ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА И 337 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 34 – та седница одржана на 10 декември 2012 година, постапи по 344 жалби и притоа донесе соодветни одлуки.
Комисијата по 7 жалби донесе решенија, а по 337 жалби изјавени од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија-ЕСЕ Скопје, поднесени против здравстени институции донесе заклучоци за запирање на постапката. По препраќањето на жалбите до имателите на информации од страна на Комисијата, бараните информации беа доставени до Здружението, по што Здружението ги повлече жалбите.