ДОНЕСЕНИ 134 РЕШЕНИЈА И 114 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 35 – та седница одржана на 20 декември 2012 година, постапи по 248 жалби и притоа донесе соодветни одлуки.
Одлучувајќи по жалбите, Комисијата донесе 134 решенија, од кои 46 се решенија со кои жалбата се отфрла како недопуштена, а во еден случај донесено е Решение со кое жалбата се одбива како неоснована. Исто така, Комисијата уважи 80 жалби, донесувајќи решенија со кои ги задолжи првостепените органи на барателите да им ги достават бараните информации. Во пет случаи Комисијата донесе решенија со кои жалбите на барателите беа уважени и предметите беа вратени на повторно постапување пред првостепените органи, додека за една жалба Комисијата утврди дека е неоснована, а Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано. Постапувајќи по една жалба, Комисијата донесе Решение со кое жалбата се уважува и се задолжува Агенцијата за државни службеници веднаш по приемот на Решението да го препрати Барањето до имателот на информации, кој според содржината на Барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
По 114 изјавени жалби главно од граѓански здруженија, Комисијата донесе заклучоци за запирање на постапката поради повлекување на жалбите, или пак поради тоа што на барателите им било одговорено на барањата.