ДОНЕСЕНИ 20 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 64 седница одржана на 9 јануари 2008 година, донесе 20 решенија и 7 заклучоци. Исто така, Комисијата постапи и по две барања за пристап до информации од јавен карактер поднесени до неа во функција на имател на информации од јавен карактер.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Ж.Н. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски на Република Македонија – Државен градежен инспекторат, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата на Ж.Н. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски на Република Македонија – Државен градежен инспекторат СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-714/1 од 19.12.2007 година, изјавена од Ж.Н. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски на Република Македонија – Државен градежен инспекторат и ЈА ОДБИ Жалбата како неоснована.
Подносителот на Жалбата на 10.09.2007 година се обратил со ПРИЈАВА до Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и, повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер побарал увид во документација „за извршената реконструкција на плоштадот Македонија и врз база на таа документација издаденото решение„. Незадоволен од документацијата што му била дадена на увид Ж.Н. поднел „Пријава на диво изграден објект„, со барање „дивоизградениот објект да биде срушен„.
Министерството за транспорт и врски на 18.09.2007 година одговорило по Пријавата на Ж.Н., кому му укажува дека „Со префрлањето на надлежностите од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на локално ниво, согласно со процесот за децентрализација и…Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење…издавањето на документација за објекти од трета, четврта и петта категорија, од 01.07.2005 год. е во надлежност на општината во чии граници е градбата, а во конкретниот случај тоа е општината Центар„, на која и ја препратила Пријавата на натамошно постапување.
Подносителот на Пријавата, Ж.Н. на 19.12.2007 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднесе Жалба со жалбена основа која е наведена во Пријавата – „Барање за рушење на дивоградба„.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја разгледа Жалбата на барателот и во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер укажува дека :
Согласно член 3 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,„информација од јавен карактер„ е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности, а жалбената постапка се води против имателот на таква информација согласно член 28 од истиот Закон.
Согласно надлежностите на Комисијата кои произлегуват од член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата одлучува по жалби против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите на такви информации, што значи дека Комисијата не е надлежна да постапува по жалби по пријави.
Со оглед на горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Врховниот суд на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на неговото донесување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.М. од Скопје, преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот да ја даде бараната информација „колку средства се доделени за здруженијата на граѓани или фондации, во периодот од 1999 до 2006 година, кои се тие здруженија на граѓани или фондации, од која буџетска линија се исплатени средствата„ , во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-663/1 од 23.11.2007 година, изјавена од Д.М. од Скопје, преку полномошник Д.К., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да постапи по препратеното барање и да ја даде бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот Д.М. од Скопје на 28.09.2007 година се обратил со Барање до Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија од кое барал, како што е наведено во Жалбата, информација – „Колку средства се доделени за здруженијата на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година, кои се тие здруженија на граѓани или фондации, од која буџетска линија се исплатени средствата„.
Ова Барање Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија на 09.10.2007 година, повикувајќи се на член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го препратило до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата – Министерството за финансии – Сектор за буџет и фондови и за тоа го известило барателот.
Имателот на информации до кого е препратено барањето, Министерството за финансии на РМ, не одговорило во роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што барателот поднел Жалба.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Исто така, Ви укажуваме дека согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на И.К. од Скопје, преку полномошник К.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од И.К. од Скопје, преку полномошник К.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот да ја даде бараната информација „за висината на доделените средства на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година, кои се тие здруженија и за какви активности им се доделени средствата, како и за буџетската ставка или подставка од која се исплатени средствата„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-657/1 од 21.11.2007 година, изјавена од И.К. од Скопје, преку полномошник К.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да постапи по препратеното барање и да ја даде бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот И.К. од Скопје на 17.09.2007 година се обратила со Барање до Министерството за правда на Република Македонија од кое барала „информација за висината на доделените средства на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999 до 2006 година, кои се тие здруженија и за какви активности им се доделени средствата, како и за буџетската ставка или подставка од која се исплатени средствата„.
Ова Барање Министерството за правда на Република Македонија на 27.09.2007 година, согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го препратило до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа го известило барателот.
Имателот на информации до кого е препратено барањето, Министерството за финансии на РМ, не одговорило во роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што барателот поднел Жалба.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Исто така, Ви укажуваме дека согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на М.М. од Скопје, преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М. од Скопје, преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот да ја даде бараната информација „Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот 1999 до 2006 година (по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за каква/и активност/и (кој проект, услуга и сл.)? Од која буџетска линија, ставка или подставка се исплатени средствата? (образложение: фотокопии од решенијата за доделување на средства, копија од договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и сл.)„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-711/1 од 18.12.2007 година, изјавена од М.М. од Скопје, преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да постапи по препратеното барање и да ја даде бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот М.М. од Скопје на 27.09.2007 година се обратил со Барање до Владата на Република Македонија од која барал, како што е наведено во Жалбата, информација „ Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот 1999 до 2006 година (по години одделно), кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за каква/и активност/и (кој проект, услуга и сл.)? Од која буџетска линија, ставка или подставка се исплатени средствата? (образложение: фотокопии од решенијата за доделување на средства, копија од договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и сл.)„.
Ова Барање Владата на Република Македонија одговорила на 30.10.2007 година, повикувајќи се на член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го препратила до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа го известила барателот.
Имателот на информации до кого е препратено барањето, Министерството за финансии на РМ, не одговорило во роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што барателот поднел Жалба.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Исто така, Ви укажуваме дека согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.С. од Скопје, преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д,С. од Скопје, преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот да ја даде бараната информација „Колку средства се доделени на здруженијата на граѓани и фондации во периодот 1996 до 2006 (по години одделно). Кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за каква/и активност/и, кој проект, услуга и сл.? Од која буџетска линија стафка или подстафка се исплатени средствата? (образложение: фотокопија од решенијата за доделување на средствата, копија од договорите по основа на кои биле префрлени средствата за услуги и донации и сл.)„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-662/1 од 23.11.2007 година, изјавена од Д.С. од Скопје, преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да постапи по препратеното барање и да ја даде бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот Д.С. од Скопје на 28.09.2007 година се обратил со Барање до Министерството за економија на Република Македонија од кое барал информација – „Колку средства се доделени на здруженијата на граѓани и фондации во периодот 1996 до 2006 (по години одделно). Кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за каква/и активност/и, кој проект, услуга и сл.? Од која буџетска линија стафка или подстафка се исплатени средствата? (образложение: фотокопија од решенијата за доделување на средствата, копија од договорите по основа на кои биле префрлени средствата за услуги и донации и сл.)„.
Ова Барање Министерството за економија на Република Македонија одговорило на 04.10.2007 година, повикувајќи се на член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го препратило до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата – Министерството за финансии и за тоа го известила барателот.
Имателот на информации до кого е препратено барањето, Министерството за финансии на РМ, не одговорило во роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што барателот поднел Жалба.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Исто така, Ви укажуваме дека согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на М.К. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата на М.К. од Скопје, застапуван од адвокат К.Д. од Скопје, изјавена по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер во делот на барањето информација – „Колку финансиски средства се предвидени за проектот Избор на национална химна и од која буџетска ставка се плаќаат?„ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија да ја даде бараната информација во рок од 15 дена од доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-495/1 од 05.10.2007 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, во делот на барањето информација – „Колку финансиски средства се предвидени за проектот Избор на национална химна и од која буџетска ставка се плаќаат?„ ЈА УВАЖИ Жалбата и ЈА ЗАДОЛЖИ Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија да ја даде бараната информација во рок од 15 дена од доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот М.К. од Скопје, застапуван од адвокат К.Д. од Скопје на 24.09.2007 година се обратил со Барање до Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија од која барал информација – „Колку финансиски средства се предвидени за проектот Избор на национален дрес и химна и од која буџетска ставка се плаќаат? „.
На ова Барање Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија одговорила во законски предвидените рокови од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на 26.09.2007 година, со Одговор во кој вели дека за проектот „Избор на национален дрес„ „… се работи за проект во кој Агенцијата за млади и спорт воопшто не е инволвирана, всушност тоа беше проект на невладина организација, следствено Агенцијата ниту има одобрено ниту реализирано средства за тој проект„. За вториот проект, „Избор на национална спортска химна„ Агенцијата одговара дека „е генерален спонзор но не и единствен, а целата организација на овој проект е на „Сојузот на спортски федерации„ кој во соработка со сите спортски федерации го изработува овој проект и е одговорен за финансиската конструкција на истиот„. „Со оглед на фактот дека проектот е се уште во тек не би можеле во моментов да Ве информираме колку точно средства од Агенцијата ќе бидат реализирани, но истите ќе бидат пуштени од ставката 463-110 или „Трансфери од невладини институции„ во секторот спорт која служи за финансирање и поттикнување на проекти од областа на спортот„ , стои во одговорот од Агенцијата.
Барателот во Жалбата нагласува дека првиот дел од одговорот го прифаќа, но нагласува дека не е задоволен во делот на барањето во кое бара информација „колку средства се ПРЕДВИДЕНИ за реализација на проектот, а не го интересира колку средства ќе бидат реализирани„.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, уважувајќи ги наводите во Жалбата, на 25.10.2007 година до имателот на информациите Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија испрати Барање за доставување на предметни списи во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кое го задолжи веднаш да ги достави сите списи во врска со предметот, а на што имателот не одговори.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата на барателот и, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Исто така, Ви укажуваме дека согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Во случајов Агенцијата за млади и спорт на РМ е должна повторно да постапи по Барањето на М.К. од Скопје и да му ја даде бараната информација во целост, во форма и на начин наведени во барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на М.М. од Скопје, поднесена преку полномошник А.Е., адвокат од Скопје, против Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М. од Скопје, поднесена преку адвокат А.Е. од Скопје, против Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Фондот за пезиско и инвалидско осигурување на Македонија да ја даде бараната информација – „Правилникот за систематизација на работни места„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-605/1 од 08.11.2007 година, изјавена од М.М. од Скопје, поднесена преку полномошник А.Е. адвокат од Скопје, против Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да ја даде бараната информација – „Правилникот за систематизација на работни места„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот М.М. на 24.09.2007 година се обратила со Барање за пристап до информации до Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија.
На ова Барање Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија не одговорило во законски предвидените рокови од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што барателот поднел Жалба.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа доставената Жалба и во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на 21.11.2007 година ја испрати до Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија од кој побара веднаш да се произнесе по истата и на Комисијата да и ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија одговори дека ја известува Комисијата дека „Актот за систематизација на работата и работните задачи на Фондот за пезиското и инвалидското осигурување на Македонија нема карактер на документ од јавен карактер, односно нема карактер на информација од јавен карактер за да биде достапен до јавноста„ , класифицирајќи го за „интерен акт на институцијата„ , кој може да претставува исклучок од оваа класификација само за „Владата на РМ и на ресорното Министерство за труд и социјална политика„. Притоа на Комисијата не и ги достави бараните списи по предметот.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации може да одбие барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на некоја од точките 1 до 9 од истиот став од истиот член на Законот.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.К. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, против Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.К. од Скопје, поднесена преку адвокат А.А. од Скопје, против Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА АД Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје да ја даде бараната информација – „Одлука за составот на Управниот одбор и износ за примањата на надоместот на неговите членови„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-573/1 од 05.11.2007 година, изјавена од Д.К. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А. адвокат од Скопје, против Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да ја даде бараната информација – „Одлука за составот на Управниот одбор и износ за примањата на надоместот на неговите членови„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Барателот Д.К. на 19.09.2007 година се обратил со Барање за пристап до информации до Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје.
На ова Барање Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје не одговорило во законски предвидените рокови од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што барателот поднел Жалба.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер Жалбата, во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на 14.11.2007 година, ја испрати до Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје од кое побара веднаш да се произнесе по истата и на Комисијата да и ги достави сите списи во врска со предметот.
Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост – Скопје не и одговори на Комисијата и не и ги достави бараните списи.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Л.С.З. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, против Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Л.С.З. од Скопје, поднесена преку адвокат А.А. од Скопје, против Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија да ја даде бараната информација – „Колкав е приходот на Агенцијата за електронски комуникации„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-534/2 од 04.12.2007 година, изјавена од Л.С.З. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А. адвокат од Скопје, против Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да ја даде бараната информација – „Колкав е приходот на Агенцијата за електронски комуникации„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот Л.С.З. на 19.09.2007 година се обратила со Барање за пристап до информации до Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија.
На ова барање Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија одговорила на 03.10.2007 преку електронска пошта, по што барателот, незадоволен од одговорот поднел Жалба.
Агенцијата испратила писмен допис до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 26.10.2007 година, односно Мислење по жалбата, без притоа да ги достави сите списи од предметот, во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во мислењето на Агенцијата стои дека бараната информација „ќе биде јавно достапна веднаш по прифаќањето на Извештајот од страна на Собранието на РМ кој го одобрува„ , односно дека барањето „не е дел од Листата на информации од јавен карактер„ зошто „приходната страна на финансискиот биланс на АЕК е дел од Извештајот на Агенцијата кој се уште не е одобрен од законодавниот дом„ и „се додека пратениците не го верифицираат овој документ, тој нема валидност и не може да биде достапен за официјални толкувања„.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 14 точка б од Законот за електронски комуникации, Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации донесува годишен финансиски план на Агенцијата и завршна сметка, а во врска со член 26 став 2 од истиот Закон во кој се вели дека „Годишниот финансиски план на Агенцијата го усвојува Комисијата и го доставува до Собранието на Република Македонија на одобрување. Годишниот финансиски план на Агенцијата содржи податоци за приходите и трошоците, како и ревизорски и финансиски извештаи за претходната година и предвидените капитални и оперативни трошоци за следната година„.
Согласно член 10 став 4 од Законот за електронски комуникации – Годишниот извештај на Агенцијата јавно е достапен. Годишниот извештај, согласно член 25 став 3 од истиот Закон не потпаѓа под точките од овој член кои се однесуваат на документација која на јавноста нема да и биде достапна доколку поинаку не е уредено со овој Закон.
Комисијата, исто така, укажува дека Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Исто така, Ви укажуваме дека согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на К.М. од Берово, преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.М. од Берово, преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот да ја даде бараната информација „ Колку средства се потрошени за кампањата – Вложи во својата иднина, побарај фискална сметка, и од која буџетска ставка се платени?„ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-661/1 од 23.11.2007 година, изјавена од К.М. од Берово, преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии на Република Македонија, ЈА УВАЖИ Жалбата и ГО ЗАДОЛЖИ имателот да постапи по препратеното барање и да ја даде бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Барателот К.М. од Берово на 17.09.2007 година се обратил со Барање до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција од која барал, како што е наведено во Жалбата, информација – „ Колку средства се потрошени за кампањата – Вложи во својата иднина, побарај фискална сметка, и од која буџетска ставка се платени?„.
Барањето Управата за јавни приходи – Генерална дирекција на 21.09.2007 година го препратила до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата – Министерството за финансии и за тоа го известила барателот.
Имателот на информации до кого е препратено барањето, Министерството за финансии на РМ, не одговорило во роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што барателот поднел Жалба.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во функција на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, укажува на следното:
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Исто така, Ви укажуваме дека согласно член 20 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако Вие како имател на информацијата барањето делумно или целосно го одбиете, за тоа сте должни да донесете решение кое треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено, а доколку позитивно одговорите на барањето, да изготвите записник.
Согласно член 44 став 1 од истиот Закон ќе се казни за прекршок службеното лице за посредување со информации доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 21).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на М.Т. и Ј. Т., поднесена против Министерството за транспорт и врски по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Т. и Ј.Т., внатрешно раселени лица, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата поднесена од М.Т. и Ј.Т., внатрешно раселени лица заведена под бр.07-523/1 од 24.10.2007 година и другите списи во врска со предметот и ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата, Барањето од 20.09.2007 година, Барањето од 08.10.2007година и Известувањата од Министерството за транспорт и врски во врска со овие Барања, доставени до барателите М.Т. и Ј.Т., Комисијата го констатира следното.
Жалбата е неоснована бидејќи е поднесена против Известувања од Министерството за транспорт и врски по барања кои пак не се во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барањата гласат: “Дали објект во кој нема струја, вода, оштетен (без врати, прозори, оштетен кров), опљачкан (без ствари, предмети и основна покуќнина), според критериумите во државата и пред се на вашето Министерство таков објект во таква фактичка состојба ги исполнува условите за нормално живеење. Дали воопшто вашето Министерство издавало или издава потврди со кои се докажува дека објектот исполнува минимални, или некакви други услови за нормално живеење на објекти зафатени со воените дејствија во 2001- ва година“.
Подносителите на Жалбата во барањата не се повикуваат на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Министерството за транспорт и врски одговара на поставените прашања, но исто така, во одговорите не се повикува на овој Закон затоа што барањата се однесуваат на одговор на прашања, а не на информација или документ кој е создаден и постои. Министерството за транспорт и врски одговара на барањата согласно неговите надлежности кои произлегуваат од други закони и подзаконски акти.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности“.
Оттука, во конкретниов случај нема основа за поднесување Барање и Жалба согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на М.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р, адвокат од Скопје, против Јавно претпријатие Македонска Радио Телевизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.С. од Скопје, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија на барателот да му ја достави бараната информација “Договор склучен помеѓу ЈП МРТ и Продукција К-15“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.К. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, против Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост-Скопје, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-639/1 од 15.11.2007 година, изјавена од М.С., поднесена преку полномошник М. Р., адвокат од Скопје, Дополнувањето (исправката) на Жалбата и Барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено во Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија, под бр.03-6050/1 од 24.09.2007 година, ЈА УВАЖИ Жалбата и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија на барателот да му ја достави бараната информација “Договор склучен помеѓу ЈП МРТ и Продукција К-15“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето, затоа што Договорот претставува информација од јавен карактер.
Комисијата од увидот во списите во врска со предметот го констатира следното.
Подносителот на Жалбата до Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија, поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и побарал по пошта да му биде доставена фотокопија од “Договор склучен помеѓу ЈП МРТ и Продукција К-15“.
На Барањето за пристап до информации од јавен карактер од 24.09.2007година, Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија, не одговорило во законски предвидениот рок, по што е поднесена Жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок (член 39).
Согласно член 21 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето“.
Службеното лице за посредување со информации ќе се казни за прекршок доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата (член 44 точка 1).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на К.Ж. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Министерството за одбрана, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.Ж. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА, Министерството за одбрана на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999-2006год (по години одделно) кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви активности (кој проект, услуга и сл.),од која буџетска линија, ставка или потставка се исплатени средствата? (образложение: фотокопии од решенијата за доделување на средства, копии од договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и слично“), во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-653/1 од 19.11.2007година, изјавена од K.Ж. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана и Барањето за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ Жалбата и го ЗАДОЛЖИ Министерството за одбрана на барателот да му ја достави бараната информација, “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999-2006год (по години одделно) кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви активности (кој проект, услуга и сл.), од која буџетска линија, ставка или потставка се исплатени средствата? (образложение:фотокопии од решенијата за доделување на средства, копии од договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и слично“), во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
На 28.09.2007 година, K.Ж. од Скопје, поднел Барање до Министерството за одбрана и ја побарал горенаведената информација.
Имателот на информацијата Министерството за одбрана на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Министерството за одбрана не одговори ниту на дописот од 21.11.2007година, со кој Комисијата бараше во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по жалбата и до да ги достави сите списи во врска со предметот.
Согласно член 44 став 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на К.Ж. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Агенцијата за млади и спорт, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.Ж. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА, Агенцијата за млади и спорт на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999-2006год (по години одделно) кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви активности (кој проект, услуга и сл.),од која буџетска линија, ставка или потставка се исплатени средствата? (образложение: фотокопии од решенијата за доделување на средства, копии од договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и слично“), во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-655/1 од 19.11.2007година, изјавена од K.Ж. од Скопје, поднесена преку полномошник К.Д., адвокат од Скопје, против Агенцијата за млади и спорт, Барањето за пристап до информации од јавен карактер и Известувањето за постапување по жалба, ЈА УВАЖИ Жалбата и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата за млади и спорт на барателот да му ја достави бараната информација: “Колку средства се доделени на здруженија на граѓани или фондации во периодот од 1999-2006год (по години одделно) кои се тие здруженија на граѓани или фондации и за какви активности (кој проект, услуга и сл.), од која буџетска линија, ставка или потставка се исплатени средствата? (образложение:фотокопии од решенијата за доделување на средства, копии од договорите по основ на кои биле префрлени средствата за услуги, донации и слично“), во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, во форма и на начин наведени во барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
На 28.09.2007 година, К.Ж. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за млади и спорт и ја побарал горенаведената информација. Имателот на информацијата Агенцијата за млади и спорт на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што полномошникот на барателот поднел жалба.
Согласно член 2 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должни сте да овозможите информираност на јавноста. Одговорното, односно службеното лице кај имателот на информацијата кој нема да даде информација од јавен карактер ќе се казни за прекршок. (член 39).
Комисијата со допис бр.07- 655/2 од 21.11.2007година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за млади и спорт и побара во најкраток можен рок (веднаш), да се произнесе по жалбата и да да ги достави сите списи во врска со предметот.
Согласно член 44 став 2 од истиот Закон со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок лице кај имателот на информација кое во жалбената постапка нема да достави или ќе спречи увид во документот од страна на Комисијата (член 32).
Како одговор на овој допис Агенцијата за млади и спорт до Комисијата достави известување бр.03-3790/2 од 29.11.2007година, адресирано до барателот на информацијата. Во Известувањето се нагласува “Со цел во најкраток временски рок да го удоволиме Вашето барање, а поради обемноста на бараните информации ве известуваме, дека службените лица за посредување со информации почнувајќи од 28.11.2007година, ви се на располагање, а првата договорна средба за натамошна комуникација ви предлагаме да биде на 03.12.2007година, во 09,00 часот, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, определена за таа намена“.
Оттука, произлегува дека, Агенцијата за млади и спорт постапила спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На барањето за пристап до информации не одговорила во законски предвидениот рок од 30 дена. Ако и било потребно подолго време од 30 дена од денот на приемот на барањето поради обемноста на бараната информација, можела да побара да се продолжи рокот, но најмногу до 40 дена од денот на приемот на барањето. За продолжување на рокот и за образложението на причините за продолжување, Агенцијата била должна писмено да го извести барателот, најдоцна во рок од три дена пред истекот на рокот од 30 дена.
Барањето во Агенцијата за млади и спорт е заведено на 28.09.2007 година, а одговорот кој ниту по форма ниту по содржина е во согласност со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е заведен на 29.11.2007година.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на В.У. од Скопје, против Известувањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, против Известувањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр. 07-552/3 од 28.11.2007 година, изјавена од В.У од Скопје, против Известувањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-552/2 од 19.11.2007година и ЈА ОТФРЛИ како неоснована.
В.У. од Скопје на 02.11.2007година, до Комисијата се обрати со Барање за пристап до информации од јавен карактер, во фотокопија по пошта да му се достави следната информација. “Дали во соседна Грција постои ЗСПИЈК – или сличен, дали некој во РМакедонија располага со истиот односно како можам да дојдам до содржината на истиот.
Дали во Грција постои орган како Вас (точен назив на органот) и каде во кои градови (со наведување на седиште-адреса и телефонски број, факс и слично).
Дали може да ми набавите – доставите примерок – фотокопија или слично од нивниот образец за Барање за слободен пристап на информации од јавен карактер како и образец за поднесување жалба“.
За ова Барање, а согласно член 26 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата го извести барателот дека не располага со бараните информации.
Незадоволен од Известувањето по барањето барателот поднесе Жалба.
Жалбата се отфрла како неоснована од следните причини.
Според член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности (во натамошниот текст информација).“ Комисијата ниту ја создала ниту располага со бараната информација ниту има обврска да создаде таква информација.
Второ, во член 28 од истиот Закон се наброени случаите кога барателот има право да поднесе жалба. Против, писменото Известување кое се доставува согласно член 26 точка 2, барателот нема право да поднесе Жалба.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на М.К. од Скопје поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за внатрешни работи, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К од Скопје, поднесена преку полномошник А.П.С. адвокат од Скопје, против Решението бр.10.2-64726/1 од 09.10.2007 година, на Министерството за внатрешни работи, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-535/1 од 29.10.2007година, изјавена од М.К. од Скопје поднесена преку полномошник А.П.С., адвокат од Скопје, Барањето за пристап до информации од јавен карактер доставено од М.К. заведено под бр.10-58283/1 од 17.09.2007 година до Министерството за внатрешни работи, Решението на Министерството за внатрешни работи бр.10.2-64726/1 од 09.10.2007 година, Одговорот по Жалба на Министерството за внатрешни работи заведен под број 102-71327/2 од 28.11.2007, а во Комисијата под број 07-535/3 од 29.11.2007 година и ЈА ОДБИ Жалбата како неоснована и утврди дека Решението на Министерството за внатрешни работи е правилно и врз закон засновано.
М.К. од Скопје, согласно член 4 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднел Барање за пристап до информација од јавен карактер до имателот на информацијата – Министерството за внатрешни работи. Со барањето М.К. побарал “информација за тоа колку оперативни, а колку претходни обработки има за 2007 година“.
Министерството за внатрешни работи на 09.10.2007година, донело Решение бр.10.2-64726/1, со кое го одбило пристапот до бараната информација согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот на информацијата незадоволен од ова Решение преку полномошникот А.П.С., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Со увид во списите на предметот, а ценејќи го и одговорот на Жалбата на Министерството за внатрешни работи, Комисијата утврди дека Решението на Министерството за внатрешни работи е правилно.
Во својот Одговор Министерството наведува:
“Ваквите информации не претставуваат информации од јавен карактер и согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.13/06) претставуваат исклучок од правото на слободен пристап до информации бидејќи истите се класифицирани информации со одреден степен на тајност согласно Законот за класифицирани информации.
Министерството за внатрешни работи не може да даде информации во врска со барањето на М.К. од причина што таквите информации се класифицирани со степен “Строго доверливо“ и не претставуваат информации од јавен карактер. Согласно член 8 став 1 точка 1 од Правилникот за класифицирани информации во Министерството за внатрешни работи донесен во мај 2007 година, со степен “Строго доверливо“ се класифицираат информации создадени од Министерството кои се од значење за јавната безбедност и одбраната, а чие неовластено откривање или употреба би предизвикало исклучително сериозна штета за виталните интереси на Републиката“.
Според член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на П.Ј. од Скопје поднесена преку полномошнок А.Е., адвокат од Скопје против Решението на Министерството за внатрешни работи, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од П.Ј. од Скопје, поднесена преку полномошник А.Е., адвокат од Скопје, против Решението бр.10-63240/3 од 30.10.2007 година, на Министерството за внатрешни работи, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-666/1 од 23.11.2007година изјавена од П.J. од Скопје, поднесена преку полномошник А.E., адвокат од Скопје, Барањето за пристап до информации од јавен карактер доставено од П.Ј. заведено под бр.10-63240/1 од 04.10.2007 година до Министерството за внатрешни работи, Решението на Министерството за внатрешни работи бр.10-63240/3 од 30.10.2007година, Одговорот по Жалба на Министерството за внатрешни работи заведен под број 102-78773/2 од 18.12.2007, а во Комисјата под број 07-666/3 од 19.12.2007 година и ЈА ОДБИ Жалбата како неоснована и утврди дека Решението на Министерството за внатрешни работи е правилно и врз закон засновано.
П.Ј. од Скопје, согласно член 4 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднела Барање за пристап до информација од јавен карактер до имателот на информацијата – Министерството за внатрешни работи. Со барањето П.Ј. побарал “акти за организација и работа и за систематизација на работните места во Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи на 30.10.2007година, донело Решение бр.10-63240/3, со кое го одбило пристапот до бараната информација согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот на информацијата незадоволен од ова Решение преку полномошникот А.Е., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Со увид во списите на предметот, а ценејќи го и одговорот на Жалба на Министерството за внатрешни работи, Комисијата утврди дека Решението на Министерството за внатрешни работи е правилно.
Во својот Одговор Министерството наведува:
“Согласно член 5 ставови 2 и 3 од Законот за внатрешни работи(“Службен весник на Република Македонија бр.19/95; 15/97; 55/97; 38/2002; 33/2003; 19/2004 и 51/2005) утврдено е дека на граѓаните, претпријатијата и другите правни лица и на државните органи, Министерството им дава информации, податоци, известувања за прашања од својот делокруг за кои тие се непосредно заинтересирани, а нема да се даваат податоци и известувања кои претставуваат државна, воена, деловна или службена тајна утврдена со закон или друг пропис.
Во член 9 став 2 од Правилникот за начинот на чување и заштита на документи, извештаи, податоци и други акти на Министерството за внатрешни работи што со закон, друг пропис или одлука на надлежен орган се означени како државна, воена или службена тајна (“Службен весник на Република Македонија, бр.48/95 и 34/2003), утврдено е дека на секој податок кој претставува службена тајна, во зависност од неговото значење му се одредува еден од следните три степени на тајност: “СТРОГО ДОВЕРЛИВО“, “ДОВЕРЛИВО“ или “ИНТЕРНО“.
Согласно член 10 став 1 од овој Правилник строго доверливи се оние податоци од посебно значење за Министерството, со чие откривање ќе настанат потешко штетни последици за извршување на работните задачи на Министерството. Во став 2 алинеја 1 од истиот член е утврдено дека строго доверливи претставуваат податоците за Министерството кои се однесуваат на внатрешната организација и систематизација на работните места“.
Според член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Н.А. од Скопје поднесена преку полномошнок Ј.Б., адвокат од Скопје против Решението на Министерството за внатрешни работи, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б. адвокат од Скопје, против Решението бр.10.2-64748/1 од 09.10.2007 година, на Министерството за внатрешни работи, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-544/1 од 31.10.2007година изјавена од Н.А. од Скопје поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, Барањето за пристап до информации од јавен карактер доставено од Н.А. заведено под бр.10-59598/1 од 20.09.2007 година до Министерството за внатрешни работи- Управа за безбедност и контраразузнавање, Решението на Министерството за внатрешни работи бр.10.2.64748//1 од 09.10.2007година, Одговорот по Жалба на Министерството за внатрешни работи заведен под број 102-72818/2 од 28.11.2007 а во Комисијата под број 07-544/3 од 29.11.2007 година и ЈА ОДБИ Жалбата како неоснована и утврди дека Решението на Министерството за внатрешни работи е правилно и врз закон засновано.
Н.А. од Скопје, согласно член 4 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднел Барање за пристап до информација од јавен карактер до имателот на информацијата – Министерството за внатрешни работи –Управа за безбедност и контраразузнавање. Со барањето Н.А. побарал “информација на колку предмети се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година“.
Министерството за внатрешни работи на 09.10.2007година, донело Решение бр.64748/1, со кое го одбило пристапот до бараната информација согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барателот на информацијата незадоволен од ова Решение преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Со увид во списите на предметот, а ценејќи го и одговорот на Жалба на Министерството за внатрешни работи, Комисијата утврди дека Решението на Министерството за внатрешни работи е правилно.
Во својот Одговор Министерството наведува:
“Ваквите информации не претставуваат информации од јавен карактер и согласно член 6 став 1точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.13/06) претставуваат исклучок од правото на слободен пристап до информации бидејќи истите се класифицирани информации со одреден степен на тајност согласно Законот за класифицирани информации.
Предметите кои се однесуваат на примената на специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година се класифицирани со степен на класификација “Државна тајна“ и согласно член 8 став 1 од Законот за класифицирани информации “Класифицирана информација со степен “Државна тајна“ се информации чие неовластено откривање би предизвикало загрозување и нанесување непоправливи штети на трајните интереси на Република Македонија“.
Според член 6 став 1 точка 1од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на М.М. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер доставено до Центар за управување со кризи, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Центар за управување со кризи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА, Центарот за управување со кризи на барателот да му ја достави бараната информација, “Копија од Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за управување со кризи”, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-570/1 од 05.11.2007година, изјавена од М.M. од Скопје, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Центарот за управување со кризи и Барањето за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ Жалбата и го ЗАДОЛЖИ -Центарот за управување со кризи на барателот да му ја достави бараната информација, “Копија од Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за справување со кризи”, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и форма наведени во Барањето.
Подносителот на Жалбата на 21.09.2007 година, поднел Барање до Центарот за управување со кризи број 12/3-2782/1 и побарал информација, “Копија од Правилникот за систематизација на работните места во Центарот за управување со кризи“.
Центарот за управување со кризи на барателот М.М. од Скопје на 18.10.2007 година и доставил Одговор на барање бр.12/3-2782/2 во кој како прилог е доставен Органограмот на Центарот за справување со кризи но не и Правилникот за систематизација на работните места.
Согласно член 16 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барателот во барањето ја навел информацијата со која сака да се запознае и начин на кој сака да се запознае. Со оглед на тоа што барателот барал “Копија од Правилникот за систематизација на работните места“ а не го барал Органограмот на Центарот за управување со кризи, полномошникот на барателот Ј.Б., адвокат од Скопје, на 05.11.2007 година поднела Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер заведена под број 07-570/1.
На 09.11.2007 година, Комисијата ја достави Жалбата до Центарот за справување со кризи со писмо број 07-570/2 со барање, имателот да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Како Одговор на Доставувањето на Жалбата, Центарот за управување со кризи достави писмо број 12/3-2782/4 од 30.11.2007 година, до М.М. од Скопје, а во Комисијата заведено под број 07-570/3 од 05.12.2007 година со кое ја известува дека, “ Согласно член 2,став 2, алинеја 2 од Одлуката за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите, за печатење во една боја, на еден лист, А-4 формат изнесува 2 денари.
Бидејќи информацијата во вашето барање бр.12/3-2782/1, изнесува 165 страници, во прилог Ви ја доставуваме ж-ска на Центарот за управување со кризи каде што треба да се уплатат потребните средства, доколку сакате да ја добиете бараната информација“.
Полномошникот на барателот Ј.Б, адвокат од Скопје, на 02.01.2008 година, до Комисјата го достави писмото упатено до Центарот за управување со кризи од 05.12.2007 година со кое на имателот- Центарот за управување со кризи, му доставува копија од налог за уплата на бараните средства согласно Одлуката за утврдување на на надоместокот за материјалните трошоци за дадена информација од имателите на информации(“Службен весник на РМ“ бр.136/06).
И покрај уплатениот износ, имателот на информацијата Центарот за управување со кризи, на барателот М.М. од Скопје не и ја доставил бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Е.Н. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, против политичка партија Демократска унија за интеграција по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 28 и член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Е.Н. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, против Демократска унија за интеграција по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА политичката партија Демократска унија за интеграција на барателот да му ја достави бараната информација:“Целосен преглед на финансирањето на политичката партија (финансиско-материјално работење) за период јануари-декември 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-623/1 од 12.11.2007 година, изјавена од Е.Н. од Скопје, поднесена преку полномошник А.А., адвокат од Скопје, ја УВАЖИ Жалбата и ја ЗАДОЛЖИ политичката партија Демократска унија за интеграција, до барателот да ја достави бараната информација, “Целосен преглед на финансирањето на политичката партијата (финансиско-материјално работење) за период јануари-декември 2006 година“, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и форма наведени во Барањето.
На 27.09.2007година, Е.Н. од Скопје до имателот на информацијата, Демократска унија за интеграција, поднела барање за пристап до информација од јавен карактер, по пошта.
На ова Барање имателот на информацијата не одговорил во законски предвидениот рок и форма иако согласно член 20 и ќлен21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должен е да постапи по барањето на следниов начин. Ако позитивно одговори на барањето да изготви записник или ако барањето го одбие да донесе решение со образложение за причините поради кои барањето е одбиено.
Непочитувањето на овие одредби повлекува прекршочна одговорност согласно член 39, член 43 точка 2 и член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата ја разгледа Жалбата на барателот и оцени дека имателот постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Исто така, Демократската унија за интеграција согласно Законот за финансирање на политичките партии, не постапила согласно член 23 став 1 и 2:
“Политичките партиии се должни да водат сметководство за финансиско-материјалното работење на партијата.
Приходите на политичките партии се јавни“.
Според овој член, политичката партија ДУИ е должна да ја даде бараната информација бидејќи таа претставува информација од јавен карактер.
При повторното постапување по предметот политичката партија Демократска унија за интеграција треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Поради погоре изнесеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управна постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова решение може да се поведе управен спор пред Управен суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Г.Д. од Скопје , поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Либерална партија на Македонија, врз основа на член 223 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-577/1 од 05.11.2007 година, изјавена од Г.Д. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е дадена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на Г.Д. од Скопје, доставеното известување од имателот на информации и од доставените списи, утврди дека бараната информација , наведена во Жалбата : „ да и се достави, во писмена форма Регистарот на донации за 2006 година согласно член 17 од Законот за финансирање на политичките партии„ ,му е доставена на барателот по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај е битно е дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување односно по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информацијата при евентуални нови барања е должен да ги применува одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради Ова Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото донесување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.Н. од Скопје , поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Државниот завод за геодетски работи, врз основа на член 223 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-633/1 од 15.11.2007 година, изјавена од Д.Н. од Скопје, поднесена преку полномошник М.К., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е дадена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на Д.Н. од Скопје, доставеното известување од имателот на информации и од доставените списи, утврди дека бараната информација, наведена во Жалбата : „ да и се достави, во писмена форма информација за тоа кои се членовите на Советодавниот комитет на проектот за Катастар и регистрација на недвижности, образуван со одлуката објавена во Службен весник бр. 86/05„ ,му е доставена на бартелот по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај е битно е дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување односно по истекот на законски предвидениот рок. Комисијата укажува дека конкретниот имател на информацијата при евентуални нови барања е должен да ги применува одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото донесување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Н.А.од Скопје , поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, врз основа на член 247 став 2 од Законот за општа управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-606/1 од 09.11.2007 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, поради откажување од истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Службеното лице на 18.12.2007 година телефонски комуницираше со полномошникот на подносителот на Жалбата, адвокатот В.Д., кој извести дека „најверојатно станува збор за превид во текстот на поднесеното барање„ и дека поради тоа се откажува од Жалбата против Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија од која е побарана „Копија од договорот/ите потпишани помеѓу Агенцијата за млади и спорт и фирмата за обнова на 35-те спортски сали од објавата во 2005 год.„.
Имателот му одговорил на барателот по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по поднесената Жалба, со укажување дека таква информација не постои и дека наведеното барање во текстот на Жалбата – „Договор потпишан помеѓу Агенцијата за млади и спорт и фирмата за обнова на 35-те спортски сали од објавата во 2007 година„ – не соодветсвува со првичното поднесено барање на барателот Н.А..
Согласно горенаведеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на А.З. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје, врз основа на член 223 од Законот за општата управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-615/1 од 12.11.2007 година, изјавена од А.З. од Скопје поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на А.З. од Скопје, доставениот одговор од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Правен факултет “Јустинијан Први“ и од доставените списи, утврди дека бараната информација “колку апсолвенти се запишани по втор или трет пат во учебната 2006 и 2007 “, му е доставена на полномошникот на барателот П.Ј., со писмо број 07-615/4 од 17.12.2007 година. Бараната информација на барателот му е доставена 58 дена по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување односно по истекот на законски предвидениот рок. Комисијата укажува дека конкретниот имател на информацијата при евентуалните идни барања е должен да ги применува роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овај Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.Р. од Скопје, поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Министерство за финансии, врз основа на член 223 од Законот за општата управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-618/1 од 12.11.2007 година, изјавена од Д.Р. од Скопје поднесена преку полномошник П.Ј., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на Д.Р. од Скопје, доставениот одговор од Министерството за финансии и од доставените списи, утврди дека бараната информација на барателот “Правилник за систематизација на работните места во Министерството за финансии “, му е доставена на барателот со писмо број 02-34076/2 од 20.09.2007.2007 година, односно со доставница, по пошта, од 22.10.2007 година и повторно на ден 02.11.2007 година. На доставениците кои се вратени до Министерството за финансии стои дека лицето на кое му се упатени не побарало прием на информацијата која се доставува со овие доставници. Бараната информација на барателот му е доставена 5 дена по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од кои причини барателот не побарал прием на информацијата и зошто за тоа не го известил својот полномошник за наведената состојба, не ни е познато.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување односно по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека барател на информацијата, Д.Р., при евентуалните идни барања е должен да го извести својот полномошник за сите ново настанати состојби во текот на постапката бидејќи во овој случај, бараната информација по втор пат е доставена до барателот на 02.11.2007 година, на истата адреса наведена во барањето, а жалбата е поднесена на 12.11.2007 година, па доколку полномошникот бил навреме информиран, немал основ за поднесување на жалба.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овај Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на Д.К. од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Завод за урбанизам на град Скопје, врз основа на член 65 и член 223 од Законот за општата управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-648/1 од 19.11.2007 година, изјавена од Д.К. од Скопје поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, поради тоа што барањето доставено до имателот на информацијата е непотполно.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата на Д.К. од Скопје, одговорот од имателот и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Барањето (Правилник за систематизација на работните места) доставено до посочениот имател- Завод за урбанизам на град Скопје, не е потполно и не ги содржи податоците наведени во член 16 од Законот за слободен пристап до информации, поради што Комисјата не може да постапува по Жалбата.
Имено, барањето не ги содржи податоците за имател на информација и адреса на која на барателот треба да му се достави бараната информација. На пликот со кое е доставено барањето како и во жалбата стои “Завод за урбанизам на град Скопје, ул “Партизански одреди“ бр. 89, а на наведената адреса се води А.Д. за урбанизам, архитектура и инжинеринг “ЗУАС“ Скопје, кое не е орган на град Скопје.Тоа се гледа и од дописот на наведеното правно лице број 03-612/1 од 23.11.2007 година, во кој укажува и за другите недостатоци на барањето.
Поради ова, Комисијата на 03.12.2007 година достави допис до полномошникот на барателот Е.А.М, адвокат од Скопје, со кој го повика да ги одстрани недостатоците на Жалбата и поднесоците во рок од 5 дена.
Полномошникот на барателот не постапи согласно укажувањата на Комисјата и не ги одстрани наведените недостатоци, поради што, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овај Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата на В.М од Скопје, поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, против Судски Совет на Република Македонија, врз основа на член 223 од Законот за општата управна постапка, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата доставена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер број 07-647/1 од 19.11.2007 година, изјавена од В.М. од Скопје поднесена преку полномошник Е.А.М., адвокат од Скопје, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата на В.М. од Скопје, доставениот одговор од Судскиот совет на Република Македонија и од доставените списи, утврди дека бараната информација “Против колку судии се покренати постапки за разрешување во 2007 година“, му е доставена на барателот со писмо број 07-1636/4 од 18.12.2007 година. Бараната информација на барателот му е доставена 52 дена по истекот на рокот предвиден во член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изложеното, Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување односно по истекот на законски предвидениот рок. Комисијата укажува дека конкретниот имател на информацијата при евентуалните идни барања е должен да ги применува роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овај Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *
Со Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 07- 686/1 од 06.12.2007 година, до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се обрати В.У.
Во однос на Вашето барање: “Прописи кои ги применувате согласно Вашите надлежности (согласно член 10, став 1 алинеја 3; од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер). Воедно содржината на прописите да ги добијам како информација во форма на електронски запис на комјутерско ЦД по хронолошки ред на објавување во Службен весник на Р.М. (согласно член 52 од Уставот на РМ) за период од 1997 година до денес и во постапка согласно ЗСПИЈК и донесената Одлука за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации донесена од Владата на Република Македонија на седницата одржана на 24.12.2006 година, врз основа на член 29, став 3, од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(ЗСПИЈК) објавена во Службен весник на РМ бр.136 од 2006 година“, Комисјата Ви укажува на следното:
1.Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е формирана со Законот за слободен пристап до информации (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 година,1 февруари) а Законот почна да се применува од 1 септември 2006 година.
Службените лица во Комисијата, на самиот почеток на своето работење, на рака Ви го дадоа Законот за слобден пристап до информации од јавен карактер како и обрасци за барања за пристап до информации од јавен карактер, обрасци за жалби, Брошурите- Водич за баратели, и Водич за иматели на информации.
И покрај тоа, Комисијата позитивно одговори на Вашето барање и во електронска форма, на ЦД, бесплатно, Ви ги доставува прописите и актите врз основа на кои работи Комисијата и тоа:
-Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер:
-Статут на Комисијата;
-Упатство за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер:
-Образец за Барање за пристап до информации од јавен карактер;
-Потврда за прием на барањето;
-Образец за Жалба;
-Потврда за прием на жалба
-Одлука за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информациите.
Истите овие документи се објавен и достапни на Веб страната на Комисијата (www.sinf.gov.mk).
Што се однесува до другите прописи врз основа на кои работи Комисијата (Закон за општата управна постапка, Закон за управните спорови, Закон за заштита на личните податоци, Закон за класифицирани информации и други, Ве известуваме дека со истите не располагаме во електронска форма и немаме законска обврска да Ви ги доставиме.
Прилог: Комјутерско ЦД
* * *
Со Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.07-710/1 од 18.12.2007година, до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се обрати В.У.
Барањето гласи: “Дали во Република Турција постои ЗСПИЈК–или сличен, дали некој во Р.Македонија располага со истиот односно како можам да дојдам до содржината на истиот.
Дали во Р.Турција постои орган како Вас (точен назив на органот) и каде во кои градови (со наведување на седиште-адреса и телефонски број, факс и слично).
Дали може да ми набавите-доставите примерок-фотокопија или слично од нивниот образец за Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер како и образец за поднесување на жалба“.
Согласно член 26 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве известуваме дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, не располага со бараните информации.