ДОНЕСЕНИ 6 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата седумнаесета седница одржана на 22 февруари 2012 година, донесе 6 решенија и 1 заклучок.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на  22 февруари 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер фотокопија од “Годишниот финансиски извештај за 2010 год. на Министерството за одбрана кој содржи Извештај за извршени ревизии и активности на внатрешната ревизија, а е поднесен до Централната единица за хармонизација на системот за јавна внатрешна контрола во Министерството за финансии“, СЕ УВАЖУВА.
Решението на Министерството за финансии бр.03-41312/4 од 09.01.2012 година, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број  07-8 на 11.01.2012 година, изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, ЈА УВАЖИ Решението на Министерството за финансии бр.03-41312/4 од 09.01.2012 година, го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Здружението за истражување политики-Аналитика како што е наведено во Жалбата на 15.12.2011 година, поднело  Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.138/11, до Министерството за финансии и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Годишниот финансиски извештај за 2010 год. на Министерството за одбрана кој содржи Извештај за извршени ревизии и активности на внатрешната ревизија, а е поднесен до Централната единица за хармонизација на системот за јавна внатрешна контрола во Министерството за финансии“.
Министерството за финансии во врска со наведеното Барање, на 09.01.2012 година, донело Решение бр.03-41312/4, со кое го одбило пристапот до бараната информација, со образложение дека истата согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е класифицирана информација со соодветен степен на тајност и истата не може да биде достапна за барателот. Во оспореното Решение не наведува со кој степен на класификација е означена бараната информација, ниту пак наведува до кој временски период или настан истата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана.
Незадоволно од наведеното Решение, Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-8 од 25.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии достави Одговор на Жалба бр.03-41312/6-11 од 01.02.2012 година, во Комисијата заведен под бр. 07-8 на  06.02.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Министерството останува на образложението од оспореното Решение, односно дека бараната информација согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот, претставува исклучок од слободниот пристап. Во однос на наводите во Жалбата во врска со задолжителното спроведување на тестот на штетност, Министерството смета дека, “…нема потреба од спроведување на тест на штетност бидејќи во секој случај информацијата не смее да биде предмет на давање“.
Во врска со наведеното Комисијата на Министерството за финансии му укажува на следното.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно став 3 од наведениот член, односно должен е да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата.
Во конкретниов случај Министерството за финансии утврдило дека, бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап,  но не го спровело тестот на штетност, постапка која согласно Законот е задолжителна.
Доколку пак Министерството за финасии во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и му укажува дека при повторното постапување по предметот, треба да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 22 февруари 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер фотокопија од “Годишниот финансиски извештај за 2010 год. на Министерството за внатрешни работи кој содржи Извештај за извршени ревизии и активности на внатрешната ревизија, а е поднесен до Централната единица за хармонизација на системот за јавна внатрешна контрола во Министерството за финансии“, СЕ УВАЖУВА.
Решението на Министерството за финансии бр.03-41313/4 од 09.01.2012 година, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број  07-9  на 11.01.2012 година, изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, ЈА УВАЖИ Решението на Министерството за финансии бр.03-41313/4 од 09.01.2012 година, го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Здружението за истражување политики-Аналитика како што е наведено во Жалбата на 15.12.2011 година, поднело  Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.137/11, до Министерството за финансии и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Годишниот финансиски извештај за 2010 год. на Министерството за внатрешни работи кој содржи Извештај за извршени ревизии и активности на внатрешната ревизија, а е поднесен до Централната единица за хармонизација на системот за јавна внатрешна контрола во Министерството за финансии“.
Министерството за финансии во врска со наведеното Барање, на 09.01.2012 година, донело Решение бр.03-41313/4, со кое го одбило пристапот до бараната информација, со образложение дека истата согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е класифицирана информација со соодветен степен на тајност и истата не може да биде достапна за барателот. Во оспореното Решение не наведува со кој степен на класификација е означена бараната информација, ниту пак наведува до кој временски период или настан истата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана.
Незадоволно од наведеното Решение, Здружението за истражување политики-Аналитика од Скопје, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-9 од 25.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии достави Одговор на Жалба бр.03-41313/6-11 од 01.02.2012 година, во Комисијата заведен под бр. 07-9 на  06.02.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Министерството останува на образложението од оспореното Решение, односно дека бараната информација согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот, претставува исклучок од слободниот пристап. Во однос на наводите во Жалбата во врска со задолжителното спроведување на тестот на штетност, Министерството смета дека, “…нема потреба од спроведување на тест на штетност бидејќи во секој случај информацијата не смее да биде предмет на давање“.
Во врска со наведеното Комисијата на Министерството за финансии му укажува на следното.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно став 3 од наведениот член, односно должен е да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата.
Во конкретниов случај Министерството за финансии утврдило дека, бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап,  но не го спровело тестот на штетност, постапка која согласно Законот е задолжителна.
Доколку пак Министерството за финасии во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му  овозможи делумен пристап до бараната информација.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и му укажува дека при повторното постапување по предметот, треба да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 22 февруари 2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер фотокопија од “Годишниот финансиски извештај за 2010 год. на Агенцијата за разузнавање кој содржи Извештај за извршени ревизии и активности на внатрешната ревизија, а е поднесен до Централната единица за хармонизација на системот за јавна внатрешна контрола во Министерството за финансии“, СЕ УВАЖУВА.
Решението на Министерството за финансии бр.03-41314/4 од 09.01.2012 година, се ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-10 од 11.01.2012 година, изјавена од Здружението за истражување политики-Аналитика, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Министерството за финансии, ЈА УВАЖИ Решението на Министерството за финансии бр.03-41314/4 од 09.01.2012 година го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Здружението за истражување политики-Аналитика како што е наведено во Жалбата на 15.12.2011 година, поднело  Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.136/11 до Министерството за финансии и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Годишниот финансиски извештај за 2010 год. на Агенцијата за разузнавање кој содржи Извештај за извршени ревизии и активности на внатрешната ревизија, а е поднесен до Централната единица за хармонизација на системот за јавна внатрешна контрола во Министерството за финансии.“
Министерството за финансии во врска со наведеното Барање, на 09.01.2012 година, донело Решение бр.03-41314/4, со кое го одбило пристапот до наведената информација, со образложение дека истата согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е класифицирана информација со соодветен степен на тајност и претставува исклучок од пристапот до информации од јавен карактер, односно не може да биде достапна до барателот. Во оспореното Решение не наведува со кој степен на класификација е означена бараната информација, ниту пак наведува до кој временски период или настан истата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана.
Незадоволно од наведеното Решение, Здружението за истражување политики-Аналитика, застапувано од А.Б. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-10 од 25.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството за финансии достави Одговор на Жалба бр.03-41314/6-11 од 01.02.2012 година, во Комисијата заведен под бр. 07-10 на 06.02.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Министерството останува на образложението од оспореното Решение. Во однос на наводите во Жалбата во врска со задолжителното спроведување на тестот на штетност, Министерството смета дека, “…нема потреба од спроведување на тест на штетност бидејќи во секој случај информацијата не смее да биде предмет на давање.“
Во врска со наведеното, Комисијата на Министерството за финансии му укажува на следното.
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Тоа значи дека, доколку имателот на информацијата утврди дека бараната информација потпаѓа под некој исклучок наведен во член 6 од Законот, должен е да постапи согласно став 3 од наведениот член, односно должен е да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека, со објавувањето на информацијата последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе одобри пристап до информацијата.
Во конкретниов случај Министерството за финансии утврдило дека, бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап, но не го спровело тестот на штетност, постапка која согласно Законот е задолжителна.
Доколку пак Министерството за финансии во одредени случаи утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот без притоа да се загрози неговата безбедност, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и му укажува дека при повторното постапување по предметот, треба да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 февруари 2012 година, го донесе следното

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија бр.07-2852/2 од 28.12.2011 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-2 од 09.01.2012 година, изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија бр.07-2852/2 од 28.12.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата отворено општество – Македонија на 01.12.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Копии од сите дописи (писма) испратени од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, Н.Г., до Комесарот за проширување и Европска соседска политика на Европската комисија, Ш.Ф., во периодот од 25 ноември 2010 година до 25 ноември 2011 година“.
Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање на барателот му доставила Решение бр. 07-2852/2 од 28.12.2011 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација, повикувајќи се на член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволна од добиеното Решение, Фондацијата отворено општество – Македонија, преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата, меѓу другото, е наведено дека „…Кабинетот го одбива пристапот…бидејќи истиот утврдил дека бараните информации претаставуваат класифицирани информации со степен на тајност – интерно…Кабинетот не наведува дополнителни објаснувања, ниту докази дека ваквата кореспонденција е навистина класифицирана, согласно кој закон и со кој документ…јавноста преку јавните гласила постојано се известува за ваквата кореспонденција…па оттука нејасно е како може содржината на истата да биде класифицирана…очигледно е дека Кабинетот…пристапил кон паушално одбивање на барањето без притоа да заштитува било каков државен интерес…“.
Комисијата со допис бр.07-2 од 18.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија по ова барање достави Одговор на Жалба бр.07-187/2 од 23.01.2012 година, заведен во Комисијата под број 07-2 на 02.02.2012 година.
Во Одговорот на Жалбата, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија наведува дека по Барањето од Фондацијата отворено општество – Македонија „Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија го примени тестот на штетност при што утврди дека бараната информација претставува дипломатска комуникација која е од чувствителен карактер. Секое разоткривање на содржината на меѓусебната кореспонденција може да ги загрози воспоставените односи на дискреција и да ги отежне идните релации и со тоа да го загрози процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската Унија…доколку ваквите писма би биле наменети за пошироката јавност истите би биле во форма на „отворени писма“ и ваква пракса постои за онаа кореспонденција со функционерите од Европската Унија која нема класифициран карактер…не постои можност да ја тргнеме класификацијата „интерно“ од бараната кореспонденција“.
Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата се доставени фотокопи од првите страници од Предметите – проследување на писма (преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија) од Претседателот на Владата на Република Македонија, Н.Г., до членот на Европската комисија, Ш.Ф. Истите се класифицирани со степен на класификација – Интерно.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од Фондацијата отворено општество – Македонија постапила во законски предвидениот рок и донела Решение бр.07-2852/2 од 28.12.2011 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација. Притоа правилно се повикала на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му објаснила дека бараната информација не се „отворени писма“ за кореспонденција со функционерите од Европската Унија, туку претставува класифицирана информација со степен на тајност – Интерно.
Согласно чл.8 од Законот за класифицирани информации, „Класифицирана информација со степен „интерно“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија“. Според тоа, основани се и наводите во Одговорот на Жалба бр.07-187/2 од 23.01.2012 година, во кој Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија се повикува на извршен задолжителен тест на штетност, кој во случајот покажал дека откривањето на бараната информација би предизвикало штета за работењето на Канцеларијата во делот на надворешните работи, односно би го загрозиле процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската унија.
Оттука, произлегува дека во првостепената постапка имало недостатоци (во образложението на Решението не е наведено дека е спроведен задолжителниот тест на штетност, кој е наведен во Одговорот на Жалба), но сепак Комисијата оцени дека тие се такви што не можат да влијаат врз решавањето на работата, односно не можат тие недостатоци да бидат причина и основ за поинакво одлучување.    
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                       

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 22 февруари 2012 година, го донесе следното

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија бр.07-2853/2 од 28.12.2011 година, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-3 од 09.01.2012 година, изјавена од Фондацијата отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, против Решението на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија бр.07-2853/2 од 28.12.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата отворено општество – Македонија на 01.12.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација:
„Копии од сите дописи (писма) пристигнати до Претседателот на Владата на Република Македонија, Н.Г., а испратени од страна на Комесарот за проширување и Европска соседска политика на Европската комисија, Ш. Ф., во периодот од 25 ноември 2010 година до 25 ноември 2011 година“.
Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање на барателот му доставила Решение бр. 07-2853/2 од 28.12.2011 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација, повикувајќи се на член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволна од добиеното Решение, Фондацијата отворено општество – Македонија, преку полномошник Ј.Б., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата, меѓу другото, е наведено дека „…Кабинетот го одбива пристапот…бидејќи истиот утврдил дека бараните информации претаставуваат класифицирани информации со степен на тајност – интерно…Кабинетот не наведува дополнителни објаснувања, ниту докази дека ваквата кореспонденција е навистина класифицирана, согласно кој закон и со кој документ…јавноста преку јавните гласила постојано се известува за ваквата кореспонденција…па оттука нејасно е како може содржината на истата да биде класифицирана…очигледно е дека Кабинетот…пристапил кон паушално одбивање на барањето без притоа да заштитува било каков државен интерес…“.
Комисијата со допис бр.07-3 од 18.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија по ова барање достави Одговор на Жалба бр.07-188/2 од 23.01.2012 година, заведен во Комисијата под број 07-3 на 02.02.2012 година.
Во Одговорот на Жалбата, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија наведува дека по Барањето од Фондацијата отворено општество – Македонија „Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија го примени тестот на штетност при што утврди дека бараната информација претставува дипломатска комуникација која е од чувствителен карактер. Секое разоткривање на содржината на меѓусебната кореспонденција може да ги загрози воспоставените односи на дискреција и да ги отежне идните релации и со тоа да го загрози процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската Унија…доколку ваквите писма би биле наменети за пошироката јавност истите би биле во форма на „отворени писма“ и ваква пракса постои за онаа кореспонденција со функционерите од Европската Унија која нема класифициран карактер…не постои можност да ја тргнеме класификацијата „интерно“ од бараната кореспонденција“.
Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата се доставени фотокопи од првите страници од Предметите – проследување на писма (преку Министерството за надворешни работи на Република Македонија) до Претседателот на Владата на Република Македонија, Н.Г., од членот на Европската комисија, Ш.Ф.. Истите се класифицирани со степен на класификација – Интерно.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија во врска со поднесеното Барање од Фондацијата отворено општество – Македонија постапила во законски предвидениот рок и донела Решение бр.07-2853/2 од 28.12.2011 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација. Притоа правилно се повикала на исклучокот од слободен пристап до информации предвиден во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот му објаснила дека бараната информација не се „отворени писма“ за кореспонденција со функционерите од Европската Унија, туку претставува класифицирана информација со степен на тајност – Интерно.
Согласно чл.8 од Законот за класифицирани информации, „Класифицирана информација со степен „интерно“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало штета за работењето на државните органи, единиците на локалната самоуправа и други институции кои се од значење за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи и безбедносните и разузнавачките активности на органите на државната управа на Република Македонија“. Според тоа, основани се и наводите во Одговорот на Жалба бр.07-188/2 од 23.01.2012 година, во кој Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија се повикува на извршен задолжителен тест на штетност, кој во случајот покажал дека откривањето на бараната информација би предизвикало штета за работењето на Канцеларијата во делот на надворешните работи, односно би го загрозиле процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската унија.
Оттука, произлегува дека во првостепената постапка имало недостатоци (во образложението на Решението не е наведено дека е спроведен задолжителниот тест на штетност, кој е наведен во Одговорот на Жалба), но сепак Комисијата оцени дека тие се такви што не можат да влијаат врз решавањето на работата, односно не можат тие недостатоци да бидат причина и основ за поинакво одлучување.    
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.   

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М. и Ј.Т., внатрешно раселени лица сместени во Колективен центар Пелагонија во Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 22 февруари  2012 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М. и Ј.Т., внатрешно раселени лица сместени во Колективен центар Пелагонија во Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно Пресудата на Управниот суд У-5.бр.1205/2011 од 07.12.2011 година, а во Комисијата заведена под број 07-86/1 од 06.02.2012 година, повторно ја разгледа Жалбата бр. 07-712/1 од 19.12.2007 година, изјавена од М. и Ј.Т., внатрешно раселени лица сместени во Колективен центар Пелагонија во Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
При повторното разгледување на Жалбата и списите во врска со предметот Комисијата го констатира следното.
М. и Ј.Т., внатрешно раселени лица сместени во Колективен центар Пелагонија во Скопје, на 14.11.2007 година поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и ја побарале следната информација:
 „Увид и фотокопија од податоците со кои располагате, а кои сте ги добиле од страна на имплементирачките агенции кои беа вклучени во процесот на рехабилитација на оштетени објекти од страна на Меѓународната донаторска заедница, а кои податоци се евидентирани на име Т.М. и на име Т.Ј. и се однесува на нашиот станбен објект во с. Лешок. Овие податоци кои ги бараме се однесуваат на техничката и социјалната проценка на нашиот објект и се однесуваат за штети настанати од конфликтот во Република Македонија во 2001 година“.
Во врска со ова Барање, Министерството за транспорт и врски на Република Македонија на барателот му доставило Одговор бр.22-9336/2 од 21.11.2007 година. Во Одговорот е наведено дека „Имплементирачката агенција која била ангажирана од страна на Меѓународната донаторска заедница, како донатор на средствата за спроведување на донацијата во с.Лешок, била вклучена во процесот на рехабилитација на оштетени објекти, на начин што вршела увид на лице место – техничка и социјална проценка на штетите на објектите, ја утврдувала прифатливоста на објектите за нивна реконструкција и вршела вклучување на објектите во програмите за реконструкција. По извршениот увид на лице место од страна на имплементирачката агенција се констатирало дека објектот…е опљачкан и оштетен од провалници…Сопственикот на објектот не бил присутен за време на вршењето на увидот. Од вака констатираната состојба, наведениот објект не бил вклучен во Програмата за реконструкција на оштетени објекти, поради што и не е евидентиран со ИМГ број“. Во прилог на Одговорот е доставена фотокопија од Извештајот од извршениот увид во наведениот објект, за кој како корисник е евидентиран М.Т..
 Барателите на информацијата, незадоволни од наведениот Одговор, до Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, на 05.12.2007 година доставиле Повторено барање  со кое побарале „…увид и фотокопија од оригиналните податоци со кои располагате…ни доставивте некаква фотокопија од некаков извршен увид…овој таканаречен документ нема никаква ознака или број, нема никаков потпис или печат…ние како корисници не сме биле повикани да бидеме присутни на тој увид…претставува фалсификат со кој некој сака да ја избегне одговорноста за злоупотребите и криминалот што го врши во овие 7 години од конфликтот…“. Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и по Повтореното барање на барателите им доставило Одговор бр.22-9336/3 од 25.12.2007 година, во кој одново им ја објаснило констатираната состојба дека „…наведениот објект не бил вклучен во Програмата за реконструкција на оштетени објекти, поради што и не е евидентиран со ИМГ број“ и им доставило фотокопии од документите со кои располага.
Комисијата ја разгледа Жалбата и сите списи по предметот и донесе Заклучок бр.07-155/5 на 23.04.2008 година, поради тоа што утврди дека на барателите им е доставен одговор на бараната информација.
Комисијата укажува дека Повтореното барање од 15.12.2007 година не содржи ново барање, туку е исто со претходното барање, а е дополнето со констатации „…некаква фотокопија…таканаречен документ…фалсификат…“ и слично. Комисијата нема надлежност на истражен орган и, доколку барателите ја оспоруваат валидноста на добиените документи од страна на  Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, имаат право да поведат постапка пред други надлежни органи.
Незадоволни од донесениот Заклучок на Комисјата, М. и Ј.Т. поднеле Тужба до Управниот суд.
Во врска со поднесената Тужба и по Одговорот на тужба од страна на Комисијата, Управниот суд на 15.04.2010 година донесе Пресуда У.бр.1109/2008, со која Тужбата на М. и Ј.Т., против Заклучокот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер бр.07-155/5 од 23.04.2008година се одбива како неоснована.
Незадоволни од вака донесената Пресуда, М. и Ј.Т. поделе  Жалба до Врховниот суд на Република Македонија. Постапувајќи по Жалбата, Врховниот суд донел Решение УЖП. Бр.718/2010 од 03.10.2011 година, со кое ја уважил Жалбата на М. и Ј.Т. и ја укинал Пресудата на Управниот суд.
Управниот суд постапил по наведеното Решение од Врховниот суд и донел Пресуда У-5 бр.1205/2011 од 07.12.2011 година, со која Тужбата на М. и Ј.Т. ја уважил и го поништил Заклучокот на Комисијата.
Комисијата постапи по Пресудата на Управниот суд и, при повторното постапување по Жалбата, го утврди следното.
Министерството за транспорт и врски на Република Македонија одговорило на Барањето и на Повтореното барање од М. и Ј.Т.  Повтореното барање за дополнителна информација, потенцирано во образложението на Пресудата на Управниот суд, фактички е идентично со првото Барање.
Во смисла на забелешката во образложението на Пресудата дека согласно член 28 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „постапката по Жалбата од ставот 2 на овој член се спроведува според одредбите на Законот за општата управна постапка“, Комисијата укажува дека  согласно член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) ставот 4 од член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е изменет.
При повторното постапување по предметот Комисијата ги имаше во вид укажувањата на Управниот суд и донесе Решение како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.                           

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 22 февруари 2012 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер 1.„Фотокопија од поднесеното барање за овластување на Д.Д. од област машинство со овластување број 3.0641;  2. “Фотокопија од сите одлуки, Решенија, и други документи донесени од страна на Комората за овластување број.3.0641 за Д.Д.; 3.“Дали со барањето е поднесено и барање за овластување за проектирање Б и надзор Б за областа машинство од Д.Д.? 4.“Поради која причина и поради која законска основа не е одобрено овластување за проектирање Б и надзор Б за машинство на Д.Д.? 5.“Дали Комората ги признава дипломите од Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Машински факултет – Скопје?  6.“Според Комората студентите со завршено универзитетско образование според ЕКТС со професионални 3 годишни студии дали ги смета за студенти со завршено вишо или високо образование? 7.“Зошто Комората ги нема истакнато на интернет страната, актите на Комората, Статутот, Годишниот извештај, Програмата за работа за идната година и други документи, со оглед на тоа што работењето на Комората е јавно? 8.“Фотокопија од последниот годишен Извештај на Комората и фотокопија од Програмата за работа за идната година“, поради повлекување на истата.  

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-18 на 13.02.2012 година, изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Д.Д. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 09.01.2012 година, до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.03/341 и побарал по пошта да му достават фотокопии и одговори на Барањата наведени во диспозитивот на овој Заклучок.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Д.Д. на 16.02.2012 година, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата бидејќи Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, на 15.02.2012 година, му одговорила на Барањето.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Д.Д. од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.