ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 65–та седница одржана на 21 ноември 2013 година, донесе 7 решенија и 4 заклучока.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ц.С. од Скопје, поднесена против Решението на ЈП Водовод и канализација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ц.С. од Скопје, поднесена против ЈП Водовод и канализација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„1. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈП Водовод и канализација и С.С.,
2. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈП Водовод и канализација и Ц.С.,
3. Неплатени фактури од страна на С.С.,
4. Неплатени фактури од страна на Ц.С.,
5. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против С.С.,
6. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против Ц.С.“, во дел од Барањето точка 2 СЕ ОДБИВА, а во дел од Барањето точка 1, 3, 4, 5 и 6 СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Водовод и канализација на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведен во барањето најдоцна до 10.12.2013 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-10 од 10.06.2013 година, изјавена од Ц.С. од Скопје, поднесена против Решението бр.4/2 од 17.05.2013 година на ЈП Водовод и канализација, со кое Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер делумно се одбива, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и во дел од Барањето точка 2, СЕ ОДБИВА, а во дел од Барањето точка 1, 3, 4, 5 и 6 СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП Водовод и канализација на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведен во барањето најдоцна до 10.12.2013 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ц.С. од Скопје истата ја поднесува против Решението бр.4/2 од 17.05.2013 година на ЈП Водовод и канализација, со кое Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер делумно се одбива.
Ц.С. на 03.01.2013 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до ЈП Водовод и канализација, со кое побарал да му биде доставена следната информација:
„1. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈП Водовод и канализација и С.С.,
2. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈП Водовод и канализација и Ц.С.,
3. Неплатени фактури од страна на С.С.,
4. Неплатени фактури од страна на Ц.С.,
5. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против С.С.,
6. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против Ц.С.“.
ЈП Водовод и канализација, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање донел Решение бр.1/2 од 01.02.2013 година, со кое делумно го одбива пристапот до бараната информација. Во правниот основ е наведено дека оспореното Решение имателот го донел согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во образложението на Решението ЈП Водовод и канализација Скопје, покрај другото наведува дека “Постапувајќи по Барањето констатирано е дека бараната информација не се наоѓа на утврдената листа на информации од јавен карактер бидејќи согласно Законот за архивско работење рокот на чување на тој вид документи е 10/десет/години……постапувајќи по погоре наведените точки Ве известуваме дека согласно член 83 од Законот за сопственост и други стварни права…наследникот одговара за долговите на оставителот до висината на вредноста на наследениот имот“.
Незадоволен од наведеното Решение, Ц.С. од Скопје на 14.02.2013 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-10 од 15.02.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈП Водовод и канализација и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП Водовод и канализација Скопје по ова барање, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.3/2 од 22.02.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-10 на 08.03.2013 година. Во Одговорот на жалбата е наведено дека „…барањето е делумно одбиено…по точка 1, точка 3 и точка 5 по два основа и тоа: согласно Законот за заштита на лични податоци бидејќи се бараат податоци за друго лице и согласно Законот за архивско работење според кој рокот за чување е 10 (десет) години…по однос на точка 2 барањето е прифатено и лицето е известено дека Договор за водоснабдување ќе му биде доставен…и истиот е должен пополнет да ни го достави…по однос на точките 4 и 6 барањето е прифатено и до корисникот се доставени Финансиска картичка за МБ 1799808 и Преглед на тужби за коминтент со МБ 1799808 заради заштеда на финансиски средства на лицето Ц.С., бидејќи се работи за поголем број на фактури за коишто треба да се уплатат парични средства за изготвување на истите…во самото барање подносителот е контрадикторен бидејќи…се заблагодарува за воведувањето во нашата евиденција како корисник со МБ 1799808 (воведувањето во евиденција е извршено согласно Договор за подарок за недвижен имот ОДУ бр.09/08 од 08.01.2008 година…) за да во барањето наведе дека не постои облигационен однос помеѓу подносителот и нашето претпријатие…на ден 21.02.2012 година…Ц.С. (лично) потпиша Договор за водоснабдување за МБ 1799808 и Договор за отплата на долгот на рати…“.
Во прилог на наведениот одговор до Комисијата се доставени фотокопија од Решение со кое Барањето делумно се одбива, бр.1/2 од 01.02.2013 година, фотокопија од Финансиска картичка по водечки водомер 1799808 за корисник С. Ц., од Договорот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води (шифра од фактура 1799808) од 21.02.2013 година склучен меѓу ЈП Водовод и канализација Скопје и Ц.С. од Скопје и од Договор бр. 0507-2256/1 од 21.02.2013 година за регулирање на должничко-доверителните односи, склучен меѓу ЈП Водовод и канализација Скопје и Ц.С. од Скопје“.
Комисијата во врска со ова Барање донесе Решение бр.07-10 од 10.04.2013 година, со кое Жалбата изјавена од Ц.С. од Скопје ја уважи, оспореното Решение го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
ЈП Водовод и канализација на 30.05.2013 година достави до Комисијата Известување по Решението на Комисијата бр. 0302-5745/1 од 22.05.2013 година, заведено во Комисијата под бр. 07-10.
Во прилог на дописот ни достави: Допис до Ц.С. бр.4/4 од 17.05.2013 година, Решение бр.4/2 од 17.05.2013 година, со кое Барањето на Ц.С. од Скопје делумно го одбива и копија од Записникот бр.4/3 од 17.05.2013 година.
Во Решението бр. 4/2 од 17.05.2013 година е наведено дека Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од Ц.С. од Скопје делумно се одбива. Делот од барањето содржан во т. 1, т. 3 и т. 5 и т.6 кое се однесува на барање достава на преписи или фотокопија на ….се одбива. Делот од барањето содржано во т. 2 и т. 4 кое се однесува на барање достава на преписи или фотокопија на …. се уважува. Во образложението на Решението е наведено дека:
„Имателот на информација од јавен карактер постапувајќи по барањето од Ц.С. од Скопје, од кога ги разгледа бараните информации и по спроведениот тест за штетност го утврди следното: Бараните информации содржани во т. 1 … т. 3 …и т. 5.. постапувајќи согласно Законот за заштита на лични податоци одлучено е да не се достават од причина што истите се однесуваат за друго лице. .. Со оглед дека договорена страна не е барателот на информација туку друго лице, за објавувањето на овој договор потребно е да биде согласна и другата страна, во конкретниот случај С.С.. Имателот утврди дека последиците кои се резултираат со објавувањето на бараните информации под т. 1, т. 3 и т. 5, се поголеми од јавниот интерес за нивното објавување односно доставување до барателот. По однос на бараната информација содражана во т. 6 да бидат доставени судски заверени тужби за неплатен долг против Ц.С., се одбива од причина што доставата на судска исправа е во надлежност на органот кој е надлежен да ги спроведува сите потребни законски дејствија поврзани со истите. Во конктретниот случај тоа е Основен суд Скопје 2 Скопје“.
Незадоволен од добиеното Решение бр.4/2 од 17.05.2013 година, Ц.С. од Скопје на 10.06.2013 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-10 од 24.06.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈП Водовод и канализација и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, ЈП Водовод и канализација достави Одговор на Жалба бр.6/2 од 11.07.2013 година, а во Комисијата заведен под бр.07-10 на 19.07.2013 година.
Во Одговорот, меѓу другото, е наведено: „…Одбивањето на достава на информацијата наведена под т. 1, т. 2 и т. 3 е резултат на следното: По приемот на првото Решение бр. 1/2 од 01.02.2013 година на ден 21.02.2013 лицето Ц.С.–барател на информација има склучено Договор за водоснабдување со ЈП Водовод и канализација и го има исплатено целокупниот неплатен редовен и утужен долг кој во прилог на решението му беше доставен, а истиот се водел на име С.С. за услуга која ЈП Водовод и канализација ја пружа на адреса ул. Румена Хаџипанзова бр.58. При ваква променета фактичка состојба, при повторното одлучување, имателот на информација, веќе не располага со информација неплатени фактури и неплатен долг по тужби, кој се водел на горе наведената адреса на име на претходниот корисник С.С. ниту на новиот корисник Ц.С.. Со оглед на тоа дека лицето С.С. како корисник на услуга на ЈП Водовод и канализација е евидентиран и на адреса ул Марија Кири бр. 16 б, а согласно Договорот за поклон ОДУ кој лицето барател на информација во друга постапка го има доставено до ЈП Водовод и канализација Скопје, недвижноста која се води на таа адреса е поклонета на друго лице, па од таа причина имателот одлучи да не ја даде бараната информација, водејќи се од одредбите на Законот за заштита на лични податоци“.
Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека ЈП Водовод и канализација по наведеното Барање не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010).
Комисијата смета дека имателот на информации е должен на барателот да му ги достави бараните информации наведени во точка 1, 3, 4, 5 и 6 од Барањето од следните причини.
Информацијата наведена во точка 1. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈП Водовод и канализација и С.С. за која имателот тврди дека се работи за заштитен личен податок се неосновани од причина што барателот поседува Договор за поклон со С.С., а кој го поседува и ЈП Водовод и канализација Скопје во кој се наведени сите лични податоци за С.С.. Истото се однесува и за точките 3 и 5 од Барањето.
Исто така, доколку имателот, во однос на точка 1 од Барањето и понатаму останува на ставот искажан во претходното Решението бр.1/2 од о1.02.2013 година, дека “бараната информација не се наоѓа на утврдената листа на информации од јавен карактер бидејќи согласно Законот за архивско работење рокот за чување на тој вид документи е 10/десет/ години“, Комисијата укажува дека согласно Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење (“Службен весник на РМ“ бр.58/96), во Глава 8, Одбирање и евидентирање на архивската граѓа, во точка 71 е наведенот “Имателот доставува бapaње до Архивот за добивање согласност за уништување на предложениот документарен материјал. Во прилог на барањето се доставува пописниот лист.
Овластените лица од Архивот кои вршат кај имателот увид во предложениот документарен материјал за уништување, доколку констатираат дека предложениот документарен материјал е во согласност со видовите и роковите утврдени во Листата на документарен материјал и во него не се наоѓа архивска граѓа даваат согласност за негово уништување.“
ЈП Водовод и канализација Скопје не достави фотокопија од Согласноста за уништување на документарниот материјал, од што Комисијата би можела да констатира дека навистина тој материјал е уништен.
Во однос на информациите наведени во точка 5 и 6, Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против Ц.С. и С.С., Комисијата смета дека истите се информации кои ги создал ЈП Водовод и канализација Скопје и располага со истите, па не е основано барателот да го известува дека за истото е надлежен Основен суд Скопје 2.
Што се однесува до информациите наведени во точка 4 од Барањето, Неплатени фактури од страна на Ц.С., во цитираното Решение е наведено дека ова Барање се уважува, без конкретно образложение.
Во приложениот Записник бр.4/3 од 17.05.2013 година е наведено: “Во врска со барањето под точка 4 да бидат доставени неплатени фактури од страна на Ц.С., имателот на информацијата направи увид во матичната служба за наплата на стопанство и домаќинство и констатира дека сите фактури кои гласат на Ц.С. се уредно и навремено доставени на домашна адреса на барателот и истите од страна на барателот платени, Комисијата укажува на следното.
Барателот бара фотокопија од неплатени фактури во моментот на поднесувањето на Барањето и Комисијата смета дека истите треба да му се достават во форма во која што ги побарал барателот а не во форма на финансиски картички како што првично му биле доставени.
Согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за шо имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување.“
Оттука, неосновани се наводите на имателот дадени во Одговорот на Жалба бр.3/2 од 22.02.2013 година дека “…по однос на точките 4 и 6 барањето е прифатено и до корисникот се доставени финансиска картичка МБ 1799808 и Преглед на тужби за комитентот со МБ 1799808 заради заштеда на финансиски средства на лицето Ц.С. бидејќи се работи за поголем број на фактури за кои што треба да се уплатат парични средства за изготвување на истите (за хартија, за пакување, достава и сл)“
Имателот е должен да ја достави бараната информација во форма во која ја бара барателот и има право согласно член 29 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од барателот да бара да уплати одреден надоместок на жиро сметката на имателот и по извршената уплата да му ги достави бараните информации. (“Одлука на Владата на РМ за надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација“ бр.136/2006 година.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.694/2011 од 06.09.2012 година, заведена во Комисијата под број 07-41 на 08.03.2013 година и Решението на Вишиот Управен суд УЖ. бр. 850/2013 година од 11.07.2013 година заведена во Комисијата под бр.07-41 на 17.09.2013 година, ја разгледа Жалбата бр.07-41 од 25.01.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот бр.14-8125/2 од 05.01.2011 година на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 13.12.2010 година, до Генералниот секретаријатот на Владата на Република Македонија, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Фондацијата под бр.21-1217/1 и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Информација за бројот на седници на Комитетот за реформи во државната администрација, одржани во периодот од 1 јануари 2010 година до 13 декември 2010 година “.
Генералниот секретаријатот на Владата на Република Македонија во врска со ова Барање донел Заклучок за прекинување на постапката заведен под бр. 14-8125/2 од 05.01.2011 година.
Незадоволна од наведениот Заклучок, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата покрај другото се наведува и следното:“ Во краен случај и навистина да не располага оваа служба со бараната информација, треба да ја има предвид одредбата содржана во членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер …… “
Комисијата со допис бр.07-41 од 27.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара од Генералниот секретаријат во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија достави Одговор на жалба бр.14-8125/4-10 од 08.02.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-41 на 11.02.2011 година. Во Одговорот на жалба, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија наведува дека останува на наводите во образложението на Заклучокот бр.14-8125/4 од 05.01.2011 година и наведува: “…комитетот за реформи на државната администрација претставува меѓуресорско координативно тело за координација помеѓу институциите во процесот на реформа во државната администрација. Истиот не претставува работно тело во смисла на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, а од кои причини средбите на ова тело не се водат во вид на формални седници и не се водат формални записници.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата донесе Решение бр.07-41 од 09.03.2011 година, со кое Жалбата ја одби како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
Против наведеното Решение на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, на 14.07.2011 година поднесе Тужба до Управниот суд У-5 бр.694/2011, заведена во Комисијата под број 07-41 на 20.09.2011 година.
Во врска со наведената Тужба, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 07.10.2011 година, до Управниот суд достави Одговор на тужба, заведен во Комисијата под број 07-41.
Управниот суд со Пресуда У-5.бр.694/2011 од 06.09.2012 година ја уважи Тужбата, оспореното Решение на Комисијата бр.07-41 од 09.03.2011 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување во Комисијата.
Во образложението на Пресудата, меѓу другото, Управниот суд наведува: “.Судот најде дека со оспореното Решение повреден е законот на штета на тужителот а поради следното: Имено, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија како орган до кој се обратил тужителот со Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, доколку не располагал со бараната информација требало согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) веднаш , а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето да го препрати истото до Комитетот за реформи во јавната администрација, кој според содржината на Барањето се јавува во својство на имател на информацијата и за тоа да го извести подносителот на Барањето односно сега тужителот…..Во конкретниот случај, тужениот орган погрешно утврдил дека Комитетот за реформи во јавната администрација не е работно тело на Владата на РМ и дека истиот е координативно тело кое не работи на формални седници и не составува формални записници, па согласно тоа, Генералниот секретаријат не можел да постапи по член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Барањето да го препрати до Комитетот…….Посебно треба да се има предвид член 45 став 3 од Деловникот за работа на Владата на РМ (“Службен весник на РМ“ бр.36/08) согласно кој претседателот на работното тело остварува соработка со Генералниот секретаријат и користи совети и мислења во однос на утврдување на ставови по одделни прашања од дневниот ред на седницата, па оттука нејасно е тврдењето на Генералниот секретаријат дека Комитетот за реформи во државната администрација не одржува формални седници и не води формални записници за истите….“
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и го утврди следното.
Барањето за пристап до информации од јавен карактер се однеува за бројот на седници на Комитетот на државната администрација…. а не на јавната администрација како што е наведено во цитираната пресуда.
Според член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако имателот на информацијата што го примил барањето не располага со бараната информација, веднаш а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на информациојата и за тоа да го извести барателот.
Во член 3 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се дефинирани имателите на информации, односно иматели на информации се органите на државната власт и другите органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините на градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.
Според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, барањата за пристап до информации од јавен карактер може да бидат препратени само до имателите наведени во законот. Комитетот за реформи во државната администрација претставува работно тело, формирано со Решение на Владата на РМ. Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, комитетите и другите работни тела не се утврдени како иматели на информации, за до нив да се доставуваат односно препраќаат барања за пристап до информации од јавен карактер. Со оглед на тоа што Комитетот за реформи во државната администрација е работно тело на Владата на Република Македонија и не е имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија нема основ да го препрати Барањето до Комитетот бидејќи тоа би значело дека истата си го препраќа самата на себе.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, при повторното постапување и одлучување по Жалбата, ги имаше во предвид укажувањата и напатствијата на Управниот суд и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.К. од Кратово, против Одговор на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.К. од Кратово, против Одговорот на Министерството за внатрешни работи бр.13.2-1092/5 од 13.09.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Записник за усна претставка бр. 13.2-1092/1 од 26.06.2013 година“ СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-513 на 01.10.2013 година, изјавена од Г.К. од Кратово, против Одговорот на Министерството за внатрешни работи бр.13.2-1092/5 од 13.09.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Г.К. од Кратово на 23.08.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи, и побарал во фотокопија по пошта, да му ја достават следната информација:
„ Записник за усна претставка бр. 13.2-1092/1 од 26.06.2013 година“.
Министерството за внатрешни работи, како што се наведува во Жалбата, во врска со ова Барање до барателот доставило Одговор бр.13.2-1092/5 од 13.09.2013 година, во кој наведува дека „Податоците внесени во записник за усно поднесена претставка се податоци кои подлежат на Законот за заштита на лични податоци…поради горенаведените причини, а согласно член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Ве известуваме дека не постои законски основ да Ви доставиме фотокопија од Записник за усно поднесена претставка бр.13.2-1092/1 од 26.06.2013 година“.
Незадоволен од добиениот наведениот одговор, Г.К. од Кратово поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-513 од 03.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи во врска со ова Барање до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 15.2-64432/1 од 18.10.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-513 на 25.10.2013 година. Во наведениот Одговор на жалба е наведено дека „ …до подносителот на жалбата…е доставено Решение за одбивање на пристап…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставено Решение бр.15-61636/3 од 18.10.2013 година, со кое е одбиен пристапот до бараната информација. Исто така, во прилог до Комисијата е доставена и фотокопија од поштенска доставница, од која е видно дека наведеното Решение му е доставено на барателот на 19.10.2013 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи постапило по Барањето на Г.К. од Кратово. Прво, во законски предвидениот рок доставило Одговор на барање, а потоа донело Решение за одбивање на пристапот до бараните информации, кој е правилно и врз закон засновано.
Против наведеното Решение не е поднесена Жалба до Комисијата во законски предвидениот рок.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈПКД „Комуналец“ Струмица на барателот да му ја достави бараната информација: „1. Спогодба од 1993 г. со овластено тело на Собир на граѓани на месни заедници на град Струмица со кој е уреден начинот на обезбедување солидарни погребни трошоци и услуги и погребална опрема и погреб. 2. Анекс на истата спогодба од 01.06.1994 г.“, најдоцна до 10.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-519 на 16.10.2013 година, изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈПКД „Комуналец“ Струмица на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 10.12.2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Струмица на 24.09.2013 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈПКД „Комуналец“ Струмица, заведено во ЈПКД „Комуналец“ Струмица под бр.12-7172/1 и побарала да и ја достават следната информација:
„1. Спогодба од 1993 г. со овластено тело на Собир на граѓани на месни заедници на град Струмица со кој е уреден начинот на обезбедување солидарни погребни трошоци и услуги и погребална опрема и погреб. 2. Анекс на истата спогодба од 01.06.1994 г.“.
Во врска со ова барање ЈПКД „Комуналец“ Струмица до барателот доставило допис бр. 12-7172/2 од 30.09.2013 година, во кој наведува дека „…веќе еднаш Ви имаме одговорено дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица не располага со таков документ. За бараната информација обратете се до друг субјект кој располага со истата“.
Незадоволна од добиениот одговор, С.С. од Струмица поднесе Жалба до Комисијата. Во прилог на Жалбата до Комисијата, како докази дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица треба да располага со бараните информации, С.С. до Комисијата достави фотокопија од Решение на Комисијата за заштита на конкуренцијата бр.07-92 од 10.12.2008 година, фотокопија од Пресуда на Управниот суд У.бр.53/2009 од 16.06.2011 година, како и фотокопија од Пресуда на Вишиот управен суд Уж.бр.632/2012 година, во кои како странка во спорот се појавува ЈПКД „Комуналец“ Струмица.
Комисијата, со допис бр.07-519 од 17.10.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈПКД „Комуналец“ Струмица и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈПКД „Комуналец“ Струмица до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-7929/2 од 25.10.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-519 на 01.11.2013 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица не располага со бараните информации и дека поради тоа донело Решение за одбивање на Барањето на С.С.. Во прилог на Одговорот на Жалба, до Комисијата е доставено наведеното Решение бр.12-7172/3 од 30.09.2013 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ја доставило бараната информација.
Од списите во предметот може да се утврди дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица ја поседува бараната информација, бидејќи е потписник на истата.
Ова произлегува од Решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата бр.07-92 од 10.12.2008 година, каде што е наведено:
„Имено, во 1993 година ЈПКД „Комуналец“ Струмица склучи Спогодба со овластено тело на Собирот на граѓани на месни заедници на град Струмица, со која е уреден начинот на обезбедување на солидарни погребални трошоци и услуги (погребална опрема и погреб, односно солидарен погреб) како и условите под кои истите се обезбедуваат на граѓаните – жители на град Струмица, кои вршат плаќање на паричен надомест за таа намена.
На 01.06.1994 година потпишана е анекс-спогодба помеѓу ЈПКД „Комуналец“ Струмица и овластеното тело на Собирот на граѓани на месни заедници на град Струмица со која е утврдено дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица како давател на солидарен погреб и погребална опрема во случај на смрт на член на домаќинството ја дава следната погребална опрема и погребална услуга и тоа:…“.
Решението на Комисијата за заштита од конкуренција е потврдено со Пресуда на Управниот суд У.бр.53/2009 од 16.06.2011 година и со Пресуда на Вишиот управен суд Уж.бр.632/2012 година.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Договор за сопственост или закуп на градска капела со ЈПКД Комуналец – Струмица“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-520 од 16.10.2013 година, изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против ЈПКД „Комуналец“ Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Струмица истата ја поднесува против Одговор од ЈПКД „Комуналец“ Струмица бр. 12-7175/2 од 30.09.2013 година, по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер заведено во ЈПКД „Комуналец“ Струмица под бр.12-7175/1 на 24.09.2013 година, со кое од ЈПКД „Комуналец“ Струмица побарала да и биде доставена следната информација:
„Договор за сопственост или закуп на градска капела со ЈПКД Комуналец – Струмица“.
ЈПКД „Комуналец“ Струмица во врска со ова барање до барателот доставило допис бр. 12-7175/2 од 30.09.2013 година, во кој наведува дека „… ЈПКД „Комуналец“ Струмица не располага со таков документ“.
Незадоволна од добиениот одговор, С.С. од Струмица поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-520 од 17.10.2013 година, ја препрати Жалбата до ЈПКД „Комуналец“ Струмица и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈПКД „Комуналец“ Струмица до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-7930/2 од 25.10.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-520 на 01.11.2013 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица не располага со бараната информација и дека поради тоа донело Решение за одбивање на Барањето на С.С.. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата е доставено наведеното Решение бр.12-7175/3, без назначен датум на негово донесување.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека ЈПКД „Комуналец“ Струмица по наведеното Барање не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), односно на барателот му доставило одговор со кој го известило дека „…не располага со таков документ“, а потоа со Решение го одбило пристапот до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, ЈПКД „Комуналец“ Струмица е должно повторно да утврди дали располага, или не располага со информацијата наведена во Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 12-7175/1 на 24.09.2013 година од С.С. од Струмица.
Доколку располага, ЈПКД „Комуналец“ Струмица е должно веднаш по добивањето на ова Решение бараната информација да ја достави до барателот. Во спротивно, доколку не располага со истата, должно е да го примени членот 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) и Барањето веднаш да го препрати до имателот на информации, кој според содржината на Барањето е имател на бараната информација и за тоа да го извести барателот.
Доколку ЈПКД „Комуналец“ Струмица не располага со бараната информација, а Барањето не може да го препрати до друг имател на информации кој располага со истата, должна е да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „Во членот 26 став 2 зборовите „барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите „имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката. По ставот 2 се додава нов став кој гласи „Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Од тука произлегува дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага, или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Решение на Апелациониот суд Штип по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006,86/2008 и 6/2010) на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Решението на Апелациониот суд во Штип Су.бр.801/13 од 09.10.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
Решението Су.бр. 801/13 од 09.10.2013 година на Апелациониот суд Штип, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-529 од 25.10.2013 година, изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Апелациониот суд Штип, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на Апелациониот суд во Штип е правилно и врз закон засновано.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го констатира следното.
Д.Л. од Струмица на 27.09.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Апелациониот суд Штип заведено под Су.бр.801/13, со кое ја побарал следната информација:
“Дали Апелациониот суд Штип е надлежен да одлучува за споредна работа-неплатена такса без да тужениот на подготвително рочиште или прво рочиште за главна расправа не се впуштил во расправањето за тужбеното барање-оштетно побарување, и ако е надлежен дали Апелациониот суд Штип издал фиктивно решение да нелегитимното решение на Основниот суд Струмица П1.121/13 од 11.06.2013 година, го потврди како легитимно“.
Во врска со ова барање Апелациониот суд Штип на 02.10.2013 година, до Д.Л. доставил Допис Су.бр.801/13 со кој побарал од барателот, согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да го дополни барањето во рок од три дена од денот на приемот на ова известување, а доколку не постапи во тој рок, согласно член 17 став 3 од наведениот Закон, ќе се констатира дека барањето е повлечено.
Д.Л. на 05.10.2013 година, до Апелациониот суд Штип доставил Дополнување на Барањето за пристап до информации од јавен карактер во кое го повторува истото барање како и во првичното барање.
Постапувајќи по Барањето и Дополнувањето на Барањето, Апелациониот суд Штип донел Решение Су.бр.801/13 од 09.10.2013 година со кое го ОТФРЛИЛ Барањето согласно член 17 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Против наведеното Решение Д.Л. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-529 од 29.10.2013 година, ја препрати Жалбата до Апелациониот суд Штип и побара во рок од 3 дена Судот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барње на Комисијата, Апелациониот суд Штип достави Произнесување по Жалба заведено под Су.бр.801/13 од 04.11.2013 година а во Комисијата под бр.07-529 на 11.11.2013 година. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот на жалбата Апелациониот суд Штип изјавува дека жалбените наводи се неосновани и дека Решението е засновано согласно законските одредби на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата, Решението на Апелационит суд Штип и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Решението на Апелациониот суд Штип Су.бр.801/13 од 09.10.2013 е правилно и врз закон засновано, а наводите во Жалбата се неосновани од следните причини.
Апелациониот суд Штип во врска со наведениот предмет правилно ја утврдил фактичката состојба и правилно ги применил одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Судот побарал од барателот да го дополни Барањето согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Бидејќи Барањето и по дополнувањето не ги исполнувало условите од членот 16 на овој закон и поради тоа имателот на информации не можел да го разгледува Барањето, донел Решение со кое го отфрлил Барањето согласно член 17 став 5 од наведениот закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Општина Велес – Сектор за урбанизам, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Општина Велес – Сектор за урбанизам, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Увид во документација за изградба (реконструкција, адаптација, пренамена и слично) во деловен простор и друга немена на постоечки подземни гаражи во состав на станбена зграда на улица Благој Ѓорев бр.99. Подземните гаражи со изработени со проект исклучиво наменет за подземни гаражи со склоп со постоечката станбена зграда на назначената адреса и да му се издаде фотокопија на решение, одлука и други списи во врска со изградбата“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Велес – Сектор за урбанизам на барателот да му овозможи увид во Документацијата а по потреба и фотокопија на бараните информации најдоцна до 10.12.2013 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-287 од 10.05.2013 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер заведен во Општината под бр. 25-31/3, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Велес–Сектор за урбанизам на барателот да му овозможи увид во Документацијата а по потреба и фотокопија на бараните информации најдоцна до 10.12.2013 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Б.П. на 03.01.2013 година, до Општина Велес поднел Барање за пристап до информации јавен карактер завдено во Општината под бр. 25-31/1 со кое од Општината побарал да му биде доставена следната информација:
„Увид во документација за изградба (реконструкција, адаптација, пренамена и слично) во деловен простор и друга намана на постоечки подземни гаражи во состав на станбена зграда на улица Благој Ѓорев бр.99. Подземните гаражи со изработени со проект исклучиво наменет за подземни гаражи со склоп со постоечката станбена зграда на назначената адреса и да му се издаде фотокопија на решение, одлука и други списи во врска со изградбата“.
Во врска со ова Барање, Општина Велес на 11.01.2013 година до барателот доставила Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер заведен во Општината под бр. 25-31/3, во кој се наведува;“…Ве известуваме дека Општина Велес е надлежна за урбанистичката документација и процедури од стартот на процесот на децентрализација во 2005 година. Документацијата во која барате увид датира од 2005 година и од надлежност на Министерството за транспорт и врски е дирекно пренесена во надлежност на Државниот архив на Македонија. Врз основа на горенаведеното, Ве известуваме дека согласно член 18, став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл.весник на РМ“ бр.13/2006) Вашето Барање е препратено до Државниот архив на Македонија.“
Во прилог на Одговорот до барателот доставен е и Дописот за препраќање на Барањето до Државниот архив на Република Македонија-Подрачно одделение-Велес.
Архивот на Република Македонија-Одделение во Велес, на 25.01.2013 година до Општина Велес доставил Допис-Одговор заведен под бр.03-95/2 од 24.01.2013 година, заведен во Општината под бр.25-34/4 од 25.01.2013 година, со кој побарал од Општина Велес, во врска со препратеното Барање да достави до Архивот повеќе податоци како: година на градба, инвеститор, изведувач, за да може да постапат по наведеното Барање.
Општина Велес, наместо да постапи по Барањето на Архивот и да ги достави бараните податоци, на 29.01.2013 година, по телефон, од барателот побарала да го дополни Барањето. Барателот постапил по барањето на Општината и на 31.01.2013 година до Општината доставил Дополнување на Барањето, заведено под број 25-31/5.
Во Дополнувањето на Барањето, заведено во Општината под бр.25-31/5 од 31.01.2013 година, барателот бара да му се дозволи увид во документацијата за изградба (реконструкција, адаптација, промена на претходно постоечки подземни гаражи во состав на станбена зграда на улица Благој Ѓорев 97 (зграда С1) со вкупно12 гаражи од станбена зграда (С1) пренаменети во деловни простории како што е наведено во претходното Барање по ЗСПИЈК од 03.01.2013 година…што значи пренаменети се 12 подземни гаражи во деловни простории.. .Пренамената од подземните гаражи во деловни простории е извршена во период првите три од 2002(почетна градба) а со решение, одлука и др.ставени во употреба во период од 2003 година па се до 2006/2007 год. на останатите подземни гаражи во деловни простории“
Општина Велес Дополнувањето на Барањето го препратила до Архивот на Република Македонија, подрачна единица во Велес на 08.02.2013 година, заведено во Општината под број 13-31/6 и за тоа го известила барателот.
Во врска со ова препратено Дополнување на Барањето, Архивот на Република Македонија, Одделение во Велес, до Општината на 20.02.2013 година доставила Одговор заведен под број 03-95/4 на 19.02.2013 година. Во Одговорот наведува; “…Ве известуваме дека по извршената проверка во преземениот архивски материјал од Министерстгвото за транспорт и врски П.Е.Велес, наведени се сопствениците и барателите за пренамена на објекти во деловни простории. Поради тоа, потребно е барателот на информации да ги наведе сопствениците на пренаменетите објекти.“
Наведениот Одговор Општината го доставила и до барателот.
Незадоволен од Одговорот на Општината како и постапувањето на Општината по Барањето, Б.П. на 10.05.2013 година, достави Жалба до Комисијата, заведена под број 07-287.
Во Жалбата жалителот ја наведува целокупната постапката на Општина Велес по Барањето и Дополнувањето на барањето и наведува; “…Подземните гаражи со локација и платени комуналии со сите градежни дозволи не може да се издаде Одобрение за пренамена во деловни објекти затоа што гаражите се објекти кои ги задоволуваат сообраќајните услови во парцелата и надвор од парцелата на објектот. Исто така гаражите се изградени со висинска кота од 2,1 метар. А легално изградените деловни простории по закон за градење се проектирани и изградени со висина од 3 м.“
На 15.05.2013 година, Б.П. достави Поднесок до Комисијата заведен под број 07-287.
Во Поднесокот, повикувајќи се на Жалбата бр.07-287 од 10.05.2013 година, Жалителот како дополнување на Жалбата, достави Допис-Одговор по препратено Барање по Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од Државниот архив на Република Македонија-Одделение во Велес, заведено во Архивот под број 19-569/2 од 26.04.2013 година.
Во Одговорот на Државниот архив на Република Македонија-Одделение во Велес се наведува;“…Ве известуваме дека по извршената проверка во фондот Министерство за транспорт и врски-Сектор за урбанизам, П.Е.Велес (техничка документација) за 2004 година констатирано е дека има техничка документација на име П.Т….Погоре наведениот фонд и евиденциите (пописот и описот) на архивскиот материјал за периодот од 2002-2007 година не се преземени предмети за постоечки пренаменети гаражи на сопствениците Б.А., В.Ш., З.С., Б.Г. и останати.“
Комисијата, со допис бр.07-287 од 27.05.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес – Сектор за урбанизам и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со Барањето на Комисијата, Општина Велес на 12.06.2013 година до Комисијата достави Одговор на Жалба, заведен под број 08-3805/7 од 06.06.2013 година.
Во Одговорот на Жалбата, Општина Велес хронолошки го опишува постапувањето по Барањето и Дополнувањето на Барањето на барателот, препраќањето на Барањето до Архивот на Република Македонија-Одделение во Велес, како и тоа дека барателот го известил службеното лице на Општината дека од Државниот архив на Република Македонија, Одделение во Велес, согласно ЗСПИЈК добил документација за пренамената на еден од објектите во интерес. Во Одговорот е наведено и “…Во текот на целата постапка Општина Велес го упатуваше барателот да ја бара информацијата од Државниот архив на Република Македонија-Одделение Велес каде е доставена документацијата на сите завршени предмети во периодот пред 2005 година. При преземањето на предметите од подрачната единица на Министерството за транспорт и врски во 2005 година Општина Велес ги презеде само започнатите предмети (незавршени предмети) помеѓу кои нема предмет кој може да одговори на барањето на барателот за што барателот е информиран при секој контакт со службеното лице.“
Поради наведеното, Општината предлага Жалбата да биде одбиена како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општина Велес по наведеното Барање и Дополнувањето на Барањето не постапила во целост согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, бр.86/2008, бр.6/2010), иако за цело време постапувала по Барањето на барателот за пристап до информации од јавен карактер.
Од списите на предметот доставувани помеѓу Општина Велес, Државниот архив на Република Македонија-Одделение во Велес и барателот, Комисијата утврди дека Општина Велес и покрај тоа што наведува дека завршените предмети пред 2005 година се предадени во Државниот архив на Република Македонија-Одделение во Велес, не достави доказ односно Записник за преземени предмети во периодот од 2002-2007 година од каде што би можело да се утврди дека Општина Велес ги доставила завршените предмети до Архивот на Република Македонија-Одделение во Велес.
Според Упатството за начинот и техниката на постапување со документарен материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење, (.Службен весник на Република Македонија” бр. 58/96), во глава 10, Предавање на архивската граѓа, точка 74, е наведено: Предавањето на архивската граѓа меѓу имателот и Архивот се врши комисиски и со записник. Записникот ги содржи следните елементи: назив на имателот; гранични години на предадената архивска граѓа; дата и место на предавањето; кратка содржина на архивската граѓа; количество на архивската граѓа (архивски кутии и книги); физичка состојба на архивската граѓа; рокови, начин и услови за користење на архивската граѓа и забелешка за комплетноста на архивската граѓа која се предава.
Од друга страна Архивот тврди дека; “ …во горе наведениот фонд и евиденциите (пописот и описот) на архивскиот материјал за периодот од 2002 до 2007 година не се преземени предмети за постоечки пренаменети гаражи на сопствениците Б.А., В.Ш., З.С., Б.Г. и останати од што произлегува дека ниту Општината ниту Архивот поседуваат Записник за предадени односно примени предмети според наведеното Упатство.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против АД „МЕПСО“ – Скопје, по предметот дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против АД „МЕПСО“ – Скопје, по предметот дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Одлуки во фотокопие, со кој е наредено во јуни 2013 год. се навлезе во имотот на С.С. с. Инче, Македонски Брод во м.в. Долни Ает“, каде поминува 110 КВ далновод, граден 1997 год. и се направи штета на дабови стебла и култивиран бор, без знаење на сопственикот, ниту на некој начин регулирано…или да извршам увид во содржината на истите”, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-491 на 30.09.2013 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против АД „МЕПСО“ – Скопје, по предметот дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Б.С. од Скопје, на 17.07.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД „МЕПСО“ – Скопје и побарал да му ја достават следната информација:
„Одлуки во фотокопие, со кој е наредено во јуни 2013 год. Се навлезе во имотот на С.С. с. Инче, Македонски Брод во м.в. Долни Ает“, каде поминува 110 КВ далновод, граден 1997 год. и се направи штета на дабови стебла и култивиран бор, без знаење на сопственикот, ниту на некој начин регулирано…или да извршам увид во содржината на истите“.
АД „МЕПСО“ – Скопје, како што се наведува во Жалбата бр.07-491 од 19.08.2013 година, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-491 од 22.08.2013 година ја препрати Жалбата до АД „МЕПСО“ – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД „МЕПСО“ – Скопје до Комисијата достави Одговор на барање бр.02-4590/1 од 29.08.2013 година, заведен во Комисијата под бр. 07-491 на 04.09.2013 година. Во одговорот е наведено дека на 30.07.2013 година во „Македонски пошти“ е доставено писмо со одговор по Барањето на Б.С. од Скопје.
Б.С. од Скопје на 30.09.2013 година до Комисијата достави Дополнување на Жалба кое, како што е наведено во истото, е поднесено поради немање одговор од АД „МЕПСО“ – Скопје по дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер од 12.09.2013 година, доставено во врска со Барањето за пристап до информации од јавен карактер од 17.07.2013 година.
Комисијата со допис бр.07-491 од 30.09.2013 година го препрати Дополнувањето на Жалбата до АД „МЕПСО“ – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД „МЕПСО“ – Скопје на 04.10.2013 година до Комисијата достави допис по електронски пат, заведен во Комисијата под бр. 07-491, во кој наведува дека: „…нашата надлежна служба овозможи увид во делбен биланс за г-дин Б.С….при што добивме одговор дека дополнително ќе се најави и ќе дојде да изврши увид…“.
На 01.11.2013 година АД „МЕПСО“ – Скопје до Комисијата достави допис бр. 02-6384 од 29.10.2013 година, со кој известува дека на 28.10.2013 година…Б.С….изврши увид во бараните акти“. Во прилог на дописот до Комисијата е доставена фотокопија од Записник за извршен увид бр. 02-6363 од 28.10.2013 година, потпишан од страна на службено лице од АД „МЕПСО“ – Скопје кое го овозможило увидот, како и од страна на барателот на информацијата Б.С. од Скопје.
По извршениот увид, во законски предвидениот рок, барателот нема поднесено жалба до Комисијата.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека АД „МЕПСО“ – Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) застапувано од С.Ф., вработена во Здружението, поднесена против Државниот студентски центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) застапувано од С.Ф., вработена во здружението, поднесена против Државниот студентски центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.20-2/2013:
-цената(со или без ДДВ) која ја плаќате за тековно одржување на лифтовите,
-бројот на лифтови на чие одржување се однесува договорот и
-вкупната вредност на договорот?”, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-515 на 02.10.2013 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) застапувано од С.Ф., вработена во Здружението, поднесена против Државниот студентски центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) на 30.07.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0302/3120 до Државниот студентски центар, и побарал во фотокопија по пошта, факс или имеил да и му ја достават следната информација:
“Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.20-2/2013:
-цената(со или без ДДВ) која ја плаќате за тековно одржување на лифтовите,
-бројот на лифтови на чие одржување се однесува договорот и
-вкупната вредност на договорот?”.
Државниот студентски центар, како што е наведено во Жалбата, до барателот доставил Одговор по барање за пристап до информации заведено под број 05-1196/2 од 01.10.2013 година 25.09.2013 година.
Во Одговорот е наведено “…Ве известуваме дека за сите информации во врска со јавните набавки може да се информирате на веб страната на Бирото за јавни набавки.“
Незадоволен од наведениот Одговор, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-515 од 08.10.2013 година ја препрати Жалбата до Државниот студентски центар и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот студентски центар на 25.10.2013 година до Комисијата достави Одговор на Жалба, заведен под број 05-1196/3 од 14.10.2013 година а во Комисијата под бр. 07-515 со кој наведува дека:“ Предмет на договорот согласно спроведената постапка за јавна набавка (бр.20-2/2013 год) не е тековно одфжување на лифтови, па со оглед на тоа не можеме да ви издадеме било каква информација…… “
Државниот студентски центар на 08.11.2013 година достави до Комисијата Известување по меил во кое наведува дека Државниот студентски центар во врска со вложената Жалба доставил Одговор заведен под број 05-1196/3 од 14.10. 2013 година.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Државниот студентски центар постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку извршниот директор А.Ј.Д., против Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21ноември 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку извршниот директор А.Ј.Д., против Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Државната комисија за спречување на корупција достави до Јавното обвинителство иницијативи за поведување постапки за кривично гонење на организаторите на изборни кампањи за локалните избори од март 2013 година, согласно со член 49 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии? Доколку одговорот е потврден, бараме фотокопии од поднесените иницијативи “, поради тоа што на барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-518 на 08.10.2013 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку извршниот директор А.Ј.Д., против Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Транспарентност Македонија на 22.08.2013 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното обвинителство на Република Македонија, заведено во Транспарентност Македонија под бр.138/03 а во Јавното обвинителство на Република Македонија А бр.436/13 и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Дали Државната комисија за спречување на корупција достави до Јавното обвинителство иницијативи за поведување постапки за кривично гонење на организаторите на изборни кампањи за локалните избори од март 2013 година, согласно со член 49 став 1 од Законот за спречување на корупцијата, Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии? Доколку одговорот е потврден, бараме фотокопии од поднесените иницијативи “.
Јавното обвинителство на Република Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-518 од 09.10.2013 година ја препрати Жалбата до Јавното обвинителство на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното обвинителство на Република на 16.10.2013 година достави Одговор на Жалба заведен под Абр.436/13 од 15.10.2013 година а во Комисијата под бр. 07-518, во кој наведува:
“Од книгата за прием и од деловодната книга на Јавното обвинителство на Република Македонија се утврди дека ова Обвинителство на 22.08.2013 година го примило предметното барање,(прилог фотокопие од барање со наш приемен печат).
Постапувајќи по барањето Јавното обвинителство на Република Македонија во законски рок, на 16.09.2013 година, доставило одговор на барањето до Транспарентност Македонија(прилог фотокопие наш допис А бр.436/13 од 16.09.2013 година)
Со оглед на ова произлегува дека Јавното обвинителство на Република Македонија во законски предвидениот рок односно навремено постапило по барањето).“.
Службеното лице кое постапува по предметот контактираше со Транспарентност Македонија кое го извести дека немаат добиено никаков одговор од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија.
На 21.10.2013 година, на претставникот од Транспарентност Македонија од страна на Комисијата му беше даден на рака одговорот по Барањето доставен од Јавното обвинителство на Република Македонија до Комисијата, заведен по бр.А 436/13 од 16.09.2013 година.
Поради горенаведеното, Транспарентност Македонија на 28.10.2013 година до Комисијата достави Известување заведено под број 07-518 со кое и предлага на Комисијата да ја прекине жалбената постапка и да донесе соодветен акт.
Врз основа на списите на предмтот, Комисијата утврди дека Јавното обвинителство на Република Македонија во рокот предвиден со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер подготвил Одговор по Барањето до барателот, но нема доказ дека истиот го доставил. Фотокопијата од приемната книга од пошта во која е наведен примачот-Транспарентност македонија, без адреса, укажува на тоа дека на 17.09.2013 година дописот е предаден во пошта но не и дека е доставен. Ова не претставува доказ за уредно примено писмено од страна на барателот.
Во член 85 од Законот за општата управна постапка (“Сл.весник на РМ“ бр.38/05) и член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка (“Сл.весник на РМ“ бр110/2010) е регулирано доставувањето по пошта и само доставувањето на наведениот начин се смета за уредна достава.
Јавното обвинителство на Република Македонија постапило по Барањето, но барателот ги добил бараните информации со задоцнување, со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.А. од Велес, против ССОУ „Коле Неделковски“ Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 ноември 2013 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Т.А. од Велес, против ССОУ „Коле Неделковски“ Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
„За изборот на Агенцијата преку која е реализирано ученичката ексурзија од 26.04.2013 година“, поради тоа што на барателот му е доставено одговор на бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-417 на 29.06.2013 година, изјавена од Т.А. од Велес, против ССОУ „Коле Неделковски“ Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Т.А. од Велес на 17.05.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ССОУ „Коле Неделковски“ Велес, заведено во ССОУ „Коле Неделковски“ Велес под бр.03-539 на 17.05.2013 година и побарал по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„За изборот на Агенцијата преку која е реализирано ученичката ексурзија од 26.04.2013 година“.
ССОУ „Коле Неделковски“ Велес, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-417 од 02.07.2013 година ја препрати Жалбата до ССОУ „Коле Неделковски“ Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ССОУ „Коле Неделковски“ Велес на 29.07.2013 година достави допис заведен под 03-747/2 од 19.07.2013 година а во Комисијата под бр. 07-417. Во прилог го доставува Одговорот и сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето ССОУ „Коле Неделковски“ Велес, доставило одговор на барањето до Т.А.. ССОУ „Коле Неделковски“ Велес по меил ни го достави сите достави со повратница, во кои се гледа дека од страна на имателот се доставени уредно, но не се примено од страна на барателот.
Исто така, Комисијата го побара неколку пати не мобилен телефон, не го доби.
ССОУ „Коле Неделковски“ Велес до Комисијата достави меил во кое е наведено дека: „Ви пракам скениран изглед на сите достави направени до лицето А.Т., од кои се гледа дека пратките доставени уредно од наша страна не се примени од негова страна и тоа на пратките се гледа дека поштарот запишува датум и известува дека пратката не е примена со потпис на овластено лице за достава…“ Во прилог на меилот ги достави сите пратки доставени до Барателот.
Согласно член 85 став 4 од Законот за општа управна постапка, доколку странката по истекот на седум дена, сметано од денот од прикачувањето на известувањето на вратата на станот или седиштето, не изврши прием на писменото, односно не преземе никакви активности на кои е упатена, органот ќе констатира дека доставата е уредно извршена.
Службеното лице кое постапува по предметот неколку пати го бараше на мобилен телефон Т.А. од Велес, но не успеа да го добие.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.