ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 9 ЗАКЛУЧОЦИ
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П од Велес, поднесена против Решението на Основен суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Решението на Основен суд Велес Су.бр.479/12-1 од 08.05.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, да му овозможи пристап до бараната информација “Од Ваша страна барам да ми се дозволи увид во предметот Ст.бр: 10/01, и останатите списи и предмети во врска со него, за правниот субјект МХК Злетово АД Велес во стечај“, СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на Основен суд Велес Су.бр.479/12-1 од 08.05.2012 година се ПОНИШТУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА Основен суд Велес на барателот да му овозможи увид на бараната информација: “Од Ваша страна барам да ми се дозволи увид во предметот Ст.бр: 10/01, и останатите списи и предмети во врска со него, за правниот субјект МХК Злетово АД Велес во стечај“ најдоцна до 15.08.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-130 на 16.05.2012 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Решението на Основен суд Велес Су.бр.479/12-1 од 08.05.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА УВАЖИ.
Оспореното Решение на Основниот суд Велес Су.бр.479/12-1 од 08.05.2012 година го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Основниот суд Велес на барателот да му овозможи увид до бараната информација: “Од Ваша страна барам да ми се дозволи увид во предметот Ст.бр: 10/01, и останатите списи и предмети во врска со него, за правниот субјект МХК Злетово АД Велес во стечај“ најдоцна до 15.08.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Б.П. од Велес на 23.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Велес, кое гласи “Од Ваша страна барам да ми се дозволи увид во предметот Ст.бр: 10/01, и останатите списи и предмети во врска со него, за правниот субјект МХК Злетово АД Велес во стечај“.
Во врска со ова Барање, Основниот суд Велес, донел Решение Су.бр.479/12-1 на 08.05.2012 година, со кое го одбива пристапот до бараната информација.
Незадоволен од донесеното Решение, Б.П. од Велес на 16.05.2012 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-130.
Комисијата со допис бр.07-130 од 22.05.2012 година ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основниот суд Велес не одговори на Барањето на Комисијата.
Во Образложението на оспореното Решение покрај другото се наведува „Во конкретниот случај, се работи за завршен предмет на кој се применувале одредбите од ЗПП, а подносителот на барањето не е странка во тој предмет…судот смета дека во ваков случај не може да дојде до примена на чл.16 ст.3 и ст.4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој се јавува како опш закон (lex generalis) наспрема Законот за парнична постапка кој се јавува како посебен закон (lex specialis) и кој со одредбата од чл.144 од ЗПП посебно го уредува прашањето за тоа кога на трето лице, кое не е странка во постапката може да му се дозволи увид во списите на предметот, независно што третото лице се повикува на право што произлегува од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактет“.
Комисијата смета дека наведеното образложение е неосновано од следните причини.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Основниот суд Велес при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е поднесено Барањето, туку се повикал на одредби од Законот за парнична постапка.
Комисијата на Основниот суд Велес му укажува дека на доставени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер треба да одговара исклучиво согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не според одредби од процесните закони со кои се уредени судските постапки.
Основниот суд Велес при донесувањето на Решението за одбивање на пристапот не се повикал на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis. Основниот суд Велес пред да го донесе Решението не постапил согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 4 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010) .
По исклучок од ставот 1 на овој член имателите на информации ќе одобрат пристап до информација, по задолжително спроведениот тест на штетност, со кој ќе се утврди дека со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Неспорно е дека Судот работи по погоре цитираните процесни закони, но тие треба да бидат дополнително образложение за одбивање на пристапот. Одбивањето на пристапот на барањата поднесени согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се врши само согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниов случај Комисијата укажува на следното.
Списите во врска со судските предмети треба да се третираат како сите останати информации и пристапот до истите може да биде одбиен само доколку потпаѓаат под некој од исклучоците од член 6 од горенаведениот Закон и по спроведувањето на тестот на штетност. Списите на судските предмети треба да имаат ист третман како и другите информации, а барањата за пристап до одредени списи треба да се разгледуваат посебно. Не може во начело да се каже дека списите се информации од јавен карактер или пак се исклучок од слободниот пристап, туку за тоа ќе се одлучува посебно за секое барање. Доколку судот утврди дека некоја информација од предметот претставува исклучок од слободниот пристап, пред да го одбие барањето должен е да го спроведе тестот на штетност.
Граѓаните имаат право на пристап до информации од јавен карактер. Ова право им е гарантирано со Уставот на Република Македонија, а операционализирано во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Транспарентноста, отчетноста и одговорноста на државните институции е од суштинско значење за едно демократско општество.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е на барателите на информации да им обезбеди брз, едноставен и по можност бесплатен пристап до информации од јавен карактер.
Непостапувањето согласно Законот за слободен пристап до информации претпоставува прекршок за кој во наведенит Закон се предвидени прекршочни одредби.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 250 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот Пји.бр.8/12од 01.03.2012 година на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот на Основниот суд Скопје 1- Скопје, Пји.бр.8/12од 01.03.2012 година СЕ ПОНИШТУВА.
Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-33 од 12.04.2012 година, СЕ ПОНИШТУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Скопје 1- Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација „Да ни се достави дозвола ИСТ бр.44/07 од 29.01.2007 година донесена од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје“, најдоцна до 15.08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, a во врска со членот 250 од Законот за општата управна постапка, по службена должност поведе повторување на постапката по Жалбата заведена во Комисијата под број 07-33 на 12.03.2012 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Основниот суд Скопје I -Скопје, и ЈА УВАЖИ.
Заклучокот на Основниот суд Скопје 1- Скопје, Пји.бр.8/12од 01.03.2012 година, го ПОНИШТИ. Исто така, го ПОНИШТИ Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-33 од 12.04.2012 година, и го ЗАДОЛЖИ Основниот суд Скопје 1- Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација „Да ни се достави дозвола ИСТ бр.44/07 од 29.01.2007 година донесена од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје“, најдоцна до 15.08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По повторувањето на постапката по Жалбата и разгледувањето на списите во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.У. од Скопје на 28.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје 1 Скопје и побарал по пошта да му достават фотокопија (со потврда дека е верна на оригиналот) од следната информација „Да ни се достави дозвола ИСТ бр. 44/07 од 29.01.2007 г. донесена од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје“.
Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со ова барање на 01.03.2012 година, донел Заклучок за прекинување на постапката Пји.бр.8/12. Во образложението на Заклучокот наведува дека не располага со бараната информација. Незадоволен од наведениот Заклучок, В.У. поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-33 на 12.03.2012 година.
Комисијата со допис бр. 07-33 од 21.03.20.12 година, ја препрати Жалбата и побара од Основниот суд Скопје 1 Скопје да се произнесе по истата во рок од три дена.
Во врска со ова Барање Основниот суд Скопје 1 Скопје, достави Одговор на Жалба Пји.бр.8/12 од 26.03.2012, а во Комисијата заведен под бр. 07-33 на 29.03.2012 година. Во прилог на Одговорот ги достави и списите во врска со предметот и фотокопија од оспорениот Заклучок. Во Одговорот Судот останува на тврдењето дека не располага со бараната информација и дека согласно законските и деловничките овластувања не одлучува под ознака “ИСТ“, ниту во кривични, ниту во граѓански, ниту во управни работи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата на седницата одржана на 12.04.2012 година, донесе Решение со кое Жалбата ја одби како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
В.У. во врска со наведениот предмет на 04.05.2012 година, до Комисијата достави Претставка заведена под бр. 03-2/1. Во Претставката покрај другото наведува „Информацијата која ја барав од имателот на информацијата постои и е создадена од истиот“. Како доказ за истото во прилог достави фотокопија од бараната информација-дозвола, на која стои ознака ИСТ.бр.44/07, нов доказ кој постоел во моментот на одлучувањето по Жалбата но не и бил познат на Комисијата.
По разгледувањето на Претставката и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека се исполнети условите за повторување на постапкат, поради следното.
Управната постапка по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесено од В.У. во случајов е завршена со Решение на Комисијата против кое нема редовно правно средство во управната постапка, односно тоа е конечно во управната постапка и против него не може да се поднесе жалба.
Основ за повторувањето на постапката е новиот доказ кој барателот на информацијата го достави до Комисијата, кој е битен за решавање на управната работа, односно за повторно постапување по Жалбата кој постоел во времето на водењето на постапката. Доколку Комисијата во поранешната постапка го имаше овој доказ истиот ќе беше основ за донесување на поинакво решение во постапката по Жалбата.
Поради горенаведеното Комисијата, согласно член 250 од Законот за општа управна постапка ја повтори постапката по Жалбата поднесена од В.У. и донесе Решение како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер 1.“Дали изводот од заверена деловна книга бр.03-622 од 28.07.2004 г. издаден од Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација е заведен во деловодната книга на ова правно лице“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, на барателот да му ја достави бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето, најдоцна до 15.08.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-142 на 19.06.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Јавното водостопанско претпријатие на М.М. од Кавадарци да му ја достави бараната информација најдоцна до .08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.М. од Кавадарци на 10.05.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, и побарал по пошта да му достават препис од следната информација.
1.“Дали изводот од заверена деловна книга бр.03-622 од 28.07.2004 г. издаден од Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација е заведен во деловодната книга на ова правно лице како и кој документ заедно со ова барање во прилог ви ги доставувам“.
Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-141 од 27.06.2012 година ја препрати Жалбата до Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци одговори на барањето на Комисијата со допис бр.01 од 03.07.2012 година, во Комисијата заведен под бр.07-141 на 16.07.2012 година.
Во одговорот покрај другото се наведува дека, на барателот веќе му е одговорено на Барањето со препорачана пратка и е известен дека деловодна книга во која што биле заверени изводите за сите предмети на ова правно лице постоела и токму заради тоа секој извод има свој деловоден број што може да се утврди и од изводите. Меѓутоа, сегашниот ликвидатор на ова правно лице кој е назначен во 2010 година, воопшто нема информации за деловодната книга во која се заверени изводите на секој од предметите, бидејќи истата не е зачувана, а доколку биде пронајдена на барателот ќе му биде доставена на увид.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорило во законски предвидениот рок и форма.
Во врска со одговорот доставен до барателот на информацијата по законски предвидениот рок Комисијата на Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, му укажува на следното.
Бараната информација (деловна книга), согласно Листата на архивската граѓа од трајна вредност, која е прилог на Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење, донесено од директорот на Државниот архив на Република Македонија е документ кој е од трајна вредност. Отука, Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци е должно да располага со деловната книга. Комисијата нема надлежност да навлегува во причините зошто Јавното претпријатие како што тврди во Одговорот на Жалбата фактички не располага со бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М од Кавадарци, поднесена против Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци,поднесена против Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер 1.“Дали изводот од заверена деловна книга бр.02-574 од 29.09.2004 г. издаден од Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација е заведен во деловодната книга на ова правно лице како и 2. Дали Решението за задолжување со воден надомест бр.222 од 05.05.1999 г. издадено од Јавното претпријатие “Тиквешко поле“ Кавадарци е заведено во деловодната книга на ова правно лице кои документи заедно со ова барање во прилог ви ги доставувам“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето, најдоцна до 15.08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-142 на 19.06.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Јавното водостопанско претпријатие на М.М. од Кавадарци да му ја достави бараната информација најдоцна до 15.08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, М.М. од Кавадарци на 10.05.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, и побарал по пошта да му достават препис од следната информација.
1.“Дали изводот од заверена деловна книга бр.02-574 од 29.09.2004 г. издаден од Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација е заведен во деловодната книга на ова правно лице како и
2. Дали Решението за задолжување со воден надомест бр.222 од 05.05.1999 г. издадено од Јавното претпријатие “Тиквешко поле“ Кавадарци е заведено во деловодната книга на ова правно лице кои документи заедно со ова барање во прилог ви ги доставувам“.
Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-142 од 28.06.2012 година ја препрати Жалбата до Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци одговори на барањето на Комисијата со допис бр.01 од 03.07.2012 година, во Комисијата заведен под бр.07-142 на 16.07.2012 година.
Во одговорот покрај другото се наведува дека, на барателот веќе му е одговорено на Барањето со препорачана пратка и е известен дека деловодна книга во која што биле заверени изводите за сите предмети на ова правно лице постоела и токму заради тоа секој извод има свој деловоден број што може да се утврди и од изводите. Меѓутоа, сегашниот ликвидатор на ова правно лице кој е назначен во 2010 година, воопшто нема информации за деловодната книга во која се заверени изводите на секој од предметите, бидејќи истата не е зачувана, а доколку биде пронајдена на барателот ќе му биде доставена на увид.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорило во законски предвидениот рок и форма.
Во врска со одговорот доставен до барателот на информацијата по законски предвидениот рок Комисијата на Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци, му укажува на следното.
Бараната информација (деловна книга), согласно Листата на архивската граѓа од трајна вредност, која е прилог на Упатството за начинот и техниката на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење, донесено од директорот на Државниот архив на Република Македонија е документ кој е од трајна вредност. Отука, Јавното водостопанско претпријатие “Тиквешко поле“ во ликвидација од Кавадарци е должно да располага со деловната книга. Комисијата нема надлежност да навлегува во причините зошто Јавното претпријатие како што тврди во Одговорот на Жалбата фактички не располага со бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена Здружението за колективно управување на сродните права на уметниците изведувачи од Република Македонија КОМИП-Скопје, застапувано од С.Д., поднесена против одговорот на Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за колективно управување на сродните права на уметниците изведувачи од Република Македонија КОМИП-Скопје, застапувано од С.Д., поднесена против одговорот на Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “2.Увид во списите од Барањето за издавање на Решение за давање дозвола за колективно управување доставено до насловниот орган согласно Законот за авторското и сродните права од Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците изведувачи “ММИ” Скопје.“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура, на барателот да му овозможи да изврши увид во документацијата наведена во точка 2 од Барањето, најдоцна до 15.08.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-143 на 05.07.2012 година, изјавена од Здружението за колективно управување на сродните права на уметниците изведувачи од Република Македонија КОМИП-Скопје, застапувано од С.Д., поднесена против одговорот на Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “2.Увид во списите од Барањето за издавање на Решение за давање дозвола за колективно управување доставено до насловниот орган согласно Законот за авторското и сродните права од Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците изведувачи “ММИ” Скопје.“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура, на барателот да му овозможи да изврши увид во документацијата наведена во точка 2 од Барањето, најдоцна до 15.08.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-143 на 05.07.2012 година, Здружението за колективно управување на сродните права на уметниците изведувачи од Република Македонија КОМИП-Скопје, застапувано од С.Д., на 25.05.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура и побарало по пошта да му достават фотокопија од:
1.“Решение за давање дозвола за колективно управување вклучително и образложението издадено врз основа на Законот за авторското и сродните права на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците изведувачи “ММИ” Скопје и
2. Увид во списите од Барањето за издавање на Решение за давање дозвола за колективно управување доставено до насловниот орган согласно за авторското и сродните права од Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците изведувачи “ММИ” Скопје.“
Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на 19.06.2012 година на Барателот му овозможил делумен увид во списите од предметот наведен во точка 2 од Барањето и за извршениот увид службеното лице на Министерството составило Записник.
На 03.07.2012 година, Министерството за култура со допис бр.Уп. I 51-49 од 27.06.2012 година, до барателот доставил фотокопија од информацијата наведена во точка 1 од Барањето, Решение за давање дозвола за колективно управување бр.54-5231/2 од 10.05.2012 година.
Незадоволен од доставениот Oдговор, поради како што се наведува во Жалбата, по однос на точката 2 од Барањето не е доставен Записник, известие или решение со образложение, Здружението за колективно управување на сродните права на уметниците изведувачи од Република Македонија КОМИП-Скопје, застапувано од С.Д. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-143 од 10.07.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура по факс достави до Комисијата Произнесување по Жалба У1 I 51-182 од 16.07.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-143 на 24.07.2012 година.
Во Произнесувањето се наведува дека, при постапување по предметното Барање, Министерството ги имало во предвид одредбите од Законот за авторското право и сродните права и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, особено одредбите од членот 6 став 1 точките 6 и 8, и ставовите 2 и 3 од истиот член. Министерството наведува дека документацијата за која е побаран увид е исклучок од слободниот пристап бидејќи содржи информации кои се однесуваат на комерцијални и економски интереси и информации кои ги загрозуваат правата од индустриска или интелектуална сопственост. Исто така Министерството наведува “По спроведениот тест на штетност е утврдено дека со објавувањето, доставувањето на увид на дел од бараната информација-документација… последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за култура не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Произнесувањето по Жалбата, Министерството за култура како причина за неовозможување на увид во целокупната документација по предметот Барање за издавање на Решение за давање дозвола за колективно управување од Организацијата “ММИ”, ги наведува одредбите од членот 6, притоа само ги цитира, без конкретно да ги наведе и да ги образложи кои се економските и комерцијалните интереси и кои се правата од индустриска или интелектуална соственост на кои се однесуваат информациите од документацијата. Министерството за култура наведува дека, документацијата за која е побаран увид претставува исклучок од слободниот пристап согласно членот 6, но не носи Решение за одбивање на Барањето.
Исто така Министерството наведува дека го спровеле тестот на штетност, но од погорецитираниот тест на штетност е извлечен погрешен заклучок. Според утврденото по спроведениот тест на штетност, всушност произлегува дека Министерството за култура треба да одобри пристап до бараната информација, односно во конкретниот случј да му овозможи на барателот да изврши увид во документацијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата му укажува на Министерството за култура дека е должно да му овозможи на барателот да изврши увид во целокупната документација врз основа на која Министерството донело Решение за давање дозвола за колективно управување на Организацијата за колективно управување на правата на произведувачите на фонограми и уметниците изведувачи “ММИ” Скопје. Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е обезбедување на јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и овозможување на физичките и правните лица да го остварат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Доколку Министерството за култура, во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.А. од Штип, поднесена против Министерството за финансии-Комисија за денационализација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Л.А. од Штип, поднесена против Министерството за финансии-Комисија за денационализација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Податоци и препис од донесеното Решение за денационализација на име М.Д.К. од Охрид на ул.Туристичка 12-3/4 сестра на нашата мајка.“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии-Комисија за денационализација, на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето, најдоцна до 15.08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-126 на 07.05.2012 година, изјавена од Л.А. од Штип, поднесена против Министерството за финансии-Комисија за денационализација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии-Комисија за денационализација на Л.А. од Штип да му ја достави бараната информација најдоцна до 15.08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Л.А. и Л.М. од Штип на 13.02.2012 година, поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државното правобранителство-Охрид, заведено под П.И.бр.09-1/12, и побарале да им ја достават следната информација.
“Податоци и препис од донесеното Решение за денационализација на име М.Д.К. од Охрид на ул.Туристичка 12-3/4 сестра на нашата мајка.“
Државното правобранителство-Охрид согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со допис ПИ.бр.09-1/12 од 13.02.2012 година го препратило Барањето до Министерството за финансии-Комисија за денационализација. За препраќање на Барањето, Државното правобранителство-Охрид го известило Л. А. со допис ПИ.бр.09-1/12 од 13.02.2012 година.
Министерството за финансии-Комисија за денационализација на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-126 од 21.05.2012 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии-Комисија за денационализација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии-Комисија за денационализација не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии-Комисија за денационализација не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорило во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Решението на Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Решението на Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок бр.21-655/2 од 18.05.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, да му овозможи пристап до бараната информација “Копија од издадено решение за платен данок, на основ донесен заклучок за предавање на недвижност во владение за стан бр.25, зграда 1, влез 1 на ул. “Разловечко востание бр.26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје “, СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок бр.21-655/2 од 18.05.2012 година се ПОНИШТУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок на барателот да му достави делумен пристап до бараната информација(анонимизирана-со бришење на личните податоци): “Копија од издадено решение за платен данок, на основ донесен заклучок за предавање на недвижност во владение за стан бр.25, зграда 1, влез 1 на ул. “Разловечко востание бр.26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје“ на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 15 август 2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-30 на 02.07.2012 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Решението на Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок бр.21-655/2 од 18.05.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА УВАЖИ.
Оспореното Решение на Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок бр.21-655/2 од 18.05.2012 година го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок на барателот да му достави делумен пристап до бараната информација(анонимизиран-со бришење на личните податоци): “Копија од издадено решение за платен данок, на основ донесен заклучок за предавање на недвижност во владение за стан бр.25, зграда 1, влез 1 на ул. “Разловечко востание бр.26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје“ на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 15 август 2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.П. од Скопје на 14.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок, со кое побарал да му овозможи пристап до бараната информација “Копија од издадено решение за платен данок, на основ донесен заклучок за предавање на недвижност во владение за стан бр.25, зграда 1, влез 1 на ул.“Разловечко востание бр.26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје“, заведено во Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за наплата на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок под бр.21-654/1.
Во врска со ова Барање, Град Скопје-Сектор за финансиски прашања, доставил Одговор до барателот заведен под бр.10-655/1 на 16.02.2012 година.
Незадоволен од добиениот одговор, З.П. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-30 од 28.02.2012 година.
Постапувајќи по Жалбата, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 12 април донесе Решение со кое Жалбата на жалителот се уважува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Постапувајќи по Решението на Комисијата, Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок на ден 18.09.2012 година донесе Решение бр.21-655/2 за одбивање на Барањето во целост.
Незадоволен од донесеното Решение, барателот на 02.07.2012 година поднесе Жалба до Комисијата заведена под бр.07-30.
Комисијата со допис бр.07-30 од 03.07.2012 година ја препрати Жалбата до Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Град Скопје-Сектор за финансиски прашања, Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок не достави Одговор до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Град Скопје-Сектор за финансиски прашања- Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Образложението Решението за одбивање на Барањето е наведено“..Имено согласно со член 6 став 1од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:2) личен податок чие откривање би значело повреда на заштита на личните податоци,4) информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка“
И покрај укажувањата на Комисијата Град Скопје-Сектор за финансиски прашања- Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имателот повторно не го спровел тестот на штетност односно не постапил согласно член 6 став 3 од наведениот закон. Тестот на штетност е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата пред да го одбие пристапот согласно со член 6 од овој закон, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата.
Исто така, и покрај укажувањата на Комисијата имателот не постапил согласно член 7 односно не утврдил дали документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација. Комисијата смета дека имателот треба да постапи согласно наведениот член и да ги избрише личните податоци наведени во бараното Решение и да му достави анонимизирана информација односно да наведе дали, кога и колку е платен данок за станот наведен во Барањето на барателот.
Непостапувањето согласно Законот за слободен пристап до информации претрставува прекршок за кој во наведенит Закон се предвидени прекршочни одредби.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Скопје 2 Скопје на барателот да му овозможи увид во бараната информација „Увид во предметот 6П1-3238 од Основен суд Скопје 2 Скопје и да ми се издаде фотокопија на наредба од 20.07.2010 година под број на листа 00000130“, најдоцна до 15.08.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 07-124 на 07.05.2012 година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Основен суд Скопје 2 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Основен суд Скопје 2 Скопје на Б.П. од Велес да му овозможи увид во бараната информација најдоцна до 15.08.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. од Велес на 26.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје 2 Скопје, и побарал по пошта да му овозможат увид во следната информација.
„Увид во предметот 6П1-3238 од Основен суд Скопје 2 Скопје и да ми се издаде фотокопија на наредба од 20.07.2010 година под број на листа 00000130“.
Основниот суд Скопје 2 Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-124 од 14.05.2012 година ја препрати Жалбата до Основниот суд Скопје 2 Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Основниот суд Скопје 2 Скопје ја извести Комисијата со допис 03 Су.бр.1341/2012 од 04.06.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-124 на 14.06.2012 година.
Во дописот покрај другото се наведува дека, „По извршено пребарување во судскиот уписник за евидентирање на поднесени барања за пристап до информации од јавен карактер, утврдивме дека не е евидентирано барање за пристап до информација од јавен карактер (увид во предмет 6.П1.бр.3238 и издавање фотокопија на наредба од 20.07.2007 година) поднесено од лицето Б.П. од Велес на ден 22.03.2012 година како што е наведено во првиот параграф од предметната жалба, ниту пак дека е поднесено вакво барање на ден 26.03.2012 година како што е наведено во жалбата во делот на доставените прилози“.
Исто така, Основен суд Скопје 2 Скопје ја извести Комисијата дека поради горенаведените причини не е во можност да одговори на барањето.
Спротивно на наведеното тврдење е доказот со кој располага Комисијата, а тоа е фотокопија од барање, поднесено од Б.П., насловено до Основен суд Скопје 2 Скопје, на која има штембил дека Барањето е примено во судот на 28.03.2012 година.
И покрај наведениот доказ службеното лице кое постапува по предметот по факс го достави Барањето до Основен суд Скопје 2 Скопје но Судот не постапи по истото.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Основен суд Скопје 2 Скопје на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок и форма.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Имињата на членовите на (новоформираното) национално координативно тело за имплементација на Националната стратегија за стари лица“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-146 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 07.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за Труд и социјална политика и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Имињата на членовите на (новоформираното) национално координативно тело за имплементација на Националната стратегија за стари лица “.
Министерството за труд и социјална политика, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-146 од 10.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.14-3192/85 од 16.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-146 на 18.07.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето на 10.07.2012 година.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 23 јули по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за труд и социјална политика на 12.07.2012 година, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Со кои институции Министерството за труд и социјална политика има потпишано Меморандуми за соработка во текот на 2011 година и фотокопија од тие Меморандуми“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-151 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 02.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Со кои институции Министерството за труд и социјална политика има потпишано Меморандуми за соработка во текот на 2011 година и фотокопија од тие Меморандуми“.
Министерството за труд и социјална политика, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-151 од 10.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.14-3192/86 од 16.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-151 на 18.07.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето на 09.07.2012 година.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 23 јули по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за труд и социјална политика на 10.07.2012 година, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ja добил бараната информација.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 233 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Оперативен план 2011 и 2012 година за имплементација на националната стратегија за стари лица“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-145 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 07.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Оперативен план за 2011 и 2012 година за имплементација на националната стратегија за стари лица“.
Министерството за труд и социјална политика, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-145 од 10.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 14-3192/84 од 16.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-145 на 18.07.2012 година, со кој во прилог ја достави бараната информација.
После овој Одговор службеното лице кое постапува по предметот телефонски разговараше со Фондацијата Отворено општество – Македонија и го извести за доставениот Одговор до Комисијата.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 23 јули по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за труд и социјална политика на 12.07.2012 година, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 233 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Вкупен број на пензионери кои во 2011 година биле опфатени со проектот „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија““,поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-150 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 02.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Вкупен број на пензионери кои во 2011 година биле опфатени со проектот „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија““.
Министерството за труд и социјална политика, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-150 од 10.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика до Комисијата место Одговор на Жалба достави Одговор на Барањето бр. 14-3192/77 од 16.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-150 на 18.07.2012 година. Во врска со ова Комисијата му укажува на Министерството дека одговорите на барањето се доставуваат до барателот, а не до Комисијата.
Службеното лице кое постапува по предметот на 23 јули по факс го достави Одговорот до Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Фондација Отворено општество – Македонија, истиот ден по меил, ја извести Комисијата дека е задоволна од одговорот на Министерството.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Вкупен број на претставки пристигнати во Комисијата во текот на 2011 година по области.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-148 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 10.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за заштита од дискриминација и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Вкупен број на претставки пристигнати во Комисијата во текот на 2011 година по области.“
Комисијата за заштита од дискриминација, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-148 од 10.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за заштита од дискриминација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за заштита од дискриминација на 26.07.2012 година, до Комисијата достави Одговор по Жалба бр.03-428/4 од 26.07.2012 година, во прилог на кој го достави Одговорот по Барањето, насловено до Фондацијата Отворено општество – Македонија, заведено под бр.03-428/3 од 26.07.2012 година.
Во интерес на начелото на ефикасност и економичност на постапката, службеното лице од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, кое постапува по предметот, по факс го испрати Одговорот по Барањето до Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 27.07.2012 година, по меил, ја извести Комисијата дека го добиле Одговорот по Барањето по факс, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, и со посредство на Комисијата, барателот ja добил бараната информација.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 jули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Вкупен број на решени претставки во 2011 година по области “, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-147 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Комисијата за заштита од дискриминација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 02.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комисијата за заштита од дискриминација и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Вкупен број на решени претставки во 2011 година по области “.
Комисијата за заштита од дискриминација, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-147 од 10.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за заштита од дискриминација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за заштита од дискриминација на 26.07.2012 година достави Одговор по Жалба заведен под број 03-429/4 а во Комисијата под број 07-147 на 26.07.2012 година со кој ја известува дека доставиле Одговор по барањето до барателот.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 27 јули по меил, ја извести Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Комисијата за заштита од дискриминација од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Решението на Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Решението на Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија бр.07-4974/2 од 19.06.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од мислење по Предлог законот за администрацијата во кој се инкорпорирани коментарите на Европската Комисија, обврска согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година усвоени на пристапниот дијалог на високо ниво(со рок на реализација до 15.05.2012 година) “, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-157 на 13.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Решението на Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија бр.07-4974/2 од 19.06.2012 година по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 07.06.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Копија од мислење по Предлог законот за администрацијата во кој се инкорпорирани коментарите на Европската Комисија, обврска согласно “Патоказот“ за реализација на приоритетните цели за 2012 година усвоени на пристапниот дијалог на високо ниво(со рок на реализација до 15.05.2012 година “.
Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија,во врска со ова Барање на 19.06.2012 година донел Решение за одбивање на пристапот заведено под бр. 07-4974/2.
Незадоволен од донесеното Решение, барателот поднесе поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-157 од 16.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.07-6241/2 од 26.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-157 на 27.07.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето на 26.07.2012 година.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 27 јули по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Македонија, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот ja добил бараната информација.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Мислење од Секретаријатот за законодавство и РИА(проценка на влијанието на регулативата) на Законот за минимална плата објавен во “Службен весник на Република Македонија бр.11/2012“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-152 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.Б., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 02.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.11-360/23 до Министерството за Труд и социјална политика и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Мислење од Секретаријатот за законодавство и РИА(проценка на влијанието на регулативата) на Законот за минимална плата објавен во “Службен весник на Република Македонија бр.11/2012 “.
Министерството за труд и социјална политика, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-152 од 11.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.14-3192/90 од 20.07.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-152 на 23.07.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека на барателот му доставило Одговор на Барањето.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 27 јули по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање добиле Одговор од Министерството за труд и социјална политика, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 30 јули 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010-2020“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-144 на 09.07.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 02.05.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010-2020 “.
Министерството за труд и социјална политика, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-144 од 10.07.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не достави Одговор на Жалба до Комисијата.
Фондација Отворено општество – Македонија, на 27 јули по меил, ја извести Комисијата дека во врска со поднесеното Барање бр.11-360/6 добиле Одговор од Министерството за труд и социјална политика од кој се задоволни.