ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 63 седница одржана на 26 декември 2007 година, донесе 4 решенија.
* * *

По разгледувањето на Жалбата и пропратната документација, Комисијата донесе Решение со кое Жалбата изјавена од М.Т. и Ј.Т., внатрешно раселени лица сместени во колективниот центар Пелагонија, против Министерството за труд и социјална политика, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА првостепениот орган да ја даде бараната информација „Број и список на внатрешно раселени лица од Тетово и Тетовско, кои сеуште се сместени во колективните центри, приватно сместување или вратени во своите домови, а се уште се во вашата база на податоци регистрирани како резултат на внатрешно раселување од конфликтот во 2001-ва година.
На ова Барање, Министерството за труд и социјална политика не одговорило во законски предвидениот рок, а Комисијата во функција на спроведување на Законот, го донесе ова решение со кое имателот се задолжува во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението на барателот да му ја достави бараната информацја во форма и на начин наведени во Барањето.
* * *
Комисијата го разгледа и го донесе Решението по Жалбата изјавена од Ж.Н., против Министерството за финансии на Република Македонија – Управа за имотно-правни работи, Одделение за Општина Центар. Со ова Решение Жалбата СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА првостепениот орган на барателот да му ја достави бараната информација „Решение за приватизација на К.П.11999/1 К.О.Центар 1, И.Л. 9314 од шифра 814 право на користење во шифра 831 (право на сопственост) во рок од 15 дека од денот на доставувањето на Решението.
* * *
По разгледувањето на Жалбата изјавена од М.Т. и Ј.Т., внатрешно раселени лица сместени во колективниот камп Пелагонија, против Министерството за труд и социјална политика, Комисијата донесе Решение со кои оваа жалба СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА првостепениот орган да ја даде бараната информација „Колку лица во текот на 2006 и 2007 година се стекнале со таканаречениот „статус“ на  внатрешно раселени лица и по таа основа на пропустите и грешките на институциите и органите на државата, колку по основ на склучени бракови, по основ на раѓање во наведениот период и колку по други однови, а според критериумите што ги определува вашето Министерство“.
На ова Барање, Министерството за труд и социјална политика не одговорило во законски предвидениот рок. Со ова решение имателот на информацијата се задолжува во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението на барателот да му ја достави     бараната информација во форма и на начин наведени во Барањето.
* * *
На седницата Комисијата го разгледа и го прифати Решението по Жалбата, изјавена од Л.П., против Градежен факултет-Скопје. Со ова Решение, Жалбата СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот да ја даде бараната информација „ 1. Документ-Студија за остварен квалитет на сеизмичка заштита на објектот бр.12-02/402 од 15.6.2007 година, одобрена од Градежниот факултет-Скопје; 2.Документ од кој е видлив датумот на кој до Градежниот факултет е поднесено барањето за одобрување (издавање) на оваа Студија“. Со Решението се задолжува првостепениот орган во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението на барателот да му ја дoстави бараната информација, во фотокопија.