ДОНЕСЕНИ 36 РЕШЕНИЈА И 13 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 153 седница одржана на 15 септември 2010 година, донесе 36 решенија и 13 заклучоци.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје против Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                         Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Известувањето на Управниот суд бр.03-17/3 од 15.07.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер , СЕ ОТФРЛА.

                                 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-305 од 19.08.2010 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Известувањето на Управниот суд бр.03-17/3 од 15.07.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Имателот на информацијата, доставувајќи му Известување на барателот, постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап до информации ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од шест месеца пред денот на приемот на барањето“.
Управниот суд до барателот М.К. доставил Известување бр. 03-17/3 од 15.07.2010 година, со кое го известува дека „…Постапувајќи по барањето за пристап до информација од јавен карактер бр. 03-15/1 со кое побаравте да Ви се дозволи пристап до бараната информација од јавен карактер …судот како имател на информацијата го дозволи бараниот увид, така што на ден 28.06.2010 година, во 11:20 часот, во просториите на Управниот суд, извршивте увид во списите …за што е сочинета службена белешка бр. 03-15/5 од 28.06.2010 година….Вие како барател на информација од јавен карактер со барањето во судот под бр. 03-17/1 од 05.07.2010 година, барате да Ви се дозволи пристап до истата информација која претходно Ви била дадена односно Ви бил дозволен пристап по повод Ваше Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во судот под бр. 03-15/1 од 22.06.2010 година, со увид во списите….“.
Од тоа произлегува дека Управниот суд одговорил на исто Барање на М.К. во законски предвидениот рок и во побараната форма – увид, а потоа барателот, по 13 дена од извршениот увид, поднел исто барање со кое од Управниот суд барал да ја добие  истата информација во друга форма – препис.
Против Известувањето на имателот на информации предвидено во членот 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не е предвидена жалба.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје против Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                         Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Известувањето на Управниот суд бр.03-18/3 од 15.07.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер , СЕ ОТФРЛА.

                                 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-306 од 19.08.2010 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Известувањето на Управниот суд бр.03-18/3 од 15.07.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Имателот на информацијата, доставувајќи му Известување на барателот, постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап до информации ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од шест месеца пред денот на приемот на барањето“.
Управниот суд до барателот М.К. доставил Известување бр. 03-18/3 од 15.07.2010 година, со кое го известува дека „…Постапувајќи по барањето за пристап до информација од јавен карактер бр. 03-15/1 со кое побаравте да Ви се дозволи пристап до бараната информација од јавен карактер …судот како имател на информацијата го дозволи бараниот увид, така што на ден 28.06.2010 година, во 11:20 часот, во просториите на Управниот суд, извршивте увид во списите …за што е сочинета службена белешка бр. 03-15/5 од 28.06.2010 година….Вие како барател на информација од јавен карактер со барањето во судот под бр. 03-18/1 од 05.07.2010 година, барате да Ви се дозволи пристап до истата информација која претходно Ви била дадена односно Ви бил дозволен пристап по повод Ваше Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено во судот под бр. 03-15/1 од 22.06.2010 година, со увид во списите….“.
Од тоа произлегува дека Управниот суд одговорил на исто Барање на М.К. во законски предвидениот рок и во побараната форма – увид, а потоа барателот, по 13 дена од извршениот увид, поднел исто барање со кое од Управниот суд барал да ја добие  истата информација во друга форма – препис или фотокопија.
Против Известувањето на имателот на информации предвидено во членот 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не е предвидена жалба.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошникот М.В., адвокат од Скопје, против Решението на Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                    Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошникот М.В., адвокат од Скопје, против Решението на Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информација од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

                              О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-283 од 29.07.2010 година, изјавена од С.Г.П., поднесена преку полномошникот М.В., адвокат од Скопје, против Решението на Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр. 1/08 од 25.06.2008 година и ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Г.П. од Скопје на 11.06.2008 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија и побарала по пошта да и биде доставена фотокопија од следната информација:
“Мислење од Одделот за граѓански дела бр.03.бр.609/06 од 19.04.2006 година и Мислење на Општата седница на Врховниот суд на РМ Дов бр.14/06 од 26.12.2006 година“.  
Врховниот суд по ова Барање одговорил со Решение СПИ бр.1/08 од 25.06.2008 година, со кое Судот го одбил барањето.
Незадоволна од образложението на Решението, оценувајќи дека Врховниот суд при донесувањето на Решението „погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалниот закон“, С.Г.П. од Скопје, преку полномошник М.В., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата на 29.07.2010 година.
Согласно член 28 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Против решението со кое имателот на информацијата го одбил барањето барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер“.
Со оглед на тоа што рокот за Жалба изминал уште на 10.07.2008 година,  Комисијата ја отфрли како ненавремена. Жалбата е поднесена по повеќе од две години од денот на приемот на Решението со кое е одбиен пристапот до бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,”(Втор) Записник од извршената ревизија на рег. УЈП – Штип, на првиот Записник бр. 21-56/04080 – 1819/1 изготвен од УЈП – регионална дирекција Струмица на ден 02.02.2009 год. кој се однесува за извршена контрола на данок на добивка од 01.01.2007 год. до 31.12.2007 год. кај АДПО – „Огражден“ Струмица“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-278 од 16.08.2010 година, изјавена од С.С. од Струмица, поднесена против Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Како што се наведува во Жалбата, С.С. од Струмица поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип и побарала од Управата да и ја достави следната информација:
„(Втор) Записник од извршената ревизија на рег. УЈП – Штип, на првиот Записник бр. 21-56/04080 – 1819/1 изготвен од УЈП – регионална дирекција Струмица на ден 02.02.2009 год. кој се однесува за извршена контрола на данок на добивка од 01.01.2007 год. до 31.12.2007 год. кај АДПО – „Огражден“ Струмица“.
Министерството за финансии – Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, како што е наведено во Жалбата, на барателот на информацијата му одговорила со Одговор на барање бр. 2215-6031/1 од 12.07.2010 година. Незадоволна од добиениот Одговор, Сабира Сајдинова од Струмица поднесе Жалба до Комисијата.    
Комисијата со допис бр.07-278 од 27.07.2010 година ја препрати Жалбата до Уравата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип и побара во рок од 3 дена Управата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип во врска со ова барање на Комисијата достави Решение бр.2215-6031/1-1 од 06.08.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-278 на 06.08.2010 година. Со ова Решение е одбиен пристапот до бараната информација. Во прилог е доставена и фотокопија од поштенска приемна книга, како доказ дека Решението е доставено до барателот на информацијата.
Во образложението на Решението е наведено дека „информацијата која се бара…претставува даночна тајна согласно член 9 од Законот за даночна постапка и член 35 од Законот за управата за јавни приходи. Согласно член 6 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…давањето на ваква информација би значело повреда на доверливоста на даночната постапка и би имало штетни последици за текот на постапката“.
Незадоволна од образложението на Решението со кое Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип го одбива пристапот до бараната информација, С.С. од Струмица  до Комисијата достави Жалба бр. 07-278 од 16.08.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-278 од 17.08.2010 година ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип и побара во рок од 3 дена Дирекцијата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.07-278 на 13.09.2010 година. Во произнесувањето по Жалбата Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип наведува дека останува на наводите во Решението со кое го одбива пристапот до бараната информација, а наводите на жалбата ги отфрла како неосновани. Во дописот, меѓу другото, е наведено и дека „во однос на тоа дека е повреден Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во делот на спроведување на тестот на штетност…тестот…е задолжителен доколку имателите на информацијата одобрат пристап на информацијата но не и доколку одлучат да не ја дадат информацијата, како што е и направено согласно со член 6 став 1 точка 4 од Законот…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип при постапувањето по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, погрешно ги применила одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно погрешно го „протолкувало“ член 6 став 3 од Законот, како и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од тие причини Комисијата на Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип и укажува на следното.
Пред донесувањето на решение за одбивање на пристапот имателот на информации, во конкретниов случај Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип должна е согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010)“, да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон, што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе го одбие пристапот со Решение. Во спротивно и покрај тоа што информацијата може да се подведе под исклучоците предвидени во член 6 од Законот, ќе одобри пристап до истата.
При повторното постапување и одлучување по Жалбата Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Штип треба да го има предвид укажувањето на Комисијата, наведено во Образложението на Решението.  
Неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
 Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Решението на Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, бр.03-751/6 од 06.07.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-99 од 04.08.2010 година, изјавена од С.Ј. од Скопје, поднесена против Решението бр.03-751/6 од 06.07.2010 година, на Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
С.Ј. од Скопје, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, заведено под бр.03-751/1 на 03.05.2010 година, и  побарала во фотокопија по пошта, да и ги достават следните документи.
1.“Соодветниот документ со кој центарот дошол до заклучок дека мојот сопруг Ж.Ј. е способен да располага со финансиските средства.
  2. Копија од целокупната документација, списи, записници и така натаму, од периодот, заедно со, моето прво барање за поставување на посебен старател на мојот сопруг Ж.Ј. се до моментот кога ќе го добиете ова мое барање како и коресподенција и документација со трети лица или институции, а што се однесува на мојот случај кој е воден од ваша страна или лица кои вие сте ги овластиле привремено истиот да го водат, за истиот период, односно целокупниот предмет“.
По наведеното Барање Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, постапил во законски предвидениот рок и на 15.05.2010 година, донел Решение бр.03-751/2, со кое го одбил пристапот до бараните документи.
Незадоволна од добиеното Решение С.Ј., до Комисијата достави Жалба.
Комисијата постапи по наведената Жалба, и донесе Решение со кое ја уважи Жалбата, го укина оспореното Решение и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган. Во Образложението на Решението, Комисијата наведе дека, при повторното постапување и одлучување по Жалбата, Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, постапил по наведеното Решение на Комисијата и укажувањата во истото, повторно го разгледал предметот и на 06.07.2010 година, донел Решение заведено под бр.03-751/6 со кое повторно го одбива пристапот до бараните информации, со образложение дека тие согласно член 6 ст.1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер  се “личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци“. Во Образложението се наведува дека е спроведен и тестот на штетност.
Против наведеното Решение С.Ј., поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-99 на 04.08.2010 година.
Во Жалбата покрај другото наведува дека “…..нема повреда на законот за лични податоци како и другите споменати закони во решението донесено од страна на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, бидејќи јас сум субјект на лични податоци…….целиот предмет е започнат со мој поднесок до нив уште во 2005 година…..“.
Во врска со овој навод Комисијата укажува на следното. Не е спорно дека С.Ј. е субјект на лични податоци. Меѓутоа, во конкретниов случај таа бара лични податоци за друг субјект. Без оглед на тоа по чие барање е започната постапката за одреден предмет, доколку тој содржи лични податоци кои се заштитени, не може да се овозможи пристап до истите. Од предметот произлегува дека се работи за лични податоци поврзани за здравсвената состојба на определена личност, кои се посебна категорија заштитени лични податоци. Според Законот за заштита на личните податоци, забранета е обработка на посебните категории на личните податоци кои го откриваат расното или етничкото потекло, политичко верско или друго уверување, членството во синдикална организација и податоци за здравствената состојба или сексуалниот живот. Во наведениот Закон е точно определено во кои случаи можат да се обработуваат наведените категории на лични податоци. Постои забрана за нивна обработка, освен по исклучок.
Во член 8 од Законот за заштита на личните податоци е таксативно наброено во кои случаи (по исклучок) можат да се обработуваат чувствителните лични податоци. Од наброените случаи произлегува дека, С.Ј. нема право да ги добие бараните информации.  
 Комисијата со допис бр.07-99 од 05.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје и побара во рок од 3 дена центарот да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје, достави Одговор на Жалба бр.03-1435/2 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-99 од 20.08.2010 година.
Во Одговорот на Жалбата останува на истото образложение дадено во оспореното Решение, според кое бараните податоци се лични податоци и нивното откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Решението на Ј.У. Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје – Скопје е правилно и врз закон засновано. При постапувањето по предметот правилно е утврдена фактичката состојба и правилно се применети одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (член 6 став 1 точка 2) и одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Од тие причини Жалбата е неоснована.  
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од проценка на економското влијание на Законот за инспекциски надзор“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-240 од 06.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 06.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната  информација.
“Копија од проценка на економското влијание на Законот за инспекциски надзор“.
Министерството за правда на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-240 од 15.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
 Во врска со ова Барање Министерството за правда достави Одговор на Жалбата бр.07-1970/4 од 04.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-240 на 10.08.2010 година. Со овој Одговор Министерството ја известува Комисијата дека, на барателот му доставило Известување бр.07-1970/3 од 04.08.2010 година. Истото го достави во прилог до Комисијата.
Во врска со датумот на ова Известување Комисијата му укажува на Министерството за правда дека, е должно на Барањата за пристап до информации од јавен карактер да одговара во рокот предвиден во Законот, а не со задоцнување од два месеци, како што е во конкретниов случај   
 Во Известувањето е наведено „…бараните информации…можете да ги најдете на веб страната www.ener.gov.mk“.
Незадоволно од наведеното Известување Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, на 13.08.2010 година до Комисијата достави Дополнување на Жалба заведено под бр.07-240, поради како што е наведено во истата неовозможување пристап до информација.
Комисијата со допис бр.07-240 од 17.08.2010 година, го препрати Дополнувањето на Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истото и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на овој допис на Комисијата.
Во врска со Известувањето „…бараните информации…можете да ги најдете на веб страната www.ener.gov.mk“, Комисијата укажува на следното.
Согласно член 12 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“.
Согласно член 21 точка 2 од истиот Закон, „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на доставување на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не образложил зошто смета дека е поповолна за барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонско здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошник Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Управа за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006 и 6/2010, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонско здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Управа за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,”Колку семејства или самохрани родители со едно или повеќе малолетни деца кои се корисници детски додаток што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување? и ”Колку семејства се корисници на социјална помош што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи при тоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, и предмети и имот кој се изземени од извршување“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-247 од 12.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници Скопје, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Управа за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Македонското здружение на млади правници Скопје, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управата за јавни приходи, заведено во Управата под бр.12-4784/1 на 15.06.2010 година и побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Колку семејства или самохрани родители со едно или повеќе малолетни деца кои се корисници детски додаток што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување? и Барање заведено под бр.12-4852/1 на 16.06.2010 година, со кое побарало во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
”Колку семејства се корисници на социјална помош што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи при тоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, и предмети и имот кој се изземени од извршување“.
Управата за јавни приходи со допис бр.12-4784/2 од 22.06.2010 година, до Македонското здружение на млади правници Скопје, доставила Известување во кое се наведува следното. “Во врска со вашето барање по горенаведениот број и датум (го наведува бројот и датумот на едното барање) известуваме за следново: Управата за јавни приходи своите надлежности ги извршува согласно Законот за управата за јавни приходи (Сл.весник на РМ број 81/2005 и 81/2008) и Законот за даночна постапка (Сл.весник на РМ бр.13/06…).
Со наведените закони Управата за јавни приходи води евиденција за даночните обврзници кој се однесуваат на даноци и придонеси.
Исто така Ве известуваме дека согласно член 9 од Законот за даночна постапка давањето на податоци за даночните обврзници претставува даночна тајна“.   
Незадоволно од наведеното Известување, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-247 од 27.06.2010 година, ја препрати Жалбата до Уравата за јавни приходи и побара во рок од 3 дена Управата да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи, во врска со ова барање на Комисијата достави Произнесување по жалба, бр.13-4784/4 од 26.08.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-247 на 01.09.2010 година.
Во произнесувањето по Жалбата се наведува дека истата е неоснована “од причина што барањата се однесуваат на информации во чие што создавање Управата за јавни приходи делумно учествува но не рсполага согласно своите надлежности. Имено, во постапката за остварување на правата од Законот за заштита на децата и Законот за социјална заштита, врз основа на конкретно барање од надлежен орган (Министерство за труд и социјална работа – Центри за социјална работа) Управата за јавни приходи службено дава податоци за остварените приходи на физички лица по Годишна даночна пријава (не на семејства), но не располага со информација дали тоа физичко лице понатамо ќе го стекне или изгуби статусот на корисник на право на парична помош од социјална заштита или детски додаток, за кои информации како имател се јавува Министерството за труд и социјална работа – Центри за социјална работа…… Од друга страна во согласност со Закон јавниот интерес е исклучен доколку давањето на информациите би значело повреда на доверливоста на даночната постапка. Од овие причини, Управата за јавни приходи согласно своите надлежности утврдени со Законот за управата за јавни приходи и Законот за даночна постапка не се јавува како имател на бараните информации, за што писмено го има известено барателот, ниту вакви информации има објавено во листата на информации со кои располага“.    
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Управата за јавни приходи при постапувањето по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, погрешно ги применила одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од тие причини Комисијата на Управата за јавни приходи и укажува на следното.
Доколку утврди дека бараните информации претставуваат исклучок од слободниот пристап, должна е согласно член 20 точка 2 од горенаведениот Закон да донесе решение за одбивање, а не пристапот да го одбие со Известување. Пред донесувањето на решение за одбивање на пристапот имателот на информации, во конкретниов случај Управата за јавни приходи должна е согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010)“, да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон, што би се постигнал со објавувањето на информацијата ќе го одбие пристапот со Решение. Во спротивно и покрај тоа што информацијата може да се подведе под исклучоците предвидени во член 6 од Законот, ќе одобри пристап до истата.
Во произнесувањето по Жалбата доставено до Комисијата, Управата за јавни приходи како причина за недоставувањето на бараната информација го наведува фактот (кој во известувањето до барателот не е споменат) дека “барањата се однесуваат на информации во чие што создавање Управата за јавни приходи делумно учествува но не располага согласно своите надлежности“. Во истиот допис наведува дека имател на бараните информации е Министерството за труд и социлјална работа – Центри за социјална работа.
Во врска со овој одговор Комисијата укажува на следното. Согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 10 од Законот за изменување и дополнување на наведениот Закон, ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот, е должен да го препрати до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
При повторното постапување и одлучување по Жалбата Управата за јавни приходи треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата, наведени во Образложението на Решението.  
Неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
 Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Л.А.од Штип против Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Л.А. од Штип против Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид на барателот да му ја достави бараната информација по Барање “заведено како н.бр. 21-1495/3 од 15.06.2010 год.“, најдоцна до 05.10.09.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
                                         
                                         О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-277 од 21.07.2010 година, изјавена од Л.А. од Штип против Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.09.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Лазо Атанасов од Штип, како што е наведено во Жалбата, на 15.06.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид и побарал  да му ја достават бараната информација:
по Барање “заведено како н.бр. 21-1495/3 од 15.06.2010 год.“.
Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-277 од 27.07.2010 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид и по телефакс и по пошта и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за финансии – Комисија за денационализација – Охрид не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Б. од Кичево, поднесена против Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                   Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Љ.Б. од Кичево, поднесена против Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, „Доказ за платен надоместок за приклучок во канализација и која за Љ.Б., 11 Септември 90, С.Б., 11 Октомври 254, Р.Б., 11 Октомври 252, И.Б., 11 Октомври 250“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

                                             О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата бр.07-295 од 09.08.2010 година, изјавена од Љ.Б. од Кичево, поднесена против Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Љ.Б. од Кичево на 17.07.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кичево, со кое барал по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„Доказ за платен надоместок за приклучок во канализација и која за Љ.Б., 11 Септември 90, С.Б., 11 Октомври 254, Р.Б., 11 Октомври 252, И.Б., 11 Октомври 250“.
По ова Барање, Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кичево донело Решение за одбивање на пристап до бараната информација бр. 09-2481 од 04.08.2010 година, во кое, според наводите на жалителот „утврдило дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап, предвиден во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
 Незадоволен од образложението на наведеното Решение, Љ.Б. од Кичево поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-295 од 11.08.2010 година ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево и побара во рок од 3 дена Претпријатието да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, кои во прилог на Жалбата ги достави барателот, Комисијата го утврди следното.
Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево при постапувањето по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер погрешно ги применило одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од тие причини Комисијата на Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево му укажува на следното.
Пред донесувањето на решение за одбивање на пристапот имателот на информации, во конкретниов случај Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево е должно согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010)“, да го спроведе тестот на штетност. Доколку утврди дека со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се поголеми од јавниот интерес утврден со закон, што би се постигнал со објавувањето на информацијата, ќе го одбие пристапот со Решение. Во спротивно и покрај тоа што информацијата може да се подведе под исклучоците предвидени во член 6 од Законот, ќе одобри пристап до истата.
При повторното постапување и одлучување по Жалбата Јавното претпријатие „Комуналец“-Кичево треба да го има предвид укажувањето на Комисијата, наведено во Образложението на Решението.  
Неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
 Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

    **********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Љ.Б. од Кичево, против Решението на Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                     Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Љ.Б. од Кичево, против Решението на Министерството за внатрешни работи бр.11.2-58804/1 од 11.08.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,  СЕ ОДБИВА.

                                        О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-82 од 19.08.2010 година, изјавена од Љ.Б. од Кичево против Решението на Министерството за внатрешни работи бр.11.2-58804/1 од 11.08.2010 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Љ.Б. од Кичево на 19.03.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево, со кое побарал во фотокопија по пошта да му бидат доставени:
“Барања за асистенција доставени до вас од ЈП „Комуналец“ од Кичево од 23.02.2010 год. ; Општина Кичево од 01 и 17.03.2010 година, извршната исправа која требало да се изврши, вашите одговори до овие органи, по кој правен основ – Закон или правилник имате дадено асистенција.“
Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево (во натамошниот текст – ОВР Кичево) на ова барање на Љ.Б. на 29.03.2010 година, му одговорило со Известување бр.28.12/1500.
Незадоволен од добиеното Известување, Љ.Б. на 06.04.2010 година, до ОВР Кичево доставил поднесок, во кој им укажува на „незаконско постапување“.
ОВР Кичево во врска со овој поднесок на Љ.Б. му доставило Известување рег.28.12.2/100 од 09.04.2010 година, со кое му укажува дека дел од информациите треба да ги бара од ЕЛС Кичево, а информациите на ОВР Кичево дека се службени материјали со степен на тајност.
Љ.Б. на 19.04.2010 година, до ОВР Кичево доставил повторно барање, во кое по втор пат им укажал дека „согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не е предвидено со известување да се одговара“ и побарал да го известат според кој закон нивните службени материјали се со степен на тајност.
ОВР Кичево не одговорило на повторното барање на Љ.Б., по што тој достави Жалба до Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Комисијата со допис бр.07-82 од 04.05.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи – Одделение за внатрешни работи Кичево до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.28.12.2/119 од 17.05.2010 година, заведено во Комисијата под бр. 07-82 од 28.05.2010 година.
Во дописот, меѓу другото, е наведено дека „Од страна на ПС од ОН Кичево со известување бр.28.12/1500 од 24.03.2010 г. и известување бр.28.12.2/100 од 09.04.2010 г. одговорено е дека полицијата постапила по барање за асистенција од Општина Кичево согласно чл.7 од Законот за полиција и дека доколку лицето има потреба од фотокопија од Барањето за асистенција да се обрати до Општината, а воедно лицето е известено дека нашите службени материјали се со степен на тајност…согласно Законот за класифицирани информации и Правилникот за класифицирани информации во МВР.., поради што и оваа информација не може да биде доставена на барателот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи по предметот Комисијата донесе Решение бр. 07-82 од 23.06.2010 година, со кое ја уважи Жалбата на Љ.Б. и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот орган.
Во Образложението на наведеното Решение Комисијата констатира дека ОВР Кичево не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не одговарило во форма предвидена во Законот.
Притоа Комисијата на имателот на информации му укажа дека, доколку ОВР Кичево утврдило дека дел од бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап предвиден во член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, било должно да го примени член 20 точка 2 и 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да донесе решение за одбивање на пристапот. Исто така укажано му е дека е должно, согласно член 6 став 3 од наведениот Закон да го спроведе тестот на јавен интерес (сега задолжителен тест на штетност предвиден во член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).
Комисијата му укажа на ОВР Кичево дека при повторното постапување по предметот е должно да постапи согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата наведени во Решението.
Во повторната постапка, ОВР Кичево  со Известување бр. 28.122/3995 од 11.08.2010 година го известило барателот дека „…целокупната документација е доставена до МВР на РМ – Сектор за односи со јавноста и информации од јавен карактер кои се надлежни за изготвување на решение. Во иднина сите ваши…поднесоци да ги доставувате до МВР на РМ“.
Министерството за внатрешни работи изготвило и до барателот доставило Решение за одбивање на пристап бр. 11.2-58804/1 од 11.08.2010 година. Во образложението на Решението е наведено дека „Бараната информација не претставува информација од јавен карактер и согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува исклучок од правото за слободен пристап…бидејќи е класифицирана информација со соодветен степен на тајност…ДОВЕРЛИВО согласно член 9 став 2 точка 7 (дневни настани во врска со вршење на полициските работи) од Правилникот за класифицирани информации на МВР и согласно член 8 став 3 од Законот за класифицирани информации“.
Незадоволен од образложението на добиеното Решение за одбивање пристап до бараната информација, Љ.Б. од Кичево до Комисијата достави Жалба бр. 07-82 од 19.08.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-82 од 19.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Одговор по жалба бр.11.2-58804/4 од 07.09.2010 година, заведен во Комисијата под бр. 07-82 од 13.09.2010 година. Во Одговорот на Жалбата останува на истото образложение дадено во оспореното  „Решение за одбивање пристап до информација „наредба за вршење на служба“ според која полициските службеници постапиле согласно барањето за асистенција“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Решението на Министерството за внатрешни работи е правилно и врз закон засновано. При постапувањето по предметот правилно е утврдена фактичката состојба и правилно се применети одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (член 6 став 1 точка 1 и одредбите од Правилникот за класифицирани информации на МВР и од Законот за класифицирани информации.  
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Извештај за исполнување/реализација на Оперативните програми за активните мерки за вработување во 2007, 2008 и 2009 година (според документот „Мерки и активности за реализација на главните приоритети за пристапување во ЕУ“ од март 2008 година)“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-284 од 29.07.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 03.06.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарала по пошта да и биде доставена фотокопија од следната информација:
“Извештај за исполнување/реализација на Оперативните програми за активните мерки за вработување во 2007, 2008 и 2009 година (според документот „Мерки и активности за реализација на главните приоритети за пристапување во ЕУ“ од март 2008 година)“.  
Министерството за труд и социјална политика на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-284 од 03.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Извештај за ефектите и резултатите на Оперативниот план за активни мерки за вработување во 2009 година“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-285 од 29.07.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник С.Б., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 03.06.2010 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарала по пошта да и биде доставена фотокопија од следната информација:
“Извештај за ефектите и резултатите на Оперативниот план за активни мерки за вработување во 2009 година“.  
Министерството за труд и социјална политика на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-285 од 03.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                   Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку семејства или самохрани родители со едно или повеќе малолетни деца кои се корисници на детски додаток остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-287 од 29.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 14.06.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарало по пошта да му биде доставена следната информација:
“Колку семејства или самохрани родители со едно или повеќе малолетни деца кои се корисници на детски додаток остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“.  
Министерството за труд и социјална политика на ова Барање на барателот му одговорило со допис бр. 14-4449/4 од 08.07.2010 година.
Сметајќи дека добиената информација е нецелосна, односно дека не е информација која е побарана со поднесеното Барање, Македонското здружение на млади правници од Скопје на 12.07.2010 година до Министерството за труд и социјална политика доставило повторно Барање.
Министерството за труд и социјална политика на ова повторно Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-287 од 03.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на повторното Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
    
    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку семејства се корисници на социјална помош што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-288 од 29.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 14.06.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика и побарало по пошта да му биде доставена следната информација:
“Колку семејства се корисници на социјална помош што остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“.  
Министерството за труд и социјална политика на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-288 од 03.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

    **********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од нив остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-289 од 29.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 14.06.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за статистика и побарало по пошта да му биде доставена следната информација:
“Колку корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од нив остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“.  
Државниот завод за статистика по ова Барање до барателот доставил Известување бр. 2509-242/22 од 28.06.2010 година, со кое го известува дека не располага со бараната информација и дека Барањето е препратено до Министерството за труд и споцијална политика со допис бр. 2509-242/20 од 16.06.2010 година, а кое министерство„…според нашите сознанија…е имател на овие информации…“.
Министерството за труд и социјална политика на ова препратено Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-289 од 03.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
    
    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното
          
                                                Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку семејства или самохрани родители со едно или повеќе малолетни деца кои се корисници на детски додаток остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-291 од 29.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 14.06.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за статистика и побарало по пошта да му биде доставена следната информација:
“Колку семејства или самохрани родители со едно или повеќе малолетни деца кои се корисници на детски додаток остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“.  
Државниот завод за статистика по ова Барање до барателот доставил Известување бр. 2509-242/22 од 28.06.2010 година, со кое го известува дека не располага со бараната информација и дека Барањето е препратено до Министерството за труд и споцијална политика со допис бр. 2509-242/20 од 16.06.2010 година, а кое министерство„…според нашите сознанија…е имател на овие информации…“.
Македонското здружение на млади правници на 20.07.2010 година до Министерството за труд и социјална политика доставило Ургенција со која побарало Министерството да му ја достави бараната информација. Министерството за труд и социјална политика не одговорило по Ургенцијата.
Министерството за труд и социјална политика на ова препратено Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-291 од 03.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Колку семејства кои имаат член кој е корисник на инвалидски додаток остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-290 од 29.07.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 14.06.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за статистика и побарало по пошта да му биде доставена следната информација:
“Колку семејства кои имаат член кој е корисник на инвалидски додаток остваруваат вкупен приход не поголем од 14.969,00 денари и имаат имот кој е во вкупна вредност што не изнесува повеќе од 149.690,00 денари, невклучувајќи притоа возило чија вредност не изнесува повеќе од 149.690,00 денари и предмети и имот кој се изземени од извршување?“.  
Државниот завод за статистика по ова Барање до барателот доставил Известување бр. 2509-242/22 од 28.06.2010 година, со кое го известува дека не располага со бараната информација и дека Барањето е препратено до Министерството за труд и споцијална политика со допис бр. 2509-242/20 од 16.06.2010 година, а кое министерство„…според нашите сознанија…е имател на овие информации…“.
Македонското здружение на млади правници на 20.07.2010 година до Министерството за труд и социјална политика доставило Ургенција со која побарало Министерството да му ја достави бараната информација. Министерството за труд и социјална политика не одговорило по Ургенцијата.
Министерството за труд и социјална политика на ова препратено Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-290 од 03.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави баранате информација “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Законот за остварување на културата“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                           О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-293 од 04.08.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Македонското здружение на млади правници како што е наведено во Жалбата, на 06.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура и побарало во фотокопија по пошта, да му ја достават следната информација.
“Копија од проценка на влијанието на регулативата на Законот за остварување на културата“.
Министерството за култура на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-293 од 05.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за проценка од 2010 г.“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-301 од 16.08.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 13.07.2010 година годнело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало по пошта да му достават информација:
“Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за проценка од 2010 г.“.
Министерството за правда по ова Барање на барателот му доставило Известување бр. 07-2803/2 од 04.08.2010 година. Во Известувањето е наведено дека „…бараните информации…можете да ги добиете на веб страната www.ener.gov.mk“.
Согласно член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“. Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на добивање на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не утврдил дека е поповолна за барателот, односно дали барателот има технички можности за пристап до предложената веб-страница.
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-301 од 16.08.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-301 од 17.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидените начин и форма, наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за вештачење од 2010 г.)“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-298 од 13.08.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 13.07.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало по пошта да му достават информација:
“Копија од Проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за вештачење од 2010 г.“.
Министерството за правда по ова Барање на барателот му доставило Известување бр. 07-2801/2 од 04.08.2010 година. Во Известувањето е наведено дека „…бараните информации…можете да ги добиете на веб страната www.ener.gov.mk“.
Согласно член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“. Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на добивање на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не утврдил дека е поповолна за барателот, односно дали барателот има технички можности за пристап до предложената веб-страница.
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-298 од 13.08.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-298 од 16.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидените начин и форма, наведена во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                             Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за вештачење од 2010 г. (Образец 1)“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-297 од 13.08.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Известувањето на Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 13.07.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за вештачење од 2010 г. (Образец 1)“.
Министерството за правда по ова Барање на барателот му доставило Известување бр. 07-2802/2 од 04.08.2010 година. Во Известувањето е наведено дека „…бараните информации…можете да ги добиете на веб страната www.ener.gov.mk“.
Согласно член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“. Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на добивање на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не утврдил дека е поповолна за барателот, односно дали барателот има технички можности за пристап до предложената веб-страница.
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-297 од 13.08.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-297 од 16.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидените начин и форма, наведена во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                             Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за процена од 2010 г. (Образец 1)“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-300 од 16.08.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што е наведено во Жалбата, Македонското здружение на млади правници на 13.07.2010 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда и побарало по пошта да му достават информација:
“Копија од План за спроведување на проценка на влијанието на регулативата на Предлог законот за процена од 2010 г. (Образец 1)“.
Министерството за правда по ова Барање на барателот му доставило Известување бр. 07-2804/2 од 04.08.2010 година. Во Известувањето е наведено дека „…бараните информации…можете да ги добиете на веб страната www.ener.gov.mk“.
Согласно член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), „имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“. Во случајов барателот во Барањето го заокружил начинот на добивање на информацијата – по пошта, а формата – фотокопија, а не електронски запис или друго. Имателот бил должен да одговори на начинот и во формата наведени во барањето, но наместо тоа тој предложил друга форма, за која не утврдил дека е поповолна за барателот, односно дали барателот има технички можности за пристап до предложената веб-страница.
Незадоволно од добиеното Известување, Македонското здружение на млади правници, преку полномошникот М.Р., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-300 од 16.08.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-300 од 17.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за правда не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидените начин и форма, наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Б. од Скопје против Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006 и бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                           Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.Б. од Скопје, поднесена против Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје бр. 05/3/2 од 20.07.2010 година СЕ ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација “Договор за преотстапување на водоводната мрежа склучен помеѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  и Месната заедница Волково, сега Општина Ѓорче Петров“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                        О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-302 од 17.08.2010 година, изјавена од Б.Б. од Скопје, поднесена против Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје бр. 05/3/2 од 20.07.2010 година ГО ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Б.Б. од Скопје на 13.07.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје и побарал, во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Договор за преотстапување на водоводната мрежа склучен помеѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  и Месната заедница Волково, сега Општина Ѓорче Петров“.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, во врска со ова Барање донело Решение бр.05/3/2 од 20.07.2010 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација.
Во образложението на Решението е наведено дека „Постапувајќи по барањето, констатирано е дека бараната информација не се наоѓа на утврдената листа на информации од јавен карактер кој ги создал и со кои располага имателот на информацијата…
Во врска со овој навод Комисијата на Јавното претпријатие му укажува на следното.
Образложението “бараната информација не е на Листата на информации од јавен карактер“ неможе да биде причина за оневозможување на пристап до истата. Листата на информации со која располагаат имателите е од променлив карактер (може да се дополнува и скратува), а  имателите се должни, согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, постојано да ја ажурираат.
Исклучоците од слободниот пристап до информации, односно кога имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација е регулирано во членот 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Образложението на Решението се наведува и следното.
“Со објавувањето на овој деловен договор потребно е да биде согласна и другата страна, во конкретниот случај МЗ Волково, односно сега Општината Ѓорче Петров…објавувањето на бараната информација без согласност на другата страна може да резултира со промена на деловниот однос помеѓу ЈП Водовод и канализација и Општината. Врз основа на тоа имателот на информација најде дека штетните последици за заштитената цел би биле поголеми од јавниот интерес за објавувањето на бараната информација“.
Во врска со ова Комисијата укажува на следното.
Согласно член 11 од Законот за дополнување на Законот за јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ бр 49 од 14.04.2006 година) „Јавното претпријатие и друштво кое врши дејност од јавен интерес, дејноста ја врши трајно и без прекин и неговата работа е јавна и транспарентна“.
Во конкретниов случај Јавното претпријатие “Водовод и канализација“ – Скопје, врши дејност од јавен интерес и неговата работа треба да биде јавна и транспарентна.
Бараната информација е Договор со кој Месната заедница Волково, сега Општина Ѓорче Петров, согласно Законот за локална самоуправа, го овластува Јавното претпријатие “Водовод и канализација“, во име и во интерес на општината, да врши работи од јавен интерес, од локално значење. Општината е должна на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува, на начин и услови утврдени со статутот, а органите на Општината, согласно горенаведениот Закон се должни без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа.
Комисијата исто така утврди дека образложението “согласно принципите на професионалното и деловно работење кое е во интерес на договорните страни, објавувањето на бараната информација без согласност на другата страна може да резултура со промена на деловниот однос…… и  “штетните последици за заштитената цел би биле поголеми од јавниот интерес за објавувањето на бараната информација“, не може да биде основ за одбивање на пристапот до бараната информација, од следните причини.
Тестот на штетност така како што е наведен во образложението на оспореното Решение не е доволен основ за да се одбие пристапот до бараната информација.
Доколку имателот на информацијата сметал дека со нејзиното објавување ќе настанат штетни последици, должен бил да утврди кои се тие последици, па потоа да ги спореди со јавниот интерес и да утврди што е поголемо. Во конкретниов случај имателот само нагласува дека ќе настанат штетни последици, но не кажува кои се тие и за кого ќе настанат.   
Незадоволен од образложението на оспореното Решение, Б.Б. од Скопје, достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-302 од 17.08.2010 година ја препрати  Жалбата до Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје достави Одговор на Жалба заведен под број 05/3-5 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-302 од 20.08.2010 година. Во Одговорот останува на наводите од Решението со кое го одбива пристапот до бараната информација.
Комисијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 27, член 28, член 30 и член 32 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

   Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, против Советот на јавните обвинители, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, против Советот на јавните обвинители, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Советот на барателот да му ја достави бараната информација “Генералиите (име и презиме) на јавен обвинител кој го води предметот Р.О. бр. 45/2010 од 07.05.2010 год. евид. При Совет на јавни обвинители на Р.М. (во кој се јавувам како странка)“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-304 од 19.08.2010 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Советот на јавни обвинители, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Советот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
М.К. од Скопје на 18.06.2010 година доставил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Советото на јавните обвинители на Република Македонија и побарал по пошта да му ја достават следната информација:
“Генералиите (име и презиме) на јавен обвинител кој го води предметот Р.О. бр. 45/2010 од 07.05.2010 год. евид. При Совет на јавни обвинители на Р.М. (во кој се јавувам како странка).“  
Советот на јавните обвинители на Република Македонија на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-304 од 23.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Советот на јавни обвинители и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Советот на јавни обвинители на барањето на Комисијата одговори со Известување РО бр.45/2010 од 26.08.2010 година, заведено во Комисијата под бр.07-304 на 30.08.2010 година. Меѓутоа, Известувањето од Советот на јавните обвинители не се однесува на предметното Барање, туку на претставка која М.К. од Скопје ја имал доставено до Советот на јавните обвинители и која нема врска со Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, по кое М.К. ја има доставено наведената Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Советот на јавни обвинители не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма.
На барањето на Комисијата достави одговор кој не е предмет на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер и Жалбата поднесена по истото.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација “Колку трибини/семинари има организирано Студентскиот парламент со цел-промоција на стипендиите достапни за македонските студенти и кога и каде ги има одржано овие семинари?“, најдоцна до 05.10.2010 година, во форма и во начин наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-238 од 06.07.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошникот А.Д. од Скопје, против Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Студентскиот парламент на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 05.10.2010 година, во форма и на начин наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Невладината организација Младински образовен форум од Скопје на 25.05.2010 година, препорачано по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација. “Колку трибини/семинари има организирано Студентскиот парламент со цел-промоција на стипендиите достапни за македонските студенти и кога и каде ги има одржано овие семинари? “.
Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-238 од 15.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање, Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” достави Одговор на жалба заведен под број 03-95/1 од 10.08.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-238 од 11.08.2010 година.
Во дописот Студентскиот парламент наведува: “До Студентскиот Парламент на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” нема доставено таков тип на барање од страна на организцијата “Младински Образовен Форум” и затоа СПУКМ не прекршува ниту еден член на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Поради горенаведеното сметаме дека жалбата е неоснована. … Ве информираме дека сите информации поврзани со Студентскиот Парламент на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” се јавно објавени на интернет страната и во универзитетските гласила“.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Невладината организација Младински образовен форум од Скопје, на 25.05.2010 година по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”. Барањето било примено во Студентскиот парламент на 31.05.2010 година, за што како доказ за применото Барање, Младинскиот образовен форум во прилог на Жалбата достави фотокопија од повратницата за прием на Барањето.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
Комисијата на Студентскиот парламент му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Б. од Скопје, поднесена против Технолошко-металуршки факултет Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.Б. од Скопје, поднесена против Технолошко-металуршки факултет Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-116 од 22.06.2010 година, изјавена од М.Б. од Скопје, поднесена против Технолошко-металуршки факултет Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.Б. од Скопје, на 25.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Технолошко-металуршки факултет Скопје, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Да се достави копија од европскиот проект од програмата Темпус за подобрување на високото образование насловен “Нови курикулуми за едукација на прехрамбени инженери CD_JEP-40065-2005”“.
На ова Барање, како што М.Б. наведува во Жалбата: “Технолошко-металуршки факултет Скопје…донесе Решение со кое го одби пристапот до бараната информација согласно член 6, став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.” Во прилог на Жалбата го достави дописот на Технолошко-металуршки факултет Скопје, бр.02-1226 од 28.05.2010 година, адресиран до М.Б., а насловен како “Одговор на Ваше барање од 25.05.2010 година”.
Комисијата со Известување бр.07-116 од 24.06.2010 година, и укажа на М.Б. за непрецизноста на Жалбата, односно за наводите во Жалбата дека ја поднесува против Решение, а во прилог на истата доставува Одговор. Со известувањето, Комисијата побара од М.Б., согласно член 65 од Законот за општата управна постапка, во рок од 3 дена да ги отстрани недостатоците за да може Комисијата да постапува по наведената Жалба.
На ова барање на Комисијата, М.Б. постапи и на 23.07.2010 година, достави до Комисијата уредена жалба.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека М.Б. не постапила по Известувањето на Комисијата во предвидениот рок.
Видно од повратницата за доставување на Известувањето на Комисијата бр.07-116, истото е примено од страна на М.Б. на 28.06.2010 година. По истекот на рокот од 3 дена од денот на приемот на Известувањето за уредување на Жалбата,  односно на 23.07.2010 година (по 29 дена од денот на приемот на Известувањето), М.Б. ја достави до Комисијата уредената Жалба.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерство за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошник Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерство за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната  информација. “Колкав е бројот на трансферирани привремени вработувања во редовно вработување со статус на државен службеник во Министерство за култура, во периодот од 01.01.2010 до 20.05.2010 година.“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-233 од 06.07.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, поднесена преку полномошникот Ј.А., адвокат од Скопје, против Министерство за култура, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за култура на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 05.10.2010  година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 20.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за култура, примено на 25.05.2010 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колкав е бројот на трансферирани привремени вработувања во редовно вработување со статус на државен службеник во Министерство за култура, во периодот од 01.01.2010 до 20.05.2010 година“.
Министерството за култура на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-233 од 14.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори ниту на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Министерството за култура му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, против Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                              Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против Управата за јавни приходи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
 
                                       О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-296 од 13.08.2010 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, против Управата за јавни приходи, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата бр.07-296 и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
М.М. од Кавадарци на 03.08.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии – Управа за јавни приходи и побарал информација:
“Колку контроли во 2010 г. до денес се извршени од страна на имателот на информацијата во врска со спроведувањето на Законот за регистрирање на готовински плаќања и колку во тие контроли се издадени платни налози против правни и одговорни лица на територијата на општините Тетово, Гостивар и Дебар?“.
Министерството за финансии – Управа за јавни приходи по ова Барање на барателот му доставила Одговор на барање бр.13-6187/2 од 06.08.2010 година. Во одговорот е наведено дека „…согласно член 9 од Законот за даночна постапка (Сл.весник на РМ бр.13/06…133/09), Ве известуваме дека службените лица се должни како даночна тајна да ги чуваат: сите документи, информации, податоци или други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночна, прекршочна или судска постапка“.
Незадоволен од добиениот одговор М.М. од Кавадарци достави Жалба до Комисијата заведена под бр. 07-296 од 13.08.2010 година.
Комисијата со допис бр.07-296 од 16.08.2010 година ја препрати Жалбата до Управата за јавни приходи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Управата за јавни приходи не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата утврди дека Управата за јавни приходи не постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на Барањето на барателот во законски предвидената форма.
Во врска со погореизложеното, Комисијата и укажува на Управата за јавни приходи на следното.
Имателот на информации може во целост или делумно да го одбие пристапот до бараната информација, доколку утврди дека таа спаѓа во исклучоците предвидени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010). Пристапот до бараната информација не може да се одбие со одговор на барање, како што е направено во конкретниот случај. Барањето се одбива ( целосно или делумно) со решение. Решението мора да биде образложено и да содржи упатство за правно средство.
Исто така, Управата за јавни приходи пред да донесе такво решение должна е да постапи согласно член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010) и да го спроведе задолжителниот тест на штетност, за да утврди дали со објавувањето на бараната информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон.
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО : Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                                 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави баранате информација “Копија од Проценка на економското влијание на Законот за остварување на културата“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                                          О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-294 од 04.08.2010 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Македонското здружение на млади правници како што е наведено во Жалбата, на 06.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за култура и побарало во фотокопија по пошта, да му ја достават следната информација.
“Копија од проценка на економското влијание на Законот за остварување на културата“.
Министерството за култура на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-294 од 05.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Министерството за култура не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена  преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје против Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена  преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје против Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-81 од 04.08.2010 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје против Влада на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, на 08.04.2010 година, поднела Дополнително Барање за пристап до информации согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до Секретаријатот за европски прашања, заведено под бр.17-412/8 од 12.04.2010 година.
Со Барањето, Фондацијата побарала да и се овозможи увид во архивата согласно член 12 став 2 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, затоа што, како што наведува во Барањето: ”Согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информацијата во целост што ја навел во барањето и со повторното барање (кое е во прилог) бара од имателот на информациите да му овозможи запознавање со информацијата што е наведена во барањето најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање.”
На Дополнителното Барање, Секретаријатот за европски прашања одговорил со допис бр.17-412/13 од 16.07.2010 година, а во Фондацијата заведен под бр.21-704 од 19.07.2010 година.
Во дописот се наведува: “Во врска со Вашето дополнително барање…и Решението бр.07-81 од 28.06.2010 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, … увид во архива на бараниот предмет: ”Копии од записници од сите одржани седници на Комитетот за ЕУ интеграции во периодот 01.09.2009 до 31.01.2010 … предлагаме да го остварите на 23.07.2010 година.”
 За извршениот увид е изготвен Записник, заведен под бр.17-412/15 од 23.07.2010 година, дека на барателите им е овозможен увид во предметот бр.17-411/9 во просториите на СЕП (сала за состаноци…), но не и во просториите на архивата на СЕП.
Незадоволна од извршениот увид, на 04.08.2010 година, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, преку полномошник В.Д., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата поради како што наведува: ”…на жалителот му бил овозможен увид во предметот 17-411/9, но не бил овозможен увид во архивата, согласно содржината на барањето од 08.04.2010 година…”
Комисијата со допис бр.07-81 од 06.08.2010 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Секретаријатот за европски прашања достави Одговор на Жалба бр.17-412/18 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-81 на 25.08.2010 година.
Во Одговорот на Жалбата, покрај другото, се наведува: “Жалбата е неоснована…..Секретаријатот за европски прашања, откако предметот му бил вратен на повторно одлучување … постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и му овозможил на жалителот соодветна посторија и време потребно да направи увид во содржината на бараната информација. Имено уште еднаш нагласуваме дека Секретаријатот за европски прашања постапил во согласност со член 24, став 1 и став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…..за што релевантен факт е Записникот од состанокот одржан на 23.07.2010 во 10.00 часот во просториите на Секретаријатот за европски прашања со наш број 17-412/15, од кој јасно може да се констатира дека жалителот немал забелешки во однос на времето кое му било ставено на располоагање за запознавање со содржината на бараната информација и тоа со увид.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Решението на Комисијата бр.07-81 од 28.06.2010 година.
Со Дополнителното Барање, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, побарала согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да и се овозможи запознавање со информацијата што ја навела во барањето, најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата.
Како начин со кој Фондацијата барала да се запознае со содржината на бараната информација, навела:”Увид во архивата согласно член 12 став 2 и член 11 до Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.”
Комисијата констатира дека Секретаријат за европски прашања постапил по Дополнително Барање и и овозможил на Фондацијата да се запознае со бараната информација во бараната форма и начин, односно извршила увид во бараниот предмет на ден 23.07.2010 година.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот Факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Економскиот факултет – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација:“Дали вашиот факултет ги користи средствата од ТЕМПУС програмата и колку средства користи во учебната 2009/2010, а колку има искористено во минатите две учебни години?“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-146 од 28.06.2010 година, изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Економскиот факултет на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Невладината организација Младински образовен форум, како што е наведено во Жалбата, со препорачана пратка по пошта, со датум на прием 19.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Економскиот факултет – Скопје, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Дали вашиот факултет ги користи средствата од ТЕМПУС програмата и колку средства користи во учебната 2009/2010, а колку има искористено во минатите две учебни години?“
Економскиот факултет на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-146 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Економскиот факултет и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Економскиот факултет не одговори ниту на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Економскиот факултет не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Економскиот факултет му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот Факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Економскиот факултет – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација. “Листа на академски кадар вработен на Вашиот факултет кој посетувал конференција/семинар на која учество земале Универзитети надвор од РМ.“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-167 од 28.06.2010 година, изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Економскиот факултет на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Невладината организација Младински образовен форум, како што е наведено во Жалбата, со препорачана пратка по пошта, со датум на прием 19.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Економскиот факултет – Скопје, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Листа на академски кадар вработен на Вашиот факултет кој посетувал конференција/семинар на која учество земале Универзитети надвор од РМ.“
Економскиот факултет на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-167 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Економскиот факултет и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Економскиот факултет не одговори ниту на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Економскиот факултет не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Економскиот факултет му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот Факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Економскиот факултет – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација: “Дали на Вашиот факултет во учебната 2009/2010 имало предавање одржано од некој професор од странски Универзитет (доколку да-кој професор, какво предавање било одржано и кога било одржано предавањето?)“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-161 од 28.06.2010 година, изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Економскиот факултет на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Невладината организација Младински образовен форум, како што е наведено во Жалбата, со препорачана пратка по пошта, со датум на прием  19.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Економскиот факултет – Скопје, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Дали на Вашиот факултет во учебната 2009/2010 имало предавање одржано од некој професор од странски Универзитет (доколку да-кој професор, какво предавање било одржано и кога било одржано предавањето?)“
Економскиот факултет на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-161 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Економскиот факултет и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Економскиот факултет не одговори ниту на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Економскиот факултет не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Економскиот факултет му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот Факултет – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Економскиот факултет – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација. “Листа на прифатени и одбиени кандидати на програмата ЕРАЗМУС од 2008 до денес.“, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-155 од 28.06.2010 година, изјавена од Невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Економскиот факултет – Скопје, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Економскиот факултет на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 05.10.2010 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Невладината организација Младински образовен форум, како што е наведено во Жалбата, со препорачана пратка по пошта, со датум на прием  19.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Економскиот факултет – Скопје, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Листа на прифатени и одбиени кандидати на програмата ЕРАЗМУС од 2008 до денес.“
Економскиот факултет на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-155 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Економскиот факултет и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Економскиот факултет не одговори ниту на овој допис на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Економскиот факултет не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Комисијата на Економскиот факултет му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошникот М.В., адвокат од Скопје, против Решението на Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

                                    Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Г.П од Скопје, поднесена преку полномошникот М.В., адвокат од Скопје, против Решението на Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање пристап до информација од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

                              О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-283 од 29.07.2010 година, изјавена од С.Г.П, поднесена преку полномошникот М.В., адвокат од Скопје, против Решението на Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр. 1/08 од 25.06.2008 година и ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Г.П. од Скопје на 11.06.2008 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија и побарала по пошта да и биде доставена фотокопија од следната информација:
“Мислење од Одделот за граѓански дела бр.03.бр.609/06 од 19.04.2006 година и Мислење на Општата седница на Врховниот суд на РМ Дов бр.14/06 од 26.12.2006 година“.  
Врховниот суд по ова Барање одговорил со Решение СПИ бр.1/08 од 25.06.2008 година, со кое Судот го одбил барањето.
Незадоволна од образложението на Решението, оценувајќи дека Врховниот суд при донесувањето на Решението „погрешно ја утврдил фактичката состојба и погрешно го применил материјалниот закон“, С.Г.П. од Скопје, преку полномошник М.В., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата на 29.07.2010 година.
Согласно член 28 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Против решението со кое имателот на информацијата го одбил барањето барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер“.
Со оглед на тоа што рокот за Жалба изминал уште на 10.07.2008 година,  Комисијата ја отфрли како ненавремена. Жалбата е поднесена по повеќе од две години од денот на приемот на Решението со кое е одбиен пристапот до бараната информација.
            Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација “Со колкави финансии располага Студентскиот парламент со цел-промоција на стипендиите достапни за македонските студенти?“, најдоцна до 05.10.2010 година, во форма и во начин наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-237 од 06.07.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошникот А.Д. од Скопје, против Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Студентскиот парламент на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 05.10.2010 година, во форма и на начин наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Невладината организација Младински образовен форум од Скопје на 25.05.2010 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Со колкави финансии располага Студентскиот парламент со цел-промоција на стипендиите достапни за македонските студенти?“.
Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-237 од 14.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање, Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” достави Одговор на жалба заведен под број 03-95/1 од 10.08.2010 година, а во Комисијата заведен под број 07-237 од 11.08.2010 година.
Во дописот Студентскиот парламент наведува: “До Студентскиот Парламент на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” нема доставено таков тип на барање од страна на организцијата “Младински Образовен Форум” и затоа СПУКМ не прекршува ниту еден член на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Поради горенаведеното сметаме дека жалбата е неоснована. … Ве информираме дека сите информации поврзани со Студентскиот Парламент на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” се јавно објавени на интернет страната и во универзитетските гласила“.
По разгледувањето на списите во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Невладината организација Младински образовен форум од Скопје, на 25.05.2010 година по пошта поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”. Барањето било примено во Студентскиот парламент на 31.05.2010 година, за што како доказ во прилог на Жалбата, Младински образовен форум достави фотокопија од повратницата за прием на Барањето на ден 31.05.2010 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Студентскиот парламент при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” не постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорил на Барањето на барателот во законски предвидениот рок и форма, предвидени во Законот и наведени во Барањето.
Комисијата на Студентскиот парламент му укажува дека неприменувањето на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер претставува прекршок согласно член 39 и член 44 од истиот Закон и член 2 и член 7 став 1 и став 2 од Законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

    **********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминација „Правдина“ од Струмица, против ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминација „Правдина“ од Струмица, против ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку е фактурирано и колку е наплатено во проценти и во паричен износ за користење на вода за пиење од градскиот водовод од Струмица во населените места Добрејци, Градско Балдовци, Дабиле, Просениково, за периодот кога во тие населени места функционира водоводната снабдителна мрежа. Истата информација ја бараме и за градот Струмица за наплата во паричен износ за период од 01.01.2010 до 01.07.2010 година“, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-307 од 23.08.2010 година, изјавена од Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминација „Правдина“ од Струмица, против ЈПКД „Комуналец“ од Струмица и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминација „Правдина“ од Струмица на 14.07.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈПКД „Комуналец“ од Струмица и побарало во фотокопија по пошта  да и ја достават следната информација:
“Колку е фактурирано и колку е наплатено во проценти и во паричен износ за користење на вода за пиење од градскиот водовод од Струмица во населените места Добрејци, Градско Балдовци, Дабиле, Просениково, за периодот кога во тие населени места функционира водоводната снабдителна мрежа. Истата информација ја бараме и за градот Струмица за наплата во паричен износ за период од 01.01.2010 до 01.07.2010 година“.
ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-307 од 25.08.2010 година, ја препрати Жалбата до ЈПКД „Комуналец“ од Струмица и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминација „Правдина“ од Струмица на 27.08.2010 година, до Комисијата достави Известување за повлекување на Жалбата заведена под бр. 03-332/4 од 27.08.2010 година, а во Комисијата заведено под бр.07-307, со кое ја известува дека ја повлекува Жалбата затоа што бараната информација од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица ја добиле на 26.08.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, ЈПКД „Комуналец“ од Струмица одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од  Здружението за спречување на корупцијата и заштита од дискриминација „Правдина“ од Струмица, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од  Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42”-Скопје, застапувано од И.С. претседател на здружението, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септмври 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42”-Скопје, застапувано од И.С. претседател на здружението, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “1. Фотокопија од мислењето издадено од органите кои се засегнати од имплементацијата на овој плански документ…. 2. Фотокопија од оцената на соодветноста на извештајот…. 3.Фотокопија од објавата на информациите… 4.Информација за датумот…. 5. Фотокопија од Записникот и списокот на сите присутни учесници од јавната расправа… 6. Фотокопија од прифатените и одбиените мислења и нивните образложенија…  .“, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-106 од 14.06.2010 година, изјавена од Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42”-Скопје, застапувано од И.С. претседател на здружението, поднесена против Општина Илинден и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42”-Скопје, на 11.05.2010 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Илинден и побарало во фотокопија, по пошта и по е-меил му ги достават следните информации.
“1. Фотокопија од мислењето издадено од органите кои се засегнати од имплементацијата на овој плански документ…. 2. Фотокопија од оцената на соодветноста на извештајот…. 3.Фотокопија од објавата на информациите… 4.Информација за датумот…. 5. Фотокопија од Записникот и списокот на сите присутни учесници од јавната расправа… 6. Фотокопија од прифатените и одбиените мислења и нивните образложенија….“
На ова Барање, Општината Илинден одговорила со допис бр.10-1077/2 од 27.05.2010 година.
Незадоволно од наведениот одговор и прилогот кон истиот, Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42”- Скопје, застапувано од И.С., поднесе Жалбата до Комисијата поради како што се наведува во Жалбата: ”За точките 1,5 и 6 од поднесеното барање надлежниот орган не се изјасни … ниту достави одговор за истите.”
Комисијата со допис бр.07-106 од 17.06.2010 година, ја препрати Жалбата до Општина Илинден и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Општина Илинден одговори со допис бр.10-1077/5 од 13.07.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-106 од 19.07.2010 година.
Во прилог на одговорот, Општината Илинден достави допис за доставување на информација бр.10-1077/4 од 08.07.2010 година, насловен до Здружението “ФРОНТ 21/42”-Скопје.
Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42”-Скопје, на 01.09.2010 година до Комисијата достави Поднесок, заведен во Комисијата од бр.07-106, со кој ја известува дека на 31.08.2010 година, здружението ги добило податоците од Општина Илинден, и со ова дополнување на податоците, целосно им е одговорено на барањето поради што ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Општината Илинден одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Здружението на граѓани “ФРОНТ 21/42”-Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

                                                Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку студенти од земјите потписнички на БД биле на стручно доусовршување за додипломски студии на вашиот факултет користејќи ги програмите на Европска Унија за мобилност на студенти, листа од студентите и од кој матичен факултет доаѓаат?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-201 од 02.07.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младинскиот образовен форум на 18.05.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, примено на ден 26.05.2010 година, и побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација.
“Колку студенти од земјите потписнички на БД биле на стручно доусовршување за додипломски студии на вашиот факултет користејќи ги програмите на Европска Унија за мобилност на студенти, листа од студентите и од кој матичен факултет доаѓаат?“
Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-201 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје одговори со допис бр.03-2226/2 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-201 од 23.08.2010 година. Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, на 02.09.2010 година до Комисјата достави уште еден Одговор на жалба заведен под бр.03-2356/3 од 31.08.2010 година, во кој е наведено дека истиот е испратен и до Младинскиот образовен форум. Во одговорот факултетот наведува дека и покрај тоа што до факултетот нема поднесено барање со наведената содржина, доставува одговор на Барањето.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 07.09.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата под бр.07-201, со кој ја известува дека, на 06.09.2010 година факултетот доставил одговор до Младинскиот образовен форум и се задоволни од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Листа од стручни соработници од земјите потписнички на болонската декларација кои биле на стручно доусовршување на Вашиот факултет?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-202 од 02.07.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младинскиот образовен форум на 18.05.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, примено на ден 26.05.2010 година, и побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација.
“Листа од стручни соработници од земјите потписнички на болонската декларација кои биле на стручно доусовршување на Вашиот факултет?“
Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-202 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје одговори со допис бр.03-2227/2 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-202 од 23.08.2010 година.
Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, на 02.09.2010 година до Комисјата достави уште еден Одговор на жалба заведен под бр.03-2356/1 од 31.08.2010 година, во кој е наведено дека истиот е испратен и до Младинскиот образовен форум. Во одговорот факултетот наведува дека и покрај тоа што до факултетот нема поднесено барање со наведената содржина, доставува одговор на Барањето.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 07.09.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-202, со кој ја известува дека, на 06.09.2010 година факултетот доставил одговор на барањето до Младинскиот образовен форум и се задоволни од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали Вашиот факултет до сега има издадено додаток на диплома (diploma supplement), колку вкупно и во која година?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-196 од 02.07.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младинскиот образовен форум на 18.05.2010 година, со препорачана пратка по пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, примено на ден 26.05.2010 година, и побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација.
“Дали Вашиот факултет до сега има издадено додаток на диплома (diploma supplement), колку вкупно и во која година?“
Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, како што е наведено во Жалбата на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-196 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје одговори со допис бр.03-2228/2 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-196 од 23.08.2010 година.
Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, на 02.09.2010 година до Комисјата достави уште еден Одговор на жалба заведен под бр.03-2356/2 од 31.08.2010 година, во кој е наведено дека истиот е испратен и до Младинскиот образовен форум. Во одговорот факултетот наведува дека и покрај тоа што до факултетот нема поднесено барање со наведената содржина, доставува одговор на Барањето.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 07.09.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-196, со кој ја известува дека, на 06.09.2010 година факултетот доставил одговор на барањето до Младинскиот образовен форум и се задоволни од добиениот одговор.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од актот со кој е регулирана изборната процедура за учество на студентите во програмата Еразмус на вашиот факултет.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-164 од 28.06.2010 година, изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младинскиот образовен форум од Скопје, застапуван од М.Б., на 18.05.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Архитектонскиот факултет-Скопје и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“Копија од актот со кој е регулирана изборната процедура за учество на студентите во програмата Еразмус на вашиот факултет “.
Архитектонскиот факултет-Скопје, на ова Барање одговорил со допис бр.03-162/39 од 18.06.2010 година.
Незадоволен од наведениот одговор, Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д. поднесе Жалба до Комисијата поради, како што наведувa во Жалбата, не му била доставена и копија од актот со кој е регулирана изборната процедура за учество на студентите од програмата Еразмус.
Комисијата со допис бр.07-164 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Архитектонскиот факултет-Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Архитектонскиот факултет-Скопје одговори со допис бр.03-162/48 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-164 од 20.08.2010 година, во прилог на кој достави допис насловен како Дополнителен одговор по бараните информации, адресиран до Младинскиот образовен форум.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 27.08.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-164, со кој ја известува дека, на 20.08.2010 година, Архитектонскиот факултет-Скопје изготвил нов одговор за истото барање, и ги доставил потребните документи кои се побарани од него со што е задоволува нивното барање поднесно на 18.05.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Архитектонскиот факултет-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

    Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Филозофски факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Филозофскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку студенти преку Вашиот факултет имаат искористено некоја од програмите на ЕУ, за мобилност на студенти од почетокот на 2009 година до денес и која од програмите ја имааат искористено?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-199 од 02.07.2010 година, изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Филозофски факултет-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младински образовен форум од Скопје, на 25.05.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Филозофски факултет-Скопје, примено на 27.05.2010 година и побарал по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Колку студенти преку Вашиот факултет имаат искористено некоја од програмите на ЕУ, за мобилност на студенти од почетокот на 2009 година до денес и која од програмите ја имааат искористено?“
Филозофскиот факултет-Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-199 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Филозофскиот факултет-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Филозофскиот факултет-Скопје одговори со допис бр.03-1319/2 од 17.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-199 од 23.08.2010 година, со кој одговара на Барањето.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 27.08.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-199, со кој ја известува дека на 20.08.2010 година, Филозофскиот факултет-Скопје изготвил нов одговор за истото барање, и ги доставил потребните документи кои се побарани од него со што е задоволува нивното барање испратено на 25.05.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Филозофскиот факултет-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
                            
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошникот А.Д., против Филозофски факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалба изјавена од невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошникот А.Д., против Филозофски факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Колку вкупно студенти аплицирале за програмата Басилеус за 2008/2009 година? Колку од нив се прифатени а колку одбиени. Барам копија од листата на сите студенти кои аплицирале.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-200 од 02.07.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум, поднесена преку полномошникот А.Д., против Филозофски факултет-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младински образовен форум, на 25.05.2010 година, како што наведува во Жалбата, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Филозофски факултет-Скопје, примено на 27.05.2010 година и побарал во фотокопија, по пошта да му се достави следната информација.
“Колку вкупно студенти аплицирале за програмата Басилеус за 2008/2009 година? Колку од нив се прифатени а колку одбиени. Барам копија од листата на сите студенти кои аплицирале.“
Филозофскиот факултет-Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-200 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Филозофскиот факултет и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање, Филозофскиот факултет на 23.08.2010 година до Комисијата достави допис заведен под број 03-1318/2 од 17.08.2010 година, во кој одговара на Барњето, односно ја известува Комисијата дека: ”Филозофски факултет во Скопје нема податоци за тоа колку вкупно студенти аплицирале за програмата Басилеус, бидејќи оваа програма се води од страна на службите на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.”
Младинскиот образовен форум на 27.08.2010 година, до Комисијата достави допис во кој наведува дека Филозофски факултет на ден 20.08.2010 година одговорил на Барањето и со тоа се задоволува нивното барање испратено на ден 25.05.2010 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Филозофскиот факултет од Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретнипот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи е како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје против Филозофски факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од невладината организација Младински образовен форум поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје против Филозофски факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Копија од актот со кој е регулирана изборната процедура за учество на студентите во програмата Еразмус на вашиот факултет“, поради тоа што Барањето е препратено до Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-198 од 02.07.2010 година, изјавена од невладината организација Младински образовен форум поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје против Филозофски факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младинскиот образовен форум, со препорачана пратка по пошта, со датум на прием 25.05.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Филозофскиот факултет-Скопје и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Копија од актот со кој е регулирана изборната процедура за учество на студентите во програмата Еразмус на вашиот факултет.“
Филозофскиот факултет-Скопје на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок и форма согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-198 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Филозофскиот факултет-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Филозофскиот факултет-Скопје одговори со допис бр.03-1320/2 од 17.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-198 од 23.08.2010 година, во кој се наведува дека “Филозофскиот факултет не одговорил на наведеното барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер, од причина што такво барање не е стигнато до нас. Барателот на информацијата нека достави ново Барање на кое во законски предвидениот рок ќе му биде одговорено.”
Во врска со наведеното, Комисијата ја разгледа Жалбата и од списите доставени во прилог на Жалбата, поточно од фотокопијата на повратницата за доставување на Барањето, утврди дека Филозофскиот факултет-Скопје го примил Барањето на 27.05.2010 година.
Комисијата му укажа на Факултетот, дека спротивно на наводите во неговиот одговор доставен до Комисијата, Барањето е примено од страна на факултетот за што постои доказ за прием на истото и дека Филозофскиот факултет-Скопје е должен да постапи по Барањето согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
На 01.09.2010 година, Филозофскиот факултет-Скопје, до Комисијата достави допис бр.03-1318/4 од 26.08.2010 година, адресиран до Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје, во кој се наведува дека согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, го доставува Барањето до Универзитетот како имател на информацијата.
Врз основа на изложеното, Комисијата утврди дека Филозофскиот факултет-Скопје постапил по Барањето за пристап до информациии од јавен карактер поднесено од Младински образовен форум, но со задоцнување.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуалните идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и доколку не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена од денот на приемот на барањето, е должен, да го препрати барањето до имателот на информации и за тоа да го извести и барателот.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали наставникот или соработникот кој добил можност за усовршување надвор од државата треба да добие согласност од факултетот, кој ја дава таа согласност и во кој рок? Барам копија од правилата со кои е уредена оваа постапка.“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-158 од 28.06.2010 година, изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младински образовен форум од Скопје, застапуван од М.Б., на 18.05.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Архитектонскиот факултет-Скопје и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“Дали наставникот или соработникот кој добил можност за усовршување надвор од државата треба да добие согласност од факултетот, кој ја дава таа согласност и во кој рок? Барам копија од правилата со кои е уредена оваа постапка.“
Архитектонскиот факултет-Скопје, на ова Барање одговорил со допис бр.03-162/39 од 18.06.2010 година.
Незадоволен од наведениот одговор, Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-158 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Архитектонскиот факултет-Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Архитектонскиот факултет-Скопје одговори со допис бр.03-162/48 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-158 од 20.08.2010 година, во прилог на кој достави допис насловен како Дополнителен одговор по бараните информации, адресиран до Младинскиот образовен форум.
Младинскиот образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 27.08.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-158, со кој ја известува дека, на 20.08.2010 година, Архитектонскиот факултет-Скопје изготвил нов одговор за истото барање, и ги доставил потребните документи кои се побарани од него со што е задоволува нивното барање испратено на 18.05.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Архитектонскиот факултет-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Листа на прифатени и одбиени кандидати на програмата Еразмус од 2008 до денес?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-165 од 28.06.2010 година, изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младински образовен форум од Скопје, застапуван од М.Б., на 18.05.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Архитектонскиот факултет-Скопје и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација:
“Листа на прифатени и одбиени кандидати на програмата Еразмус од 2008 до денес?“
Архитектонскиот факултет-Скопје, на ова Барање одговорил со допис бр.03-162/39 од 18.06.2010 година.
Незадоволен од наведениот одговор, Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д. поднесе Жалба до Комисијата поради, како што наведувa во Жалбата, не му била доставена и копија од бараната листа.
Комисијата со допис бр.07-165 од 07.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Архитектонскиот факултет-Скопје и побара во рок од 5 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Архитектонскиот факултет-Скопје одговори со допис бр.03-162/48 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-165 од 20.08.2010 година, во прилог на кој достави допис насловен како Дополнителен одговор по бараните информации, адресиран до Младинскиот образовен форум.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 27.08.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-165, со кој ја известува дека, на 20.08.2010 година, Архитектонскиот факултет-Скопје изготвил нов одговор за истото барање, и ги доставил потребните документи кои се побарани од него со што е задоволува нивното барање испратено на 18.05.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Архитектонскиот факултет-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Младински образовен форум, поднесена преку полномошник А.Д. од Скопје, против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “За кој предмет на вашиот факултет е испочитуван условот за најмалку 30% европски и компаративни содржини во наставната програма и листа од наведените содржини?“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-248 од 13.07.2010 година, изјавена од Младински образовен форум од Скопје, поднесена преку полномошник А.Д., против Архитектонскиот факултет-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Младинскиот образовен форум од Скопје, на 18.05.2010 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Архитектонскиот факултет-Скопје и побарал да му ја достават следната информација:
“За кој предмет на вашиот факултет е испочитуван условот за најмалку 30% европски и компаративни содржини во наставната програма и листа од наведените содржини?“
Архитектонскиот факултет-Скопје, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање одговорил и на 21.06.2010 година до здружението доставил допис бр.162/39.
Незадоволен од одговорот, Младински образовен форум од Скопје, на 24.06.2010 година поднел Дополнително барање, за кое Архитектонскиот факултет-Скопје, доставил одговор бр.03-162/44 од 05.07.2010 година.
Незадоволен и од Одговорот по Дополнителното барање, Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-248 од 27.07.2010 година, ја препрати Жалбата до Архитектонскиот факултет-Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На ова барање на Комисијата, Архитектонскиот факултет-Скопје одговори со допис бр.03-162/48 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-248 од 20.08.2010 година, во прилог на кој достави допис насловен како Дополнителен одговор по бараните информации, адресиран до Младинскиот образовен форум.
Младински образовен форум од Скопје, преку полномошник А.Д., на 27.08.2010 година, до Комисијата достави Поднесок заведен во Комисијата од бр.07-248, со кој ја известува дека на 20.08.2010 година, Архитектонскиот факултет-Скопје изготвил нов одговор за истото барање, и ги доставил потребните документи кои се побарани од него со што е задоволува нивното барање испратено на 24.06.2010 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека, Архитектонскиот факултет-Скопје одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Младинскиот образовен форум од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006) и член 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 15 септември 2010 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена против ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку деца од женски пол на 12 годишна возраст се вакцинирани од страна на насловот  во текот на 2009 година и 2010 година, заклучно со денес кога е поднесено ова барање“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-245 од 08.07.2010 година, изјавена од М.М., поднесена против ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
М.М. од Кавадарци, на 29.06.2010 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци со кое побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Колку деца од женски пол на 12 годишна возраст се вакцинирани од страна на насловот  во текот на 2009 година и 2010 година, заклучно со денес кога е поднесено ова барање“.
ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, на Барањето од М.М. одговорила со допис бр.03-341/2 од 29.06.2010 година. Во дописот се наведува следното.
“Со оглед на тоа дека постапката е во тек односно судски отпочната сметаме дека доколку има потреба по барање на судот ќе ги добиете соодветните информации“.
Незадоволен од добиениот одговор, М.М. достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-245 од 14.07.2010 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, достави одговор бр.03-384/3 од 20.08.2010 година, а во Комисијата заведен под бр.07-245 на 23.08.2010 година. Со одговорот ја известува Комисијата дека на 16.08.2010 година, на адвокатот М.М. по пошта му ги доставиле бараните податоци.  
Службеното лице  во Комисијата кое постапува по наведениот предмет телефонски комуницираше со М.М. кој потврди дека ја добил бараната информација и истото ќе го потврди и во писмена форма. До донесувањето на овој Заклучок, Комисијата не доби писмена потврда.
Врз основа на изнесеното Комисијата утврди дека, ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, ја доставила бараната информација до М.М., но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, имателот на информации при евентуалните идни барања е должен да одговора на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.