ДОНЕСЕНО 1 РЕШЕНИЕ И 3 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на седницата одржана на 09 јуни 2016 година, донесе 1 решение и 3 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08. 6/10 , 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 09 јуни 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Доказ односно примерок од одлуката-те на Врховниот суд со кои е извршено спојување на од моја страна поднесените посебни Барања за заштита на правото на судење во разумен рок пред овој Суд за кои имам информација дека се заведени под ПСРРУ.бр.10/2012 година; ПСРРУ.бр.12/2012 година и ПСРРУ.бр.14/2012 година, а во ова фаза на постапката се заведени под еден заеднички ПСРРУ.бр.5/2013 година“ СЕ УВАЖУВА.
Заклучокот СПИ бр.1/2016 од 12.02.2016 година на Врховниот суд на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА
Врховниот суд на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 27 јуни 2016 година, на начин и форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-531 од 29.02.2016 година, изјавена од В.У. од Скопје поднесена против Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија СПИ бр.1/2016 од 12.02.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ, Заклучокот СПИ бр.1/2016 од 12.02.2016 година на Врховниот суд на Република Македонија го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Врховниот суд на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 27 јуни 2016 година, на начин и форма наведени во Барањето.
По повторното разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
В.У. на 27.09.2013 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија, заведено во Врховниот суд на Република Македонија под СПИ.бр.15/2013 и побарал да му достават по пошта фотокопија од следната информација:
„Доказ односно примерок од одлуката-те на Врховниот суд со кои е извршено спојување на од моја страна поднесените посебни Барања за заштита на правото на судење во разумен рок пред овој Суд за кои имам информација дека се заведени под ПСРРУ.бр.10/2012 година; ПСРРУ.бр.12/2012 година и ПСРРУ.бр.14/2012 година а во ова фаза на постапката се заведени под еден заеднички ПСРРУ.бр.5/2013 година.“
Во врска со ова Барање, Врховниот суд на Република Македонија на 25.10.2013 година донел Заклучок за прекинување на постапката СПИ.бр.15/2013.
Незадоволен од наведениот Заклучок, В.У. достави Жалба до Комисијата заведена под број 07-531 на 31.10.2013 година.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата на 15.01.2014 година донесе Решение бр.07-531 со кое Жалбата ја одби како неоснована.
Против наведеното Решение на Комисијата, В.У. од Скопје на 18.02.2014 година поднесе Тужба до Управниот суд.
Управниот суд на Република Македонија со Пресуда У5.бр.168/2014 од 29.10.2015 година ја уважи Тужбата на тужителот, а оспореното Решение бр.07-531 од 15.01.2014 на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го поништи.
Постапувајќи по укажувањата на Управниот суд на Република Македонија, Комисијата на 28.12.2015 година донесе Решение бр.07-531 со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
На 15.02.2016 година Врховниот суд на Република Македонија до Комисијата достави Известување, во прилог го достави и Заклучокот за прекинување на постапката под СПИ.бр.1/2016 од 11.02.2016 година.
Во образложението на Заклучокот е наведено дека: “Врховниот суд на Република Македонија во повторната постапка укажува дека согласно воспоставената пракса, Советот кој постапува по предметот, доколку процени дека постојат доволно причини во смисла на тоа дека се работи за ист правен основ, а заради економичност на постапката, својата одлука за спојување на предметите ја изразува во мериторна одлука во однос на правната работа.“
На 29.02.2016 година В.У. од Скопје, до Комисијата достави Жалба против Заклучокот на Врховниот суд на Република Македонија СПИ.бр.1/2016 од 11.02.2016 година, заведена во Комисијата под бр.07-531.
Комисијата, со допис бр.07-531 од 07.03.2016 година, ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 10.03.2016 година Врховниот суд на Република Македонија до Комисијата достави Известување заведено под СПИ бр.1/2016-1 од 10.03.2016 година, а во Комисијата заведен под бр. 07-531. Во Известувањето се наведува дека „..Врховниот суд на Република Македонија, имајќи ги предвид укажувањата во решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, донесе Заклучок за прекинување на постапката. Врховниот суд на Република Македонија во повторната постапка укажува дека согласно воспоставената пракса, Советот кој постапува по предметот, доколку процени дека постојат доволно причини во смисла на тоа дека се работи за ист правен основ, а заради економичност на постапката, својата одлука за спојување на предметите ја изразува во мериторна одлука во однос на правната работа.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита
на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Врховниот суд на Република Македонија, не постапило целосно согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и согласно Судскиот деловник со тоа што не му ја дал бараната информација на барателот.
Согласно член 225 од Судскиот деловник “ Споените предмети од став 1 на овој член го носи бројот на предметот на советот, односно судијата поединец кој одлучил за спојување на предметите. Ако се спојуваат предмети од надлежност на судија поединец со предмети за чие одлучување е надлежен совет, сите предмети се спојуваат кон предметот од надлежност на советот. На обвивката на предметот во кој се спојува другиот предмет (носител на спојувањето), се означува предметот кој е споен заради заедничко расправање, а ако обвивката од споениот предмет има некоја посебна ознака и таа се пренесува на обвивката на предметот-носител на спојувањето. Пописот на списите од поранешниот, споениот предмет се внесува во предметот
-носител на спојувањето под наредниот реден број од пописот на списите. Ако спојувањето на
предметите е извршено на претрес или рочиште, во пописот на списите се внесува само записникот. Спојувањето на предмети заради заедничко расправање судскиот службеник го евидентира во електронскиот уписник и во електронското досие на предметите во автоматизираниот комјутерски систем за управување со судските предмети. Судијата кој донесува одлука за спојување на постапката е должен да ја достави до судскиот службеник распореден за работа со судијата кој постапува по предметот.“
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против ЈП Солидарност Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 јуни 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против ЈП Солидарност Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микро претпријатијата до јавните набавки“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата бр.0306-1932/1 од 31.05.2016 година, заведена во Комисијата под број 08-155 на 31.05.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против ЈП Солидарност Виница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, на 15.02.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1411/1 до ЈП Солидарност Виница, со кое побарал по пошта, или е-маил, да добие фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“.
ЈП Солидарност Виница, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
ЈП Солидарност Виница не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С. Ф., вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-155 од 02.06.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈП Солидарност Виница и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.06.2016 година Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје достави до Комисијата е-маил со кој ја известува Комисијата дека ја добил бараната информација и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 јуни 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микро претпријатијата до јавните набавки“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата бр.0306-1932/1 од 31.05.2016 година, заведена во Комисијата под број 08-159 на 31.05.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, на 15.02.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1340/1 до Општина Струмица, со кое побарал по пошта, или е-маил, да добие фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“.
Општина Струмица, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Општина Струмица не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С. Ф., вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-159 од 02.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Струмица и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 08.06.2016 година Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје достави до Комисијата е-маил со кој ја известува Комисијата дека ја добил бараната информација и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 09 јуни 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),“ ја разгледа Жалбата бр.0306-1924/1 од 31.05.2016 година, заведена во Комисијата под број 08-162 на 31.05.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесена против Општина Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, на 15.02.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1305/1 до Општина Штип, со кое побарал по пошта, или е-маил, да добие фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни го доставите Годишниот план за јавни набавки за 2016 година. Оваа информација ни е потребна за изработка на анализа за потребите на проектот на УСАИД за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“.
Општина Штип, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Општина Штип не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставилo Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, застапуван од С.Ф., вработена во Центарот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-162 од 03.06.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Штип и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.06.2016 година, Општина Штип до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.12-2750/4 од 06.06.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-162. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…на Барањето на Центарот за граѓански комуникации од Скопје е одговорено по електронски пат на 13.04.2016 г. и на барателот му е доставен Планот за јавни набавки…“.
На 06.06.2016 година Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје достави до Комисијата е-маил со кој ја известува Комисијата дека ја добил бараната информација и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.