ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА И 10 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 162 седница одржана на 1 февруари 2011 година, донесе 4 решенија и 10 заклучоци.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.М. од Скопје, поднесена против Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.М. од Скопје поднесена против Решението на Основниот суд Скопје II Скопје -Граѓански суд по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд 03 СУ.бр.2709/2010 од 26.11.2010 СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-2 од 05.01.2011 година, изјавена од Т.М. од Скопје против Решението на Основниот суд Скопје 2 Скопје-Граѓански суд, ЈА УВАЖИ, Решението на Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд 03 СУ.бр. 2709/2010 од 26.11.2010 година ГО ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Т.М. од Скопје на 22.11.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд и побарал од Судот да му овозможи увид и по пошта да му достави фотокопија од :
“Парничен предмет XIV П.бр.2961/08 заведен во Основниот суд Скопје II – Граѓански суд-Скопје евентуално делумно фотокопирање.“
Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд на барателот на информацијата му доставил Решение 03 СУ.бр.2710/2010 од 26.11.2010 година, со кое го одбил неговото барање. Во образложението на Решението е наведено „…списите на судските предмети не претставуваат информации од јавен карактер во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, така што до нив да можат да имаат пристап сите физички и правни лица. Токму спротивното произлегува од процесните закони со кои се уредени судските постапки во кои точно и прецизно е определено на кои субјекти и под кои услови може да им се дозволи разгледување, препишување и добивање на фотокопија од списите во постапките. Така, согласно член 144 ст.1 од Законот за парнична постапка (Сл.весник бр.79/2005), определено е дека само странките во постапката имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите на постапката во која учествуваат. Согласно став 2 од истиот член, на други лица кои имаат оправдан интерес може да им се дозволи разгледување, препишување или копирање на одделни списи во присуство на овластено лице на судот.
Во конкретниот случај, барателот Т.М. од Скопје…своите барања може да ги остварува само во рамки на таа постапка, согласно одредбите на Законот за парнична постапка погоре цитирани, а не во постапка за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, како што бара во случајот.“
Незадоволен од образложението на наведеното Решение, Т.М. од Скопје, преку Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд, поднесе Жалба до Комисијата. Основниот суд Скопје II Скопје-Граѓански суд, на 05.01.2011 година, до Комисијата ја достави Жалбата заедно со списите на предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Основниот суд Скопје II Скопје- Граѓански суд при донесувањето на Решението за одбивање на барањето, не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно кој е поднесено Барањето, туку се повикал само на одредби од Законот за парничната постапка.
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е lex specialis за постапувањето по Барањата за пристап до информации од јавен карактер, чиј предмет е токму остварувањето на правото на слободен пристап до овие информации. Поради тоа постапката по барања за пристап до информации од јавен карактер се спроведува согласно овој закон.
Во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се наведени исклучоците од слободниот пристап, согласно кој имателите можат да го одбијат барањето.
Во оспореното Решение, Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд не се повикал на ниту еден исклучок наведен во член 6 став 1 од наведениот закон, и го одбил пристапот до информацијата само согласно член 144 став 1 од Законот за парничната постапка, во кој е регулирано кои субјекти и под какви услови имаат право (односно може да им се дозволи) да ги разгледуваат и препишуваат списите на судските предмети. Согласно став 1 од истиот член “Странките имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите на постапката во која учествуваат….” и согласно став 2 “На другите лица кои имаат оправдан интерес може да им се дозволи разгледување…” Но во членот 144 од Законот за парничната постапка, не е наведено дека “… само странките во постапката имаат право да ги разгледуваат, препишуваат или копираат списите…” како што тврди Судот во оспореното Решение. Во ниту еден член од Законот не е регулирано на кои субјекти им е забрането, односно немаат право да ги разгледуваат и препишуваат списите, а во демократските правни системи се што не е изрично забрането – е дозволено.
Комисијата не спори дека Судот постапува според погоре цитираниот процесен закон, но смета дека основот за одбивање на Барањата поднесени согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, треба да биде регулиран во наведениот закон (член 6 став 1 точки од 1 до 8) па потоа да се повикува на одредби од процесниот закон.
Исто така Комисијата утврди дека, Основниот суд Скопје II Скопје– Граѓански суд пред да го донесе Решението не постапил согласно член 2 став 1 алинеја 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ бр.6/2010). Имено, судот не го спровел ”тестот на штетност“ кој “е задолжителна постапка кој ја спроведува имателот на информациjата, пред да го одбие пристапот согласно со член 6 од овој закон, а со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на информацијата.”
Во конкретниов случај Комисијата укажува дека при повторното постапување и одлучување по Барањето Основниот суд Скопје II Скопје–Граѓански суд треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата, наведени во Образложението на Решението, односно на Барањата за слободен пристап да одговара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изнесеното одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Решението на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“бр.6/2010 година), на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Решението на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.14-7138/2 од 24.11.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, оспореното Решение се ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, доставен до Владата на Република Македонија во ноември 2010 година.“, најдоцна до 18.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата број 07-475 од 21.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник М.Р., адвокат од Скопје, против Решението на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.14-7138/2 од 24.11.2010 година, ЈА УВАЖИ, оспореното Решение го ПОНИШТИ и ја ЗАДОЛЖИ Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 18.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во жалбата, на 24.11.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побарала да и ја достават следната информација.
“Копија од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, доставен до Владата на Република Македонија во ноември 2010 година.“
Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија во врска со ова Барање на 24.11.2010 година донел Решение бр.14-7138/2 со кое го одбил Барањето, со образложение “…бараната информација согласно закон претставува документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување, а чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината.“
Незадоволна од наведеното Решение, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошник М.Р., на 21.12.2010 година, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-475.
Комисијата со допис број 07-475 од 05.01.2011 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат на 21.01.2011 година, достави Одговор на Жалба, заведен под бр.14-7138/4-10 од 17.01.2011 година, а во Комисијата под бр.07-475, во кој наведува „Во моментот кога е поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер … законот бил во Владина пстапка на усогласување и се уште не бил доставен до Собранието на Република Македонија како што е наведено во жалбените наводи.” Спротивно на наведеното, во продолжение следи: ”…Министерството за правда како носител на Предлог-законот истиот го има доставено до Владата на Република Македонија на 17.11.2010 година…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат при донесувањето на оспореното Решение погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалниот закон.
Имено, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија ја бара Копијата од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, доставен до Владата на Република Македонија во ноември 2010 година, а не бара Копија од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, разгледан и со заклучок утврден како Предлог-закон на седница на Влада на Република Македонија.
Поточно, барателот ја бара информацијата во верзија подготвена во Министерството за правда, која во таа фаза е завршена и е доставена до Владата на Република Македонија, а не конечната верзија на информацијата усвоена на седница на Владата.
Во Одговорот на Жалбата се наведува дека Министерството за правда како носител на Предлог-законот истиот го има доставено до Владата на Република Македонија на 17.11.2010 година за да биде разгледуван и усогласен на работните тела на Владата. Оттука произлегува дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат располагала со бараната информација во моментот на поднесување на Барањето и била должна да му овозможи пристап на барателот на начин и во форма наведени во Барањето.
Од наведените причини е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Управата за јавни приходи, по предметот Дополнително барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Управата за јавни приходи, по предметот Дополнително барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Управата за јавни приходи на барателот да му ја достави бараната информација “Врз основа на кој закон/и со кои се предвидени прекршоците е поведена постапката во Регионалната дирекција Скопје и во Регионалната дирекција Штип за периодот од формирањето на Комисијата до 1 октомври 2010 година“, најдоцна до 18.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-516 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Управата за јавни приходи, по предметот Дополнително барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Управата за јавни приходи на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 18.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 25.10.2010 година доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи, со кое побарала по пошта да и се достави фотокопија од следната информација:
”Колку прекршочни постапки на ниво на РМ се поведени во секоја година одделно и во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршоци и врз основа на кој закон/и со кој се предвидени прекршоците е поведена постапка (бараната информација треба да се однесува за период од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)?”.
Управата за јавни приходи, во врска со ова Барање на 16.11.2010 година, доставила одговор до барателот бр.13-8108/3, за кој барателот во Жалбата наведува дека е нецелосен, односно Управата “испуштила да достави и да наведе врз основа на кој закон/и со кои се предвидени прекршоците се донесени одлуките за прекршок, во регионалната дирекција на Штип и Скопје“.
Од наведените причини барателот на 24.11.2010 година, до Управата за јавни приходи поднел Дополнително барање, во кое објаснува на кој дел од барањето не му е одговорено, односно ја побарал следната информација.
„Врз основа на кој закон/и со кои се предвидени прекршоците е поведена постапката во наведените регионални центри за периодот од формирањето на Комисијата до 1 октомври 2010 година“.
Управата за јавни приходи, како што е наведено во жалбата, на ова Дополнително барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Дополнителното барање е одбиено и на 23.12.2010 година е поднесена жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-516.
Комисијата со допис бр.07-516 од 29.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Управата за јавни приходи не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Не одговорила на Дополнителното Барање на барателот во законски предвидениот рок и форма, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Еколошкото друштво Еко-мисија претставувано од претседателот на Собранието П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Еколошкото друштво Еко-мисија претставувано од претседателот на Собранието П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Основен суд Скопје 1 Скопје Пји.бр.15/10 од 10.12.2010 година се понишува и СЕ ЗАДОЛЖУВА Судот на барателот да му ја достави бараната информација “Бидејќи на рочиштето од 23.03.2010 по предметот 12 Прк.бр.4660/09-о судијата ми го одби барањето да добијам примерок од записникот што (како странка во постапката) го потпишав на тоа исто рочиште, ве молам да ми доставите фотокопија од членот од законот (или подзаконскиот акт) со кој тоа е регулирано, т.е. дека странката во прекршочната постапка нема право да добие примерок од записникот што го потпишала“, најдоцна до 18.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-365 од 28.12.2010 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје Пји.бр.15/10 од 10.12.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, оспореното Решение го поништи и ГО ЗАДОЛЖИ Судот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 18.02.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
П.Б. од Скопје на 22.09.2010 година доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Скопје 1 – Скопје и побарал да му достават фотокопија од следната информација.
“Бидејќи на рочиштето од 23.03.2010 по предметот 12 Прк.бр.4660/09-о судијата ми го одби барањето да добијам примерок од записникот што (како странка во постапката) го потпишав на тоа исто рочиште, ве молам да ми доставите фотокопија од членот од законот (или подзаконскиот акт) со кој тоа е регулирано, т.е. дека странката во прекршочната постапка нема право да добие примерок од записникот што го потпишала“.
Основниот суд Скопје 1 – Скопје на ова Барање одговорил со Одговор на барање Пји.бр.15/10 од 27.09.2010 година. Незадоволен од добиениот одговор П.Б. од Скопје, на 06.10.2010 година, поднесе Жалба до Комисијата која постапи по овој предмет и на 25.11.2010 година, донесе Решение бр. 07-365 со кое Жалбата ја уважи, и го задолжи Судот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 10.12.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Основниот суд Скопје 1 не го спровел наведеното Решение на Комисијата туку, на 10.12.2010 година, донел Решение со кое барањето за пристап до информацијата го одбил.
Незадоволно од наведеното Решение Еколошкото друштво Еко-мисија претставувано од претседателот на Собранието П.Б. на 28.12.2010 година, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-365.
Комисијата со допис бр.07-365 од 31.12.2010 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Скопје 1 – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Основниот суд Скопје 1 – Скопје одговори со допис во Комисијата заведен под бр.07-365 од 13.01.2011 година. Во него наведува дека Судот „останува на Решението Пји.бр.15/10 од 10.12.2010 година“, со кое Барањето се одбива.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Образложението на Решението за одбивање на пристапот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, е конфузно и нејасно.
Во образложението на оспореното Решение е наведено дека „Судот…пред да го одбие тужбеното барање направи тест на штетност, при што оцени и утврди дека барањето е во правец на злоупотреба на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од причина што Судот согласно овој Закон доставува само информации од јавен карактер, а не дава информации за конкретни процесни дејства на странки и сведоци кои тие можат да ги остварат согласно процесните закони…“
Во врска со гореизнесеното Комисијата на Основен суд Скопје 1 му укажува на следното.
Тестот на штетност се спроведува, доколку имателот на информации утврди дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап, согласно член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/06 и 6/10). Во ниту една точка од наведениот член не е регулирано дека “конкретни процесни дејства на странки и сведоци кои тие можат да ги остварат согласно процесните закони“, претставува исклучок од слободниот пристап до информации. Од тие причини Судот во случајов нема основ за спроведување на тест на штетност.
Оценката и тврдењето на Судот дека барањето е во правец на злоупотреба на Законот и причините кои судот ги наведува во врска со оваа оценка се неосновани од следните причини.
Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не постои одредба со која на барателите им се забранува да побараат пристап до одредена информација, доколку истото право можат да го остварат согласно процесните закони. Барателот има право сам да одлучи согласно кој закон ќе побара да го оствари неговото право на пристап до информации од јавен карактер. Во случајов барателот одлучил прво да се обрати до Судот и да побара Фотокопија од записник од прекршочна постапка, согласно процесните закони. Од списите во врска со предметот Комисијата утврди дека по наведеното барање Судот има различен пристап во одговорите. Прво, во врска со поднесените барања Судот го известил барателот дека може да изврши увид во предметот, потоа го упатил бараната информација да ја најде во Законот за прекршоци, објавен на посочена веб страница.
Бидејќи од Судот не добил соодветен одговор на поднесоците доставени согласно процесните закони, на 22.09.2010 година, барателот пак се обратил до Судот, но не со претставка туку со Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и не побарал фотокопија од Записник, туку “фотокопија од членот од законот (или подзаконскиот акт) со кој тоа е регулирано, т.е. дека странката во прекршочната постапка нема право да добие примерок од записникот што го потпишала“,
Судот во Образложението на оспореното Решение не образложува зошто го одбива горецитираното барање туку се враќа на првото барање и наведува дека при повторното одлучување по предметот судот утврдил дека на Еколошкото друштво Еко мисија“ барањето за фотокопија од записник во прекршочна постапка му е удоволено, при што…известени сте дека во секој момент можете да направите фотокопија од бараниот документ по плаќање на судската такса…
Во врска со ова Комисијата укажува на следното.
Доколку Судот утврдил дека согласно Законот за судски такси барателот за да добие фотокопија од бараната информација бил должен да плати судска такса, за истото бил должен да го извести барателот веднаш по доставувањето на барањето.
Во случајов барање фотокопија од Записник според процесните закони е поднесено во април 2010 година, а Барање поврзано со првото согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е поднесено во септември 2010 година. Во одговорите на Жалбите и другите списи во врска со предметот доставени од Основниот суд Скопје 1 до Комисијата, никаде не се спомнува неплаќањето на судската такса, како основ за одбивање на пристапот до бараната информација. Судската такса прв пат се спомнува во оспореното Решение од 10.12.2010 година, каде што се наведува дека Судот при повторното одлучување по предметот утврдил дека барателот бил известен дека требало да плати судска такса за да ја добие бараната информација (записник од прекршочна постапка).
Од увидот во списите Комисијата неможе да утврди дали судот доставил допис до барателот со кој го известил дека, за да добие фотокопија од бараниот документ е должен да плати судска такса, бидејќи такво известување нема.
Потоа во образложението на оспореното Решение Судот повторно се враќа на барањето поднесено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и наведува “Доколку судот дава поуки и правни образложенија за дејства преземени од страна на судот…(само на една од страните во постапката) тоа би претставувало повреда на начелото на рамноправност во постапката кое би повлекло и одговорност на давателот на таквата информација согласно Законот за судови…Доставувањето на ваква информација до Вас би имало штетни последици по однос на прекршочната постапка и угледот на судот доколку обвинетиот би се посомневал во непристрасноста на судот.“
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното.
Со барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер барателот не бара од Судот “поуки и правни образложенија за дејства преземени од страна на судот“, туку бара “фотокопија од членот од законот (или подзаконскиот акт)“, согласно кој Судот одбил да му даде фотокопија од Записник од прекршочна постапка. Барателот не бара од Судот образложение зошто така постапил или зошто преземал такви дејства, туку бара информација според кој член постапил судот во конкретниот случај .
Според Комисијата овозможувањето на пристап до наведената информација не претставува повреда на начелото на рамноправност во постапката, ниту пак ќе предизвика штетни последици по однос на прекршочната постапка и угледот на судот. Странките во постапката имаат право за знаат врз основа на кој Закон и кој член постапувал Судот по одреден предмет. Дали тоа ќе го побара едната, другата или двете странки во постапката, зависи од нивната потреба. Барањето на наведената информација само од едната странка не претставува повреда на начелото на рамноправност на странките.
Во оспореното Решение Судот тврди дека барателот бил известен дека “Барањето за фотокопија од записник во прекршочна постапка е удоволено…..можете да направите фотокопија од бараниот документ по плаќање на судската такса“. Од овој одговор произлегува дека бараната информација не е исклучок од слободниот пристап и нема основ за одбивање на барањето, доколку барателот плати судска такса.
Судот тврди дека по плаќањето на судската такса барателот може да ја добие бараната информација, за потоа истото да го негира, односно да дава образложение зошто неможе да даде “Фотокопија од членот од законот (или подзаконскиот акт) со кој тоа е регулирано, т.е. дека странката во прекршочната постапка нема право да добие примерок од записникот што го потпишала“.
Доколку ваков член постои значи не може да се даде бараната информација, доколку не постои (за што Судот не дава конкретен одговор) Судот бил должен веднаш да ја даде бараната информација.
Комисијата утврди дека постапувањето на Основен суд Скопје 1 по конкретниот предмет е спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и спротивно на начелата на јавност, отвореност, транспарентност, економичност на имателите на информации. Целта на горенаведениот Закон е граѓаните да го остварат своето право на пристап до информации од јавен карактер на брз и едноставен начин.
Во случајов барателот не ја добил бараната информација ниту после четири и пол месеци од денот на доставувањето на барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “За колку од донесените одлуки за прекршок на ниво на РМ е поднесена тужба од страна на лицата на кои им била изречена санкција (бараната информација треба да се однесува за периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-512 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за економија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1028/9 од 18.10.2010 година и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
„За колку од донесените одлуки за прекршок на ниво на РМ е поднесена тужба од страна на лицата на кои им била изречена санкција (бараната информација треба да се однесува за периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)?“.
Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-512 од 29.12.2010 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија не одговори на ова барање на Комисијата.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-512, во кое наведува “задоволни сме од добиениот одговор на Министерството за економија. Инаку, досега го немавме добиено одговорот за кој министерството тврди дека ни бил доставен“.
На барање на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 25.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-512, во кое се прецизира на кои броеви на Жалби се однесува наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за економија одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Која е највисоката изречена глоба на ниво на РМ во рамките на Комисиите за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството и врз основа на која прекршочна одредба е изречена глобата (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-520 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за економија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1028/8 од 18.10.2010 година, а во Министерството под број 13-7661/1 од 27.10.2010 година и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Која е највисоката изречена глоба на ниво на РМ во рамките на Комисиите за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството и врз основа на која прекршочна одредба е изречена глобата (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)?.“
Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-520 од 29.12.2010 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр.13-233/1 од 10.01.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-520 на 13.01.2011 година.
Во Одговорот се наведува дека “на ден 11.11.2010 година Работната група за остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер при Министерството за економија, до Фондацијата…во уреден законски рок го достави одговорот подготвен од страна на Прекршочните комисии…“.
Во прилог на наведеното достави фотокопија од одговорот на барањето и фотокопија од доставна книга каде што е запишан допис бр.13-7656/4.
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното. Фотокопијата од доставната книга е само доказ дека наведениот допис е доставен до пошта. Министерството за економија не достави доказ дали и кога наведениот допис е примен во Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, од кој Комисијата би можела да утврди дали на наведеното Барање е одговорено во рокот предвиден во Законот.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Фондацијата, која го извести дека во врска со наведеното Барање нема добиено Одговор од Министерството за економија.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата на 21.01.2010 година, го препрати Одговорот од Министерството за економија до Фондацијата.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-520, во кое наведува “задоволни сме од добиениот одговор на Министерството за економија. Инаку, досега го немавме добиено одговорот за кој министерството тврди дека ни бил доставен“.
На барање на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 25.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-520, во кое се прецизира на кои броеви на Жалби се однесува наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за економија одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но не достави доказ за уредна достава на одговорот до барателот, согласно Законот за опшштата управна постапка. Барателот го доби Одговорот со посредство на Комисијата, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и доставата да ја врши согласно Законот за општата управна постапка.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку одлуки да не се донесе одлука за прекршок на ниво на РМ се донесени во секоја година одделно и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството е донесена одлуката (бараната информација треба да се однесува за периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-519 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за економија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1028/6 од 18.10.2010 година, а во Министерството под број 13-7659/1 од 27.10.2010 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку одлуки да не се донесе одлука за прекршок на ниво на РМ се донесени во секоја година одделно и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството е донесена одлуката (бараната информација треба да се однесува за периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010 година).“
Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-519 од 05.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр.13-203/2 од 13.01.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-519 од 18.01.2011 година.
Во Одговорот се наведува дека “…Министерството за економија со Допис бр.13-7656/4 од 11.11.2010 година, до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, го има доставено Одговорот подготвен од страна на Прекршочните комисии на Министерството за економија.“ и дека “…Одговорот на барањето е доставен уредно и навремено во рок од 14 дена, сметано од денот на приемот на Барањето…“ Во прилог на овој одговор, Министерството ги достави фотокопијата од одговорот на барањето и фотокопијата од доставна книга каде што е запишан дописот бр.13-7656/4.
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното. Фотокопијата од доставната книга е само доказ дека наведениот допис е доставен до пошта. Министерството за економија не достави доказ дали и кога наведениот допис е примен во Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, од кој Комисијата би можела да утврди дали на наведеното Барање е одговорено во рокот предвиден во Законот.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Фондацијата, која го извести дека во врска со наведеното Барање нема добиено Одговор од Министерството за економија.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата на 21.01.2010 година, го препрати Одговорот од Министерството за економија до Фондацијата.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-519, во кое наведува “Задоволни сме од добиениот одговор на Министерството за економија. Инаку, досега го немавме добиено одговорот за кој министерството тврди дека ни бил доставен“.
На барање на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 25.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-519, во кое се прецизира на кои броеви на Жалби се однесува наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за економија одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но не достави доказ за уредна достава на одговорот до барателот, согласно Законот за опшштата управна постапка. Барателот го доби Одговорот со посредство на Комисијата, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и доставата да ја врши согласно Законот за општата управна постапка.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјалната заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило, чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош; постојана парична помош; парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа; парична помош на мајка која родила четврто дете; паричен надоместок за помош и нега од друго лице; еднократна парична помош и помош во натура; надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот; парична помош за социјално домување; и право на здравствена заштита.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-449 од 18.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Охрид и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници, како што е наведено во Жалбата, на 21.09.2010 година, препорачано по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Охрид, и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација.
“Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјалната заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило, чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош; постојана парична помош; парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа; парична помош на мајка која родила четврто дете; паричен надоместок за помош и нега од друго лице; еднократна парична помош и помош во натура; надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот; парична помош за социјално домување; и право на здравствена заштита.“
Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Охрид, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и на 18.11.2010 година, барателот преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје поднесе Жалба до Комисијата, заведена од бр.07-449.
Комисијата со допис бр.07-449 од 23.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Охрид и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Охрид на 06.12.2010 година, до Комисијата достави допис бр.03-950/2 од 29.11.2010 година, во прилог на кој ги достави бараните информации.
Македонското здружение на млади правници на 17.12.2010 година, до Комисјијата достави Известување, заведено во Комисијата под бр.07-449, во кое се наведува дека: ”До Центарот за социјална работа-Охрид е доставено дополнително барање за кое се уште немаме добиено дополнителен одговор…” а потоа го достави на увид и Дополнителното барање.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-449 со кое ја известува дека имателот доставил одговор на поднесеното барање од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Охрид одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Според кој закон/и од надлежност на министерството и на органите во рамки на министерството имаат надлежност да постапуваат комисиите за одлучување по прекршоци.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-521 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за економија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1018/2 од 18.10.2010 година, а во Министерството под број 13-7655/1 од 27.10.2010 година и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Според кој закон/и од надлежност на министерството и на органите во рамки на министерството имаат надлежност да постапуваат комисиите за одлучување по прекршоци“
Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-521 од 03.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр.13-231/2 од 13.01.2011 година а во Комисијата заведен под бр.07-521 од 18.01.2011 година.
Во Одговорот се наведува дека “Министерството за економија со Допис бр.13-7656/4 од 11.11.2010 година, до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, го има доставено Одговорот подготвен од страна на Прекршочните комисии на Министерството за економија“ и дека “Одоговорот на барањето е доставен уредно и навремено во рок од 14 дена, сметано од денот на приемот на Барањето…“
Во прилог на наведеното достави фотокопија од одговорот на барањето и фотокопија од доставната книга каде што е запишан допис бр.13-7656. Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното. Фотокопијата од доставната книга е само доказ дека наведениот допис е доставен до пошта. Министерството за економија не достави доказ дали и кога наведениот допис е примен во Фондацијата институт отворено општество-Македонија, од кој Комисијата би можела да утврди дали на наведеното Барање е одговорено во рокот предвиден во Законот.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Фондацијата, која го извести дека во врска со наведеното Барање нема добиено Одговор од Министерството за економија.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата на 21.01.2010 година, го препрати Одговорот од Министерството за економија до Фондацијата.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-521, во кое наведува “задоволни сме од добиениот одговор на Министерството за економија. Инаку, досега го немавме добиено одговорот за кој министерството тврди дека ни бил доставен“.
На барање на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество Македонија, по меил на 25.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-521, во кое се прецизира на кои броеви на Жалби се однесува наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за економија одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но не достави доказ за уредна достава на одговорот до барателот, согласно Законот за опшштата управна постапка. Барателот го доби Одговорот со посредство на Комисијата, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека, во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и доставата да ја врши согласно Законот за општатат управна постапка.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку одлуки за прекршок ниво на РМ се донесени во во секоја година одделно и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството се донесени одлуките и врз основа на кој/и закони со кој се предвидените прекршоците се донесени одлуките за прекршок.(Бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 ноември 2010)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-517 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за економија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1018/5 од 18.10.2010 година, а во Министерството под број 13-7658/1 од 27.10.2010 година и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Колку одлуки за прекршок ниво на РМ се донесени во секоја година одделно и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци при министерството и органите во рамките на министерството се донесени одлуките и врз основа на кој/и закони со кој се предвидените прекршоците се донесени одлуките за прекршок.(Бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 ноември 2010)“
Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-517 од 03.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр.13-232/2 од 13.01.2011 година а во Комисијата заведен под бр.07-517 од 18.01.2011 година.
Во Одговорот наведуваат дека “Министерството за економија со Допис бр.13-7656/4 од 11.11.2010 година, до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, го има доставено Одговорот подготвен од страна на Прекршочните комисии на Министерството за економија“ и дека “Одоговорот на барањето е доставен уредно и навремено во рок од 14 дена, сметано од денот на приемот на Барањето…“
Во прилог на наведеното достави фотокопија од одговорот на Барањето и фотокопија од доставната книга каде што е запишан допис бр.13-7656. Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното. Фотокопијата од доставната книга е само доказ дека наведениот допис е доставен до пошта. Министерството за економија не достави доказ дали и кога наведениот допис е примен во Фондацијата институт отворено општество-Македонија, од кој Комисијата би можела да утврди дали на наведеното Барање е одговорено во рокот предвиден во Законот.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Фондацијата, која го извести дека нема добиено Одговор од Министерството за економија.
Во функција на начелот на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата на 21.01.2010 година, го препрати Одговорот од Министерството за економија до Фондацијата.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-517, во кое наведува “задоволни сме од добиениот одговор на Министерството за економија. Инаку, досега го немавме добиено одговорот за кој министерството тврди дека ни бил доставен“.
На барање на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 25.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-517, во кое се прецизира на кои броеви на Жалби се однесува наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за економија одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но не достави доказ за уредна достава на одговорот до барателот, согласно Законот за општата управна постапка. Барателот го добил Одговорот со посредство на Комисијата, но со задоцнување
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и доставата да ја врши согласно Законот за општата управна постапка.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку прекршочни постапки на ниво на РМ се поведени во секоја година одделно и во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршоци одделно при министерството и органите во рамките на министерството и врз основа на кои закони/и со кој се предвидени прекршоците е поведена постапката.(Бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 ноември 2010)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-513 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за економија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1018/4 од 18.10.2010 година, а во Министерството под број 13-7657/1 од 27.10.2010 година и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Колку прекршочни постапки на ниво на РМ се поведени во секоја година одделно и во рамките на секоја Комисија за одлучување по прекршоци одделно при министерството и органите во рамките на министерството и врз основа на кои закони/и со кој се предвиденит прекршоците е поведена постапката.(Бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 ноември 2010)“
Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-513 од 03.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр.13-204/2 од 13.01.2011 година а во Комисијата заведен под бр.07-513 од 18.01.2011 година.
Во Одговорот се наведува дека “Министерството за економија со Допис бр.13-7656/4 од 11.11.2010 година, до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, го има доставено Одговорот подготвен од страна на Прекршочните комисии на Министерството за економија“ и дека “Одоговорот на барањето е доставен уредно и навремено во рок од 14 дена, сметано од денот на приемнот на Барањето…“
Во прилог на наведеното достави фотокопија од одговорот на Барањето и фотокопија од доставната книга каде што е запишан допис бр.13-7656. Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното. Фотокопијата од доставната книга е само доказ дека наведениот допис е доставен до пошта. Министерството за економија не достави доказ дали и кога наведениот допис е примен во Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, од кој Комисијата би можела да утврди дали на наведеното Барање е одговорено во рокот предвиден во Законот.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Фондацијата, која го извести дека нема добиено Одговор од Министерството за економија.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата на 21.01.2010 година, го препрати Одговорот од Министерството за економија до Фондацијата.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-513, во кое наведува “задоволни сме од добиениот одговор на Министерството за економија. Инаку, досега го немавме добиено одговорот за кој министерството тврди дека ни бил доставен“.
На барање на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 25.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-513, во кое се прецизира на кои броеви на Жалби се однесува наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за економија одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, но не достави доказ за уредна достава до барателот, согласно Законот за опшштата управна постапка. Барателот го добил одговрот со посредство на Комисијата, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и доставата да ја врши согласно Законот за општата управна постапка.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-437од 15.11.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 21.09.2010 година, препорачано по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
“Колку семејства се корисници на права на парична помош од социјална заштита што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, не вклучувајќи при тоа возило чија вредност изнесува не повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот изземени од извршување? Поединечно за: социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна патична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, и право на здравствена заштита.“
Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-437 од 17.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово достави допис бр.03-4226/2 од 26.11.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-437 од 06.12.2010 година, во кој предлага Комисијата да донесе решение врз основа на расположливите информации приложени кон Произнесувањето по Жалбата.
Македонското здружение на млади правници Скопје, на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-437 со кое ја известува дека имателот доставил одговор на поднесеното барање од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Куманово одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-318 од 09.11.2010 година и бр.07-323 од 23.11.2010 година, изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за одбрана на РМ (Генералштабот на АРМ) и полномошникот С.Б. адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-318 на 09.11.2010 година, изјавена од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Известувањето бр.1/3-7289/2 од 15.10.2010 година, на Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Жалбата бр.07-323 од 23.11.2010 година, изјавена од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот С.Б. адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-318 на 09.11.2010 година, и бр.07-323 од 23.11.2010 година, изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Известувањето бр.1/3-7289/2 од 15.10.2010 година, на Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и полномошникот С.Б. адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и го утврди следното.
Жалбите се изјавени од ист жалител, против ист имател Министерството за одбрана – Генералштабот на АРМ, за исто барање, преку различни полномошници поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка на февруари 2011 година, донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, со препорачана пратка преку пошта на 06.07.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Копија од Договор за набавка на “Инвестициона изградба на службен комплекс во касарна Илинден во Скопје“ бр.03-7482/01 од 28.12.2000 година“.
Исто такво барање, на истиот датум истиот барател доставил и до Генералштабот на Армијата на Република Македонија.
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија на наведеното Барање не одговориле во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е се поднесени наведените Жалби до Комисијата.
Комисијата со посебни дописи ги препрати Жалбата до Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесат по истите и да ги достават до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија не одговорија ниту на овие дописи на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за одбрана не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини, Комисијата ја уважи Жалбата и донесе Решение со кое го задолжи Министерството на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 18.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По доставувањето на наведеното Решение на Комисијата, Министерството за одбрана до Фондацијата Институт отворено општество Македонија, доставило Известување во кое покрај другото наведува. “По однос на барањето за доставување копија од (документ) Договор.бр.03-7482/01 од 28.12.2000 година…….сакаме да ве известиме дека предметниот договор не е заведен во архивата на ГШ на АРМ“.
Против наведеното Известување Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-318 на 09.11.2011 година.
Комисијата со допис бр.07-318 од 11.11.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за одбрана не одговори на овој допис на Комисијата.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, застапувана од адвокатот С.Б. од Скопје, достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-323 на 21.01.2011 година, во кое се наведува. “Ве известувам дека барателот на информацијата е задоволен од добиената информација, односно на истиот му е доставена копија од Договорот за набавка на Инвестициона изградба на службен комплекс во касарна Илинден во Скопје бр.03-7482/01 од 28.12.2000 година.“
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за одбрана одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-318 од 09.11.2010 година и бр.07-323 од 23.11.2010 година, изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот М.Р. адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за одбрана на РМ (Генералштабот на АРМ), и полномошникот С.Б. адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Постапките по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-318 на 09.11.2010 година, и бр.07-323 од 23.11.2010 година, изјавени од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, поднесени преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Известувањето бр.1/3-7289/2 од 15.10.2010 година, на Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и полномошникот С.Б. адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ja разгледа Жалбaта изјавена од Фондацијата институт отворено општество – Македонија, заведена во Комисијата под бр. 07-318 од 09.11.2010 година, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Известувањето бр.1/3-7289/2 од 15.10.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и Жалбата бр.07-323 од 23.11.2010 година, поднесена преку полномошникот С.Б. адвокат од Скопје, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Договор за набавка на инвестициона изградба на службен комплекс во касарна Илинден во Скопје бр.03-7482/01 од 28.12.2000 година“ и го утврди следното.
По разгледувањето на Жалбите Комисијата утврди дека се изјавени од ист жалител, против ист имател Министерството за одбрана – Генералштабот на АРМ, за исто барање, преку различни полномошници поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
Во прилог на наведеното е и Известувањето на Министерството за одбрана бр.13/4-5713/1 од 25.08.2010 година, доставено до Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, заведено под бр.11-889/1 на 13.10.2010 година, во кое се наведува следното.
“….ГШ на АРМ согласно организационата поставеност нема надлежност да дава информации од јавен карактер на надворешни субјекти…“
Водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка Комисијата донесе Заклучок за спојување на наведените жалби во еден предмет.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
***********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 1 февруари 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку од одлуки за прекршок на ниво на РМ се извршени и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010)“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-518 од 23.12.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје против Министерството за економија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата, на 18.10.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под број 11-1018/5 од 18.10.2010 година, а во Министерството под број 13-7663/1 од 27.10.2010 година и побарала по пошта да и ја достават следната информација.
“Колку од одлуки за прекршок на ниво на РМ се извршени и во рамките на која Комисија за одлучување по прекршоци (бараната информација треба да се однесува на периодот од формирањето на комисијата заклучно со 01 октомври 2010).“
Министерството за економија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-518 од 05.01.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството достави Одговор по Жалба, заведен под бр.13-387/2 од 13.01.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-518 на 21.01.2011 година.
Во Одговорот се наведув дека “Министерството за економија со Допис бр.13-7656/4 од 11.11.2010 година, до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, го има доставено Одговорот подготвен од страна на Прекршочните комисии на Министерството за економија“ и дека “Одговорот на барањето е доставен уредно и навремено во рок од 14 дена, сметано од денот на приемот на Барањето…“
Во прилог на наведеното достави фотокопија од одговорот на барањето и фотокопија од доставна книга каде што е запишан допис бр.13-7656. Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното. Фотокопијата од доставната книга е само доказ дека наведениот допис е доставен до пошта. Министерството за економија не достави доказ дали и кога наведениот допис е примен во Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, од кој Комисијата би можела да утврди дали на наведеното Барање е одговорено во рокот предвиден во Законот.
Службеното лице што постапува по предметот, контактираше со Фондацијата, која го извести дека во врска со наведеното Барање нема добиено Одговор од Министерството за економија.
Во функција на начелото на ефикасност, односно побрзо и полесно без одолговлекување на постапката да се реши управната работа, службеното лице од Комисијата на 21.01.2010 година, го препрати Одговорот од Министерството за економија до Фондацијата.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 24.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-518, во кое наведува “задоволни сме од добиениот одговор на Министерството за економија. Инаку, досега го немавме добиено одговорот за кој министерството тврди дека ни бил доставен“.
На барање на Комисијата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, по меил на 25.01.2011 година, до Комисијата достави Известување заведено во Комисијата под бр.07-518, во кое се прецизира на кои броеви на Жалби се однесува наведеното Известување.