ДОНЕСЕНИ 10 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата шеснаесета седница одржана на 3 февруари 2012 година, донесе 10 решенија и 3 заклучоци.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, во делот од Барањето бр.УП.08-978 од 10.10.2011 година “Барам да ми издадете оригинал или примерок заверен верно на оргиналот од Решението со УП бр.08-978 од 11.07.2011 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за цивилно воздухопловство на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-393 од 16.12.2011 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, во делот од Барањето бр.УП.08-978 од 10.10.2011 година “Барам да ми издадете оригинал или примерок заверен верно на оргиналот од Решението со УП бр.08-978 од 11.07.2011 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за цивилно воздухопловство на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Ф.П. од Скопје, како што е наведено во Жалбата на 10.10.2011 година, доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за цивилно воздухопловство заведено под бр.УП.08-978 и побарал во фотокопија, по пошта да му ја достават следната информација.
“Барам да ми издадете оригинал или примерок заверен верно на оргиналот од Решението со УП.бр.08-978 од 11.07.2011 година, како и фотокопија од дописот со бр.08-925/1 од 04.07.2011 година доставен до вас од А.Д.М-НАВ наведен во бараното Решение кое до денес воопшто не ми е уредно доставено од непознати причини и ако јас сум странка а не А.Д.М-НАВ кому решението му било навреме доставено од ваша страна.“
Агенцијата за цивилно воздухопловство на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-393 од 21.12.2011 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за цивилно воздухопловство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство достави Известување заведено под бр.08-978 од 30.12.2011 година а во Комисијата под бр.07-393 од 20.01.2012 година. Во прилог на Известувањето до Комисијата ги достави и бараните информации во фотокопија.
Службеното лице на Комисијата му укажа на имателот дека бараните информации задолжително се доставуваат до барателот а не до Комисијата.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, достави Известување бр.08-77/2 од 18.01.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-393 од 20.01.2012 година, во кој се наведува:“…Ве известуваме дека по основ на истите подносителот е известен и испратен му е писмен одговор.“
Ф.П. од Скопје, на 30.01.2012 година до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-939 во кој наведува“…Предлагам АЦВ како имател на бараните информации од јавен карактер да ја задолжите по секое од 4-четирите одделни барања да ме извести поединачно, односно поодделно со четири независни одделни одговори, а со оглед на секое од поднесените барања……..За предметната работа упатувам едно барање од причина што од страна на АЦВ за 4-четирите поднесени барања добив само еден одговор со само една информација односно бараното писмо од М-НАВ А.Д. Скопје со архивски знак бр.08-925/1 од 04.07.2011 година“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за цивилно воздухопловство постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не одговорила на Барањето на барателот во рокот предвиден во Законот.
Од списите на предметот Комисијата утврди дека Агенцијата за цивилно воздухопловство постапила по дел од Барањето и на барателот му ја доставила бараната информација “фотокопија од дописот со бр.08-925/1 од 04.07.2011 година доставен до вас од А.Д.М-НАВ наведен во бараното Решение кое до денес воопшто не ми е уредно доставено од непознати причини и иако јас сум странка а не А.Д.М-НАВ кому решението му било навреме доставено од ваша страна“ но со задоцнување односно по поднесување на Жалбата, што со дописот го потврди и барателот. Комисијата и укажува на Агенцијата за цивилно воздухопловство дека по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, треба да се постапува согласно роковите предвидени со Законот.
Што се однесува до Решението на АЦВ доставено до Комисијата, истото е во фотокопија а не во форма наведена во барањето, односно не претставува примерок заверен верно со оргиналот од Решението УП. Бр.08-978 од 11.07.2011 година, поради што Комисијата го задолжи имателот да му ја достави бараната информација на барателот, во форма наведена во Барањето.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Г. од Скопје, поднесена против Одговорот бр.14-385/22 од 16.12.2011 година на Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Г. од Скопје, поднесена против против Одговорот бр.14-385/22 од 16.12.2011 година на Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Барам да ми се достават Записниците од извршениот инспекциски надзор по поднесените Пријави, Барања и Жалби и тоа: 1.Пријава бр.07-685/1 од 27.07.2009 година; 2.Пријава бр.07-218/1 од 19.02.2010 година; 3.Претставка од 28.04.2010 година; 4.Барање бр.07-645/1 од 17.05.2010 година, 5.Пријава бр.07-646/1 од 17.05.2010 година; 6.Жалба од 23.06.2010 година; 7.Претставка бр.07-756/1 од 10.06.2010 година; 8.Пријава бр.07-757/1 од 10.06.2010 година; 9.Барање бр.07-756/2 од 15.06.2010 година; 10.Жалба од 01.07.2010 година; 11.Претставка од 18.01.2011 година; 12.Жалба од 21.02.2011 година; 13.Жалба од 04.04.2011 година; 14.Барање од 04.02.2011 година; 15.Пријава од 04.04.2011 година; 16.Пријава бр.07-385/1 од 09.05.2011 година; 17.Пријава од 31.05.2011 година; 18.Пријава од 04.08.2011 година“, најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-395 од 26.12.2011 година, изјавена од А.Г. од Скопје, поднесена против Одговорот бр.14-385/22 од 16.12.2011 година на Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
А.Г. од Скопје, како што е наведено во Жалбата на 11.11.2011 година, доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Барам да ми се достават Записниците од извршениот инспекциски надзор по поднесените Пријави, Барања и Жалби и тоа: 1.Пријава бр.07-685/1 од 27.07.2009 година; 2.Пријава бр.07-218/1 од 19.02.2010 година; 3.Претставка од 28.04.2010 година; 4.Барање бр.07-645/1 од 17.05.2010 година; 5.Пријава бр.07-646/1 од 17.05.2010 година; 6.Жалба од 23.06.2010 година; 7.Претставка бр.07-756/1 од 10.06.2010 година; 8. Пријава бр.07-757/1 од 10.06.2010 година; 9.Барање бр.07-756/2 од 15.06.2010 година; 10.Жалба од 01.07.2010 година; 11.Претставка од 18.01.2011 година; 12.Жалба од 21.02.2011 година; 13.Жалба од 04.04.2011 година; 14.Барање од 04.02.2011 година; 15. Пријава од 04.04.2011 година; 16.Пријава бр.07-385/1 од 09.05.2011 година; 17.Пријава од 31.05.2011 година; 18.Пријава од 04.08.2011 година.“
Министерството за труд и социјална политика во врска со ова Барање, до барателот доставил “Одговор на прашања во кој наведува:“…. Бараните записници содржат лични податоци чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци, што според чл.6 ст.1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е основ за одбивање на барањето за пристап до информации“
Незадоволен од добиениот Одговор, барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата е наведено дека не е одговорено во рок од 30 дена и дека Министерството во “Одговорот на прашања“ се повикало на исклучок од Законот без притоа да донесе Решение за одбивање на пристапот.
Комисијата, со допис број 07-395 од 28.12.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за труд и социјална политика постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Повторно барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Повторно барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од начинот пропишан од Министерот за финансии во согласност со Министерот за здравство и Министерот за труд и социјална политика за граѓаните на РМ кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување по една од точките од 1-14, од членот 10 став 1 точка 15 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување( Сл.весник бр.142/08, 64/09, 156/09 и 166/10“), СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-78 од 19.12.2011 година, изјавена од Фондацијата отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата отворено општество-Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 26.08.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.11-684/1 до Министерството за финансии и побарала да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од начинот пропишан од Министерот за финансии во согласност со Министерот за здравство и Министерот за труд и социјална политика за граѓаните на РМ кои не се дефинирани како обврзници за плаќање на придонес за задолжително здравствено осигурување по една од точките од 1-14, од членот 10 став 1 точка 15 од Законот за придонесеи од задолжително социјално осигурување( Сл.весник бр.142/08, 64/09, 156/09 и 166/10) “.
Министерството за финансии во врска со ова Барање, до барателот, со задоцнување доставило Известување заведено под бр.19-27278/4 од 16.09.2011.година. Во Известувањето е наведено “… Согласно со Законот за изменување и дополнувње на Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување (“Сл.весник на РМ“ бр.53/2011) кој започна да се применува од 01.09.2011 година, во членот 10 став 1 точка 15 зборовите “на начин пропишан од министерот за финансии во согласност со министерот за здравство и министерот за труд и социјална политика“ се бришат… “.
Незадоволна од наведеното Известување, Фондацијата отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје поднела Повторно барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Фондацијата под број 11-684/3 од 06.10.2011 година, а во Министерството под бр.03-33219/1 на 17.10.2011 година.
Во Повторното барање се наведува: “Барателот ФООМ согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го доставува ова повторно барање, бидејќи смета дека информацијата со која се запознал не е информацијата која во целост ја навел во Барањето….“
Исто така, во Повторното барање барателот наведува “барателот оваа барана информација ја побара за прв пат на 24.02.2011 година…до барателот стигна Решение за одбивање на пристапот бидејќи “ се работи за информација која е уште во фаза на подготвување и усогласување и за која законскиот рок за донесување е 90 дена сметано од 30.12.20010 година….Ова значи дека бараната информација “начинот пропишан од министерот…“ доколку е почитуван Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Сл. весник на РМ бр.166/10) е донесен пред обврската да биде избришана со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување(“Сл.весник на РМ бр.53/11).
Министерството за финансии во врска со Повторното барање, до барателот доставило Известување заведено под број 03-33219/2 во кое наведува “..Ве известуваме дека одговорот на бараната информација Ви е доставен со допис бр.19-27278 од 16.09.2011 година.“
Незадоволна од наведеното Известување, Фондацијата отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ф.М. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-78 од 26.12.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии достави Одговор на Жалба бр.03-43015/2 од 30.12.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-78 на 20.01.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Министерството наведува “Разгледувајќи ја жалбата и жалбените наводи Министерството за финансии констатира дека истата е поднесена ненавремено односно по истекот на рокот од 15 дена предвиден со членот 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер….Покрај тоа што жалбата е ненавремена истата е неоснована од причина што имателот на информации веќе еднаш му има дадено одговор на барателот и повторно поднесеното барање претставува на некој начин и злоупотреба на правото на барање на слободен пристап до информации од јавен карактер….самиот барател односно жалител во жалбените наводи не го негира фактот дека за веќе еднаш поднесено барање има добиено одговор, но сепак повторно ја бара истата информација за која е известен дека имателот не располага…..“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Министерството за финансии до барателот доставило Известување по првото барање дека со измените на законот (“СЛ.весник бр.53/2011) “се укинува законскиот основ за донесување на акт од страна на министерот за финансии во согласност со министерот….“ и Известување по Повторното барање дека “одговор на бараната информација Ви е доставен со допис бр.19/27278/4 од 16.09.2011 година“. Министерството, кое и во Одговорот на жалбата наведува дека не располага со бараната информација наместо наведените известувања, требало да донесе Заклучок со кој ја прекинува постапката,
Член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, гласи: “Во членот 26 став 2 зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи “Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер“.
Од тука произлегува дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Комисијата укажува дека во член 28 од Законот за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, не е предвиден рок за поднесување жалба по Известување, бидејќи и Известување како форма на постапување по Барањето не постои,туку доколку имателот не располага со бараната информација, треба да донесе Заклучок за прекинување на постапката.
Комисијата со Решение бр.07-78 од 09.06.2011 година, по истото Барање на барателот, го потврди Решението на Министерството за финансии бр.04-7609/4 од 18.03.2011 година. Во образложението на Решението, Министерството наведе дека се работи за исклучок предвиден во член 6 став 1 алинеја 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно за информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината.“
Притоа, му укажа на Министерството дека при донесувањето на решенијата за одбивање на пристапот кога се работи за исклучок од член 6 став 1 точка 7, задолжително треба да се води грижа за став 2 од член 6 според кој “ Информациите утврдени во ставот 1 на овој член, стануваат достапни кога ке престанат причините за нивната достапност.“
Од наведеното произлегува дека по истекот на рокот од 90 дена сметано од 30.12.2010 година, односно после 31 март 2011 година, имателот согласно своите законски надлежности требало да ја подготви бараната информација и да му ја достави на барателот. Измените на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Сл.весник бр.53/11) се објавени на 14.04.2011, што ја потврдува обврската на Министерството за подготвување на бараната информација.
Доколку Министерството не ја подготвило бараната информација, односно како што наведува “не располага со бараната информација“ требало да донесе Заклучок за прекинување на постапката.
Комисијата смета дека во конкретниот случај не се работи за злоупотреба на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи барателот има право согласно член 24 точка 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да бара од имателот на информации да му овозможи запознавање со информацијата што ја навел во Барањето најдоцна во рок од 10 дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата.
Исто така, Комисијата смета, дека е беспредметно да се задолжи имателот да ја даде бараната информација бидејќи тоа нема да го смени фактот дека имателот не располага со бараната информација, ниту пак веќе за Министерството постои законска обврска да ја создаде бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Општина Велес – Сектор за урбанизам, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 03 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Општина Велес – Сектор за урбанизам, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Општина Велес – Сектор за урбанизам на барателот да му ја достави бараната информација „Барателот Б.П., заедно со станарите од зграда Б3 во нецелосен број, доставија Согласност за реконструкција на кров за 4 станари од зграда Б3. Општина Велес – Сектор за урбанизам ги поседува предметите број 1304-3333/1 од 30.07.2007 година и предмет број 1304-4199/1 од 02.10.2002 година и достави Решение за локациски услови и одобрение за градба на еден станар С.Д. од зграда Б3….Општина Велес не достави Решение во кое ќе има правна поука за сите назначени станари, во согласност со Законот за управна постапка, што значи скратена му е можноста на барателот за жалбена постапка. Барателот бара Општина Велес во најкраток можен рок да му достави Решение со право за правна поука…“, најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-396 од 29.12.2011година, изјавена од Б.П. од Велес, поднесена против Општина Велес – Сектор за урбанизам, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Велес – Сектор за урбанизам на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на наведената Жалба, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.07-396 на 29.12.2011 година, Б.П. од Велес на 16.11.2011 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Велес – Сектор за урбанизам и побарал да му се даде следната информација:
„Барателот Б.П., заедно со станарите од зграда Б3 во нецелосен број, доставија Согласност за реконструкција на кров за 4 станари од зграда Б3. Општина Велес – Сектор за урбанизам ги поседува предметите број 1304-3333/1 од 30.07.2007 година и предмет број 1304-4199/1 од 02.10.2002 година и достави Решение за локациски услови и одобрение за градба на еден станар С.Д. од зграда Б3….Општина Велес не достави Решение во кое ќе има правна поука за сите назначени станари, во согласност со Законот за управна постапка, што значи скратена му е можноста на барателот за жалбена постапка. Барателот бара Општина Велес во најкраток можен рок да му достави Решение со право за правна поука…“.
Општина Велес – Сектор за урбанизам, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-396 од 09.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Општина Велес и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Општина Велес достави Одговор бр.25-268/2 од 18.01.2012 година, во кој е наведено дека во претходна постапка согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на Б.П. од Велес „му достави фотокопии од целата расположива документација по предметот, за што е изготвен Записник за позитивен одговор…на лицето Б.П. му е доставен и копија од предмет бр. 1301-3333/1 од 14.08.2007 година „Решение за локациски услови“ кое…е доставено до непосредните соседи во периодот на реализација на управната постапка…Општина Велес смета дека со издавањето на целокупната документација на барателот испочитуван е Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…барателот понатамошните права во врска со општата управна постапка реализирана во 2007 година, може да ги бара пред надлежните судови“. Во прилог на Одговорот до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Записник бр.25-455/21 од 14.10.2011 година, во кој се наведени под реден број, со број на предмет и датум, документи од кои му се дадени фотокопии на Б.П. од Велес. Записникот е потпишан од страна на раководното лице во Општината, од службеното лице за посредување со информации на Општината, како и од страна на барателот Б.П. од Велес.
По разгледување на Жалбата Комисијата го утврди следното:
Општина Велес не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорила на Барањето од барателот Б.П. од Велес во законски предвидениот рок. Во приложената фотокопија од Записник бр.25-455/21 од 14.10.2011, на која Општина Велес се повикува во Одговорот на Жалба бр.25-268/2 од 18.01.2012 година, а со која Општината тврди дека во претходна постапка на барателот му е дозволен увид во целокупната документација, Комисијата под ниту еден реден број на наведените документи не констатира извршен увид во „Решение за локациски услови“, документ каков што Б.П. од Велес бара во неговото Барање бр.25-6235/1 од 16.11.2011 година.
Комисијата се согласува со Одговорот дека Општина Велес, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, изготвила „Решение за локациски услови“ и истото во периодот на реализација на управната постапка го доставила до сите станари на зградата Б3 во Велес, чиј станар е и горенаведениот барател. Меѓутоа, тоа не значи дека сега Б.П. од Велес нема право да бара фотокопија од наведеното Решение.
Поради погоре изложеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Акционерското друштво на барателот да му овозможи увид во бараната информација „Да ми се овозможи увид во документацијата бр.10-8823 од 11.05.2007 год. со која му наложувате на тогашниот Државен завод за геодетски работи, сектор за премер и катастар Скопје, сега Агенција, да Ви достави нумерички податоци за новопроектирана сервисна улица, КО Центар 1, согласно Извод од план 209/2007 ДУП Буњаковец 2 (крак на ул. Рајко Жинзифов)“, најдоцна до 20.02.2012 година.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-7 од 10.01.2012 година, изјавена од В.Б. од Скопје, поднесена против Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Акционерското друштво на барателот да му овозможи увид во бараната информација најдоцна до 20.02.2012 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
В.Б. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 15.12.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, заведено во Акционерското друштво под бр.02-8445/1, со кое ја побарал следната информација:
„Да ми се овозможи увид во документацијата бр.10-8823 од 11.05.2007 год. со која му наложувате на тогашниот Државен завод за геодетски работи, сектор за премер и катастар Скопје, сега Агенција, да Ви достави нумерички податоци за новопроектирана сервисна улица, КО Центар 1, согласно Извод од план 209/2007 ДУП Буњаковец 2 (крак на ул. Рајко Жинзифов)“.
Во врска со наведеното Барање Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје до В.Б. од Скопје доставило Службена белешка – Записник бр. 02-8445/2 од 03.01.2012 година, во која наведува дека барателот „…на ден 28.12.2011 година во 13,00 ч. во просториите на Акционерското друштво…изврши увид во бараната документација“.
Незадоволен од начинот на дозволениот увид во бараната документација, извршен на 28.12.2011 година, барателот В.Б. од Скопје одбил да стави потпис на Службената белешка – Записник за извршен увид и поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата, меѓу другото, наведува дека „…службеното лице го листаше досието од кое бев оддалечен два ипол метри…ми подаде еден документ од пет шест реда…останаа залудни убедувањата да го видам предметот со овој број…рече службеното лице сакаме да ти помогнеме и најдобро е да одиш во Собрание на Општина Центар…“.
Комисијата со допис бр.07-7 од 12.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје достави Одговор на Жалба бр.02-8445/7 од 23.01.2012 година, заведен во Комисијата под бр. 07-7 на 25.01.2012 година. Во Одговорот на Жалбата, Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје наведува дека „…лицето В.Б….изврши увид во бараната документација…По однос на наводите во Жалбата…за препраќање на Барањето на Општина Центар…Барањето не е препратено…од причина што конкретната барана документација…е на Акционерското друштво…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје постапило спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, го повикало барателот да изврши увид во бараната документација, но увидот не го спровело на законски предвидениот начин.
Согласно член 24 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако барателот бара да му се даде информацијата на увид, имателот на информацијата е должен да му овозможи увид во истата на тој начин што барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина. Во случајов на барателот на увид му била дадена само дел од бараната документација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-389 од 09.12.2011 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Ф.П. од Скопје, како што е наведено во Жалбата на 27.04.2011 година, доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за цивилно воздухопловство заведено под бр.03-968 и побарал по во фотокопија, по пошта да му ја достават следната информација.
“Барам писмена информација за начинот и правниот основ врз кој АЦВ како надлежен орган согласно одредбите од член 7-б, став 1, точка 6 од Законот за воздухопловство им ги издава и продолжува дозволите за работа и овластувањата на контролорите и помошниците контролори на летање кои се обучувале и вршеле проверки на знаења и стручна способност во трговско друштво А.Д. М-НАВ Скопје како правен субјект во стопанството, кој како што ми е познато нема соодветно уверение за обука на кадар за контрола на летање т.е не е регистриран како центар за обука или школски центар за средно или високо образование согласно одредбите од членот 134 и членот 136 од Законот за воздухопловство, а такви обуки А.Д М-НАВ Скопје врши веќе подолго време“.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-389 од 21.12.2011 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за цивилно воздухопловство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство достави Известување заведено под бр.08-968 од 30.12.2011 година, а во Комисијата заведено под бр.07-389 на 20.01.2012 година.
Во Известувањето се наведува “согласно одредбите од член 7-б, став 1, точка 6 од Законот за воздухопловство за издавање и продолжување на дозволите за работа и овластувањата на контролорите и помошниците контролори на летање….оваа материја подетално е обработена во Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи и овластувања на персоналот на контрола на летање……Напоменуваме дека во Агенцијата за цивилно воздухопловство на барање на давателот на услуги М-НАВ АД Скопје сеуште се води постапка за издавање на уверение – сертификат за вршење обука и дека од периодот од 01.10.2010 година не се отпочнати обуки во М-НАВ АД Скопје – Контрола на летање согласно одредбите од Правилникот“.
Во прилог на Известувањето до Комисијата достави фотокопија од допис на Агенцијата за цивилно воздухопловство бр.03-1768/6 од 29.11.2011 година, доставен до А.Д “М-НАВ“, Скопје.
Во дописот покрај другото се наведува и следното: “Сите обуки кои се започнати пред стапување во сила на новиот правилник односно кои се започнати по Правилникот за стручна подготовка, обука, испити, дозволи и овластувања на персоналот на контрола на летање (“Службен весник на РМ“ број 79/2003) и пред 01-ви Ноември 2010 година треба да бидат завршени согласно правилникот кој бил во сила кога биле започнати обуките“.
По добивањето на наведеното Известување службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот и укажа на Агенцијата за цивилно воздухопловство, дека е должна бараните информации, веднаш да ги достави до барателот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, достави допис бр.08-77/2 од 18.01.2012 година, а во Комисијата заведен под бр.07-389 од 20.01.2012 година, во кој се наведува:“…Во врска со Вашите дописи …кои се однесуваат за предметот на лицето Ф.П. во случајов подносител на жалбата, Ве известуваме дека по основ на истите подносителот е известен и испратен му е писмен одговор.“
Незадоволен од наведениот одговор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Ф.П. од Скопје, на 30.01.2012 година, до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-389, во кое наведува.
“….Воопшто не добив прецизен и конкретен одговор, туку во известувањето само паушално се нафрлаат нејасни и двосмислени наводи…всушност воопшто не ми се даваат бараните информации од јавен карактер“.
….За предметната работа упатувам едно барање од причина што од страна на АЦВ за 4-четирите поднесени барања добив само еден одговор со само една информација односно бараното писмо од М-НАВ А.Д. Скопје со архивски знак бр.08-925/1 од 04.07.2011 година“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за цивилно воздухопловство постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не одговорила на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот.
Место веднаш, односно во рокот предвиден во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Барањето одговорила после осум месеци. Целта на Законот е на брз и едноставен начин барателите да го остварат правото на слободен пристап до бараните информации.
Потоа, од увидот во списите Комисијата констатира дека, Агенцијата за цивилно воздухопловство на трите поединечни барања заведени под различни броеви, одговорила со еден допис.
Во врска со тоа Комисијата укажува дека, имателот на информации е должен на секое поединечно барање да достави посебен одговор.
Комисијата уште и укажува на Агенцијата за цивилно воздухопловство дека, при постапувањето при евентуални идни барања е должна да ги има во вид укажувањата на Комисијата.
Во врска со содржината на Одговорот на барањето Комисијата смета дека, е во рамките на поднесеното барање. На барателот му е доставена писмена информација во врска со неговото Барање. Во наведеното Барање барателот не бара конкретен документ, туку само констатира одредени работи.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности, Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности, Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Препис и фотокопија од предметот со кој се пресметал катастарскиот приход за земјоделска дејност за донесување на решение на обврзникот Д.М.В. од Ѓорче Петров, ул.Браќа Миладинови бр.28 во Скопје, мојот дедо кој е починат“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-1 од 04.01.2012 година, изјавена од Д.Д., ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.Д., како што е наведено во Жалбата, на 11.11.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за финансии-Управа за јавни приходи, Дирекција во Скопје, заведено под бр.22-17235. Во врска со наведеното Барање на 07.12.2011 година, Управата за јавни приходи, место да го препрати Барањето го известила дека, не располага со бараната информација и го упатила неговото право да го оствари пред Агенцијата за катастар на недвижности – Скопје.
На 15.12.2011 година, Д.Д. доставил Барање до Агенцијата за катастар на недвижности и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Препис и фотокопија од предметот со кој се пресметал катастарскиот приход за земјоделска дејност за донесување на решение на обврзникот Д.М.В. од Ѓорче Петров, ул.Браќа Миладинови бр.28 во Скопје, мојот дедо кој е починат“.
Во продолжение на Барањето појаснил дека ова решение го донела (управа за приходи на Град Скопје), Управата – одделението за општествени приходи на Собранието – Општината – Град Скопје за 1979 година, под матичен број 046104856 за горенаведениот обврзник. Во прилог на Барањето доставил и фотокопија од наведеното Решение, со цел како што наведува, во Агенцијата за катастар на недвижности полесно да го најдат предметот.
Во врска со наведеното Барање Агенцијата за катастар на недвижности до Д.Д., доставила Известување УПП бр.13-1226 од 22.12.2011 година.
Во Известувањето се наведува дека,Секторот за внатрешна контрола при Агенцијата за катастар на недвижности, не е во можност да му ги достави бараните податоци од причина што не располага со таков вид на податоци.
Незадоволен од наведеното Известување, Д.Д. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-1 од 12.01.2012 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, постапила спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Во членот 26 став 2 зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.
По ставот 2 се додава нов став кој гласи “Против заклучокот од ставот 2 на овој член, барателот може да поднесе жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Од тука произлегува дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која имателот не располага или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество Македонија од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Одговорот на Државен пазарен инспекторат по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Отворено општество Македонија поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесена против Одговорот на Државен пазарен инспекторат бр.07-623/2 од 07.09.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-14 од 27.01.2012 година, изјавена од Фондацијата Отворено општество Македонија поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата истата е поднесена против Одговорот на Државен пазарен инспекторат, во врска со Барањето бр.11-700/11 од 26.08.2011 година. Полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје во Жалбата наведува дека ја поднесува против Одговор бр.523/2 од 05.09.2011 година, меѓутоа Комисијата од увидот во списите утврди дека е тоа одговор бр.623/2 од 07.09.2011 година.
Во предходна управна постапка Комисијата постапуваше по Жалба поднесена од Фондацијата Институт отворено општество Македонија,поднесена преку истиот полномошник, заведена во Комисијата под бр.07-341 на 13.10.2011година, поради молчење на Државниот пазарен инспекторат во врска со поднесено Барање бр.11-700/11 од 26.08.2011година.
Во прилог на Одговорот на Жалбата доставен до Комисијата Министерството за економија, достави и Одговор заведен под бр.07-623/2 на 7.09.2011 година, на горенаведеното Барање бр.11-700/11 од 26.08.2011 година.
Тргнувајќи од принципот на економичност и транспарентност на управната постапка, кои не беа применети од имателот на информациите, туку напротив имаше молчење од негова страна, Комисијата во врска со наведениот Одговор телефонски и по меил комуницираше и со барателот и со имателот на информации. Комисијата, Министерството за економија, односно службеното лице телефонски го извести, дека е должно Одговорот веднаш да го достави до барателот. По добивањето на Одговорот Фондацијата Институт отворено општество на 19.12.2011 година, по меил ја извести Комисијата дека не е задоволна од доставениот Одговор.
Од наведените причини, при постапувањето по Жалбата која беше поднесена поради молчење на имателот на информациите и донесувањето на Решението бр.07-341 на 22.12.2011година, Комисијата го имаше во вид одговорот на имателот и произнесувањето по истиот од барателот на информацијата.
Комисијата во Образложението на горенаведеното Решение со кое ја уважи Жалбата и го задолжи Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација, подетално ја објасни и целата постапка во однос на постапувањето по барањата и должностите на службеното лице.
Исто така, подетално се задржа и на Одговорот подготвен од Прекршочните комисии и доставен до барателот, против кој е поднесена Жалбата бр.07-14.
Од наведените причини Комисијата смета дека, е безпредметно да постапува по горенаведената Жалба и одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Кошаркарскиот клуб Вардар-Скопје, застапуван од претседателот В.В., поднесена против Македонската кошаркарска федерација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Кошаркарскиот клуб Вардар-Скопје, застапуван од претседателот В.В., поднесена против Македонската кошаркарска федерација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-391 од 15.12.2011година, изјавена од Кошаркарскиот клуб Вардар-Скопје, застапуван од претседателот В.В., поднесена против Македонската кошаркарска федерација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Кошаркарскиот клуб Вардар-Скопје, застапуван од претседателот В.В. на 18.10.2011 година, со допис бр.11/1-069 побарал од Македонската Кошаркарска Федерација, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер да му ги достават следните информации:
”- Списокот на членките на МКФ за членување во МКФ на основа образец РЕГ-1, бидејќи бројот на членките не е во ниедна форма објавен ниту доставен до клубовите.
– Извод од Централниот Регистар за упис на МКФ дека на основа законските прописи е регистрирано правно лице согласно Законот за здруженија и фондации.
– Решението од Агенцијата за млади и спорт за дозвола за вршење на спортска дејност-кошарка согласно Законот за спорт.”
Македонската Кошаркарска Федерација, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледување на Жалбата Комисијата го утврди следното.
Согласно член 3 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) „иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.”
За имателите на информации кои не се прецизно дефинирани во наведениот член, Комисијата тргнува од фактот дали физичкото или правното лице врши јавни овластувања.
Според правната наука јавните овластувања се функции на државата чие вршење се доверува на установи, организации и заедници и најчесто се однесува на одделни односи од пошироко значење (решавање во поединечни управни работи, водење на евиденција, издавање на јавни исправи и слично).
При утврдувањето на Листата на иматели, Комисијата тргнува од матичниот закон односно законот кој претставува lex specialis во работењето на правното лице.
Доколку во конкретниот закон постои обврска за правното лице да врши јавни овластувања, тогаш Комисијата наведените правни и физички лица ги третира како иматели на информации од јавен карактер.
Што се однесува конкретно до Македонската Кошаркарска Федерација, Комисијата во Законот за спортот не најде член во кој е регулирано дека определени јавни овластувања на Агенцијата за млади и спорт се пренесуваат на Македонската Кошаркарска Федерација.
Исто така, Комисијата не најде член ниту во Статутот на Македонската Кошаркарска Федерација, од кој произлегува обврска за Федерацијата да врши јавни овластувања.
Од наведените причини Комисијата смета дека Македонската Кошаркарска Федерација, не е имател на информации, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оттука и постапката по наведеното Барање не може да се спроведе согласно одредбите од горенаведениот закон.
Поради погоре изложеното Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, се УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата на барателот да му ја достави бараната информација “Барам да ми издадете препис од Уверение или сертификат за работа на школски центар или др. образовна институција за вршење на обука на персонал на контрола на летање во Р.Македонија, согласно одредбата од член 3 и членот 4, став 1 и став 2, од Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи, дозволи и овластувања на персоналот на контролата на летање, издадено од Ваша страна како овластен орган согласно одредбите од членот 136 од Законот за воздухопловство и претходно наведените одредби-доколку постои; односно Потврда дека уверение не сте издале т.е. дека таква институција во Република Македонија не постои.“, најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006.86/2008 и 6/2010) ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-392 од 16.12.2011 година, изјавена од Ф.П. од Скопје, поднесена против Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, по предметот Барањето за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 20.02.2012 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Ф.П. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 27.04.2011 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, заведено во Агенцијата под бр.03-967/1 и побарал по пошта или лично да му ја достават следната информација:
„Барам да ми издадете препис од Уверение или сертификат за работа на школски центар или др. образовна институција за вршење на обука на персонал на контрола на летање во Р.Македонија, согласно одредбата од член 3 и членот 4, став 1 и став 2, од Правилникот за стручно оспособување, проверки, дозволи, дозволи и овластувања на персоналот на контролата на летање, издадено од Ваша страна како овластен орган согласно одредбите од членот 136 од Законот за воздухопловство и претходно наведените одредби-доколку постои; односно Потврда дека уверение не сте издале т.е. дека таква институција во Република Македонија не постои.“
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата заведена под бр.07-392 на 16.12.2011 година.
Комисијата со допис бр.07-392 од 20.12.2011 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Агенцијата за цивилно воздухопловство достави допис бр.08-77/2 од 18.01.2012 година, со кој ја известува Комисијата дека по однос на Барањето го известила подносителот и му испратила писмен одговор. Агенцијата по факс го достави до Комисијата и цитираното Известување бр.18-77/1 од 18.01.2012 година, адресирано до Ф.П. со кое му одговара на три поднесени Барања. По однос на Барањето предмет на конкретната Жалба, во Известувањето Агенцијата наведува дека “… постапила согласно барањето од М-НАВ АД Скопје и ги утврдила условите за издавање на уверение за центар за обука на персоналот на контрола на летање. Воедно Ве известуваме дека постапката е во тек и сеуште не е завршена. По завршување на постапката односно по утврдување дали се исполнети условите Агенцијата ќе издаде уверение за центар за обука на персоналот на контрола на летање.”
Ф.П. од Скопје, на 30.01.2012 година до Комисијата достави Известување заведено под бр.07-392 во кое наведува “…добив едно известување за 3-три независни барања од кое што известување воопшто не добив прецизен и конкретен одговор, туку во известувањето само паушално се нафрлаат нејасни и двосмислени наводи со кои мене всушност не ми се даваат бараните информации од јавен карактер.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за цивилно воздухопловство постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно на барателот не му ја доставила бараната информација на начин и во форма наведени во Барањето и не одговорила на барањето во рокот предвиден во Законот.
Од списите на предметот Комисијата утврди дека Агенцијата за воздухопловство постапувајќи по Барањето, само го известила Ф.П. дека во тек е постапка за издавање на уверение за центар за обука на персоналот на контрола на летање, односно на М-НАВ АД Скопје и се уште не е завршена, но не му доставила Потврда дека не издала уверение односно дека таква институција во Република Македонија не постои, како што е наведено во Барањето.
Комисијата и укажува на Агенцијата за цивилно воздухопловство дека по барањата за пристап до информации од јавен карактер, треба да се постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и бараната информација да се достави до барателот во форма која е наведена во Барањето.
Поради горенаведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Р. од Скопје, поднесена против Министерството за економија-Биро за метрологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.Р. од Скопје поднесена против Министерството за економија-Биро за метрологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Бирото за метрологија на 28.09.2011 година, под број 0302-3220/1, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-374 од 06.12.2011 година, изјавена од М.Р. од Скопје, поднесена против Министерството за економија-Биро за метрологија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.Р. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, до Министерството за економија-Биро за метрологија поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено под бр. 0302-3220/1 од 28.09.2011 година. Во Барањето навел дека сака да му се достави писмен одговор по поставените прашања:
„-Дали ЕВН иако согласно член 21,23 како и член 25 од Зконот за метрологија(“Сл.весник на РМ“ бр.55/02 од 04.07.2002 година) со кое имале обврска за задолжителна верификација го сториле истото и побарале од Вашата институција нешто такво над броилото 000656837?;
-На долниот дел од извештајот за добиени резултати стои празна линија без потпис на претставник од Вашата институција, дали тоа е во ред…?
-На државната и фабричка бломба на броилото имало знаци на манипулации тврдат од ЕВН, дали во конкретниот случај требало да се постапи согласно член 28 став 2 од Законот за метрологија (“Сл.весник на РМ“ бр.55/02 од 04.07.2002 година) и дали им е дозволено тие сами да го утврдат тоа, иако јас сум убеден и сигурен дека тие самите го сториле тоа злодело над пломбите?
-Јас во просек годишно трошам околу 20.000 денари а мерачите од ЕВН пресметале дека од 16.02.2011 до 16.08.2011 со наводната моја манипулација(кражба) над броилото таа греши за 66,3% односно не регистрира 2/3 од потрошената енергија што спред мене преставува груба невистина и криминален акт од страна на ЕВН, па од вас барам да ми кажете како е направено ова мерње од страна на ЕВН и дали можете Вие да извршите мерење на истото броило;
-Поради манипулации кои се направени со броилото истото е уништено и не е за понатамошна употреба велат на крајот мерачите од ЕВН-дали е ова законски, мерен уред без моја, ваша дозвола, контрола, верификација и потврда на истото да биде уништен?“
Министерстото за економија-Биро за метрологија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.07-374 од 20.12.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија-Биро за метрологија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Министерството за економија-Биро за метрологија достави Произнесување по Жалба бр.0302-4142/2 од 22.12.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-374 на 22.12.2011 година, во кој наведува дека “М.Р. ги доби одговорите на сите прашања кои написмено ги доставил со дописот… во опширниот телефонски разговор со одговорното лице во Одделението за верификација на електрични мерила-Биро за метрологија“.
Во прилог до Комисијата ги достави во писмена форма наведените одговори.
Во врска со наведеното произнесување, службеното лице што постапува по предметот му укажа на Бирото за метрологија дека наведените одговори треба да ги достави до Барателот бидејќи тој во Барањето навел дека сака да му се достави писмен одговор.
Службеното лице што постапува по предметот контактираше со барателот кој рече дека ќе се произнесе по доставениот одговор, но во разумен рок не го достави произнесувањето.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за економија-Биро за метрологија одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од М.Р. од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 65 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 03 февруари 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Соодветен акт: Одлука со деловодни податоци бр.—од датум—при Судски совет на Република Македонија, со кој се дефинирани и именувани „членовите на Советот“ во согласност со последната одржана „Конститутивна седница“ при Судскиот совет на РМ во согласност со одредбите од Член 29 и Член 28 од Законот за Судски совет на РМ, објавен во Сл.в.на РМ во следните: (бр.60/2006;…;бр.150/2010), а в.в. со одредбите од Член 6 од Законот за Судски совет на РМ“, поради тоа што барателот не ги отстранил недостатоците во поднесокот, односно не го дополнил Барањето во законски предвидениот рок.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006/86/2008 и 6/2010 година), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-372 од 28.11.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ЗАПРЕ постапката, поради тоа што барателот не ги отстранил недостатоците во поднесокот, односно не го дополнил Барањето во законски предвидениот рок.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.К. од Скопје на 19.09.2011 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на Република Македонија и побарал по пошта да му се достави препис од следната информација:
„Соодветен акт: Одлука со деловодни податоци бр.—од датум—при Судски совет на Република Македонија, со кој се дефинирани и именувани „членовите на Советот“ во согласност со последната одржана „Конститутивна седница“ при Судскиот совет на РМ во согласност со одредбите од Член 29 и Член 28 од Законот за Судски совет на РМ, објавен во Сл.в.на РМ во следните: (бр.60/2006;…;бр.150/2010), а в.в. со одредбите од Член 6 од Законот за Судски совет на РМ“.
Судскиот совет на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, „во два обида ми доставува несоодветни побарувања, со цел намерно да ја одолжи постапката за доставување на соодветната информација“.
Комисијата со допис бр.07-372 од 29.11.2011 година, ја препрати Жалбата до Судскиот совет на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова Барање, Судскиот совет на Република Македонија достави Одговор на Жалба бр.03-1588/6 од 02.12.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-372 на 12.12.2011 година. Во Одговорот на Жалбата, Судскиот совет на Република Македонија наведува дека „Судскиот совет…постапувајќи по наведеното Барање во законски предвидениот рок од барателот на информации со допис број 03-1588/2 од 19.10.2011 година побара да го дополни Барањето бидејќи нема наведено конкретно која информација од јавен карактер ја бара”. Во прилог на Одговорот на Жалба е доставена фотокопија од наведеното Известување со кое Судскиот совет на Република Македонија од М.К. од Скопје бара да го дополни Барањето во рок од три дена, укажувајќи му на последиците ако тоа не го направи.
Бидејќи барателот не го дополнил Барањето во законски предвидениот рок, Судскиот совет на Република Македонија со Заклучок бр.03-1588/7 од 29.12.2011 година констатирал дека Барањето е повлечено, односно ја запрел постапката по истото.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Судскиот совет на Република Македонија постапил согласно член 17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и по Барањето за пристап до информации од Милутин Крстески од Скопје донел Заклучок со кој констатирал дека барањето е повлечено.
Против наведениот Заклучок, М.К. од Скопје не поднесе Жалба во рокот предвиден во Законот.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ж.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 3 февруари 2012 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Ж.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Дали можам да ги откупам помошните простории што ми следуваат како дел од куќата што ја купив во 1993 година, докази во барање Ваш бр.25-5042/1 од 04.07.2011.“ поради повлекување на Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-13 на 27.01.2012 година, изјавена од Ж.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Ж.Г. од Скопје, како што е наведено во Жалбата, на 02.11.2011 година до Министерството за транспорт и врски поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.23-7782/1 и побарал по пошта да му достават препис од информацијата:
„Дали можам да ги откупам помошните простории што ми следуваат како дел од куќата што ја купив во 1993 година, докази во барање Ваш бр.25-5042/1 од 04.07.2011.“
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата заведена под бр.07-13 на 27.01.2012 година.
Ж.Г. на 01.02.2012 година, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата бидејќи Министерството му одговорило на барање кое по содржина е слично на предметното Барање за пристап до информации од јавен карактер и оттука одговорот на Министерството по Барањето бр.23-7782/1 од 02.11.2011 година би бил ист.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Ж.Г. од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и во форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.