ДОНЕСЕНИ 39 РЕШЕНИЈА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Каква соодветна опрема за прегледување на видео материјал поседува Комисијата за верификација на фактите?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3159/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-291 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3159/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-291 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/10 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Каква соодветна опрема за прегледување на видео материјал поседува Комисијата за верификација на фактите?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/11 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-291 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3159/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-291 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3159/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-291 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштитана правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Дали во досегашното работење на Комисијата трети лица доставиле податоци во оригинал, иницијативи и претставки до Комисијата? Доколку доставиле во колку случаи го направиле тоа?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-292 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-292 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/75 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Дали во досегашното работење на Комисијата трети лица доставиле податоци во оригинал, инициативи и претставки до Комисијата? Доколку доставиле во колку случаи го направиле тоа?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/76 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-292 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3160/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-292 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колкав број на соработнички досиеа досега се доставени до Комисијата за верификација на фактите од со закон наведените институции?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-293 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-293 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/24 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колкав број на соработнички досиеа досега се доставени до Комисијата за верификација на фактите од со закон наведените институции?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр 07-2646/25 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-293 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3161/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-293 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Колкав е бројот на лица заведени во регистарот на лицата за кои е утврдено дека не го исполнуваат условот за вршење на јавна функција, согласно чл. 10-в, ст. 1 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3162/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-294 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3162/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-294 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/44 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Колкав е бројот на лица заведени во регистарот на лицата за кои е утврдено дека не го исполнуваат условот за вршење на јавна функција, согласно чл. 10-в, ст. 1 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/45 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-294 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3162/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-294 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3162/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-294 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштитана правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „За колку писмени изјави Комисијата покренала постапка за утврдување на вистинитоста на изјавите, согласно должноста од член 12, став 2 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-295 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-295 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/51 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„За колку писмени изјави Комисијата покренала постапка за утврдување на вистинитоста на изјавите, согласно должноста од член 12, став 2 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/52 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-295 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3163/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-295 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „За колку писмени изјави Комисијата непокренала постапка за утврдување на вистинитоста на изјавите, согласно должноста од член 12, став 2 и во рок од 24 часа, во согласност со истиот член од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-296 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-296 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/53 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„За колку писмени изјави Комисијата непокренала постапка за утврдување на вистинитоста на изјавите, согласно должноста од член 12, став 2 и во рок од 24 часа, во согласност со истиот член од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр 07-2646/54 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-296 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3164/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-296 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „До кои надлежни органи и тела Комисијата доставила решение за неисполнување на услов за вршење на јавна функција поради неподнесување изјава, согласно обврската од чл.10, ст.2 од Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3165/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-297 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3165/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-297 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/41 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„До кои надлежни органи и тела Комисијата доставила решение за неисполнување на услов за вршење на јавна функција поради неподнесување изјава, согласно обврската од чл.10, ст.2 од Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/42 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-297 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3165/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-297 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3165/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-297 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштитана правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колку досиеа на поранешни функционери досега се обработени од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-298 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-298 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/27 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колку досиеја на поранешни функционери досега се обработени од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр 07-2646/28 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-298 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3166/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-298 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали Комисијата донела решение за неисполнување на услов за вршење на јавна функција, заради неподнесување на писмена изјава на член на Македонската академија на науките и уметностите од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр. 07-3167/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на фактите СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-299 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3167/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-299 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/106 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„ Дали Комисијата донела решение за неисполнување на услов за вршење на јавна функција, заради неподнесување на писмена изјава на член на Македонската академија на науките и уметностите од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/107 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-299 од 13.08.2012 година.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-299 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3167/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-299 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на факти постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“ Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3167/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-299 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на фактите.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението треба да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот треба задолжително да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштитана правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колку од повиканите подносители на изјави кои се противат на заклучоците на Комисијата за верификација на фактите се произнеле писмено по заклучокот, како право од чл.25, ст.2 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-300 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-300 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/98 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колку од повиканите подносители на изјави кои се противат на заклучоците на Комисијата за верификација на фактите се произнеле писмено по заклучокот, како право од чл.25, ст.2 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/99 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-300 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3168/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-300 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Доколку Комисијата во досегашното работење упатила покана за учество на седниците на Комисијата на домашни и странски експерти и други лица, на колку седници имало учество на поканети лица од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр. 07-3169/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на фактите СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-301 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3169/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-301 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/79 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Доколку Комисијата во досегашното работење упатила покана за учество на седниците на Комисијата на домашни и странски експерти и други лица, на колку седници имало учество на поканети лица од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/80 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-301 од 13.08.2012 година.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-301 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3169/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-301 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“ Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и неможел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа неможел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3169/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-301 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на фактите.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението треба да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решпение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колку известувања за покренување на постапка пред надлежен суд од страна на подносители на изјави добила Комисијата од конституирањето до денес, согласно чл.28, ст.3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-302 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-302 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/103 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колку известувања за покренување на постапка пред надлежен суд од страна на подносители на изјави добила Комисијата од конституирањето до денес, согласно чл.28, ст.3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/104 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-302 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3170/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-302 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Колкав број од писмени изјави за несоработка со органите на државната безбедност до Комисијата отпаѓаат на кандидатите за членови и членовите на Адвокатската комора на РМ, за адвокатите кандидати за запишување во Именикот на адвокатите и адвокатите со лиценца, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3171/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-303 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3171/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-303 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/112 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Колкав број од писмени изјави за несоработка со органите на државна безбедност до Комисијата отпаѓаат на кандидатите за членови и членовите на Адвокатската комора на РМ, за адвокатите кандидати за запишување во Именикот на адвокатите и адвокатите со лиценца, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/113 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-303 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3171/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-303 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3171/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-303 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колку подносители на изјави кои се противат на заклучоците на Комисијата биле повикани, согласно правото на Комисијата од чл.25, ст.2 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-304 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-304 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/95 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колку подносители на изјави кои се противат на заклучоците на Комисијата биле повикани, согласно правото на Комисијата од чл.25, ст.2 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/96 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-304 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3172/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-304 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „За колку барања за доставување податоци, заради проверка на фактите органите од членот 22 став 1 до денес немаат доставено податоци согласно роковите процесуирани во чл.22 став 2 од Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011 и кои се тие органи од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3173/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-305 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3173/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-305 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/84 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„За колку барања за доставување податоци, заради проверка на фактите органите од членот 22 став 1 до денес немаат доставено податоци согласно роковите процесуирани во чл.22 став 2 од Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011 и кои се тие органи од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/85 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-305 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3173/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-305 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3173/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-305 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Каква соодветна техничка опрема за обработка на аудио – визуелен материјал поседува Комисијата за верификација на фактите?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3174/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-306 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3174/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-306 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/9 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Каква соодветна техничка опрема за обработка на аудио–визуелен материјал поседува Комисијата за верификација на фактите?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/10 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-306 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3174/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-306 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3174/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-306 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали Владата на РМ побарала пристап до регистарот на лицата за кои е утврдено дека не го исполнуваат условот за вршење на јавна функција, согласно чл. 10-б, ст. 3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр. 07-3175/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на фактите СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-307 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3175/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-307 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/46 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Дали Владата на РМ побарала пристап до регистарот на лицата за кои е утврдено дека не го исполнуваат условот за вршење на јавна функција, согласно чл. 10-б, ст. 3 од Законот за определеување дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/47 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-307 од 13.08.2012 година.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-307 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3175/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-307 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“ Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и неможел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно барањето било непотполно и поради тоа неможел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3175/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-307 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на фактите.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението треба да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решпение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали Собранието на РМ, побарало пристап до регистарот на лицата за кои е утврдено дека не го исполнуваат условот за вршење на јавна функција, согласно чл.10-б, ст.3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3176/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-308 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3176/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-308 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/45 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Дали Собранието на РМ, побарало пристап до регистарот на лицата за кои е утврдено дека не го исполнуваат условот за вршење на јавна функција, согласно чл.10-б, ст.3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/46 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-308 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3176/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-308 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3176/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-308 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Колку одлуки донела Комисијата, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3177/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-309 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3177/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-309 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/65 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Колку одлуки донела Комисијата, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/66 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-309 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3177/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-309 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3177/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-309 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „За колку лица кандидати за носител на јавна функција кои не поднеле писмена изјава Комисијата покренала постапка за проверка на фактите по службена должност, согласно обврската од чл.12, ст.6 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-310 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-310 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/60 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„За колку лица кандидати за носител на јавна функција кои не поднеле писмена изјава Комисијата покренала постапка за проверка на фактите по службена должност, согласно обврската од чл.12, ст.6 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/61 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-310 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3178/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-310 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10. 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „За колку барања на Комисијата за верификација на фактите, Државниот архив на РМ постапил по барањата на Комисијата во согласно предвидените рокови и обврски од чл.4-а од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3179/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-311 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3179/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-311 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/92 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„За колку барања на Комисијата за верификација на фактите, Државниот архив на РМ постапил по барањата на Комисијата во согласно предвидените рокови и обврски од чл.4-а од Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/93 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-311 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3179/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-311 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3179/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-311 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „На кој начин Комисијата за верификација на фактите ја утврдува душевната болка настаната на жртвата за која се прибирани информации при водењето постапка за исполнување на дополнителниот услов за вршење јавна функција, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3180/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-312 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3180/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-312 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/19 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„На кој начин Комисијата за верификација на фактите ја утврдува душевната болка настаната на жртвата за која се прибирани информации при водењето постапка за исполнување на дополнителниот услов за вршење јавна функција, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/20 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-312 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3180/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-312 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3180/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-312 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали Комисијата примила известување за постапки за разрешување, покренати врз основа на доставено решение од Комисијата за неисполнување на условите за вршење на јавна функција поради неподнесување изјава или утврдена соработка со органите на државната безбедност, согласно одредбите од чл. 10, ст. 5 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр. 07-3181/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на фактите СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-313 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3181/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-313 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/43 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Дали Комисијата примила известување за постапки за разрешување, покренати врз основа на доставено решение од Комисијата за неисполнување на условите за вршење на јавна функција поради неподнесување изјава или утврдена соработка со органите на државната безбедност, согласно одредбите од чл. 10, ст. 5 од Законот за определеување дополнителен услов за вршење јавна функција Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање? “.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/44 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-313 од 13.08.2012 година.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-313 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3181/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-313 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“ Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и неможел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа неможел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3181/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-313 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на фактите.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението треба да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решпение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Дали Комисијата досега има поднесено кривична пријава за давање на лажна заверена писмена изјава, согласно одредбите од чл.38 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-314 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-314 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/123 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Дали Комисијата досега има поднесено кривична пријава за давање на лажна заверена писмена изјава, согласно одредбите од чл.38 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/124 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-314 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3182/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-314 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Во колку од случаи во кои Комисијата за верификација на фактите донела решение со кое се утврдува неисполнување на дополнителниот услов за вршење јавна функција, од страна на службеното лице е наведено дали истата е доброволна или присилна, во случај кога решението е донесено врз основа на постоење материјал во кој во писмена форма се прифаќа соработката од страна на соработникот или информаторот?“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3183/3 од 03.09.2012 година, донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-315 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3183/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-315 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/16 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Во колку од случаи во кои Комисијата за верификација на фактите донела решение со кое се утврдува неисполнување на дополнителниот услов за вршење јавна функција, од страна на службеното лице е наведено дали истата е доброволна или присилна, во случај кога решението е донесено врз основа на постоење материјал во кој во писмена форма се прифаќа соработката од страна на соработникот или информаторот?“
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/17 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-315 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3183/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-315 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно Барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3183/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-315 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колкав е бројот на лица кои не поднеле писмена изјава за несоработка со органите на државната безбедност до Комисијата и за колку од нив Комисијата постапила согласно чл.8 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-316 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-316 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/36 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колкав е бројот на лица кои не поднеле писмена изјава за несоработка со органите на државната безбедност до Комисијата и за колку од нив Комисијата постапила согласно чл.8 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/37 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-316 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3184/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-316 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колку проверки на фактите по службена должност извршила Комисијата, заради утврдување несоработка со органите на државната безбедност на кандидати за носители на јавни функции или функционери кои раководат со органи, кои не доставиле писмена изјава, како обврска на Комисијата до чл.9, ст.8 и чл.10, ст.6 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-317 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-317 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/38 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колку проверки на фактите по службена должност извршила Комисијата, заради утврдување несоработка со органите на државната безбедност на кандидати за носители на јавни функции или функционери кои раководат со органи, кои не доставиле писмена изјава, како обврска на Комисијата до чл.9, ст.8 и чл.10, ст.6 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/39 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-317 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3185/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-317 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „За колку писмени изјави Комисијата не покренала постапка за утврдување на вистинитоста на изјавите, согласно должноста од чл.12, ст.1 во рок од 15 дена, во согласност со истиот член од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-318 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-318 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/50 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„За колку писмени изјави Комисијата не покренала постапка за утврдување на вистинитоста на изјавите, согласно должноста од чл.12, ст.1 во рок од 15 дена, во согласност со истиот член од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/51 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-318 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3186/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-318 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „За колку лица кои биле носители на јавна функција, а не поднеле писмена изјава Комисијата покренала постапка за проверка на фактите по службена должност, согласно обврската од чл.12, ст.4 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-319 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-319 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/56 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„За колку лица кои биле носители на јавна функција, а не поднеле писмена изјава Комисијата покренала постапка за проверка на фактите по службена должност, согласно обврската од чл.12, ст.4 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Службен весник број 14/2008, 64/2009 и 24/2011, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/57 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-319 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3187/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-319 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали во материјалите кои ги разгледува Комисијата за верификација на фактите, предлогот за ангажирање соработник, кој го изготвува службеното лице е проследен со одобрување за такво ангажирање од сите повисоки инстанци за да може да отпочне соработката со истото лице? “ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот за прекинување на постапката бр.07-3188/3 од 03.09.2012 година донесен од Комисијата за верификација на факти СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-320 на 03.10.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Заклучокот на Комисијата за верификација на факти бр.07-3188/3 од 03.09.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ, оспорениот Заклучок ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр. 07-320 на 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти бр.11-557/17 од 02.07.2012 година со кое побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Дали во материјалите кои ги разгледува Комисијата за верификација на фактите, предлогот за ангажирање соработник, кој го изготвува службеното лице е проследен со одобрување за такво ангажирање од сите повисоки инстанци за да може да отпочне соработката со истото лице?“.
Комисијата за верификација на фактите на ова Барање одговорила со допис бр.07-2646/18 од 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот одговор, Фондацијата Отворено општество–Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-320 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3188/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-320 на 20.09.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека „Комисијата за верификација на фактите постапи по барањето на жалителот и со заклучок ја прекина постапката бидејќи не располага со таква информација од јавен карактер…барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите не може да го подведе под ниедна форма предвидена во Законот.“
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Заклучок за прекинување на постапката се донесува доколку имателот на информации не располага со бараната информација.
Доколку пак имателот сметал дека Барањето е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор и не можел да го подведе под ниедна форма предвидена во законот, односно барањето било непотполно и поради тоа не можел да постапува по истото, тој требало да побара од барателот да го дополни Барањето, со укажување на последиците доколку тоа не го направи и да ја продолжи постапката по Барањето согласно со член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на наведениот Одговор до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер е доставена фотокопија од Заклучокот бр.07-3188/3 од 03.09.2012 година.
Незадоволна од Заклучокот, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, под број 07-320 од 03.10.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека, Комисијата за верификација на факти не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбите од Законот за општата управна постапка.
Во диспозитивот на Заклучокот не е цитирано Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што не може да се утврди за кое барање имателот ја прекинува постапката.
Во оспорениот Заклучок имателот се повикува на бројот на Жалбата доставена и заведена во Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, а не на бројот на Барањето доставено до Комисијата за верификација на факти.
Иако во членот 26 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е предвидено дека барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во оспорениот Заклучок нема упатство за правно средство кое го упатува барателот на неговото загарантирано право на Жалба.
Исто така, и во член 225 точка 1 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Заклучокот мора да биде образложен и да содржи упатство за правно средство.
Во врска со наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Комисијата за верификација на факти и укажува за следното.
Доколку Комисијата за верификација на факти сметала дека бараната информација не претставува Барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како што е наведено во образложението на оспорениот Заклучок, требало да донесе Решение за отфрлање на Барањето.
Доколку Комисијата за верификација на факти тврди дека не располага со бараната информација, при повторното постапување по предметот, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката, кој треба да ги содржи сите составни делови согласно Законот за општата управна постапка. Во диспозитивот на Заклучокот и во образложението да се наведе бројот и датата на поднесувањето на Барањето и истото да се цитира.
На крајот од Заклучокот, задолжително треба да се наведе Упатство за правно средство.
Поради наведените недостатоци во првостепената постапка, а согласно член 242 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондација Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31 октомври 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА оспоренотo Решениe на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-575/4 од 13.07.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-188 на 06.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Државната комисија за спречување на корупцијата по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата, оспореното Решение и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Фондација Отворено општество-Македонија на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.11-472/3 до Државната комисија за спречување на корупцијата и ја побарала следната информација.
„Копија од новопримените изјави за судир на интереси поднесени од службените лица од член 20-а од Законот за спречување на судир на интереси, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012)“.
Во врска со наведеното Барање, Државната комисија за спречување на корупцијата на 13.07.2012 година донела Решенние заведено под бр. 03-575/4.
Незадоволна од наведеното Решение, Фондација Отворено општество-Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-188 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната комисија за спречување на корупцијата по барањето на Комисијата достави допис бр.03-575/6 од 27.08.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-188 на 04.09.2012 година. Во прилог на дописот го достави оспореното Решение и другите списи во врска со предметот.
Во горенаведениот допис, Државната Комисија за спречување на корупцијата, покарај другото наведува дека останува на образложението во оспореното Решение и аргументите содржани во истото.
Понатаму во дописот се наведува “….Изјавата за интереси што се дава согласно со Законот за спречување судир на интереси не е посочена како извор на податоци од јавен карактер што е еден од пресудните услови Изјавата да не се објавува во јавноста….според Законот за спречување на корупцијата податоците од анкетниот лист се информации од јавен карактер, освен податоците заштитени со закон. Тоа со Изјавата за интереси не е случај“.
Во Образложението на оспореното Решение се наведува “Државната комисија за спречување на корупцијата по разгледувањето на барањето констатира дека бараните информации–документи содржат лични податоци кои се заштитени со закон. Откривањето или на друг начин правење на достапни на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци….По разгледувањето на резултатите од спроведениот тест на штетност, односно по разгледување на последиците врз интересот кој се заштитува во однос на јавниот интерес што би се постигнал со доставување на документите…..Државната комисија смета дека доколку бараните документи бидат доставени до барателот, штетните последици врз интересот кој се заштитува се поголеми во однос на јавниот интерес. Во прилог на спроведувањето на тестот на штетност во конкретниот случај Државната комисија посебно ја разгледа можноста за овозможување на делумен пристап на барателот до бараните документи, во смисла на член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. При разгледувањето на таквата можност, Државната комисија констатира дека информациите заштитени со закон содржани во бараните документи не можат да бидат одвоени од документите без притоа да се загрози нивната безбедност, како и без да доведе до губење на смислата на истите што би довело до погрешно разбирање на содржината на истите “.
По разгледувањето на Жалбата, Образложението на оспореното Решение и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со поднесеното Барање од Фондацијата Отворено општество Македонија постапила правилно и донела Решение со кое го одбила пристапот до бараната информација. Во Решението правилно се повикала на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му образложила дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации. Го спровела задолжителниот тест на штетност, и утврдила дека откривањето на бараната информација би предизвикало штетни последици кои се поголеми од јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација.
Во однос на наводот во Жалбата дека Решението е спротивно на законот, од причина што го потпишал претседателот на Комисијата за спречување на корупција, а не службеното лице за посредување со информации од јавен карактер, укажуваме на следното. Точно е дека службеното лице кај имателот на информации е должно да ја спроведе постапката по барањето за пристап до информации од јавен карактер, но во Законот не е регулирано дека службеното лице е должно и да ги потпишува документите во врска со постапката. Начинот на потпишување на документи во одредена институција е регулиран со закон согласно кој функционира институцијата или со подзаконски акти, кои ги донесува одговорното лице. Оттука, констатацијата дека Решението е спротивно на законот затоа што не е подготвено од службеното лице кое е одговорно за посредување со информации од јавен карактер е неоснована.
Врз основа на горенаведеното Комисијата утврди дека Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата е правилно и врз закон засновано, а Жалбата е неоснована.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 Скопје, поднесена против Решението на Јавната установа Национален парк-Маврово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10. 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 Скопје поднесена против Решението на Јавната установа Национален парк-Маврово по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер фотокопија од “Индивидуалните експертски извештаи подготвени за потребите на Студијата за ревалоризација на вредностите на Национален парк “Маврово“; и документација за управување со шумските системи од 2012 до 2020 година за сите шумски области во Национален парк “Маврово“ со сите картографски и табеларни прилози кои се дел од оваа документација (изготвени во 2011 година),“ СЕ УВАЖУВА.
Решението на Јавната установа Национален парк-Маврово 02-882/1 од 09.09.2012 година, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-200 од 13.08.2012 година и дополнувањето на Жалбата број 07-200 од 01.10.2012 година, изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 Скопје, поднесена против Решението на Јавната установа Национален парк-Маврово, ЈА УВАЖИ, Решението на Јавната установа Национален парк-Маврово 02-882/1 од 09.09.2012 година го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Граѓанското здружение Фронт 21/42 Скопје како што е наведено во Жалбата на 21.06.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Национален парк-Маврово и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Индивидуалните експертски извештаи подготвени за потребите на Студијата за ревалоризација на вредностите на Национален парк “Маврово“ и “документација за управување со шумските системи од 2012 до 2020 година за сите шумски области во Национален парк “Маврово“ со сите картографски и табеларни прилози кои се дел од оваа документација (изготвени во 2011 година)“.
Јавната установа Национален парк-Маврово во врска со ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок поради што барателот поднесе Жалба заведена во Комисијата под бр.07-200 на 13.08.2012 година.
Комисијата со допис бр.07-200 од 24.08.2012 година ја препрати Жалбата до Јавната установа Национален парк-Маврово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавната установа Национален парк-Маврово достави Одговор на Жалба бр.03-825/2 од 27.08.2012 година а во Комисијата заведен под бр.07-200 од 04.09.2012 година. Во Одговорот наведува дека Управниот одбор на Јавната установа Национален парк-Маврово на седницата одржана на ден 30.03.2012 година согласно член 6 став 1 точка 7,8 и 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер донел Одлука заведена под број 0302-31/2 со која се исклучува давањето информации меѓу другото и за индивидуалните експертски извештаи подготвени за Студијата за ревалоризација на вредностите на Национален парк “Маврово“; и планските документи за управување со шумските екосистеми за периодот од 2012 до 2020 година за сите шумски области во Национален парк “Маврово“ вклучително и картографските и табеларните прилози кои се дел од оваа документација.
Јавната установа Национален парк-Маврово на 10.09.2012 година по факс до Комисијата го достави Решението за одбивање на пристапот заведено под број 02-882/1 од 09.09.2012 година, со образложение дека согласно член 6 став 1 точка 7 и 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер информациите се предмет на усогласување, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината и ќе се загрози правото на интелектуална сопственост за изработувачите на документи. Во оспореното Решение се наведува дека Управниот одбор на Јавната установа Национален парк-Маврово има донесено Одлука со која се исклучува пристапот до наведените информации.
Граѓанското здружение Фронт 21/42 Скопје против наведеното Решение поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-200 на 01.10.2012 година.
Комисијата со допис бр.07-200 од 03.10.2012 година ја препрати Жалбата до Јавната национална установа Национален парк-Маврово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавната установа Национален парк-Маврово достави Известување заведено под бр.03-964/2 од 09.10 2012 година а во Комисијата под број 07-200 на 09.10.2012 година. Во Известувањето наведува “Јавната национална установа Национален парк-Маврово согласно член…. има донесено Одлука бр.0302-31/2 од 30.03.2012 година со која се исклучува слободниот пристап до информации од јавен карактер за повеќе плански документи меѓу кои и за бараните документи во доставеното барање од Граѓанското здружение Фронт 21/42 Скопје.
Во врска со наведеното Комисијата на Јавната национална установа Национален парк-Маврово и укажува на следното.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот не може да донесе Одлука со која одредени информации од јавен карактер ќе ги прогласи за исклучок од слободниот пристап.
Доколку смета, дека одредени информации кој ги создал треба да претставуваат исклучок, тогаш согласно Законот за класифицирани информации („Службен весник на РМ“ бр.9/24), треба да донесе Правилник за класифицирани информации во кој ќе го определи степенот на заштита на информациијата. Класификацијата на информацијата се врши според нејзината содржина и се определува еден од степените на класификација-државна тајна, строго доверливо, доверливо и интерно. Создавачот на класифицираната информација го означува на видно место степенот на класификација.
Во Одлуката, Јавната установа Национален парк-Маврово се повикува на член 6 став 1, точка 7,8 и 9 што е неосновано бидејќи согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ бр. 6/2010), точката 8 се брише, а точката 9 станува точка 8 , што значи дека информациите кои се однесуваат за заштита на животната средина не претставуваат повеќе исклучок од слободниот пристап.
Според Архуската конвенција, чиј потписник е Република Македонија, овие информации треба да бидат достапни на јавноста.
Што се однесува до наводите на оспореното Решение дека бараните информации се исклучок согласно член 6 точка 7 и 8, Комисијата укажува на следното. Од списите на предметот се гледа дека бараните информации се звршени документи и тие не можат да доведат до погрешно разбирање на содржината на информацијата. Што се однесува до интелектуалната сопственост, тоа може да претставува исклучок од слободниот пристап доколку авторот го заштитил своето авторско право.
Јавната установа Национален парк-Маврово при донесувањето на Решението не го спровела ни тестот на штетност што е задолжителна постапка што ја спроведува имателот на информацијата пред да го одбие пристапот соглансо со членот 6 на овој закон, а со кој ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Јавната установа Национален парк-Маврово постапила спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и дека при повторното постапување по предметот, треба да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31 октомври 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр.19-2847/2 од 10.08.2012 година на Министерството за правда, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-368 на 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Заклучокот бр.19-2847/2 од 10.08.2012 година, донесен од Министерството за правда, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници од Скопје на 11.07.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда заведено под бр.0306-844/1 и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
„Доставете ни фотокопии од: Извештајот за предлогот на законот за измена и дополнување на Законот за управните спорови, Извештајот со предлози за подобрување на судскиот деловник и други прашања кои се однесуваат на работењето на Управниот суд.“
Министерството за правда во врска со ова Барање, на 10.08.2012 година донело Заклучок за запирање на постапката бр.19-2847/2 со образложение дека не ја поседува бараната информација.
Незадоволно од наведениот Заклучок на 04.09.2012 година, Македонското здружение на млади правници од Скопје, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата Здружението наведува дека Заклучокот е спротивен на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, истиот е изготвен и донесен од неовластено лице и првостепениот орган не постапил согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата со допис бр.07-368 од 05.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.19-2847/4 од 28.09.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-368 на 12.10.2012 година. Во Одговорот на Жалба, Министерството наведува дека “…не ја поседува бараната информација, поради што и го донесе Заклучокот бр.19-2847/2 од 10.08.2012 година, а од содржината на Барањето не укажува кој е имател на информацијата. Поради тоа Барањето не е препратено согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во однос на наводот во жалбата дека Заклучокот што го доставило Министерството за правда е изготвен и донесен од неовластено лице, министерот за правда, а не од службеното лице за посредување … Министерството за правда посочува дека … во Законот не е наведено дека службеното лице е должно да ги потпишува документите што ги изготвува во текот на постапката. Начинот на потпишување на документи во институциите е регулиран со законот согласно кој функционира одредена институцијата или пак со подзаконски акти, кои ги донесува одговорното лице.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за правда во врска со поднесеното Барање од Македонското здружение на млади правници од Скопје постапило во законски предвидениот рок, согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од причина што не располага со бараната информација. Наводот дека Заклучокот е изготвен од неовластено лице, бидејќи не е потпишан од службеното лице кое е одговорно за посредување со информации од јавен карактер е неоснован.
Комисијата му укажува на Министерството за правда, дека согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се носи Заклучок за прекинување на постапката, a не Заклучок за запирање како што е наведено во диспозитивот (изреката) на Заклучокот.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31 октомври 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје против Заклучок на Министерството за правда, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
СЕ ПОТВРДУВА Заклучокот на Министерството за правда број 19-2850/2 од 10.08.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-369 од 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје против Заклучокот на Министерството за правда број 19-2850/2 од 10.08.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници на 12.07.2012 година, до Министерството за правда, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Здружението под бр.0306-850/1 на 09.07.2012 година и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Дали во 2012 год. е изготвена Анализа за потребата од донесување на Закон за измени и дополнување на Законот за управните спорови. Ако е донесена доставете ни фотокопија од истата“.
Во врска со ова Барање Министерството за правда донело Заклучок за прекинување на постапката кој барателот го примил на 16.08.2012 година и го завел под бр.0306-850/2.
Незадоволно од наведениот Заклучок, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата покрај другото се наведува дека со ваквото постапување, Министерството за правда сторило повреда на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, затоа што не го применило членот 18 од наведениот Закон. Министерството за правда било должно доколку не располага со бараната информација, и доколку го знае вистинскиот имател, веднаш да го препрати барањето до имателот кој располага со информацијата и за тоа да го извести барателот.
Комисијата со допис бр.07-369 од 06.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара од Министерството во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Министерството за правда достави Одговор на Жалба бр.19-2580/4 од 01.10.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-369 на 10.10.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Министерството наведува дека не располага со бараната информација, а од содржината на барањето не можело да утврди кој би можел да биде имател на бараната информација, поради што донело Заклучок за прекинување на постапката.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Министерството за правда, правилно постапило по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок за прекинување на постапката, затоа што не располага со бараната информација, ниту како што наведува во Одговорот на Жалбата, знае кој друг располага со истата. Имено, и полномошникот на жалителот во Жалбата наведува дека Министерството за правда било должно доколку не располага со бараната информација, и доколку го знае вистинскиот имател, веднаш да го препрати барањето до имателот кој располага со информацијата и за тоа да го извести барателот.
Врз основа на горенаведеното, Комисијата утврди дека Заклучокот на Министерството за правда е правилен и врз закон заснован, а Жалбата на жалителот неоснована.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31 октомври 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер увид и заверени фотокопии од “Збирка на исправи за: Донеодамна виканата Сервисна улица-крак на улица Р.Жинзифов, а од скоро паркинг плац на истиот потег. Врз основа на која документација е даден налог за изградба на паркиралиштето? Како ориентири приложувам копии од нумерички податоци и извод од план“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Општина Центар на барателот да му овозможи увид и по потреба да му достави заверени фотокопии од бараната документација, најдоцна до 19 ноември 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-373 на 07.09.2012 година, изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Центар на барателот да му овозможи увид и по потреба да му достави заверени фотокопии од бараната документација најдоцна до 19 ноември 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.Б. од Скопје на 06.08.2012 поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар и побарал Општината да му овозможи увид и по потреба да му достави заверени фотокопии од бараната документација “Збирка на исправи за: Донеодамна виканата Сервисна улица-крак на улица Р.Жинзифов, а од скоро паркинг плац на истиот потег. Врз основа на која документација е даден налог за изградба на паркиралиштето?
Место веднаш, односно во рок од 30 дена да му овозможи пристап до бараната информација, Општина Центар со допис бр.10-6063/2 од 04.09.2012 година, кој барателот го примил на 06.09.2012 година, односно триесетиот ден од денот на доставувањето на Барањето, го известила барателот дека барањето за извршување увид може да го реализира во термин кој ќе го договори со раководителот на Секторот за комунални работи, по неговото враќање од годишен одмор.
Во врска со наведениот Одговор, Комисијата и укажува на Општина Центар на следното. Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на брз и едноставен начин на барателите да им овозможи пристап до бараната информација, а не како што е постапено во конкретниот случај. После триесет дена Општина Центар го известила барателот дека раководителот на Секторот за комунални работи е на годишен одмор и по неговото враќање ќе биде постапено по Барањето. Во горенаведениот Закон законодавецот утврдил обврска секој имател на информации да определи најмалку едно службено лице за посредување со информации. Службеното лице е должно да им помага на граѓаните во врска со поднесување на барањата и да се грижи барањата навремено да бидат одговорени. За наведените обврски има предвидено и прекршочни санкции. Во случајов, Општина Центар место да постапува по Барањето преку службеното лице задолжено за посредување со информации, барателот го упатува кај раководителот на Секторот за комунални работи.
Незадоволен од Одговорот на Општина Центар, В.Б. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-373 од 10.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Центар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Центар одговори на барањето на Комисијата со допис бр.10-6063/5, во Комисијата заведен под бр.07-373 на 24.09.2012 година.
Во Одговорот меѓу другото се наведува дека Жалбата е неоснована, бидејќи на барателот не му е одбиено Барањето за увид во документацијата, туку поради период на годишни одмори бил известен дека истото ќе може да го реализира дополнително. Комисијата укажува дека отсуството на вработен поради користење на годишен одмор не може да биде причина за ненавремено постапување по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е точно утврдено во кој рок се постапува по барањата (триесет, односно четириесет дена) и по истекот на наведениот рок барателот има право да поднесе Жалба до Комисијата.
Во меѓувреме, како што се наведува во Одговорот на жалбата, барателот по писмен пат бил известен за терминот за извршување на увид во документацијата кај одговорниот секторски раководител во Општина Центар.
Во врска со ова, Комисијата укажува дека увидот во бараната документација може да се изврши кај секторскиот раководител, меѓутоа увидот треба да биде извршен во присуство на службеното лице за посредување со информации, кое согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја спроведува целата постапка во врска со барањата, контактира со барателот на информации и му помага да ја добие бараната информација. Согласно член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
В.Б. од Скопје на 05.10.2012 година, до Комисијата достави Прилог кон жалбата во кој во детали ја опишува постапката по неговото барање, од кој Комисијата утврди дека Општина Центар во врска со неговото барање постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По извршениот увид, Општина Центар била должна на барателот да му ги достави бараните информации во форма и на начин наведени во Барањето, а не да му доставува информации кои тој не ги барал.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, против Близу ДООЕЛ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, против Близу ДООЕЛ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА. СЕ ЗАДОЛЖУВА Близу ДООЕЛ Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во делот „Од страна на фин. Компанија МАТРИКС (тел.3200359) известен сум за паричен долг кон Близу во износ од 4.800,00 денари. Барам писмено известување… кога …сте се обратиле за наплата на истиот?“ најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр. 07-382 од 18.09.2012 година, изјавена од К.М. од Скопје, против Близу ДООЕЛ Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Близу ДООЕЛ Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во делот „Од страна на фин. Компанија МАТРИКС (тел.3200359) известен сум за паричен долг кон Близу во износ од 4.800,00 денари. Барам писмено известување… кога …сте се обратиле за наплата на истиот?“ најдоцна до ….2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, К.М. истата ја поднесува поради тоа што од Близу ДООЕЛ Скопје не ја добил следната барана информација наведена во Барањето за пристап до информации од јавен карактер од 24.08.2012 година:
„Од страна на фин. Компанија МАТРИКС (тел.3200359) известен сум за паричен долг кон Близу во износ од 4.800,00 денари. Барам писмено известување за потеклото и периодот во кој е сторен овој долг и дали, кога и до која институција сте се обратиле за наплата на истиот?“.
Во прилог на Жалбата достави фотокопија од Барањето за пристап до информации од јавен карактер и Одговор на приговор од Близу ДООЕЛ Скопје, од кој не е задоволен.
Комисијата со допис број 07-382 од 19.09.2012 година ја препрати Жалбата до Близу ДООЕЛ Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Близу ДООЕЛ Скопје одговори на ова барање на Комисијата со Одговор на жалба, заведен во Комисијата под бр. 07-382 на 02.10.2012 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „на корисникот К.М. на 19.09.2012…БЛИЗУ му достави повторен одговор…кој ги содржи бараните информации, односно за кој период и за кои услуги се однесува долгот, како и дека за наплата на побарувањето кон должникот К.М., БЛИЗУ ДООЕЛ се има обратено до ЕОЅ МАТРИХ ДОО Скопје“. Во прилог на наведениот Одговор на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од одговори на приговори насловени до К.М. од Скопје, со датуми од 27.08.2012 година и 19.09.2012 година, фотокопии од фактури на име К. М. за период од март 2008 година до февруари 2009 година и друг доказен материјал, но последниот не е наведен во Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
К.М. на службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот лично, во просториите на Комисијата, му потврди дека од Близу ДООЕЛ Скопје ги добил наведените списи кои се доставени и до Комисијата, но дека и натаму останува незадоволен од одговорот „бидејќи е нецелосен“, односно дека не му е одговорено „кога и врз основа на каков правен акт БЛИЗУ ДООЕЛ се има обратено до ЕОЅ МАТРИХ ДОО Скопје за наплата на побарувањето кон должникот К.М.?“.
По разгледувањето на сите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Близу ДООЕЛ Скопје не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во целост.
Комисијата уврди дека бараната информација „Од страна на фин. Компанија МАТРИКС (тел.3200359) известен сум за паричен долг кон Близу во износ од 4.800,00 денари. Барам писмено известување за потеклото и периодот во кој е сторен овој долг и дали, кога и до која институција сте се обратиле за наплата на истиот?“, до барателот е доставена во делот „Барам писмено известување за потеклото и периодот во кој е сторен овој долг и дали и до која институција сте се обратиле за наплата на истиот“, но не и во делот од Барањето „ Барам писмено известување … кога сте се обратиле за наплата на истиот“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н. -претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. “Јане Сандански“ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 31.10. 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. “Јане Сандански“ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “1.Записник од Собирот на ЗС ( месец февруари или март 2012 година) кога е донесена одлука за достава на писмено барање до СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ Скопје, поради проверка на парно греење во становите исклучени од системот на парно греење; 2.Писмено барање од претходната точка, доставено до СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ Скопје и 3. Список на присутни сопственици на посебни делови од Собирот на ЗС опишан во точка 1 од ова барање на СПИЈК“ , СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 19.11. 2012 година, на начин и форма наведена во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година,) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-383 од 21.09.2012 година, изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.М. на 15.08.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6 и побарал да му ги достави следните информации: 1.Записник од Собирот на ЗС ( месец февруари или март 2012 година) кога е донесена одлука за достава на писмено барање до СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ Скопје, поради проверка на парно греење во становите исклучени од системот на парно греење; 2.Писмено барање од претходната точка, доставено до СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ Скопје и 3. Список на присутни сопственици на посебни делови од Собирот на ЗС опишан во точка 1 од ова барање на СПИЈК“
З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-383 од 27.09.2012 година, ја препрати Жалбата до З.Н. на адреса на која е доставено и Барањето за пристап до информации од јавен карактер и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на 03.10.2012 година достави допис заведен под број 33/2012 од 03.10.2012 година а во Комисијата заведен под број 07-383 од 03.10.2012 година.
Во дописот се наведува: “Од моја страна ќе му бидат обезбедени бараните документи предвидени во Вашето известување бр. 07-383, но во врска со член 29 точка 2 и 5 од Законот за слободен пристап до информации на барателот му е изготвен трошковник од 960 денари за материјални трошоци и тоа: 5 листа по 150 денари, вкупно 750 ден заверка на нотоар бидејќи барателот ги бара како материјален доказ за пред надлежен суд и истите мора да бидат веродостојни на оргиналот; 8 листа по 2 денари вкупно 16 денари за фотокопија; куцање во овластено дактилобиро 1 лист по 50 денари вкупно 50 денари. Откако ќе ми бидат уплатени материјалните трошоци на мојата сметка ВЕДНАШ но не по повеќе од 3 работни дена ќе му бидат доставени во неговото поштенско сандаче“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека З.Н.– претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија донесена врз основа на член 29 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот односно З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата има право да побара од барателот да му плати надоместок за добиениот препис, фотокопија или електронски запис: за умножување на еден лист А-4 формат-1 денар, за печатење во една боја, еден лист, А-4 формат- 2 денари, за електронски запис на информацијата на едно комјутерско ЦД-21 денар и за препис на една страница од лист- 5 денари.
Во Барањето на барателот никаде не стои дека бара документите да му бидат заверени на нотар или куцање во овластено биро, туку барателот бара документите да му бидат доставени во фотокопија. Бараната информација се дава во форма и на начин наведени во Барањето.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 31.10.2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација „Колку од повиканите лица не се произнеле во врска со податоците со кои располагаат надлежните државни органи со кои неговата изјава не е вистинита, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање“, најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-210 од 13.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесена против Комисијата за верификација на факти, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Комисијата за верификација на факти на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 19.11.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под број 07-210 од 13.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за верификација на факти број 11-557/99 од 02.07.2012 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
„Колку од повиканите лица не се произнеле во врска со податоците со кои располагаат надлежните државни органи со кои неговата изјава не е вистинита, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање“
Комисијата за верификација на факти на ова Барање одговорила со допис бр. 07-2646/100 од 27.07.2012 година. Во одговорот е наведено дека “Информацијата која ја барате можете да ја добиете доколку се обратите до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата”.
Незадоволна од наведениот одговор, Фондацијата Отворено општество-Македонија, застапувана од В.М., извршен директор на Фондацијата, поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-210 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за верификација на факти и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Комисијата за верификација на факти до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави Одговор на Жалба бр.07-3064/2 од 03.09.2012 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.07-210 на 20.09.2012 година. Во одговорот покрај другото наведува…. “Информацијата која ја бара, пристапот му е овозможен, иако истата ја има може секогаш да ја добие доколку се обрати до ВЕБ страницата на Комисијата за верификација на фактите (www.kvf.org.mk), како и ВЕБ страницата на Собрание на Република Македонија каде се објавени извештаите на Комисијата, Комисијата ќе му ја достави и во писмена форма“. Меѓутоа, до денот на изготвување на ова решение Комисијата за верификација на факти не достави доказ за прием на пратка, односно доказ дека барателот ја добил бараната информација во наведената форма.
Во врска со наведениот допис, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), „Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов, барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во Барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за верификација на факти не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма, предвидена во Законот и наведена во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Заклучокот на Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2019) на седницата одржана на 31 октомври 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Заклучокот на Државниот архив на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку барања за проверка на фактите за лица кандидати за носители на јавни функции, носители на јавна функција, лица кои биле на јавни функции и лица кои не поднеле изјави за несоработка со органите на државната безбедност, Комисијата поднела до Државниот архив на РМ, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“, СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот на Државниот архив на Република Македонија бр.03-1583/4(04) од 16.08.2012 година, СЕ ПОНИШТУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот архив на Република Македонија да го препрати Барањето до Комисијата за верификација на факти веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-364 на 31.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Заклучокот на Државниот архив на Република Македонија, ЈА УВАЖИ Заклучокот на Државниот архив на Република Македонија бр.03-1583/4(04) од 16.08.2012 година, го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот архив на Република Македонија, да го препрати Барањето до Комисијата за верификација на факти веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, од денот на доставувањето на Решението и за тоа да го извести барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата на 27.06.2012 година, до Државниот архив на Република Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.11-560/4, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку барања за проверка на фактите за лица кандидати за носители на јавни функции, носители на јавна функција, лица кои биле на јавни функции и лица кои не поднеле изјави за несоработка со органите на државната безбедност, Комисијата поднела до Државниот архив на РМ, од формирањето на Комисијата за верификација на фактите до моментот на прием на ова барање?“
Државниот архив на Република Македонија во врска со наведеното Барање, на 16.08.2012 година, донел Заклучок за прекинување на постапката бр.03-1583/4(04) со образложение дека не располага со бараната информација. Во оспорениот Заклучок Државниот архив наведува дека за таа информација единствено надлежна е Комисијата за верификација на фактите.
Незадоволна од наведениот Заклучок, Фондацијата Отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-364 од 06.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Државниот архив на РМ и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот архив на РМ достави допис бр.03-1583/5(04) од 27.09.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-364 на 17.10.2012 година, во прилог на кој ги достави сите списи во врска со прдметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Државниот архив на Република Македонија погрешно ги применил одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Државниот архив на РМ не го земал во предвид членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010) според кој “Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.”
Имено, во Заклучокот за прекинување на постапката Државниот архив наведува дека не располага со бараната информација и дека за таа информација единствено надлежна е Комисијата за верификација на факти. Во конкретниот случај, Државниот архив погрешно го применил членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Наместо да ја известува Фондацијата која е имател на бараната информација, Државниот архив е должен да го препрати Барањето до Комисијата за верификација на факти и за препраќањето да ја извести Фондацијата.