ДОНЕСЕНИ 11 РЕШЕНИЈА И 5 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 157 седница одржана на 4 ноември 2010 година, донесе 11 решенија и 5 заклучоци.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.М. од Штип, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастер Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(„Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Л.М. од Штип, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид на барателот да му ја достави бараната информација “Податоци за недвижниот имот за кој М.Д.К. остварила право на денационализација(број на катастарска парцела, вид и површина на недвижен имот) М.Д.К. на ул“Туристичка“ 12-3/4 Охрид е сестра на мојата мајка.“, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-356 од 17.09.2010 година, изјавена од Л.М. од Штип, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Л.М. од Штип , како што се наведува во Жалбата, на 21.07.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид и побарала да ја известат во врска со постапувањето по Барањето за слободен пристап до информации, заведено под број 21-1851/2 од 21.07.2010 година.
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-356 од 22.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид во врска со овој допис достави Известување заведено под број 1123/4 од 08.10.2010 година а во Комисијата заведено под број 07-356 од 19.10.2010 година. Во Известувањето се наведува“…По извршениот увид во деловодните книги кои ги води Одделението, се утврди дека од 21.07.2010 година до денес барање од М.Л. од Штип (21-1851/2) не е заведено.“
Л.М. од Штип, на 21.10.2010 година достави Известување до Комисијата заведено под број 07-356.
Во Известувањето наведува дека од Општина Охрид каде што првобитно било испратено барањето на 07.07.2010 година со препорачана пратка, добила Известување за препратено барање заведено под број 21-1851/2 од 21.07.2010 година, со кое ја известуваат дека барањето се однесува на информации кои не ги произвела и со кои не располага Општината туку за тоа е надлежна Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид и затоа барањето е препратено на постапување пред Одделението и дека оттаму треба да очекува информации.
Службеното лице кое постапува по предметот, стапи во контакт со Општина Охрид и побара доказ кога е препратено предметното Барање.
Општина Охрид на 25.10 2010 година, по факс до Комисијата го достави Известувањето за препраќање на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации до Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид, заведено под број 21-1851 од 21.07.2010 година.
Во прилог на Известувањето достави и копија од доставната книга на Општината од која се гледа дека наведеното Барање Агенцијата за катастар на недвижности го примила на 21.07.2010 година и тоа го потврдила со потпис на вработен во одделението, потпишан под реден број 737 од книгата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на препратеното Барање на барателот во законски предвидениот рок и не ја спровело постапката по наведеното Барање, за кое тврдеше дека не го поседува а всушност го примило навреме од Општината.
Комисијата на Агенцијата за катастар на недвижности-Одделение за премер и катастар-Охрид и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата и Дополнувањето на Жалбата изјавении од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесени преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВААТ.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр. 07-232 од 06.07.2010 година и Дополнувањето на Жалбата од 15.09.2010 година, изјавени од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесени преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ГИ ОДБИ како неосновани.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 20.05. 2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, по пошта, до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побарала во фотокопија, по пошта да и ја достават следната информација.
“Список на усвоени закони на владини седници за периодот од 01.01.2010 година до 20.05.2010 година?“.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорила во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-232 од 07.07.2010 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од 3 дена Генералниот секретаријат да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат во врска со ова барање достави Известување заведено под број 14-3028/4 од 30.08.2010 година а во Комисијата заведено под број 07-232 од 01.09.2010 година.
Во Известувањето е наведено “Ве известуваме дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија има доставено одговор до барателот на информацијата. Во прилог Ви доставуваме фотокопија од одговорот доставен до барателот на 07.06.2010 година“ Во прилог достави и фотокопија од повратницата со потпис на барателот за прием на пратката заведена под број 14-3028/2 од 09.06.2010 година.
Во врска со доставениот Одговор Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 15.09.2010 година до Комисијата поднесе Дополнување на Жалба поради молчење на администрација.
Во дополнувањето се наведува дека не се задоволни од добиениот одговор бидејќи “барањето се однесува на поименично набројување и наведување на усвоените предлог закони за тој период, а не само наведување на вкупниот број и потоа, и броевите на предлог-закони во поедини области, како што го направил тоа имателот на информацијата-Влада на РМ-Генерален секретаријат, видно од приложениот Одговор како доказ во оваа Жалба. Тоа го прави овој одговор нецелосен и несоодветен на поставеното барање“
Комисијата со допис број 07-232 од 22.09.2010 година го препрати Дополнувањето на Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од 3 дена Генералниот секретаријат да се произнесе по Дополнувањето на Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат во врска со ова барање, произнесување по Дополнување на Жалба, достави Известување заведено под број 14-3028/7 од 14.10.2010 година а во Комисијата заведено под број 07-232 од 19.10.2010 година.
Во Известувањето, меѓу другото е наведено и: “Согласно член 3 став 1 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“бр.13/06. 86/08 и 6/10) “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со неа располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежносати… Евидентирање на список на закони усвоени на владини седници за Генералниот секретаријат не е обврска согласно закон, деловник за работа или друг позитивен правен акт, па во таа насока напоменуваме дека информација од овој тип (список на Закони) Генералниот секретаријат не поседува туку треба да создава со цел одговор на барањето.
Имајќи го во вид претходно наведеното Ве известуваме дека согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Генералниот секретаријат на Валадата на Република Македонија писмено го извести барателот дека не создал и не располага со таква информација а кое известување го праќаме во прилог“
Наведеното известување е препратено и до барателот на информацијата.
По разгледувањето на сите списи во врска со предметот, Комисијата констатира следното.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат на барањето одговорила во законски предвидениот рок и до барателот доставила Одговор, што значи поднесената Жалба поради молчење на администрација е неоснована.
Од Известувањето по барањето на Комисијата за произнесување по Дополнувањето на Жалбата Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија–Генерален секретаријат постапила согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно го известил барателот на информацијата дека не располага со бараната информација.
Согласно член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “информација од јавен карактер“ е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.“
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер предвидува пристап до информации кои постојат и не наметнува обврска за имателот на информации да создава нова информација.
И покрај тоа што формално правно имателот не е должен да подготви нова информација, Комисијата кажува дека современата европска мисла и практика, во областа на идејата “ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ“ се повеќе значење му придава на ПРОАКТИВНОТО ИНФОРМИРАЊЕ како засилување на досегашното со закон регулирано РЕАКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ (реагирање откако одредена информација ќе биде побарана). Информацијата за која Комисијта го почитуваше законот кој вели дека имателот не е должен да подготви нова информација е еден од примерите како може да се делува проактивно, без да се чека барање од странката. На тој начин, како дел од редовното информирање на активностите, се постигнува ефектот на транспарентност пред јавноста, се намалува притисокот за информации на барателите.. Впрочем ваквото однесување е предвидено и во новелата во член 5 од Законот за Изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој, во членот 10, по ставот 2, се додава нов став 3 кој гласи: “Како начин на информирање на јавноста за својата работа, имателите на информации е потребно:- да ги објават законските и подзаконските акти на офисијалната веб страница на институцијата; -да издаваат соопштенија до јавноста за својата работа преземени од нивна страна во согласност со законските надлежности;-да објавуваат статистички податоци за својата работа;-да ги објават извештаите за работа кои ги поднесуваат до органите надлежни за спроведување на контрола и надзор и- на друг начин предвидени со закон да ги направат достапни сите информации од јавен карактер“.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, ротив Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА, оспореното Решение на Министерството за финансии-Управа за јавни приходи бр.12-4954/6 од 17.09.2010 година, се ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии-Управа за јавни приходи на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од двата квартелни извештаи од 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии. И листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии “, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-363 од 05.10.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, оспореното Решение на Министерството финансии-Управа за јавни приходи бр.12-4954/6 од 17.09.2010 година, го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството финансии-Управа за јавни приходи на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата ја разгледа Жалбата и оспореното Решение на Министерството за финансии-Управа за јавни приходи и го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, како што се наведува во Жалбата на 16.06.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии-Управа за јавни приходи, и побарала да и ја достават следната информација:
“Фотокопија од двата квартелни извештаи од 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии. И листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии “.
Во врска со ова Барање, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, донесе Решение бр.07-281од 25.08.2010 година со кое предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган-Министерството за финансии –Управа за јавни приходи.
Управата за јавни приходи, во повторената постапка, постапи по горенаведеното Решение на Комисијата и донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација.
Против наведеното Решение Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под број 07-363 од 05.10.2010 година.
Во Жалбата се наведува следното.“Првостепениот орган упорно се повикува на член 9 од Законот за даночна постапка во кој се наложува должноста на службеникот да ја чува како даночна тајна податокот, информацијата или друг факт за даночниот обврзник до кој факт, податок, информација или документ е дојдено преку даночна, прекршочна или судска постапка. Повторно нагласуваме дека примената на оваа одредба е без основа и не може да се повикува на неа бидејќи станува збор за информација која е добиена врз основа на член 25 од Законот за финансирање на политички партии во кој јасно е нагласено дека“…политичка партиоја подготвува извештај за добиените донации..политичката партија доставува квартален извештај за добиените донации до Министерството за финансии и Управата за јавни приходи во рок од 15 дена по завршувањето на кварталот“ што упатува на тоа дека истиот податок не е стекнат преку даночна, прекршочна или судска постапка, туку преку постапка за финансирање на политичка партија.Оттука произлегува дека истата не спаѓа во групата на информации квалификувани како даночна тајна.“
Комисијата со допис бр.07-363 од 08.10.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството финансии-Управа за јавни приходи и побара во рок од 3 дена Управата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии-Управата за јавни приходи одговори на ова барање на Комисијата и достави Произнесување по Жалба заведено под број 13-4854/8 од 13.10.2010 година а во Комисијата заведено под број 07-363 од 15.10 2010 година.
Во произнесувањето по Жалба, Управата за јавни приходи смета дека има донесено правилно и врз закон засновано решение кое содржи образложение за причините за одбивање на Барањето и предлага Жалбата да се одбие како неоснована.
Врз основа на погоре изложено Комисијата го утврди следното.
Комисијата смета дека во оспореното Решение Управата за јавни приходи погрешно ги применила одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со кое се одбива Барањето за пристап до информација од јавен карактер од следните причини.
Точно е дека имателите на информации согласно член 6 став 1од Законот можат да одбијат барање за пристап до информации од јавен карактер. Не с спорно дек Управата за јавни приходи работата од својата надлежност ја врши согласно Законот за Управата за јавни приходи и Законот за даночна тајна. Меѓутоа, сметаме дека Управата за јавни приходи погрешно го применила член 3 алинеја 2 од Законот за за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 и 6/2010) според кој “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“ Во конкретниот случај, барателот не бара информација што ја создал имателот (во даночна, прекршочна или судска постапка) туку бара информација со која располага имателот односно што ја примил како таква од друг имател.
Согласно член 21 од погоре наведениот закон, “Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна на јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“
Од списите на предметот се гледа дека барателот бараната информација ја бара во форма во каква располага имателот односно каква што ја примил од друг имател а не бара како истата ќе се применува согласно Законот за даночна постапка ниту пак го бара документот што ќе произлезе од даночната постапка или што е составен дел на некој документ што е во фаза на подготовка кај имателот-Управата за јавни приходи.
Што се однесува за делот од Барањето “И листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии“ имателот воопшто не наведува дали ја поседува бараната информација туку само се повикува на обврската на политичките партии согласно член 25 од Законот за финансирање на политичкиоте партии, според кој, “неисполнувањето на наведените обврски преставува основ за поведување на прекршочна постапка“.
Комисијата утврди дека при донесувањето на Решението имателот го имал предвид член 4 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер-односно тестот на штетност, но не го прифаќа ставот на имателот изнесен во решението “во постапката на проверка на последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата-тест на штетност, а во отсуство на попрецизен законски опис на постапката, се оцени дека станува збор за јавен интерес кој обезбедува јавност и отвореност во работењето на органот, но и дека исклучокот е предвиден со закон, односно дека давањето на предметните информациии би значело повреда на доверливоста на даночната постапка и обврска за чување на даночна тајна и би предизвикало штетни последици во остварувањето на функцијата.“
Имено,“попрецизниот законски опис на постапката на тестот на штетност“ не може да биде причина имателот да донесе решение за одбивање на пристапот бидејќи “исклучокот е предвиден со закон“. Основната цел на Законот е слободен пристап до информациите, одбивањето е исклучок.
Во конкретниот случај не се работи за информација стекната во даночната постапка или за тоа како постапувл имателот во даночната постапка ниту за тоа дали информацијата е од документ што е во постапка за подготвување туку за информација што ја добил имателот во нејзиниот интегрален состав, таква каква што ја добил имателот.
Согласно Законот, барателот може да бара информација со која располага имателот на информации, а факт е дека Управата за јавни приходи располага со бараната информација. Лично право на барателот е да ја бара информацијата од оној што ја создал или со која располага имателот на информацијата.
Точно е дека со бараната информација располагал и Државниот завод за ревизија(од кого барателот ја побарал и ја добил бараната информација) и дека согласно член 7 од Законот за изменување и дополнување на законот за финансирање на политичките партиии (“Службен весник на РМ“ бр.96/09) се додава нов член 27а според кој “1.Годишниот финансиски извештај политичката партија е должна јавно да го објави на веб страната на политичката партија и во најмалку еден од дневните весници.
2. Годишниот финансиски извештај политичката партија е должна да го објави во „Службен весник на Република Македонија“.
Но барателот наведената информација ја побарал од Управата за јавни приходи и Управата била должна да му ја даде.
Од горенаведеното произлегува дека, Министерството за финасии-Управата за јавни приходи при донесувањето на оспореното Решение погрешно ја утврдило фактичката состојба и погрешно го применило материјалниот закон.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2010 година (Образец 1)“, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-354 од 13.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството труд и социјална политика и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од План за спроведување ма проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2010 година (Образец 1) “.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-354 од 22.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од План за спроведување ма проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност од 2010 година (Образец 1)“, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-350 од 06.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството труд и социјална политика и побарало во фотокопија, по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од План за спроведување ма проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност од 2010 година (Образец 1) “.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-350 од 10.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност од 2010 година“, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-343 од 03.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството труд и социјална политика и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност од 2010 година “.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-343 од 10.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
На 14.10.2010 година полномошникот на жалителот, С.Б., адвокат од Скопје до Комисијат достави Ургенција во врска со поднесена Жалба, заведена под број 07-343.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за авторското право и сродните права од 2010 година (Образец 1)“, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-344 од 03.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, со препорачана пратка, по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството култура и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за авторското право и сродните права од 2010 година (Образец 1)“.
Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-344од 10.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за авторското право и сродните права од 2010 година“, најдоцна до 22.11..2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-351 од 06.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, со препорачана пратка, по пошта поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството култура и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за авторското право и сродните права од 2010 година “.
Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-351од 10.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за правда – Управа за извршување санкции, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од К.М. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за правда – Управа за извршување санкции, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, “Копија од втората (ажурирана) верзија на документот Извештај за одржливост/изводливост на Проектот Реконструкција на казнено – поправните установи во РМ кој е веќе доставен до Банката за развој при Советот на Европа“, СЕ УВАЖУВА, Решението бр.07-3377/2 од 13.09.2010 година, на Министерството за правда – Управа за извршување санкции се ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-364 од 05.10.2010 година, изјавена од К.М. од Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Решението на Министерството за правда – Управа за извршување санкции бр.07-3377/2 од 13.09.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ, Решението бр.07-3377/2 на Министерството за правда – Управа за извршување санкции го ПОНИШТИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
К.М. од Скопје, како што се наведува во Жалбата поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда – Управа за извршување санкции заведено под бр.07-3377 и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од втората (ажурирана) верзија на документот Извештај за одржливост/изводливост на Проектот Реконструкција на казнено-поправните установи во РМ кој е веќе доставен до Банката за развој при Советот на Европа“.
Во врска со ова Барање Министерството за правда – Управа за извршување санкции, донела Решение бр.07-3377/2 од 13.09.2010 година, со кое го одбива пристапот до бараната информација.
По разгледувањето на Решението Комисијата го констатира следното.
Во диспозитивот на Решението не е до крај цитирано барањето, односно не достасува делот “кој е веќе доставен до Банката за развој при Советот на Европа“. Дел кој е значаен во натамошната постапка, а не е земен во вид при одлучувањето по барањето.
Во Образложението на Решението Управата за извршување на санкции како единствена причина за одбивање на пристапот го наведува член 6 став 1 точка 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), и нагласува дека со објавувањето ќе биле повредени авторските права на експертот кој го подготвил Извештајот, а бил ангажиран од Советот на Европа преку техничка помош за подготовка на проектот.
Против наведеното Решение К.М., преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата жалителот ги наведува причините зошто е незадоволен од Решението, односно зошто смета дека Решението е незаконито и неправилно.
Комисијата со допис бр.07-364 од 06.10.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда – Управа за извршување санкции и побара во рок од 3 дена Управата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за извршување санкции во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор на жалба, бр.07-3377/4 од 14.10.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-364 на 19.10.2010 година.
Во Одговорот на Жалбата исто така барањето не е цитирано до крај, односно не достасува делот “кој е веќе доставен до Банката за развој при Советот на Европа“.
Со Одговорот по Жалбата Управата за извршување санкции ја известува Комисијата дека го одбила Барањето врз основа на член 6 став 1 точка 8, основ кој е наведен и во образложението на Решението, а потоа наведува дека “исто така барањето е неосновано и по точките 6 и 7 од членот 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/06,86/08 и 6/10)“. Во член 6 точка 6 од горенаведениот закон е регулирано дека исклучок од слободниот пристап е “Информација, што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата“ и точка 7 од истиот член “информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината“, причини кои воопшто не се наведени во Образложението на побиваното Решение.
Во врска со ова Комисијата укажува дека, образложението на решението треба да содржи објаснување на странката поради кои причини е одбиен пристапот до бараната информација. Во конкретниов случај Управата за извршување санкции во образложението на решението наведува само една причина, а во одговорот на Жалбата и други причини.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Управата за извршување санкции донела Решение со кое го одбива пристапот до бараната информација со Образложение за причините за таквото одлучување.
Во Одговорот на Жалбата доставен до Комисијата воопшто не навлегува во содржината на Жалбата, која се однесува на причините за одбивање на пристапот, туку (место во Решението) наведува и други причини за одбивање на пристапот. Една од причините за одбивање е дека документот е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување. Извештај кој како што е наведено во Барањето, е ажуриран и веќе доставен до Банката за развој при Советот на Европа, на чиј текст имателот нема забелешки, не може да биде во постапка на подготвување, туку во таа фаза е готов документ.
Понатаму, во Одговорот на Жалбата Управата наведува дека бараниот документ не е финална верзија туку документ кој се дополнува и ажурира. Комисијата од увидот во барањето утврди дека, барателот бара втора верзија од Извештајот, која е ажурирана и доставена до Банката за развој при Советот на Европа, а не финалната верзија за која имателот тврди дека не е готова.
Исто така, одговорот “конечната верзија на Извештајот………..ќе биде класифициран како интерен документ согласно Законот за класифицирани информации“, не може да биде основ за одбивање на пристапот. По наведениот основ Барањето може да се одбие откако ќе биде завршена постапката и на видно место ќе биде означен степенот на класификација на бараната информација.
Комисијата смета дека, наведените недостатоци побрзо и поекономично ќе ги отстрани првостепениот орган и ќе донесе правилно и врз закон засновано Решение во кое ќе ги наведе сите причини врз основа на кои го одбива пристапот до бараната информација. Пред донесувањето на решението Управата е должна да го спроведе тестот на штетност, со тоа што ќе утврди кои се тие штетни последици кои би настанале како што наведува во одговорот на Жалбата “во остварувањето на функцијата на затворскиот систем“ и како со откривањето на бараната информација би можела да се загрози “безбедноста во функционирањето на казнено поправните установи“. После тоа да утврди што е поголемо, дали штетата која би настанала со откривањето на бараната информација или јавниот интерес кој треба да биде задоволен со нејзиното откривање. По спроведувањето на тестот на штетност да одлучи дали ќе овозможи пристап до бараната информација или истиот ќе го одбие.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица поднесена против Управниот суд по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Л. од Струмица, поднесена против Управниот суд, по предметот Барање пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-372 од 21.10.2010 година, изјавена од Д.Л. од Струмица поднесена против Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Д.Л. од Струмица, на 01.10.2010 година, препорачано по пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управниот суд и побарал пристап до информацијата:
“Зошто постои Управниот суд?“
Во врска со ова Барање, Управниот суд одговорил со Решение за одбивање на барањето за пристап до информацијата заведено под бр.03-21/3 од 13.10.2010 година. Во Решението судот наведува: ”Имателот на информацијата, постапувајќи по барањето за пристап до информација од јавен карактер, утврди дека од содржината на истото произлегува дека барањето не ги содржи елементите од член 16 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер…Вака поставеното барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, не само што не ги содржи законските елементи, туку и бараната информација не претставува информација од јавен карактер во смисла на член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и истата не е во функција на целта на законот дефинирана во член 2 од истиот.”
Незадоволен од наведеното Решение, на 21.10.2010 година, Д.Л. достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-372 од 25.10.2010 година, ја препрати Жалбата до Управниот суд и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управниот суд по ова барање достави Одговор на жалба и списи, број 03-21/6 од 27.10.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-372 од 28.10.2010 година.
Во Одговорот на Жалбата, Управниот суд останува кон наводите од образложеното решение и предлага жалбата да биде одбиена како неоснована. Истовремено во одговорот наведува дека наводите во жалбата за сторена суштествена повреда на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со оглед да од барателот не е побарано дополнување на барањето во смисла на член 17 од истиот закон, се неосновани, “од причина што дополнување на барање може да се побара и изврши во случаи кога истото е непотполно….Во конкретниот случај не само што предметното барање не ги содржи суштинските елементи, туку од содржината на истото имателот оцени дека воопшто не се работи за барање за пристап до информации од јавен карактер во смисла на законот…”
По разгледувањето на сите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Управниот суд во врска со поднесеното барање во законски предвидениот рок донел Решение со кое го одбил пристапот до бараната информација.
Врз основа на спроведената постапка по Жалбата, Комисијата утврди дека Решението на Управниот суд е правилно и врз закон засновано.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Д. од Битола, поднесена против Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.Д. од Битола, поднесена против Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА претпријатието на барателот да му ја достави бараната информација “Акт на КЈП „Нискоградба“-Битола кој претставува основ за пресметување и наплата на т.н. манипулативен трошок во износ од 5,00 денари во месечните сметки за канализација, сметано од 2005 година до денес; Акт на КЈП „Нискоградба“-Битола во кој се објаснува подетално структурата на т.н. манипулативен трошок и се пропишува на кој начин се врши калкулацијата на овој надоместок кој се пресметува и наплатува во месечните сметки за канализација, сметано од 2005 година до денес“, најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-368 од 13.10.09.2010 година, изјавена од Б.Д. од Битола, против Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ претпријатието на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 22.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Б.Д. од Битола, на 30.08.2010 година, преку пошта со препорачана пратка доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола и побарал по пошта да му достават фотокопија од следните информации:
„Акт на КЈП „Нискоградба“-Битола кој претставува основ за пресметување и наплата на т.н. манипулативен трошок во износ од 5,00 денари во месечните сметки за канализација, сметано од 2005 година до денес; Акт на КЈП „Нискоградба“-Битола во кој се објаснува подетално структурата на т.н. манипулативен трошок и се пропишува на кој начин се врши калкулацијата на овој надоместок кој се пресметува и наплатува во месечните сметки за канализација, сметано од 2005 година до денес“.
Во врска со наведеното Барање Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола на барателот му доставило Одговор на барање бр. 03-1086 од 01.09.2010 година. Во него е наведено дека „…во секое време во работните денови од 7 – 15 часот добредојдени сте во КЈП „Нискоградба“-Битола, каде ќе Ви бидат доставени на увид сите акти барани од Ваша страна“.
Незадоволен од наведениот Одговор Б.Д. од Битола на 16.09.2010 година до Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола доставил допис во кој бара информацијата да ја добие на начин и во форма наведени во Барањето, односно по пошта да му биде доставена фотокопија од информациите наведени во барањето, а не да му се нуди увид во истите.
Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола, како што е наведено во Жалбата, на овој допис не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-368 од 14.10.2010 година, ја препрати Жалбата до Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот на законски предвидените начин и форма, наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Во врска со наведеното Комисијата на Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола му укажува на следното:
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, како и член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го навел начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не утврдил дека е поповолна за барателот, односно дали барателот сака и дали има можности да дојде до Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола за да изврши увид во бараните информации.
Комисијата на Комуналното јавно претпријатие „Нискоградба“-Битола му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Б. од Кичево, поднесена против Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Постапката по Жалбата изјавена од Љ.Б. од Кичево, заведена во Комисијата под бр.07- 82 на 16.08.2010 година, поднесена против Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ЗАПИРА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја разгледа Жалбата изјавена од Љ.Б. од Кичево, заведена во Комисијата под бр.07- 82 на 16.08.2010 година, поднесена против Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и согласно член 223 од Законот за општата управна постапка, донесе Заклучок за ЗАПИРАЊЕ на постапката.
Комисијата ја разгледа Жалбата и утврди дека е изјавена од Љ.Б., а поднесена во врска со Барање до Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево, за добивање на следната информација.
”Барања за асистенција доставени до вас од ЈП „Комуналец“ од Кичево од 23.02.2010 год. ; Општина Кичево од 01 и 17.03.2010 година, извршната исправа која требало да се изврши, вашите одговори до овие органи, по кој правен основ – Закон или правилник имате дадено асистенција “.
Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево на ова Барање одговорило со Известување бр.28.12/1500.
Незадоволен од наведеното Известување, барателот поднесе Жалба до Комисијата. Комисијата постапи по Жалбата и на 23.06.2010 година, донесе Решение бр.07-82, со кое предметот го врати на повторно постапување.
На 16.08.2010 година, Љ.Б. од Кичево до Комисијата достави Жалба поради неспроведување на наведеното Решение на Комисијата од страна на Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево.
Oд списите доставени во прилог на наведената Жалба е видно дека, пред да ја достави Жалбата до Комисијата, Министерството за внатрешни работи – ОВР Кичево со Известување бр.28.122/3995 од 11.08.2010 година го известило Љ.Б. за следното. „… после Вашето барање за изготвување на Решение согласно насоките од страна на Комисијата…целокупната документација е доставена до МВР на РМ…кои се надлежни за изготвување на решение. Во иднина сите ваши известувања, жалби, молби, тужби и сл. Поднесоци да ги доставувате до МВР на РМ“. Според наведениот датум и потпис на овој поднесок, Љ.Б. наведеното Известување го примил на 14.08.2010 година.
Во меѓувреме, односно на 11.08.2010 година, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, постапило по предметот, односно го спровело Решението на Комисијата и донело Решение бр.11.2-58804/1, со кое пристапот до бараната информација се одбива.
Против наведеното Решение на Министерството за внатрешни работи, Љ.Б. на 19.08.2010 година, поднесе Жалба по која Комисијата постапи и донесе Решение.
Оттука, се гледа дека е направен ненамерен превид, односно дека по Жалбата од 16.08.2010 година, Комисијата не одлучила.
Со оглед на тоа што постапката по Жалбата од 19.08.2010 година против Решението на Министерството за внатрешни работи е завршена, а Решението се однесува на ист предмет, за кој е поднесена и Жалбата на 16.08.2010 година, по која Комисијата не постапи, Комисијата смета дека е беспредметно да одлучува по Жалбата од 16.08.2010 година, бидејќи тоа не може да има влијание за поинакво решавање и одлучување по предметот.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, застапувано од Н.Р.М., адвокат од Скопје, поднесена против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 04.ноември 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, застапувано од Н.Р.М., адвокат од Скопје, поднесена против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “1. Список на сите лица вработени или ангажирани со договор на дело во стационарот Вардариште – заловниот тим, лицата задолжени за грижа на кучињата и сите останати лица, како и имињата и презимињата на сите ветеринарни лица ангажирани за работа во стационарот (-Информација дали стационарот вардариште има склопено засебен договор за соработка со одредена општина, месна заедница и сл. – доколку има бараме увид во документот; – Информација дали стационарот вардариште издал возила и опрема на користење на други правни субјекти; – Информација со колку возила за заловување располага службата на стационарот). 2. Увид во договорот за работа и ангажман склопен помеѓу Ветеринарната амбуланта која го добила тендерот за работа во стационар вардариште за 2010 г. и Градот Скопје (-Документ колку кучиња се заловени, стерилизирани и пред се усмртени од јануари 2010 г. до денес, 20 јули 2010 г.; – Прецизна евиденција за секое куче одделно (заловено, стерилизирано, вратено на улица, вдомено); – Увид во документацијата и евиденцијата на вдомени кучиња; Бројка на заловени мали кучиња кои поради возраста не можат да подлежат на стерилизација/кастрација – прецизна бројка на вдомени и прецизна бројка на усмртени од јануари 2010 г. до 20 јули 2010 г.; – Евиденција за секое поединечно усмртено куче, да се наведат причините за истата и кој тоа одлучил – име и презиме на лицето кое смртта ја констатирало за неопходна за секое поединечно усмртено куче, како и лицето кое го извршило усмртувањето). 3. Увид на потрошените средства на стационарот вардариште – предмет на интерес е не само вкупната сума туку и распределба на средствата по намена (-Информација со кое медицинско средство се извршува евтаназирањето на бездомните кучиња во стационарот; – Увид во документот за набавка на истото медицинско средство за 2009 и 2010 г.). 4. Информација каде се врши отстранувањето на усмртените кучиња, ако истото се врши во депонијата Дрисла предмет на интерес е дозволата на користење на таа локација, јама и слично“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-310 од 21.09.2010 година, изјавена од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, застапувано од Н.Р.М., адвокат од Скопје, поднесена против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, како што е наведено во жалбата, на 21.07.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје и побарало во форма на увид, препис, или електронски запис да му ги достават следните информации:
“1. Список на сите лица вработени или ангажирани со договор на дело во стационарот Вардариште – заловниот тим, лицата задолжени за грижа на кучињата и сите останати лица, како и имињата и презимињата на сите ветеринарни лица ангажирани за работа во стационарот (-Информација дали стационарот вардариште има склопено засебен договор за соработка со одредена општина, месна заедница и сл. – доколку има бараме увид во документот; – Информација дали стационарот Вардариште издал возила и опрема на користење на други правни субјекти; – Информација со колку возила за заловување располага службата на стационарот). 2. Увид во договорот за работа и ангажман склопен помеѓу Ветеринарната амбуланта која го добила тендерот за работа во стационар вардариште за 2010 г. и Градот Скопје (-Документ колку кучиња се заловени, стерилизирани и пред се усмртени од јануари 2010 г. до денес, 20 јули 2010 г.; – Прецизна евиденција за секое куче одделно (заловено, стерилизирано, вратено на улица, вдомено); – Увид во документацијата и евиденцијата на вдомени кучиња; Бројка на заловени мали кучиња кои поради возраста не можат да подлежат на стерилизација/кастрација – прецизна бројка на вдомени и прецизна бројка на усмртени од јануари 2010 г. до 20 јули 2010 г.; – Евиденција за секое поединечно усмртено куче, да се наведат причините за истата и кој тоа одлучил – име и презиме на лицето кое смртта ја констатирало за неопходна за секое поединечно усмртено куче, како и лицето кое го извршило усмртувањето). 3. Увид на потрошените средства на стационарот вардариште – предмет на интерес е не само вкупната сума туку и распределба на средствата по намена (-Информација со кое медицинско средство се извршува евтаназирањето на бездомните кучиња во стационарот; – Увид во документот за набавка на истото медицинско средство за 2009 и 2010 г.). 4. Информација каде се врши отстранувањето на усмртените кучиња, ако истото се врши во депонијата Дрисла предмет на интерес е дозволата на користење на таа локација, јама и слично“.
Како што е наведено во дописот доставен до Комисијата, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на ова Барање одговорило „со одговорот доставен до нас на 15.09.2010 год. со големо задоцнување со кој одговори на дел од нашите барања“. Барателот ја повлекува Жалбата за делот во кој има добиено одговор, а за дел од барањата за кои тврди дека не се одговорени, преку застапникот Н.Р.М., адвокат од Скопје, поднесе Жалбата до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-310 од 27.09.2010 година, ја препрати Жалбата до ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје одговори со допис бр.03-5158/16 од 05.10.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-310 од 05.10.2010 година.
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, на 15.10.2010 година до Комисијата достави Поднесок, заведен во Комисијата под бр.07-310, со кој ја известува дека „ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на 15.10.2010 год. дозволи увид во документацијата на Стационарот Вардариште, при што барателот на информацијата се запозна со информациите кои беа предмет на жалба…па како барателот е задоволен со добиениот одговор, го повлекува Поднесокот за доуредување на жалбата од 21.09.2010 год.“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ – Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.П. од Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Т.П. од Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокпија на целото досие –Прилог фотокопија од медицинскиот извештај.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-366 од 12.10.2010 година, изјавена од Т.П. од Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Т.П. од Скопје, на 10.09.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје, заведено под бр.0302-1673/1 и побарала по пошта да и ја достават следната информација:
“Фотокпија на целото досие –Прилог фотокопија од медицинскиот извештај.“
ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-366 од 14.10.2010 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје одговори со Известување бр.0302-1673/4 од 28.10.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-366 од 28.10.2010 година, со кое ја известува Комисијата дека на 22.10.2010 година, Клиниката одговорила на барањето на Т.П.. Во прилог, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје го достави дописот бр.0302-1673/3 од 22.10.2010 година, за достава на копија од целокупната медицинска документација, потврден со потпис на Т.П..
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Т.П., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија-Скопје и укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010)
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од К.С. од Крушево, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од К.С. од Крушево, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Број на вработени во фондот за здравствено осигурување на Македонија на неопределено работно време, со договор на дело и со договор за работа заклучно со 10.09.2010 година, и број на вработени во ФЗОМ – подрачна служба Крушево на неопределено работно време, заклучно со 10.09.2010 година“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-370 од 15.10.2010 година, изјавена од К.С. од Крушево, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
К.С. од Крушево, како што е наведено во Жалбата на 10.09.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побарал по пошта да му достават препис од следните информации.
– “Број на вработени во фондот за здравствено осигурување на Македонија на неопределено работно време, со договор на дело и со договор за работа заклучно со 10.09.2010 година, и
– Број на вработени во ФЗОМ – подрачна служба Крушево на неопределено работно време, заклучно со 10.09.2010 година“,
Фондот за здравствено осигурување на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
К.С. на 18.10.2010 година, до Комисијата по електронски пат достави допис заведен во Комисијата од бр.07-370, со кој ја известува дека “По истекот на законскиот рок…..откако не добив податоци на поднесено барање…….од Фондот за здравствено осигурување на Македонија. По поднесувањето на Жалбата истиот ден ја примив бараната информација…. Ова известување Ви го доставувам со цел да донесете соодветен акт-заклучок и постапката ја запрете“.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Фондот за здравствено осигурување на Македонија одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од К.С., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010).
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
***********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Филозофскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 4 ноември 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Филозофскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од завршната сметка за годината пред спроведувањето на ЕКТС и годините од спроведувањето до 2010 година“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-369 од 14.10.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Филозофскиот факултетот-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младинскиот образовен форум на 15.09.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Филозофскиот факултет, примено на ден 16.09.2010 година, и побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација.
“Копија од завршната сметка за годината пред спроведувањето на ЕКТС и годините од спроведувањето до 2010 година?“
Филозофскиот факултетот -Скопје, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-369 од 18.10.2010 година, ја препрати Жалбата до Филозофскиот факултетот -Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Филозофскиот факултетот-Скопје одговори со допис бр.03-1556/4 од 22.10.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-369 од 25.10.2010 година со кој ја известува Комисијата дека ја доставиле бараната информација до барателот.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 27.10.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата под бр.07-369, со кој ја известува дека, на 25.10..2010 година Факултетот доставил одговор до Младинскиот образовен форум и се задоволни од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Филозофски факултет-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.