ДОНЕСЕНИ ШЕСТ РЕШЕНИЈА И ШЕСТ ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 22 седница, одржана на 12 април 2012 година, донесе шест решенија и шест заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, поднесена против Известувањето на Општина Центар, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.М. од Скопје, поднесена против Известувањето на Општина Центар бр.08-47/2 од 20.01.2012 година, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-42 од 20.03.2012 година, изјавена од А.М. од Скопје, поднесена против Известувањето на Општина Центар бр.08-47/2 од 20.01.2012 година и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното.
А.М. поднела писмено барање до Министерството за транспорт и врски, но во истото не се повикала на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Наведеното Барање Министерството за транспорт и врски по службена должност, а со цел произнесување по истото го доставило до Општина Центар.
Општина Центар во врска со ова Барање, доставила Известување до Министерството за транспорт и врски, против кое А.М. поднесе Жалба до Комисијата.
Во преписката меѓу барателот и надлежните институции, не се споменува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ниту пак содржината на Барањето е согласно наведениот Закон.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација.“
Во конкретниов случај содржината на Барањето и постапката по истото не се согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од тие причини и жалбената постапка не може да се спроведе согласно наведениот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Соодветен акт со деловодни податоци: Бр____од дата______, Скопје при Министерството за правда, со кој во прилог на актот ќе ми се достави подоле наведената форма на подзаконски акт со кој е дефиниран начинот на примањето и распоредувањето на притворените во затворите во согласност со одредбите од член 194 став (4) од Законот за кривичната постапка објавен во Службен весник на Р.М. во следните: бр15/1997;..бр.51/2011“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-37 на 15.03.2012 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Министерството за правда и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
М.К., како што е наведено во Жалбата, на 05.12.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда заведено под бр.19- 4683/1и побарал по пошта да му ја достават следната информација “Соодветен акт со деловодни податоци: Бр____од дата______, Скопје при Министерството за правда, со кој во прилог на актот ќе ми се достави подоле наведената форма на подзаконски акт со кој е дефиниран начинот на примањето и распоредувањето на притворените во затворите во согласно со одредбите од член 194 став (4) од Законот за кривичната постапка објавен во Службен весник на Р.М. во следните: бр15/1997;..бр.51/2011“.
Министерството за правда како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-37 од 19.03.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од Министерството за правда во рок од три дена од денот на доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Министерството достави Одговор на Жалба бр.19-97/5 од 02.04.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-37 на 05.04.2012 година, во кој наведува дека доставило одговор на Барањето до М.К. Во прилог на Одговорот достави Известување бр.19-4683/2 од 27.12.2011 година, насловено до М.К, кое фактички е одговор на неговото Барање. Исто така, достави и фотокопија од доставница потпишана од М.К. на 29.12.2011година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека наводите во Жалбата се неосновани односно, немало молчење на администрација. Министерството за правда одговорило на Барањето на М.К. во законски предвидениот рок (доказ фотокопија од одговор и фотокопија од доставница).
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Управен суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Управен суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “На подносителот на барањето е познато да за тужби, пресуди, решенија управниот суд создава информации – налози за плаќање на судски такси…непознато е да решава Жалби и за таа работа бара надоместок од 800,00 денари?! Затоа што, одлучува во управната постапка како орган во прв степен, а во управен спор во трет, па Претседателот на Управниот суд, треба да донесе Решение во кое како имател на информации, ќе посочи со кој правен пропис тој суд е овластен да прима Жалби кога се доставуваат до друг суд…? “, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-28 на 24.02.2012 година, изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Управен суд и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
Д.Л. како што е наведено во Жалбата на 25.01.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управен суд и побарал по пошта да му ја достават следната информација “На подносителот на барањето е познато да за тужби, пресуди, решенија управниот суд создава информации – налози за плаќање на судски такси….“.
Управениот суд одговорил на ова барање со допис бр. 03-6/4 од 09.02.2012 година. Незадоволен од наведениот Одговор Д.Л. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-28 од 29.02.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од Управниот суд во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Управниот суд достави Одговор на Жалба бр.03-6/7 од 01.03.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-28 на 05.03.2012 година. Во прилог на Одговорот ги достави и списите во врска со предметот и фотокопија на Одговорот насловен до Д.Л. бр.03-6/4 од 09.02.2012 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува дека „Судот како имател на информации, смета дека се неосновани наводите на барателот истакнати во жалбата дека Управниот суд неосновано наплаќа судски такси за жалба, со оглед да надлежен да решава по жалбата е Вишиот управен суд, од причина што во Законот за судските такси е јасно и прецизно дефинирано кога настанува таксената обврска и кои се лицата кои според закон се должни да ја платат судската такса, а кое нешто претставува облигаторна обврска и услов за преземање на дејствија од страна на Судот во управно-судската постапка“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Управниот суд на барањето од Д.Л. позитивно одговорил во рок и форма предвидени во Законот.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Основен суд Скопје 1 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Основен суд Скопје 1 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Да ни се достави дозвола ИСТ бр.44/07 од 29.01.2007 година донесена од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје“, СЕ ОДБИВА
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-33 на 12.03.2012 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот Пји.бр. 8/12 од 01.03.2012 година на Основен суд Скопје 1 Скопје и ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.У., како што е наведено во Жалбата, на 28.02.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Скопје 1 Скопје и побарал по пошта да му ја достават следната информација “Да ни се достави дозвола ИСТ бр.44/07 од 29.01.2007 година донесена од Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје “.
Основен суд Скопје 1 Скопје во врска со ова барање на 01.03.2012 година донел Заклучок за прекинување на постапката Пји.бр. 8/12. Во образложението на Заклучокот наведува дека не располага со бараната информација. Незадоволен од наведениот Заклучок, В.У. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-33 од 21.03.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од Основен суд Скопје 1 Скопје во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Основен суд Скопје 1 Скопје достави Одговор на Жалба Пји.бр.8/12 од 26.03.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-33 на 29.03.2012 година. Во прилог на Одговорот ги достави и списите во врска со предметот и фотокопија од оспорениот Заклучок.
Во Одговорот Судот останува на тврдењето дека не располага со бараната информација. Покрај другото наведува и дека „Судот при одлучувањето ги имаше во предвид чл.18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и чл.10 од Законот за изменување и дополнување на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер… Предвид на цитираниве одредби имателот на информацијата кој го примил барањето е должен применото барање да го препрати до имателот на информацијата доколку не располага со бараната информација, но и доколку според содржината на барањето може да се утврди кој е имател на бараната информација. ….согласно законските и деловоднички овластувања не одлучува под ознака „ИСТ“, ниту во кривични, ниту во граѓански, ниту во управни предмети за да може судот да го препрати поднесеното барање до друг суд.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Основен суд Скопје 1 Скопје на Барањето од В.У. одговорил во рок и форма предвидени во Законот.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Одговорот на Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок бр.10-655/1 од 16.02.2012 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, да му овозможи пристап до бараната информација “Копија од издадено решение за платен данок, на основ донесен заклучок за предавање на недвижност во владение за стан бр.25, зграда 1, влез 1 на ул. “Разловечко востание бр.26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје “, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-30 на 28.02.2012 година, изјавена од З.П. од Скопје, поднесена против Одговорот на Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок бр.10-655/1 од 16.02.2012 година, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
З.П. од Скопје на 14.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок, со кое побарал да му овозможи пристап до бараната информација “Копија од издадено решение за платен данок, на основ донесен заклучок за предавање на недвижност во владение за стан бр.25, зграда 1, влез 1 на ул.“Разловечко востание бр.26 Скопје, претходно сопственост на АДГ Маврово Скопје“, заведено во Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за наплата на данок на промет на недвижности и данок на наследство и подарок под бр.21-654/1.
Во врска со ова Барање, Град Скопје-Сектор за финансиски прашања, доставил Одговор до барателот заведен под бр.10-655/1 на 16.02.2012 година. Во Одговорот се наведува “Ве известуваме дека Сектор за финансиски прашања, Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок утврди дека лицето З.П. од Скопје, ул. “Рафаело Батино“ бр.19, не е евидентирано како даночен обврзник за данок на промет на недвижности по основ на заклучок за предавање на недвижност во владение и врз основа на наведеното не може да ја достави бараната информација, а согласно Законот за заштита на личните податоци“.
Незадоволен од добиениот одговор, Здравко Попоски од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-30 од 28.02.2012 година.
Комисијата со допис бр.07-30 од 06.03.2012 година ја препрати Жалбата до Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Град Скопје-Сектор за финансиски прашања достави Одговор на Жалба бр.10-665/1 од 09.03.2012 година, заведен во Комисијата под бр.07-30 на 16.03.2012 година.
Во Одговорот е наведено дека “…..врз основа на член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, овој орган го одби барањето на барателот на информацијата од причини што во решението за данок на промет на недвижности кое го изготвува овој орган, се наведени лични податоци на учесниците во постапката (ЕМБГ на даночниот обврзник и други странки во постапката, адреса на живеење.)“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Град Скопје-Сектор за финансиски прашања- Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Одговорот до барателот, Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок, како причина за неовозможување на пристапот до бараната информација, го наведува Законот за заштита на личните податоци, Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработка на личните податоци и член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно став 3 од наведениот член, односно должен е да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата, во спротивно ќе донесе Решение за одбивање на барањето.
Доколку пак Град Скопје-Сектор за финансиски прашања- Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Град Скопје-Сектор за финансиски прашања-Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок треба да утврди дали може да му ја достави бараната информација на барателот со бришење на личните податоци на лицата наведени во документот или да донесе Решение за одбивање на пристапот со образложение согласно Законот.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Заклучокот бр.03-1872/6 од 07.03.2012 година на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Жалбата поднесена за делот од Барањето наведено во точка 2 подточка а) кое се однесува на: “Фотокопија од регистриран налог со архивски број 04-78/1 од 23.01.2009 година.” СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.05.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-23 од 20.02.2012 година, изјавена од Д.М. од Скопје, поднесена против Заклучокот бр.03-1872/6 од 07.03.2012 година на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
Комисијата ја УВАЖИ Жалбата поднесена за делот од Барањето кое се однесува на информацијата наведена во точка 2 подточка а) и го ЗАДОЛЖИ Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.05.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
Д.М. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 06.12.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје и побарала во фотокопија да и достават одредени документи, наведени во Барањето во три точки и неколку подточки.
Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-23 од 21.02.2012 година, ја препрати Жалбата до Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Филолошкиот факултет во врска со ова барање на Комисијата, достави Одговор на жалба бр.03-1872/5 од 28.02.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-23 од 05.03.2012 година, во прилог на кој ги достави информациите со кои располага и фотокопија од повратница за достава на истите, уредно потпишана од Д.М.. Во Одговорот, Факултетот наведува дека информацијата-прегледот на настани за работно време за 2008 година за барателот на информации, не е во можност да ја достави, бидејќи компјутерот на кој се бележат настаните за евиденција на работното време на вработените се расипал поради дотраеност.
Службеното лице кое постапува по предметот, во врска со цитираниот одговор, му укажа на службното лице на Факултетот дека за информацијата со која не располага е должен да постапи согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да донесе Заклучок за прекинување на постапката.
Незадоволна од Одговорот на Жалбата бр.03-1872/5 од 28.02.2012 година на Филолошкиот факултет, Д.М. на 12.03.2012 година, до Комисијата достави Дополнување и проширување на Жалба, заведено под бр.07-23.
Во Дополнувањето и проширувањето на Жалбата, Д.М. наведува дека истото го поднесува против Заклучокот за прекинување на постапката бр.03-1872/6 од 07.03.2012 година, и против делумно доставените информации. Имено, информациите наведени во точка 2, подточки а и б од Барањето, и се доставени нецелосно, односно недостасуваат фотокопии за дел од архивски регистрирани налози за календарската 2009 и 2010 година. За останатите информациите доставени со Одговорот на Жалбата, Д.М., наведува дека нема забелешки.
Комисијата со допис бр.07-23 од 14.03.2012 година, го препрати Дополнувањето и проширувањето на Жалба до Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истото и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Филолошкиот факултет достави Одговор на дополнување на жалба бр.03-1872/10 од 19.03.2012 година, испратен и до Д.М., во прилог на кој ги доставил бараните информации.
Незадоволна од Одговорот на Жалбата бр.03-1872/10 од 19.03.2012 година на Филолошкиот факултет, Д.М. на 21.03.2012 година, до Комисијата достави Повторно дополнување и проширување на Жалба, заведено под бр.07-23.
Во Повторното дополнување и проширување на Жалба, Д.М. наведува дека истото го поднесува против Заклучокот за прекинување на постапката бр.03-1872/6 од 07.03.2012 година, и против делумно доставените информации. За информациите доставени со Одговорот на Жалбата, Д.М., наведува дека нема забелешки, но смета дека не се целосни и “недостасува информација по-налог бр.04-78/1 од 23.01.2009 година…”
Комисијата со допис бр.07-23 од 26.03.2012 година, го препрати Повторното дополнување и проширување на Жалбата до Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истото и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје не одговори на ова барање на Комисијата и до Д.М.не ја достави бараната информација, само со допис ја известил дека не се во можност да го обезбедат налогот.
Незадоволна од цитираниот допис, заведен во Филолошкиот факултет под бр.03-1872/15 од 30.03.2012 година, Д.М. на 09.04.2012 година, до Комисијата достави Повторно-дополнување и проширување на жалба, во кое наведува дека истото го поднесува против содржината на Заклучокот бр.03-1872/6 од 07.03.2012 година, и против дописот со кој факултетот ја известил Д.М. дека не се во можност да го обезбедат налогот и потребно им е дополнително време за да ја најдат бараната информација
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на Барањето за пристап до информации од јавен карактер не одговорил во законски предвидениот рок и форма.
Наместо во законски предвидениот рок Факултетот делумно ги достави информациите до Д.М. со задоцнување од повеќе од 2 месеци по истекот на рокот и во делови на неколку наврати, што упатува на крајно несериозен пристап на Факултетот во конкретната постапка.
Во врска со наведеното, Комисијата му укажува на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје дека согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, бр.6/2010) е должен по Барањето за пристап до информации од јавен карактер веднаш да одговара, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето.
Со оглед на тоа што, Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје, ја создал и располага со бараната информација “Фотокопија од регистриран налог со архивски број 04-78/1 од 23.01.2009 година”, е должен да ја достави до барателката Душица Милиќевиќ, на начин и во форма наведени во Барањето, најдоцна до 01.05.2012 година.
Што се однесува до информацијата наведена во точката 1 подточка а) од Барањето, која гласи-“Прегледот на настанитe”, односно евидентираното работно време за Д.М. за 2008 година, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел правилен и врз закон заснован Заклучок.
Комисијата утврди дека Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје правилно се повикал и го применил член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), кој гласи: ”Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.”
Врз основа на спроведената постапка по Жалбата, Комисијата утврди дека Заклучокот на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”-Скопје е правилен и врз закон заснован.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈП Македонски шуми – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈП Македонски шуми – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали ЈП Македонски шуми Скопје дел од вишокот на средствата остварени од работењето има уплатувано во Буџетот на Р. Македонија во 2008 г., 2009 г. и 2010 г. согласно чл.1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-34 на 14.03.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈП Македонски шуми – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.М. од Кавадарци, како што е наведено во Жалбата, на 02.02.2012 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП Македонски шуми – Скопје и побарал по пошта да му ја достават следната информација „Дали ЈП Македонски шуми Скопје дел од вишокот на средствата остварени од работењето има уплатувано во Буџетот на Р. Македонија во 2008 г., 2009 г. и 2010 г. согласно чл.1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија“.
ЈП Македонски шуми – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр. 07-34 од 16.03.2012 година ја препрати Жалбата до ЈП Македонски шуми – Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање ЈП Македонски шуми – Скопје достави Известување бр.02-68/3-1 од 22.03.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-34 на 05.04.2012 година. Во прилог на Известувањето достави и Известување бр.02-68/1-2 од 22.03.2012 година, насловено до М.М. од Кавадарци. Известувањето, меѓу другото, содржи и одговор на Барањето од барателот.
М. М. на 06.04.2012 година, со допис ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата, затоа што е задоволен од добиеното Известување од ЈП Македонски шуми – Скопје.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека ЈП Македонски шуми – Скопје одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од М.М. од Кавадарци, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Општината Чешиново-Облешево, застапувана од градоначалникот Ј.Л., поднесена против ЕВН Македонија-дистрибуција Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Општината Чешиново-Облешево, застапувана од градоначалникот Ј.Л., поднесена против ЕВН Македонија-дистрибуција Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Вкупен број на броила на територија на општината по кој ја пресметувате комуналната такса за јавно осветлување, односно број на фактурирани корисници.”, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-32 од 05.03.2012 година, изјавена од Општината Чешиново-Облешево, застапувана од градоначалникот Ј.Л., поднесена против ЕВН Македонија-дистрибуција Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Општината Чешиново-Облешево, како што е наведено во Жалбата, до ЕВН Македонија-дистрибуција Кочани поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено под бр.03-1979/1 од 29.12.2011 година и побарала по пошта да и достават препис или писмена информација за:
”Вкупен број на броила на територија на општината по кој ја пресметувате комуналната такса за јавно осветлување, односно број на фактурирани корисници.”
ЕВН Македонија-дистрибуција Кочани, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-32 од 08.03.2012 година, ја препрати Жалбата до ЕВН Македонија-АД Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, ЕВН Електростопанство на Македонија-АД за дистрибуција на електрична енергија-Скопје достави Одговор бр.09-2358/2 од 19.03.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-32 на 22.03.2012 година. Во одговорот наведува “За да ја доставиме бараната информација ни беше потребно период во кои требаше да изградиме нов модел на софтверско решение односно извештај во кој податоците ќе бидат на ниво на поединечен корисник. Извештајот е веќе имплементиран и истиот денес е испратен до наведената општина.“
Општината Чешиново-Облешево на 05.04.2012 година, до Комисијата достави допис-Информација по поднесена Жалба заведен под бр.03-585/1 од 27.03.2012 година, со кој потврдува дека на 16.03.2012 година ЕВН Македонија им доставила одговор. Во дописот се наведува ”Одговорот се состоеше од листа (заклучен лист) на која се испишани повеќе категории како (број на броило, место, улица број и сл.) Одозгора на листата со маркер е испишан бројот 2462. Бидејќи како што наведовме во Жалбата со ЕВН Македонија имаме судски спор…очекувавме Одговорот од страна на ЕВН да содржи и други податоци…Вака добиениот Одговор сметаме дека не е целосен и дека треба да постапите по Жалбата бидејќи од друга страна истиот не е добиен навреме.”
Во врска со наведеното, Комисијата на Општината и укажува на следново.
Во Барањето за пристап до информации, Општината побарала од ЕВН Македонија информација само за бројот на броила, и таква информација и е доставена. Во Барањето, Општината не навела дека бара и други податоци и не може да очекува од имателот да достави информации по параметри кои не ги побарала. Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека наводите во цитираниот допис дека Одговорот не е целосен, се неосновани.
Во конкретниов случај, согласно член 24 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), Општината Чешиново-Облешево може со ново барање за пристап до информации да побара од ЕВН Македонија да и достави и други податоци “како на пример дали е тоа фиксен број на броила…или пак тој број е променлив секој месец.”, заедно со одговорот кој го добила.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека ЕВН Македонија-АД Скопје одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Општината Чешиново-Облешево, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата му укажува на конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.М. од Скопје, поднесена против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Б.М. од Скопје, поднесена против Општина Центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација: “Известување по барање бр.08-86/1 од 05.01.2012 година за програма за времени објекти ако има“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-36 од 14.03.2012 година, изјавена од Б.М. од Скопје, поднесена против Општина Центар и го утврди следното.
Б.М. од Скопје, како што се наведува во Жалбата, на 10.02.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Известување по барање бр.08-86/1 од 05.01.2012 година за програма за времени објекти ако има“.
Општина Центар, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Б.М. од Скопје, на 19.03.2012 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-36, во кое наведува дека добил одговор на Барањето и ја повлекува Жалбата.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Општина Центар одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Б.М. од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија – Подрачна единица Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија – Подрачна единица Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Колку управни постапки насловот има иницирано против ЈП „Македонски шуми“ Подружница „Бор“ Кавадарци за исплата на камата за исплатениот главен долг кој е наплатен по Решенијата за извршување во временскиот период од 01.01.2008г. до 21.11.2011г.“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-12 на 20.01.2012 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија – Подрачна единица Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.М. од Кавадарци, како што е наведено во Жалбата, на 21.11.2011 година, до Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија – Подрачна единица Кавадарци, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер и побарал по пошта да му ја достават следната информација „ Колку тужби насловот има поднесено против ЈП „Македонски шуми“ Подружница ШС „Бор“ Кавадарци за исплата на камата на исплатениот главен долг кој е наплатен по Решенијата за извршување во временскиот период од 01.01.2008 г. до 21.11.2011 г.“.
Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија – Подрачна единица Кавадарци, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр. 07-12 од 24.01.2012 година, ја препрати Жалбата и побара од Фондот во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање Фондот достави Известување бр.23-141/2 од 20.01.2012 година, а во Комисијата заведено под бр.07-12 на 02.02.2012 година. Во прилог на Известувањето ги достави и другите списи во врска со предметот. Во Известувањето е наведено дека Барањето е конфузно и нејасно, истото треба да се дополни и дообјасни.
М.М. на 05.03.2012 година, достави до Комисијата Дополнување на Жалба бр. 07-12, во кое наведува дека на 01.03.2012 година до Фондот доставил дополнето и прецизирано барање кое гласи:
„Колку управни постапки насловнот има иницирано против ЈП „Македноски шуми“ Подружница „Бор“ Кавадарци за исплата на камата за исплатениот главен долг кој е наплатен по Решенија за извршување во временскиот период од 01.01.2008г. до 21.11.2011г.“
Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија – Подрачна единица Кавадарци достави до Комисијата Известување бр. 23-358/3 од 12.03.2012 година, а во Комисијата заведено под бр. 07-12 на 22.03.2012 година. Во прилог на дописот испрати фотокопија од Известувањето насловено до адвокатот М.М., со кое му е одговорено на дополнувањето на Барањето.
М.М. на 22.03.2012 година, со допис ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата, затоа што е задоволен од дополнителното Известување, Одговор од страна на Фондот за ПИО во врска со бараната информација.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија – Подрачна единица Кавадарци одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од М.М. од Кавадарци, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од “Б. -М. “- ДООЕЛ од Скопје, поднесена против Општина Центар-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 12 април 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од “Б.-М“ ДООЕЛ од Скопје, поднесена против Општина Центар-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Записник бр.32-983/6 во оргинална форма со податоци на правното лице и адреса каде е извршено уривањето“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-35 на 14.03.2012 година, изјавена од “Б.-М. “ ДООЕЛ од Скопје, поднесена против Општина Центар-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
“Б.-М. “ ДООЕЛ од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 10.02.2012 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Центар-Скопје, заведено под бр.10-1277/2 и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Записник бр.32-983/6 во оргинална форма со податоци на правното лице и адреса каде е извршено уривањето“
Општина Центар-Скопје, како што е наведено во Жалбата на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
“Б.-М.„ ДООЕЛ од Скопје на 19.03.2012 година достави Поднесок до Комисијата заведен под број 07-35, во кој наведува дека ја повлекуваат Жалбата бидејќи ја добиле бараната информација.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Општина Центар-Скопје му ја доставила бараната информација на барателот, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.