ДОНЕСЕНИ 25 РЕШЕНИЈА И 12 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 55–та седница одржана на 27 август 2013 година, постапуваше по 37 предмети и притоа донесе 25 решенија и 12 заклучоци.
Во 17 случаи Комисијата донесе решенија со кои жалбите се уважуваат, а имателите се задолжуваат да ги дадат бараните информации, додека со едно решение жалбата се отфрла како недопуштена. Со две решенија жалбите се одбиени како недопуштени, а во четири случаи донесени се решенија со кои жалбите се уважуваат и предметите се враќаат на повторно постапување пред првостепените органи.