ДОНЕСЕНИ 13 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 124-та седница одржана на 02 март 2016 година, донесе 13 решенија и 7 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни листа на информации за странски инвестиции во РМ објавени во 2014 и 2015 година, кои претходно не биле јавно достапни“, СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 21 март ¬¬¬¬¬¬¬2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-35 на 29.01.2016 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 21 март 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје на 29.12.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-636/15-1 од 24.12.2015 година до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, заведено во Агенцијата на 29.12.2015 година, со кое побарало по пошта да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„ Доставете ни листа на информации за странски инвестиции во РМ објавени во 2014 и 2015 година, кои претходно не биле јавно достапни“.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, како што е наведено во Жалбата, до барателот доставила Одговор на барање бр. 03-113/1 од 26.01.2016 година, со кој го информирало дека „…сите странски инвестиции во 2014 и 2015 година се јавно достапни со самото објавување на инвестицијата“.
Незадоволно од добиениот Одговор на барање, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-35 од 08.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на 22.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-271/2 од 19.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-35. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…АСИПИРМ достави одговор на бараната информација…во кој информираме дека сите странски инвестиции во 2014 и 2015 година се јавно достапни со самото објавување на инвестицијата. Ви испраќаме листа на информации објавени СДИ и линковите до истите…“. Во продолжение на Одговорот на жалба се дадени наведените листи на информации и линкови за објавени странски инвестиции за 2014 и за 2015 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација во законски предвидениот рок на начин и во форма наведени во Барањето. Во случајов, наместо копии од листите на информации и линкови за објавени странски инвестиции за 2014 и за 2015 година да бидат доставени до барателот по пошта, како што е наведено во Барањето, истите се доставени до Комисијата во рамките на содржината на Одговорот на жалба бр.03-271/2 од 19.02.2016 година.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од претседателот на Здружението, С.Т., поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од претседателот на Здружението, С.Т., поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-182/3 од 01.02.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Државната комисија за спречување на корупцијата има поднесено предлог до Министерот за правда за донесување на актот од чл.4 ст.5 од Законот за заштита на укажувачи, за чие донесување во чл.25 од истиот Закон е предвиден рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот? Ве молиме да ни го доставите предлогот“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 21 март 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето. Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата 03-182/3 од 01.02.2016 година СЕ ПОНИШТУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-70 на 09.02.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од претседателот на Здружението, С.Т., поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-182/3 од 01.02.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Државната комисија за спречување на корупцијата на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 21 март 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето. Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата 03-182/3 од 01.02.2016 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од претседателот на Здружението, С.Т., на 15.01.2016 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-336 до Државната комисија за спречување на корупцијата, со кое побарало електронски запис од следната информација:
„Дали Државната комисија за спречување на корупцијата има поднесено предлог до Министерот за правда за донесување на актот од чл.4 ст.5 од Законот за заштита на укажувачи, за чие донесување во чл.25 од истиот Закон е предвиден рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот? Ве молиме да ни го доставите предлогот“.
Државната комисија за спречување на корупцијата до барателот доставила допис бр.03-182/2 од 01.02.2016 година со кој одговорила на првиот дел од Барањето, наведувајќи дека „Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 4 став 5 од Законот за заштита на укажувачи…до министерот за правда има доставено предлог на Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор“. Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата до барателот доставила Решение бр.03-182/3 од 01.02.2016 година, со кое го одбила пристапот до информацијата наведена во вториот дел од Барањето. Во Образложението на Решението е наведено дека Барањето е одбиено бидејќи бараната информација е „…документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината“.
Незадоволно од добиеното Решение, Здружението Транспаренси Интернешнел – Македонија, застапувано од претседателот на Здружението, С.Т., поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-70 од 15.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.02.2016 година Државната комисија за спречување на корупцијата достави до Комисијата Одговор на жалба бр.03-182/6 од 23.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-70. Во Одговорот на жалба е наведено дека „жалбените наводи, во смисла на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се неосновани од причини наведени во Образложението на оспореното Решение… Државната комисија за спречување на корупцијата останува во целост на донесеното Решение и причините за решителните факти дадени во Образложението на истото“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не доставила документ кој таа го изготвила согласно закон и го доставила до министерот за правда, исто така согласно закон. Во случајот, тој документ бил изготвен, односно финализиран како „предлог“, онака како што е и насловен во Барањето за пристап до информации од јавен карактер, што значи дека истиот бил готов документ, а не „…документ што е во постапка на подготвување…“, како што е наведено во Образложението на оспореното Решение. Согласно член 3 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“, а според член 10 став 1 точка 5 од истиот Закон „Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1.Која е суштинската разлика, или пак се работи за еден ист стандард со иста содржина и број на страници, помеѓу македонскиот стандард MKC EN 81-1/А1/А2/Кор:2007…
2.Дали македонскиот стандард MKC EN 81-1+А3:2010, Безбедносни правила за конструкција и монтажа на лифтови …
3.Врз основа на горе наведеното, Ве молам да ми одговорите дали македонскиот стандард MKC EN 81-1+А3:2010, со денот на неговото објавување со Службен весник на РМ бр.143/12, всушност е единствениот важечки и обврзувачки стандард за оцена на сообразноста на сите ново произведени и монтирани електрични лифтови во Република Македонија?“, за делот од Барањето во точка 1 и 2 СЕ ОДБИВА, а за делот од Барањето во точка 3 СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 21.03.¬¬¬¬¬¬¬2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-29 на 26.01.2016 година, изјавена од Ј.И. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, за делот од Барањето во точка 1 и 2 ЈА ОДБИ како неоснована, а за делот од Барањето во точка 3 ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 21.03.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, Ј.И. од Скопје, на 04.12.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побарал по е-маил да му се достави следните информации:
„1.Која е суштинската разлика, или пак се работи за еден ист стандард со иста содржина и број на страници, помеѓу македонскиот стандард MKC EN 81-1/А1/А2/Кор:2007…
2.Дали македонскиот стандард MKC EN 81-1+А3:2010, Безбедносни правила за конструкција и монтажа на лифтови …
3.Врз основа на горе наведеното, Ве молам да ми одговорите дали македонскиот стандард MKC EN 81-1+А3:2010, со денот на неговото објавување со Службен весник на РМ бр.143/12, всушност е единствениот важечки и обврзувачки стандард за оцена на сообразноста на сите ново произведени и монтирани електрични лифтови во Република Македонија?“
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-29 од 28.01.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за економија, во врска со ова барање на 08.02.2016 година до Комисијата достави допис Одговор на жалба бр.25-1130/2 од 08.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-29.
Во Одговорот се наведува: “Во Министерството за економија на 14.12.2015 година, врз основа на членовите 4, 12 и17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер …добиено е барање за информација од јавен карактер од г-н Ј.И. бр.25-6269/3, каде бара да се одговори на три прашања поврзани со хармонизираниот стандард за лифтови.. Истиот допис барателот на информацијата го достави и до Институтот за стандардизација на Република Македонија. Институтот за стандартизација на Република Македонија одговори на барањето на информација од јавен карактер и со допис бр.09-833/8 од 28.12.2015 година го извести Министерството за економија. ..истиот одговор го испратил и до барателот на информација…“.
Ј.И. од Скопје на 29.02.2016 година по е-маил достави Известување во врска со Одговорот на жалбата, каде наведува дека по прашањето под реден број 3 не добил конкретен одговор.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија, за делот од Барањето точка 1 и 2 постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што му е доставен одговор на барателот, а по однос на точка 3 од Барањето не е доставен соодветен одговор.
Согласно член 12 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис“. Барањето може да се достави до било кој имател за кој смета дека располага со бараната информација.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014и 148/15), на седницата одржана на 02 март2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга за одржување на индустриски машини за перење и сушење за потребите на установата број 11/2015да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• Извештај од спроведената е-аукција“,
СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинцина барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до ¬¬¬¬¬¬¬¬21.03.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-7 на 15.01.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф. вработена во ЦГК, против Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 21.03.2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје на 30.11.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер заведенo под бр.0302-878/1 до Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци и побарал по пошта или по е меил, да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга за одржување на индустриски машини за перење и сушење за потребите на установата број 11/2015 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• Извештајот за спроведе-ната постапка за доделување на договор за јавна набавка
• Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• Извештај од спроведената е-аукција.“
Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци не ја доставил бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донел и доставил Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-7 од 21.01.2016 година ја препрати Жалбата до Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинции побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Ј.У. Завод за рехабилитација на деца и младинци не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му ја доставилa бараната информација.
Согласно член 10 став 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информации е должен да ја информира јавноста за сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со закон.
Со оглед на наведеното, информациите кои ги бара барателот се информации од јавен карактер и имателот е должен да ги достави до барателот.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Линкот до веб страницата на Министерството за здравство, како и датумот, месецот и годината кога се објавени на веб страницата на Министерството за здравство Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, а во однос на Законот за изменување и дополнување на заштита на населеието од заразни болести, објавени во Службен Весник на Република Македонија број 99/2009, 149/2014 и 150/2015 година, како и Предлогот на законот на изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, а во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција објавени во Службен Весник на Република Македонија број 88/2010, 18/2011, 53/2011, 164/2013, 43/2014, 144/2014, 51/2015 и 150/2015 година, а во таа смисла Задолжителноста на објавување на предлог на законите на веб страницата на Министерството на здравство, може да се најде во член 68- а од Деловодникот за работа на Владата на РМ.
2. Датумот, месецот и годината кога се објавени на единствениот електронски национален регистар на прописи (www.ener.gov.mk) Предлогот на законот за изменување и дополнување за Законот зa заштита на населението од заразни болести, а во однос на Законот за изменување и дополнување на заштита на населението од заразни болести објавени во Службен Весник на Република Македонија број 99/2009, 149/2014 и 150/2015, како и Предлогот на законот на изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција објавени во Службен Весник на Република Македонија број 88/2010, 18/2011, 53/2011, 164/2013, 43/2014, 144/2014, 51/2015 и 150/2015 година, а во таа смисла Задолжителноста на објавување на предлог на законите во единствениот национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk), од страна на Министерството на здравство, може да се најде во член 68- а од Деловодникот за работа на Владата на РМ. “СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр.08-2 од 13.01.2016 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје,поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје на 20.11.2015 година, по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер доМинистерството за здравство, со кое ја побарала следната информација:
„1. Линкот до веб страницата на Министерството за здравство, како и датумот, месецот и годината кога се објавени на веб страницата на Министерството за здравство Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, а во однос на Законот за изменување и дополнување на заштита на населението од заразни болести, објавени во Службен Весник на Република Македонија број 99/2009, 149/2014 и 150/2015 година, како и Предлогот на законот на изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, а во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција објавени во Службен Весник на Република Македонија број 88/2010, 18/2011, 53/2011, 164/2013, 43/2014, 144/2014, 51/2015 и 150/2015 година, а во таа смисла Задолжителноста на објавување на предлог на законите на веб страницата на Министерството на здравство, може да се најде во член 68- а од Деловодникот за работа на Владата на РМ.
2. Датумот, месецот и годината кога се објавени на единствениот електронски национален регистар на прописи (www.ener.gov.mk) Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот зa заштита на населението од заразни болести, а во однос на Законот за изменување и дополнување на заштита на населението од заразни болести објавени во Службен Весник на Република Македонија број 99/2009, 149/2014 и 150/2015, како и Предлогот на законот на изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција објавени во Службен Весник на Република Македонија број 88/2010, 18/2011, 53/2011, 164/2013, 43/2014, 144/2014, 51/2015 и 150/2015 година, а во таа смисла Задолжителноста на објавување на предлог на законите во единствениот национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk), од страна на Министерството на здравство, може да се најде во член 68- а од Деловодникот за работа на Владата на РМ.“
На 09.12.2015 година Министерството за здравство по електронски пат до барателот достави Одговор во кој се наведува дека“…барањето се препраќа до соодветните надлежни лица“, додека во Одговорот од 10.12.2015 година се наведува дека “..Во однос на препратениот меил, Ве информирам дека ДСЗИ како орган нема задолженија за објавување на Предлог закони на веб страната на Министерството за здравство, и не ги поседува информациите кога предлог законите се објавени на истата. Исто така и во однос на објавување на Предлог законите на енер, ДСЗИ сеуште нема одговорно лице, и не поседува информации кога предлог законите се објавени на енер.“
Незадоволен од наведениот Одговор, Д.Ј. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-2 од 21.01.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравствои побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство на 04.02.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.18-755/2 од 29.01.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-2. Во Одговорот на жалбасе наведува дека“…Согласно содржината на жалбените наоди како и барањата на барателот на информациите од јавен карактер кои се нејасно формулирани, во одговорот на жалбата изјавуваме дека, предлозите за донесување на закони, нацртите и предлозите на законите не се објавени на веб страницата на Министерството за здравство и на единсвениот електронски регистар на прописи на ЕНЕР, заради што и не сме во можност на барателот да му дадеме линк од овој систем“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Доколку барањето било нејасно формулирано и непотполно и поради тоа имателот не можел да постапува по Барањето, имателот требало веднаш да постапи согласно член 17 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Ако барањето е непотполно и поради тоа имателот на информацијата не може да постапува, тој ќе побара од барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи. Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена од денот на известувањето за потребата од дополнување на барањето, односно во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за потребата од дополнување на барањето“ , а согласно член 17 точка 3 “Ако барателот не постапи согласно ставовите (1) и (2), на овој член, имателот на информацијата со заклучок ќе констатира дека барањето е повлечено“ , согласно член 17 точка 5 од истиот закон “Ако барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој закон и поради тоа имателот на информации не може да го разгледува барањето, имателот на информации ќе донесе решение со кое ќе го отфрли барањето.
Согласно член 26 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Министерството за здравство, е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., поднесена против Заклучокот на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/15), на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., поднесена против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-11795/3 од 23.12.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав број на проекти финансирани со странска помош биле реализирани од јавните институции во периодот од 2011 до 2015 година? (Напомена: Бројот на проекти наведете го за секоја година поединечно)“, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр. 03-11795/3 од 23.12.2015 година на Министерството за финансии СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-39 на 29.01.2016 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Заклучокот на Министерството за финансии бр.03-11795/3 од 23.12.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Заклучокот бр. 03-11795/3 од 23.12.2015 година на Министерството за финансии ГО ПОТВРДИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, преку полномошникот Д.А. на 27.11.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0806-582/15-3 до Министерството за финансии и побарало, по пошта, да му достават фотокопија од следната информација:
„Колкав број на проекти финансирани со странска помош биле реализирани од јавните институции во периодот од 2011 до 2015 година? (Напомена: Бројот на проекти наведете го за секоја година поединечно)“.
Министерството за финансии во врска со ова Барање донело Заклучок бр.03-11795/3 од 23.12.2015 година со кој ја запира постапката од причини што не располага со бараната информација. Во Заклучокот се наведува дека „Министерството за финансии не е надлежно и не располага со информации за целокупната странска помош која ја добиваат институциите во Република Македонија, која покрај ИПА ги опфаќа другите мултилатерални и билатерални договори, а воедно не е надлежно за координација и водење на целокупната странска помош со која располагаат сите јавни институции“.
Незадоволно од наведениот Заклучок, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, преку полномошникот Д.А., поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-39 од 08.02.2016 година ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии на 22.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1143/2 од 18.02.2016 година, а во Комисијата заведен под бр.08-39.
Во Одговорот на жалба, меѓу другото, е наведено дека: „Министерството за финансии не е надлежно и не располага со информации за целокупната странска помош која ја добиваат институциите во Република Македонија, која покрај ИПА ги опфаќа другите мултилатерални и билатерални договори, а воедно не е надлежно за координација и водење на целокупната странска помош со која располагаат сите јавни институции…самиот жалител никаде во својата Жалба и наводите кон истата не наведува од кој законски основ произлегува надлежноста на Министерството за финансии по однос на неговите тврдења дека истото е надлежно за целокупната странска помош“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии правилно постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок за прекинување на постапката заснован врз закон. Претходно, врз основа на законите од кои произлегуваат надлежностите на Министерството за финансии, Комисијата не најде законски основ согласно кој Министерството за финансии е задолжено да изготвува или располага со информација каква што е наведена во Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Колку средства од централниот буџет на РМ се исплатени за извршени услуги кон компанијата Finance for Health Care VOF (F4HC) во текот на 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година?“, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-36 на 29.01.2016 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, на 10.12.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-606/15 до Министерството за финансии, заведено во Министерството под бр.19-12087/1 на 11.12.2015, со кое побарало по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колку средства од централниот буџет на РМ се исплатени за извршени услуги кон компанијата Finance for Health Care VOF (F4HC) во текот на 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година?“
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање донело Решение бр.03-12087/3 од 29.12.2015 година.
Незадоволна од наведеното Решение, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-36 од 08.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии, во врска со ова барање на 22.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1140/2 од 18.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-36, со кое останува на наводите на Решението за одбивање на пристапот бр.03-12087/3 од 29.12.2015 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, Решението го примило на 05.01.2016 година, а Жалбата до Комисијата ја поднело по истекот на законскиот рок од 15 дена за поднесување на Жалба, што значи Жалбата е ненавремена. Во случајов, имателот на информација од јавен карактер на барателот му укажал на допуштениот рок за Жалба во упатството за правно средство во оспореното Решение, но барателот не го испочитувал тој рок предвиден во член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до Комисијата поднел Жалба 24 дена по законски утврдениот рок.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Заклучокот на Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Заклучокот бр.17-1117/2 од 31.12.2015 година на Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Доставете ни компаративен приказ на информации и податоци за добиена и планира странска помош (билатерална и ЕУ Фондови) достапни за јавноста за 2013, 2014 и 2015 година“, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр.17-1117/2 од 31.12.2015 година за прекинување на постапката СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-47 на 05.02.2016 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Секретаријат за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована.
Заклучокот бр.17-1117/2 од 31.12.2015 година за прекинување на постапката ГО ПОТВРДИ.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, на 24.12.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-637/15-2 до Секретаријат за европски прашања, примено во Секретаријатот на 29.12.2015, со кое побарало по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Доставете ни компаративен приказ на информации и податоци за добиена и планирана странска помош (билатерална и ЕУ Фондови) достапни за јавноста за 2013, 2014 и 2015 година“
Секретаријатот за европски прашања, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање донело Заклучок бр.17-1117/2 од 31.12.2015 година за прекинување на постапката.
Незадоволна од наведениот Заклучок, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-47 од 08.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Секретаријатот за европски прашања и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Секретаријатот за европски прашања, во врска со ова барање на 26.02.2016 година до Комисијата достави Произнесување и достава на документи бр.17-355/2 од 25.02.2016 година, заведено во Комисијата под бр.08-47. Во Произнесувањето се наведува дека: „Неосновани се наводите на жалителот и произлегуваат од погрешно толкување на законот дека имателот на информации е должен да го препрати барањето до друг имател на информации ако не ја поседува бараната информација. Таква обврска би произлегла само во случај кога органот според содржината би можел да знае односно да претпостави кој орган би можел да биде имател на бараната информација, што не беше случај овој пат.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Секретаријатот за европски прашања постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.
Во конкретниот случај, Секретаријатот за европски прашања не располага со бараната информација и не знае кој може да ја поседува бараната информација, и поради тоа донел Заклучок за прекинување на постапката.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за финнасии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Доставете ни детален преглед на добиена странска помош од јавните институции во периодот од 2011 до 2015 година. (Напомена: Во листата на проекти за секој од проектите добиени во периодот од 2011 до 2015 година наведете ги следните информации – назив на институција корисник, назив на проект, назив на донатор, износ на странската помош, период на реализација, тип на одобрено даночно ослободување доколку има и потрошен износ на средства за секој од проектите) “, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-38 на 29.01.2016 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А., против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје, на 27.11.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0802-586/15-2 до Министерството за финансии, примено во Министерството на 27.11.2015, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
“Доставете ни детален преглед на добиена странска помош од јавните институции во периодот од 2011 до 2015 година. (Напомена: Во листата на проекти за секој од проектите добиени во периодот од 2011 до 2015 година наведете ги следните информации – назив на институција корисник, назив на проект, назив на донатор, износ на странската помош, период на реализација, тип на одобрено даночно ослободување доколку има и потрошен износ на средства за секој од проектите) “,
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање донело Заклучок бр.03-11794/3 од 23.12.2015 година, за прекинување на постапката.
Незадоволно од донесениот Заклучок, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ – Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-38 од 08.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финансии, во врска со ова барање на 22.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1140/2 од 18.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-38, со кое останува на наводите на Решението за одбивање на пристапот бр.03-1142/2 од 29.12.2015 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, Заклучокот го примило на 28.11.2015 година, а Жалбата до Комисијата ја поднело по истекот на законскиот рок од 15 дена за поднесување на Жалба, што значи Жалбата е ненавремена. Во случајов, имателот на информација од јавен карактер на барателот му укажал на допуштениот рок за Жалба во упатството за правно средство во оспорениот Заклучок, но барателот не го испочитувал тој рок предвиден во член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до Комисијата поднел Жалба 25 дена по законски утврдениот рок.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против ЈП Службен Весник на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против ЈП Службен Весник на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Статус од објава, измени и дополнувања за важењето на Законот за архивски материјал по објавата за Сл. В . на Р.М бр.95/12 кон 1) надлежноста на Државниот архив на Р.М за вршење на инспекциски надзор врз имателите на архивски и документарен материјал и 2) должноста на имателите на приватен архивски и документарен материјал да го известиле државниот архив за поседувањето (применливост на чл. чл. 36 и 32 за период од 15 септември 2009 година до Барањето, со Ваши претходни објави за одредите: сега тие).“, СЕ ОДБИВАкако неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-49 на 08.02.2016 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против ЈП Службен Весник на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметoт ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.К. од Куманово, на 20.01.2016 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактердо ЈП Службен Весник на Република Македонија, заведено во ЈП Службен Весник на Република Македонија под бр.03-501/1 на 20.01.2016 година,со кое побарал по пошта, да му биде доставена следната информација:
„Статус од објава, измени и дополнувања за важењето на Законот за архивски материјал по објавата за Сл. В . на Р.М бр.95/12 кон 1) надлежноста на Државниот архив на Р.М за вршење на инспекциски надзор врз имателите на архивски и документарен материјал и 2) должноста на имателите на приватен архивски и документарен материјал да го известиле Државниот архив за поседувањето (применливост на чл. чл. 36 и 32 за период од 15 септември 2009 година до Барањето, со Ваши претходни објави за одредите: сега тие).“
ЈП Службен Весник на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 21.01.2016 година ја препратил Жалбата до Државен архив на Република Македонија.
Незадоволен од Препраќањето бр.03-337/1 и 03-336/1 на имателот од 21 односно 22 јануари до посредник имател до Државен архив на Република Македонија и нивен бр.03-2019/2 од 29 јануари 2016 година на 08.02.2016 година барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-49 од 10.02.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈП Службен Весник на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
ЈП Службен Весник на Република Македонија на 22.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1151/1, заведен во Комисијата под бр.08-49 . Во прилог на Одговорот ги достави сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот на жалба се наведува дека: „ Со оглед на фактот што барањата се надвор од надлежностите и делокругот на работи на Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија, односно во службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“ се објавуваат законите и другите прописи и акти кои се доставени од страна на овластените доносители на актите, при што Јавното претпријатие не располага со информациите на начин утврден во Барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно со членот 18 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Барањето за слободен пристап од барателот А.К. од Куманово е препратен до Државниот архив на РМ на постапување и надлежност.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈП Службен весник на Република Македонија постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) и го препратило Барањето до надлежната институција која располага со бараната информација.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Заклучокот на ЈП Службен Весник на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Заклучокот на ЈП Службен Весник на Република Македонија бр.03-501/1 од 28.01.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. 1) Статус од објава по чл. 7а на Законот за управните спорови со преглед на важечкиот пропис за Закон за паричната постапка со објави до денот на поднесувањето;
2.2) Прегледен статус на објава, измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за Ваш бр.148/2015;
5.1) Објави во статусот на имплементацијата на Одлуката пристапна за бр. 23-3054/1 во уставноста; и
6) Одлуките за пристапување на Република Македонија објавени во Ваш бр.32/99 конпакти, конвенции, протокол и декларација додека објавата приложена од сегашниот пристап е без стр. Бр.98 кадетно треба и ВО ffd6b8f2c1fa4cc884ec3bc80656fb11.pdf да се читат тие како две кон пет“ ,СЕ ОДБИВА.
Заклучокот бр.03-501/1 од 28.01.2016 годинана ЈП Службен Весник на Република Македонијаа, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-50 на 08.02.2016 година, изјавена од А.К. од Куманово, поднесена против Заклучокот на ЈП Службен Весник на Република Македонијабр.03-501/1 од 28.01.2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.К. од Куманово, на 30.12.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈП Службен Весник на Република Македонија, заведево во ЈП Службен Весник на Република Македонија под бр.03-8829/1 на 31.12.2015 година, со кое побарал по пошта или е маил, да му биде доставен електронски запис од следната информација:
„1. 1) Статус од објава по чл. 7а на Законот за управните спорови со преглед на важечкиот пропис за Закон за паричната постапка со објави до денот на поднесувањето;
2.2) Прегледен статус на објава, измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за Ваш бр.148/2015;
5.1) Објави во статусот на имплементацијата на Одлуката пристапна за бр. 23-3054/1 во уставноста; и
6) Одлуките за пристапување на Република Македонија објавени во Ваш бр.32/99 конпакти, конвенции, протокол и декларација додека објавата приложена од сегашниот пристап е без стр. Бр.98 кадетно треба и ВО ffd6b8f2c1fa4cc884ec3bc80656fb11.pdf да се читат тие како две кон пет“
ЈП Службен Весник на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, донел Заклучок за прекинување на постапката по Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-501/1 од 28.01.2016 година.
Незадоволен од донесениот Заклучок, А.К. од Куманово, на 08.02.2016 година поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со допис бр.08-50 од 10.02.2016 година, ја препрати Жалбата до ЈП Службен Весник на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
ЈП Службен Весник на Република Македонијадо Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1150/1 од 22.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-50 на 22.02.2016 година. Во прилог на Одговорот го достави Заклучокот за прекинување на постапката по Барање за пристап до информации од јавен карактер, бр.03-501/1 од 28.01.2016 година и сите списи во врска со предметот.
Во Одговорот на жалба се наведува дека: „ …со оглед на фактот што Барањето за пристап до информации од јавен карактер, од точка 1 на Заклучокот бр.03-501/1 од 28.01.2016 година, се однесува на информации за кои врз основа на слично барање на истото лице – Барање бр.03-8326/1 од 16.12.2015 година, Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија, веќе одговорило позитивно на ден 30.12.2015 година и доставен е Записник за позитивен одговор на барање за пристап до информација од јавен карактер, бр.03-8751/1 од 30.12.2015 година, односно во рок од шест месеца пред денот на приемот на Барањето, постапено е согласно со членот 23 и членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈП Службен весник на Република Македонија постапло согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) бидејќи донело Заклучок со кој му е одговорено на барателот.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија, бр.13/2006. 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-37 од 29.01.2016 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ-Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како ненавремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го констатира следното:
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, преку полномошникот Д.А. од Скопје, како што се наведува во Жалбата, на 27.11.2015 година поднело по е-маил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии заведено во Министерството под бр.03-11793/1, со кое побарало по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колкав износ на странска помош добиле јавните институции во РМ во периодот од 2011 до 2015 година? (Напомена: Износите наведете ги за секоја година поединечно).“
Министерството за финансии со Заклучок бр.03-11793/3 од 23.12.2015 година ја прекинало постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр. 03-11793/1 од 27.11.2015 година поднесено од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ-Скопје, поради што Здружението поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-37 од 08.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со наведеното Барање, Министерството за финансии на 22.02.2016 година достави до Комисијата Одговор на жалба бр.03-1141/2 од 18.02.2016 година, а во Комисијата заведен под бр. 08-37. Во Одговорот се наведува дека: „…Од страна на Министерството за финансии, по однос на барањето на именуваниот барател на ден 23.12.2015 година е донесен Заклучок бр. 03-11793/3 со кој постапката за пристап до информации… се прекинува. …Министерството за финансии констатира дека жалбата не е поднесена навремено. Имено, од увид во штембилот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се утврди дека жалителот Жалбата ја поднел на 29.01.2016 година, додека од увид во доставницата за прием на Заклучокот од страна на сега жалителот, се утврди дека истиот заклучок го примил на ден 28.12.2015 година, што значи по истекот на законскиот рок од 15 дена за поднесување на жалба до Комисијата… Воедно покрај ненавременоста на поднесената жалба сметаме дека истата е неоснована и поради следните причини: Министерството за финансии не е надлежно и не располага со информации за целокупната странска помош која ја добиваат институциите во Република Македонија… Исто така, сметаме дека жалбените наводи во делот дека е сторена повреда на одредбата…се неосновани од причина што имателот на информации не го оневозможил остварувањето на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер, бидејки истиот не располагал со бараната информација.
Согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: “Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Заклучокот го примило на 28.12.2015 година, а Жалбата до Комисијата ја поднело по истекот на законскиот рок од 15 дена за поднесување на Жалба, што значи Жалбата е ненавремена. Во случајов, имателот на информација од јавен карактер на барателот му укажал на допуштениот рок за Жалба во упатството за правно средство во оспорениот Заклучок, но барателот не го испочитувал тој рок предвиден во член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до Комисијата поднел Жалба 17 дена по законски утврдениот рок.
Поради погоре наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Предлогот за повторување на постапката поднесен од Комората на извршители на Република Македонија, кој се однесува на донесувањето за Решението на Комисијата бр.08-857 од 5 февруари 2016 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 249 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 март 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Предлогот за повторување на постапката поднесен од Комората на извршители на Република Македонија бр. 03-169/2 од 23.02.2016 година, заведен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.08-857 на 24.02.2016 година, кој се однесува на донесувањето на Решението на Комисијата бр.08-857 од 5 февруари 2016 година, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комората на извршители на Република Македонија на 23.02.2016 до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер поднесе Предлог за повторување на постапката бр.03-169/2 од 23.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-857 на 24.02.2016 година, кој се однесува на донесувањето на Решението на Комисијата бр.08-857 од 5 февруари 2016 година.
Со наведениот Предлог за повторување на постапката, Комората бара, согласно член 249 став 1 точка 4 од Законот за општата управна постапка, Комисијата, согласно Законот за општата управна постапка, да ја повтори постапката и да донесе ново Решение, од причини, како што наведува “ решението не е поповолно за странката и е донесено врз основа на невистинити наводи на странката, со кои органот што ја водел постапката бил доведен во заблуда“
Исто така, во Предлогот Комората наведува:“Предлогот…Комората го поднесува сметајќи дека Комисијата пропуштила да одлучува по основ на наводите во жалбата на жалителот односно делот кој наведува дека не е запознаен е невистинит од причина што одлуката е јавно објавена на веб локацијата на Министерството за правда и веб локацијата на Комората на извршителите, со што горе наведениот орган бил доведен во заблуда при одлучувањето, кога решил да ја задолжи Комората да ги одстрани личните податоци. Комисијата при одлучувањето не го ценела ни наводот во одговорот на жалба на имателот дека одлуките без лични податоци се објавени на веб страната на Комората со што е исполнета обврската за запознавање на јавноста со дисциплинските одлуки на Комората“
Во врска со погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер укажува дека во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не постои член во кој е регулирано дека со објавувањето на информацијата на веб страницата на имателот престанува обврската на имателот да ја достави бараната информација до барателот, во форма во која што ја бара.
Согласно член 16 точка 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Во Барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис), а во член 21 став 2 од истиот Закон “имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин за доставување.“
Од ова произлегува дека при одлучувањето по предметот, Комисијата не била доведена во заблуда туку напротив, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер утврдила, со оглед на тоа дека Одлуките за дисциплински постапки се објавуваат на веб страниците и на Министерството за правда и на Комората на извршители, нема пречка на барателот да му се достави бараната информација со бришење на личните податоци во фотокопија, односно да му се достават информациите во форма која ја навел во Барањето.
Со оглед на наведеното, Комисијата останува на оспореното Решение бр.08-857 од 5 февруари и смета дека истото е правилно и врз закон засновано и дека во Образложението на наведеното Решение детално се објаснети причините за неговоото донесување.
Поради наведеното, Комисијата утврди дека Предлогот за повторување на постапката на Комората на извршители на Република Македонија е неоснован.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против КЈП „Нискоградба“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против КЈП „Нискоградба“ Битола ,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка број 23/2015:
• Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 тон јаглен?
• Која е калоричната вредност и гранулацијата на јагленот?
• Количините на купениот јаглен со договорот?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-25 на 25.01.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против КЈП „Нискоградба“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје, преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, на 14.12.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1022/1 до КЈП „Нискоградба“ Битола, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка број 23/2015:
• Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 тон јаглен?
• Која е калоричната вредност и гранулацијата на јагленот?
Количините на купениот јаглен со договорот?“.
КЈП „Нискоградба“ Битола не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-25 од 28.01.2016 година, ја препрати Жалбата до КЈП „Нискоградба“ Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 15.02.2016 година, КЈП „Нискоградба“ Битола до Комисијата достави Одговор на барање бр.03-50/1 од 03.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр. 08-25, кој ги содржи информациите наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Комисијата истите ги достави до барателот на информации.
На 24.02.2016 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, преку е-меил ја извести Комисијата дека го добил одговорот од КЈП „Нискоградба“ Битола, со посредство на Комисијата и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди КЈП „Нискоградба“ Битола постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка број 06/2015:
• Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за ангажирање на механизација и работници за чистење на речно корито (ископ, утовар и транспорт) по единица мерка?
• Површините за чистење што се опфатени со договорот и вкупната вредност на договорот?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-20 на 25.01.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје на 14.12.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-988/1 до Општина Куманово, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка број 06/2015:
• Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за ангажирање на механизација и работници за чистење на речно корито (ископ, утовар и транспорт) по единица мерка?
• Површините за чистење што се опфатени со договорот и вкупната вредност на договорот?“
Општина Куманово не ја доставила бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донела и доставила Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-20 од 02.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Општина Куманово и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.02.2016 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека добил одговор од Општина Куманово и поради тоа ја повлекува Жалбата.
На 25.02.2016 година Општина Куманово до Комисијата достави Одговор на жалба бр.30-1391/3 од 15.02.2016 година, а во Комисијата заведен под бр.08-20, во кој се наведува дека е одговорено на Барањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Куманово постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП “Комуналец “– Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 2 март 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПК “Комуналец “– Кавадарци,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка број 11/2015:
• Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за 1 пар заштитни гумени чизми високи до колена?
• Бројот на купени високи заштитни гумени чизми и вкупната вредност на договорот?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-24 на 25.01.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП “Комуналец “– Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје на 14.12.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1013/1 до ЈП “Комуналец “– Кавадарци, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка број 11/2015:
• Цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за 1 пар заштитни гумени чизми високи до колена?
• Бројот на купени високи заштитни гумени чизми и вкупната вредност на договорот?“
ЈП “Комуналец “– Кавадарци, не ја доставило бараната информација до барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-24 од 28.01.2016 година, ја препрати Жалбата до против ЈП “Комуналец “– Кавадарци, и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 15.02.2016 година, против ЈП “Комуналец “– Кавадарци, до Комисијата достави допис “Доставување на информации“ бр.03-87/2 од 10.02.2016 година, во прилог на кој ги достави бараните информации.
На 25.02.2016 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, преку е-меил ја извести Комисијата дека добил одговор од ЈП “Комуналец “– Кавадарци, со посредство на Комисијата и поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди ЈП “Комуналец “– Кавадарци постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Националната установа Археолошки музеј на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Националната установа Археолошки музеј на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на 8 (осум) восочни фигури за потребите на НУ Археолошки музеј на Македонија, Скопје број 08/2015 да ни ги доставите:
1. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки;
2.Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка;
3.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката;
4.Извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-14 на 25.01.2016 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, поднесена преку полномошникот С.Ф., вработена во ЦГК, против Националната установа Археолошки музеј на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)- Скопје на 30.12.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Националната Установа Археолошки музеј на Македонија, со кое побарало по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на 8 (осум) восочни фигури за потребите на НУ Археолошки музеј на Македонија, Скопје број 08/2015 да ни ги доставите:
1. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки;
2.Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка;
3.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката;
4.Извештај од спроведената е-аукција“
Националната установа Археолошки музеј на Македонија, како што е наведено во Жалбата, постапувајќи по Барањето на 07.12.2015 година до Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје достави Одговор заведен под бр.03-1022/2 од 03.12.2015 година. Во Одговорот е наведено дека“…Ве известуваме дека за кокретната набавка немаше доставено понуди од економски оператори. Согласно на тоа, од побараната документација Ви доставуваме Решение за добиена согласност за користење на критериуми за утврдување на способност, како и Решение за добиена согласност за користење на барањата во техничките спецификации за поединечен дел за јавна набавка на стоки од Советот за јавни набавки, по основ на доставени барања.
Незадоволен од Одговорот, на 25.01.2016 година Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошникот С.Ф. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-14 од 02.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Националната установа Археолошки музеј на Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Националната установа Археолошки музеј на Македонија на 08.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-93/2 од 05.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-14. Во Одговорот е наведено дека “…Археолошки музеј на ден 03.12.2015 година до Барателот доставил Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-1022/….најпрвин истакнуваме дека предметната жалба е изјавена по истекот на законски предвидениот рок, а согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации кој гласи цитирам: Против решението со кое имателот на информацијата го одбил барањето, барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Имено видно од писмената кореспонденција и од самата жалба Одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.03-1022/2 од 03.12.2015 година, до Барателот сега Жалител е доставен по пошта на ден 07.12.2015 година, па оттука рокот за поднесување на жалба врз основа на овој одговор почнува да тече наредниот ден, односно 08.12.2015 година и истиот истекува на 22.12.2015 година….“
На 26.02.2016 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) – Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека добил одговор од Националната установа Археолошки музеј на Македонија со посредство на Комисијата и е задоволен од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Националната установа Археолошки музеј на Македонија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија поднесена преку С.Т., претседател на Зрдужението, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Зрдужението, против Министерството за култура по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
1. Копија од огласот за избор на компанија за јавно-приватно партнерство за изградба на нов објект на театар „Комедија“
2. Одлука за избор на компанија избрана по огласот.
3. Копија од огласот за избор на идејно решение за истиот објект.
4. Одлука за избор на идејно решение за истиот објект“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-12 на 18.01.2016 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, поднесена преку С.Т., претседател на Зрдужението против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, на 14.12.2015 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-294 до Министерството за култура, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
1. Копија од огласот за избор на компанија за јавно-приватно партнерство за изградба на нов објект на театар „Комедија“.
2. Одлука за избор на компанија избрана по огласот.
3. Копија од огласот за избор на идејно решение за истиот објект.
4. Одлука за избор на идејно решение за истиот објект“.
Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-12 од 21.01.2016 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура на 15.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.УП1 61-11 од 02.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-12. Во Одговорот е наведено дека “…со допис бр.УП 1 61-11/2 од 01.02.2016 година Министерството за култура до барателот ја достави бараната информација.“
На 25.02.2016 година, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, преку е-маил ја извести Комисијата дека добило одговор од Министерството за култура и е задоволно од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за култура постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.Д. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 02 март 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Ј.Д. од Скопје, поднесена против град Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Решение за сечење на дрвјата во кампусот на УКИМ“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-34 на 29.01.2016 година, изјавена од Ј.Д. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.Д. од Скопје на 29.12.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје, со кое побарал по е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:
„Решение за сечење на дрвјата во кампусот на УКИМ“.
Град Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата
Комисијата, со допис бр.08-34 од 08.02.2016 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Град Скопје на 25.02.2016 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.21-10687/3 од 22.02.2016 година, заведен во Комисијата под бр.08-34. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.
На 29.02.2016 година, Ј.Д. од Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека добил одговор од Град Скопје и е задоволен од одговорот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Град Скопје постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.