ДОНЕСЕНИ 14 РЕШЕНИЈА И ДВА ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 68 седница одржана на 24 јануари 2008 година, донесе 14 решенија и два заклучока.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на В.У., поднесена против Врховен суд на Република Македонија по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховиот суд на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата поднесена од В.У., заведена под бр.07-583/1 од 06.11.2007 година, Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер и Известувањето од Врховниот суд на Република Македонија и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
В.У. на 02.10.2007 година, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација “Колку пати и на кои датуми се побарани списи од тужениот по тужбата-предметот под У.бр.716/2005 год. од 30.03.2005 год. На кој датум прв пат е доставена тужба на одговор до тужениот и на кои датуми доставил одговор тужениот, ако воопшто доставил. Воедно барам да ми се даде примерок-фотокопија од одговорот – те од тужениот“.
Жалбата е неоснована од следните причини.
Прво, В.У. не бара информација која е создадена и која постои туку бара одговор на прашања. Законот не забранува Врховниот суд врз основа на барањето да направи нова информација од податоците кои ги има. Сепак, Законот не создава ваква обврска за имателите на информации.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“.
Второ, во врска со Жалбата која Комисијата ја препрати до Врховниот суд на Република Македонија, Врховниот суд достави Известување бр.07-583/3 од 29.11.2007 година, во кое се нагласува следното:
“По разгледувањето на содржината на барањето, оценето е дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на странката и е одговорено како по поднесена преставка. Во конкретниот случај се работи за информации кои се однесуваат на постапката по управен спор заведен во Врховниот суд на Република Македонија, каде лицето В.У. е странка и на кој по предходно барање му е овозможен увид во целиот предмет, заедно со дејствијата на постапување на тужениот орган. Оттука, наоѓаме дека барањето за доставување на информации во врска со наведениот предмет сега и од аспект на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не е барање од таков карактер, а кои на барателот на информации во судската постапка му биле ставени на увид и се во надлежност на конкретен Управен суд (совет) кој одлучува по тужбата според Законот за управните спорови“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до ЈЗУ Здравствен дом Делчево, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата поднесена од ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО од Скопје, против ЈЗУ Здравствен дом Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА, ЈЗУ Здравствен дом Делчево на барателот да му ја достави бараната информација: “1.План за јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати усвоен од страна на Управниот одбор; 2. Одлука за потреба од јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати; 3.Задолжителна тендерска документација; 4.Записник од отворање на понудите; 5.Извештај за евалуација; 6.Ранг-листа по Извештајот за евалуација; 7.Одлука за избор; 8. Понудите на сите понудувачи со задолжителна придружна документација“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-697/1 од 11.12.2007година, поднесена од ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО, против ЈЗУ Здравствен дом Делчево, и одговорот на Жалбата, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Здравствен дом Делчево, на барателот да му ја достави бараната информација: “1.План за јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати усвоен од страна на Управниот одбор. 2. Одлука за потреба од јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати; 3.Задолжителна тендерска документација; 4.Записник од отворање на понудите; 5.Извештај за евалуација; 6.Ранг-листа по Извештајот за евалуација; 7.Одлука за избор; 8. Понудите на сите понудувачи со задолжителна придружна документација“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во Барањето.
На 24.10.2007 година, ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО Скопје поднело Барање до ЈЗУ Здравствен дом Делчево и ја побарало горенаведената информација.
Имателот на информацијата ЈЗУ Здравствен дом Делчево на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што е поднесена жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО од Скопје, против ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА, ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод на барателот да му ја достави бараната информација: “1.План за јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати усвоен од страна на Управниот одбор; 2. Одлука за потреба од јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати; 3.Задолжителна тендерска документација; 4.Записник од отворање на понудите; 5.Извештај за евалуација; 6.Ранг-листа по Извештајот за евалуација; 7.Одлука за избор; 8. Понудите на сите понудувачи со задолжителна придружна документација“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-696/1 од 11.12.2007година, поднесена од ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО, против ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод, и одговорот на Жалбата, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод, на барателот да му ја достави бараната информација: “1.План за јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати усвоен од страна на Управниот одбор. 2. Одлука за потреба од јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати; 3.Задолжителна тендерска документација; 4.Записник од отворање на понудите; 5.Извештај за евалуација; 6.Ранг-листа по Извештајот за евалуација; 7.Одлука за избор; 8. Понудите на сите понудувачи со задолжителна придружна документација“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во Барањето.
На 24.10.2007 година, ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО Скопје поднело Барање до ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод и ја побарало горенаведената информација.
Имателот на информацијата ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што е поднесена жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до ЈЗУ Здравствен дом Берово, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата поднесена од ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО од Скопје, против ЈЗУ Здравствен дом Берово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА, ЈЗУ Здравствен дом Берово на барателот да му ја достави бараната информација: “1.План за јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати усвоен од страна на Управниот одбор; 2. Одлука за потреба од јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати; 3.Задолжителна тендерска документација; 4.Записник од отворање на понудите; 5.Извештај за евалуација; 6.Ранг-листа по Извештајот за евалуација; 7.Одлука за избор; 8.Понудите на сите понудувачи со задолжителна придружна документација“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-698/1 од 11.12.2007година, поднесена од ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО, против ЈЗУ Здравствен дом Берово и одговорот на Жалбата, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Здравствен дом Берово, на барателот да му ја достави бараната информација: “1.План за јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати усвоен од страна на Управниот одбор. 2. Одлука за потреба од јавна набавка-демонтажа на постојни рентген апарати; 3.Задолжителна тендерска документација; 4.Записник од отворање на понудите; 5.Извештај за евалуација; 6.Ранг-листа по Извештајот за евалуација; 7.Одлука за избор; 8. Понудите на сите понудувачи со задолжителна придружна документација“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во Барањето.
На 24.10.2007 година, ДАТО МЕД-ЕЛЕКТРОНИК ДОО Скопје поднело Барање до ЈЗУ Здравствен дом Берово и ја побарало горенаведената информација.
Имателот на информацијата ЈЗУ Здравствен дом Берово на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што е поднесена жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на А.К. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Р., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Р., адвокат од Скопје, против Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА СЕ ЗАДОЛЖУВА, Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија на барателот да му ја достави бараната информација: “Висината на долгот по основ на електрична енергија на ЈП МРТ према АД ЕСМ“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-622/1 од 12.11.2007година, изјавена од А.К. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Р., адвокат од Скопје, против Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија , ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, на барателот да му ја достави бараната информација за: “Висината на долгот по основ на електрична енергија на ЈП МРТ према АД ЕСМ“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 28.09.2007 година, А.К. од Скопје поднел Барање до Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија и побарал информација за: “Висината на долгот по основ на електрична енергија на ЈП МРТ према АД ЕСМ“.
Имателот на информацијата Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија не одговори ниту на дописот од 16.11.2007година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по Жалбата и да да ги достави сите списи во врска со предметот.
Согласно член 44 став 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА, Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија на барателот да му ја достави бараната информација: “Листа на јавни претпријатија кои должат за користење на електрична енергија со висина на долгот“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-651/1 од 19.11.2007година, изјавена од Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.М., адвокат од Скопје, против Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија , ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, на барателот да му ја достави бараната информација: “Листа на јавни претпријатија кои должат за користење на електрична енергија со висина на долгот“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 19.09.2007 година, Г.П. од Скопје поднела Барање до Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија и побарал информација: “Листа на јавни претпријатија кои должат за користење на електрична енергија со висина на долгот“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Имателот на информацијата Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел Жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија не одговори ниту на дописот од 21.11.2007година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по Жалбата и да да ги достави сите списи во врска со предметот.
Согласно член 44 став 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Ј.С. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија ЕВН, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.С. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, против Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија- ЕВН, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА, Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија на барателот да му ја достави бараната информација: “Копии од записниците од седниците одржани на Надзорниот одбор во текот на 2007 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-619/1 од 12.11.2007година, изјавена од Ј.С. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, против Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија – ЕВН , ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија – ЕВН, на барателот да му ја достави бараната информација: “Копии од записниците од седниците одржани на Надзорниот одбор во текот на 2007 година“ , во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 27.09.2007 година, Ј.С. од Скопје поднела Барање до Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија – ЕВН и побарала информација “Копии од записниците од седниците одржани на Надзорниот одбор во текот на 2007 година“.
Имателот на информацијата Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија – ЕВН, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел Жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија не одговори ниту на дописот од 16.11.2007година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по Жалбата и да да ги достави сите списи во врска со предметот.
Согласно член 44 став 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Е.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Министерството за финансии, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Е.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА, Министерството за финансии на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година (по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви активност/и (кој проект, услуга и сл.), од која буџетска линија, ставка или потставка се исплатени средствата. Копии од Решенијата за доделување на средствата како и договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и слично“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-543/1 од 31.10.2007година, изјавена од Е.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии, на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година (по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви активност/и (кој проект, услуга и сл.), од која буџетска линија, ставка или потставка се исплатени средствата. Копии од Решенијата за доделување на средствата како и договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и слично“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 29.09.2007 година, Е.Д. од Скопје поднела Барање до Министерството за финансии и побарала информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година (по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви активност/и (кој проект, услуга и сл.), од која буџетска линија, ставка или потставка се исплатени средствата. Копии од Решенијата за доделување на средствата како и договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и слично“.
Имателот на информацијата Министерството за финансии на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел Жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Министерството за финансии не одговори ниту на дописот од 06.11.2007година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по жалбата и да да ги достави сите списи во врска со предметот.
Согласно член 44 став 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на С.В. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против МЕПСО – Македонски електро преносен систем оператор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.В., од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против МЕПСО – Македонски електро преносен систем оператор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА како ненавремена.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-637/1 од 15.11.2007 година, изјавена од С.В. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против МЕПСО – Македонски електро преносен систем оператор и ЈА ОТФРЛА како ненавремена.
Согласно член 20 став (4) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако имателот на информацијата во рокот утврден во членот 21 на овој закон не му овозможи на барателот пристап до информацијата и ако не донесе и не му достави на барателот решение од ставот (2 ) на овој член, се смета дека барањето е одбиено по што може да се поднесе Жалба.
Согласно член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето“.
Според член 28 точка (2) “Барателот има право да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер кога имателот на информацијата не постапил во согласност со членовите 20 став (4), 24 став (4) и 26 став (1) од овој Закон во рок од осум дена од денот на приемот на актот“.
Од приемниот печат се гледа дека брањето во МЕПСО – Македонски електро преносен систем оператор, е заведено на 25.09.2007 година, а Жалбата е доставена до Комисијата со препорачана пратка заведена во пошта 13.11.2007 година. Жалбата е доставена по истекот на рокот од осум дена.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Министерство за култура, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари 2008 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, против Министерство за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година (по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви/и активности/и (кој проект,услуга и сл) и од која буџетска линија, ставка или подставка се исплатени средствата (фотокопии од решенијата за доделување на средствата, копија од договорите по основ на кои биле префрлени средства за услуги, донации и сл) “, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-650/1 од 19.11.2007 година, изјавена од Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, против Министерство за култура, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура, на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година (по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви/и активности/и (кој проект,услуга и сл) и од кој буџетска линија, ставка или подставка се исплатени средствата (фотокопии од решенијата за доделување на средствата, копија од договорите по основ на кои биле префрлени средства за услуги, донации и сл “ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 19.09.2007 година, Г.П. од Скопје поднела Барање до Министерството за култура и побарала информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година( по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви/и активности/и (кој проект,услуга и сл) и од која буџетска линија, ставка или подставка се исплатени средствата (фотокопии од решенијата за доделување на средствата, копија од договорите по основ на кои биле префрлени средства за услуги, донации и сл “.
Имателот на информацијата Министерството за култура на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел жалба.
Согласно член 2 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Министерството за култура не одговори ниту на дописот испратен 21.11.2007 година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот. На службеното лице на Комисијата, кое два пати телефонски контактираше со службеното лице во Министерството му беше речено дека ќе достават одговор по Жалбата но таков одговор до Комисијата и по 65 дена нема.
Согласно член 44 точка 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на А.М. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Министерство за култура, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари 2008 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација: “Кои активности се преземени за ревитализација на споменикот на култура Стара скопска чаршија од 2004 година до денес “, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-614/1 од 12.11.2007година, изјавена од А.М. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура, на барателот да му ја достави бараната информација: “Кои активности се преземени за ревитализација на споменикот на култура Стара скопска чаршија од 2004 година до денес “ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 26.09.2007 година, А.М. од Скопје поднел Барање до Министерството за култура и побарал информација за:“Кои активности се преземени за ревитализација на споменикот на култура Стара скопска чаршија од 2004 година до денес “.
Имателот на информацијата Министерството за култура на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел Жалба.
Согласно член 2 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Министерството за култура не одговори ниту на дописот испратен на 15.11.2007 година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот. На службеното лице на Комисијата, кое два пати телефонски контактираше со службеното лице во Министерството му беше речено дека ќе достават одговор по Жалбата, но таков одговор до Комисијата и по 69 дена нема.
Согласно член 44 точка 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА, АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија на барателот да му ја достави бараната информација: “Годишен извештај за работата во 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-592/1 од 08.11.2007 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, на барателот да му ја достави бараната информација: “Годишен извештај за работата во 2006 година “, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 25.09.2007 година, Д.Д. од Скопје поднела Барање до АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија и побарала информација: “Годишен извештај за работата во 2006 година“.
Имателот на информацијата АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел Жалба.
По поднесувањето на Жалбата, на 22.12.2007 година, АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија достави Одговорот на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, заведен во Комисијата под број 07-137/1 од 16.01.2008 година.
Во одговорот, АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија ја известува Комисијата дека до барателот го испратиле следниот одговор:
“Во тек е тендерска постапка за избор на печатница која треба да го дизајнира и да го испечати Годишниот извештај од работењето на АД ЕЛЕМ за 2006 година. Веднаш по излегувањето од печат, АД ЕЛЕМ ќе ви го достави материјалот на адресата наведена во вашето Барање.
Воедно Ве информираме дека поради обврската за тендерската процедура за избор на печатница која ќе ги подготвува публикациите на АД ЕЛЕМ, Годишните извештаи за 2004 и 2005 година излегоа од печат во јули годинава.“
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, ги ценеше наводите во Одговорот на имателот, но сепак ви укажува на следното:
Согласно член 2 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста.
Одговорното односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок.(член 39).
Бараната информација претставува информација од јавен карактер и должни сте да му ја доставите на барателот.
Исто така, согласно член 20 од истиот Закон, ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кое барањето е одбиено, а доколку позитивно одговори за тоа да изготви записник.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на В.У., поднесена против Врховен суд на Република Македонија по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Врховиот суд на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата поднесена од В.У., заведена под бр.07-582/1 од 06.11.2007 година, Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер и Известувањето од Врховниот суд на Република Македонија и ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
В.У. на 02.10.2007 година, поднел барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација “Колку пати и на кои датуми се побарани списи од тужениот по тужбата-предметот под У.бр.1460/2004 год.
На кој датум предметот (“Барање за враќање во поранешна состојба-повторување на постапката“) доставен од тужителот до судот на ден 25/26-05-2006г. и заведен под У.бр.1552/2006 е доставен до тужениот и на кој датум тужениот доставил одговор по истиот до судот.
Воедно барам да ми се даде примерок од одговорот од тужениот“.
Жалбата е неоснована од следните причини:
Прво, В.У. не бара информација која е создадена и која постои, туку бара одговор на прашања. Законот не го обврзува Врховниот суд на Република Македонија врз основа на барањето да направи нова информација од податоците кои ги има. Сепак, Законот не создава ваква обврска за имателите на информации.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“.
Второ, во врска со Жалбата која Комисијата ја препрати до Врховниот суд на Република Македонија, Врховниот суд достави Известување бр СПИ-15/07 од 27.11.2007 година, во кое се нагласува следното:
“По разгледувањето на содржината на вака доставеното барање, оценето е дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на странката и е одговорено како по поднесена преставка.
Во конкретниот случај се работи за информации кои се однесуваат на постапката по управен спор заведен во Врховниот суд на Република Македонија, каде лицето В.У. е странка и на кој по предходно барање му е овозможен увид во целиот предмет, заедно со дејствијата на постапување на тужениот орган. Оттука, наоѓаме дека барањето за доставување на информации во врска со наведениот предмет сега и од аспект на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не е барање од таков карактер. Не може преку овој закон да се бараат информации кои се од предметен (страничен ) карактер, а кои на барателот на информации во судската постапка му биле ставени на увид и се во надлежност на конкретен Управен суд (совет) кој одлучува по тужбата според Законот за управните спорови.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на С.У. од Скопје, поднесена преку полномошник-законски застапник, родител, В.У. од Скопје, против Врховен суд на Република Македонија по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 24 јануари, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.У. од Скопје, поднесена преку полномошник-законски застапник, родител В.У., против Врховниот суд на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата изјавена од С.У. од Скопје, поднесена преку полномошник-законски застапник, родител В.У. од Скопје, заведена под бр.07-581/1 од 06.11.2007 година, Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер и Известувањето од Врховниот суд на Република Македонија и ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
С.У. на 02.10.2007 година, поднел барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација “ Во врска со предметот доставен до Врховниот суд на ден 23-05-2006 г. под У.бр.1518/2006г. барам писмено да ме информирате на кој датум овој предмет (“Барање за корекција и враќање во поранешна состојба на пресудата У.бр.235/2005г. како и мериторно одлучување по истата) судот го испратил до тужениот, на кој датум тужениот го примил предметот и на кој датум тужениот доставил одговор до судот по овој предмет. Воедно барам да добијам и примерок од одговорот од тужениот.“
Жалбата е неоснована од следните причини:
Прво, В.У. не бара информација која е создадена и која постои туку бара одговор на прашања. Законот не го обврзува Врховниот суд на Република Македонија врз основа на барањето да направи нова информација од податоците кои ги има. Сепак, Законот не создава ваква обврска за имателите на информации.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“.
Второ, во врска со Жалбата која Комисијата ја препрати до Врховниот суд на Република Македонија, Врховниот суд достави Известување бр СПИ-14/07 од 27.11.2007 година во кое се нагласува следното:
“По разгледувањето на содржината на вака доставеното барање, оценето е дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на странката и е одговорено како по поднесена преставка.
Во конкретниот случај се работи за информации кои се однесуваат на постапката по управен спор заведен во Врховниот суд на Република Македонија, каде на лицето В.У. по предходно барање му е овозможен увид во целиот предмет, заедно со дејствијата на постапување на тужениот орган. Оттука, наоѓаме дека барањето за доставување на информации во врска со наведениот предмет сега и од аспект на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не е барање од таков карактер. Не може преку овој закон да се бараат информации кои се од предметен (страничен ) карактер, а кои на барателот на информации во судската постапка му биле ставени на увид и се во надлежност на конкретен Управен суд (совет) кој одлучува по тужбата според Законот за управните спорови.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Служба за животна средина, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општа управна постапка, на Седницата одржана на 24 јануари 2008 година го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-82/1 од 15.01.2008 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поради откажување од истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Жалителот П.Б. од Скопје, со писмен допис бр. 07-82/2 од 17.01.2008 година ја извести Комисијата дека се откажува од Жалбата поднесена против Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Служба за животна средина, од кое барателот побарал документ – „Програма за посетување и разгледување на спелеолошкиот објект Шаркова Дупка изготвена од Националниот парк Маврово„.
Подносителот на Жалбата се откажува од истата затоа што имателот на информацијата Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ, Служба за животна средина на барателот му ја доставило бараната информација.
Согласно горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од И.Т. од Скопје, поднесена преку полномошник А.Е., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Министерство за финансии – Дирекција за спречување на перење пари, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општа управна постапка, на седницата одржана на 24 јануари 2008 година го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-601/1 од 08.11.2007 година, изјавена од И.Т. од Скопје, поднесена преку полномошник А.Е., адвокат од Скопје, поради откажување од истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 22.01.2008 година е доставен писмен допис од полномошникот на подносителот на Жалбата, адвокат А.Е., која ја извести Комисијата дека се откажува од Жалбата поднесена против Министерство за финансии – Дирекција за спречување на перење пари, од кое барателот побарал документ во фотокопија – „ Колку случаи на перење на пари се откриени во периодот на 2006 до денес и колку од нив добиле судска разврска?„.
Подносителот на Жалбата се откажува од истата затоа што имателот на информацијата Министерството за финансии – Дирекција за спречување на перење пари на барателот му ја доставило бараната информација после поднесувањето на Жалбата.
Согласно горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.