ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 26 седница одржана на 12 јули 2012 година, донесе 4 решенија и 2  заклучока.

 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 јули 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против АДГ Маврово Скопје – во стечај стечаен управител В.Д., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., на З.П. да му ја достави бараната информација “Копија од извештајот за економско-финансиското работење на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје-во стечај, изготвен од стечајниот управител В.Д., за предмет I СТ бр. 252/09 и 261/09.“, најдоцна до 03.08.2012 година на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-106 на 23.04.2012 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., на З.П. да му ја достави бараната информација најдоцна до 03.08.2012 година на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.П. од Скопје на 06.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., со кое побарал да му биде доставено по пошта копија од следната информација “Копија од извештајот за економско-финансиското работење на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје-во стечај, изготвен од стечајниот управител В.Д., за предмет I СТ бр. 252/09 и 261/09 .“
АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-106 од 25.04.2012 година, ја препрати Жалбата до АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., достави Произнесување по жалба, заведено во Комисијата под бр.07-106 на 25.05.2012 година со кој ја известува Комисијата дека подносителот „З.П. не е доверител во стечајната постапка. Во одредбите од законот за стечај регулиран е начинот на кој доверител има непречен пристап до наведената информација …. Не може лицето да ја користи Комисијата и за добивање на информации кои судски му се доставуваат од страна на судот а не ги прима и истите ги бара преку Комисијата … Извештајот кој го побарува лицето се однесува на определ број на странки и истите имаат пристап во стечајното досие кој и за таа намена и се формира.“
На 30.05.2012 година З.П. достави до Комисијата Надополнување на жалба, заведено во Комисијата под бр. 07-106 од 30.05.2012 година, со кое побара од Комисијата да превземе конкретни мерки во рамките на своите надлежности и да ја добие бараната информација во форма и на начин наведено во барањето. Меѓу другото З.П. наведува дека „Во барањето и жалбата наведувам дека сум доверител во стечајната постапка за што Ви доставувам копија од записник од одржано собрание на доверители на стечајниот должник на ден 24.02.2011 година“. Во прилог на Надополнувањето на Жалбата до Комисијата е доставен и Записникот бр I.СТ.бр. 252/09 и 251/09, од 24.02.2011 година.
Комисијата со допис бр.07-106 од 08.06.2012 година, го препрати Надополнувањето на жалбата до АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот. Стечајниот управител не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, АДГ Маврово Скопје – во стечај, стечаен управител В.Д., не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорила во законски предвидениот рок и форма. Место на Барањето да одговори во рок и форма предвидени во ЗСПИЈК, стечајниот управител во произнесувањето на Жалбата, одговара зашто не овозможил пристап до бараната информација.
Во произнесувањето на Жалбата се повикува на Законот за стечај, во кој е регулиран начинот на кој доверител има непречен пристап до наведената информација и истиот треба да ги почитува одредбите од тој Закон. Потоа наведува дека не може лицето да ја користи Комисијата за добивање на информации кои судски му се доставуваат од страна на судот, а не ги прима и истите ги бара преку Комисијата.
Во врска со ова Комисијата укажува на следното:
Право на барателот на информацијата од јавен карактер е да избере дали истата ќе ја бара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, или согласно Законот за стечај.
Барањето за пристап до информации од јавен карактер може да се одбие само согласно член 6 од ЗСПИЈК, за што имателот е должен
да донесе Решение, по претходно спроведен тест на штетност.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.Ј., А.Ј., С.Ј., С.П., З.П. и Е.А., поднесена преку полномошникот Н.А. од Скопје, против Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барања за денационализација со седиште во Општина Карпош, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 јули 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од З.Ј., А.Ј., С.Ј., С.П., З.П. и Е.А., поднесена преку полномошникот Н.А. од Скопје, против Одговорот на Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барања за денационализација со седиште во Општина Карпош, СЕ ОТФРЛА.
                          
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-139 од 15.06.2012 година, изјавена од З.Ј., А.Ј., С.Ј., С.П., З.П. и Е.А., поднесена преку полномошникот Н.А. од Скопје, против Одговорот на Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барања за денационализација со седиште во Општина Карпош и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.  
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното.
З.Ј., А.Ј., С.Ј., С.П., З.П. и Е.А., преку полномошникот Н.А. од Скопје поднеле писмено барање до Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барања за денационализација со седиште во Општина Карпош, но во истото не се повикале на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Министерството во врска со ова Барање, доставило Одговор на барање Дн.број 1324/05 од 13.06.2012 година,  против кое барателите поднесоа Жалба до Комисијата.    
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата констатира дека, во преписката меѓу барателот и Министерството за финансии – Комисија за одлучување по барања за денационализација со седиште во Општина Карпош, не се споменува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација.“
Во конкретниов случај Барањето и постапката по истото не се согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од тие причини и жалбената постапка не може да се спроведе согласно наведениот Закон.
       Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 јули 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-94 на 02.04.2012 година, изјавена од Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП, како што е наведено во Жалбата, потпишана од М.Р., поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија – Заменик Претседател задолжен за економски прашања со „број на приемен штембил Влада на Р.М. 09.02.2012 орг. Единица 12 број 08“. Фотокопија од наведеното Барање не е доставена до Комисијата.
Како што е наведено во Жалбата, „соработникот за економски политики од Секторот за економски политики и регулаторна реформа…“ на барателот во телефонски контакт му одговорил дека „…по Барањето е постапено и по неколку дена ќе добиеме одговор на истото. Откога и после тој одговор не ни беше доставен, повторно го контактиравме надлежниот орган и бевме информирани дека тие немаат информација во која фаза се наоѓа Барањето. Се до денес, 50 дена по поднесување на Барањето, ЦИКП нема добиено никаков одговор на Барањето…“.
Комисијата со допис бр.07-94 од 05.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат на барањето на Комисијата одговори со Известување бр. 50-2479/4 од 21.05.2012 година, заведено во Комисијата на 28.05.2012 година под бр. 07-94. Во прилог на Известувањето се доставени фотокопија од поднесено Барање од Центар за истражување и креирање политики – ЦИКП, фотокопија од Известување (одговор по Барањето) до Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП и фотокопии од поштенска доставница на препорачана пратка и од вратена препорачана поштенска пратка.  
Од приложените списи е видно дека Барање за пристап до информации од јавен карактер од Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП во Владата на Република Македонија е заведено на 29.03.2012 година под бр.50-2479/1. Со ова Барање, Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП побарал фотокопии или електронски записи од следните информации:
„1. Кои се антикризните мерки кои ги усвои Владата? (Би сакале да ги добиеме антикризните мерки и нивното образложение); 2. Дали при развојот на антикризните мерки беа вклучени заинтересираните странки, социјалните партнери (работодавачите и синдикатите)?; 3. Доколку истите биле вклучени, кој беше нивниот статус (консултантски, вклучени преку ЕНЕР…)? И кој беше нивниот придонес при развојот на антикризните мерки? И 4. Постои ли студија, извештај, анализа кој го оценува влијанието на антикризните мерки врз индустријата во Македонија? (Доколку постои можете ли да ни ја испратите или посочите истата?)“.
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат на ова Барање одговорил со Известување бр. 50-2479/2 од 29.03.2012 година. Известувањето на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП му било доставено со поштенска препорачана пратка на адресата посочена во Барањето на 29.03.2012 година. Барателот не ја подигнал поштенската пратка и таа била вратена во Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат со поштенски печат со назнака „не побарал“ на 03.04.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одговорила на Барањето на барателот во рокот предвиден во Законот.
Исто така, Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат постапила согласно член 85 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/05 и 110/08) извршила уредна поштенска достава на одговорот до барателот. Според ставот 2 од наведената законска одредба „Доколку поштата не успее да го реализира доставувањето на писменото, на вратата на станот или седиштето на лицето кое треба да се достави писменото се остава известување за тоа каде се наоѓа писменото и с
е остава рок од седум дена да го изврши приемот“. Согласно член 85 став 4 „доколку странката … не изврши прием на писменото…органот ќе констатира дека доставата е уредно извршена“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈЗУ Општа болница Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 јули 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈЗУ Општа болница Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку лица починале од карцином на територијата на Локалната самоуправа „Општина Кавадарци“ Кавадарци во временскиот период од 01.01.2001 г. до 31.03.2012 г.“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Болницата  на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето, најдоцна до 03.08.2012 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-138 на 04.06.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈЗУ Општа болница Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Болницата на М.М. од Кавадарци  да му ја достави бараната информација најдоцна до 03.08.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.М. од Кавадарци на 12.04.2012  година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Општа болница Велес и побарал да му ја достават следната информација.
„Колку лица починале од карцином на територијата на Локалната самоуправа „Општина Кавадарци“ Кавадарци во временскиот период од 01.01.2001 г. до 31.03.2012 г.“
ЈЗУ Општа болница Велес на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-138 од 06.06.2012 година ја препрати Жалбата до ЈЗУ Општа болница Велес и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
 ЈЗУ Општа болница Велес не одговори на  дописот на Комисијата
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека ЈЗУ Општа болница Велес не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорила во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 јули 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “На колку земјоделци им се доделени субвенции во 2009, 2010 и 2011 година, во секој месец поединечно, на кои земјоделци (име и презиме) и кој износ го добиле – за секој поединечно“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-117 на 30.04.2012 година, изјавена од М.Ј. од Скопје  поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата М.Ј. од Скопје, на 12.04.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заведено под број 27-972/2  и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“На колку земјоделци им се доделени субвенции во 2009, 2010 и 2011 година, во секој месец поединечно, на кои земјоделци (име и презиме) и кој износ го добиле – за секој поединечно “.    
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во врска со ова барање и одговорила на М.Ј. со допис бр.27-972/2 од 12.04.2012 година.
Незадоволна од наведениот Одговор, М.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-117 од 07.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 27-972/5 од 21.05.2012 година,  а во Комисијата заведен под бр.07-117 од 28.05.2012 година. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.  Агенцијата со Одговорот ја извести Комисијата дека на барателот му доставила податоци за вкупниот број исплатени корисници по години за 2009 и 2010 година, како и вкупниот исплатен износ за овие години. По однос на бараниот податок за 2011 година, барателот бил известен дека исплатата по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 е во тек и во дадениот момент Агенцијата нема финален податок околу крајниот број на корисници и вкупниот износ кој ќе биде исплатен.
М.Ј. на 05.07.2012 година, по меил ја извести Комисијата дека е задоволна од одговорот и ја повлекува Жалбата.
 Комисијата утврди дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој постапила по Барањето и барателот ја добил бараната информација.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 со седиште во Скопје, поднесена против Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 јули 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 со седиште во Скопје, поднесена против Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Листа на општински инспектори за животна средина по општини и листа на определени одговорни лица за животна средина по општини“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-128 на 10.05.2012 година, изјавена од изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42, поднесена против Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.  
Како што е наведено во Жалбата Граѓанското здружение Фронт 21/42, на 06.02.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС и побарало во печатена или електронска форма да му ги достават следните информации.
“Листа на општински инспектори за животна средина по општини и листа на определени одговорни лица за животна средина по општини“.
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-128 од 14.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 0204-717/2 од 28.05.2012 година,  а во Комисијата заведен под бр.07-128 на 29.05.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека не располага со бараната информација.
После овој Одговор службеното лице кое постапува по предметот телефонски разговараше со службеното лице во ЗЕЛС и му укажа на формата во која треба да одговори на Барањето.
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, на 9 јули по меил со допис бр.0204-153/4 од 9 јули 2012 година, ја извести Комисијата дека на 18.06.2012 година, со препорачана пратка преку пошта до барателот на информациите доставила Заклучок за прекинување на постапката. Во прилог на Известувањето ЗЕЛС достави фотокопија од наведениот Заклучок, фотокопија од Известувањето насловено до барателот и фотокопија од доставна книга.
Барателот на информациите на 10 јули по меил ја извести Комисијата дека го добил наведениот Заклучок за прекинување на постапката и дека ја повлекува Жалбата.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека имателот постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.