ДОНЕСЕНИ 2 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 44–та седница одржана на 18 април 2013 година, донесе 2 решенија и 2 заклучока.
 
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје,  поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 април 2013 година, го донесе следното

                                   Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е
 Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје,  поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА како неоснована.
               
                                  О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-40 на 26.03.2013 година, изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје,  поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, по пошта, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Штип, заведено во Здружението под бр.06-11/85 на 06.02.2013 година и побарало по пошта да му достават препис од информациите:
„1. Ве молиме да го наведете бројот на одржани седници на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за периодот од 01.02.2012 до 01.02.2013;
2. Ве молиме да ни ги доставите дневните редови и записниците од одржаните седници на Комисијата за периодот од 01.02.2012 до 01.02.2013;
3. Ве молиме наведете го бројот на поднесени мислења и предлози доставени до Советот на Општината согласно член 14 став 6 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Службен весник на Република Македонија бр.6 од 13.01.2012) за периодот од 01.02.2012 до 01.02.2013;
4. Ве молиме наведете го бројот на поднесени амандмани на буџет согласно член 14 став 6 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Службен весник на Република Македонија бр.6 од 13.01.2012) за периодот од 01.02.2012 до 01.02.2013.”
Општина Штип, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-40 од 02.04.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Штип и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Штип на 09.04.2013 година до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 11-1095/4, а во Комисијата заведен под број 07-40 на 09.04.2013 година.
Во Одговорот на Жалба се наведува дека „…во законски временски определениот рок имаме изготвено и испратено по пошта одговор на барање…одговорот содржи пропратно писмо, копија од дневните редови и записниците од одржаните седници…примерок од прирачници од реализирани проекти“. Во прилог на наведениот Одговор на Жалба до Комисијата е доставена и фотокопија од поштенска доставница со датум од 18.02.2013 година.
Од наведените докази Комисијата утврди дека Општина Штип постапила по барањата во законски предвидениот рок и форма, а од кои причини барателот во законски предвидениот рок не ја добил пратката од пошта, не е познато.
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, на 10.04.2013 година по меил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот од Општина Штип и дека се задоволни од истиот.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

                     * * * * *
    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М    М.С. од Скопје, поднесена против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 18 април 2013 година, го донесе следното

                    Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.С. од Скопје, поднесена против Агенцијата за електронски комуникации, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Фотокопија од фактура за направени трошоци по основ на одржана конференција International Regulatory Conference 2012, од 16 до 18 мај 2012”, се УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

                О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-96 од 26.03.2013 година, изјавена од М.С. од Скопје, поднесена против Агенцијата за електронски комуникации ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.С. од Скопје, на 17.02.2013 година, по е-маил, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за електронски комуникации и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Фотокопија од фактура за направени трошоци по основ на одржана конференција International Regulatory Conference 2012, од 16 до 18 мај 2012”.
Агенцијата за електронски комуникации, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-96 од 02.04.2013 година ја препрати Жалбата до Агенцијата за електронски комуникации и побара во рок од 3 дена Јавното претпријатие да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за електронски комуникации по ова барање до Комисијата достави Одговор на жалба бр.0201-1141/2 од 08.04.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-96 на 10.04.2013 година. Во Одговорот на жалбата е наведено дека „…бараната информација не спаѓа во категоријата информации од јавен карактер, со што Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија нема обврска истата да ја достави…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за електронски комуникации при донесувањето на Решението не постапила согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен според кој “Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе Решение“
Комисијата му укажува на имателот дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, основ за целосно или делумно одбивање на пристап до побарана информација може да бидат само исклучоците наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по задолжително спроведениот тест на штетност (член 6 став 3 од истиот Закон).
Основ за одбивање не може да биде тоа што бараната информација не се наоѓа на Листата на информации од јавен карактер.
Комисијата укажува дека Листата на информации од јавен карактер на Агенцијата за електронски комуникации не може да биде основ информацијата да не биде дадена  во бараната форма, односно за одбивање на пристапот. Листата на информации со која располагаат имателите  е од променлив карактер и имателите се должни, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постојано да ја ажурираат.
Комисијата,  исто така, му укажува на имателот, дека при донесување на Решение за одбивање на пристапот имателот е должен да го спроведе тестот на штетност согласно член 2 алинеја 4 од  Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до инормации од јавен карактер кој претставува задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата пред да го одбие пристапот согласно член 6 од овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Без спроведениот тест на штетност, при постапувањето, Комисијата задолжително го враќа предметот на повторно постапување со насоки дека оваа постапка е задолжителна согласно наведениот Закон.
Притоа имателот во Решението може да се повика и на дуги закони, доколку тоа придонесува за законско решавање на предметот, но основ при постапувањето е Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
               
                             * * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 април 2013 година, го донесе следниот

                      З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Кисела Вода по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Ве молиме наведете кои позитивни мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
2. Ве молиме наведете кои охрабрувачки мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
3. Ве молиме наведете кои програмски мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки”, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

                         О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-84 на 26.03.2013 година, изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Кисела Вода, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, по пошта, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода, заведено во Здружението под бр.06-13/04 на 06.02.2013 година и побарало по пошта да му достават препис од информациите:
„1. Ве молиме наведете кои позитивни мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
2. Ве молиме наведете кои охрабрувачки мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
3. Ве молиме наведете кои програмски мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки.”
Општина Кисела Вода, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-84 од 02.04.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Кисела Вода и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Кисела Вода не одговори на барањето на Комисијата.
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје на 12.04.2013 година по меил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот од Општина Кисела Вода и дека се задоволни од иститот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Општина Кисела Вода не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Општина Кисела Вода постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

                          * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 18 април 2013 година, го донесе следниот

                      З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Демир Капија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Ве молиме наведете кои позитивни мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
2. Ве молиме наведете кои охрабрувачки мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
3. Ве молиме наведете кои програмски мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки”, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

                   О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-68 на 26.03.2013 година, изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје, по пошта, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Демир Капија, заведено во Здружението под бр.06-13/08 на 06.02.2013 година и побарало по пошта да му достават препис од информациите:
„1. Ве молиме наведете кои позитивни мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
2. Ве молиме наведете кои охрабрувачки мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки;
3. Ве молиме наведете кои програмски мерки согласно член 7 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) се преземени од Општината во период 01.02.2012 до 31.12.2012. Наведете од која област и со која цел биле преземените мерки.”
Општина Демир Капија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-68 од 02.04.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Демир Капија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Демир Капија не одговори на барањето на Комисијата.
Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска од Скопје на 12.04.2013 година по меил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот од Општина Демир Капија и дека се задоволни од иститот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Општина Демир Капија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидениот рок.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Општина Демир Капија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.