ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 43-та седница одржана на 10 април 2013 година, донесе 5 решенија и 1заклучок.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ц.С. од Скопје, поднесена против ЈП Водовод и канализација Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 10 април 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ц.С. од Скопје, поднесена против Решението на ЈП Водовод и канализација Скопје бр.1/2 од 01.02.2013 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
 „1. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈП Водовод и канализација и С.С.,
2. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈО Водовод и канализација и Ц.С.,
3. Неплатени фактури од страна на С.С.,
4. Неплатени фактури од страна на Ц.С.,
5. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против С.С.,
6. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против Цветан Станоески“, се УВАЖУВА.
Оспореното Решение бр.1/2 од 01.02.2013 година се ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-10 од 15.02.2013 година, изјавена од Ц.С. од Скопје, поднесена против ЈП Водовод и канализација Скопје, ЈА УВАЖИ, оспореното Решение бр.1/2 од 01.02.2012 година го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Ц.С. од Скопје на 03.01.2013 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП Водовод и канализација Скопје со кое побарал по пошта да му биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„1. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈП Водовод и канализација и С.С.,
2. Договор за водоснабдување склучен меѓу ЈО Водовод и канализација и Ц.С.,
3. Неплатени фактури од страна на С.С.,
4. Неплатени фактури од страна на Ц.С.,
5. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против С.С.,
6. Судски заверени тужби за неплатен долг поднесени против Ц.С.“.
ЈП Водовод и канализација Скопје по ова Барање донело Решение  бр.1/2 од 01.02.2013 година со кое Барањето делумно се одбива. Во правниот основ е наведено дека оспореното Решение имателот го донел согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во образложението на Решението ЈП Водовод и канализација Скопје, покрај другото наведува дека “Постапувајќи по Барањето констатирано е дека  бараната информација не се наоѓа на утврдената листа на информации од јавен карактер бидејќи согласно Законот за архивско работење рокот на чување на тој вид документи е 10/десет/години……постапувајќи по погоре наведените точки Ве известуваме дека согласно член 83 од Законот за сопственост и други стварни права…наследникот одговара за долговите на оставителот до висината на вредноста на наследениот имот“.
 Незадоволен од добиеното Решение,  Ц.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
 Комисијата со допис бр.07-10 од 15.02.2013 година ја препрати Жалбата до ЈП Водовод и канализација Скопје и побара во рок од 3 дена Јавното претпријатие да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП Водовод и канализација Скопје по ова барање до Комисијата достави Одговор на жалба бр.3/2 од 22.02.2013 година, заведен во Комисијата под бр.07-10 на 08.03.2013 година. Во Одговорот на жалбата е наведено дека „…барањето е делумно одбиено…по точка 1, точка 3 и точка 5 по два основа и тоа: согласно Законот за заштита на лични податоци бидејќи се бараат податоци за друго лице и согласно Законот за архивско работење според кој рокот за чување е 10 (десет) години…по однос на точка 2 барањето е прифатено и лицето е известено дека Договор за водоснабдување ќе му биде доставен…и истиот е должен пополнет да ни го достави…по однос на точките 4 и 6 барањето е прифатено и до корисникот се доставени Финансиска картичка за МБ 1799808 и Преглед на тужби за коминтент со МБ 1799808 заради заштеда на финансиски средства на лицето Ц.С., бидејќи се работи за поголем број на фактури за коишто треба да се уплатат парични средства за изготвување на истите…во самото барање подносителот е контрадикторен бидејќи…се заблагодарува за воведувањето во нашата евиденција како корисник со МБ 1799808 (воведувањето во евиденција е извршено согласно Договор за подарок за недвижен имот ОДУ бр.09/08 од 08.01.2008 година…) за да во барањето наведе дека не постои облигационен однос помеѓу подносителот и нашето претпријатие…на ден 21.02.2012 година…Ц.С. (лично) потпиша Договор за водоснабдување за МБ 1799808 и Договор за отплата на долгот на рати…“.
 Во прилог на наведениот одговор до Комисијата се доставени фотокопија од Решение со кое Барањето делумно се одбива, бр.1/2 од 01.02.2013 година,  фотокопија од Финансиска картичка по водечки водомер 1799808 за корисник С.Ц., од Договорот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води (шифра од фактура 1799808) од 21.02.2013 година склучен меѓу ЈП Водовод и канализација Скопје и Ц.С. од Скопје и од Договор бр. 0507-2256/1 од 21.02.2013 година за регулирање на должничко-доверителните односи, склучен меѓу ЈП Водовод и канализација Скопје и Ц.С. од Скопје“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
ЈП Водовод и канализација Скопје при донесувањето на Решението постапил согласно член 20 атав 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен според кој “Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе Решение“
Но во конкретниот случај не се работи за делумно одбивање на барањето согласно член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), туку  за давање или не давање пристап до информациите наведени во Барањето.
Но од наведеното Решение не е јасно наведено за кои точки од Барањето се одбива пристапот, а за кои не, иако во образложението на Решението наведени се Законот за архивско работење и Законот за сопственост и други стварни права, како и во Одговорот на жалбата-Законот за заштита на личните податоци, може да се претпостави за кои точки од Барањето  се одбива пристапот.
Според член 211 став 2 од Законот за општата управна постапка “Диспозитивот(на решението) мора да биде краток и определен, а кога е потребно може да се подели на повеќе точки.“
Според наведеното, имателот при повторното постапување по предметот, мора точно да наведе за кои точки од Барањето пристапот се одбива.
Притоа, доколку на барателот му дозволил пристап до одредени информации, за истото, согласно член 20 став 1 треба да изготви Записник за позитивно одоговорено барање.
Комисијата му укажува на имателот дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, основ за целосно или делумно одбивање на пристап до побарана информација може да бидат само исклучоците наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по задолжително спроведениот тест на штетност (член 6 став 3 од истиот Закон).
Основ за одбивање не може да биде тоа што бараната информација не се наоѓа на Листата на информации од јавен карактер.
Комисијата укажува дека, Листата на информации од јавен карактер на Јавното претпријатие не може да биде основ информацијата да не биде дадена  во бараната форма, односно за одбивање на пристапот. Листата на информации со која располагаат имателите  е од променлив карактер и имателите се должни, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , постојано да ја ажурираат.
Комисијата исто така, му укажува на имателот, дека при донесување на Решение за одбивање на пристапот е должен да го спроведе тестот на штетност согласно член 2 алинеја 4 од  Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до инормации од јавен карактер кој претставува задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата пред да го одбие пристапот согласно член 6 од овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Без спроведениот тест на штетност, при постапувањето, Комисијата задолжително го враќа предметот на повторно постапување со насоки дека оваа постапка е задолжителна соглаасно наведениот Закон.
При тоа имателот може да се повика и на дуги закони како што го навел тоа и во образложението на Решението и во Одговорот на жалбата, доколку тоа придонесува за законско решавање на предметот, но основ при постапувањето е Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но сите закони на кои се повикува при одбивањето треба да се наведени и во Решението.
Во однос на наводите во Одговорот на Жалбата,…по однос на точките 4 и 6 барањето е прифатено и до корисникот се доставени Финансиска картичка МБ 1799808 и Преглед на тужби….заради заштеда на финансиски средства на лицето…Комисијата укажува на следното:
Согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), “Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однспред пропишана форма и ако е поволно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начина на доставување“
Во конкретниот случај имателот наведува дека ..до корисникот се доставени финансиски картички…заради заштеда на финансиските средства на корисникот…но во Жалбата жалителот наведува дека добил информации кои не ги барал, наместо информациите наведени  во Барањето. Барателот барал да му се достави информацијата во форма и начин наведени во Барањето.
Според член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Владата на Република Македонија донесе Одлука за висината на надоместокот на материјалните трошоци за дадената информација, објавена во “Службен весник на РМ“ бр.136 од 2006, според која трошоците за давањето на информациите се минимални.
Но доколку имателот со својот матичен Закон има регулирано или има донесено Тарифник за наплата на одредени услуги одобрен од Владата на Република Македонија како и доколку се работи за  информација од поголем обем за која му е потребно подолго време да ја прибави или да ангажира повеќе луѓе, има право за наведената информација да бара наплатување на стварните трошоци и по уплатата од страна на барателот, да му ја достави бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл Македонија, застапувано од М.З., Генерален Секретар на Транспаренси Интернешнл Македонија, поднесена против СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, на седницата одржана на 10 април 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл Македонија, застапувано од М.З., Генерален Секретар на Транспаренси Интернешнл Македонија, поднесена против СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште, на барателот да му ја достави бараната информација,   во делот од Барањето од точка 5, 6, 7, 8, фотокопија од:
5.    Дали учениците униформата односно оделото/костумот го набавуваат преку училиштето;
6.    По која цена учениците ги набавуваат оделото/костумот.
7.    Во каква постапка е утврден добавувачот на оделото/костумот и кој ја водел постапката.
8.    Бараме да ни доставите копија од Записник од постапката за утврдување на најповолен добавувач на оделото/костумот“, најдоцна до 30 април 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-13 на 20.02.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од М.З., Генерален Секретар на Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена против СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште на барателот да му ја достави информацијата наведена  во точките 5,6,7 и 8 од Барањето најдоцна до 30 април 2013 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.     
Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од М.З., Генерален Секретар на Транспаренси Интернешнл Македонија, на 27.12.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до против СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
„1. Дали учениците во училиштето се задоволни да носат униформа или пак одела костуми;
2. Кој ја донел одлуката за задолжување на учениците со таа обврска;
3. Дали во врска со ова има Одлука на Советот на родители во училиштето и на Училишниот Совет;
4. Бараме да ни доставите копија од Записникот на Советот на родители и на Училишниот Совет во училиштето на кој е донесена одлуката;
5. Дали учениците униформата односно оделото/костумот го набавуваат преку училиштето;
6. По која цена учениците ги набавуваат оделото/костумот;
7. Во каква постапка е утврден добавувачот на оделот/костумот и кој ја водел постапката;
8. Бараме да ни доставите копија од Записник од постапката за утврдување на најповолен добавувач на оделото/костумот.“
СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-13 од 25.02.2013 година, ја препрати Жалбата до СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.   
СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште на барањето на Комисијата достави Одговор на жалба  бр.0302-180/2 од 13.03.2013 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-13 на 20.03.2013 година. Во прилог на Одговорот на Жалбата достави „Записник на Советот на родители и на Училишниот совет во училиштето на кој е донесена одлуката“.
Транспаренси Интернешнл – Македонија до Комисијата на 09.04.2013 година достави меил, заведен во Комисијата под бр. 07-13 на 09.02.2013 година, каде што ја известува Комисијата дека во делот од Барањето од точка 1, 2 и 3 се задоволни од одговорот, а во делот од Барањето точка 5, 6, 7 и 8 нема добиено одговор и остануваат на Жалбата.
Врз основа на списите на предметот, Комисија утврди дека СОУ „Неготино“ – Неготино, Општина Врапчиште, не постапила во целост по Барањето односно до барателот не ги доставила информациите наведени во точка 5,6,7 и 8 од Барањето.
Согласно  член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010) „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно членот 21 од овој Закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Крива Паланка, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на  10 април 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, поднесена против Општина Крива Паланка по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер.
„1.Ве молиме да го наведете бројот на одржани седници на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за период од 01.02.2012 до 01.02.2013;
2. Ве молиме да ни ги доставите дневните редови и записниците од одржаните седници за период 01.02.2012 до 01.02.2013;
3. Ве молиме наведете го бројот на поднесени мислења и предлози доставени до Советот на Општината согласно член 14 став 6 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) за период 01.02.2012 до 01.02.2013:
4. Ве молиме наведете го бројот на поднесени амандмани на буџет согласно член 14 став 6 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) за период 01.02.2012 до 01.02.2013.?“, СЕ ОДБИВА како неоснована.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-59 од 26.03.2013 година, изјавена од Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, против Општина Крива Паланка и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, како што е наведено во Жалбата поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер под бр.06-11/38 на 06.02.2013 година до Општина Крива Паланка заведено во Општината  под бр.18-487/1 од 11.02.2013 година, и побарала во препис по пошта да и ја достават следната информација.
„1.Ве молиме да го наведете бројот на одржани седници на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за период од 01.02.2012 до 01.02.2013;
2. Ве молиме да ни ги доставите дневните редови и записниците од одржаните седници за период 01.02.2012 до 01.02.2013;
3. Ве молиме наведете го бројот на поднесени мислења и предлози доставени до Советот на Општината согласно член 14 став 6 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) за период 01.02.2012 до 01.02.2013.
4. Ве молиме наведете го бројот на поднесени амандмани на буџет согласно член 14 став 6 од Законот за еднакви можности на жените и мажите (Сл.Весник на РМ бр.6 од 13.01.2012) за период 01.02.2012 до 01.02.2013.?“.
Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ од Скопје, застапувано од М.С., извршен директор на Здружението, на 26.03.2013година, достави Жалба до Комисијата заведена под бр.07-59 во која наведува дека, на горе наведеното барање Општина Крива Паланка не одговорила во законски предвидениот рок ниту пак донела и доставила Решение за одбивање на пристапот.    
Комисијата со допис бр.07-59 од 02.05.2013 година, ја препрати Жалбата до Општина Крива Паланка и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Општина Крива Паланка на 09.04.2013 година достави Одговор по Жалба бр.18-487/5 од 08.04.2013година, а во Комисијата заведен под бр.07-59, во кој наведува дека одговорила на наведеното барање со допис бр.18-487/2 од 14.02.2013 година.
Како доказ за наведеното во прилог достави фотокопија од наведениот одговор и фотокопии од списите во врска со предметот и фотокопија од доставница потпишана од барателот на информацијата на 01.03.2013 година.
По разгледувањето на Жалбата и списите во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Општина Крива Паланка постапила по Барањето и до барателот доставила допис бр.18-487/2 од 14.02.2013 година, со поштенска доставница, потпишана во Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ од Скопје на 01.03.2013 година, (доказ фотокопија од доставницата). Одговорот до барателот е доставен во законски предвидениот рок.
Од тука, произлегува дека не се точни наводите во Жалбата дека, Општина Крива Паланка не одговорила на барањето, односно дека до барателот не ја доставила бараната информација.    
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против политичката партија ВМРО-Македонска, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, поднесена против политичката партија ВМРО-Македонска, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
                          
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.640/2011 од 06.09.2012 година, заведена во Комисијата под број 07-17 на 08.03.2013 година, ја разгледа Жалбата бр.07-17 од 21.01.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, поднесена против политичката партија ВМРО-Македонска и другите списи во врска со предметот и  ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното:
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија ВМРО-Македонска и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи.”
Политичката партија ВМРО-Македонска на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-17 од 27.01.2011 година, ја препрати Жалбата до политичката партија ВМРО-Македонска и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Политичката партија ВМРО-Македонска не одговори на барањето од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата донесе Решение бр.07-17 од 09.06.2011 година, со кое Жалбата ја уважи и ја задолжи политичката партија ВМРО-Македонска на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30.06.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Против наведеното Решение политичката партија ВМРО-Македонска поднела Тужба до Управниот суд.
Управниот суд со Пресуда У-5.бр.640/2011 од 06.09.2012 година ја уважи Тужбата, оспореното Решение го поништи и предметот го врати на повторно постапување.
Во образложението на Пресудата, меѓу другото, Управниот суд наведува доволна и оправдана причина политичките партии да бидат избришани од листата на иматели на информации од јавен карактер, “Видно од листата на иматели на информации објавена на веб страницата на тужениот орган како иматели на информации согласно законските одредби се јавуваат државни институции…Министерството за финансии, Управа за јавни приходи, Државниот завод за ревизија како државни органи до кои се доставуваат годишните и кварталните извештаи, се органи како иматели на бараната информација, до кои требало да се упати барањето на тужителот. Од изнесеното произлегува дека на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, не и е ускратено правото на пристап до бараните информации, односно истата своето барање може да го поднесе до напред наведените државни органи…“ Во Пресудата Управниот суд и укажува на Комисијата дека при повторното постапување и одлучување треба да ги има предвид укажувањата на Судот дадени во Пресудата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и го утврди следното:
Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) во членот 3 алинеја 1 дефинирани се имателите на информации од јавен карактер. Во редот на „иматели на информации” во наведениот член наброени се следните: органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.
Комисијата ги разгледа Законот за политичките партии и Законот за финансирање на политичките партии и не најде основ дека политичка партија, како „доброволна организација на граѓани, формирана за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта“,  може да има, или врши јавни овластувања.
Што се однесува на финансирањето на политичките партии, на кое во случајов се однесува Барањето од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, тие своите квартални и годишни извештаи, согласно закон, се должни да ги достават до органите на надзор: Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и до Државниот завод за ревизија, државни институции кои се наоѓаат на листата на иматели на информации од јавен карактер.
Од наведените причини произлегува дека политичките партии во Република Македонија не се иматели на информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010“).
Врз основа на горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, при повторното постапување и одлучување, ги имаше во предвид укажувањата на Управниот суд и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
       
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против политичката партија ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 242 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2013 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против политичката партија ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
                          
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.723/2011 од 27.09.2012 година, заведена во Комисијата под број 07-493 на 21.03.2013 година, ја разгледа Жалбата бр.07-493 од 22.12.2010 година, и Уредувањето на Жалбата од 24.01.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Скопје, против ВМРО-Демократска партија за  македонско национално единство и другите списи во врска со предметот и  ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното:
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до политичката партија ВМРО-Демократска партија за  македонско национално единство и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
1.“Фотокопија од трите квартални извештаи за 2010 година, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии доставени до Министерството за финансии, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи.”
2. “Фотокопија од Годишниот финансиски извештај за 2009 година, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии и бројот на Службениот весниик на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за  финансирање на политичките партии.“
Полномошникот на поднесената Жалба на 24.01.2011 година достави Уредување на Жалба заведено под бр.07-493, во кое  наведува дека Жалбата се однесува за следното Барање “Фотокопија од Годишниот финансиски извештај за 2009 година, согласно член 27 и член 27-а од Законот за финансирање на политичките партии и бројот на Службениот весниик на Република Македонија во кој е објавен согласно став 2 од член 27-а од Законот за  финансирање на политичките партии“
Политичката партија ВМРО-Демократската партија за македонското национално единство на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-493 од 03.01.2011 година, ја препрати Жалбата до политичката партија ВМРО- Демократската партија за македонското национално единство и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Политичката партија ВМРО- Демократска партија за  македонско национално единство не одговори на барањето од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата донесе Решение бр.07-493 од 09.06.2011 година, со кое Жалбата ја уважи и ја задолжи политичката партија ВМРО- Демократска партија за  македонско национално единство на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 30.06.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Против наведеното Решение политичката партија ВМРО- Демократската партија за македонското национално единство, преку полномошникот А.М., адвокат од Скопје,  поднела Тужба до Управниот суд.
Управниот суд со Пресуда У-5.бр.723/2011 од 27.09.2012 година ја уважи Тужбата, оспореното Решение го поништи и предметот го врати на повторно постапување.
Во образложението на Пресудата, меѓу другото, Управниот суд наведува доволна и оправдана причина политичките партии да бидат избришани од листата на иматели на информации од јавен карактер, “Видно од листата на иматели на информации објавена на веб страницата на тужениот орган како иматели на информации согласно законските одредби се јавуваат државни институции…Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Државниот завод за ревизија како државни органи до кои се доставуваат годишните и кварталните извештаи, се органи како иматели на бараната информација, до кои требало да се упати барањето на тужителот. Од изнесеното произлегува дека на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, не и е ускратено правото на пристап до бараните информации, односно истата своето барање може да го поднесе до напред наведените државни органи…“ Во Пресудата Управниот суд и укажува на Комисијата дека при повторното постапување и одлучување треба да ги има предвид укажувањата на Судот дадени во пресудата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд повторно ја разгледа Жалбата и другите списи по предметот и го утврди следното:
Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) во членот 3 алинеја 1 дефинирани се имателите на информации од јавен карактер. Во редот на „иматели на информации” во наведениот член наброени се следните: органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.
Комисијата ги разгледа Законот  за политичките партии и Законот за финансирање на политичките партии и не најде основ дека политичка партија, како „доброволна организација на граѓани, формирана за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта“, може да има, или врши јавни овластувања.
Што се однесува на финансирањето на политичките партии, на кое во случајов се однесува Барањето од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, тие своите квартални и годишни извештаи, согласно закон, се должни да ги достават до органите на надзор: Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и до Државниот завод за ревизија, државни институции кои се наоѓаат на листата на иматели на информации од јавен карактер.
Од наведените причини произлегува дека политичките партии во Република Македонија не се иматели на информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010“).
Врз основа на горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, при повторното постапување и одлучување, ги имаше во предвид укажувањата и напатствијата на Управниот суд и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл Македонија, застапувана од М.З., генерален директор, поднесена против Министерство за култура – Сектор за дејностите од областа на култура и уметноста – Одделение за центри и домови на културата и фолклор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 10 април 2013 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспаренси Интернешнл Македонија, застапувана од М.З., генерален директор, поднесена против Министерство за култура – Сектор за дејностите од областа на култура и уметноста – Одделение за центри и домови на културата и фолклор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „1. Врз основа на кое правно дело правното лице „Зенит прес зум“ Д.О.О. Прилеп има седиште на адреса Центар за Култура Прилеп според наводите на: нивната веб страница: http:// www.zenitprilep.com.mk/2010-07-10-23-46-40.html/ 2. Со колкав деловен простор на Национална Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ Прилеп располага „Зенит прес зум“ Д.О.О. Прилеп; 3. За колкав надомест „Зенит прес зум“ Д.О.О. Прилеп располага со тој деловен простор“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-7 на 23.01.2013 година, изјавена од Транспаренси Интернешнл Македонија, застапувана од М.З., генерален директор, поднесена против Министерство за култура – Сектор за дејностите од областа на култура и уметноста – Одделение за центри и домови на културата и фолклор, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, Транспаренси Интернешнл Македонија на 22.11.2012 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за култура – Сектор за дејностите од областа на култура и уметноста – Одделение за центри и домови на културата и фолклор со кое ја побарала следната информација:    
„1. Врз основа на кое правно дело правното лице „Зенит прес зум“ Д.О.О. Прилеп има седиште на адреса Центар за Култура Прилеп според наводите на: нивната веб страница: http:// www.zenitprilep.com.mk/2010-07-10-23-46-40.html/
2. Со колкав деловен простор на Национална Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ Прилеп располага „Зенит прес зум“ Д.О.О. Прилеп;
3. За колкав надомест „Зенит прес зум“ Д.О.О. Прилеп располага со тој деловен простор.“
Комисијата, со допис бр.07-7 од 25.01.2013 година, ја препрати Жалбата до Министерство за култура – Сектор за дејностите од областа на култура и уметноста – Одделение за центри и домови на културата и фолклор и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.     
Министерство за култура – Сектор за дејностите од областа на култура и уметноста – Одделение за центри и домови на културата и фолклор во врска со ова барање до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр.Уп I 53-398/2012 од 04.03.2013 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-7 на 08.03.2013 година. Во истиот е наведено дека „Согласно членот 18 став 1 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер Министерството со допис бр. УП I 53-4 од 16.01.2013 година Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.0302/1104-2 од 22.11.2012 година го препрати до Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков„ – Прилеп. …министерството го извести подносителот на Барањето дека не располага со бараната информација и дека нивното барање го препраќа до Националната установа .. Двата дописа се пратени со препорачана пошта на ден 16.01.2013“. Во прилог на Произнесувањето по Жалбата до Комисијата се доставени фотокопии од наведените дописи.
Транспаренси Интернешнл Македонија по меил на 22.03.2013 година ја извести Комисијата дека ја добиле бараната информација и се задоволни од одговорот.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Министерство за култура – Сектор за дејностите од областа на култура и уметноста – Одделение за центри и домови на културата и фолклор постапила по Барањето, а барателот на информацијата Одговорот го добил  со задоцнување, со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.  
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.