ДОНЕСЕНИ 13 РЕШЕНИЈА И 4 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 156 седница одржана на 14 октомври 2010 година, донесе 13 решенија и 4 заклучоци.
***********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Консолидиран извештај за извршување на Буџетот на РМ за 2009 година.“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-236 од 06.07.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 25.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Консолидиран извештај за извршување на Буџетот на РМ за 2009 година.“
Министерството за финансии на ова Барање одговорило со Известување бр.08-17375/2 од 21.06.2010 година, а во Фондацијата заведено под бр.01-610 од 28.06.2010 година, со кое ја известило дека: ”…Министерството за финансии согласно член 53 став 4 од Законот за буџетите (Службен весник на РМ број 64/05 и 4/08) на веб страната на Министерството за финансии го објавува извештајот за извршување на Буџетот на РМ и истиот е достапен.”
Незадоволна од наведеното Известување, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесе Жалба до Комисијата, поради, како што се наведува во Жалбата: ”Барателот постапил по известувањето на Министерството за финансии и го побарал Консолидираниот извештај … на веб страницата на имателот, меѓутоа истиот не е објавен како што е наведено.”
Комисијата со допис бр.07-236 од 15.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за финансии достави Одговор на Жалбата бр.19-17375/5 од 28.07.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-236 на 04.08.2010 година. Во Одговорот е наведено: “Министерството за финансии како имател на информации ја исполнило својата законска обврска постапувајќи согласно членот 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…укажувајќи му на барателот дека информацијата е објавена на веб страната на министерството, сметајќи дка тоа е поповолно за барателот.“
Во врска со цитираните наводи во Одговорот на Жалбата, Комисијата укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.“
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување.“
Во конкретниов случај, барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од ТРД Радио Канал 77 од Штип, поднесена против Државен завод за статистика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од ТРД Радио Канал 77 од Штип, поднесена против Државниот завод за статистика по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, “Препис од индикатор БДП по жител за 2008, објавен на Web. Преписот – известувањето да биде заверено од Ваша страна“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата бр.07-319 од 30.08.2010 година, изјавена од ТРД Радио Канал 77 од Штип, поднесена против Државен завод за статистика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
ТРД Радио Канал 77 од Штип, како што се наведува во Жалбата на 02.07.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за статистика, и побарало по пошта да му ја достават следната информација.
“Препис од индикатор БДП по жител за 2008, објавен на Web.Преписот – известувањето да биде заверено од Ваша страна “.
Државниот завод за статитика како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-319 од 02.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за статистика и побара во рок од 3 дена Заводот да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот завод за статистика, во врска со ова барање на Комисијата достави Одговор по жалба, бр.25-242/32 од 06.09.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-319 на 07.09.2010 година.
Со Одговорот по Жалбата ја известува Комисијата дека на барањето од “Канал 77“ од 14.06.2010 година, за податокот за БНП одговориле со допис бр.25-823/2. Дописот во фотокопија го достави до Комисијата.
Во врска со ова Комисијата му укажува на Државниот завод за статистика дека Жалбата е поднесена во врска со Барање од 02.07.2010 година, а не за Барање од 14.06.2010 година.
Во врска со Барањето за пристап до информации од јавен карактер од 02.07.2010 година, “Препис од индикатор БДП по жител за 2008“, објавен на Web страницата, Државниот завод за статистика ја извести Комисијата дека, во согласност со позитивните законски прописи, не може да издава таков препис.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Државниот завод за статистика на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил во рок и форма согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Одговор на Барањето место до барателот достави до Комисијата како Одговор на Жалбата. Одбивањето на пристапот со образложение “во согласност со позитивните законски прописи, не може да издава таков препис“, не е во согласност со Законот.
Од наведеното не е јасно дали имателот не располага со бараната информација или таа претставува исклучок од слободниот пристап до информации. Не е наведено согласно кој законски прописи не може да издава таков пропис.
Од тие причини Комисијата на Државниот завод за статистика му укажува на следното.
Да одговара на Барањата во рок и форма предвидени во Законот.
Доколку бараната информација е од јавен карактер и Заводот располага со истата должен е на барателот веднаш да му обезбеди пристап, во форма и на начин предвидени во Законот и наведени во Барањето (со увид, препис, фотокопија или електронски запис).
Доколку државниот завод не располага со бараната информација должен е да го примени член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010, кој гласи: “Во членот 26 став 2 зборовите “барателот писмено се известува“ се заменуваат со зборовите “имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
Од тука произлегува, дека согласно член 14 од наведените измени, ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација е објавена согласно со членовите 18 и 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја запре постапката.
Доколку утврди дека бараните информации претставуваат исклучок од слободниот пристап, должен е согласно член 20 точка 2 од горенаведениот Закон да донесе решение за одбивање, а не пристапот да го одбие со Одговор на Жалба.. Пред донесувањето на решение за одбивање на пристапот имателот на информации, во конкретниов случај Државниот завод за статистика должен е согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010)“, да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон, што би се постигнал со објавувањето на информацијата ќе го одбие пристапот со Решение. Во спротивно и покрај тоа што информацијата може да се подведе под исклучоците предвидени во член 6 од Законот, ќе одобри пристап до истата.
При повторното постапување и одлучување по Жалбата Државниот завод за статистика треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата, наведени во Образложението на Решението.
Неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од двата квартални извештаи од 2010 година, на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии. И листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии“, најдоцна до 01.11. 2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-313 од 26.08.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
.По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии со датум на прием 21.06.2010 година, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од двата квартални извештаи од 2010 година на сите политички партии во РМ кои доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии. И листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии“.
Министерството за финансии на ова Барање како што е наведено во Жалбата не одговорило во законски предвидениот рок по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-313 од 02.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за финансии достави Одговор на Жалбата бр.19-20940/1 од 03.09.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-313 на 21.09.2010 година. Во Одговорот е наведено: “Имајќи ја предвид содржината на Барањето, со кое се бара…………., а согласно со член 25 од Законот за политичките партии (“Службен весник на РМ “бр.9/04, 11/08. 161/08 и 96/09), барањето е препратено до Управата за јавни приходи за што е известен и барателот“. Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предмететот и доказ дека барањето е препратено до Управата за јавни приходи и дека за истото е известен барателот.
Имајќи го во вид горенаведеното Министерството за финансии смета дека постапката пред Комисијата е безпредметна и бара истата да се запре.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за финансии по наведеното барање не постапило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Место веднаш односно, во рокот предвиден во Законот да ја достави бараната информација до барателот, со задоцнување од 30 дена го препратило барањето до Управата за јавни приходи. Доколку сметало дека барањето треба да го препрати, истото било должно да го направи во рок од 3 дена, а не во рок од 30 дена
Образложението “имајќи ја предвид содржината на барањето“, не може да биде основ истото да се препрати до друг имател.
Согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии, политичките партии ги доставуваат кварталните извештаи за добиените донации до Министерството за финансии.
Оттука произлегува дека, Министерството за финасии е имател на бараната информмација.
Од член 4 на Законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, произлегува обврска политичките партии извештаите да ги доставуваат и до Управата за јавни приходи, што значи дека и Управата е имател на бараната информација. Меѓутоа, право на барателот е од кој имател ќе ја побара информацијата.
Согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, доколку имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател и за тоа е должен да го извести барателот.
Во конкретниов случај Министерството за финасии располага, е имател на бараната информација и е должно да ја достави до барателот, а не да го препраќа барањето до Управата за јавни приходи.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “Годишен финансиски извештај на Центар за стручно образование и обуки за 2009 година“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-335 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Годишен финансиски извештај на Центар за стручно образование и обуки за 2009 година “.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-335 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “Одлука за формирање на Советот за стручно образование и обука, како и список на членови на овој Совет“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-336 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Одлука за формирање на Советот за стручно образование и обука, како и список на членови на овој Совет“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-336 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “План за стручно образование и обука поврзан со состојбата на пазарот на труд“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-337 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“План за стручно образование и обука поврзан со состојбата на пазарот на труд“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-337 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “Анализите на две и тригодишното стручно образование (наведени во месечниот извештај на Секретаријатот за европски прашања за месец јануари 2010 година)“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-338 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Анализите на две и тригодишното стручно образование (наведени во месечниот извештај на Секретаријатот за европски прашања за месец јануари 2010 година)“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-338 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “Концепција за стручно образование за занимања (согласно член 32 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009)“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-339 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Концепција за стручно образование за занимања (согласно член 32 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009) “.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-339 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “Концепција за постсредно образование и доживотно учење (согласно член 32 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009)“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-340 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до .10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Концепција за постсредно образование и доживотно учење (согласно член 32 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009) “.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-340 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “Концепција за стручно оспособување (согласно член 32 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009)“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-341 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Концепција за стручно оспособување (согласно член 32 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009)“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-341 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Центарот на барателот да му ја достави бараната информација “Методологија за изработка на стандарди за занимања, како и Листата на стандарди за занимања за стручно образование и обука (согласно член 7 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009)“, најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-342 од 02.09.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена против Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Центарот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 01.11.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 09.06.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Методологија за изработка на стандарди за занимања, како и Листата на стандарди за занимања за стручно образование и обука (согласно член 7 од Законот за стручно образование и обука, Службемн весник на РМ бр.71/2006, 117/2008 и 148/2009)“.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 21.07.2010 година, до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки доставилa Ургенција со која побаралa Центарот да и ја достави бараната информација. Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки на барањето не одговорил ни после Ургенцијата.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки, како што е наведено во Жалбата, на Барањето не одговорил во законски предвидениот рок, а не одговорил ни после Ургенцијата по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-342 од 15.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Центар за стручно образование и обуки не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од проценка на економското влијание на Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва од 2010 г.“, најдоцна до 01.11.2010 година, во форма и на начин наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-280 од 06.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 01.11.2010 година, во форма и на начин наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Македонското здружение на млади правници на 27.05.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“Копија од Проценка на економското влијание на Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва од 2010 г. “.
Министерството за финансии на ова Барање одговорило по законски предвидениот рок со Известување бр. 19-17696/3 на 28.06.2010 година, кое на барателот му е доставено на 05.07.2010 година. Во Известувањето Министерството навело дека „Согласно со член 76 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија – пречистен текст („Службен весник на Република Македонија„ бр. 36/08) бараниот образец „Проценка на економското влијание“ не е дел од прилозите кои задолжително се составен дел на информациите кои се доставуваат до Владата на Република Македонија. Имајќи го во вид горенаведеното Министерството за финансии како имател на информации не располага со бараната информација“.
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-280 на 23.07.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-280 од 27.07.2010 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање Министерството за финансии достави допис број 19-17695/5 од 27.07.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-280 од 04.08.2010 година.
Во дописот Министерството наведува дека “По наведеното барање беше изготвен допис број 19-17696/3 на 28.06.2010 година со кој барателот на информации се известува дека Министерството за финансии не располага со бараната информација од причина што бараниот образец…не е дел од прилозите кои задолжително се составен дел на информациите кои се доставуваат до Владата на Република Македонија“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Министерството за финансии не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, туку со задоцнување му доставило Известување во кое му одговорило дека не располага со бараната информација.
Согласно член 76 став 1 од Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/08) материјалите за седниците на Владата министерствата, како предлагачи, ги доставуваат „со придружно писмо кое содржи:…прилози, односно придружни материјали – фискални импликации од донесувањето на актот, проценка на влијанието на регулативата…“. Според член 77 став 1 од истиот Деловник „Материјалите што се доставуваат од министерствата и другите органи на државната управа за разгледување на Владата задолжително се доставуваат со меморандум за секој поединечен материјал…“ , а според ставот 2 од истиот член „Меморандумот од став 1 на овој член содржи:…фискални импликации на материјалите што се предлагаат; очекувани влијанија; оценка на Секретаријатот за законодавство по материјалот и клучни елементи за информирање на јавноста“.
Поради наведените причини Комисијата на 12.08.2010 година донесе Решение бр. 07-280, со кое Жалбата на Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје ја уважи и го задолжи Министерството на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 31.08.2010 година, во форма и на начин наведени во Барањето.
Македонското здружение на млади правници на 06.09.2010 година, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, до Комисијата повторно достави Жалба „поради неовозможување пристап до информација“. Во Жалбата е наведено дека Министерството за финансии на Здружението му доставило Известување бр. 19-27945/2 со кое „не постапило по задолжувањата на Комисијата“, не му овозможило слободен пристап до бараната информација, туку му доставило информација која не е наведена во Барањето.
Комисијата со допис бр.07-280 од 10.09.2010 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на овој допис од Комисијата одговори со Одговор на жалба бр. 19-17696/8 од 14.09.2010 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-280 на 21.09.2010 година. Во одговорот, меѓу другото, е наведено дека „имателот…во целост постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и по Решението на Комисијата…на начин што на барателот на информацијата му доставил копија од Меморандумот за Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, кој факт жалителот го наведува и во жалбата, па од тие причини сметаме дека поднесената жалба е беспредметна“. Во прилог на Одговорот до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Меморандум, во чија точка 7 се наведени „очекувани влијанија“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното:
Не се точни наводите во Одговорот на Жалбата дека имателот постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Решението на Комисијата, од следниве причини.
Со наведеното Решение Комисијата ја уважи Жалбата и го задолжи Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 31.08.2010 година, во форма и на начин наведени во Барањето. Наместо тоа, Министерството до барателот доставило друга информација, која не е наведена во Барањето за пристап до информации од јавен карактер, по кое е доставена жалбата до Комисијата.
Според Методологијата за проценка на влијанието на регулативата, донесена на седница на Владата одржана на 19.05.2009 година, која е донесена врз основа на член 67 од Деловникот за работа на Владата, министерствата се вклучени во сите фази на проценката на влијанието на регулативата. Во Фаза 2: Проценка на влијанието на регулативата, во делот 4.3.1, насловен „Иницијална проценка на влијанието на регулативата“, како опсег е наведено дека „…при проценката на влијанието на регулативата се утврдуваат очекуваните трошоци, придобивки, ризици и влијанија на економијата, животната средина и општеството во целина“. Во Чекор 2 од постапките на Иницијалната проценка стои дека „потребно е да се утврдат очекуваните трошоци и придобивки за министерствата, деловните субјекти и други трети страни, како и посочување на економските, социјалните, општествените и влијанијата врз животната средина“.
Исти формулации за економските влијанија се дадени и во делот од Методологијата под бр.4.3.2, кој се однесува на Комплетната проценка на влијанието на регулативата, како и во трите обрасци за проценка на влијанието на регулативата, во кои под точка 4 – останати влијанија, како еден од типовите на влијание е наведено „Влијание/значителна политичка промена на пазарната економија вклучувајќи испитување на влијанието врз потрошувачите и конкурентноста“. Поконкретно е наведено во задолжителната пропратна Изјава од министерот за иницијалната или за комплетната проценка на влијанието на регулативата, каде под точка 4 треба да се одговори „има или нема влијание врз економијата и врз обемот на државна помош“.
Во точката 5 од Методологијата, пак, е наведено дека „Методологијата содржи принципи за примена на јавност, транспарентност и консултации при проценката на влијанието на регулативата“.
Од претходно наведеното произлегува дека Министерството за финансии, согласно Деловникот за работа на Владата и Методологијата за проценка на влијанието на регулативата, при подготвувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва, потребно било да ги посочи економските влијанија од донесувањето на Законот.
Од наведените причини Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за образование – Центар за образование на возрасните, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за образование – Центар за образование на возрасните, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „Годишен извештај за работата на Центарот за образование на возрасните за 2009 година“, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-312 од 26.08.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Министерството за образование – Центар за образование на возрасните, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 21.06.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Центар за образование на возрасните и побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација.
„Годишен извештај за работата на Центарот за образование на возрасните за 2009 година“.
Бидејќи на наведеното Барање не добила одговор, како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-312 од 31.08.2010 година ја препрати Жалбата до Јавната установа Центар за образование на возрасните и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавната установа Центар за образование на возрасните во Одговорот на жалбата бр.02-129/1 од 07.09.2010 година, доставен до Комисијата и заведен под бр.07-312 на 13.09.2010 година, наведува дека: „Барање од барателот Фондацијата Институт отворено општество-Македонија…во која се бара…фотокопија од Годишниот извештај за работата на Центарот за образование на возрасни за 2009 година, до денешен ден воопшто не е пристигнато во Центарот. Исто така не е пристигната ниту Ургенција, како што се наведува во жалбата“. Натаму се наведува дека „доколку во наредниот период формално примиме Барање од истиот барател за дотичната информација, истото ќе биде благовремено одговорено согласно законот“.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во допис до Комисијата бр. 07-312 од 13.09.2010 година тврди дека до имателот на информации Центар за образование на возрасните е доставено барањето по кое е доставена Жалба до Комисијата. Како доказ, во прилог на дописот е доставена фотокопија од поштенска доставница од која е видно дека Фондацијата на 09.06.2010 година доставила поштенска пратка адресирана до Министерството за образование и наука. Фондацијата, исто така, тврди дека на 21.07.2010 година до Министерството за образование и наука – Центар за образование на возрасните доставила Ургенција со која побарала да и биде доставена бараната информација, а за која не постои доказ дека имателот ја примил.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот Комисијата го утврди следното:
Фондацијата Институт отворено општество–Македонија Барањето го доставила до „МОН“, видно од поштенската доставница. Меѓутоа, нема никаков доказ дека истото е препратено до Центарот за образование на возрасните, против кого е поднесена Жалбата.
Од наведеното Комисијата не може да утврди дека Барањето е доставено до Центарот, а тој не одговорил на тоа барање. Фотокопијата од доставницата доставена до Министерството за образование и наука не е доволен доказ дека Центарот за образование на возрасните го примил Барањето и не постапил по истото.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информација“. Во случајов, доставените докази од страна на барателот не може да се утврди дека тој доставил писмено барање до Центарот за образование на возрасните, со што барателот не може да го оствари правото на правна заштита согласно наведениот Закон.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај од 2010 година.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-349 од 06.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски, заведено под бр.01-25 и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
“Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај од 2010 година.“
Министерството за транспорт и врски, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-349 од 10.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството за транспорт и врски одговори со допис бр.23-9072/2 од 04.10.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-349 од 05.10.2010 година, во прилог на кој го достави и дописот адресиран до Македонското здружение на млади правници-Скопје, во кој одговара на Барањето.
Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 05.10.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-349, со кој ја известува дека Министерството за транспорт и врски до Здружението доставило одговор по поднесеното Барање од кој е задоволно.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај од 2010 година.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-353 од 13.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за транспорт и врски и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски, заведено под бр.01-26 и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
“.Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај од 2010 година “
Министерството за транспорт и врски, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-353 од 22.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството за транспорт и врски одговори со допис бр.23-9072/2 од 04.10.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-353 од 05.10.2010 година, во прилог на кој го достави и дописот адресиран до Македонското здружение на млади правници-Скопје, со кој одговара на Барањето.
Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 05.10.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-353, со кој ја известува дека Министерството за транспорт и врски до Здружението доставило одговор по поднесеното Барање од кој е задоволно.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за здравство по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.6/2010“), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита од 2010 година.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-345 од 03.09.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за здравство и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 13.07.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, заведено под бр.01-31 и побарало по пошта да му ја достават следната информација:
“Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита од 2010 година“
Министерството за здравство, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-345 од 10.09.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Министерството за здравство одговори со допис бр.10-7416/2 од 29.09.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-345 од 30.09.2010 година. Во прилог ја достави бараната информација и ја извести Комисијата дека истата е доставена до Македонското здружение на млади правници-Скопје.
Македонското здружение на млади правници-Скопје, на 05.10.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-345, со кој ја известува дека Министерството за здравство до Здружението доставило одговор по поднесеното Барање од кој е задоволно.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Министерството за здравство одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против УЈП-Регионална дирекција Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 14 октомври 2010 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против УЈП-Регионална дирекција Кавадарци по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку контроли во 2010 година до денес(04.08.2010 година) се извршени од страна на насловот во врска со спроведување на Законот за регистрирање на готовински плаќања и Правилникот за спроведување на Законот за регистрирање на готовински плаќања и колку во тие контроли се издадени платни налози против правни и одговорни лица во Кавадарци“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-358 од 21.09.2010 година, изјавена од М.М, поднесена против УЈП-Регионална дирекција Кавадарци и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.М. од Кавадарци, на 04.08.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до УЈП-Регионална дирекција Кавадарци со кое побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Колку контроли во 2010 година до денес (04.08.2010 година) се извршени од страна на насловот во врска со спроведување на Законот за регистрирање на готовински плаќања и Правилникот за спроведување на Законот за регистрирање на готовински плаќања и колку во тие контроли се издадени платни налози против правни и одговорни лица во Кавадарци “.
УЈП-Регионална дирекција- Кавадарци, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-358 од 22.09.2010 година, ја препрати Жалбата до УЈП-Регионална дирекција Кавадарци и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
УЈП-Регионална дирекција Кавадарци ја препрати Жалбата до УЈП-Генерална дирекција Скопје на нивно натамошно постапување.
Во врска со Жалбата, УЈП- Генерална дирекција-Скопје, достави одговор бр.13-7328/4 од 29.09.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-358 на 05.10.2010 година. Со одговорот ја известува Комисијата дека “ …. согласно член 20, став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер изготви Записник за овозможување пристап до информации од јавен карактер и ја даде информацијата во писмена форма до барателот“.
Во прилог го доставија Записникот и писмото до барателот.
Службеното лице во Комисијата кое постапува по наведениот предмет телефонски комуницираше со М.М. кој потврди дека ја добил бараната информација и истото ќе го потврди и во писмена форма. До донесувањето на овој Заклучок, Комисијата не доби писмена потврда.
Врз основа на изнесеното Комисијата утврди дека, УЈП-Генерална дирекција Скопје, ја доставила бараната информација до Манчо Манчев, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, имателот на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.