ДОНЕСЕНИ 13 РЕШЕНИЈА И 12 ЗАКЛУЧОЦИ
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, преку Д.А., координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, преку Д.А., координатор на про грамата за мониторинг и анализа на буџети, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер
“1.Вкупен број на лица вработени во Секторот за еднакви можности/претходни организациони единици кои работеле на оваа проблематика во периодот 2007, 2008,2009, 2010 и 2011 година;
2.Вкупно средства примени од странска помош за реализирање на активности кои се однесуваат на еднакви можности на мажите и жените за 2007 и 2008 година;
3.Вкупно средства планирани и потрошени за активности за еднакви можности на жените и мажите за 2007,2008,2009,2010 и 2011, по години;
4.Дали и колкав број на обуки се спроведени за адвокати и судии во врска со Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените и користење на можностите што ги нуди нејзиниот Факултативен протокол во периодот 2007,2008,2009,2010 и 2011 година;
5.Дали и кои активности за зголемување на видливоста на националната родова машинерија се преземени во периодот 2007,2008,2009, 2010 и 2011 година;
6.Дали и кои активности ги има преземено Министерството во насока на елиминирање на широко распространетите стереотипни улоги на мажите и жените, особено во руралните области во периодот 2007, 2008,2009,2010 и 2011 година и
7.Дали и кои активности ги има преземено Министерството во насока на охрабрување на медиумите и сензитивизирање на печатените медиуми за објавување на нестереотипни и позитивни слики на жени во периодот 2007,2008,2009,2010 и 2011година“, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството, на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето, најдоцна до 06.07.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-132 на 22.05.2012 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, поднесена преку Д.А., координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, да му ја достави бараната информација најдоцна до 6 јули 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, на 02.04.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, со кое побарало да му ја достават следната информација. “1.Вкупен број на лица вработени во Секторот за еднакви можности/претходни организациони единици кои работеле на оваа проблематика во периодот 2007, 2008,2009, 2010 и 2011 година;
2.Вкупно средства примени од странска помош за реализирање на активности кои се однесуваат на еднакви можности на мажите и жените за 2007 и 2008 година;
3.Вкупно средства планирани и потрошени за активности за еднакви можности на жените и мажите за 2007,2008,2009,2010 и 2011, по години;
4.Дали и колкав број на обуки се спроведени за адвокати и судии во врска со Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените и користење на можностите што ги нуди нејзиниот Факултативен протокол во периодот 2007,2008,2009,2010 и 2011 година;
5.Дали и кои активности за зголемување на видливоста на националната родова машинерија се преземени во периодот 2007,2008,2009, 2010 и 2011 година;
6.Дали и кои активности ги има преземено Министерството во насока на елиминирање на широко распространетите стереотипни улоги на мажите и жените, особено во руралните обласи во периодот 2007, 2008,2009,2010 и 2011 година и
7.Дали и кои активности ги има преземено Министерството во насока на охрабрување на медиумите и сензитивизирање на печатените медиуми за објавување на нестереотипни и позитивни слики на жени во периодот 2007,2008,2009,2010 и 2011година“.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-132 од 25.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на дописот на Комисијата
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорило во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Еколошката групација Грин Пауер од Велес, поднесена против Основниот суд- Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Еколошката групација Грин Пауер од Велес, поднесена против Основниот суд-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер да му овозможи пристап до бараната информација “Купопродажен договор на стечајниот должник МХК “Злетово“ (Топилница)-Велес склучен со компанијата Метрудхем“ во стечајна постапка која се водеше пред Основниот суд Велес: Ст.бр.10/01“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-96 на 05.04.2012 година, изјавена од Еколошката групација Грин Пауер од Велес, поднесена против Основниот суд во Велес, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Еколошката групација Грин Пауер од Велес, како што наведува во Жалбата на 21 февруари 2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд во Велес со кое побарала од Основниот суд во Велес да и овозможи пристап до бараната информација “Купопродажен договор на стечајниот должник МХК “Злетово“ (Топилница)-Велес склучен со компанијата Метрудхем“ во стечајна постапка која се водеше пред Основниот суд Велес: Ст.бр.10/01 “, со приемен печат на Судот од 21 февруари 2012 година.
Основниот суд во Велес, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, поради што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-96 од 10.04.2012 година ја препрати Жалбата до Основниот суд во Велес и побара во рок од 3 дена Судот да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Еколошката групација Грин Пауер од Велес, на 12.04.2012 година до Комисијата достави Дополнување на Жалбата заведено под број 07-96.
Во дополнувањето на Жалбата Еколошката групација Грин Пауер од Велес, наведува дека на 02.04.2012 година од страна на Судот во Велес и било доставено допис за препраќање на барање, во кое наведува дека имател на бараната информација е стечајниот управник на МХК Злетово АД Велес во стечај Р.К.. Во дополнувањето барателот наведува: “Сега правниот субјект МХК Злетово АД Велес во стечај има други правни следбеници односно сопственици (Метрудхем) по извршената продажба на правниот субјект МХК Злетово АД Велес во стечај (при претходно распишан конкурс од страна на Основниот суд Велес), што значи дека стечајниот управник Р.К. не е веќе стечаен управник, така што како имател на бараната информација од јавен карактер е Основниот суд Велес.“
Во врска со Барањето на Комисијата за произнесување по Жалбата, Основниот суд во Велес достави Произнесување по жалба и списи заведени под бр.Су.350/12/4 од 19.04.2012 година, а во Комисијата под бр.07-96 на 30.04.2012 година.
Во произнесувањето Судот наведува“….Ве известувам дека до службеното лице кое посредува со информации од јавен карактер, до ден 27.03.2012 година не беше доставено барање од овој подносител….барателот на информацијата, известувањето(од Судот во Велес) го примил на 02.04.2012 година, од што произлегува дека при поднесувањето на жалбата до Вас бр.07-96 од 05.04.2012 година барателот го примил известувањето….“. Понатаму Судот повикувајќи се на Архуската конвенција наведува дека поимот “јавна власт“ не ги вклучува телата или институциите што функционираат во судско или законодавно својство. Со оглед на наведеното “….Основниот суд Велес, оцени дека во овој случај, Судот како дел од судската власт не може да се смета за имател на информација на договорот за купопродажба склучен меѓу МХК Злетово во стечај и Метрудхем, особено што создавач на оваа информација и имател кој располага со неа се договорните страни, но иматели кои располагаат со оваа информација се и други јавни правни лица, како што се Агенцијата за катастар на недвижности, ЕЛС Општина Велес, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Нотарот пред кој бил склучен договорот, а кои се опфатени со дефиницијата “јавна власт“ и имаат обврска согласно одредбите од Архуската конвенција, на заинтересираните субјекти да им овозможат пристап до информација за прашања сврзани со заштита на животната средина“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, барателот го доставил до Основниот суд Велес на 21 февруари и истото има печат и потпис од Судот. На Комисијата не и е познато зошто службеното лице што постапува по предметот барањето го добило на 27.03.2012 година, повеќе од месец дена подоцна, бидејќи внатрешната поделба и достава на предметите до вработените во Судот не е во надлежност на Комисијата туку на Судот.
Комисијата му укажува на Судот дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010, имателот е должен да го препрати Барањето во рок од три дена од денот на доставувањето.
Од доставениот плик со кој беше доставена Жалбата на жалителот, Комисијата утврди дека Жалбата е предадена во пошта на 29.03.2012 година, а од повратницата на Судот се гледа дека Известувањето од Судот барателот го примил на 02.04.2012 година, односно три дена после доставувањето на Жалбата.
Судот во одговорот по Жалба повикувајќи се на начелото на законитост согласно член 4 од Законот за општата управна постапка, наведува дека со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не е предвидена одредба која обврзува на примена на Меѓународни договори ратификувани од Собранието на РМ.
Комисијата појаснува дека согласно член 118 од Уставот на Република Македонија “Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.“. Комисијата како државен орган кога постапува во управни работи, исто така решава врз основа и во рамките на закон, меѓународни договори и други прописи на државните органи и на правните и други лица во вршењето на јавни овластувања. Токму затоа законодавецот не го обременил Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со одредби кои веќе постојат во други закони и кои се гарантирани со Уставот на РМ.
Од наведените причини, со Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од 2010 година, исклучокот од член 6 алинија 8 “..Информација за животната средина….“ е избришан поради усогласување со Архуската конвенција која е ратификувана од страна на Собранието на РМ на 01.07.2009 година.
Со оглед на тоа, сите иматели, кога постапуваат по барања за слободен пристап до информации, без исклучок, треба да го применуваат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.Кога се работи за информации кои се однесуваат на заштитата на животната средина, тоа се информации од јавен карактер и имателите се должни да ги доставуваат до барателите.
Судот не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во однос на следното.
Во произнесувањето по Жалба, на почетокот Судот наведува “туку имател на истата може да биде стечајниот управник на МХК “Злетово“ во стечaj, а на крајот “создавач на оваа информација и имател кој располага со неа се договорните страни, но иматели кои располагаат со оваа информација се и други јавни правни лица, како што се Агенцијата за катастар на недвижности, ЕЛС Општина Велес, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Нотарот пред кој бил склучен договорот, а кои се опфатени со дефиницијата “јавна власт“.
Врз основа на наведеното, Комисијата му укажува на Судот дека, доколку за стечајниот управник не бил сигурен дека располага со бараната информација, истата требало да ја препрати до наведените институции за кои наведува дека се иматели на бараната информација.
Исто така, од списите на предметот, Комисијата утврди дека Судот не поседува веродостоен доказ дека препратеното барање го примил стечајниот управник, бидејќи на доставената повратница нема потпис и дата за приемот на препратеното барање, како што достави за другите две доставници.
Службеното лице што постапува по предметот се обиде на неколку наврати да го контактира стечајниот управник и преку Комората на стечајните управители и преку добиените мобилни телефони, но безуспешно.
При повторното постапување по предметот, Судот треба да ги има во предвид укажувањата на Комисијата и да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против В.Д. стечаен управител на АДГ Маврово – во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од З.П., поднесена против В.Д. стечаен управител на АДГ Маврово–во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од бруто биланс на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје за период од 01.01.2009 година до 10.07.2009 година“, се УВАЖУВА, и се ЗАДОЛЖУВА В.Д. стечаен управител на АДГ Маврово – во стечај, на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 06.07.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010 година, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-122 од 02.05.2012 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против В.Д. стечаен управител на АДГ Маврово–во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ В.Д. стечаен управител на АДГ Маврово – во стечај до барателот да ја достави бараната информација најдоцна до 6 јули 2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
З.П. од Скопје, како што се наведува во Жалбата на 22.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до В.Д. стечаен управител на АДГ Маврово во стечај и побарал по пошта да му ја достави следната информација.
“Копија од бруто биланс на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје за период од 01.01.2009 год. до 10.07.2009 год. “.
Стечајниот управител на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесено Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-122 од 07.05.2012 година, ја препрати Жалбата до стечајниот управител и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, стечајниот управител достави Произнесување по Жалба заведено во Комисијата под бр.07-122 на 25.05.2012 годин, во кое наведува дека “на ден 04.03.2012 година на барателот му е доставена пресметка на должникот за со 31.12.2008 година…..“
Во прилог на Произнесувањето достави допис насловен до З.П. бр.05-200 од 14.03.2012 година, во кој се наведува дека на барателот “Во прилог му се доставува копија од пресметка за должникот АДГ Маврово за период од 1.1 до 31.12.2008 година. Пресметка за 2009 година не е потпишана ниту доставена до Ц. Регистар“.
Од наведените причини З.П. повторно доставил Барање со кое бара “Копија од бруто биланс на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје за период од 01.01.2009 год. до 10.07.2009 год. “, а не пресметка за период за 2009 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Стечајниот управител на АДГ Маврово Скопје во стечај, В.Д. по Барањето за пристап до информации не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот бара копија од бруто биланс, а стечајниот управител одговара дека не постои пресметка за период од 01.01.2009 до 10.07.2009 година.
Во врска со наведеното Комисијата на стечајниот управител В.Д. и укажува дека до барателот е должна да ја достави бараната информација.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г. К. од Скопје, поднесена против ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Заводот на Г.К. да му ја достави бараната информација “Копија од новата систематизација“, најдоцна до 06.07.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-113 на 30.04.2012 година, изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Заводот на Г.К. да му ја достави бараната информација најдоцна до 06.07.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Г.К. од Скопје, како што е наведено во Жалбата на 15.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација, со кое побарал по е-маил или лично да му достават препис или електронски запис од следната информација “Копија од новата систематизација“.
ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-113 од 03.05.2012 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, ЈЗУ–Завод за физикална медицина и рехабилитација не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на Барањето на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против ЈЗУ–Завод за физикална медицина и рехабилитација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против ЈЗУ–Завод за физикална медицина и рехабилитација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Заводот на Г.К. да му ја достави бараната информација “Копија од Решенијата на физиотерапефтите кои се платени со високо образование“, најдоцна до 06.07.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-112 на 30.04.2012 година, изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Заводот на Г.К. да му ја достави бараната информација најдоцна до 06.07.2012 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Г.К. од Скопје на 15.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација, со кое побарал лично да му ја достават следната информација “Копија од Решенијата на физиотерапефтите кои се платени со високо образование“.
ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-112 од 03.05.2012 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ – Завод за физикална медицина и рехабилитација не одговори на дописот на Комисијата
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, ЈЗУ–Завод за физикална медицина и рехабилитација не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДБИВА Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер.
СЕ ПОТВРДУВА оспорениот Заклучок бр.19-1154/2 на Министерството за правда, донесен на 14.03.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-104 на 23.04.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена против Заклучокот бр.19-1154/2 од 14.03.2012 година, донесен од Министерството за правда, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници од Скопје на 13.03.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
„Нумерички податоци за структурата на одобрените барања за бесплатна правна помош во поглед на правните основи за кои може да се одобри (чл.8 од Законот за бесплатна правна помош)“.
Министерството за правда во врска со ова Барање донело Заклучок за прекинување на постапката со образложение дека не води таков вид на статистички евиденции.
Незадоволно од наведениот Заклучок Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата покрај другото се наведува дека Министерството за правда располага со бараната информација, а како доказ за наведеното се повикува на страна 7 во делот Статистички податоци од Годишниот извештај за примената на Законот за бесплатна правна помош од мај 2011 година, на која се содржани нумерички податоци за структурата на одобрените барања за бесплатна правна помош, а сега барателот ја бара истата информација но за целиот период од примената на Законот.
Комисијата со допис бр.07-104 од 27.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со наведеното Барање Министерството за правда до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.19-1154/4 од 22.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-104 на 28.05.2012 година. Во Одговорот на Жалбата Министерството за правда останува на образложението во оспорениот Заклучок, а во врска со статистичките податоци од Годишниот извештај на кои жалителот се повикува во Жалбата го дава следниот одговор.
Министерството за правда согласно членот 35 од Законот за бесплатна правна помош во наведениот Извештај дава информации за видот на правната работа за која е одобрена бесплатна правна помош, но нема нумерички податоци за секој вид на правна област, што и не е законска обврска, согласно горенаведениот член од Законот за бесплатна правна помош.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда во врска со поднесеното Барање постапило во законски предвидениот рок и донело Заклучок за прекинување на постапката од причина што не располага со бараната информација, а согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер нема обврска да создаде нова информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на едницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДБИВА Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена против Заклучокот на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер.
СЕ ПОТВРДУВА оспорениот Заклучок бр.19-1200/2 на Министерството за правда, донесен на 09.04.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-105 на 23.04.2012 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесена против Заклучокот бр.19-1200/2 од 09.04..2012 година, донесен од Министерството за правда, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници од Скопје на 15.03.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
„Листа на адвокати кои врз основа на чл. 24 ст.1 од Законот за бесплатна правна помош со поединечни решенија се определени како даватели на бесплатна правна помош во конкретни предмети“.
Министерството за правда во врска со ова Барање донело Заклучок за прекинување на постапката со образложение дека не води таков вид на евиденција, туку согласно член 27 од Законот за бесплатна правна помош, води Регистар на адвокати за правна помош не располага со бараната информација и не е должно да ја создава бараната информација согласно позитивните прописи.
Незадоволно од наведениот Заклучок Македонското здружение на млади правници од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата покрај другото се наведува дека Министерството за правда располага со бараната информација, а како доказ за наведеното се повикува на Известување на Министерството за правда бр.19-2831/2 од 17.08.2011година, со кое им била доставена истата информација, меѓутоа за предходен временски период.
Комисијата со допис бр.07-105 од 27.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со наведеното Барање Министерството за правда до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.19-1200/4 од 22.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-105 на 28.05.2012 година. Во Одговорот на Жалбата Министерството за правда останува на образложението во оспорениот Заклучок, а во врска со Известувањето на кое жалителот се повикува во Жалбата го дава следниот одговор.
Министерството за правда доставило Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Здружението на млади правници на 14.07.2011 година, поради малиот број на одобрени предмети во периодот на поднесеното барање. Меѓутоа, со оглед на фактот дека оттогаш бројот на овие предмети се зголемил обезбедувањето на бараната информација бара дополнително ангажирање од страна на Министерството, за што нема законска обврска.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда во врска со поднесеното Барање постапило во законски предвидениот рок и донело Заклучок за прекинување на постапката од причина што не располага со бараната информација, а согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер нема обврска да создаде нова информација. Обврската која за Министерството за правда произлегува од членот 27 од Законот за бесплатна правна помош Министерството ја исполнува, односно води Регистар на адвокати за правна помош и Регистар на здруженија на граѓани за предходна правна помош. Од наведениот член не произлегува обврска за Министерството да води регистар на адвокати кои со решение на Министерството се определени како полномошници во поединечно одобрени барања за бесплатна правна помош.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М. Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр.50-1712/2 од 21.03.2012 година на Владата на Република Македонија – Генералниот секретаријат, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-120 на 30.04.2012 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот бр.50-1712/2 од 21.03.2012 година, донесен од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека оспорениот Заклучок е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, М.Ј. од Скопје на 07.03.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија заведено под бр.50-1712/1 и побарала по пошта или по е-маил да и достават препис од следната информација.
„Колку раководители на сектори се смениле во 2009, 2010 и 2011 г. колку од старите раководители се преместени на др. позиции а колку ја напуштиле Владата (молиме имиња и презимиња).“
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во врска со ова Барање донел Заклучок за прекинување на постапката со образложение дека не располага со бараната информација и не е должен да ја создава бараната информација согласно позитивните прописи.
Незадоволна од наведениот Заклучок М.Ј. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-120 од 03.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.50-1712/4 од 21.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-120 на 28.05.2012 година. Во Одговорот на Жалба покрај другото е наведено дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија “постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) при што беше донесен Заклучок бр.50-1712/2 на 21.03.2012 година за прекин на постапката…имено барањето на жалителот не е прецизно формулирано на кој орган во рамките на Владата на Република Македонија се однесува … Генералниот секретаријат утврди дека не е имател на информацијата, туку истата треба да ја создава ексклузивно за оваа намена, иако согласно законски утврдениот делокруг на надлежности на институцијата не сме обврзани да ја создаваме, за што поради нејзината комплексност, е потребно повеќе време и ангажирање на зголемен капацитет на човечки ресурси“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од М.Ј. од Скопје постапил во законски предвидениот рок и донел Заклучок за прекинување на постапката од причина што не располага со бараната информација.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, поднесена против Општина Центар по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, поднесена против Општина Центар по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општината на А.М. да и ја достави бараната информација “Барам да ми биде доставен список од 18 отстранети времени објекти на улицата Н.Карев и ул. К.Ј.Питу од 7 до 10.11.2011 год. врз основа на приложеното известување бр.08-47/2 од 20.01.2012 г. до МТВ бидејќи знам дека се отстранети 14 објекти.“, најдоцна до 06.07.2012 година на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-109 на 26.04.2012 година, изјавена од А.М. од Скопје, поднесена против Општина Центар по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општината на А. М. да и ја достави бараната информација најдоцна до 06.07.2012 година на начин и форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Ана Митровска од Скопје на 21.03.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Центар, заведено под бр.10-2497/1, со кое побарала да изврши увид или по пошта да и достават препис од следната информација “Барам да ми биде доставен список од 18 отстранети времени објекти на улицата Н.Карев и ул. К.Ј.Питу од 7 до 10.11.2011 год. врз основа на приложеното известување бр.08-47/2 од 20.01.2012 г. до МТВ бидејќи знам дека се отстранети 14 објекти.“
Општината Центар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-109 од 27.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Општината Центар и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Општината Центар достави Одговор по жалба бр.10-3606/2 од 04.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-109 на 10.05.2012 година со кој ја известува Комисијата дека според Градежната инспекција на Општина Центар, странката може да бара да изврши увид во својот предмет, а не и во други предмети без да добие полномошно од другите странки.
Во врска со наведениот одговор, Комисијата и укажува на Општината на следното.
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е да се обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и да им се овозможи на физичките и правните лица да го остварат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Овој закон го гарантира правото на слободен пристап до информации на сите физички и правни лица, без дискриминација по било која основа. Барателот на информации не е должен да го образложи барањето, само е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации согласно овој закон. Во таа смисла, барателот не е должен да има или да го стори веројатен својот правен интерес за пристап до информација од јавен карактер. Тоа значи дека граѓаните имаат право на увид во работата на институциите кои овој закон ги утврдува како имателите на информации, без разлика дали се или не се странка во одредена постапка, со или без дозвола, односно полномошно од другите странки.
Општината Центар, на 04.06.2012 година, достави и Произнесување по жалба бр.10-3606/2 од 18.05.2012 година, заведено во Комисијата под бр.07-109. Во Произнесувањето по жалбата, Општината наведува дека “Бараните информации … не се наоѓаат на Листата на утврдени информации од јавен карактер на Општина Центар и не постои основ да се уважи барањето по Законот…Имајќи во предвид специфичноста и содржината на секој од бараните 18 предмети, секој од нив содржи личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци или би имало штетни последици за текот на управната постапка по која се водат како управни предмети…” Во Одговорот на Жалбата покрај на Листата на информации од јавен карактер, членот 6 се повикува и на членот 77 од Законот за општата управна постапка.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека, Општината Центар не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорила во законски предвидениот рок и форма.
Комисијата и укажува на Општина Центар дека образложението бараната информација не е на Листата на информации од јавен карактер не може да биде основ за неовозможување на пристапот до истата. Листата на информации со која располагаат имателите е од променлив карактер и имателите се должни, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постојано да ја ажурираат. Општината Центар е должна согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да му ја достави на барателот секоја информација која ја создал или со која раполага согласно со неговите надлежности, независно ако во моментот на поднесување на Барањето не се наоѓа на Листата на информации од јавен карактер на Општината.
Основ за одбивање на пристапот може да бидат само исклучоците наведени во член 6 од наведениот Закон.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно став 3 од наведениот член, односно должен е да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата, во спротивно ќе донесе Решение за одбивање на Барањето.
Во конкретниот случај Општина Центар во Произнесувањето по жалбата наведува дека, бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап согласно членот 6, но не носи Решение за одбивање на пристапот и не го спроведува тестот на штетност. Доколку пак Општина Центар во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Бараната информација-список од 18 отстранети времени објекти на улицата Никола Карев и улицата Кузман Јосифовски Питу од 7 – 10.11.2011 година е информација од јавен карактер и Општината Центар е должна на А.М. да и ја достави на начин и во форма наведени во Барањето. Исто така, Општината Центар е должна на барателката да и овозможи увид во списите во врска со бараната информација, имајќи ги во предвид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решение на Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решение на Управниот суд бр.03-8/3 од 12.04.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на Управниот суд заведено под бр.03-8/3 на 12.04.2012 година се ПОНИШТУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА Управниот суд на барателот да му ја достави бараната информација :
„Да ми се дадат писмени докази-информации од кои може да се утврди под кои броеви се заведени сите покренати судски спорови пред овој Суд од моја страна, каде јас (барателот) се јавувам во својство на тужител или барател, или законски застапник-полномошник на лицата С.У. и В.У., за период од 01.01.2010 г. до денес.
Секој даден број од оформен предмет во овој Суд да содржи-биде поткрепен со датум на поднесување во Управниот суд, како и врска број на акт кој се оспорува, а е наведен во содржината на тужбата или барањето.
Исто така, од сите донесени одлуки од Управниот суд на Р.М. каде како странки во предметот се среќаваат лицата В. или С. или В.У. да ми се достават докази-информации-доставници од кои може да се утврди на кој датум соодветната одлука на овој Суд е доставена односно примена од тужениот, а на кој од тужителот.
И воедно посебно докази-информации од кои ќе може да се утврди на кој датум Управниот суд ги испратил предметите до второстепениот надлежен Суд по поднесени од моја страна жалби на одлуки на Управниот суд во кои јас В.У. се јавувам во својство на жалител или законски застапник или полномошник на жалителите С.У. или В.У.. Значи, од прилозите-доказите-информациите кои ќе ми ги доставите да може да се утврди кога соодветна жалба е доставена со предметот со списи од Управниот суд до второстепениот надлежен суд на решавање и секоја поединечна жалба за кој предмет се однесува. Истото за период од 01.01.2009г. до денес“ на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 06.07.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-121 на 30.04.2012 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Решение на Управниот суд бр.03-8/3 од 12.04.2012 година по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА УВАЖИ.
Оспореното Решение на Управниот суд бр.03-8/3 од 12.04.2012 година го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Управниот суд на барателот да му ја достави бараната информација на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 06.07.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата, Комисијата го утврди следното:
Како што е наведено во Жалбата, В.У. од Скопје, на 14.03.2012 година поднел Барање до Управниот суд од кој побарал по пошта да му бидат доставени фотокопии од информации наведени во диспозитивот на ова Решение.
Управниот суд, по наведеното Барање донел Решение бр.03-8/3 од 12.04.2012 година, со кое го одбил пристапот до бараните информации. Во образложението на Решението се наведува дека „…бараната информација не претставува информација од јавен карактер во смисла на член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и истата не е во функција на целта на законот дефинирана во член 2 од истиот…барањето е засновано на информација во врска со судски предмети во кои барателот се јавува во својство на странка…а не во својство на барател за пристап до информации од јавен карактер…барателот во конкретните постапки ги остварува своите права во својство на странка…“.
Незадоволен од содржината на образложението на добиеното Решение од Управниот суд, В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-121 од 07.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Управниот суд и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управниот суд по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-8/6 од 10.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-121 на 14.05.2012 година. Во Одговорот на Жалба се наведува дека „…остануваме кон наводите во Одговорот на барањето и причините наведени во истото…Судот утврди дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер…укажуваме дека согласно Судскиот деловник сите предмети во Судот се заведуваат според денот на приемот во Судот…барателот В.У. од Скопје има поднесено голем број на тужби…кое нешто ја наметнува потребата и самата странка да води евиденција на своите предмети, кое нешто претставува негова обврска…повратниците за извршена достава претставуваат службени документи кои остануваат во евиденцијата на Судот…пред да бидат доставени предметите по жалба до повисокиот суд, истите треба да бидат доставени на одговор на жалба и да се комплетираат со списи од соодветниот управен орган, па дури потоа да се доставуваат на повисокиот суд… “.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Управниот суд не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил до барателот бараната информација на начин и во форма наведена во Барањето. Наместо тоа, Судот донел Решение со кое го одбил пристапот до бараната информација, во чие образложение наведува дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дека „…барањето е засновано на информација во врска со судски предмети во кои барателот се јавува во својство на странка…и во такво својство има право согласно Судскиот деловник да се информира за текот на постапката по предметите, а не во својство на барател за пристап до информации од јавен карактер“.
Комисијата укажува дека право на барателот на информација од јавен карактер е да избере дали истата ќе ја бара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, или согласно друг закон. Од друга страна законска должност на имателот на информации од јавен карактер е по барањата за пристап до информации од јавен карактер да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата, исто така, утврди дека Управниот суд погрешно констатирал дека во случајов не станува збор за информација од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според наведениот Закон „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“.
Врз основа на Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/2006) Законот за управување со движењето на предметите во судовите (“Службен весник на РМ“ бр.171/2010) и врз основа на Судскиот деловник (“Службен весник на РМ“ бр.71/2007) Управниот суд бил должен да изготви евиденциони документи како оние што се наведени во Барањето на В.У. од Скопје. Комисијата не навлегува во тоа дали и зошто Управниот суд постапил или не постапил согласно наведените прописи и дали изготвил или не изготвил такви документи.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.В. од Велес, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Решението на Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.В. од Велес, поднесена преку полномошникот Ж..Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Решението на Општина Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
Оспореното Решение на Општина Велес заведено под бр.25-1531/2 на 21.03.2012 година се ПОНИШТУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Велес на барателот да му ја достави бараната информација „Копија од купопродажниот договор на Матредухем за Топилницата – односно за имотот и имотната маса на МХК Злетово или МХК Злетово во стечај или Инвестас Скопје“ на начин и во форма наведени во Барањето најдоцна до 06.07.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-99 на 06.04.2012 година, изјавена од Д.В. од Велес, поднесена преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, против Решението на Општина Велес бр. 25-1531/2 од 21.03.2012 година и ЈА УВАЖИ.
Оспореното Решение на Општина Велес го ПОНИШТИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Велес на барателот да му ја достави бараната информација „Копија од купопродажниот договор на Матредухем за Топилницата – односно за имотот и имотната маса на МХК Злетово или МХК Злетово во стечај или Инвестас Скопје“ на начин и во форма наведени во Барањето најдоцна до 06.07.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Д.В. од Велес на 14.03.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес со кое побарал Општината по пошта да му достави „Копија од купопродажниот договор на Матредухем за Топилницата – односно за имотот и имотната маса на МХК Злетово или МХК Злетово во стечај или Инвестас Скопје“.
Во врска со наведеното Барање, Општина Велес до барателот доставила Решение за одбивање на Барањето за слободен пристап до бараната информација бр. 25-1531/2 од 21.03.2012 година. Во образложението на Решението е наведено дека бараната информација е „…документ со кој Општина Велес располага исклучиво по основ на даночна постапка…не е во можност позитивно да одговори…без да ја прекрши доверливоста на даночната постапка…го упатуваме лицето Д.В. од Велес за бараната документација да се обрати кај Агенцијата за катастар на недвижности, сектор Велес“.
Незадоволен од добиениот одговор, Д.В. од Велес, преку полномошникот Ж.Х.-З., адвокат од Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-99 од 25.04.2012 година ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од 3 дена Општината да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Општина Велес достави Одговор на Жалба бр.25-1531/5 од 14.05.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-99 на 21.05.2012 година. Во Одговорот е наведено дека „…бараниот документ не спаѓа во Листата на информации од јавен карактер во Општина Велес…стручната служба пристапи кон изготвување на тест на штетност … утврдено е дека Општина Велес ја поседува бараната документација исклучиво врз основа на даночна постапка…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Општина Велес не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Решението бр. 25-1531/2 од 21.03.2012 година, со кое го одбива пристапот до бараната информација, Општина Велес се повикува на член 6 став 1 точка 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата утврди дека Општина Велес погрешно констатирала дека во случајов станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации, односно дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај не станува збор за информација која произлегува од даночна постапка, односно истата не е составена за поведување даночна постапка, туку е информација со која располага Општина Велес, а која меѓу другото ја користи и за регулирање на даночна обврска кај даночните обврзници.
Според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.А. од Штип против Одговор од Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Л.А. од Штип против Одговор од Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр. 2/2012 од 27.02.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Да ми се достави препис од архивираниот предмет Гзз бр. 123/03 од 02.10.2003 година“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-137 на 28.05.2012 година, изјавена од Л.А. од Штип против Одговор од Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр. 2/2012 од 27.02.2012 година, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Л.А. од Штип до Врховниот суд на Република Македонија поднел Барање за слободен пристап до следната информација:
„Да ми се достави препис од архивираниот предмет Гзз бр. 123/03 од 02.10.2003 година”.
Врховниот суд по ова Барање на Л.А. од Штип му одговорил со допис бр. СПИ бр. 2/2012 од 27.02.2012 година. Во дописот, меѓу другото е наведено :„…Ве известуваме дека Вие не се јавувате како странка во конкретниот предмет. Постапката за поднесување на барање за издавање на судска одлука од списи во конкретен судски предмет, како и тоа од кој може истото да биде поднесено, е регулирано со позитивните процесни закони и Судскиот деловник…“.
Незадоволен од наведениот одговор, Л.А. од Штип поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-137 од 30.05.2012 година ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија и побара во рок од 3 дена Судот да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Врховниот суд на Република Македонија на барањето на Комисијата одговори со Известување СПИ бр.2/2012-2 од 06.06.2012 година, заведено во Комисијата под бр.07-137 на 13.06.2012 година. Во Известувањето е наведено дека „Врховниот суд…го извести подносителот дека во согласност со одредбите од Законот за парнична постапка, постоењето на правниот интерес се докажува во текот на самата постапка…како и во роковите предвидени за поднесување вонреден правен лек, но не и како во случајот со доставен поднесок од страна на барателот во постапка по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер…подносителот бара да му се издаде препис од судска одлука согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, иако остварувањето на ова право е регулирано со одредбите од Законот за парнична постапка и Судскиот деловник“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Врховниот суд на Република Македонија не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил до барателот бараната информација на начин и во форма наведена во Барањето, ниту пак го одбил пристапот до истата согласно одредбите од истиот Закон, односно не донел Решение за целосно или делумно одбивање на пристапот до бараната информација, кое треба да содржи образложение за одбивањето во кое ќе биде наведен и задолжително спроведениот тест на штетност. Наместо тоа, Судот со известување до барателот го одбил пристапот до бараната информација, во чие образложение наведува дека „Постапката за поднесување на барање за издавање на судска одлука од списи во конкретен судски предмет, како и тоа од кој може истото да биде поднесено, е регулирано со позитивните процесни закони и Судскиот деловник“.
Комисијата укажува дека право на барателот на информација од јавен карактер е да избере дали истата ќе ја бара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, или согласно друг закон.
Информациите од судските предмети треба да се третираат како сите останати информации и пристапот до истите може да биде одбиен само доколку потпаѓаат под некој од исклучоците од член 6 и по спроведувањето на тестот на штетност. Не може во начело да се каже дека наведените списи се информации од јавен карактер или пак се исклучок од слободниот пристап, туку за тоа ќе се одлучува посебно за секое барање. Доколку судот утврди дека некоја информација претставува исклучок од слободниот пристап, пред да го одбие барањето должен е да го спроведе тестот на штетност.
За Комисијата не е спорно тоа што Врховниот суд, согласно своите надлежности, постапува согласно Законот за судовите (“Службен весник на РМ“ бр.58/2006) или врз основа на Судскиот деловник (“Службен весник на РМ“ бр.71/2007). Меѓутоа, законска обврска на Врховниот суд како имател на информации јавен карактер е по барањата за пристап до информации од јавен карактер да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
При повторното постапување по предметот, Врховниот суд треба да ги има предвид укажувањата од Комисијата.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.И. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.Д., адвокат од Скопје, против политичката партија Сојуз на Роми на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.И. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.Д., адвокат од Скопје, против политичката партија Сојуз на Роми на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно Решението на Вишиот управен суд УЖ. Бр. 339/2012 од 12.04.2012 година, а во Комисијата заведено под број 07-264/1 од 18.05.2012 година, повторно ја разгледа Жалбата бр. 07-609/1 од 12.11.2007 година, изјавена од М.И. од Скопје, поднесена преку полномошник Д.Д., адвокат од Скопје, против политичката партија Сојуз на Роми на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
При повторното разгледување на Жалбата и списите во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
Полномошникот на барателот, адвокат Д.Д., на 12.11.2007 година поднесе Жалба во која се наведува дека политичката партија Сојуз на Ромите на Република Македонија на барателот М.И. не и одговорила во законски предвидениот рок на „Барање за слободен пристап до информација од јавен карактер од 28.09.2007 година„. Притоа како доказ достави копија од Потврдата за прием на пратка. Меѓутоа, во Жалбата никаде не беше наведена содржината на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 23.11.2007 година до Сојузот на Роми на Република Македонија ја препрати Жалбата со барање веднаш да се произнесе по истата, да ги образложи причините поради кои не одговорила по Барањето и да ги достави сите списи во врска со предметот. Сојузот на Роми на РМ не одговори на барањето на Комисијата.
Полномошникот на барателот на информацијата од јавен карактер, адвокат Д.Д., телефонски е известен за наведените околности и за недостатокот во Жалбата, со барање до Комисијата да го достави Барањето за слободен пристап до информација од јавен карактер. Полномошникот на барателот не одговори и не ги отстрани недостатоците во поднесокот во определениот рок.
Комисијата донесе Заклучок со кој ја прекина постапката, бидејќи констатира дека поради неотстранетите недостатоци во поднесокот (член 65 став 2 од Законот за општа управна постапка, а во врска со член 223 став 1 од истиот Закон) не може да постапи по Жалбата.
Незадоволна од донесениот Заклучок на Комисјата, М.И. од Скопје поднела Тужба до Управниот суд.
Во врска со поднесената Тужба и по Одговорот на тужба од страна на Комисијата, Управниот суд на 17.02.2010 година донесе Пресуда У.бр.993/2008, со која Тужбата на М.И. од Скопје против Заклучокот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-609/4 од 06.02.2008 година се уважува, а оспорениот Заклучок на Комисијата се поништува. Во Пресудата, меѓу другото, е наведено дека истата се донесува „со оглед да имателот на информацијата не одговорил на Барањето на тужителот…во законски утврдениот рок, ниту на барањето на второстепениот орган не се произнесол по Жалбата и не ги доставил списите на предметот…“.
Незадоволна од образложението на наведената Пресуда на Управниот суд, Комисијата поднесе Жалба до Врховниот суд на Република Македонија.
Решавајќи по поднесокот од Комисијата, Вишиот управен суд донесе Решение УЖ.бр.339/2012 од 12.04.2012 година со кое Жалбата на Комисијата ја отфрли како недозволена.
Комисијата постапи по Пресудата на Управниот суд.
При повторното постапување по предметот Комисијата ги имаше во вид укажувањата на Управниот суд и новонастанатата состојба во врска со ревидирањето на списокот на иматели на информации од страна на Комисијата. Со ревидирањето на списокот Комисијата одлучи од Листата на иматели на информации да ги избрише политичките партии од следните причини:
Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) во членот 3 алинеја 1 дефинирани се имателите на информации од јавен каракер. Во редот на „имателите на информации “во наведениот член наброени се следните: органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон“.
Комисијата ги разгледа Законот за политичките партии и Законот за финансирање на политичките партии и не најде основ дека политичка партија, како „доброволна организација на граѓани, формирана за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта“, може да има, или врши јавни овластувања.
Од наведените причини произлегува дека политичките партии во Република Македонија не се иматели на информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010“).
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М. Ј. од Скопје, поднесена против Град Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ПРЕКИНУВА постапката по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер поради формални недостатоци на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-114 на 30.04.2012 година, изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, М.Ј. од Скопје на 06.03.2012 година поднела три поединечни Барања за пристап до информации од јавен карактер до Градот Скопје.
Градот Скопје, на овие Барања не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањата се одбиени и е поднесена Жалба до Комисијата која се однесува на трите Барања.
Комисијата со Известување бр. 07-114 од 03.05.2012 година, и укажа на М.Ј. дека горенаведената Жалба е поднесена до Комисијата спротивно на член 14 став 1 од Законот за општата управна постапка, односно член 2 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, согласно кој Жалбата се поднесува против поединечни правни акти, а не против повеќе. Притоа побара од М.Ј. во рок од 3 дена од денот на доставување на Известувањето да ги отстрани формалните недостатоци и да ја уреди Жалбата согласно погоренаведените закони, односно за секое Барање да поднесе поединечна Жалба.
Видно од повратницата за достава на Известувањето, уредно е доставено на 07.05.2012 година и со потпис на примачот е потврден приемот на истото.
И покрај уредната достава на Известувањето и телефонските укажувања за уредување на Жалбата, М.Ј. не постапи по истите и не ја уреди Жалбата во определениот рок од 3 дена од денот на приемот на Известувањето.
Комисијата утврди дека Жалбата содржи формални недостатоци и не може да постапува по истата поради што одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.К. од Гевгелија, поднесена против Средното општинско училиште “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19.06.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.К. од Гевгелија, поднесена против Средното општинско училиште “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “1.Одобрение за градба и извод од план за СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-102 на 17.04.2012 година, изјавена од П.К. од Гевгелија, поднесена против Средното општинско училиште “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, П.К. од Гевгелија на 29.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
“1.Одобрение за градба и извод од план за СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија.“
СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорило со допис бр.03-263/2 од 26.03.2012 година. Со наведениот допис го известиле П.К. дека Извод од план на училиштето издава Одделението за урбанизам при општината Гевгелија и побарале од него да прецизира какво одобрение за градба бара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволен од наведениот допис, П.К. од Гевгелија, достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-102 од 18.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Средното општинско училиште “Јосиф Јосифовски”-Гевгелија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија на 30.04.2012 година, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-423/2 од 20.04.2012 година. Во Одговорот, училиштето наведува дека “Во списите за градење на училиштето во периодот од 1952 до 1962 година нема документ за одобрение за градба…Заради наведеното се бараше од барателот на информации да се прецизира за какво одобрение за градба доставува барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Извод од план на училиштето издава Одделение за урбанизам при општина Гевгелија и во училиштето нема таков документ па заради тоа и неможеме да го издадеме истото на увид.”
Во врска со наведениот одговор Комисијата укажува на следното.
Согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот. Во конкретниот случај, СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, постапило спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Наместо да ја извести Комисијата кој е имател на бараната информација во Одговорот на жалбата и наместо да го извести барателот кој ја издава бараната информација- Извод од план на училиштето во Одговорот на Барањето, било должно да постапи согласно цитираниот член и во предвидениот рок да го препрати Барањето до Општината Гевгелија, а за препраќањето да го извести барателот.
Службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот П.К., за да прецизира какво одобрение за градба бара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Со посредство на службеното лице на Комисијата, барателот прецизира дека бара фотокопија од Одобрението за градба на училиштето кое датира од 1965 година, и за истото му укажа на службеното лице за посредување со информации од јавен карактер во СОУ “Јосиф Јосифовски” – Гевгелија.
На 25.05.2012 година, П.К. по е-маил ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација и е задоволен од истата.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата поднесена од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот, преку Х.Ј., овластено лице, против Клиниката за токсикологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19.06.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата поднесена од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот, преку Х.Ј. овластено лице, против Клиниката за токсикологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-110 на 26.04.2012 година, поднесена од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот, преку Х.Ј., овластено лице, против Клиниката за токсикологија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот од Скопје на 14.03.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Клиниката за токсикологија и побарало по пошта да му ги достават следните информации.
1. Колку вкупно пациенти има моментално на терапија со бупренорфин?
2. Колку од вкупната бројка на пациенти се жени?
3. Колку од вкупната бројка на пациенти се Роми?
4. Колку од вкупната бројка се лица под 18 години?
5. Која е постапката за прием на лица под 18 години? Дали е потребна согласност од родител? Придружба од родител кога се зема терапија?
6. Колку време трае и колку чини болничкото лекување со бупренорфин?
7. По колку време од влегување на третман пациентите влегуваат на позитивна листа и добиваат бупренорфин без пари?
8. Дали за утврдување на временскиот период по кој пациентот влегува на позитивна листа има формална одлука или се одлучува од случај до случај?
9. Како се финансира програмата за третман со бупренорфин?
10. Дали во вашата клиника има назначено правен застапник за заштита на правата на пациентите согласно Законот за заштита на правата на пациенти?
11. Дали бупренорфинот е на позитивна листа на лекови?
12. Дали има протокол за третман со бупренорфин?
Клиниката за токсикологија на ова Барање не одговорилa во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-110 од 30.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Клиниката за токсикологија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање Клиниката за токсикологија на 11.06.2012 година, до Комисијата по е-меил достави Одговор Арх.бр.0302-261/2 од 08.06.2012 година,во Комисијата заведен под бр.07-110 на 11.06.2012 година. Во Одговорот Клиниката за токсикологија наведува дека одговорила на бараните информации на Здружението – Хопс по електронски пат на 17.05.2012 година.
Службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот, кој потврди дека добил одговор во врска со бараните информации од кој е задоволен.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19.06.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-131 на 17.05.2012 година, изјавена од Н.А. од Скопје, поднесена против Акционрското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Н.А. од Скопје на 23.03.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Барање бр:7268/1 од 24.11.2011 г. и бр.7268/6 од 03.02.2012 г“.
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Службеното лице кое постапува по предметот на 14.06.2012 година, по телефон комуницираше со подносителот на Жалбата кој изјави дека ја повлекува.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.С. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, против Заклучокот на Агенцијата брoj 1123/3845/1, (без датум на донесување), по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Увид во земјишните книги од 1938 година за КО Оризари, КО Ханриево и КО Ново Село“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-11 на 12.01.2012 година, изјавена од Д.С. од Скопје поднесена против Заклучокот бр.1123/3845 (без датум на донесување) на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Д.С. од Скопје, истата ја поднесува затоа што по поднесеното Барање за пристап до информации не и бил дозволен увид во земјишните книги во предметот број 1132/3845/1.
Комисијата со допис бр.07-11 од 17.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје во врска со ова барање донела Заклучок за прекинување на постапката заведен под бр.1123/3845.
Во образложението на Заклучокот е наведено “….Центарот за катастар на недвижности изврши детален увид во земјишните книги од 1938 година за КО Оризари, КО Ново Село и КО Ханриево и притоа разгледувајќи го барањето на странката констатира дека во истото не е наведено за кој пописен лист и за која катастарска парцела станува збор. Со оглед на фактот што не може да се утврди за кој пописен лист и за која катастарска парцела е предметното барање на странката, Центарот за катастар на недвижности донесе Заклучок според кој постапката по ова барање се прекинува.“.
Против наведениот Заклучок Д.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата заведена под број 07-11 на 15.02.2012 година.
Во Жалбата наведува дека Заклучокот го добила под погрешен број, наместо број на предмет 1132/3845/1 под кој и било заведено барањето добила Заклучок со број 1123/3845/1. Исто така наведува дека повторно не и бил овозможен увид во бараните книги.
Во прилог го достави и Барањето заведено во Центар за катастар на недвижности-Скопје под број 1132/3845/1 од 29.11.2011 година.
Комисијата со допис бр.07-11 од 20.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор заведен под број 1123-364/5 од 28.03.2012 година а во Комисијата заведен под број 07-11 од 30.03.2012 година.
Во Одговорот се наведува: “Видно од самиот заклучок правилно е навдно дека е одлучувано по предметот број 1123/3845/, жалбените наводи на жалителот Д. С. се неосновани од причина што кај нас не постои предмет заведен под број 1132/3845/1. Организациониот број на агенцијата за предметите кои се однесуваат по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е 1123-.
Странката со посебно известие заведено под број 1123-364/5, испратено по пошта е повикана да го прецизира барањето точно кој предмет со наведен број и датум сака да и биде приложен на увид.“
На 12.06.2012 година, службеното лице што постапува по предметот и член на Комисијата беа во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и извршија увид во наведениот предмет.
Д.С. од Скопје на 13.06.2012 година до Комисијата достави Известување по меил, заведено под број 07-11 во кое наведува дека “информацијата по предметот број 07-11 од 12.01.2012 година уредно ја добив и со тоа моето барање е уредно завршено“.
Погоре наведеното жалителот го потврди и во телефонскиот разговор со службеното лице што постапува по предметот.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
*********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата поднесена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, преку Д.А.-координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19.06.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата поднесена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, преку Д.А.-координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-129 на 16.05.2012 година, поднесена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, преку Д.А.-координатор на програмата за мониторинг и анализа на буџети, против Министерството за труд и социјална политика, и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје на 02.04.2012 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарало по пошта да му ги достават следните информации.
““1.Вкупен број на претставки поднесени до Министерството, односно застапникот за заштита на правото на еднаков третман врз основа на пол во 2010 и 2011 година, по години;
2.Број на претставки поднесени од физичко лице или правно лице лично и број на претставки поднесени преку полномошник во 2010 и 2011 година;
3. Вкупен број на претставки по кои е поведена постапка во 2010 и 2011 година, по години;
4. Причините поради кои не е поведена постапка по поднесените претставки за 2010 и 2011 година, по години:
5. Вкупен број на постапки кои се поведени од страна на застапникот по негова иницијатива за 2010 и 2011 година, по години;
6. Кои се полињата на дискриминација во поведените предмети од страна на застапникот во 2010 и 2011 година и
7.Каков вид на препорака е дадена од страна на застапникот во предметите по кои повел постапка и во колкав број од нив лицето/субјектот на кој таа се однесувала не постапиле по истата во 2010 и 2011 година. “.
Министерството за труд и социјална политика на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-129 од 25.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика во врска со ова барање на Комисијата, не достави Одговор на жалба.
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ, ЕСЕ од Скопје, на 13.06.2012 година достави меил до Комисијата заведен под број 07-129 во кој наведува дека добил одговор во врска со сите 7 барани информации.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.С. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, поднесена против Заклучокот на Агенцијата бр. 1123/1128/2 од 10.05.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Увид во книга на азбучник и нумерички преглед на податоци од 1938 год, 1946 год, 1948 год и 1963 година за КО Оризари)“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-133 на 23.05.2012 година, изјавена од Г.С. од Скопје поднесена против Заклучокот бр.1123/1128/2 од 10.05.2012 година на Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Г.С. од Скопје, на 05.04.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје под број 1123/1128/2 и побарала увид и во фотокопија да и ја достават следната информација.
“Увид во книга на азбучник и нумерички преглед на податоци од 1938 год, 1946 год, 1948 год и 1963 год. за КО Оризари“.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје во врска со ова барање донела Заклучок за прекинување на постапката заведен под бр.1123/1128/2 од 10.05.2012 година.
Во образложението на Заклучокот е наведено “По разгледување на Барањето и извршениот увид во катастарската евиденција на АКН-Центар за катастар на недвижности за увид во книга на азбучник и нумерички преглед на податоци од 1938, од 1964, од 1948 и од 1946 за КО Оризари, се утврди дека овој орган не располага со бараната информација и со Заклучок ја прекина постапката“.
Незадоволна од наведениот Заклучок, Г.С. поднесе Жалба до Комисијата
Комисијата со допис бр.07-133 од 25.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје до Комисијата достави Известување заведено под бр. 1123/1128/4 од 04.06.2012 година а во Комисијата заведено под бр.07-133 од 06.06.2012 година. Ви прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.06.2012 година, службеното лице што постапува по предметот и член на Комисијата беа во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и извршија увид во наведениот предмет. Од увидот утврдија дека барателот ги добил бараните информаци и имателот составил Записник за позитивно одговорено барање што со свој потпис го потврдил и барателот.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје до Комисијата достави Известување заведено под бр. 1123/1128/5 од 12.06.2012 година а во Комисијата заведено под бр.07-133 од 14.06.2012 година. Во прилог ги достави и списи во врска со предметот.
Во Известувањето е наведено:“ На ден 07.06.2012 и 12.06.2012 година, странката Г.С. се јави во просториите на Агенцијата заради повторно постапување по предметот 1123-1128 од 05.04.2012 година, за кој предмет веќе беше донесен заклучок и истиот беше обжален од странката и испратен до Вашата Комисија за понатамошно постапување.
Во погоренаведените денови беа донесени записници во кои се констатира дека е постапено по бараните информации“
Г.С. од Скопје на 12.06.2012 година до Комисијата достави Известување по меил, заведено под број 07-133 во кое наведува дека ја добила бараната информација по предмет бр.1123-1128/2 и дека со тоа барањето по предметот е завршен.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против стечајниот управник В.Д. од Скопје, поради непостапување по Решението на Комисијата бр.07-362 од 22.12.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против стечајниот управник В.Д. од Скопје поради непостапување по Решението на Комисијата бр.07-362 од 22.12.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од консолидирана годишна сметка на стечајниот должник АДГ Маврово Скопје за период од 01.01.2008 год. до 31.12.2008 година“ поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-362 на 14.02.2012 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против стечајниот управник В.Д. од Скопје поради непостапување по Решението на Комисијата бр.07-362 од 22.12.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Стечајниот управник не постапил по наведеното Решение на Комисијата, поради што барателот поднесе Жалба до Комисијата за неспроведување на Решението.
Комисијата со допис бр.07-362 од 20.02.2012 година, ја препрати Жалбата до стечајниот управник В.Д. од Скопје, и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање стечајниот управник В.Д. од Скопје достави допис заведен под бр.05-240 од 29.03.2012 година, а во Комисијата под бр.07-362 на 05.04.2012 година и во прилог ги достави информациите за Консолидираната годишна сметка кои се доставени и до барателот.
З.П. од Скопје, на 23.04.2012 година достави Проширување на Жалба заведено во Комисијата под бр. 07-362.
Во Проширувањето на Жалбата наведува: “Ве известувам дека на ден 09.04.2012 година од страна на имателот на информацијата добив некомплетна информација. Од бараната информација со која требаше да добијам фотокопија од консолидираната годишна сметка на стечајниот должник АДГ Маврово за период од 01.01.2008 год. до 31.12. 2008 год. која содржи четри обрасци, го добив само образецот консолидиран биланс на успехот за бараната година. Во прилог приложени се уште два обрасца од година која не е предмет на бараната информација, како и пет прегледи без потпис и печат кои не се форма на бараната информација“.
Комисијата со допис бр.07-362 од 03.05.2012 година, го препрати Проширувањето на Жалбата до стечајниот управник В.Д. од Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Стечајниот управник В.Д. од Скопје во врска со ова барање на Комисијата достави Произнесување по Жалба заведен во Комисијата под бр.07-362 на 25.05.2012 година.
Во Произнесувањето се наведува: “Наводите во истата се невистинити. Од страна на АДГ Маврово доставена е комплетна консолидирана завршна сметка со допис од 29.03.2012 година“. Во прилог достави список на бараните информации кои ги доставил до барателот.
Од увидот на доставените списи Комисијата утврди дека стечајниот управник В.Д. од Скопје од бараните информации достави само Консолидиран биланс за успехот за периодот од 01. до 31.12.2008 година.
Службеното лице што постапува по предметот телефонски му укажа на стечајниот управник, дека согласно член 2 од Правилникот за формата и содржината на годишната сметка (“Службен весник на РМ бр.113/2006), Годишните сметки се состојат од два обрасци-Биланс на состојба и Биланс на успехот. Со оглед на тоа што имателот го достави Консолидираниот биланс на успехот потребно е да го достави и Консолидираниот биланс на состојбата. Од страна на АДГ Маврово во стечај, службеното лице што постапува по предметот е информирано дека е настаната грешка при испраќањето на документацијата и дека ќе ја достават бараната информација.
Стечајниот управник В.Д. од Скопје достави допис заведен под бр.05-532 од 31.05.2012 годинана, а во Комисијата под број 07-362 на 06.06.2012 година во прилог на кој го достави Консолидираниот биланс на состојбата за периодот од 01.01 до 31.12.2008 година.
На 14.06.2012 година З.П. од Скопје, до Комисијата достави Известување во кое наведува дека ја добил бараната информација од службеното лице на Комисијата.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.J. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од З.Ј. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Увид во предмет со список на промени 154/05 за КП 152/12 и КП 152/13 КО Ѓорче Петров, ако имам потреба да ми се даде фотокопија.“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-135 на 25.05.2012 година, изјавена од З.Ј. од Скопје поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата З.Ј. од Скопје, на 20.01.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје под број 1123/289/1 и побарал увид и во фотокопија да му ја достават следната информација.
“Увид во предмет со список на промени 154/05 за КП 152/12 и КП 152/13 КО Ѓорче Петров, ако имам потреба да ми се даде фотоопија “.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-135 од 28.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.06.2012 година, службеното лице што постапува по предметот и член на Комисијата беа во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и извршија увид во наведениот предмет. Од увидот утврдија дека барателот бил на увид на 07.06.2012 година и извршил увид во бараниот предмет. По извршениот увид се потпишал во предметот и се откажал од Жалбата бидејќи е пронајден бараниот предмет и ја добил бараната информација.
Во врска со Барањето на Комисијата, Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под бр. 1123/289/2/3 од 14.06.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-135 од 15.06.2012 година. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
Од увидот во списите Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје постапила по Барањето и барателот ја добил бараната информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.J. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Зоран Јаневски од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Увид во предметот УП.бр. 1124/108 од 12.02.2015 година, во колку сметам дека некој документ ќе ми биде потребен да ми биде издадена фотокопија верно на оргиналот, КО Ѓорче Петров“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-136 на 25.05.2012 година, изјавена од З.Ј. од Скопје поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата З.Ј. од Скопје, на 20.01.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје под број 1123/290/1 и побарал увид и во фотокопија да му ја достават следната информација.
“Увид во предметот УП.бр. 1124/108 од 12.02.2015 година, во колку сметам дека некој документ ќе ми биде потребен да ми биде издадена фотокопија верно на оргиналот , КО Ѓорче Петров“.
Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-136 од 28.05.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.06.2012 година, службеното лице што постапува по предметот и член на Комисијата беа во Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје и извршија увид во наведениот предмет. Од увидот утврдија дека барателот бил на увид на 07.06.2012 година и извршил увид во бараниот предмет. По извршениот увид се потпишал во предметот и се откажал од Жалбата бидејќи е пронајден бараниот предмет и ја добил бараната информација.
Во врска со Барањето на Комисијата, Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје до Комисијата достави Одговор на Жалба заведен под бр. 1123/290/2/5 од 14.06.2012 година а во Комисијата заведен под бр.07-136 од 15.06.2012 година. Ви прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
Од увидот во списите Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности-Скопје постапила по Бањето и барателот ја добил бараната информација но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Агенција за државни патишта-Скопје, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 19.06.2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Агенција за државни патишта-Скопје, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Ве молиме да ни доставите информација за пазарната вредност на земјиштето за м2 по категорија-класа за катастарската општина КО Тетово 2 и КО Голема Речица“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-95 на 05.04.2012 година, изјавена од Агенција за државни патишта-Скопје, поднесена против Општина Тетово и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Агенцијата за државни патишта-Скопје на 20.03.2012 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-456/4 до Општина Тетово и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација.
“Ве молиме да ни доставите информација за пазарната вредност на земјиштето за м2 по категорија-класа за катастарската општина КО Тетово 2 и КО Голема Речица“
Општина Тетово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорила со допис бр.05-837/2 од 23.03.2012 година. Со наведениот допис ја известила Агенцијата за државни патишта-Скопје дека „не е во можност да одговори позитивно на истото… за да не би имале правни последици со сопствениците на недвижниот имот…не можеме да ја дадеме точната вредност-цената на градежното земјиште, за да не би имале никакви правни последици со сопствениците на недвижниот имот…“.
Незадоволна од наведениот допис, Агенцијата за државни патишта-Скопје, достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-95 од 10.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Тетово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање Општина Тетово на 20.04.2012 година, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.05-837/4 од 18.04.2012 година, а во Комисијата под бр.07-95 од 20.04.2012 година. Во прилог на Одговорот, Општина Тетово ги достави сите списи во врска со Барањето и копије од „Методологија за утврдување на пазарната вредност со бр.12-2162/1 од 08.10.2009 година, според која Општината работи.
На 15.05.2012 Агенцијата за државни патишта преу меил ја извести Комисијата дека делумно се задоволни со одговорот на Жалбата и побара од Општината да ја достави последната, односно моменталната важечка одлука на Комисјата за проценка на недвижниот имот при Општината утврдена согласно Методологијата.
На 15.06.2012 Агенцијата за државни патишта преку меил ја извести Комисијата дека во врска со предметот согласно член 24 точка 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, доставиле повторно барање до Општина Тетово. По повторното Барање Општина Тетово достави Одговор на барање со прилог комплетна документација според која се утврдува пазарната вредност на недвижниот имот на Општина Тетово. Агенцијата е задоволна од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација, но со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.З. од Скопје против Нотарската Комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 19 јуни 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-320/1 од 01.07.2009 година, изјавена од М.З. од Скопје, против Нотарската комора на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што Барањето е препратено до имателот кој располага со бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно Пресудата на Управниот суд У.бр.4775/2009 од 07.02.2012 година, а во Комисијата заведена под број 07-265/1 од 18.05.2012 година, повторно ја разгледа Жалбата бр. 07-320/1 од 01.07.2009 година, изјавена од М.З. од Скопје против Нотарската Комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ЗАПРЕ постапката поради тоа што Барањето е препратено до имателот кој располага со бараната информација.
При повторното разгледување на Жалбата и списите во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
М.З. од Скопје на 15.06.2009 година, како што се наведува во Жалбата, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Нотарската комора на Република Македонија од која побарал да му ја достави следната информација:
“Решение за изречена мерка на нотарката С.В., по поднесена претставка од моја страна“.
Како одговор на добиеното барање, Нотарската комора на Република Македонија до М.З. од Скопје доставила Известување бр.03-655/2 од 25.06.2009 година. Во Известувањето е наведено дека „податокот за кој имате интерес треба да го добиете од Министерството за правда како имател на информација согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Согласно член 132 став 2 од Законот за нотаријатот конечната одлука за изрекување на дисциплинска мерка се доставува на Министерот за правда со напомена дека до овој момент дисциплинската постапка против именуваниот нотар не е окончена“.
Незадоволен од добиениот одговор, М.З. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-320/2 од 02.07.2009 година, ја препрати Жалбата до Нотарската комора и побара во најкраток можен рок (веднаш) да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Нотарската комора на барањето на Комисијата одговори со допис бр. 07-320/3 од 10.07.2009 година во кој наведува дека „… постапката по Предлогот за поведување на дисциплинска постапка доставен од страна на Министерот за правда е во тек и се наоѓа во фаза на одлучување по изјавената жалба од страна на именуваниот нотар“.
На 14.07.2009 година до Комисијата од страна на Нотарската комора е доставен друг допис бр. 07-320/4 во кој се наведува дека Комората постапила согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и го препратила барањето до Министерството за правда и за тоа го известила барателот на информацијата.
Врз основа на изложеното, Комисијата донесе Заклучок со кој ја запре постапката по Жалбата, бидејќи во конкретниот случај Нотарската комора го препратила Барањето до имателот на бараната информација – Министерството за правда и за тоа го известила барателот.
Незадоволни од донесениот Заклучок на Комисјата, М.З. од Скопје поднел Тужба до Управниот суд.
Во врска со поднесената Тужба и Oдговорот на тужба од страна на Комисијата, Управниот суд на 07.02.2012 година донесе Пресуда У.бр.4775/2009, со која Тужбата на М.З. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-320/5 од 23.07.2009 година ја уважи, а оспорениот Заклучок на Комисијата го поништи.
При повторното постапување по предметот Комисијата ги имаше во вид укажувањата на Управниот суд и повторно одлучи да донесе Заклучок за запирање на постапката од следните причини.
Во конкретниов случај Комисијата во уводот на оспорениот Заклучок се повикува на членот 223 од Законот за општата управна постапка, според кој со заклучок се одлучува за прашања што се однесуваат на постапката од причина што првостепениот орган, по поднесувањето на жалбата (поради молчење на администрација), постапил по барањето и согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер го препратил барањето до Министерството за правда. Во овој случај Комисијата нема основ да ја отфрли или да ја одбие жалбата, ниту пак да го поништи решението затоа што такво нема.
Комисијата ја запре постапката по жалбата поднесена против Нотарската комора на Република Македонија, затоа што таа тврди дека не располагала со бараната информација и го препратила барањето до Министерството за правда. Од денот на препраќањето на барањето постапката по истото во Нотарската комора се запира, а истата продолжува да ја спроведува Министерството за правда. Доколку и Министерството за правда (како што се наведува во образложението на Пресудата) го известило барателот, сега тужител дека не располага со бараната информација, тогаш барателот има право да поднесе жалба до Комисијата против Министерството за правда. Во постапката по жалбата против Нотарската комора Комисијата правилно го применила материјалното право затоа што, Нотарската комора го применила членот 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување. На ова Комисијата укажува во образложението на поништениот Заклучок.
Комисијата оцени дека е безпредметно да донесе Решение со кое ќе го задолжи имателот на информации да го препрати барањето, затоа што истото е направено пред донесување на одлуката на Комисијата, но после законски предвидениот рок за одговор на барањето.
Поради ова Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Вишиот управен суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.