ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 52 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 23 седница одржана на  15 мај 2012 година, донесе 5 решенија и 52  заклучока.

                                                    * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје,  по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  на седницата одржана на  15 мај 2012 година, го донесе следното                                          
                                              
Р Е Ш Е Н И Е
    
Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА.
Оспорениот Заклучок на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје, заведен под бр.03-1872/13 на 28.03.2012 година, се ПОНИШТУВА. СЕ ЗАДОЛЖУВА Факултетот на барателот да му ја достави бараната информација „1. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за специјалистичките студии упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година; 2. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за јазичните групи упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година; 3. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за одбраните на докторските дисертации и на магистерските трудови упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година“ на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 08.06.2012 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-24 на 20.02.2012 година, изјавена од Д.М. од Скопје поднесена против Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и  ЈА УВАЖИ.
Оспорениот Заклучок на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје, заведен под бр.03-1872/13 на 28.03.2012 година,  го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Факултетот на барателот да му ја достави бараната информација „1. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за специјалистичките студии упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година; 2. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за јазичните групи упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година; 3. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за одбраните на докторските дисертации и на магистерските трудови упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година“ на начин и форма наведени во Барањето најдоцна до 08.06.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата, Комисијата го утврди следното:
Како што е наведено во Жалбата, Д.М. од Скопје, на 07.12.2011 година поднела Барање до  Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје, од кој побарала фотокопии од следните документи:
„1. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за специјалистичките студии упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година; 2. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за јазичните групи упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година; 3. Решенија договори за дело по основа на извршени консултативни услуги во работата околу постдипломската настава за одбраните на докторските дисертации и на магистерските трудови упатени до Д.М. за периодите: за 2009 календарска година, за 2010 календарска година и за 2011 календарска година“.
Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје, како што е наведено во Жалбата, не одговорил на наведеното Барање во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и Д.М. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-24 од 21.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-1872/5 од 28.02.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-24 на 05.03.2012 година. Во прилог на Одговорот на Жалба доставени се фотокопии од „прегледи на настани за евидентирано работно време…дописи…налози…решенија…и аналитички картици“ за периодите наведени во Барањето, кои биле доставени до Д.М., како одговор на нејзиното Барање. Во Одговорот на Жалба се наведува дека „…не сме во можност да дадеме информација за прегледот на настани за работно време за 2008 година…бидејќи хард дискот, односно компјутерот на кој се бележат настаните за евиденција на работното време на вработените се расипа поради дотраеност“.
Службеното лице кое постапува по предметот, во врска со цитираниот одговор, му укажа на службното лице на Факултетот дека за информацијата со која не располага е должен да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да донесе Заклучок за прекинување на постапката.
Имателот на информации постапи согласно укажувањата од Комисијата и донесе Заклучок за прекинување на постапката бр. 03-1872/13 од 28.03.2012 година, во чие образложение наведува дека „…не располага со ниедна друга информација, односно информации, освен доставените до барателот на информацијата“.
Незадоволна од добиениот одговор, односно од образложението на Заклучокот, Д.М. од Скопје на 09.04.2012 година до Комисијата достави Дополнување на Жалба, заведено под бр.07-24.
     Во Дополнувањето на Жалбата, Д.М. наведува дека истото го поднесува против Заклучокот за прекинување на постапката и против делумно доставените информации. Во него наведува дека „…не барав аналитички картици…со регистрирани групни решенија на исплатите на персоналот…“, односно дека не и е овозможено запознавање со содржината на информацијата наведена во Барањето и оти образложението на Заклучокот „не е оправдана причина“ за недоставувањето на бараната информација.
Според наводите на Д.М. во Дополнувањето на Жалба, „имателот на информациите е должен да обезбеди достапност на јасно утврдени критериуми и мерки за вреднување на трудот според однапред утврдената методологија и нормативни акти согласно Законот за работните односи, Законот за персоналниот данок на доход, Законот за облигационите односи и Законот за извршување на буџетот“.
Комисијата со допис бр.07-24 од 10.04.2012 година, го препрати дополнувањето на Жалбата до Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истото и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје по барањето на Комисијата достави Одговор на Жалба бр.03-1872/17 од 18.04.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-24 на 20.04.2012 година. Во Одговорот на Дополнувањето на Жалбата е наведено дека Факултетот останува на наводите во образложението на оспорениот Заклучок.
По разгледувањето на Жалбата, Дополнувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок, не ја доставил до барателот бараната информација на начин и во форма наведена во Барањето, туку со задоцнување од повеќе од 2 месеца му доставил информации со кои располагал, а кои не се наведени во Барањето.
Комисијата му укажува на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје дека согласно член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, бр.6/2010) е должен по Барањето за пристап до информации од јавен карактер да одговара веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето, а информацијата треба да ја достави во бараната форма.
Комисијата утврди дека Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, согласно своите надлежности, а врз основа на  делот II – Договор за вработување и делот III – Права и обврски на страните при склучување на Договор за вработување од Законот за работните односи (пречистен текст) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158 од 09.12.2010 година)  и Законот за изменување и дополнување на законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.11 од 24.01.2012 година), како и член 1, член 2, член 3, член 4 и член 5 од Законот за евиденциите во областа на трудот („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04 од 22.03.2004 година) бил должен да изготви евиденциони документи како оние што се наведени во Барањето на  Д.М. од Скопје. Комисијата не навлегува во причините зошто Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје не постапил согласно наведениот закон и не изготвил такви документи.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * * *
    
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Асоцијацијата “М.К.  “ со седиште во Велес, поднесена против Друштвото за комуникациски услуги Вип оператор ДООЕЛ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 мај 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Асоцијацијата „М.К.“ со седиште во Велес, поднесена против Друштвото за комуникациски услуги Вип оператор ДООЕЛ- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Одлуката на Вашиот надлежен орган со која е усвоен најновиот актуелен Ценовник за постпејд корисници (во фотокопија на која се гледа деловниот број и потписите на овластените лица) “, СЕ ОДБИВА.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-92 на 26.03.2012 година, изјавена од Асоцијацијата „М.К. “ со седиште во Велес, поднесена против Друштвото за комуникациски услуги Вип оператор ДООЕЛ – Скопје, и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.   
Асоцијацијата “М.К. “ со седиште во Велес како што е наведено во Жалбата на 13.02.2012 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Друштвото за комуникациски услуги Вип оператор  ДООЕЛ – Скопје и побарала да и ја достават следната информација.
“Одлуката на Вашиот надлежен орган со која е усвоен најновиот актуелен Ценовник за постпејд корисници (во фотокопија на која се гледа деловниот број и потписите на овластените лица) “.
 Друштвото за комуникациски услуги Вип оператор ДООЕЛ – Скопје, одговорило на ова барање со допис бр. 09-975/1 од 13.03.2012 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува дека, одлуката не претставува општ акт, односно јавен документ, како што е наведено во барањето, туку одлуката е поединечен интерен акт и не спаѓа под третманот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ценовниците за услугите и производите кои ги нуди Вип оператор претставуваат општи акти и документи кои се од поширок јавен интерес поради што истите и се јавно објавени.
Незадоволна од наведениот Одговор Асоцијацијата “М.К. “ поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-92 од 28.03.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од “Вип оператор“ ДООЕЛ“ – Скопје во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Вип оператор ДООЕЛ – Скопје достави Одговор на Жалба бр.09-1355/2 од 09.04.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-92 на 20.04.2012 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува дека, Вип оператор има законска обврска да ги објави само ценовниците за услугите на мобилна телефонија кои ги нуди на пазарот за електронски комуникации. Наведената обврска произлегува од Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги донесен од Агенцијата за електронски комуникации кој е објавен во Службен весник на Република Македонија.
Во Одговорот Вип оператор се повикува и на Законот за електронски комуникации, како lex specialis кој ја регулира дејноста на обезбедување на електронски комуникации, според кој не е утврден задолжителен начин на донесување на ценовниците кај операторите на јавни комуникациски мрежи бидејќи тоа претставува интерна активност кој е различна кај секој оператор. Агенцијата за електронски комуникации има законски овластувања под одредени услови да врши регулирање на одредени големопродажни и малопрадожни цени на цените на одредени услуги на операторите на електронски комуникациски услуги. Тоа значи дека одредени услови Агенцијата за електронски комуникации може самостојно да регулира одредени цени, без согласност и донесување на било каква одлука од страна на самиот оператор. Законот за електронски комуникации и горенаведениот Правилник не пропишуваат било каква обврска за операторите во поглед на формата во која одлучуваат за цените на своите услуги, туку предвидуваат само обврска за транспарентност и јавно објавување на цените и условите за користење на услугите кои се нудат на пазарот за електронски комуникации и нивна јавна достапност во моментот на засновањето на претплатнички однос.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека од одредбите на Законот за електронски комуникации и Правилникот за видот и содржината на податоците кои операторите на јавни комуникациски мрежи и/или давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги објават во врска со општите услови за пристап и користење, цените и тарифите и параметрите за квалитет на јавните комуникациски услуги не произлегува обврска за Вип оператор, да подготви Одлука за усвојување на Ценовникот за Пост Пејд корисници. Законската обврска, односно јавното објавување на ценовниците за услугите на мобилна телефонија кои Вип оператор ги нуди на пазарот за електронски комуникации, во случајов е спроведена.
Оттука, не се точни наводите во Жалбата дека, Вип оператор погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и погрешно и своеволно го применил материјалното право.
Вип оператор правилно ја утврдил фактичката состојба и правилно го применил материјалното право.   
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.Ц. од Скопје, поднесена против З.Н., претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови, на булевар “Јане Сандански“ бр.12 влез 6,  врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 мај 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Л.Ц. од Скопје, поднесена против З.Н., претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови, на булевар “Јане Сандански“ бр.12 влез 6, СЕ ОТФРЛА.
                          
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-125 од 07.05.2012 година, изјавена од Л.Ц. од Скопје, поднесена против З.Н., претседател на Заедницата на сопственици на посебни делови, на булевар “Јане Сандански“ бр.12 влез 6 и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното.
Л.Ц. поднела писмено барање до претседателот на Заедницата на сопственици на посебни делови, на булевар “Јане Сандански“ бр.12 влез 6, но во истото не се повикала на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација.“
Во конкретниов случај Барањето не е поднесено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од тие причини и жалбената постапка не може да се спроведе согласно наведениот Закон.
       Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
 * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда по предметот Повторно Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 мај 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда по предметот Повторно Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на М.К. да му ја достави бараната информација “Соодветен акт со деловодни податоци: __ Бр. __ од датум____ година при Министерство за правда, Скопје, Р.М. со кој акт ќе ми се достават барaните информации согласно со одредбите од Поднесок: Барање… со деловодни податоци: 19 Бр.4683/1 од датум 05.12.2011 година при Министерство за правда, Скопје, Р.М.“, најдоцна до 08.06.2012 година на начин и форма наведени во Повторното Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-38 на  15.03.2012 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда по предметот Повторно Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на М.К. да му ја достави бараната информација најдоцна до 08.06.2012 година на начин и форма наведени во Повторното Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
М.К. од Скопје на 05.12.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда, заведено под бр.19-4683/1, со кое побарал по пошта да му достават препис од следната информација “Соодветен акт со деловодни податоци: Бр.__ од дата __ Скопје при Министерството за правда, со кој во прилог на актот ќе ми се достави подоле наведената форма на подзаконски акт со кој е дефиниран начинот на примањето и распоредувањето на притворените во затворите во согласно со одредбите од член 194 став (4) од Закон за кривичната постапка објавен во Службен весник на Р.М. во следните: Бр.15/1997; …; Бр.51/2011.“
Во врска со ова Барање, Министерството за правда, доставило Известување до барателот заведено под бр.19-4683/2 на 27.12.2011 година. Во Известувањето се наведува:
“-распоредувањето на осудените и притворените лица во затворите се врши врз основа на Решение за распоредување на осудените и малолетните лица во казнено-поправните установи и на притворените лица во притворските одделенија на казнено-поправните установи, донесено врз основа на член 19 став 5 од Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на Република Македонија” бр.2/06). Решението Ви го доставуваме во прилог.“
Незадоволен од добиениот одговор, М.К. од Скопје, на 10.01.2012 година поднел Повторно Барање до Министерството за правда, заведено под бр.19-97/1, со кое побарал по пошта да му достават “Соодветен акт со деловодни податоци: __ Бр. __ од датум____ година при Министерство за правда, Скопје, Р.М. со кој акт ќе ми се достават бараните информации согласно со одредбите од Поднесок: Барање… со деловодни податоци: 19 Бр.4683/1 од датум 05.12.2011 година при Министерство за правда, Скопје, Р.М.“  
Министерството за правда, како што се наведува во Жалбата, не одговорило на Повторното Барање, по што се смета дека Повторното Барање е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата
Комисијата со допис бр.07-38 од 16.03.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Министерството за правда достави Одговор по жалба бр.19-97/6 од 02.04.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-38 на 05.04.2012 година и Одговор по жалба бр.19-97/7 од 09.04.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-38 на 12.04.2012 година.
Во Одговорот е наведено дека “Министерството за правда до М.К. доставило одговор на Барањето бр.19-97/2 од 18.01.2012 година. Дописот со доставницата е вратен во Министерството за правда, бидејќи М.К. одбил да го прими одговорот поради тоа што во презимето била напишана буквата “в”…и печат за одбивање на приемот.“  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Министерството за правда постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во законски предвидениот рок до барателот М.К. испратил одговор на Повтореното Барање. Со оглед на тоа што била направена печатна грешка во презимето на барателот на пликото за достава на одговорот, истиот не бил примен од страна на барателот.
Поради наведеното, Комисијата му укажува на Министерството за правда дека е должно повторно да го испрати одговорот до барателот М.К., со исправка на печатната грешка во презимето на барателот.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

                      * * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 15 мај 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Фондот на барателот да му ја достави бараната информација “Барам да ми издадете препис од оригиналниот примерок во архивата на ФЗОМ од испратениот одговор до работодавачот М-НАВ А.Д. Скопје врз основа на извршена контрола во ПЗУ Др.Трајковски во текот на месец Јануари 2011 година во мојот здравствен картон а во врска со боледување од 18.08.2011 до 01.09.2011 година по пријава од мојот работодавач М-НАВ А.Д. Скопје.“ на начин и форма наведени во Барањето и да му овозможи да изврши увид во предметот-записник од контролата, најдоцна до 08.06.2012 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-98 на 06.04.2012 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Фондот на барателот Ф.П. да му ја достави бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето и да му овозможи да изврши увид во предметот-записник од контролата најдоцна до 08.06.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Ф.П. од Скопје на 01.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, заведено под бр.4795, со кое побарал по пошта или лично на рака да му достават препис од следната информација.
“Барам да ми издадете препис од оригиналниот примерок во архивата на ФЗОМ од испратениот одговор до работодавачот М-НАВ А.Д. Скопје врз основа на извршена контрола во ПЗУ Др.Трајковски во текот на месец Јануари 2011 година во мојот здравствен картон а во врска со боледување од 18.08.2011 до 01.09.2011 година по пријава од мојот работодавач М-НАВ А.Д. Скопје.“ и да му овозможат да изврши увид во предметот-записник од контролата.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на барателот не му одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-98 од 10.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 * * * * *  

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П. Б. од Скопје, поднесена против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15.05.2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Упатство за организација и начинот на вршење на работите во постапката за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување со користење на податоците од матичната евиденција по автоматски пат.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-93 на 29.03.2012 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, П.Б. од Скопје на 14.03.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и побарал да му достават печатена или електронска копија од следната информација.
“Упатство за организација и начинот на вршење на работите во постапката за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување со користење на податоците од матичната евиденција по автоматски пат.“
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорил со Известување бр.02-946/6 од 19.03.2012 година. Со наведениот допис го известиле П.Б. дека не се надлежни да го достават упатството на надворешно лице, бидејќи истиот се користи за интерна употреба на вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
Незадоволен од наведениот допис, П.Б. од Скопје, достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-93 од 02.04.2012 година, ја препрати Жалбата до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, примено во Фондот на 03.04.2012 година, и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
П.Б. на 03.05.2012 година, по е-маил ја извести Комисијата дека со допис бр.02-946/5 од 05.04.2012 година, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија му ја доставил бараната информација.   
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија на 07.05.2012 година, до Комисијата достави Известување бр.02-946/5 од 05.04.2012 година, насловено до П.Б. и до Комисијата, за достава на Упатството во прилог на истото.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, Комисијата укажува дека доставувањето на одговорите треба да се врши согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15.05.2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Соодветен акт со деловодни податоци Бр.___од дата ___при соодветно надлежен орган, со кој ќе ми се достават соодветни информации (надлежен орган, надлежен сектор, надлежно одделение, генералиите на службено одговорно лице, како и соодветни деловодни податоци во врска со следниот акт) за акт: Проект „Граѓанинот пред се“.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-40 од 15.03.2012 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерство за информатичко општество и администрација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата М.К. од Скопје, на 05.12.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за информатичко општество и администрација и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Соодветен акт со деловодни податоци Бр.___од дата ___при соодветно надлежен орган, со кој ќе ми се достават соодветни информации (надлежен орган, надлежен сектор, надлежно одделение, генералиите на службено одговорно лице, како и соодветни деловодни податоци во врска со следниот акт) за акт: Проект „Граѓанинот пред се“.“.
Министерството за информатичко општество и администрација, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-40 од 21.03.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за информатичко општество и администрација и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Министерството за информатичко општество и администрација достави Одговор на жалба бр.14/4-1956/2 од 23.03.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-40 на 02.04.2012 година. Во Одговорот Министерството наведува дека постапило по Барањето и позитивно одговорило. Во прилог на Одговорот на Жалба, Министерството за информатичко општество и администрација достави фотокопија од Одговорот насловен до М.К. на адреса Пост рестант-Македонска Пошта во чиј прилог му ја доставило бараната информација. Како потврда дека М.К. го добил одговорот Министерството достави фотокопија од испратницата, потпишана од Милутин Крстески на 23.02.2012 година.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
 
* * * * *

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 мај  2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали Министерството за транспорт и врски отпочна постапка за Државната планска урбанистичка документација за Х.Е. Бошков Мост и Х.Е. Луково Поле? Дали Министерството за транспорт и врски донесе одлука за спроведување стратегиска оцена согласно член 65 од Законот за животна средина и објави Известување за изработка на планскиот документ Државната планска урбанистичка документација за објектите  Х.Е.Луково Поле и Х.Е. Бошков Мост согласно член 4 од Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (согласно измените на Уредбата од 2011 година)? Доколку одговорот е позитивен, Ве молиме да ни испратите фотокопија од одлуката и конкретен линк до известувањето за изработка на планскиот документ. Доколку одговорот е негативен Ве молиме навремено да не известите за донесување на оваа одлука и објавување на известувањето“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-22 на 15.02.2012 година, изјавена од Граѓанското здружение Фронт 21/42 од Скопје поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Граѓанското здружение Фронт 21/42 од Скопје, на 28.12.12.2011 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
“Дали Министерството за транспорт и врски отпочна постапка за Државната планска урбанистичка документација за Х.Е. Бошков Мост и Х.Е. Луково Поле? Дали Министерството за транспорт и врски донесе одлука за спроведување стратегиска оцена согласно член 65 од Законот за животна средина и објави Известување за изработка на планскиот документ Државната планска урбанистичка документација за објектите  Х.Е.Луково Поле и Х.Е. Бошков Мост согласно член 4 од Уредба за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (согласно измените на Уредбата од 2011 година)? Доколку одговорот е позитивен, Ве молиме да ни испратите фотокопија од одлуката и конкретен линк до известувањето за изработка на планскиот документ. Доколку одговорот е негативен Ве молиме навремено да не известите за донесување на оваа одлука и објавување на известувањето“.
Министерството за транспорт и врски, како што се наведува во Жалбата, на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-22 од 21.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Министерството за транспорт и врски достави Произнесување по Жалба бр.23-4796/2, а во Комисијата заведено под бр.07-22 на 14.03.2012 година. Во прилог на Произнесувањето Министерството достави фотокопија од Известие насловено до Здружение на граѓани Фронт 21/42, заведено под бр.16-3715/1 на 13.02.2012 година. Наведеното Известие фактички претставува одговор на Барањето.
Незадоволно од одговорот на Барањето Здружение на граѓани Фронт 21/42, достави Дополнување на Жалба, заведено во Комисијата под бр.07- 22 на 16.03.2012 година.
Комисијата со допис бр.07-22 од 16.03.2012 година, го препрати дополнувањето на Жалба до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
По препраќањето на дополнувањето на Жалбата и телефонските разговори со службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот и укажувањата во врска со постапката, Министерството за транспорт и врски, достави произнесување по дополнувањето бр.23-7102/4 од 04.04.2012 година, во Комисијата заведено под бр.07-22 на 12.04.2012 година.
Во прилог на Произнесувањето достави фотокопија од Заклучок за прекинување на постапката бр.23-7102/2 од 04.04.2012 година.
По добивањето на наведениот Заклучок, Здружение на граѓани Фронт 21/42, ја извести Комисијата дека, Образложението на Заклучокот содржи одговор на сите точки наведени во поднесеното барање. Понатаму наведува дека, со овој допис Министерството за транспорт и врски му ги доставило бараните информации но со задоцнување.      
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО  ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 мај 2012 година, го донесе следниот

                                          З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Соодветен акт со деловодни податоци при надлежниот орган, со кој акт во прилог на истиот ќе ми се достави: 1. Препис – заверена фотокопија од акт: Наредба со деловодни податоци бр.03-5469/3 од 02.11.2011 год. Скопје при Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ; 2. Препис – заверена фотокопија од акт: Наредба со деловодни податоци бр.02-6184/1 од 15.11.2010 год. Скопје при Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ. Забелешка: Погоре наведените акти, наредби, се објавени на огласна табла во внатрешноста на Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ (пред пријавницата и пред приемен шалтер за архива) на адреса: бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17 Скопје РМ“,  поради тоа што на барателот му е доставен одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-39 на 15.03.2012 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија и го утврди следното:
М.К., како што е наведено во Жалбата, на 19.12.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија, заведено под бр.60-…и побарал по пошта да му ја достават следната информација:
 „Соодветен акт со деловодни податоци при надлежниот орган, со кој акт во прилог на истиот ќе ми се достави: 1. Препис – заверена фотокопија од акт: Наредба со деловодни податоци бр.03-5469/3 од 02.11.2011 год. Скопје при Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ; 2. Препис – заверена фотокопија од акт: Наредба со деловодни податоци бр.02-6184/1 од 15.11.2010 год. Скопје при Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ. Забелешка: Погоре наведените акти, наредби, се објавени на огласна табла во внатрешноста на Службата за општи и заеднички работи при Владата на РМ (пред пријавницата и пред приемен шалтер за архива) на адреса: бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17 Скопје РМ “.
Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-39 од 16.03.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од Владата на Република Македонија во рок од три дена од денот на доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.  
Во врска со ова Барање Владата на Република  Македонија – Генерален секретаријат, достави Одговор на Жалба бр.60-8120/4-11 од 26.03.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-39 на 05.04.2012 година, во кој наведува дека доставило Известување по Барањето до М.К.. Во прилог на Одговорот достави Известување бр.60-8120/3 од 07.02.2012 година, насловено до М.К., со кое барателот го известува дека неговото Барање е препратено до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија „Со оглед дека се работи за прашање што е во надлежност на Службата…“. Исто така, достави и фотокопија од Препраќање на Барање бр. 60-8120/2-11 од 07.02.2012 година, како и фотокопија од препорачана поштенска пратка RR117642593MK, со доставен печат од 07.02.2012 година и поштенски печат „не прима“ од 23.02.2012 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека до барателот е доставен одговор, односно Барањето е препратено до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата, но препраќањето на Барањето и известувањето на барателот е сторено со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето и на адреса на барателот доставил одговор на Барањето. Зошто барателот не ја подигнал поштенската пратка која го содржела одговорот на Барањето, на Комисијата не и е познато.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

    Покрај споменатите заклучоци,  Комисијата донесе уште 48 заклучоци со кои се запира постапката по жалбите изјавени од Здружението за истражување на политики – Аналитика, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесени против Министерството за внатрешни работи, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањата.