ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 165-та седница одржана на 22 март 2017 година донесе 7 решенија.

************
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку тендери се распишани за сервисирање и поправка на мамографите во Здравствените институции во земјава од кога е набавен првиот мамограф до декември 2016 година? (Барам документи за секој мамограф одделно)“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-152 на 06.03.2017 година, изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л., новинар од Кочани, на 09.01.2017 година, преку е-маил, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое побарал да му се достави следната информација:
„Колку тендери се распишани за сервисирање и поправка на мамографите во Здравствените институции во земјава од кога е набавен првиот мамограф до декември 2016 година? (Барам документи за секој мамограф одделно)“.
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-152 од 07.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пациентки се прегледани од мамографите во Здравствените институции во земјава од кога е набавен првиот мамограф до декември 2016 година? (Барам документи за секој мамограф, одделно на месечно ниво)“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-153 на 06.03.2017 година, изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л., новинар од Кочани, на 09.01.2017 година, преку е-маил, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое побарал да му се достави следната информација:
„Колку пациентки се прегледани од мамографите во Здравствените институции во земјава од кога е набавен првиот мамограф до декември 2016 година? (Барам документи за секој мамограф, одделно на месечно ниво)“.
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-153 од 07.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари се платени за набавка на мамографи во Здравствените институции во земјава¬? (Барам фотокопија на фактурите за секој набавен мамограф)“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-155 на 06.03.2017 година, изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л., новинар од Кочани, на 09.01.2017 година, преку е-маил, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое побарал да му се достави следната информација:
„Колку пари се платени за набавка на мамографи во Здравствените институции во земјава¬? (Барам фотокопија на фактурите за секој набавен мамограф)“.
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-155 од 07.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Т. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата бр. 08-158 од 10.03.2017 година, изјавена од С.Т. од Скопје, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ни доставите листа со буџети што ќе ги добијат корисниците чии проекти се вклучени во годишната Програма што ја субвенционира Министерството, по дејности и активности:
1. Од Издавачка дејност, колкави ќе бидат буџетите за публикации и за електронско издаваштво, поединечно за секој што влегол во програмата?
2. Од Драмската дејност, колкави ќе бидат буџетите за независната и алтернативната сцена, поединечно за секој што поминал на конкурсот?
3. Од Визуелната уметност, архитектура и дизајн, колкави ќе бидат буџетите на Здруженијата на граѓани, за други асоцијации и за самостојни проекти, поединечно за секој што влегол во Програмата?
4. Од Музичко-сценска и фолклорна дејност, колкави ќе бидат буџетите за физичките лица и за дигиталните аудио записи, поединечно за секој што поминал на конкурсот?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр. 08-158 од 10.03.2017 година, 08-161 од 14.03.2017 година, 08-162 од 14.03.2017 година, 08-163 од 14.03.2017 година и 08-164 од 14.03.2017 година, изјавени од С.Т. Од Скопје, поднесени против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ Жалбата бр. 08-158 од 10.03.2017 година и го ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата бр. 08-158 од 10.03.2017 година, поднесена преку Министерството за култура, заведена под Уп1бр.52-279 на 28.02.2017 година, С.Т. од Скопје на 24.01.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура, со кое побарал да му се достави следната информација:
„ Ве молам да ни доставите листа со буџети што ќе ги добијат корисниците чии проекти се вклучени во годишната Програма што ја субвенционира Министерството, по дејности и активности:
1. Од Издавачка дејност, колкави ќе бидат буџетите за публикации и за електронско издаваштво, поединечно за секој што влегол во програмата?
2. Од Драмската дејност, колкави ќе бидат буџетите за независната и алтернативната сцена, поединечно за секој што поминал на конкурсот?
3. Од Визуелната уметност, архитектура и дизајн, колкави ќе бидат буџетите на Здруженијата на граѓани, за други асоцијации и за самостојни проекти, поединечно за секој што влегол во Програмата?
4. Од Музичко-сценска и фолклорна дејност, колкави ќе бидат буџетите за физичките лица и за дигиталните аудио записи, поединечно за секој што поминал на конкурсот?“.
Во Жалбата е наведено дека „се жалиме поради ненавремено доставување информации за поддржани проекти од Министерството за култура, по дејности, за 2017 година. Од издавачка, драмска, визуелни уметности и музичко-сценска дејност. Барањето е доставено до архива на 24.01.2017 година“.
Во прилог на Жалбата до Комисијата е доставен Одговор од Министерството за култура до барателот УП1 бр. 52-279 од 06.03.2017 година. Во Одговорот е наведено дека „Во врска со вашето Барање за пристап до информација од јавен карактер: „Листа со буџети за одобрени проекти во Годишната програма“…во согласност со Законот за културата, Министерството за култура финансирањето на национален интерес во културата го врши со средства од Буџетот на Република Македонија…објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.191/2016…резултатите од конкурсите се објавуваат на веб-страницата на Министерството за култура…“.
Незадоволен од добиениот Одговор, С.Т. од Скопје, преку Министерството за култура, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 08-158 од 10.03.2017 година.
Исто така, С.Т. од Скопје, до Комисијата поднесе уште 4 (четири) жалби – бр. 08-161, 08-162, 08-163 и 08-164 од 14.03.2017 година, кои се однесуваат на истите неодговорени поединечни барања, наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер доставено до Министерството за култура на 24.01.2017 година.
По увидот на Комисијата во образложенијата на поднесените жалби и по укажувањата дека постојат формално-правни недостатоци во жалбите бр. 08-161, 08-162, 08-163 и 08-164 од 14.03.2017 година, С.Т. од Скопје на 20.03.2017 година ги повлече наведените жалби со дописи насловени „Повлекување на жалби“, заведени во Комисијата под бр. 08-161 од 20.03.2017 година, 08-162 од 20.03.2017 година, 08-163 од 20.03.2017 година и 08-164 од 20.03.2017 година, додека по Жалбата бр. 08-158 побара постапката да продолжи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за култура не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило до барателот бараната информација, на начин и во форма наведени во Барањето, туку го упатило бараните информации да ги побара во „Службен весник на Република Македонија“ бр.191/2016…резултатите од конкурсите се објавуваат на веб-страницата на Министерството за култура…“.
Согласно чл.21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку мамографи се набавени во Здравствените институции во земјава? (Барам документи за секој набавен мамограф, на кој датум е набавен и во која здравствена институција е инсталиран)“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-154 на 06.03.2017 година, изјавена од Г.Л., новинар од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. новинар од Кочани, на 09.01.2017 година, преку е-маил, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое побарал по пошта, или по е-маил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колку мамографи се набавени во Здравствените институции во земјава? (Барам документи за секој набавен мамограф, на кој датум е набавен и во која здравствена институција е инсталиран)“.
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-154 од 07.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Министерството за животна средина и просторно планирање се има обратено до Град Скопје со допис кој кај нив е архивиран под бр.11-403/1 од 14.01.2011 година. Ве молам за информацијата како тој допис е заведен во Град Скопје и за една фотокопија од одговорот на Град Скопје (во врска со споменатиот допис) до Министерството за животна средина и просторно планирање “ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Град Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-156 на 06.03.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Град Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје, на 30.01.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје, заведено под бр.21-581/1, со кое побарал да му се достави фотокопија од следната информација:
„Министерството за животна средина и просторно планирање се има обратено до Град Скопје со допис кој кај нив е архивиран под бр.11-403/1 од 14.01.2011 година. Ве молам за информацијата како тој допис е заведен во Град Скопје и за една фотокопија од одговорот на Град Скопје (во врска со споменатиот допис) до Министерството за животна средина и просторно планирање “.
Град Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-156 од 07.03.2017 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Град Скопје не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Град Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против извршителот К.Т. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против извршителот К.Т. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид и доколку е потребно препис од одредени документи и достава во врска со И.бр.469/12 од 26.06.2016 година и Барање од 25.11.2016 година со бр. 1112-3265/2016 год. и Заклучок за продажба на недвижност И.бр. 469/12, како и увид во целокупната достава“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА извршителот К.Т. од Велес на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-36 на 08.03.2017 година, изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против извршителот К.Т. од Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ извршителот К.Т. на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.З. од Велес на 11.01.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до извршителот К.Т. од Велес, со кое ја побарал следната информација:
„Увид и доколку е потребно препис од одредени документи и достава во врска со И.бр.469/12 од 26.06.2016 година и Барање од 25.11.2016 година со бр. 1112-3265/2016 год. и Заклучок за продажба на недвижност И.бр. 469/12, како и увид во целокупната достава“.
Извршителот К.Т. од Велес, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Г.З. од Велес е поднесено на 11.01.2017 година, а Жалбата на 06.02.2017 година, поради што донесе Решение бр.08-36 од 20.02.2017 година, со кое Жалбата ја отфрли како предвремена.
На 08.03.2017 година, Г.З. од Велес до Комисијата поднесе Жалба бр.08-36.
Како што е наведено во Жалбата, извршителот К.Т. од Велес се уште не одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поради тоа е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-36 од 09.03.2017 година, ја препрати Жалбата до извршителот К.Т. и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Извршителот К.Т. не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека извршителот К.Т. не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.