барателот да изврши увид, односно да ги разгледа списите на предметот во врска со донесено решение по предлог на Агенцијата за катастар на недвижности за одземање на овластувања на овластени геодети од ГЕОСЕТ ДООЕЛ, бидејќи е имател на бараната информација. Во прилог на Жалбата, полномошникот на Жалителот до Комисијата достави и Известување од Агенцијата за катастар на недвижности УПП бр.13-203 и УПП бр.13-405 од 23.11.2010 година, адресиран до адвокат З.А., во кое се наведува дека “Секторот за внатрешна контрола при АКН до Комората на овластени геодети достави предлог за одземање на овластување.” од каде произлегува дека е оформен цитираниот предмет, односно постои бараната информација.
Согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“бр.13/05, 86/08 и 6/10), „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“. Во случајов, барателот во Барањето ја навел формата на добивање на информацијата – увид а начинот-разгледување на списи, а не електронски запис. Комората е должна да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, а не да го упатува барателот информацијата да ја бара на веб страницата на Комората.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за внатрешни работи по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје против Решението рег.бр.15.2-21894 од 07.04.2011 година, на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-123 од 28.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението рег.бр.15.2-21894 од 07.04.2011 година, на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 21.03.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи, заведено во Фондацијата под бр.21-270/14 од 17.03.2011 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот 01 јануари 2010-20 февруари 2011 година?“
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи донело Решение за одбивање на пристапот заведено под рег.бр.15.2-21894 од 07.04.2011 година, a примено во Фондацијата на 11.04.2011 година. Во образложението на Решението, Министерството наведува “Бараната информација не претставува информација од јавен карактер и согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува исклучок од правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи е класифицирана информација со соодветен степен на тајност. Истата е класифицирана информација со степен на класификација “СТРОГО ДОВЕРЛИВО” согласно член 8 став 2 алинеја 1 (податоци кои се однесуваат на систематизација на работните места во Министерството и досиеата на вработените во Министерството) од Правилникот за класифицирани информации на МВР и согласно член 8 став 2 од Законот за класифицирани информации (Службен весник на РМ бр.9/04).”
Незадоволен од наведеното Решение, барателот на 28.04.2011 година, преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-123 од 18.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Одговор по жалба бр.11.2-42746/1 од 23.05.2011 година, а во Комисијата заведен под број 07-123 од 30.05.2011 година.
Во Одговорот на Жалбата, Министерството за внатрешни работи наведува: “…вработувањето во Министерството за внатрешни работи вклучувајќи го тука и временото вработување преку Агенциите за привремено вработување, се спроведува согласно законски прописи и согласно Правилникот за систематизација на работни места во МВР кој е класифициран со степен “Строго доверливо”, како и согласно одредбите од Законот за класифицирани информации…од каде произлегува дека информацијата што се бара е од строго доверлив карактер.“
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилно и врз закон засновано Решение.
Согласно член 6 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) “Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на: информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност.”
Министерството за внатрешни работи правилно се повикало и го применило погоре цитираниот член.
Врз основа на спроведената постапка по Жалбата, Комисијата утврди дека Решението на Министерството за внатрешни работи е правилен и врз закон заснован.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-511 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2010 година, поднела десет поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски, примени во Министерството на 26.10.2010 година.
Министерството за транспорт и врски на овие Барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањата се одбиени и е поднесена Жалба до Комисијата која се однесува на сите десет Барања.
Комисијата со Известување бр.07-511 од 11.01.2011 година, на полномошникот С.Б. му укажа дека горенаведената Жалба е поднесена до Комисијата спротивно на член 14 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, согласно кој Жалбата се поднесува против поединечни правни акти, а не против повеќе. Притоа побара од полномошникот во рок од три дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно погоренаведените закони.
Полномошникот С.Б. на ова барање на Комисијата одговори со Уредување на Жалба заведено во Комисијата под бр.07-511 од 21.04.2011 година, во која прецизира дека Жалбата се однесува на следното Барање.
“Кога се формирани Комисиите за одлучување по прекршоци во рамките на Министерството и во органите во рамките на Министерството (да се наведе датум за секоја Комисија одделно).“
Комисијата со допис бр.07-511 од 27.04.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за транспорт и врски до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.23-3684/2 од 09.05.2011 година, а во Комисијата заведено под број 07-511 од 10.05.2011 година.
Во Произнесувањето по Жалбата, Министерството за транспорт и врски наведува дека, на Барањето за пристап до информации од јавен карактер примено во Министерството под бр.23-10133/1 од 26.10.2010 година, одговорило со допис бр.23-10133/2 од 13.12.2010 година.
Како доказ за наведеното во прилог достави фотокопија од наведениот одговор и фотокопии од списите во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и списите во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за транспорт и врски одговорило на барањето со акт бр.23-10133/2 од 13.12.2010 година, со препорачана пратка преку пошта, потпишана во Фондацијата институт отворено општество-Македонија на 22.12.2010 година, (доказ фотокопија од доставницата).
Од тука, произлегува дека не се точни наводите во Жалбата дека, Министерството за транспорт и врски не одговорило на барањето, односно до барателот не ја доставило бараната информација.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Министерството за образование и наука бр.10-607/2 од 06.04.2011 година, СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од Акциски план изработен од МОН и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за унапредување на меѓусебната соработка (нагласени на страна 309 од Ревизијата на НПАА 2011)“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр. 07-69 од 16.03.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Министерството за образование и наука бр.10-607/2 од 06.04.2011 година го поништи и го задолжи Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од Акциски план изработен од МОН и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за унапредување на меѓусебната соработка (нагласени на страна 309 од Ревизијата на НПАА 2011)“ најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата институт отворено општество – Македонија на 31.01.2011 година, доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука и побарала од Министерството да и достават фотокопија од горенаведената информација.
Министерството за образование и наука како што е наведено во Жалбата, на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-69 на 16.03.2011 година.
Комисијата, со допис број 07-69 од 17.03.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството наместо во рок од три дена да се произнесе по Жалбата, достави допис бр.10-67/2 од 07.04.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-69 на 11.04.2011 година. Во прилог на дописот достави Решение за одбивање на пристапот до бараната информација.
Истиот ден кога е поднесена Жалбата поради молчење на администрација, Министерството за образование и наука и до барателот го доставило Решението за одбивање на пристапот до бараната информација бр. 10-607/2 од 06.04.2011 година. Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ј.Б., на 19.04.2011 година, до Комисијата достави Дополнување на поднесената Жалба за молчење на администрација, во кое наведува дека е незадоволна од Решението со кое се одбива пристапот до бараната информација.
Комисијата, со допис број 07-69 од 03.05.2011 година, го препрати Дополнувањето на Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истото и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Министерството за образование и наука, со задоцнување, донело Решение со кое го одбива Барањето на Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Во образложението на Решението е наведено дека Барањето го одбива согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Министерството уште наведува дека постапило и согласно член 6 став 3 од истиот Закон, при што констатирало дека последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, бидејќи истата се однесува на интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Образложението на наведеното Решение на Министерството за образование и наука не е доволен аргумент за да се одбие пристапот до бараната информација. Министерството само наведува дека ќе настанат штетни последици во остварување на функцијата на Националната агенција, меѓутоа не наведува кои се тие штетни последици, а без да ги утврди и спореди со јавниот интерес, не може да тврди дека истите се поголеми од јавниот интерес.
Комисијата смета дека објавувањето на бараната информација нема да има штетни последици во остварувањето на функцијата на Националната агенција. Напротив, со објавувањето на бараната информација ќе се зајакне довербата на граѓаните во функционирањето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Јавноста има право да ја контролира работата на државните органи и носителите на јавни овластувања.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Решението на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда бр.07-3377/6 од 13.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010, ја разгледа Жалбата бр.07-364 од 07.02.2011 година, изјавена од К.М., поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на Управата за извршување санкции при Министерството за правда бр. бр.07-3377/6 од 13.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
К.М. од Скопје, на 30.08.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за извршување на санкции при Министерството за правда и ја побарал следната информација.
“Копија од втората (ажурирана) верзија на документот Извештај за одржливост/изводливост на Проектот Реконструкција на казнено-поправните установи во РМ кој е веќе доставен до Банката за развој при Советот на Европа“.
Во врска со ова Барање Министерството за правда – Управа за извршување санкции, донела Решение бр.07-3377/2 од 13.09.2010 година, со кое го одбива пристапот до бараната информација.
Против наведеното Решение К.М., преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата Комисијата на 04.11.2010 година, донесе Решение бр.07-364 со кое ја УВАЖИ Жалбата, Решението бр.07-3377/2 од 13.09.2010 година, на Министерството за правда – Управа за извршување санкции го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Управата за извршување санкции постапи по наведеното Решение на Комисијата и по повторното постапување по предметот донесе Решение за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Против наведеното Решение К.М., преку полномошникот Ф.М. на 07.02.2011 година, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-364 од 17.02.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда – Управа за извршување санкции и побара во рок од 3 дена Управата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за извршување санкции во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор на жалба, бр.07-844/2 од 25.02.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-364 на 07.03.2011 година.
Во Одговорот на Жалбата Управата останува на Образложението од оспореното Решение, односно дека бараната информација преставува класифицирана информација. Дел од информацијата е класифицирана со степен “Доверливо“, а дел со степен “Интерно“. Исто така, наведува дека го спровела тестот на штетност при што утврдила дека “со откривањето на бараните информации ќе се предизвика штета со последици во функционирањето на затворскиот систем, текот на тендерските постапки, и ќе им причини финансиска загуба или ќе им овозможи несоодветни достигнувања или предности на правните или физи,ите лица“.
Управата за извршување на санкции понатаму наведува дека, по извршената класификација на документот доставила Известување до Владата на Република Македонија, Министерството за финансии и Банката за развој при Советот на Европа дека документот е класифициран и дека со него е потребно да се постапува согласно со законската регулатива за класифицирани информации.
Комисијата сметаше дека Образложението на оспореното Решение и Одговорот на Жалбата не се доволни за Комисијата да може да одлучи по Жалбата и да донесе правилно и законско решение. Од тие причини согласно своите законски надлежности на 15.03.2011 година, достави допис до Управата за извршување на санкции со кој побара Управата да и достави фотокопија од информацијата, што е предмет на барањето. За истото го извести полномошникот на жалителот.
Со оглед на тоа што Управата не постапи по овој допис на Комисијата, Комисијата на 21.04.2011година, повторно се обрати до Управата со истото барање и образложение.
Во врска со повторното барање на Комисијата,Управата за извршување санкции достави допис бр.ДОВ.07-46/2 од 16.05.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-364 на 16.05.2011 година. Во прилог на дописот достави фотокопија од првата страница на бараната информација од која се гледа дека истата е класифицирана во 2010 година, со степен на класификација “ДОВЕРЛИВО“ и е наведено дека е достапна само за Министерството за правда – Управа за извршување санкции.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека бараната информација, согласно Законот за класифицирани информации (“Службен весник на РМ“ бр.9/2004, 20/2007, 5/2010), е класифицирана со степен на класификација “Доверливо“. Согласно наведениот Закон класифицирана информација со степен “Доверливо“ се разгледува и оценува во период не подолг од три години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата, додека класифицирана информација со степен “Интерно“ се разгледува и оценува во период не подолг од две години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку нови вработувања на определено време, а колку на неопределено време, се реализирани во Министерството за правда врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени во периодот 20 февруари 2011-20 март 2011 година?“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-140 на 18.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер во Министерството за правда примено на 24.03.2011 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку нови вработувања на определено време, а колку на неопределено време, се реализирани во Министерството за правда врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени во периодот 20 февруари 2011-20 март 2011 година?“.
Министерството за правда како што е наведено во Жалбата на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-140 од 30.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за правда постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и бр.6/2010), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот 01 јануари 2010 – 20 февруари 2011 година?“, најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-143 на 18.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29.07.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер во Министерството за правда примено на 21.03.2011 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството, во периодот 01 јануари 2010 – 20 февруари 2011 година?“.
Министерството за правда како што е наведено во Жалбата на ова барања не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-143 од 30.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за правда постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица поднесена против Одговорот на Апелационен суд – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Одговорот на Апелациониот суд – Штип Су.бр.464/11од 20.04.2011 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-120 на 28.04.2011 година, изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Одговорот Су.бр.4642/11 од 20.04.2011 година, на Апелациониот суд – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.Л. од Струмица, на 08.04.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер преку Основниот суд Струмица до Апелациониот суд во Штип со кое ја побарал следнaта информација.
“Зошто е донесена пресуда “Во името на граѓаните на Република Македонија“ која патем речено, донесена спротивно европската конвенција за човекови права, спротивно законот, моралот, и е пример на организиран…..“.
Основниот суд во Струмица со допис бр.ПИЈК.бр.3/11 од 11.04.2011 година, го препратил барањето до Апелациониот суд во Штип.
Во врска со ова Барање Апелациониот суд во Штип, до барателот доставил Одговор Су.бр.464/11 од 20.04.2011 година. Во Одговорот Судот наведува дека барањето не е со карактер на барање за добивање на информации од јавен карактер туку истото има содржина на поплака со која се изразува незадоволство од донесената Одлука на Апелациониот суд во Штип. Во продолжение го известува барателот дека Претседателот на судот не е овластен да ја оценува стручноста и совесноста на судиите при постапување во конкретни предмети, туку тоа е во надлежност на други институции во Република Македонија.
Незадоволен од наведениот Одговор, Д.Л. од Струмица на 28.04.2011 година, достави Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-120 од 09.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Апелациониот суд во Штип и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Апелациониот суд во Штип, достави Одговор до Комисијата Су.бр.687/11 од 17.06.2011 година, а во Комисијата заведен на 22.06.2011година.
Во одговорот потпишан од Претседателот на судот се наведува. “…. ова барање јас го сметав како поплака на одредена судска одлука, а не како барање за добивање на информација….“.
Во прилог на Одговорот судот до Комисијата ги достави и списите во врска со предметот.
По разгледувањето на сите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Апелациониот суд во Штип во врска со поднесеното Барање од Д.Л. од Струмица не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја спровел постапката по барањето согласно наведениот Закон.
Барањето било поднесено на Образецот утврден од Комисијата и во тој случај судот не може да го смета како “поплака на одредена судска одлука, а не како барање за добивање на информација“, како што наведува во Одговорот на Жалбата.
Веднаш по добивањето на Барањето судот бил должен да ја спроведе постапката по истото согласно, одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно да го извести барателот за потреба од дополнување на барањето. Во Известувањето бил должен да наведе дека поднесеното барање е непотполно од причина што не ги исполнува условите од членот 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за да може да постапува. Согласно член 17 став 1 од Законот да му укаже на барателот дека барањето е должен да го дополни во рок од 3 дена од денот на приемот на известувањето, да наведе која информација од јавен карактер ја бара и во која форма ја бара истата, бидејќи во наведеното барање бара одговор на прашање, а не информација. Доколку истото не го направи во наведениот рок да му укаже на последиците.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Г. од Кавадарци, поднесена против Решението на Основниот суд Скопје 2 – Скопје – Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Г. од Кавадарци, поднесена против Решението на Основниот суд Скопје 2-Скопје – Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Основен суд Скопје 2 Скопје, 03 Су.бр.770/2011 од 05.04.2011 година, се поништува и СЕ ЗАДОЛЖУВА Судот на барателот “Да му овозможи увид и да му достави препис од Решение СТ.бр.32/99, нов број СТ.бр.371/07“, најдоцна до 29 јули 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата изјавена од В.Г. од Кавадарци заведена во Комисијата под број 07-157 на 30.05.2011 година, поднесена против Решението на Основниот суд Скопје 2-Скопје – Граѓански суд 03 Су.бр.770/2011 од 05.04.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, оспореното Решение го поништи и ГО ЗАДОЛЖИ Судот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 29 jули 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.Г. од Кавадарци на 17.03.2011 година, доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје-2 Скопје – Граѓански суд со кое од Судот ја побарал следната информација.
“Да му овозможи увид и да му достави препис од Решение СТ.бр.32/99, нов број СТ.бр.371/07“.
Основниот суд Скопје 2-Скопје – Граѓански суд во врска со ова Барање на 05.04.2011 година, донел Решение со кое барањето за пристап до информацијата го одбил.
Незадоволен од наведеното Решение В.Г. на 03.05.2011 година, преку Основен суд Скопје 2-Скопје – Граѓански суд, поднесе Жалба до Комисијата.
Судот ја препрати Жалбата до Комисијата, но не се произнесе по истата. Во прилог ги достави списите во врска со предметот.
Во Образложението на оспореното Решение се наведува: “…Списите на судските предмети не претставуваат информации од јавен карактер во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што до нив да можат да имаат пристап сите физички и правни лица. Токму спротивното произлегува од процесните закони со кои се уредени судските постапки во кои точно и прецизно е определено на кои субјекти и под кои услови може да им се дозволи разгледување, препишување и добивање на фотокопија од списите во постапката.Така согласно член ст.144 од законот за парнична постапка (Сл.весник бр.79/2005), определено е дека само странките во постапката имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите на постапката во која учествуваат…….“.
Во врска со горенаведеното Комисијата на Основниот суд Скопје II Скопје – Граѓански суд, му укажува на следното.
Кога барањето за пристап до информации од јавен карактер е доставено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/08 и 6/2010), постапката по истото се спроведува според одредбите на наведениот Закон.
Решение за одбивање на Барањето имателот на информации е должен да донесе доколку утврди дека согласно член 6 од наведениот Закон бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап. Комисијата укажува дека во ниту една точка од наведениот член не е регулирано дека “странките во постапката имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите на постапката во која учествуваат“, претставува исклучок од слободниот пристап до информации. Од тие причини Судот во случајов нема основ да донесе решение за одбивање на пристапот.
Во Законот за парнична постапка (член 144) не е определено дека “само“ странките во постапката….. Зборот “само“ во наведениот член не постои. Истиот регулира на кои лица може да им се дозволи разгледување, препишување или копирање на списите. Меѓутоа, во ниту еден член од наведениот Закон не постои одредба со која изрично се забранува пристапот до бараните информации на други лица кои не се странки во постапката или немаат оправдан интерес, а во демокрактски развиените земји се што не е изрично забрането е дозволено.
Комисијата утврди дека постапувањето на Основен суд Скопје II Скопје – Граѓански суд по конкретниот предмет е спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и спротивно на начелата на јавност, отвореност, транспарентност, економичност на имателите на информации. Целта на горенаведениот Закон е граѓаните да го остварат своето право на пристап до информации од јавен карактер на брз и едноставен начин.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Министерството за информатичко општество и администрација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за информатичко општество и администрација, во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година?”, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-138 од 18.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Министерството за информатичко општество и администрација и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 24.03.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за информатичко општество и администрација и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани бо Министерството за информатичко општество и администрација, во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година.“
Министерството за информатичко општество и администрација на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и на 18.05.2011 година, е поднесена жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-138.
Комисијата со допис бр.07-138 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за информатичко општество и администрација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за информатичко општество и администрација до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под број 03-1155/3 од 13.06.2011 година а во Комисијата заведен под број 07-138 на 14.06.2011 година.
Во Одговорот се наведува: “ На барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.03-1155/1….е позитивно одговорено од страна на Министерството за информатичко општество и администрација на ден 19.05.2011 година. Одговорот на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер е задоцнет од причина што службеното лице задолжено за информациите од јавен карактер Т.Б. беше ангажиран за време на предизборниот период од страна на Државната изборна комисија…..“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 23.06.2011 година, преку меил ја извести Комисијата дека добиле одговор од Министерството за информатичко општество и администрација од кој се задоволни.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека, Министерството за информатичко општество и администрација одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација, но по истекот на законски предвидениот рок, односно по поднесувањето на Жалбата.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за правда, во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година?”, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-141 од 18.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за правда и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 24.03.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку привремени вработувања преку агенциите за привремени вработувања се реализирани во Министерството за правда, во периодот од 20 февруари 2011 година-20 март 2011 година.“
Министерството за правда на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и на 18.05.2011 година, е поднесена жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-141.
Комисијата со допис бр.07-141 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под број 19-1206/4 од 09.06.2011 година а во Комисијата заведен под број 07-141 на 17.06.2011 година.
Во Одговорот се наведува: “Министерството за правда го разгледа барањето и достави одговор до Фондацијата. Ви доставуваме фотокопија од дописот испратен до Фондацијата институт отворено општество-Македонија“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 23.06.2011 година, преку меил ја извести Комисијата дека добиле одговор од Министерството за правда од кој се задоволни.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека, Министерството за правда одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација, но по истекот на законски предвидениот рок, односно по поднесувањето на Жалбата.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Министерството за информатичко општество и администрација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку нови вработувања на определено време, а колку на неопределено време, се реализирани во Министерството за информатичко општество и администрација врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени, во периодот од 01 јануари 2010 година-20 февруари 2011 година?”, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-144 од 18.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против Министерството за информатичко општество и администрација и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 22.03.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за информатичко општество и администрација и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку нови вработувања на определено време, а колку на неопределено време, се реализирани во Министерството за информатичко општество и администрација врз основа на јавен оглас за вработување, колку огласи се објавени и колку огласи се поништени, во периодот од 01 јануари 2010 година-20 февруари 2011 година?.“
Министерството за информатичко општество и администрација на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и на 18.05.2011 година, е поднесена жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-144.
Комисијата со допис бр.07-144 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за информатичко општество и администрација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за информатичко општество и администрација до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под број 03-1156/3 од 13.06.2011 година а во Комисијата заведен под број 07-144 на 14.06.2011 година.
Во Одговорот се наведува: “На барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.03-1156/1….е позитивно одговорено од страна на Министерството за информатичко општество и администрација на ден 19.05.2011 година. Одговорот на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер е задоцнет од причина што службеното лице задолжено за информациите од јавен карактер Т.Б. беше ангажиран за време на предизборниот период од страна на Државната изборна комисија…..“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 23.06.2011 година, преку меил ја извести Комисијата дека добиле одговор од Министерството за информатичко општество и администрација од кој се задоволни.
Врз основа на наведеното Комисијата утврди дека, Министерството за информатичко општество и администрација одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација, но по истекот на законски предвидениот рок, односно по поднесувањето на Жалбата.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминацијата “Правдина“-Струмица, поднесена против ЈПКД “Комуналец“-Струмица по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминацијата “Правдина„ од Струмица, поднесена против ЈПКД “Комуналец“-Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-156 на 23.05.2011 година, изјавена од Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминацијата “Правдина„ од Струмица, поднесена против ЈПКД “Комуналец“-Струмица по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и го утврди следното.
Здружението за спречување на корупцијатата и заштита од дискриминацијата “Правдина од Струмица, на 15.04.2011 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈПКД “Комуналец“-Струмица во и побарало да му ја достават следната информација.
“ Годишен план за јавни набавки за 2011 година “.
ЈПКД “Комуналец“-Струмица, како што е наведено во Жалбата, на ова Барања не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и на 23.05.2011 година, е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-156 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до ЈПКД “Комуналец“-Струмица и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈПКД “Комуналец“ од Струмица одговори со допис бр.03-2096/2 од 17.06.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-156 од 22.06.2011 година.
Со наведениот допис ЈПКД “Комуналец“ од Струмица ја известува Комисијата дека “..бараната информација т.е. копија од Планот за јавни набавки за 2011 година денес (17.06.2011 г) го доставуваме и до Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминацијата “Правдина“ од Струмица и до Вас- Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер“ .
Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминацијата “Правдина“ од Струмица, до Комисијата достави Поднесок заведен под бр.03-79/4 од 20.06.2011 година а во Комисијата заведен под бр.07-156 од 28.06.2011 година, со кој ја известува дека од ЈПКД “Комуналец“ од Струмица на ден 17.06.2011 година ја добиле бараната информација и предлагаат Жалбата да се смета за повлечена.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, ЈПКД “Комуналец“ од Струмица одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминацијата “Правдина“ од Струмица, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-100 од 21.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-100 од 21.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Според кои закон/и од надлежност на министерството и на органите во рамките на министерството имаат надлежност да постапуваат комисиите за одлучување по прекршоци (да се наведе за секоја комисија одделно)?“.
Министерството за транспорт и врски на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-100 од 03.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски по ова барање до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр. 23-3683/2 од 09.05.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-100 на 10.05.2011 година. Во Произнесувањето е наведено дека во врска со Барањето „ Министерството …Ве известува дека доставило одговор на бараната информација…“.
Во прилог го достави и Одговорот на Барањето до ФИОМ, заведен под бр. 23-10134/2 од 13.12.2010 година, како и фотокопија од поштенска доставница на препорачана пратка, потпишана од барателот на информацијата на 22.12.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-103 од 21.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-103 од 21.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Колку одлуки да не се донесе одлука за прекршок на ниво на РМ се донесени во секоја година одделно и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството е донесена одлуката (бараната информација треба да се однесува за периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)“.
Министерството за транспорт и врски на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-103 од 03.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски по ова барање до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр. 23-3680/2 од 09.05.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-103 на 10.05.2011 година. Во Произнесувањето е наведено дека во врска со Барањето „ Министерството …Ве известува дека доставило одговор на бараната информација…“.
Во прилог го достави и Одговорот на Барањето до ФИОМ, заведен под бр. 23-10137/2 од 13.12.2010 година, како и фотокопија од поштенска доставница на препорачана пратка, потпишана од барателот на информацијата на 22.12.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-106 од 21.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-106 од 21.04.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“За колку од донесените одлуки за прекршок на ниво на РМ е поднесена тужба од страна на лицата на кои им била изречена санкција (бараната информација треба да се однесува за периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)?“.
Министерството за транспорт и врски на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-106 од 03.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски по ова барање до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр. 23-3675/2 од 09.05.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-106 на 10.05.2011 година. Во Произнесувањето е наведено дека во врска со Барањето „ Министерството …Ве известува дека доставило одговор на бараната информација…“.
Во прилог го достави и Одговорот на Барањето до ФИОМ, заведен под бр. 23-10140/2 од 13.12.2010 година, како и фотокопија од поштенска доставница на препорачана пратка, потпишана од барателот на информацијата на 22.12.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-151 на 20.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 04.04.2011 година поднела Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за локална самоуправа и побарала да и биде доставена следната информација:
„Копија од Годишниот извештај за статусот на меѓуопштинската соработка за 2010 година“.
Министерството за локална самоуправа, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-151 од 27.05.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за локална самоуправа и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за локална самоуправа до Комисијата достави Одговор по жалба бр.18 – 1177/2 од 02.06.2011 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-151 на 17.06.2011 година. Во Одговорот е наведено дека „…во меѓувреме информацијата е доставена до барателот“.
На 23.06.2011 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија до Комисијата достави електронски допис, заведен под бр. 07-151, во кој наведува дека и е доставен одговор од имателот, од кој е задоволна.
Врз основа на изнесеното Комисијата утврди дека, Министерството за локална самоуправа одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-154 на 20.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 21.04.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
„Копија од експертското мислење за имплементација на системот за државна служба и управувањето со човечките ресурси во јавната администрација на Република Македонија, со предложени мерки, изготвено од страна на проф. Г.В. од Факултетот за јавна администрација во Љубљана, Република Словенија“.
Министерството за правда го препратило Барањето до Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања, како имател на бараната информација и за тоа го известила барателот со Известување бр. 19-1651/2 од 06.05.2011 година.
На 13.05.2011 година Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања донела Заклучок за прекинување на постапката бр. 17-1264/2, со образложение дека не располага со бараната информација.
Незадоволна од добиениот Заклучок, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, поднесе жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-154 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Како одговор на ова барање, Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања до Комисијата достави Известување бр. 17 – 1264/5 од 06.06.2011 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-154 на 14.06.2011 година. Во Известувањето е наведено дека „…бараната информација ќе биде препратена до барателот на информацијата…истата не беше претходно доставена од технички причини“.
На 23.06.2011 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија до Комисијата достави електронски допис, заведен под бр. 07-154, во кој наведува дека и е доставен одговор од имателот, од кој е задоволна.
Врз основа на изнесеното Комисијата утврди дека, Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Р.С. од Куманово, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Р.С. од Куманово, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-171 на 30.05.2011 година, изјавена од Р.С. од Куманово, поднесена против Министерството за правда и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Р.С., како што е наведено во Жалбата, на 02.03.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарал да му ја достават следната информација.
“Време на полагање на правосуден испит на правникот Б.А., екс помошник раководител на секторот за правосудство при Министерството за правда.“
Министерството за правда на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и на 14.04.2011 година, Р.С. поднел Жалба до Министерството за правда.
Министерството за правда, со допис бр.19-1567/5 од 25.05.2011 година, ја препрати Жалбата во надлежност на Комисијата, а во Комисијата заведена под бр.07-171 на 30.05.2011 година.
Комисијата со допис бр.07-171 од 13.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда во врска со наведеното барање, достави допис број 19-1567/8 од 17.06.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-171 на 22.06.2011 година, во кој наведува дека Министерството постапило по Барањето и до Р.С. доставило одговор. Во прилог на дописот, Министерството до Комисијата достави фотокопија од одговорот на барањето-Известување по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, УПП Бр.19-1567/6 од 25.05.2011 година, во кој наведува:”Лицето Б.А. согласно податоците од евидентната книга во Министерството за правда, правосудниот испит го положила на 15.12.2000 година во Скопје.”
На 24.06.2011 година, Министерството за правда до Комисијата достави и фотокопија од повратницата за достава на наведениот одговор-Известување УПП Бр.19-1567/6 од 25.05.2011 година, примено од Р.С. на 27.05.2011 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за правда, одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Р.С., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија “ЕСЕ” Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-179 на 14.06.2011 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија “ЕСЕ” Скопје поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-179 на 14.06.2011 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија “ЕСЕ” Скопје поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија “ЕСЕ” Скопје, преку полномошник Д.А. на 18.04.2011 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарало по пошта да му достават информации кои се однесуваат на буџетот, програмите и буџетските распределби во рамките на Министерството и помеѓу неговите органи.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барања не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и на 14.06.2011 година, е поднесена Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-179.
По поднесувањето на Жалбата, на истиот ден, 14.06.2011 година, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија “ЕСЕ” Скопје по е- меил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата бидејќи на 14.06.2011 година, Министерството за труд и социјална политика им ги доставило бараните информации.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за труд и социјална политика одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија “ЕСЕ” Скопје преку полномошникот Д.А., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, и барателот добил целосен одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Б.П. од Велес поднесена против Основниот суд Велес по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-176 на 09.06.2011 година, изјавена од Б.П. од Велес поднесена против Основниот суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-176 на 09.06.2011 година, изјавена од Б.П. од Велес поднесена против Основниот суд Велес по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното.
П.Б. од Велес, на 21.04.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Велес и побарал да му ја достават следната информација.
“Фотокопија од судска одлука, Решение што Основниот суд Велес ја донел во месец Март-Април 2004 година за враќање на правниот субјект Инвестас ДОО Скопје во субјектот МХК Злетово АД Велес.”
Основниот суд Велес, како што е наведено во Жалбата, со допис СУ.бр.456/11-1 од 28.04.2011 година побарал од Б.П. да го дополни Барањето согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Б.П. постапил по барањето на Судот и на 05.05.2011 година, до Основниот суд Велес доставил Поднесок за дополнување на барање, во кој прецизира дека од судот бара да му достави “…фотокопија на решение Ки број 134/03 и сите други списи во врска со решението доколку ги има.“
Основниот суд Велес како што е наведено во Жалбата, на овој Поднесок за дополнување на барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-176 од 14.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 16.06.2011 година, Б.П. до Комисијата достави Поднесок со кој ја известува Комисијата дека Основниот суд Велес му ја доставил бараната информација поради што ја повлекува Жалбата бр.07-176.
На 28.06.2011 година, Основниот суд Велес до Комисијата достави Одговор на Жалба СУ.бр.456-3/11 од 23.06.2011 година, со кој ја извести Комисијата дека на барателот Б.П. му е доставена бараната информација на 14.06.2011 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Основниот суд Велес одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Б.П. од Велес, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, и барателот добил целосен одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Адвокатската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Адвокатската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-85 на 11.04.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Адвокатската комора на Република Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.К., како што е наведено во Жалбата, на 03.03.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Адвокатската комора на РМ и побарал да му достават соодветен акт по пошта или веднаш на рака во просториите на Адвокатската комора на РМ следната информација.
“1. Ажурирана листа на “Адвокатски друштва” регистрирани во адв.комора за територија на град Скопје;
2. Соодветни последователни датуми на регистрација на “Адвокатските друштва” во Адвокатската комора на Р.М. соодветно за ажурираната листа од точка 1 на овој поднесок.“
Адвокатската комора на РМ на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-85 од 14.04.2011 година, ја препрати Жалбата до Адвокатската комора на РМ и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Адвокатската комора на РМ во врска со наведеното барање, достави допис од 20.05.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-85 на 30.05.2011 година, во кој наведува дека бараната информација е доставена и до барателот на информацијата, Милутин Крстески. Во прилог на наведениот допис Адвокатската комора на РМ до Комисијата ја достави бараната информација и фотокопија од приемна книга (лист) на пошта за достава на одговорот до М.К. од 23.05.2011 година.
Во врска со наведениот одговор, на 20.06.2011 година, М.К до Комисијата достави Известување, во кој наведува дека не е задоволен во целост од доставениот одговор поради тоа што, како што наведува “… доставениот акт не ги поседува основните законски елементи, па сметам дека истиот е незаконски, и тоа поради: 1. Приложената препорачана поштенска пратка … во штембилот не поседува деловодни податоци (деловоден број и датум на евидентирање на деловодниот број)…; 2. Приложениот акт: “БЕЗИМЕН” … не поседува штембил на Адвокатската комора на Република Македонија, ниту пак деловоден евидентен број, а поседува датум…; 3. Приложениот акт: “БЕЗИМЕН”… поседува своерачен потпис на службеното лице Ј.Р. … истото лице не е овластен … да се потпишува на ваков вид на акти; 4. Во прилог на Приложениот акт: “БЕЗИМЕН” … ми се доставува акт: Список на Адвокатски друштва, … во истиот се согледува дека не поседува штембил на Адвокатската комора на Република Македонија, ниту пак деловоден евидентен број, ниту пак датум на евидентирање, ниту пак нумерирање на број на страни…”
Комисијата утврди дека, причините поради кои М.К. го смета одговорот за незаконски, се однесуваат на формалните недостатоци на одговорот и во врска со одговорот, кои не се од суштинско значење. Со дописот од 20.05.2011 година, Адвокатската комора на РМ одговорила на барањето и на барателот му ја доставила бараната информација, и со тоа Комисијата смета дека барателот го остварил неговото право на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Адвокатската комора на Република Македонија, одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од М.К., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-149 на 20.05.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 04.04.2011 година, поднела Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за локална самоуправа и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Копија од Физибилити студија за формирање посебна институција за обуки на локално ниво“.
Министерството за локална самоуправа, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-149 од 01.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за локална самоуправа и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за локална самоуправа до Комисијата достави Одговор по жалба бр. 18 – 1220/2 од 14.06.2011 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-149 на 17.06.2011 година. Во Одговорот е наведено дека „…во меѓувреме информацијата е доставена до барателот. До пролонгирање на рокот дојде поради потребата од дополнително време за финализирање на бараната информација“.
На 23.06.2011 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија до Комисијата достави електронски допис, заведен под бр. 07-149, во кој наведува дека Министерството за локална самоуправа и доставило одговор на барањето, од кој е задоволна.
Врз основа на изнесеното Комисијата утврди дека, Министерството за локална самоуправа одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-178 на 13.06.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје поднесена против Министерството за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното.
М.К., на 10.05.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер во Министерството за правда заведено под бр.19-1892/1 и побарал да му ја достават следната информација.
1.“Вкупен број на оформени допуштени предмети за водење на постапки во Европскиот суд за Човекови права, (по кои судот треба да се произнесе со соодветна одлука), за следните временски периоди:
– Временски период од датум 02.01.2006 год. до датум 02.01.2007 год, односно за 2006 год;
– Временски период од датум 02.01.2007 год. до датум 02.01.2008 год, односно за 2007 год;
– Временски период од датум 02.01.2008 год. до датум 02.01.2009 год, односно за 2008 год;
– Временски период од датум 02.01.2009 год. до датум 02.01.2010 год, односно за 2009 год;
– Временски период од датум 02.01.2010 год. до датум 02.01.2011 год, односно за 2010 год;
– Временски период од датум 02.01.2006 год. до датум 02.04.2011 год, односно за првиот квартал за 2011 год.
2. Вкупен број на решени предмети (судот се произнел со соодветна одлука) од страна на Европскиот суд за Човекови права, за временските периоди наведени во став 1 точка 1 на овој поднесок“.
Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на ова Барања не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и на 13.06.2011 година, е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-178 од 20.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Истиот ден, односно на 20.06.2011 година, М.К. достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-178, во кое покрај другото наведува дека на 18.06.2011 година, му е доставен одговор од Министерството за правда, од кој во целост е задоволен.
Врз основа на изнесеното Комисијата утврди дека, Министерството за правда одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од М.К. од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, и барателот добил целосен одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*****
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-444 од 28.04.2011 година и бр.07-444 од 06.05.2011 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), а во врска со член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 01 јули 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Постапките по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-444 од 28.04.2011 година и бр.07-444 од 06.05.2011 година, изјавени од Б.П. од Велес, поднесени против Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), ги разгледа Жалбите изјавени од Б.П. од Велес, заведени во Комисијата под бр.07-444 од 28.04.2011 година и бр.07-444 од 06.05.2011 година, поднесени против Осневен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Да ми се издаде фотокопија од оригиналниот договор (на јазикот на кој што е напишан) за пренос на побарување склучен меѓу субјектите: МХК Злетово АД Велес на улица Моша Пијаде б.б., Р.Македонија и АСТС Груп С.А. со седиште Микроџакет 401630 во Панама, Република Панама“ и го утврди следното:
Жалбите се изјавени од ист жалител, по исто барање, против Основен суд Велес, поради што, водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.