ДОНЕСЕНИ 1 РЕШЕНИЕ И 183 ЗАКЛУЧОЦИ

 
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 48–та седница одржана на 2 јули 2013 година, постапи по 184  жалби и притоа донесе соодветни одлуки.
Произнесувајќи се по жалбите, Комисијата донесе 1 решение и 183 заклучоци.  Со единственото донесено решение, Комисијата  одби една жалба како неоснована. Одлучувајќи по преостанатите 183 жалби, Комисијата донесе 90 заклучоци, со кои се се запираат постапките по исто  толку жалби, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации . Постапувајќи по 84 предмети, Комисијата донесе заклучоци за запирање на постапките по жалбите бидејќи на барателите им било одговорено  на барањата, додека произнесувајќи се по 9 жалби, Комисијата донесе исто толку заклучоци за запирање на постапките по жалбите, поради повлекување на истите.