ДОНЕСЕНИ ДВЕ РЕШЕНИЈА И ЕДЕН ЗАКЛУЧОК

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 59-та седница седница одржана на 19 ноември 2007 година донесе две решенија и еден заклучок.
Постапувајќи по Жалбата  на О.Ѓ. од Прилеп поднесена преку  В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за животна средина и просторно планирање, Комисијата донесе Решение со кое Жалбата СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА првостепениот орган на барателот ПОВТОРНО да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Комисијата по разгледувањето на целокупната документација констатира дека имателот на информацијата, на барателот не му ја доставил бараната информација „Колку средства се потрошени за кампањата – замена на пластични кеси, кој го изработил сајтот и од која ставка на Буџетот се исплаќаат предвидените средства“ во фотокопија,  во законски предвидениот рок.

* * *

Комисијата по разгледувањето на Жалбата на В.У., од Скопје поднесена против Основен суд Скопје 2 – Скопје по предметот приговор со барање, донесе Решение со кое Жалбата ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Според Комисијата, поднесената Жалба е спротивна на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што лицето В.У. нема право да поднесе Жалба за неодговарање на приговор со барање. Решението што го донесе Комисијата е конечно во управна постапка, и по овој предмет постапката во Комисијата е завршена.

* * *

Комисијата донесе Заклучок со кој СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата, изјавена од С.З. од Скопје поднесена преку Д.К., адвокат, поради повлекување на истата.
Постапката по Жалбата се запира поради тоа што Апелациониот суд Скопје, со задоцнување на барателот му ја доставил бараната информација „Листа на судии на Апелациониот суд Скопје“.