ДОНЕСЕНИ 15 РЕШЕНИЈА И 9 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 66 седница одржана на 16 јануари 2008 година, донесе 15 решенија и 9 заклучоци.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Г.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, против политичката партија ВМРО – Народна партија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, против ВМРО–Народна партија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија ВМРО – Народна партија на барателот да му ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-566/1 од 05.11.2007 година, изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје JA УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ политичката партија ВМРО – Народна партија, до барателот да ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека Политичката партија постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 24.09.2007година, Г.С. од Скопје до ВМРО – Народна партија поднел Барање за пристап до информација од јавен карактер – “Регистар на донации за 2006година“.
На ова Барање Политичката партија не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да постапи по Барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на Барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Исто така, Политичката партија ВМРО – Народна партија, согласно Законот за финансирање на политичките партии, (член 23 став 1 и 2), е должна да води сметководство за финансиско-материјалното работење на Партијата, а нејзините приходи се јавни. Оттука, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа е должна да ја даде бараната информација, бидејќи таа претставува, информација од јавен карактер.
Политичката партија ВМРО – Народна партија не одговори ниту на дописот бр.07-566/2 од 09.11.2007година, доставен од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со кој Комисијата укажа на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен какрактер и бараше во најкраток можен рок (веднаш) Партијата да се произнесе по Жалбата и да и ги достави сите списи во врска со предметот.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на И.С. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, против политичката партија ВМРО – ДПМНЕ по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од И.С. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, против ВМРО – ДПМНЕ по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија ВМРО – ДПМНЕ на барателот да му ја достави бараната информација, “Целосен преглед на финансирањето на политичката партија (финансиско материјално работење),за период Јануари-Декември 2006 година (член 4, а во врска со член 2, од Законот за финансирање на политичките партии)“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-624/1 од 12.11.2007 година, изјавена од И.С. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје ја УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, до барателот да ја достави бараната информација, “Целосен преглед на финансирањето на политичката партија (финансиско материјално работење),за период Јануари-Декември 2006 година, (член 4, а во врска со член 2, од Законот за финансирање на политичките партии)“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека Политичката партија постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 19.09.2007година, И.С. од Скопје до политичката партија, ВМРО – ДПМНЕ, поднела Барање за пристап до информација од јавен карактер и побарала-“Целосен преглед на финансирањето на политичката партија (финансиско материјално работење),за период Јануари-Декември 2006 година, (член 4, а во врска со член 2, од Законот за финансирање на политичките партии)“.
На ова Барање Политичката партија не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да постапи по Барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Исто така, политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, согласно Законот за финансирање на политичките партии, (член 23 став 1 и 2), е должна да води сметководство за финансиско-материјалното работење на Партијата, а нејзините приходи се јавни. Оттука, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа е должна да ја даде бараната информација, бидејќи таа претставува информација од јавен карактер.
Политичката партија ВМРО–ДПМНЕ не одговори ниту на дописот бр.07-624/2 од 16.11.2007година, доставен од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со кој Комисијата укажа на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен какрактер и бараше во најкраток можен рок (веднаш) Политичката партија да се произнесе по жалбата и да и ги достави сите списи во врска со предметот.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Ф.С. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против политичката партија Партија за Европска интеграција (ПЕИ) по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ф.С. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Партија за Европска интеграција (ПЕИ) по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија Партија за Европска интеграција (ПЕИ), на барателот да му ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-654/1 од 19.11.2007 година, изјавена од Ф.С. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје ја УВАЖИ Жалбата и ЈА ЗАДОЛЖИ политичката партија ПЕИ, на барателот да му ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека имателот на информацијата постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 29.09.2007година, Ф.С. од Скопје до политичката партија ПЕИ, поднел Барање за пристап до информација од јавен карактер – “Регистар на донации за 2006 година“.
На ова Барање Политичката партија не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да постапи по барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Исто така, политичката партија ПЕИ, согласно Законот за финансирање на политичките партии, (член 23 став 1 и 2), е должна да води сметководство за финансиско-материјалното работење на Партијата, а нејзините приходи се јавни. Оттука, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа е должна да ја даде бараната информација, бидејќи таа претставува информација од јавен карактер.
Политичката партија ПЕИ не одговори ниту на дописот бр.07-654/2 од 21.11.2007година, доставен од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со кој Комисијата укажа на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен какрактер и бараше во најкраток можен рок (веднаш) партијата да се произнесе по жалбата и да и ги достави сите списи во врска со предметот.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Ј.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократски сојуз по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Демократски сојуз по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката Демократски сојуз на барателот да му ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-635/1 од 15.11.2007 година, изјавена од Ј.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ политичката партија Демократски сојуз, до барателот да ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека имателот на информацијата постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 29.09.2007година, Ј.С. од Скопје до политичката партија Демократски сојуз, поднела Барање за пристап до информација од јавен карактер – “Регистар на донации за 2006 година“.
На ова Барање Политичката партија не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да постапи по Барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Исто така, политичката партија Демократски сојуз, согласно Законот за финансирање на политичките партии, (член 23 став 1 и 2), е должна да води сметководство за финансиско-материјалното работење на Партијата, а нејзините приходи се јавни. Оттука, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа е должна да ја даде бараната информација, бидејќи претставува информација од јавен карактер.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на К.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, против политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, против Демократска унија за интеграција (ДУИ) по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) на барателот да му ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-595/1 од 08.11.2007 година, изјавена од К.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје ја УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), до барателот да ја достави бараната информација, “Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека имателот на информацијата постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 25.09.2007година, К.З. од Скопје до политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), поднела барање за пристап до информација од јавен карактер – “Регистар на донации за 2006 година“.
На ова Барање Политичката партија не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должен да постапи по барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Исто така, политичката партија ДУИ, согласно Законот за финансирање на политичките партии, (член 23 став 1 и 2), е должна да води сметководство за финансиско-материјалното работење на Партијата, а нејзините приходи се јавни. Оттука, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа е должна да ја даде бараната информација, бидејќи претставува информација од јавен карактер.
Политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) не одговори ниту на дописот бр.07-595/2 од 16.14.2007година, доставен од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со кој Комисијата укажа на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен какрактер и бараше во најкраток можен рок (веднаш) партијата да се произнесе по жалбата и да и ги достави сите списи во врска со предметот.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.М. од Скопје, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против политичка партија Демократска партија на Албанците (ДПА) по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Демократска партија на Албанците (ДПА) по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија Демократска партија на Албанците (ДПА) на барателот да му ја достави бараната информација, копија од “Статутот на политичката партија“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-626/1 од 12.11.2007 година, изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат ја УВАЖИ И ЈА ЗАДОЛЖИ политичката партија Демократска партија на Албанците (ДПА), до барателот да ја достави бараната информација копија од “Статутот на политичката партија“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека имателот на информацијата постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 03.10.2007година, Д.М. од Скопје до Демократска партија на Албанците (ДПА), поднел барање за пристап до информација од јавен карактер и побарал копија од – “Статутот на политичката партија“.
На ова Барање Политичката партија не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да постапи по барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Политичката партија Демократска партија на Албанците (ДПА) не одговори ниту на дописот бр.07-626/2 од 16.11.2007 година, доставен од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со кој Комисијата укажа на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен какрактер и бараше во најкраток можен рок (веднаш) партијата да се произнесе по жалбата и да и ги достави сите списи во врска со предметот.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Т.Н. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против политичка партија – Демократска партија на Албанците по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.Н. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против политичката партија- Демократска партија на Албанците по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија – Демократска партија на Албанците на барателот да му ја достави бараната информација, “Целосен преглед на финансиското работење на политичката партија (финансиско-материјално работење) за период јануари-декември 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-571/1 од 05.11.2007 година, изјавена од Т.Н. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партија – Демократска партија на Албанците, до барателот да ја достави бараната информација, “Целосен преглед на финансиското работење на политичката партијата (финансиско-материјално работење) за период јануари-декември 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека политичката партија – Демократската партија на Албанците постапила спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 25.09.2007 година, Т.Н. од Скопје до политичката партија – Демократска партија на Албанците, поднела Барање за пристап до информација од јавен карактер, “Целосен преглед на финансиското работење на политичката партијата (финансиско-материјално работење) за период јануари-декември 2006 година“.
На ова Барање политичката партија- Демократската партија на Албанците не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да постапи по Барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок(член 39).
Исто така, Политичката партија Демократската партија на Албанците, согласно Законот за финансирање на политичките партии, (член 23 став 1 и 2) е должна да води сметководство за финансиско материјално работење на Партијата, а нејзините приходи се јавни. Оттука, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа е должна да ја даде бараната информација, бидејќи таа претставува информација од јавен карактер.
Политичката партија – Демократска партија на Албанците не одговори ниту на дописот број 07-571/2 од 09.11.2007 година, доставен од Комисјата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кој Комисијата укажа на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и бараше во најкраток можен рок (веднаш) Партијата да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на А.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА, АД Македонски телекомуникации на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се наплатени за давање телефонски услуги во 2007 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-593/1 од 08.11.2007 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ АД Македонски телекомуникации, на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се наплатени за давање телефонски услуги во 2007 година “, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 27.09.2007 година, А.Д. од Скопје поднел Барање до АД Македонски телекомуникации и побарал информација:“Колку средства се наплатени за давање телефонски услуги во 2007 година “.
Имателот на информацијата АД Македонски телекомуникации на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел жалба.
По поднесувањето на жалбата, на 17.12.2007 година, АД Македонски телекомуникации достави Известување по жалба број 01-388590/2, заведено во Комисијата под број 07-593/3 од 25.12.2007 година.
Со Известувањето, АД Македонски телекомуникациии ја известува Комисијата за причините за непостапувањето по барањето “Ве известуваме дека задоцнувањето од страна на МТ во врска со постапувањето на Барањето се должи на спроведување на внатрешната постапка за назначување на службеното лице за пристап до информации од јавен карактер во МТ согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. МТ во најкраток можен рок ќе постапи по барањето на А.Д. од Скопје за пристап до информации од јавен карактер, а во кое лицето бара информација во форма на “фотокопија за колку средства се наплатени од давање на телефонски услуги во 2007 година“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ви укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста.
Одговорното односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок.(член 39).
Исто така, согласно член 20 од истиот Закон, ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кое барањето е одбиено, а доколку позитивно одговори за тоа да изготви записник.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на |Ж.Х.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Р.Р., адвокат од Скопје, против АД Електрани на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ж.Х.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Р.Р., адвокат од Скопје, против АД Електрани на Македонија, по предметот на Барање за пристап до информации од јавен карактер “Анализа направена во текот на градбата на РЕК Битола за влијанието на животната средина на РЕК Битола“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-613/1 од 12.11.2007 година, изјавена од Ж.Х.З. од Скопје, поднесена преку полномошник Р.Р. адвокат од Скопје, Одговорот на Барањето од АД Електрани на Македонија бр.02-4186/1 од 13.12.2007година, а во Комисијата заведен под број 07-613/3 од 24.12.2007 година, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување.
По разгледувањето на Жалбата и сите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
На 28.09.2007 година, Ж.Х.З. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД Електрани на Македонија. Барателот побарал да му се достави информација, “Анализа направена во текот на градбата на РЕК Битола за влијанието на животната средина на РЕК Битола“.
Имателот на информацијата АД Електрани на Македонија на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации поради што барателот преку полномошник поднел Жалба до Комисјата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Во Одговорот на Барањето доставен до Комисјата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на 24.12.2007 година, меѓу другото, АД Електрани на Македонија наведува:
“АД ЕЛЕМ не располага со таков материјал, бидејќи сите истражувања и проценки биле вршени од надворешни субјекти и институции а не од вработените во компанијата( поранешното Ј.П.“Електростопанство на Македонија“). Затоа ве молиме да се обратите до Министерството за животна средина и просторно планирање кое веруваме дека располага со документацијата за таа проблематика“.
Комисијата ви укажува на следното:
Согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,“Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.“
Имателот не постапил согласно наведениот член и не го препратил барањето тука само го известил барателот каде би можел да ја побара бараната информација, со писмо од 12.12.2007 година.
Доколку пак, имателот на информацијата не располага со бараната информација за тоа само писмено го известува барателот согласно член 26 став 2, доколку според содржината на барањето не може да утврди кој е имател на бараната информација.
Исто така, согласно член 20 од истиот Закон, ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кое барањето е одбиено, а доколку позитивно одговори за тоа да изготви записник.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
При повторното постапување по предметот АД Електрани на Македонија, треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.К. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.К. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА, АД Македонски телекомуникации на барателот да му ја достави бараната информација за: “Фотокопија од документите со кои АД Македонски телеком обезбедува точност на сметките за месечната наплата во фиксната телефонија“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-617/1 од 12.11.2007година, изјавена од Д.К. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ АД Македонски телекомуникации, на барателот да му ја достави бараната информација: “Фотокопија од документите со кои АД Македонски телекомуникации обезбедува точност на сметките за месечната наплата во фиксната телефонија “, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 26.09.2007 година, Д.К. од Скопје поднела Барање до АД Македонски телекомуникациии и побарала информација: “Фотокопија од документите со кои АД Македонски телеком обезбедува точност на сметките за месечната наплата во фиксната телефонија“.
Имателот на информацијата АД Македонски телекомуникации на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел Жалба.
По поднесувањето на Жалбата, на 17.12.2007 година, АД Македонски телекомуникации достави Известување по Жалба број 01-392861/2, заведено во Комисијата под број 07-617/3 од 21.12.2007 година.
Со Известувањето, АД Македонски телекомуникациии ја известува Комисијата за причините за непостапувањето по барањето “Ве известуваме дека задоцнувањето од страна на МТ во врска со постапувањето на Барањето се должи на спроведување на внатрешната постапка за назначување на службеното лице за пристап до информации од јавен карактер во МТ согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. МТ во најкраток можен рок ќе постапи по Барањето на Д.К. од Скопје за пристап на информации од јавен карактер, а во кое лицето бара информација во форма на “фотокопија од документите со кои АД Македонски телеком обезбедува точност на сметките за месечна наплата во фиксната телефонија“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ви укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста.
Одговорното односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок.(член 39)
Исто така, согласно член 20 од истиот Закон, ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кое барањето е одбиено, а доколку позитивно одговори за тоа да изготви записник.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Б.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА, АД Македонски телекомуникации на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се потрошени во 2007 година како донации за хуманитарни цели“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-646/1 од 19.11.2007 година, изјавена од Б.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, против АД Македонски телекомуникации, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ АД Македонски телекомуникации, на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се потрошени во 2007 година како донации за хуманитарни цели “, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
На 19.09.2007 година, Б.П. од Скопје поднела Барање до АД Македонски телекомуникации и побарала информација: “Колку средства се потрошени во 2007 година како донации за хуманитарни цели “.
Имателот на информацијата АД Македонски телекомуникации на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел жалба.
По поднесувањето на жалбата, на 17.12.2007 година, АД Македонски телекомуникации достави Известување по жалба број 01-397229/2, заведено во Комисијата под број 07-646/3 од 25.12.2007 година.
Со Известувањето, АД Македонски телекомуникациии ја известува Комисијата за причините за непостапувањето по барањето “Ве известуваме дека задоцнувањето од страна на МТ во врска со постапувањето на Барањето се должи на спроведување на внатрешната постапка за назначување на службеното лице за пристап до информации од јавен карактер во МТ согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. МТ во најкраток можен рок ќе постапат по Барањето на Б.П. од Скопје за пристап до информации од јавен карактер, а во кое лицето бара информација во форма на “фотокопија од документите за колку средства се потрошени во 2007 година во донации за хуманитарни цели“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ви укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста.
Одговорното односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок.(член 39)
Исто така, согласно член 20 од истиот Закон, ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кое барањето е одбиено, а доколку позитивно одговори за тоа да изготви записник.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на В.У. од Скопје изјавена против Решението на Централниот регистар на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата на В.У. од Скопје изјавена против Решението на Централниот регистар на Република Македонија број 08-2022/4 од 22.11.2007 година, СЕ ОТФРЛА како недопуштена.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја разгледа Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, заведена под бр.07-676/1 од 30.11.2007 година изјавена против Решението на Централниот регистар на Република Македонија број 08-2022/4 од 22.11.2007 година, и сите списи во врска со предметот и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
На 30.11.2007 година В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактет, заведена под бр.07- 676/1 од 30.11.2007 година, против Решението на Централниот регистер на Република Македонија број 08-2022/4 од 22.11.2007 година. (“Барањето на барателот В.У. бр.08-2022/1 од 09.11.2007 година за пристап до информации од јавен карактер со кое истиот бара да биде известен колку пати, на кои датуми и каде (на која адреса по хронолошки ред до денес). Друштвото за трговија на големо и мало ЖИТО-КО ул “Босна и Херцеговина“ бр.55 Скопје, рег.влошка број 1-64822-0-0-0 односно по извршеното усогласување Друштвото за трговија на големо и мало ЖИТКО-КО Симаг Инвест и др. ДОО увоз-извоз, ул “Босна и Херцеговина“ бр.55 Скопје, во стечај, извршило промена на своето седиште и дали истото го пријавил кај надлежниот орган“), СЕ ОДБИВА“.
Разгледувајќи ја Жалбата против цитираното Решение, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до инфромациите од јавен карактер, утврди дека по истото оспорено Решение на Централниот Регистер на Република Македонија, Комисијата веќе има еднаш донесено Решение заведено под број 07-387/1 од 06.12.2007 година со кое Жалбата изјавена од В.У., заведена под број 07-387/10 од 16.11.2007 година ја одби како неоснована и го потврди Решението за одбивање на пристап бр.08-2022/4 од 22.11.2007 година, донесено од Централниот регистар на Република Македоинија, кое е конечно во управната постапка.
Со оглед на погоре изложеното, нема основ Комисијата по втор пат да решава за иста работа за која веќе еднаш има донесено Решение.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Т.С. од Скопје, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Агенција за електронски комуникации по предметот на Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.С. од Скопје, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Агенција за електронски комуникации, по предметот на Барање за пристап до информации од јавен карактер, да му достават “Правилник за систематизација на работните места во Агенцијата“. СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-6/1 од 02.01.2008 година, изјавена од Т.С. од Скопје, поднесена преку полномошник В.Д. адвокат од Скопје, Мислењето по Жалба од Агенција за електронски комуникации бр.10-3486/3 од 26.12.2007 година, а во Комисијата заведен под број 07-6/2 од 02.01.2008 година, Барањето за пристап до информации поднесено до Агенцијата за електронски комуникации, заведено под број 10-3486/1 од 28.09.2007 година, да му се достави “Правилник за систематизација на работните места во Агенцијата“, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување.
По разгледувањето на Жалбата и сите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
На 28.09.2007 година, Т.С. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенција за електронски комуникации заведено под бр.10-3486/1 и побарал да му се достави информацијата “Правилник за систематизација на работните места во Агенцијата“.
Имателот на информацијата, Агенцијата за електронски комуникации на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации поради што барателот преку полномошник поднел Жалба.
По поднесувањето на Жалбата, Агенцијата за електронски комуникации, заедно со Жалбата достави и Мислење заведено под број 10-3486/3 од 26.12.2007 година. Во мислењето, кое во Комисијата е заведено под број 07-6/1 од 02.01.2008 година, се наведува:
“Според наше мислење станува збор за неаргументирана жалба, бидејќи на официјалниот сајт на Агенцијата за електронски комуникации во секое време е достапна листата на информации од јавен карактер кои може да ги побараат граѓаните. Оваа информација воопшто не е дел од таа листа. Освен тоа, давањето на таа информација е спротивна на Законот за електронски комуникации (кој исто така е достапен на веб страницата на Агенцијата за електронски комуникации). Според член 25, став 3 точка, а насловен како Пристап до документацијата на Агенцијата, децидно стои дека: на јавноста нема да и биде достапна документацијата доколку поинаку не е уредено со овој закон, а се однесува на акти за лицата вработени во Агенцијата и акти за внатрешната организација и систематизација на Агенцијата“.
Комисијата ви укажува на следното:
Согласно член 20 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа е должен да донесе решение кое треба да содржи образложение за причините поради кое барањето е одбиено, а доколку позитивно одговори за тоа да изготви записник.
Имателот не постапил согласно цитираниот член туку доставил само мислење до Комисијата што е спротивно на цитираниот член.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
При повторното постапување по предметот Агенцијата за електронски комуникациии, треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Р.А.С. од Скопје, изјавена против Решението на општина Кисела Вода, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата на Р.А.С. од Скопје, изјавена против Решението на општина Кисела Вода број 08-8004/2 од 30.11.2007 година, СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение на Општина Кисела Вода, се ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Општина Кисела Вода на барателот на информацијата да му ја достави бараната информација “Со кои објекти располага инвеститорот “САМАРИЈА и тоа: објекти во изградба и изградени објекти“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-699/1 од 12.12.2007година, барањето за пристап до информации од јавен карактер доставенио до општина Кисела Вода, заведено под број 12-8004/1 од 05.11.2007 година, Решението на Општина Кисела Вода број 08-8004/2 од 30.11.2007 година, со кое Барањето на Р.А.С. се одбива, ја УВАЖИ, оспореното Решение на Општина Кисела Вода го ПОНИШTИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Кисела Вода, на барателот на информацијата да му ја достави бараната информација “Со кои објекти располага инвеститорот “Самарија“ и тоа: објекти во изградба и изградени објекти“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Со увидот во списите на предметот Комисијата утврди дека на Барањето за слободен пристап до информациии поднесено од Р.А.С. имателот на информацијата, Општина Кисела Вода во законски предвидениот рок донела Решение за одбивање на пристап “СЕ одбива барањето бр.12-8004/1 од 05.11.2007 година поднесено од Р.А.С., со кое се бараат податоци за инвеститорот на градбата “Самарија“-Скопје.“
Во образложението на Решението имателот на информацијата наведува дека: “На 05.11.2007 година лицето Р.А.С., поднесе барање со кое се бараат информации за инвеститорот на градбата “Самарија“-Скопје.
Врз основа на членот 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ бр, 13/06), имателот на информации може да одбие барање за информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката “.
Комисијата утврди дека имателот на информацијата Општина Кисела Вода погрешно го применила материјалното право повикувајќи се на наведениот член затоа што од приложените списи се гледа дека не се работи за информација стекната или создадена за некоја од наведените постапки бидејќи овие информации општината ги поседувала подолг период и пред поднесувањето на барањето на жалителката, што е видно и од Пресудата на Основниот суд Скопје 2 бр.2028/02од 03.07 2007 година, каде што се споменува наведениот инвеститор “Самарија“ и некои од објектите кои ги иамал на територијата на наведената општина а за кои според позитивните законски одредби мора да има поднесено документација во општина Кисела Вода.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ви укажува на следното.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста.
Одговорното односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок.(член 39).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на И.К. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, против политичката партија –Демократска партија на Албанците по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од И.К. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, против Демократска партија на Албанците по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија – Демократска партија на Албанците на барателот да му ја достави бараната информација, „Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-556/1 од 05.11.2007 година, изјавена од И.К. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ политичката партија – Демократска партија на Албанците, до барателот да ја достави бараната информација, „Регистар на донации за 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата оцени дека политичката партија – Демократската партија на Албанците постапила спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 19.09.2007 година, И.К. од Скопје до политичката партија – Демократска партија на Албанците, поднела Барање за пристап до информација од јавен карактер – „Регистар на донации за 2006 година“.
На ова Барање политичката партија – Демократската партија на Албанците не одговорила во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да постапи по Барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на Барањето да изготви записник или ако барањето делумно или целосно го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Согласно член 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39).
Исто така, политичката партија–Демократска партија на Албанците, согласно Законот за финансирање на политичките партии, (член 23 став 1 и 2), е должна да води сметководство за финансиско-материјално работење на Партијата, а нејзините приходи се јавни. Од тука, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, таа е должна да ја даде бараната информација, бидејќи таа претставува информација од јавен карактер.
Политичката партија – Демократската партија на Албанците не одговори ниту на дописот бр. 07-556/2 од 09.11.2007 година, доставен од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со кој Комисијата укажа на постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и бараше во најкраток можен рок (веднаш) Партијата да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на М.К. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Министерството за одбрана на Република Македонија, врз основа на член 223 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-513/1 од 22.10.2007 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на М.К. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, доставениот одговор од имателот и од доставените списи од Министерството за одбрана, утврди дека бараната информација – документ во фотокопија – „Планот за трансформација на Воената болница и кои нејзини оддели се планирани да се дадат под концесија?„ му е доставена на барателот по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување, по истекот на законски предвидениот рок. Комисијата укажува дека конкретниот имател на информацијата при евентуалните идни барања е должен да ги применува одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на С.К. од Скопје , поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Јавното претпријатие Македонска радио телевизија, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-599/1 од 08.11.2007 година, изјавена од С.К. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, поради откажување од истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Службеното лице во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 09.01.2008 година во непосреден контакт комуницираше со полномошникот на подносителот на Жалбата, адвокат Ј.А., која го извести дека се откажува од Жалбата поднесена против Јавното претпријатие Македонска радио телевизија, од кое барателот побарал документ – „Финансиски план за 2007 година „.
Подносителот на Жалбата се откажува од истата затоа што имателот на информацијата Јавното претпријатие Македонска радио телевизија, преку Комисијата, му ја достави бараната информација на барателот.
Согласно горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Е.В. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Министерство за финансии – Дирекција за спречување на перење пари, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-574/1 од 05.11.2007 година, изјавена од Е.В. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, поради откажување од истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Службеното лице во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 09.01.2008 година по телефон комуницираше со полномошникот на подносителот на Жалбата, адвокат А.А., која го извести дека се откажува од Жалбата поднесена против Министерство за финансии – Дирекција за спречување на перење пари, од кое барателот побарал документ – „Правилник за систематизација на работните места во Дирекцијата за спречување на перење пари„.
Подносителот на Жалбата се откажува од истата затоа што имателот на информацијата Министерство за финансии – Дирекција за спречување на перење пари му ја доставил бараната информација на барателот после поднесувањето на Жалбата.
Согласно горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Ф.С. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.Д., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Државниот Универзитет во Тетово, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-607/1 од 12.11.2007 година, изјавена од Ф.С. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.Д., адвокат од Скопје, поради откажување од истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Службеното лице во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 08.01.2008 година по телефон комуницираше со полномошникот на подносителот на Жалбата, адвокат Д.Д., кој го извести дека се откажува од Жалбата поднесена против Државниот Универзитет во Тетово, од кој барателот побарал документ – „еден од записниците од работата на седницата на Сенатот од Државниот Универзитет во Тетово„.
Подносителот на Жалбата се откажува од истата затоа што имателот на информацијата Државниот Универзитет во Тетово на барателот му ја доставил бараната информација.
Согласно горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Б.П. од Скопје , поднесена преку полномошник Д.Д., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Државниот завод за индустриска сопственост – Скопје, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-610/1 од 12.11.2007 година, изјавена од Б.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.Д., адвокат од Скопје, поради откажување од истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Службеното лице во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 08.01.2008 година по телефон комуницираше со полномошникот на подносителот на Жалбата, адвокат Д.Д., кој го извести дека се откажува од Жалбата поднесена против Државниот завод за индустриска сопственост – Скопје по Барање заведено во Заводот под бр. 03-977/1 од 01.11.2007 година.
Подносителот на Жалбата се откажува од истата затоа што имателот на информацијата Државниот завод за индустриска сопственост – Скопје му ја доставил бараната информација на барателот.
Согласно горе наведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Ф.Ј. од Скопје, поднесена преку полномошник Р.Р., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Министерството за внатрешни работи на Република Македонија – Управа за безбедност и контраразузнавање, врз основа на член 223 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-611/1 од 12.11.2007 година, изјавена од Ф.Ј. од Скопје, поднесена преку полномошник Р.Р., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е доставен одговорот на бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на Ф.Ј. од Скопје, поднесена преку полномошник Р.Р., адвокат од Скопје, доставениот одговор од имателот и од доставените списи, утврди дека бараната информација – документ во фотокопија – „Правилник за систематизација на работните места во Управата за Безбедност и Контраразузнавање„ имателот на информации му доставил одговор на барателот по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека барателот добил одговор на бараната информација, но со задоцнување, по истекот на законски предвидениот рок. Комисијата укажува дека конкретниот имател на информацијата при евентуалните идни барања е должен да ги применува одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на В.С. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Центарот за управување со кризи, врз основа на член 223 од Законот за општата управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-572/1 од 05.11.2007 година, изјавена од В.С. од Скопје поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација – “Анализа-извештај за причинетите штети од овогодишните пожари, во кои предели и колкава штета е направена и планска процена за нивна ревитализација “.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја разгледа Жалбата број 07-572/1 од 05.11.2007 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, и другите списи во врска со предметот и утврди дека бараната информација “Анализа- извештај за причинетите штети од овогодишните пожари, во кои предели и колкава штета е направена и планска процена за нивна ревитализација“, на барателот му е доставена со писмо број 02-4615/5-2 од 24.12.2007 година од ЈП “Македонски шуми“.
На 18.09.2007 година, В.С. поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер број 12/3-2727/1, до Центарот за управување со кризи и побарала да и се достави информацијата “Анализа- извештај за причинетите штети од овогодишните пожари, во кои предели и колкава штета е направена и планска процена за нивна ревитализација “.
Центарот за управување со кризи со писмо број 12/3-2727/2 од 18.10.2007 година го известил барателот дека тој не е надлежен за вршење на проценка за причинетите штети туку за проценка е надлежно ЈП “Македонски шуми“, но не го препратил Барањето.
Центарот за управување со кризи постапил спротивно на одредбите од член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи Барањето го препратил после рокот предвиден во наведениот член (барањето се препраќа веднаш а најдоцна во рок од 10 дена од денот на приемот на барањето.) Барањето на В.С. до ЈП “Македонски шуми е препратено на 30.11.2007 година, со задоцнување, по поднесувањето на Жалбата.
ЈП“Македонски шуми“ постапило по препратеното Барање и на 24.12.2007 година со писмо бр.4615/5-2, на барателот му ја доставило бараната информација.
Комисијата укажува дека Центарот за управување со кризи при евентуалните идни барања е должен да се придржува на законски предвидените рокови и форма на постапување по барањата согласно Законот.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Г.И. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Агенција за странски инвестиции, врз основа на член 223 од Законот за општата управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-664/1 од 23.11.2007 година, изјавена од Г.И. од Скопје поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, поради тоа што барателот писмено е известен дека имателот не располага со бараната информација – “Колкав е бројот на остварени инвестиции резултат на започнатата кампања “Invest in Macedonia, new business heaven in Europe“.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата изјавена од Г.И. од Скопје, доставениот одговор од имателот, Агенцијата за странски инвестиции, и другите списи во врска со предметот, и го констатира следното:
На 21.09.2007 година, Г.И. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за развој и инвестиции и побарал да му се достави информацијата “Колкав е бројот на остварени инвестиции резултат на започнатата кампања “Invest in Macedonia, new business heaven in Europe“.
Агенцијата за развој и инвестиции барањето на Г.И. на 02.10.2007 година, согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го препратила до Агенцијата за странски инвестиции и за тоа го известила барателот.
Комисијата утврди утврди дека Агенцијата за странски инвестиции, за препратеното барање, со писмо број 1279/2/02 од 28.12.2007 година, со задоцнување од 56 дена, го известила полномошникот на барателот дека не располага со бараната информација “во однос на барањето за бројот на остварени инвестиции во Република Македонија, Ве известуваме декa Агенцијата согласно нејзините законски овластувања не е институција преку која се врши регистарацијата на влезот на странски капитал во земјата“.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот го известил барателот дека не располага со бараната информација, односно дека постапил согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, иако со големо задоцнување, односно по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека Агенцијата за странски инвестиции при евентуалните идни барања е должна да се придржува на законски предвидените рокови и форма на постапување по барањата согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во спротивно, службеното лице за посредување со информации кај имателот ќе биде казнето за прекршок со парична казна од 20.000 до 50.000 денари согласно член 44 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини, одлучено е како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овај Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на К.Т. од Скопје, поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Агенција за странски инвестиции, врз основа на член 223 од Законот за општата управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-685/1 од 05.12.2007 година, изјавена од К.Т. од Скопје поднесена преку полномошник Ф.С.М., адвокат од Скопје, поради тоа што барателот писмено е известен дека имателот не располага со бараната информација -“Колку странски капитал е влезен во државата во последната година и преку кои компании“.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата изјавена од К.Т. од Скопје, доставениот одговор од имателот, Агенцијата за странски инвестиции, и другите списи во врска со предметот, и го констатира следното:
На 24.09.2007 година, К.Т. поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за развој и инвестиции и побарала да и се достави информацијата “Колку странски капитал е влезен во државата во последната година и преку кои компании“.
Агенцијата за развој и инвестиции барањето на К.Т. на 02.10.2007 година, согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го препратила до Агенцијата за странски инвестиции и за тоа го известила барателот.
Комисијата утврди утврди дека Агенцијата за странски инвестиции, за препратеното барање, со писмо број 02-1279/1/02 од 28.12.2007 година, со задоцнување од 56 дена, го известила барателот преку неговиот полномошник, дека не располага со бараната информација “ во однос на барањето за бројот на осртварени инвестиции во Република Македонија, Ве известуваме декa Агенцијата соглано нејзините законски овластувања не е институција преку која се врши регистарацијата на влезот на странски капитал во земјата“.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот го известил барателот преку неговиот полномошник, дека не располага со бараната информација, односно дека постапил согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, иако со големо задоцнување, односно по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека Агенцијата за странски инвестиции при евентуалните идни барања е должна да се придржува на законски предвидените рокови и форма при постапување по барањата согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во спротивно, службеното лице за посредување со информации кај имателот ќе биде казнето за прекршок со парична казна од 20.000 до 50.000 денари согласно член 44 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини, одлучено е како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овај Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.