ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
          
          Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 39-та седница одржана на 05 март 2013  година, постапи по 12 жалби и притоа донесе 4 решенија и  8 заклучоци.
          
  ******       
    По Жалбата бр.07-511, изјавена од Фондацијата Отворено општество- Македонија, застапувано од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Министерството за одбрана, Сектор за безбедност и разузнавање, донесено е Решение со кое Жалбата се уважува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
    По Жалбата бр.07-1, изјавена од М.М. од Велес, поднесена против Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи – Одделение за управна постапка во Велес, донесено е Решение со кое Жалбата се уважува и се задолжува првостепениот орган на барателот да му овозможи увид во бараната информација.
 По Жалбата бр.07-4 изјавена од С.В., поднесена против Царинската управа на Република Македониоја, донесено е Решение со кое Жалбата се одбива како неоснована.
По Жалбата бр.07-200, изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 од Скопје, поднесена против Решението на Јавната установа Национален Парк-Маврово, донесено е Решение со кое Жалбата се одбива како неоснована и е утврдено дека Решението на Јавната установа Национален Парк-Маврово број 03-1117/2 од 03.12.2012 година е правилно и врз закон засновано
По Жалбата бр.07-8, изјавена од Б.К. од Делчево, поднесена против Општина Аеродром, донесен е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
По Жалбата бр.07-488, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Министерството за одбрана, Сектор за безбедност и разузнавање, донесен е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
По Жалбата бр.07-506, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Министерството за одбрана, Сектор за безбедност и разузнавање, донесено е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
По Жалбата бр.07-1112 година, изјавена од Македонско здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ, поднесена против Министерството за внатрешни работи, донесен е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
По Жалбата бр.07-1116, изјавена од Македонско здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ, поднесена против Министерството за надворешни работи, донесен е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
По Жалбата бр.07-1118, изјавена од Ѓ.А. од Скопје, поднесена против Државното правобранителство на Република Македонија, донесен е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.  
По Жалбата бр.07-1220, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Државниот просветен инспекторат, донесен е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.  
По Жалбата бр.07-1221, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, донесен е Заклучок со кој Жалбата се запира поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.