ДОНЕСЕНИ 14 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 66–та седница одржана на 3 декември 2013 година, донесе 14 решенија и 3 заклучока.
 
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против  Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е
 
Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Фотокопјето од изјавата на С.Д. – медицинска сестра на одделението (интензивна нега) која била на работно место во критичниот ден. Изјавата е дадена пред раководителката на ДСЗИ ПО Центар – Д-р Л.К., спец. епидемиолог, на 05.10.2012 год.“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот на Министерство за здравтсво – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје бр.16-2337/4 од 21.11.2013 година СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-532 од 31.10.2013 година, изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ.
Заклучокот на Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје бр.16-2337/4 од 21.11.2013 година го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ш.М. од Скопје на 16.10.2013 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.16-2337/1 до Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје со кое побарал да му биде доставена по пошта фотокопија од следната информација.
„Фотокопјето од изјавата на С.Д.– медицинска сестра на одделението (интензивна нега) која била на работно место во критичниот ден. Изјавата е дадена пред раководителката на ДСЗИ ПО Центар – Д-р Л.К., спец. епидемиолог, на 05.10.2012 год“.
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје во врска со ова барање до барателот доставило Одговор бр. 16-2337/2 од 22.10.2013 година, во кој наведува дека „…ваква писмена изјава ова сестра нема дадено пред Државниот сантарен и зравствен инспекторат д-р Л.К., Вашето барање и неможе да биде задоволено“.
Незадоволен од добиениот одговор, Ш.М. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.   
Комисијата, со допис бр.07-532 од 05.11.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје до Комисијата достави Одговор на поднесок бр.16-2337/4 од 11.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-532 на 13.11.2013 година. Исто така, Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје до Комисијата достави Заклучок за запирање бр.16-2337/4 од 21.11.2013 година, со кое постапката по Барањето бр.16-2337/1 од 16.10.2013 година се запира со образложение дека не постои ваква писмена изјава од страна на медицинска сестра С.Д.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје по наведеното Барање не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010).
Имателот донел Заклучок кој е спротивен со одредбите од наведениот Закон.
Во правниот основ Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје, наместо да се повика на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, тој наведува дека „…Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од страна на Ш.М. до Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.16-2337/1 од 16.10.2013 година и Жалбата бр.16-2337/3 од 06.11.2013 година“… што не е во согласност со Законот.
Барањето е поднесено до Државен санитарен и здравствен инспекторат – Скопје, а не до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. До Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е поднесена Жалбата .   
Во диспозитивот на заклучокот е наведено „постапката се запира“ наместо постапката се прекинува.
Во упратството за правно средство е наведено: Против овој заклучок може да се изјави жалба во рок од 8 дена од денот на приемот на заклучокот до Комисијата за жалби на Министерството за здравство што е спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Жалбите поради непостапување или погрешно постапување на имателите, барателите ги доставуваат до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, заклучокот, молчење на администрација. Имателот нема право од барателот да наплаќа административни такси од 250 денари, бидејќи за поднесувањето на Жалбите согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер не се наплаќа административна такса.
Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010) е наведено „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против  ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
 
Р Е Ш Е Н И Е  

Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Фотокопје од писмените изјави дадени од неколкумина членови на персоналот на Невролошката клиника во Скопје во врска со скандалозниот настан од 12.09.2012 год. за времето на дежурството на Д-р Н.Т. во оваа клиника“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот бр.04-1222/1 на ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-536 од 01.11.2013 година, изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја уважи.
Заклучокот бр.04-1222/1 на ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија го поништи и ја задолжи ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ш.М. од Скопје на 16.10.2013 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 05-1133 со кое побарал да му биде доставена по пошта фотокопија од следната информација:
„Фотокопје од писмените изјави дадени од неколкумина членови на персоналот на Невролошката клиника во Скопје во врска со скандалозниот настан од 12.09.2012 год. за времето на дежурството на Д-р Н.Т. во оваа клиника“.  
ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија во врска со ова барање до барателот доставила Одговор бр. 05-1133/1 од 18.10.2013 година, во кој наведува дека „ ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија не располага со такви изјави. Имено, такви изјави воопшто не се дадени“.
Незадоволен од добиениот одговор, Ш.М. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.   
Комисијата, со допис бр.07-536 од 05.11.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.   
ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија до Комисијата достави Одговор бр.05-1216/2 од 07.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-536 на 13.11.2013 година. Во прилог на Одговорот до Комисијата достави Заклучок бр.04-1222/1 од 04.11.2013 година, со кој постапката се прекинува со образложение дека ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија не располага со писмени изјави коишто се побарани од лицето М.Ш., такви изјави воопшто не се дадени.
Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека во Одговорот на Комисијата за етички прашања при ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија-Скопје бр.05-1063/3 на 17.10.2012 година, е наведно „…Комисијата за етички прашања при Клиниката за неврологија повторно се состана на 15, 16 и 17 окт.2012 год. и ги разгледа доставените писмените изјави од здравствените работници, учесници/сведоци на немилиот настан“.
Комисијата врз основа на списите на предметот констатира дека, Одговорот на ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија односно донесениот Заклучок бр.04-1222/1 од 04.11.2013 година доставени до Комисијата, е во спротивно со Одговорот бр.05-1063/3 од 17.10.2013 година на Комисијата за етички прашања при ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија.
ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија наведува дека вакви писмени изјави воопшто не се дадени, а Комисијата за етички прашања дека ги разгледа доставените писмени изјави.
Врз основа на погоре наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ – Универзитетска клиника за неврологија по наведеното Барање не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010).
Поради горе наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември  2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј.. од Кичево, поднесена против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/4 од 16.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „Записниците за прибавени известувања од 28.03.2013 година, од Основното Јавно Обвинителство Кичево користени во постапката КО.бр.52/13, и Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности бр.13-4008/2 од 01.03.2013 година користено во постапката КО.бр.52/13, бидејќи станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер“ СЕ ОДБИВА.
Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/4 од 16.10.2013 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-535 на 01.11.2013 година, изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/4 од 16.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на Основното јавно обвинителство Кичево е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Кичево поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство Кичево КО бр.52/13 од 14.10.2013 година и побарал во фотокопија, нему лично на рака, да му ја достават следната информација:
„Записниците за прибавени известувања од 28.03.2013 година, од Основното Јавно Обвинителство Кичево користени во постапката КО.бр.52/13, и Известувањето на Агенцијата за катастар на недвижности бр.13-4008/2 од 01.03.2013 година користено во постапката КО.бр.52/13, бидејќи станува збор за барање за слободен пристап до информација од јавен карактер“    
Основното јавно обвинителство Кичево по ова Барање донело Решение А.бр. 03-68/4 од 16.10.2013 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на член 6 став 1 алинеја 2 и алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во образложението на Решението е наведено дека пристапот е одбиен „…од причини што бараната информација содржи лични податоци за вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, против кого е водена кривична постапка…и содржи податоци кои кај имателот на информација се стекнати за време на водење на кривична постапка, односнo во текот на преткривичната постапка…“.
Незадоволен од добиеното Решение, М.Ј. од Кичево поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-535 од 07.11.2013 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Кичево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Основното јавно обвинителство Кичево до Комисијата достави Одговор на жалба А.бр.03-68/8 од 13.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-535 на 18.11.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Основното јавно обвинителство Кичево останува на донесеното Решение А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година“.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на Основното јавно обвинителство Кичево и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/4 од 16.10.2013 година е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Основното јавно обвинителство Кичево во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Кичево при постапување по Барањето правилно постапило и со оглед на тоа што се работела за информација која претставува исклучок од слободниот пристап, донело Решение за одбивање на пристапот. Во образложението на оспореното Решение не е наведен тестот на штетност, но во Одговорот на жалба имателот ги образложил причините поради кои го одбил пристапот до бараните информации, а ги навел и последиците кои ќе настанат со објавување на тие информации.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:  „Фотокопија од Известување на Агенцијата за катастар на недвижности бр. 13-7662/2 од 15.05.2013 год. користено при донесување на Решение КО бр.52/13 од 03.10.2013 год. од Основното јавно обвинителство Кичево“ СЕ ОДБИВА.
Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година СЕ ПОТВРДУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-534 на 01.11.2013 година, изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во вска со предметот, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на Основното јавно обвинителство Кичево е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Кичево поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство Кичево КО бр.52/13 од 10.10.2013 година и побарал во фотокопија, нему лично на рака, да му ја достават следната информација:
    „Известување на Агенцијата за катастар на недвижности бр. 13-7662/2 од 15.05.2013 год. користено при донесување на Решение КО бр.52/13 од 03.10.2013 год. од Основното јавно обвинителство Кичево“.
Основното јавно обвинителство Кичево по ова Барање донело Решение А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на член 6 став 1 алинеја 2 и алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во образложението на Решението е наведено дека пристапот е одбиен „…од причини што бараната информација содржи лични податоци за вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, против кого е водена кривична постапка…и содржи податоци кои кај имателот на информација се стекнати за време на водење на кривична постапка, односнo во текот на преткривичната постапка…“.
Незадоволен од добиеното Решение, М.Ј. од Кичево на 01.11.2013 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-534.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-534 од 05.11.2013 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Кичево и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Основното јавно обвинителство Кичево до Комисијата достави Одговор на жалба А.бр.03-68/7 од 12.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-534 на 18.11.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Основното јавно обвинителство Кичево останува на донесеното Решение А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година“.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на Основното јавно обвинителство Кичево и другите списи во врска со предметот, Комисијата  утврди дека Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Основното јавно обвинителство Кичево во врска со наведениот предмет правилно ја утврдило фактичката состојба и правилно ги применило одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Кичево при постапување по барањето правилно постапило и со оглед на тоа што се работела за информација која претставува исклучок од слободниот пристап, донело Решение за одбивање на пристапот. Во образложението на оспореното Решение не е наведен тестот на штетност, но во Одговорот на жалба имателот ги образложил причините поради кои го одбил пристапот до бараните информации, а ги навел и последиците кои ќе настанат со објавување на тие информации.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 3 декември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му достави лично, фотокопија од бараната информација: „1.Записник од седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 21.09.2013 година “, најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Одлуката бр. 1874 од 09.10.2013 година на Комората на извршители на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-537 од 01.11.2013 година, изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Комората на извршители на барателот да му достави одговор по бараната информација најдоцна до 20.12. 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Одлуката бр. 1874 од 09.10.2013 година на Комората на извршители на Република Македонија ја ПОНИШТИ.
 По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-537 на 01.11.2013 година, С.П. од Скопје на 08.10.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на извршители на Република Македонија  и побарала да и достават лично, фотокопија од следната информација:  
„1.Записник од седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 21.09.2013 година “.
Комората на извршители на Република Македонија,  како што се наведува во Жалбата, по ова Барање до барателот доставила Одлука бр. 1874 од 09.10.2013 година, која барателот ја примил на 16.10.2013 година. Во Одлуката е наведено дека „Врз основа на член 68 од Законот за извршување…се одбива Барањето од С.П. д.б. 1850 од 08.10.2013 од причина што барателот не е член на Комората на извршители на РМ, а работата на Управниот одбор и другите органи на Комората е јавна за членовите на Собранието на Комората на извршители на РМ“.
Незадоволна од одговорот, односно Одлуката на Комората на извршители на Република Македонија,  С.П. од Скопје поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-537 од 05.11.2013 година, ја препрати Жалбата до Комората на извршители на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.          
Комората на извршители на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.2153 од 18.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-537 на 19.11.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Комората на извршители укажува дека согласно важечките подзаконски акти и актите на Комората на извршители, лицата кои претставуваат јавност и имаат право на увид во работата на органите на Комората на извршители на РМ согласно чл. 51 од Статутот се: заинтересираните извршители, заменици и помошници извршители. Согласно пак чл.4 од Правилникот за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер во извршувањето донесен од страна на Управниот одбор на КИРМ е предвидено дека: Барањето за пристап до информации кои се однесува на работата на органите на Комората на Република Македонија ќе се дозволи само на лицата кои согласно Статутот на Комората на извршители се сметаат како јавност“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер е должна да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не согласно други законски, или подзаконски акти.
Согласно член 20 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „ако имателот на информации позитивно одговори на Барањето, за тоа ќе изготви записник“, а согласно ставот 2 од истиот член „ако имателот на информацијата Барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение“. Во конкретниов случај Комората на извршители на Република Македонија, наместо со решение, Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер го одбила со Одлука на Управниот одбор на Комората, но не се повикала на исклучоците од слободниот пристап наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку се повикала на член 68 од Законот за извршување.
Оспорената Одлука на Комората на извршители на Република Македонија не содржи Упатство за правно средство, што е спротивно на член 15 од Уставот на Република Македонија, според кој „се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања“.
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 став 1 од Законот, должен е да постапи согласно член 20 став 2 од наведениот Закон, односно да донесе Решение за одбивање на пристапот, со образложение за одбивање и да го спроведе тестот на штетност. Тестот на штетност согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. Весник на РМ“ нр.6/2010) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со членот 6 од овој Закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата, во спротивно ќе донесе Решение за одбивање на барањето.
Доколку Комората на извршители на Република Македонија во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
Од наведеното произлегува дека Комората не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, во Одоговорот на жалбата Комората не го цитира до крај член 51 од Статутот на Комората (“Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2012) , согласно кој „Работата на органите на Комората е јавна…со одржување на јавни седници, со доставување на записници од седници и извештаи од работењето, со објавување на одлуките, заклучоците и актите на Комората преку средствата за информирање…“. Комората не постапила ниту согласно член 17 од нејзиниот Правилник за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер во извршувањето бр. 1883 од 09.10.2013 година, во кој е пропишано дека „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располага извршителот и Комората на извршители на РМ се остварува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Што се однесува до наводите во оспорената Одлука дека не го прифаќа Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер „…бидејќи подносителот не е член на Комората на извршители…“, Комисијата и укажува на Комората дека согласно  член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице, без дискриминација по која било основа…“, а имателите на информации се должни да постапуваат согласно член 2 од истиот Закон, односно „…да овозможат информираност на јавноста“.
Што се однесува, пак, до наводите во Одговорот на жалба бр.2153 од 18.11.2013 година на  Комората на извршители на Република Македонија дека „службеното лице за посредување со информации од јавен карактер Б.Н….се има изземено од постапување по предметите во врска со лицето С.П….“, Комисијата укажува дека тоа не е причина да не се постапи по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено од страна на С.П., или од други баратели согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комората на извршители на Република Македонија е должна да определи едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации, со што би се надминале наведените пречки при постапувањето по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 39 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Согласно член 41 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата кој нема да определи службено лице надлежно за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации согласно со членот 8 ставови 1 и 2 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.            
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му достави  лично на рака,  фотокопија од следниве формации: „1.Мислење од Комисијата за утврдување на одговорност на вработен во стручната служба на КИРМ, во состав А.Р., В. Д. и С.А. , изработено по одржаното рочиште  на ден 12.08.2013 година и доставено до Претседателот Управниот одбор на КИРМ; 2. Утврден Дневен ред за седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година; 3. Записник од одржаната седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година;  4. Утврден Дневен ред за седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 04.09.2013 година и 5. Записник од одржаната седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 04.09.2013 година  “, најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Одлуката бр. 1873 од 09.10.2013 година на Комората на извршители на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-527 од 25.10.2013 година, изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Комората на извршители на барателот да му достави одговор по бараната информација најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Одлуката бр. 1873 од 09.10.2013 година на Комората на извршители на Република Македонија ја ПОНИШТИ.
 По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-527 на 25.10.2013 година, С.П. од Скопје на 05.09.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на извршители на Република Македонија  и побарала да и достават фотокопии од следните информации:  
1.Мислење од Комисијата за утврдување на одговорност на вработен во стручната служба на КИРМ, во состав А.Р., В.Д. и С.А. , изработено по одржаното рочиште  на ден 12.08.2013 година и доставено до Претседателот на  Управниот одбор на КИРМ;
 2. Утврден Дневен ред за седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година;
3. Записник од одржаната седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година;
 4. Утврден Дневен ред за седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 04.09.2013 година ; “
5. Записник од одржаната седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 04.09.2013 година  “
Комората на извршители на Република Македонија,  како што се наведува во Жалбата, по ова Барање до барателот доставила Одлука бр. 1873 од 09.10.2013 година, која барателот ја примил на 16.10.2013 година. Во Одлуката е наведено дека „Се одбива Барање за пристап до информации од јавен карактер од С.П. д.б 1631 од 05.09.2013 година од причина што барателот не е член на Комората на извршители на РМ а работата на Управниот одбор и другите органи на Комората е јавна за членовите на Собранието на Комората на извршители на РМ“.
Незадоволна од одговорот, односно Одлуката на Комората на извршители на Република Македонија,  С.П. од Скопје поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-527 од 31.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Комората на извршители на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.          
Комората на извршители на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.2154 од 18.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-527 на 19.11.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Комората на извршители укажува дека согласно важечките подзаконски акти и актите на Комората на извршители, лицата кои претставуваат јавност и имаат право на увид во работата на органите на Комората на извршители на РМ согласно чл. 51 од Статутот се: заинтересираните извршители, заменици и помошници извршители. Согласно пак чл.4 од Правилникот за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер во извршувањето донесен од страна на Управниот одбор на КИРМ е предвидено дека: „Барањето за слободен пристап до информации кои се однесуваат на работата на органите на Комората ќе се дозволи само на лицата кои согласно Статутот на Комората на извршители се сметаат како јавност“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер е должна да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не согласно други законски, или подзаконски акти.
Согласно член 20 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „ако имателот на информации позитивно одговори на Барањето, за тоа ќе изготви записник“, а согласно ставот 2 од истиот член „ако имателот на информацијата Барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение“. Во конкретниов случај Комората на извршители на Република Македонија, наместо со Решение, Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер го одбила со Одлука на Управниот одбор на Комората, но не се повикала на исклучоците од слободниот пристап наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку се повикала на член 68 од Законот за извршување.
Оспорената Одлука на Комората на извршители на Република Македонија не содржи Упатство за правно средство, што е спротивно на член 15 од Уставот на Република Македонија, според кој „се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања“.
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 став 1 од Законот, должен е да постапи согласно член 20 став 2 од наведениот Закон, односно да донесе Решение за одбивање на пристапот, со образложение за одбивање и да го спроведе тестот на штетност. Тестот на штетност согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. Весник на РМ“ нр.6/2010) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со членот 6 од овој Закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата, во спротивно ќе донесе Решение за одбивање на барањето.
Доколку Комората на извршители на Република Македонија во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
Од наведеното произлегува дека Комората не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, во Одоговорот на жалбата Комората не го цитира до крај член 51 од Статутот на Комората (“Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2012) , согласно кој „Работата на органите на Комората е јавна…со одржување на јавни седници, со доставување на записници од седници и извештаи од работењето, со објавување на одлуките, заклучоците и актите на Комората преку средствата за информирање…“. Што се однесува до наводите во оспорената Одлука се одбива Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер од причина што „барателот не е член на Комората на извршители на РМ. а работата на Управниот одбор и другите органи на Комората е јавна за членовите на Собранието на Комората на извршители на РМ“ Комисијата и укажува на Комората дека согласно  член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице, без дискриминација по која било основа…“, а имателите на информации се должни да постапуваат согласно член 2 од истиот Закон, односно „…да овозможат информираност на јавноста“.
Што се однесува, пак, до наводите во Одговорот на жалба бр.2154 од 19.11.2013 година на  Комората на извршители на Република Македонија дека „службеното лице за посредување со информации од јавен карактер Б.Н….се има изземено од постапување по предметите во врска со лицето С.П….“, Комисијата укажува дека тоа не е причина да не се постапи по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено од страна на С.П., или од други баратели согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комората на извршители на Република Македонија е должна да определи едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации, со што би се надминале наведените пречки при постапувањето по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 39 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Согласно член 41 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата кој нема да определи службено лице надлежно за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации согласно со членот 8 ставови 1 и 2 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.            
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комората на извршители на Република Македонија на барателот да му достави фотокопија од бараната информација: „1.Утврден Дневен ред за седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година и 2. Записник од одржаната седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година“, најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Одлуката бр. 1646 од 04.09.2013 година на Комората на извршители на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-526 од 25.10.2013 година, изјавена од С.П. од Скопје, поднесена против Комората на извршители на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Комората на извршители на барателот да му достави одговор по бараната информација најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Одлуката бр. 1646 од 04.09.2013 година на Комората на извршители на Република Македонија ја ПОНИШТИ.
 По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-526 на 25.10.2013 година, С.П. од Скопје на 22.08.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комората на извршители на Република Македонија  и побарала да и достават фотокопии од следните информации:  
„1.Утврден Дневен ред за седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година и
2. Записник од одржаната седница на Управниот одбор на КИРМ одржана на ден 28.06.2013 година“.
Комората на извршители на Република Македонија,  како што се наведува во Жалбата, по ова Барање до барателот доставила Одлука бр. 1646 од 04.09.2013 година, која барателот ја примил на 08.10.2013 година. Во Одлуката е наведено дека „Врз основа на член 68 од Законот за извршување…не се прифаќа барањето д.б. 1577 од 22.08.2013 на С.П. од Скопје бидејќи подносителот не е член на Комората на извршители, а работата на Управниот одбор е јавна за членовите на Собранието на Комората на извршители на РМ“.
Незадоволна од одговорот, односно Одлуката на Комората на извршители на Република Македонија,  С.П. од Скопје поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-526 од 28.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Комората на извршители на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.        
Комората на извршители на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.2155 од 18.11.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-526 на 19.11.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Комората на извршители укажува дека согласно важечките подзаконски акти и актите на Комората на извршители, лицата кои претставуваат јавност и имаат право на увид во работата на органите на Комората на извршители на РМ согласно чл. 51 од Статутот се: заинтересираните извршители, заменици и помошници извршители. Согласно пак чл.4 од Правилникот за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер во извршувањето донесен од страна на Управниот одбор на КИРМ е предвидено дека: Барањето за слободен пристап до информации кои се однесуваат на работата на органите на Комората ќе се дозволи само на лицата кои согласно Статутот на Комората на извршители се сметаат како јавност“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комората на извршители на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер е должна да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не согласно други законски, или подзаконски акти.
Согласно член 20 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „ако имателот на информации позитивно одговори на Барањето, за тоа ќе изготви записник“, а согласно ставот 2 од истиот член „ако имателот на информацијата Барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение“. Во конкретниов случај Комората на извршители на Република Македонија, наместо со решение, Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер го одбила со Одлука на Управниот одбор на Комората, но не се повикала на исклучоците од слободниот пристап наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку се повикала на член 68 од Законот за извршување.
Оспорената Одлука на Комората на извршители на Република Македонија не содржи Упатство за правно средство, што е спротивно на член 15 од Уставот на Република Македонија, според кој „се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што вршат јавни овластувања“.
Комисијата и укажува на Комората на извршители на Република Македонија дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 став 1 од Законот, должен е да постапи согласно член 20 став 2 од наведениот Закон, односно да донесе Решение за одбивање на пристапот, со образложение за одбивање и да го спроведе тестот на штетност. Тестот на штетност согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. Весник на РМ“ нр.6/2010) е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, пред да го одбие пристапот согласно со членот 6 од овој Закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата, во спротивно ќе донесе Решение за одбивање на барањето.
Доколку Комората на извршители на Република Македонија во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
Од наведеното произлегува дека Комората не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, во Одоговорот на жалбата Комората не го цитира до крај член 51 од Статутот на Комората (“Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2012) , согласно кој „Работата на органите на Комората е јавна…со одржување на јавни седници, со доставување на записници од седници и извештаи од работењето, со објавување на одлуките, заклучоците и актите на Комората преку средствата за информирање…“. Комората не постапила ниту согласно член 17 од нејзиниот Правилник за извршителска тајна и слободен пристап до информации од јавен карактер во извршувањето бр. 1883 од 09.10.2013 година, во кој е пропишано дека „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со кои располага извршителот и Комората на извршители на РМ се остварува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Што се однесува до наводите во оспорената Одлука дека не го прифаќа Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер „…бидејќи подносителот не е член на Комората на извршители…“, Комисијата и укажува на Комората дека согласно  член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице, без дискриминација по која било основа…“, а имателите на информации се должни да постапуваат согласно член 2 од истиот Закон, односно „…да овозможат информираност на јавноста“.
Што се однесува, пак, до наводите во Одговорот на жалба бр.2155 од 18.11.2013 година на  Комората на извршители на Република Македонија дека „службеното лице за посредување со информации од јавен карактер Б.Н….се има изземено од постапување по предметите во врска со лицето С.П….“, Комисијата укажува дека тоа не е причина да не се постапи по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено од страна на С.П., или од други баратели согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Согласно член 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комората на извршители на Република Македонија е должна да определи едно или повеќе службени лица при остварувањето на правото на слободен пристап до информации, со што би се надминале наведените пречки при постапувањето по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 39 од  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Согласно член 41 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата кој нема да определи службено лице надлежно за посредување при остварувањето на правото на слободен пристап до информации согласно со членот 8 ставови 1 и 2 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.            
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство бр.03-718/6 од 25.09.2013 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-355 на 17.10.2013 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство бр.03-718/6 од 25.09.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Ф.П., на 19.04.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенција за цивилно воздухопловство,  заведено во Агенцијата под бр.03-718/1 и побарал да го повикаат и лично да му достават заверен препис од следната информација:
„Со оглед на фактот дека до имателот на информацијата – Агенцијата за цивилно воздухопловство имам поднесено неколку претставки и Барања за инспекциски надзор барам да ми се издадат записниците од извршен инспекциски надзор доколку е извршен, за констатираната фактичка состојба и информација за се она што е превземено од страна на АЦВ како регулаторен орган, кое што го барам како информација од јавен карактер посебно од причина што бараната информација се однесува за работи во врска со мои барања за кои не постои пречка истата да ми се издаде“.
Агенција за цивилно воздухопловство, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање доставила Одговор бр.03-872/1 од 17.05.2013 година. Во Одговорот е наведено дека „За Агенцијата за цивилно воздухопловство за информаците од јавен карактер е јасно наведено дека истите се достапни на web страната на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Согласно наведеното информациите кои Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ги наведува како јавни, Ве упатуваме да ги побарате на нашата web страна“.
Незадоволен од добиениот Одговор Ф.П. достави Жалба до Комисијата, во која наведува дека „…на посочената со одговорот web страница на АЦВ таа информација не е наведена“.  
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-355 од 03.06.2013 година, ја препрати Жалбата до Агенција за цивилно воздухопловство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенција за цивилно воздухопловство во врска со ова Барање до Комисијата достави Известување бр. 03-718/4 од 05.06.2013 година, заведено во Комисијата под бр. 07-355 на 12.06.2013 година. Во Известувањето наведува дека „По основ на доставеното Барање…од лицето Ф.П., Агенцијата за цивилно воздухопловство, согласно член 185 од Законот за воздухопловство (Службен весник на Република Македонија бр. 14/2006, 24/2007, 103/2008, 67/2010, 24/2012, 80/2012 и 155/2012), истото го има одбиено со Решение бр. 03-718/3 од 04.06.2013 година“.
Во прилог на дописот до Комисијата не е доставена фотокопија од наведеното Решение, поради што Комисијата не можеше правилно да ја утврди фактичката состојба дали имателот при одбивањето на пристапот го образложил одбивањето и го спровел тестот на штетност.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата донесе Решение бр.07-355 од 27.08.2013 година, со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Во образложението на наведеното Решение, Комисијата и укажа на Агенција за цивилно воздухопловство дека може да одбие Барање за пристап до информација од јавен карактер само доколку утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Притоа е должна да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должна е да го направи тестот на штетност, како задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Комисијата, исто така, на Агенција за цивилно воздухопловство и укажа дека доколку утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот Агенција за цивилно воздухопловство ги зела предвид укажувањата на Комисијата и донела Решение бр.03-718/6 од 25.09.2013 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација.
Незадоволен од донесеното Решение, Ф.П. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-355 од 18.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Агенција за цивилно воздухопловство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенција за цивилно воздухопловство до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-716/9 од 29.10.2013 година, во кој наведува дека останува на ставот дека бараната информација е доверлива и дека со нејзино давање на барателот би било загрозено тековното работење на Агенцијата. Во прилог на Одговорот на Жалба, до Комисијата е доставена фотокопија од оспореното Решение бр.03-718/6 од 25.09.2013 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, како и по извршениот увид во архивата на Агенција за цивилно воздухопловство, Комисијата утврди дека Агенција за цивилно воздухопловство правилно постапила по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и, согласно член 6 став 1 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација, во чие образложение се наведени причините за одбивањето, како и резултатите од спроведениот тест на штетност.
Комисијата утврди дека Решението на Агенција за цивилно воздухопловство е правилно и врз закон засновано.  
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство бр.03-716/7 од 25.09.2013 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-357 на 17.10.2013 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Решението на Агенцијата за цивилно воздухопловство бр.03-716/7 од 25.09.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Ф.П., на 19.04.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенција за цивилно воздухопловство,  заведено во Агенцијата под бр.03-716/1 и побарал да го повикаат и лично да му достават „одговор во пишана форма, оверен со печат од АЦВ и потпишан од овластено лице“ од следната информација:
„Со оглед на фактот дена до имателот на информацијата – Агенцијата за цивилно воздухопловство имам поднесено неколку пријави, односно барања за инспекциски надзор и неколку барања заради продолжување на важноста на мојата дозвола – лиценца за контролор на летање, барам да ми се издаде следната информација: 1.Кои службени лица од АЦВ биле воздухопловни инспектори овластени да вршат инспекциски надзор од областа на контролата на летање во периодот од 2009 година до денес, 2.Бројот на инспекторските легитимации на овластените воздухопловни инспектори за контрола на летање и 3. Видот на стручна спрема и степенот на образование на воздухопловни инспектори за контрола на летање, 4. Лиценците кои што воздухопловни инспектори за контрола на летање ги поседуваат од областа на контролата на летање и 5. Во кој школски центар се образувале и се обучувале инспекторите за контрола на летање и 6. Кој орган им ги издал лиценците односно уверенијата за работа во РМ“.
Агенција за цивилно воздухопловство, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање доставила Одговор бр.03-872/1 од 17.05.2013 година. Во Одговорот е наведено дека „За Агенцијата за цивилно воздухопловство за информаците од јавен карактер е јасно наведено дека истите се достапни на web страната на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Согласно наведеното информациите кои Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ги наведува како јавни, Ве упатуваме да ги побарате на нашата web страна“.
Незадоволен од добиениот одговор Ф.П. достави Жалба до Комисијата, во која наведува дека „…на посочената со одговорот web страница на АЦВ таа информација не е наведена“.  
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-357 од 03.06.2013 година, ја препрати Жалбата до Агенција за цивилно воздухопловство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенција за цивилно воздухопловство во врска со ова Барање до Комисијата достави Известување бр. 03-716/4 од 05.06.2013 година, заведено во Комисијата под бр. 07-357 на 12.06.2013 година. Во Известувањето наведува дека „По основ на доставеното Барање…од лицето Ф.П., Агенцијата за цивилно воздухопловство, согласно член 27 од Статутот на Агенцијата за цивилно воздухопловство,  истото го има одбиено со Решение бр. 03-716/3 од 04.06.2013 година“.
Во прилог на дописот до Комисијата не е доставена фотокопија од наведеното Решение, поради што Комисијата не можеше правилно да ја утврди фактичката состојба дали имателот при одбивањето на пристапот го образложил одбивањето и го спровел тестот на штетност.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата донесе Решение бр.07-357 од 27.08.2013 година, со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Во образложението на наведеното Решение, Комисијата и укажа на Агенција за цивилно воздухопловство дека може да одбие Барање за пристап до информација од јавен карактер само доколку утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Притоа е должна да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должна е да го направи тестот на штетност, како задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Комисијата, исто така, на Агенција за цивилно воздухопловство и укажа дека доколку утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
При повторното постапување по предметот Агенција за цивилно воздухопловство ги земала предвид укажувањата на Комисијата и донела Решение бр.03-716/7 од 25.09.2013 година, со кое делумно го одбила пристапот до бараната информација, а дел од бараната информација ја доставила до барателот со допис бр.03-716/6 од 25.09.2013 година.
Незадоволен од донесеното Решение, Ф.П. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-357 од 18.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Агенција за цивилно воздухопловство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенција за цивилно воздухопловство до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-718/8 од 29.10.2013 година, во кој наведува дека останува на ставот дека дел од бараната информација е доверлива и дека со нејзино давање на барателот би било загрозено тековното работење на Агенцијата. Во прилог на Одговорот на Жалба, до Комисијата е доставена фотокопија од оспореното Решение бр.03-716/7 од 25.09.2013 година и од дописот бр.03-716/6 од 25.09.2013 година, насловен до Ф.П. од Скопје.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, како и по извршениот увид во архивата на Агенција за цивилно воздухопловство, Комисијата утврди дека Агенција за цивилно воздухопловство правилно постапила по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и, согласно член 6 став 1 алинеја 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, донела Решение со кое делумно го одбила пристапот до бараната информација, во чие образложение се наведени причините за одбивањето, како и резултатите од спроведениот тест на штетност.
Комисијата утврди дека Решението на Агенција за цивилно воздухопловство е правилно и врз закон засновано.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.С. од Струмица, поднесена против  ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Договор за закуп на продавницата и ресторанот во градска капела со „Марија – Пласт“ и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица“ СЕ УВАЖУВА, Решението бр.12-7173/3 СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-516 од 08.10.2013 година, изјавена од Д.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, Решението бр.12-7173/3 го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.С. од Струмица  на 24.09.2013 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.12-7173/1 до ЈПКД „Комуналец“ Струмица, со кое побарал да му биде доставена следната информација.
„ Договор за закуп на продавницата и ресторанот во градска капела со „Марија – Пласт“ и ЈПКД „Комуналец“ – Струмица“.
ЈПКД „Комуналец“ Струмица во врска со ова барање до барателот доставило Допис бр. 12-7173/2 од 30.09.2013 година, во кој наведува дека „… ЈПКД „Комуналец“ Струмица Ве известува дека таквиот документ не претставува информација од јавен карактер и затоа истата не може да биде доставена“.
Незадоволен од добиениот одговор, Д.С. од Струмица поднесе Жалба до Комисијата.  
Комисијата, со допис бр.07-516 од 09.10.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈПКД „Комуналец“ Струмица и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈПКД „Комуналец“ Струмица до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-7775/2 од 17.10.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-516 на 01.11.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „таквата информација не е информација од јавен карактер и не може да му биде доставена.
Истиот ден ЈПКД „Комуналец“ – Струмица има донесено решение за одбивање на барањето со образложение дека информацијата не се наоѓа на листата на информации од јавен карактер…“
Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата е доставено наведеното Решение бр.12-7173/3, без назначен датум на негово донесување.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица по наведеното Барање не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), односно на барателот му доставило одговор со кој го известило дека „…таквата информација не е информација од јавен карактер и не може да му биде доставена“, а потоа со Решение го одбил пристапот до бараната информација.
Во образложението на оспореното Решение како причина за одбивање на пристапот се наведува тоа што бараната информација, согласно Листата на информации од јавен карактер бр. 03-10244/1 од 31.12.2013 година не е информација од јавен карактер што е спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во член 6 став 1, од алинеја 1 до 8 наброени се исклучоците според кој имателот на информаците може да го одбие пристапот до бараната информација Листата на информации, не е исклучок согласно наведениот Заклучок.
Имателот при одбивањето на пристапот, треба да го спроведе тестот на штетност согласно чл.6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и тоа да го наведе во Образложението на решението.
При повторното постапување по предметот, ЈПКД „Комуналец“ Струмица е должно да утврди дали бараната информација наведена во Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 12-7173/1 на 24.09.2013 година од Д.С. од Струмица е исклучок согласно наведениот Закон, да го спроведе тестот на штетност и да донесе решение за одбивање на пристапот, во спротивно, должен е на барателот да му ја достави бараната информација.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација: „Упатсва за реализација на средствата од Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2013 година“, најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-524 од 17.10.2013 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-524 на 17.10.2013 година, Н.А. од Скопје, на 04.09.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, и побарала по пошта да и достават фотокопија од информацијата:
„  Упатства за реализација на средствата од Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2013 година .”
Министерството за здравство како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-524 од 18.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори ниту на дописот од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.А.од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација: „Колку пациенти се покриени, за која ретка болест и колку средства се потрошени во првите 6 месеци (јануари – јуни 2013) од Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.4 од 09.01.2013 год.“, најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-523 од 17.10.2013 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-523 на 17.10.2013 година, Н.А. од Скопје, на 04.09.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, и побарала по пошта да и достават фотокопија од информацијата:
„ Колку пациенти се покриени, за која ретка болест и колку средства се потрошени во првите 6 месеци (јануари – јуни 2013) од Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр.4 од 09.01.2013 год.”
Министерството за здравство како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-523 од 18.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори ниту на дописот од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација: „Кои јавни здравствени установи се извршители на Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2012 година и копија од нивните годишни извештаи за реализираните мерки и активности во 2012 година согласно Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2012 година бр.51-8325/1-11 од 09 јануари 2012 година“  најдоцна до 20.12. 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-522 од 17.10.2013 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.12. 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-522 на 17.10.2013 година, Н.А. од Скопје, на 13.09.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, и побарала по пошта да и достават фотокопија од информацијата:
„Кои јавни здравствени установи се извршители на Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2012 година и копија од нивните годишни извештаи за реализираните мерки и активности во 2012 година согласно Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2012 година бр.51-8325/1-11 од 09 јануари 2012 година .”
Министерството за здравство како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-522 од 28.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговоро ниту на дописот од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравтсво не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следното
        
Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација: „Листа на ретки болести предвидени со Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2013 година“ најдоцна до 20.12. 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-521 од 17.10.2013 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.12. 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
 Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-521 на 17.10.2013 година, Н.А. од Скопје, на 13.09.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, и побарала по пошта да и достават фотокопија од информацијата:
„Листа на ретки болести предвидени со Програмата за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2013 година .”
Министерството за здравство како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-521 од 28.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравтсво не одговори ниту на дописот од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за    жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за труд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 03 декември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за труд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Дали надзорот беше извршен и што се утврдило од истиот надзор? По можност да се достави копија од записник или решение/одлука.
2. Дали на некој работник му било ускратено некое право од областа на работните односи? Врз основа на што?
3. Дали им се доделени решенија за престанок на работен однос и дали се неосновани/незаконити или имаат елементи на дискриминација?
4. Дали Државниот инспекторат за труд има утврдено некое прекршување на правата на работниците, кое има основи и елементи на дискриминација? По можност да се достави копија од записник или решение/одлука”, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
   
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
 
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-514 на 01.10.2013 година, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за труд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.     
Како што се наведува во Жалбата, Државниот инспекторат за труд на 23.08.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот инспекторат за труд, и побарал во фотокопија по пошта, факс или имеил да и му ја достават следната  информација:  
 “1. Дали надзорот беше извршен и што се утврдило од истиот надзор? По можност да се достави копија од записник или решение/одлука.
2. Дали на некој работник му било ускратено некое право од областа на работните односи? Врз основа на што?
3. Дали им се доделени решенија за престанок на работен однос и дали се неосновани/незаконити или имаат елементи на дискриминација?
4. Дали Државниот инспекторат за труд има утврдено некое прекршување на правата на работниците, кое има основи и елементи на дискриминација? По можност да се достави копија од записник или решение/одлука”.
Државниот инспекторат за труд, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-514 од 08.10.2013 година ја препрати Жалбата до Државниот инспекторат за труд и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Државниот инспекторат за труд на 01.11.2013 година до Комисијата достави  Известување, заведен под број 07/514 од 24.10.2013 година а во Комисијата под бр. 07-514. Во прилог на овој допис достави Известување бр. 07-611 од 05.09.2013 година насловено до М.А. од Скопје и Записник бр.07-17 од 17.03.2013 година. Во Известување е наведен одговорот на Барањето.
М.А. на 29.11.2013 година достави меил до Комисијата, заведено под бр.07-514, со кој известува дека е задоволен од одговорот.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Државниот инспекторат за труд постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.    
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против Министерството за економија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 03 декември  2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против  Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Да ни доставите информација дали  на Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп му е доделена Концесија за експлоатација на минерални суровини?
 2. Доколку е доделена, една или повеќе, Концесија за експлоатација на минерални суровини да ни доставите информација кога е доделена и за кој период важи Концесијата за Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп?
 3. Да ни доставите примерок од секој склучен Договор за концесија кој е во важење помеѓу Република Македонија и Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп.
 4. Дали се врши надзор и кога е извршен надзорот над придржување до условите од Договорот за Концесија на правното лице Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп? “,  поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-552 на 18.11.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, против Министерство за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија на 27.09.2013 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за економија и побарало по пошта или е- меил да му ја достават следната информација:
„1. Да ни доставите информација дали  на Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп му е доделена Концесија за експлоатација на минерални суровини?
 2. Доколку е доделена, една или повеќе, Концесија за експлоатација на минерални суровини да ни доставатите информација кога е доделена и за кој период важи Концесијата за Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп?
 3. Да ни доставите примерок од секој склучен Договор за концесија кој е во важење помеѓу Република Македонија и Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп.
 4. Дали се врши надзор и кога е извршен надзорот над придржување до условите од Договорот за Концесија на правното лице Мермерен Комбинат АД Прилеп од Општина Прилеп?
 Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-552 од 20.11.2013 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија  и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија на  29.11.2013 година до Комисијата достави Одговор бр.15-6991/3  а  во прилог на Одговорот Доставување на податоци до барателот бр.15-6991/3 од 25.11.2013 година.
Транспаренси Интернешнл – Македонија на 29.11.2013 година, по е-маил, достави допис до Комисијата со кој ја извести дека ја повлекува Жалбата, бидејќи Министерството за економија на 26.11.2013 година  им доставил одговор по Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.П. од Скопје, поднесена против ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 3 декември 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.П. од Скопје, поднесена против ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Целокупната медицинска документација од породувањето на Д.П. на ден 13.11.2004 г. и извршената стерилизација на истиот ден, како и причините поради кои е направена стерилизацијата“, поради тоа што на барателот ги добил бараните информации.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-525 на 22.10.2013 година, изјавена од Д.П. од Скопје, поднесена против ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Д.П. од Скопје, на 12.09.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“-Скопје заведено под број бр. 03-493/1 во болницата, и побарала лично да и овозможат увид и фотокопија од следната  информација:
 “Целокупната медицинска документација од породувањето на Д.П. на ден 13.11.2004 г. и извршената стерилизација на истиот ден, како и причините поради кои е направена стерилизацијата”.
ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“ Скопје, како што се наведува во Жалбата, не одговрила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-525 од 29.10.2013 година ја препрати Жалбата до ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“ Скопје  на 18.11.2013 година до Комисијата достави  Одговор на Жалба, заведен под број 03-604/3 од14.11.2013 година а во Комисијата под бр. 07-525, во кој наведува дека:“….Поради објективни причини во законски предвидениот рок не бевме во можност да и овозможиме пристап до бараните информации. На ден 09.11.2013 година, барателот на информации Д.П. беше повикана во просториите на болницата, при што од страна на надлежните и се дадоа бараните информации.“
Во прилог на Одговорот на Жалба доставија и Записник во кој е наведено дека на барателот му се дадени бараните информации.
Д.П. од Скопје на  19.11.2013 година достави до Комисијата Известување по меил во кое наведува дека ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“ Скопје  на 09.11.2013 година и овозможила увид во бараната информација.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“-Скопје  постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.   