ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА И 12 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 29 седница одржана на 20 септември 2012 година, донесе  7  решенија и  12  заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, поднесена против Ветеринарната болница ДОО-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, поднесена против Ветеринарната болница ДОО-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-199 на 13.08.2012 година, изјавена од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, поднесена против Ветеринарната болница ДОО-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје на 10.07.2012 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Ветеринарната болница ДОО-Скопје и побарало во препис или електронски запис да му бидат доставени следните информации:
„- Увид во документот за добиен тендер за работа во стационар Вардариште за 2011 и 2012 година,
–    Список на имиња, презимиња и функција на сите вработени во Ветеринарната болница кои се ангажирани во стационарот Вардариште, вклучително и оние што се вработени со договор на дело,
–    Препис од годишниот извештај за работата на Ветеринарната болница во стационарот Вардариште од јануари 2011 – јули 2012 г. Предмет на наш интерес е прецизната евиденција на третирани кучиња, детална евиденција за постапка со секое куче поединечно, прецизни податоци колку заловени кучиња биле убиени и на кој начин, името и презимето на лицето што ја извршило еутаназијата и причините поради кои била извршена истата за секое куче одделно од јануари 2011 – јули 2012 г.,
–    Информација со кое средство се вршело усмртување на кучињата,
–    Увид во документот за набавка на средството за евтаназија, вклучувајќи ја информацијата за количината  колку такво средство е набавено (документ во прилог) за потребите од јануари 2011 – јули 2012 г., Информација за бројка на стерилизирани кучиња, Информација за евтаназирани мали кучиња,
–    Информација колку од заловените мали кучиња умреле од парвовироза и штенечак,
–    Информација дали ветеринарни лица од Ветеринарната болница се секојдневно присутни во стационар Вардариште,
–    Информација дали единствено ветеринарите одлучуваат кое куче треба да биде усмртено“.
 Ветеринарната болница ДОО-Скопје на ова Барање одговорила со допис бр. 03-113-1 од 19.07.2012 година. Во Одговорот, меѓу другото, е наведено дека „…правното лице до кого е доставено Барањето не е…орган-правно лице што врши јавни овластувања“.
Незадоволно од добиениот одговор, Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје достави Жалба до Комисијата.
По разгледување на Жалбата Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) „иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.”
За имателите на информации кои не се прецизно дефинирани во наведениот член, Комисијата тргнува од фактот дали физичкото или правното лице врши јавни овластувања.
Според правната наука, јавните овластувања се функции на државата чие вршење се доверува на установи, организации и заедници и најчесто се однесува на одделни односи од пошироко значење (решавање во поединечни управни работи, водење на евиденција, издавање на јавни исправи и слично).   
При утврдувањето на Листата на иматели, Комисијата тргнува од матичниот закон односно законот кој претставува lex specialis во работењето на правното лице.
Доколку во конкретниот закон постои обврска за правното лице да врши јавни овластувања, тогаш Комисијата наведените правни и физички лица ги третира како иматели на информации од јавен карактер.
Што се однесува конкретно до Ветеринарната болница ДОО-Скопје, Комисијата ниту во Законот за заштита и благосостојба на животните, ниту во Законот за комуналните дејности, ниту во Законот за локалната самоуправа, ниту во Законот за градот Скопје, ниту во Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на Град Скопје за 2012 година не најде член во кој е регулирано дека определени јавни овластувања на Градот Скопје, или на Јавното претпијатие „Комунална хигиена“се пренесуваат на Ветеринарна болница Скопје.
Исто така, Комисијата не најде член ниту во Договорот за Друштво со ограничена одговорност Ветеринарна болница Скопје, од кој произлегува обврска да врши јавни овластувања.
Од наведените причини Комисијата смета дека Ветеринарна болница Скопје не е имател на информации, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оттука и постапката по наведеното Барање не може да се спроведе согласно одредбите од горенаведениот закон.
       Поради погоре изложеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

         * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „1.Записник од Собирот на ЗС одржан на ден 14.03.2012 година;  2. Список на присутни сопственици на посебни делови на истиот Собир и 3. Решение за упис во Централниот регистар на новоизбраниот претседател на ЗС“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА З.Н.и-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата, на барателот да му ја достави бараната информација  најдоцна до 05.10. 2012 година, на начин и форма наведена во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година,) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-346 од 23.08.2012 година, изјавена од С.М. од Скопје, поднесена против З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ З.Н.-претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.М. на 21.07.2012  година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6 и побарал да му ги достави следните информации:
„1.Записник од Собирот на ЗС одржан на ден 14.03.2012 година;  2. Список на присутни сопственици на посебни делови на истиот Собир и  3. Решение за упис во Централниот регистар на новоизбраниот претседател на ЗС“.
З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-346 од 24.08.2012 година,  со препорачаната поштенска пратка RR139643905 MK ја препрати Жалбата до З.Н.  на адреса на која е доставено и Барањето за пристап до информации од јавен карактер – Бул. „Јане Сандански„ бр.12 влез 6 стан 18 Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата не одговори ниту на дописот на Комисијата.
На 14.09.2012 година Македонска пошта до Комисијата ја врати препорачаната поштенска пратка RR139643905 MK, со доставен печат од 24.08.2012 година, со поштенски печат „направен обид за достава“ од 29.08.2012 година, како и со поштенски печат „не побарал“ од 05.09.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека З.Н. – претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови во зградата не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.    

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот Адвокатско Друштво К. и М., застапувано од адвокат Д.К.,  против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 20 септември  2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот Адвокатско Друштво К.и М., застапувано од адвокат Д.К., против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА.  СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација „Дали (Советот за судски реформи) има донесено програма за работа? Ако има донесено доставете ни фотокопија од програмата“  најдоцна до 05.10. 2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр. 07-349 од 24.08.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот Адвокатско Друштво К. и М., застапувано од адвокат Д. К., против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација „Дали (Советот за судски реформи) има донесено програма за работа? Ако има донесено доставете ни фотокопија од програмата“ најдоцна до 05.10.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 09.07.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-849/1 до Министерството за правда и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната  информација:
„Кој го сочинува Советот за судски реформи? Како е формиран? Кои се неговите активности во 2012 год.? Дали има донесено програма за работа? Ако има донесено доставете ни фотокопија од програмата”.
Министерството за правда на ова Барање одговорило со Известување бр. 19-2849/2 од 10.08.2012 година, примено во Македонското здружение на млади правници-Скопје на 16.08.2012 година.
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници-Скопје, преку полномошникот Адвокатско Друштво К. и М., застапувано од адвокат Д. К., поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено дека истата е поднесена поради тоа што „Министерството за правда…не дава задоволителен одговор по однос на Барањето во делот за тоа дали има донесено програма за работа и ако ја има донесено истата да се достави фотокопија од програмата“.
Комисијата со допис број 07-349 од 29.08.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на ова барање на Комисијата.
Службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот на 17.09.2012 година телефонски го контактираше полномошникот на Македонското здружение на млади правници-Скопје, Адвокатско Друштво К. и М. . Притоа, застапникот на Адвокатското друштво, адвокат Д.К. , ја извести Комисијата дека Барателот на информацијата не добил дополнителен одговор од Министерството за правда и дека остануваат на наводите во Жалбата.
По разгледувањето на сите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорило во целост.
Комисијата уврди дека бараната информација „Кој го сочинува Советот за судски реформи? Како е формиран? Кои се неговите активности во 2012 год.? Дали има донесено програма за работа? Ако има донесено доставете ни фотокопија од програмата“, до барателот е доставена само во делот „Кој го сочинува Советот за судски реформи? Како е формиран? Кои се неговите активности во 2012 год.?“, но не и во делот од Барањето „Дали има донесено програма за работа? Ако има донесено доставете ни фотокопија од програмата“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

          * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку Адвокатското друштво Д., застапувано од адвокат В.Д. од Скопје, против Заклучокот на Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следното

                                                       Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку Адвокатското друштво Д., застапувано од адвокат В.Д. од Скопје, против Заклучокот на Општина Аеродром бр. 03-5958/4 од 27.07-2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Копија од сите дописи на општината кои се доставени до Собранието на РМ и одговорите на доставените дописи, од моментот на изборот на актуелниот состав на Советот на општината и на градоначалникот до моментот на добивање на ова барање“ СЕ УВАЖУВА, Заклучокот на Општина Аеродром бр. 03-5958/4 од 27.07-2012 година СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

                                                О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број  07-355 од 27.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку Адвокатското друштво Д., застапувано од адвокат В.Д. од Скопје, против Заклучокот на Општина Аеродром бр. 03-5958/4 од 27.07-2012 година,  ЈА УВАЖИ,  Заклучокот на Општина Аеродром бр. 03-5958/4 од 27.07-2012 година ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 09.07.2012 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Аеродром и побарала по пошта да и достават фотокопија од  следната  информација:
„Копија од сите дописи на општината кои се доставени до Собранието на РМ и одговорите на доставените дописи, од моментот на изборот на актуелниот состав на Советот на општината и на градоначалникот до моментот на добивање на ова барање“.
Општина Аеродром по ова Барање до барателот доставила Известување бр. 03-5958/2 од 17.07.2012 година, со кое од барателот побарала да го дополни Барањето, односно „да ги конкретизира бараните дописи од причина што бараната информација е преобемна“.
Фондацијата Отворено општество – Македонија до Општина Аеродром поднела Дополнување на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 11/600/5 од 23.07. 2012 година „Фотокопија од сите дописи на општината кои се доставени до Собранието на РМ, како и одговорите на доставените дописи, од моментот на изборот на актуелниот состав на Советот на општината и на градоначалникот до моментот на добивање на барањето во врска со членовите 122, 124 и 175 од Деловникот на Собранието на Република Македонија“.
Општина Аеродром на 27.07.2012 година донела Заклучок бр. 03-5958/4, со кој го отфрла Барањето на Фондацијата Отворено општество – Македонија како „неразбирливо и нецелосно, односно имателот на информации не може да го разгледа Барањето, бидејќи имателот не води посебна архива за кореспонденција со Собранието на Република Македонија, односно барањето на сите дописи на општината кои се доставени до Собранието на РМ, како и одговорите на доставените дописи…и сублимирање на информацијата во форма која што ја бара барателот би значело исклучително големо ангажирање на човечките и материјалните ресурси…“.
Незадоволна од донесениот Заклучок на Општина Аеродром, Фондацијата Отворено општество – Македонија, преку Адвокатското друштво Д., застапувано од адвокат В.Д. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-355 од 30.08.2012 година ја препрати Жалбата до Општина Аеродром и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Аеродром достави Одговор на Жалба бр. 03-7246/2 од 04.09.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-355 на 04.09.2012 година. Во истиот наведува дека „…информациите кои се бараат не постојат во сублимирана форма, а имателот не води посебна архива за коресподенција со Собранието на Република Македонија…сублимирање на информацијата во форма која што ја бара барателот би значело исклучително големо ангажирање на човечките и материјалните ресурси со кои што располага имателот на информацијата, како и не би било гаранција дека информацијата е целосна. Од тие причини, одлучено е барањето да се отфрли…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Општина Аеродром не постапила согласно со одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Барањето од почеток било јасно и разбирливо и Општина Аеродром не требало да бара негово дополнување.
Од образложението на оспорениот Заклучок на Општина Аеродром бр. 03-5958/4 од 27.07-2012 година, со кој е отфрлено Барањето на барателот на информацијата, произлегува дека Општина Аеродром ја нема создадено бараната информација во форма каква што ја бара барателот, односно не располага со таква информација. Во тој случај Општината требало да донесе Заклучок со кој ја прекинува постапката, а не Заклучок со кој го отфрла Барањето како неразбирливо и нецелосно. Барањето како неразбирливо и нецелосно може да се отфрли со решение.
Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ако Барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Против Заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Во врска со наводот во Жалбата дека „согласно член 29 став 5, ако Барањето се однесува на информација од поголем обем, имателот на информацијата може да бара барателот да го даде однапред надоместокот за покривање на трошоците за добивање на информацијата“, Комисијата укажува на следното.
Во случајов не се работи за информација од поголем обем, туку Општина Аеродром не располага со информацијата во бараната форма. Сублимирањето на информацијата во бараната форма значи создавање на нова информација од веќе постојни информации. Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не забранува имателите на информации, врз основа на барање на барателот, да подготват нова информација со обработка на информации кои веќе ги има. Сепак, Законот не создава ваква обврска за имателот на информации. Во него станува збор за информација „која ја создал или со која располага имателот на информацијата“, односно информација која веќе постои.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

         * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија од Скопје, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следното

                                                     Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија од Скопје, поднесена против Народниот правобранител на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
 “1.Во колку случаи во досегашната практика на Народниот правобранител, тој се повикал на одредбите на член 32 од Законот за Народниот правобранител?
   2.Каков бил одзивот на органите во врска со активностите преземени согласно одредбите од став 1 до 4 од член 32 од Законот?
   3.Во колку случаи на досегашната практика на Народниот правобранител, тој се повикал на одредбите од член 33 од Законот за Народниот правобранител?
    4.Каков бил одзивот на органите во врска со активностите преземени согласно одредбите од член 33 од Законот?“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

                                                О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број  07-191 од 06.08.2012 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија ,  ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-191 на 06.08.2012 година, Здружението Транспаренси Интернешнл-Македонија  на 12.07.2012  година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено кај барателот под број 0302/987 на 05.07.2012година, до Народниот правобранител на Република Македонија и побарало по пошта да му ја достават  следната информација.
 “1.Во колку случаи во досегашната практика на Народниот правобранител, тој се повикал на одредбите на член 32 од Законот за Народниот правобранител?
   2.Каков бил одзивот на органите во врска со активностите преземени согласно одредбите од став 1 до 4 од член 32 од Законот?
   3.Во колку случаи на досегашната практика на Народниот правобранител, тој се повикал на одредбите од член 33 од Законот за Народниот правобранител?
    4.Каков бил одзивот на органите во врска со активностите преземени согласно одредбите од член 33 од Законот?“.
Во врска со ова Барање, Народниот правобранител на Република Македонија до Транспаренси Интернешнл-Македонија доставил допис “Доставување информација“ заведен под број ИЈК бр.13/2 од 17.07.2012 година а во Здружението под број 0302/997 на 20.07.2012 година.
Во дописот се наведува дека бараните информации им се достапни на веб страната на Народниот правобранител, во делот годишни извештаи за работата на Народниот правобранител. Потоа во дописот се напоменува дека конкретните информации се однесуваат за секоја извештајна година посебно, при што Народниот правобранител не располага со информација, за како што наведува барателот, “бројот на случаи на примена на одредбите на член 32 и член 33 од Законот за народниот правобранител во досегашната пратика на своето работење“.
Незадоволно од добиениот одговор, Транспаренси Интернешнл-Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-191 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Народниот правобранител на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Народниот правобранител на Република Македонија на ова барање на Комисијата одговори со допис Произнесување по жалба ИЈК бр.13/5 од 03.09.2012 година, во Комисијата заведен под бр.07-191 на 04.09.2012 година. Имајќи ја предвид содржината на Жалбата смета дека истата е неоснована. Во прилог ги достави и другите списи во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Народниот правобранител, постапил спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во однос на формата во која одговорил на Барањето. Во врска со тоа Комисијата му укажува на следното.
Согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Во членот 26 став 2 зборовите `“барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи “Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Од тука произлегува дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Во врска со наводите во Жалбата дека “Народниот правобранител спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од една старна тврди дека информацијата се содржи во годишните извештаи, но од друга страна се изјаснува дека не располага со бараната информација“, Комисијата укажува на следното.
Во конкретниов случај Народниот правобранител постапил правилно (освен како што укажавме погоре бил должен да ја запази формата во која одговорил), затоа што му укажал на барателот дека не располага со бараната информација во форма во која ја бара. За да ги достави бараните информации во бараната форма Народниот правобранител морал да ги консултира сите досегашни Годишни извештаи и од секој извештај да ги сублимира податоците кои ги бара барателот. Тоа значи создавање на нова информација од веќе постојни информации. Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не забранува имателите на информации, врз основа на барање од барателот, да произведат нова информација со обработка на информации кои веќе ги има. Сепак, Законот не создава ваква обврска за имателите на информации.
Во него станува збор за информација “која ја создал и со која располага имателот на информациијата“, односно информација која веќе постои.    
 
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната  постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Адвокатското друштво К. и М. од Скопје, против Државна комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информација од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
                                                                                                              
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Адвокатското друштво К. и М. од Скопје, против Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање пристап до информација од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-350 од 24.08.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Д.К., адвокат од Адвокатското друштво К. и М. од Скопје, поднесена против Државна комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како предвремена.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници во Жалбата наведува дека со Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306871/1 од 09.07.2012 година, од Државната комисија за спречување на корупцијата, побарало да му достават “Фотокопија од Оценката за остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијат за 2007-2011 година.“ Имателот на информацијата на наведеното Барање не одговорил во законски предвидениот рок по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-350 од 29.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од три дена од денот на доставувањето на дописот Државната Комисија да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Државната комисија за спречување на корупцијата достави Одговор на Жалба бр.03-726/2 од 03-09.2012 година, а во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заведен под бр.07- 350 на 04.09.2012 година. Во прилог на Одговорот ги достави и списите во врска со предметот.
Од увидот во Жалбата и другите списи Комисијата го утврди следното.
Фотокопијата од доставницата на барателот доставена во прилог на Жалбата, не е доволен доказ за да се потврди дека имало молчење на имателот на информацијата, затоа што не може да се утврди кога имателот на информацијата го примил барањето (фотокопирана е само првата страна со податоци за барателот). Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со полномошникот на барателот и му укажа да достави доколку има дополнителен доказ во врска со доставувањето на барањето. Дополнителен доказ не е доставен.   
Барањето за пристап до информации од јавен карактер во Државната комисија за спречување на корупцијата е заведено на 31.08.2012 година под бр.03-726/1.
Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.”
Со оглед на тоа што од приемниот штембил на Комисијата за спречување на корупцијата може да се види дека рокот за одговор на Барањето не е поминат, Комисијата Жалбата ја отфрли како предвремена.
            Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
   
*  * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Форум-Центар за стратегиски истражувања и документација од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  20 септември 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Форум-Центар за стратегиски истражувања и документација од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер фотокопии или електронски записи од “Завршни сметки на Буџетот на Општина Карпош за 2008, 2009, 2010, 2011 година и усвоениот Буџет на Општина Карпош за 2012 година“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Општина Карпош на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-192  на 06.08.2012 година, изјавена од Форум-Центар за стратегиски истражувања и документација од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Карпош  на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Форум-Центар за стратегиски истражувања и документација од Скопје на 21.05.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.05/03 до Општина Карпош, а во Општината заведено под бр. 09-3506/1 на 21.05.2012 година и побарал по пошта да му бидат доставена фотокопии или електронски записи од следните  информации.
„Завршни сметки на Буџетот на Општина Карпош за 2008, 2009, 2010, 2011 година и усвоениот Буџет на Општина Карпош за 2012 година “.
Општина Карпош, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-192 од 22.08.2012 година ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Карпош одговори на барањето на Комисијата со допис бр.18-3506/5 од 31.08.2012 година, во Комисијата заведен под бр.07-192 на 31.08.2012 година.
Во одговорот меѓу другото, се наведува: „Воопшто не се точни наводите во жалбата, односно не е точно дека Општина Карпош не одговорила во законски предвидениот рок, на поднесеното Барање од ФОРУМ-ЦСИД од Скопје, како што е наведено во жалбата…..Општина Карпош, како имател на информацијата од јавен карактер, има благовремено одговорено во писмена форма на ден 28.05.2012 година, со допис под бр.18-3506/3….Поштата има доставено писмено известување до ФОРУМ-ЦСИД Скопје, за пристигната препорачана поштенска пратка RR 118174591 MK, на ден 31.05.2012 година, но од страна на ФОРУМ-ЦСИД од Скопје, никој не ја подигнал предметната поштенска пратка, во дадениот рок, по што поштата ја врати пратката до испраќачот, односно Општина Карпош. Доказ: фотокопија од поштанскиот плик…Сметаме дека е ненавремена, затоа што истата е изјавена послем протекот на повеќе од 3 (три) месеци, а рокот поради молчење на администрација изнесува 30 дена (на кој алудира и неосновано се повикува подносителот на жалбата)“.
Наводот во одговорот на Жалбата дека Жалбата е ненавремана, затоа што истата е изјавена после протекот на повеќе од 3 (три) месеци, а рокот поради молчење на администрација изнесува 30 дена, е неоснован поради следното. Во случај на молчење на администрација Законот за општата управна постапка не предвидува рок за поднесување на Жалба и таа не може да биде ненавремена, туку може да биде само предвремена. Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Жалбата може да биде предвремена кога е поднесена пред да истече рокот за доставување на одговор на барањето кој според наведениот Закон изнесува 30 односно 40 дена, или 10 дена во случај на поднесено дополнително барање, од денот на доставувањето на Барањето.
 Исто така, Комисијата на Општина Карпош и укажува дека согласно Законот за општата управна постапка (според кој се спроведува Жалбената постапка), органот од прв степен во случајов Општина Карпош требало да испита дали Жалбата е допуштена, навремена и изјавена од овластено лице. Ако утврди дека е недопуштена, ненавремена или поднесена од неовластено лице треба да донесе решение со кое ќе ја отфрли. Општина Карпош пропуштила да го направи наведеното.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Начинот на доставување на Одговорот на барањето на кој постапила Општина Карпош, е согласно Законот за општата управна постапка, а зошто барателот не го подигнал не е познато. Истото, Комисијата го утврди од фотокопијата на ковертот насловен на адреса на барателот. Тоа значи дека немало молчење на администрација и Комисијата имаше можност да ја отфрли Жалбата како неоснована.
Меѓутоа, поаѓајќи од начелото на економичност и итност на постапката и целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барателите да ги добијат бараните информации на брз и едноставен начин со помалку губење време и помалку трошоци Комисијата не ја отфрли Жалбата.
Пред да го донесе Решението констатира дека има доволно докази за правилно да ја утврди фактичката состојба и да донесе законито и правилно решение, со помалку трошоци за странките и за Комисијата.
Општина Карпош во прилог на Одговорот на Жалбата го достави и Одговорот на Барањето бр.18-3506/3 од 28.05.2012 година, насловен до барателот, во кој му укажува на барателот во кој Службен гласник на Општината може да ги најде бараните информации. Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот кој потврди дека не го добил Одговорот на барањето. Од наведените причини службеното лице го препрати Одговорот до барателот, кој по меил на 11.09.2012 година, ја извести Комисијата дека не е задоволен од Одговорот. Комисијата по разгледувањето на одговорот утврди дека Општина Карпош навремено одговорила на Барањето, но одговорот не е согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според наведениот Закон барателот има право да бара информација во форма на увид, препис, фотокопија, електронски запис и друго. Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поволно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување. Општина Карпош го упатува барателот информациите да ги побара на нивната веб страница, но нема никакво образложение зошто информациите не ги дава во бараната форма (фотокопија или електронски запис).    
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

                                                    З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Копија од кварталните извештаи за случаите на корупција-број на покренати истраги, обвиненија и пресуди, примени како обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012).“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

                                                 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-162 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-162 на 20.07.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија  на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„Копија од кварталните извештаи за случаите на корупција-број на покренати истраги, обвиненија и пресуди, примени како обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012).“
 Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-162 од 26.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-4747/5 од 03.08.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-162 на 06.08.2012 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека „Поради карактерот на бараната информација, Генералниот секретаријат…барањето на жалителот го препрати до Министерството за правда…“. Во прилог на Одговорот на Жалба е доставена фотокопија од Известување бр. 50-4747/4 од 01.08.2012 година, со кое барателот е известен дека неговото Барање е препратено до Министерството за правда. Исто така во прилог е доставена и фотокопија од Препраќањето на Барањето бр. 50-4747/3 од 01.08.2012 година.
Од доставените списи е видно дека  Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, наместо во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, како што е предвидено во член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Барањето го препратила 52 дена по неговиот прием.
Фондација Отворено општество-Македонија, на 06.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за правда и дека се задоволни од истиот.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, односно да ги препраќа истите во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

                                                 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Копија од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012)“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

                                             О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-163 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-163 на 20.07.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија  на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„ Копија од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 30.04.2012)“.
 Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-163 од 26.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-4746/5 од 03.08.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-163 на 06.08.2012 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека „Поради карактерот на бараната информација, Генералниот секретаријат…барањето на жалителот го препрати до Министерството за внатрешни работи…“. Во прилог на Одговорот на Жалба е доставена фотокопија од Известување бр. 50-4746/4 од 01.08.2012 година, со кое барателот е известен дека неговото Барање е препратено до Министерството за внатрешни работи. Исто така во прилог е доставена и фотокопија од Препраќањето на Барањето бр. 50-4746/3 од 01.08.2012 година.
Од доставените списи е видно дека  Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, наместо во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, како што е предвидено во член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Барањето го препратила 52 дена по неговиот прием.
Фондација Отворено општество-Македонија, на 06.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за внатрешни работи и дека се задоволни од истиот.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, односно да ги препраќа истите во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

                                                  З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Копија од Мислењето на Европската Комисија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 20.05.2012)“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

                                               О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-164 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-164 на 20.07.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија  на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„Копија од Мислењето на Европската Комисија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 20.05.2012)“.
 Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-164 од 26.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-4745/5 од 03.08.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-164 на 06.08.2012 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека „Поради карактерот на бараната информација, Генералниот секретаријат…барањето на жалителот го препрати до Министерството за внатрешни работи…“. Во прилог на Одговорот на Жалба е доставена фотокопија од Известување бр. 50-4745/4 од 01.08.2012 година, со кое барателот е известен дека неговото Барање е препратено до Министерството за внатрешни работи. Исто така во прилог е доставена и фотокопија од Препраќањето на Барањето бр. 50-4745/3 од 01.08.2012 година.
Од доставените списи е видно дека  Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, наместо во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, како што е предвидено во член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Барањето го препратила 52 дена по неговиот прием.
Фондација Отворено општество-Македонија, на 06.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за внатрешни работи и дека се задоволни од истиот.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, односно да ги препраќа истите во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

          * * * * *

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

                                                 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Копија од усвоената информација со упатства и заклучоци на Владата на РМ поврзано со анализа на посебните закони со кои се уредува материјата на концесии и јавно приватно партнерство, обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 01.05.2012)“, поради тоа што на барателот му е доставен одговор на Барањето.
 
                                             О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-165 на 20.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија  на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„Копија од усвоената информација со упатства и заклучоци на Владата на РМ поврзано со анализа на посебните закони со кои се уредува материјата на концесии и јавно приватно партнерство, обврска согласно “Патоказот” за реализација на приоритетните цели за 2012 усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 01.05.2012)“.
 Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-165 од 26.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 50-4744/5 од 03.08.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-165 на 06.08.2012 година. Во Одговорот на Жалба е наведено дека „Поради карактерот на бараната информација, Генералниот секретаријат…барањето на жалителот го препрати до Министерството за економија…“. Во прилог на Одговорот на Жалба е доставена фотокопија од Известување бр. 50-4744/4 од 01.08.2012 година, со кое барателот е известен дека неговото Барање е препратено до Министерството за економија. Исто така во прилог е доставена и фотокопија од Препраќањето на Барањето бр. 50-4744/3 од 01.08.2012 година.
На 14.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество-Македонија, по електронски пат, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање на 06.08.2012 година добиле Одговор од Владата на Република Македонија и истиот се однесува на „препраќање до друга институција“.
Од доставените списи е видно дека  Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, наместо во рок од три дена од денот на приемот на Барањето, како што е предвидено во член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Барањето го препратила 52 дена по неговиот прием.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, односно да ги препраќа истите во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Адвокатското друштво Бона Фиде од Скопје, против Основниот суд Скопје 1 Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Адвокатското друштво Бона Фиде од Скопје, против Основниот суд Скопје 1 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање на примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“, поради повлекување на истата.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-372 на 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошникот И.Ш., адвокат од Адвокатското друштво Бона Фиде од Скопје, против Основниот суд Скопје 1 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје на 11.07.2012 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-827/1 до Основниот суд Скопје 1 Скопје, примено на 12.07.2012 година и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање на примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?”
Основниот суд Скопје 1 Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-372 од 10.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Скопје 1 Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.09.2012 година, Македонското здружение на млади правници-Скопје, преку полномошникот И.Ш., адвокат од Адвокатското друштво Бона Фиде од Скопје до Комисијата достави допис за повлекување на жалбата.
Основниот суд Скопје 1 Скопје до Комисијата достави Одговор 03.Су.бр.3370/12 од 13.09.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-372 на 19.09.2012 година. Со Одговорот Судот ја извести Комисијата дека полномошникот на Македонското здружение на млади правници-Скопје, И.Ш., адвокат од Адвокатското друштво Бона Фиде од Скопје, по електронски пат ја повлекол Жалбата бр.07-372 од 04.09.2012 година.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, застапувано од Адвокатско друштво Д., преку адвокат В.Д. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, застапувано од Адвокатско друштво Д., преку адвокат В.Д. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странката да поднесе барање за добивање на примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-348 на 23.08.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, застапувано од Адвокатско друштво Д., преку адвокат В.Д. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје на 09.07.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-828/1 до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната  информација:
„Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странката да поднесе барање за добивање на примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?”
Основниот суд Скопје 2 Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-348 од 24.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основниот суд Скопје 2 Скопје во врска со ова барање достави Известување 03.Су.бр.2148/2012 од 04.09.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-348 на 10.09.2012 година. Во Известувањето наведува дека Барањето било примено во Судот на 18.07.2012 година, и по истото Судот постапил и одговорил во законски предвидениот рок со Известување 03.Су.бр.1943/2012 од 15.08.2012 година, адресирано до Македонското здружение на млади правници-Скопје.  
Адвокатско друштво Д. на 13.09.2012 година, по е-меил ја извести Комисијата дека Македонското здружение на млади правници-Скопје се задоволни од одговорот на Основниот суд Скопје 2 Скопје, и во прилог го достави дописот на Здружението насловен до Комисјиата дека се задоволни од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Основниот суд Скопје 2 Скопје постапил по Барањето, но со задоцнување. Видно од списите кои Основниот суд Скопје 2 Скопје ги достави до Комисијата во прилог на Известувањето, Барањето е примено во Судот на 13.07.2012 година, а потоа повторно заведено во Судот под 03.Су.бр.1943/2012 на 18.07.2012 година. На Барањето има еден штембил за потврда на прием на писменото во Судот на 13.07.2012 година и еден приемен штембил со датум 18.07.2012 година и организациона единица 03 Су. број 1943/2012.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, во рок и на начин предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

     * * * * *

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатското друштво Д. од Скопје, претставувано од В.Д., адвокат против Општина Шуто Оризари, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

                                            З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатското друштво Д. од Скопје, претставувано од В.Д., адвокат против Општина Шуто Оризари по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „На кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ од изборната единица на вашата општина им е обезбедена просторија за контакт со граѓаните и каде се наоѓа определената просторија“ поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-195 на 07.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Адвокатското друштво Д. од Скопје, претставувано од В.Д., адвокат против Општина Шуто Оризари , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-195 на 07.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија   на 10.07.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Шуто Оризари и побарала по пошта да и ја достават следната информација.
„На кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ од изборната единица на вашата општина им е обезбедена просторија за контакт со граѓаните и каде се наоѓа определената просторија“
Општина Шуто Оризари, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорила со допис бр.03-782/4 од 18.07.2012 година, а во Фондацијата заведен под бр. 11-610/4 на 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот допис, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-195 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Шуто Оризари и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Шуто Оризари, по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-782/5 од 29.08.2012 година. Во прилог на дописот достави допис со кој повторно одговара на Барањето заведен под бр.03-782/7 на 29.08.2012 година. Службеното лице кое постапува по предметот по факс го препрати одговорот до Фондацијата Отворено оштество-Македонија.   
Фондација Отворено општество-Македонија, на 13.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека се задоволни од Одговорот.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Општина Шуто Оризари постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

                                            З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали на оние припадници на МВР на кои им бил исплатен надомест за превоз (превозни трошоци) истиот им бил исплатен доколку предходно поднеле барање или изјава за исплата на ваков надомест односно исплаќање на истиот било условено со предходно поднесување на вакво барање или изјава и со приложување кон барањето или изјавата на патни сметки или фискални сметки за извршен превоз во временски период од 12.07.2012 г. до 31.12.2008 г.“, поради повлекување на истата.
 
                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-182 на 06.08.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што се наведува во Жалбата, М.М. на 13.06.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи и побарал по пошта да му достават препис од следната информација.
„Дали на оние припадници на МВР на кои им бил исплатен надомест за превоз (превозни трошоци) истиот им бил исплатендоколку предходно поднеле барање или изјава за исплата на ваков надомест односно исплаќање на истиот било условено со предходно поднесување на вакво барање или изјава и со приложување кон барањето или изјавата на патни сметки или фискални сметки за извршен превоз во временски период од 12.07.2012 г. до 31.12.2008 г.“,
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-182 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи во врска со ова барање достави Одговор на Жалба бр. 15.2-335 од 29.08.2012 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-182 на 04.09.2012 година. Во Одговорот на Жалбата е наведено дека Министерството одговорило на барањето на барателот. Во прилог достави фотокопија од одговорот.
М.М. со допис заведен во Комисијата под бр.07-182 на 04.09.2012 година, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добил Одговор од Министерството за внатрешни работи од кој е задоволен и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Министерството за внатрешни работи постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, односно да ги препраќа истите во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф. М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Фотокопија од Анализите за позитивните влијанија на пилот проектот Рана социјализација во 7 општини, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 24.04.2012)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-185 на 06.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф. М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-185 на 06.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија   поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 11-478/3 на 07.06.2012 година до Министерството за образование и наука и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„ Фотокопија од Анализите за позитивните влијанија на пилот проектот Рана социјализација во 7 општини, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 24.04.2012)“.
 Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-185 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука, по барањето на Комисијата достави по факс Одговор на барање бр. 03-2128/2 од 29.06.2012 година, кој  Одговор е насловен до Фондацијата Отворено општество-Македонија.
Фондација Отворено општество-Македонија, на 03.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за образование и наука и дека се задоволни од истиот.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

         * * * * *

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф. М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Фотокопија од програмата за воспитно – образовната работа во подготвителната година за јавните детски градинки, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 24.04.2012)“ поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-186 на 06.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-186 на 06.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија   поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 11-478/2 на 07.06.2012 година до Министерството за образование и наука и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„Фотокопија од програмата за воспитно – образовната работа во подготвителната година за јавните детски градинки, обврска согласно „Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година, усвоени на Пристапниот дијалог на високо ниво (со рок на реализација до 24.04.2012)“.
 Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-186 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука, по барањето на Комисијата достави по факс Одговор на барање бр. 03-2129/2 од 29.06.2012 година, кој  Одговор е насловен до Фондацијата Отворено општество-Македонија.
Фондација Отворено општество-Македонија, на 03.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за образование и наука и дека се задоволни од истиот.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

         * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво Д. од Скопје, против Општина Шуто Оризари, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво Д. од Скопје, против Општина Шуто Оризари, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ и колку средби одржале со граѓаните на вашата општина“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-194 на 07.08.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Адвокатското друштво Д. од Скопје, против Општина Шуто Оризари, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.    
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-194 на 07.08.2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија   поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 11-610/2 на 10.07.2012 година до Општина Шуто Оризари и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„Кои пратеници од сегашниот состав на Собранието на РМ и колку средби одржале со граѓаните на вашата општина“.
 Општина Шуто Оризари, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорила со допис бр.03-782/5 од 18.07.2012 година, а во Фондацијата заведен под бр. 11-610/3 на 27.07.2012 година.
Незадоволна од добиениот допис, Фондацијата Отворено општество – Македонија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-194 од 22.08.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Шуто Оризари и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Шуто Оризари, по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-782/6 од 29.08.2012 година. Во прилог на одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондација Отворено општество-Македонија, на 13.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Општина Шуто Оризари и дека се задоволни од истиот.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Општина Шуто Оризари постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
    
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот И.П., адвокат од Скопје, против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 20 септември 2012 година, го донесе следниот
                                           
 З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот И.П., адвокат од Скопје, против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-367 на 04.09.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот И. П., адвокат од Скопје, против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.   
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-367 на 04.09.2012 година, Македонското здружение на млади правници   поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0306-822/1 на 09.07.2012 година до Основен суд Охрид и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
„Дали веб страната на судот е функционална и дали се објавуваат одлуките во рок од два дена од нивното донесување. Дали постои можност странка да поднесе барање за добивање примерок од судската одлука и истата да му биде доставена по електронски пат во рок од 24 часа без надоместок. Дали функционира електронската достава и тонското снимање на рочиште согласно важечките одредби од ЗПП?“.
 Основен суд Охрид, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-367 од 06.09.2012 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Охрид и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основен суд Охрид, по барањето на Комисијата достави до Комисијата  Известување бр. 03-04/12-1 од 11.09.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-367 на 14.09.2012, во прилог на истото го достави Известувањето насловено до Македонското здружение на млади правници, заведено во Основен суд Охрид под Кој.бр.03-04/12 на 16.07.2012 година.
Во Известувањето на Жалбата освен другото е наведено дека „По добивањето на барањето за пристап до информации од јавен карактер, на ден 16.07.2012 година, одговорното лице постапило по истото и бараната информација ја доставило до барателот. Доказ: Известување КОЈ бр. 03-04/12 од 16.07.2012 година. Причината, зошто барателот на информацијата се уште ја немал примено информацијата лежи во тоа што Македонски пошти, заради неплатени финансиски обврски од страна на Основен суд Охрид, престанала со испорака на судски писмена. Затоа информацијата не можела да биде доставена. Во овој момент Македонски пошти повторно вршат достава на судската пошта, така да сметам дека барателот ја има примено информацијата. Напоменувам дека информацијата беше барано да биде доставена преку пошта.“.
Наведеното Известување од Основен суд Охрид, Комисијата на 14.09.2012 година, по меил го достави до Македонското здружение на млади правници.
Македонското здружение на млади правници на 14.09.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање до Основен суд Охрид се задоволни од Известувањето.
Врз основа на изложеното,  Комисијата утврди дека Основен суд Охрид постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата, во рокот  предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.