ДОНЕСЕНИ 11 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 121-та седница одржана на 14 јануари 2016 година, донесе 11 решенија и 2 заклучока.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И. К. од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола бр.08-1388/1 од 23.11.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид во целокупната документација по предметот за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Станбена заедница број 1 Блок 2 со плански опфат на североисток-осовина на магистрална улица Довлеџик, југ осовина на станбена улица Довлеџик (граница со ДУП за станбена заедница 1 модул1), северозапад-осовина на планирана делница на магистрална улица до крстосница со магистрална улица Довлеџик, “СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05 февруари 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Општина Битола бр.08-1388/1 од 23.11.2015година се поништува.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-947 на12.12.2015 година, изјавена од И.К. од Битола, поднесена против Решението на Општина Битола бр.08-1388/1 од 23.11.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05 февруари 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Општина Битола бр.08-1388/1 од 23.11.2015 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, И.К. од Битола на 17.11.2015 година упатил усно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, со кое побарал:
„Увид во целокупната документација по предметот за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Станбена заедница број 1 Блок 2 со плански опфат на североисток-осовина на магистрална улица Довлеџик, југ осовина на станбена улица Довлеџик (граница со ДУП за станбена заедница 1 модул 1), северозапад-осовина на планирана делница на магистрална улица до крстосница со магистрална улица Довлеџик.“
Општина Битола, како што е наведено во Жалбата, по ова Барање постапила во законски предвидениот рок и донела Решение бр.08-1388/1 од 23.11.2015 година, со кое го одбила Барањето за пристап до информации од јавен карактер. Во образложението на Решението, Општината Битола наведува дека бараната информација “…е во фаза на усогласување, па со тоа нејзиното давање на увид претставува суштествена повреда на постапката, односно согласно член 6 став 1 точка 7 од Законот за пристап до информации од јавен карактер “информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината”, па согласно овој член увидот во целокупната документација…претставува информација која со самото давање на увид би настанала штетност и суштествена повреда, како и на самата постапка, така и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и на Законот за просторно и урбанистичко планирање…“
Незадоволен од наведеното Решение, И.К. од Битола поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата И.К. наведува дека Општината Битола конкретното Барање го одбила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за што доволен аргумент е Решението на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.08-366 од 21.05.2015 година, со кое Комисијата оценила дека истите информации, кои сега се бараат на увид, не може да претставуваат информации кои се во фаза на усогласување и ја задолжила Општината Битола да му овозможи на И.К. пристап до истите на начин и во форма наведени во Барањето во определен рок.
Комисијата, со допис бр.08-947 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Општината Битола на 23.12.2015 година до Комисијата доставидопис-Достава на списи по предмет и одговор на жалба изјавена против Општина Битола, соУП1 бр.08-1388/2 од 21.12.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-947. Во дописот Општината Битола ги повторува наводите од оспореното Решение и дополнува дека согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, при носење на ДУП се спроведува јавна анкета за предлог на детален урбанистички план, каде сите заинтересирани физички и правни лица можат на анкетни листови да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и на барателот И.К. не му овозможила пристап до бараните документи на начин и во форма наведени во Барањето. Спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Општината Битола донела Решение бр.08-1388/1 од 23.11.2015 година, со кое го одбила пристапот до бараните информации, како исклучок од слободниот пристап, сообразложение кое не е во согласност со член 6 став 1 точка 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поради што Комисијата истото го поништува.
Од списите во врска со предметот, Комисијата оцени дека барателот Иван Колевски бара да изврши увид во документација врз основа на која се врши измена и дополнување на Детален урбанистички план, а не конкретниот Детален урбанистички план кој е во фаза на усогласување како што тврди Општината Битола. Оттука, Општината Битола е должна на барателот да му овозможи пристап до документите кои се готови и донесени во постапката на измена и дополнување на Деталниот урбанистички план.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2став (2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за современа ликовна уметност-Прилеп, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Центарот за современа ликовна уметност-Прилеп, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Да ни биде доставен писмениот договор за закуп на просторот каде работи правното лице Кафе Арт, склучен помеѓу правниот субјект ТРГОВСКО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО УСЛУГИ ТРАНСПОРТ АПОРЕА – ЗБК УВОЗ-ИЗВОЗ ДОО ПРИЛЕП (АРТ КАФ) и НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА МАРКО ЦЕПЕНКОВ ПРИЛЕП“,
СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за културана барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 5 февруари ¬¬¬¬¬¬¬2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-941 на 11.12.2015 година, изјавена од Центарот за современа ликовна уметност-Прилеп, против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за културана барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 5 февруари 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Центарот за современа ликовна уметност-Прилеп на 06.10.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до НУ – Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп заведен под бр.302-408/1, со кое ја побарало следната информација:
„Да ни биде доставен писмениот договор за закуп на просторот каде работи правното лице Кафе Арт, склучен помеѓу правниот субјектТРГОВСКО ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО УСЛУГИ ТРАНСПОРТ АПОРЕА – ЗБК УВОЗ-ИЗВОЗ ДОО ПРИЛЕП (АРТ КАФ) и НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА МАРКО ЦЕПЕНКОВ ПРИЛЕП“
НУ – Центар за култура “Марко Цепенков“ – Прилеп, како што е наведено во Жалбата, со допис бр.03-408/3 од 06.10.2015 година го известил барателот дека, согласно член 18, став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер барањето е препратено до Министерството за култура.
Министерството за култура, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-941 од 16.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за култура не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација во законски предвидениот рок на начин и во форма наведени во Барањето.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д. Ј. од Скопје, поднесена против Уставниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Уставниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ми копија од одговорот на жалба на Уставниот суд, на мојата жалба испратена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, заведена во Уставниот суд под архивски број Су.бр.566/15 од 22.07.2015 година, заедно со сите списи од предметот, по моето барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер испратено во електронска форма на 21.05.2015 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Уставниот суд на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05 февруари 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-929 на 01.12.2015 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Уставниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Уставниот суд на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 05 февруари 2016 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје на 17.09.2015 година по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Уставниот суд на Република Македонија, со кое побарал на неговата е-маил адреса да му се достави следната информација:
„Доставете ми копија од одговорот на жалба на Уставниот суд, на мојата жалба испратена до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, заведена во Уставниот суд под архивски број Су.бр.566/15 од 22.07.2015 година, заедно со сите списи од предметот, по моето барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер испратено во електронска форма на 21.05.2015 година“.
Уставниот суд на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-929 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Уставниот суд и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 31.12.2015 година Уставниот суд достави до Комисијата Одговор на жалба Су.бр.5/15/2 од 24.12.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-929. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Уставниот суд оцени дека во постапката по жалба истиот не е надлежен да ги доставува списите по предметот на странката со оглед на фактот што комплет списите од жалбената постапка се наоѓаат во предмет оформен во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер…Уставниот суд ја создал бараната информација…но истата е доставена до Комисијата…како орган кој располага со информацијата и од која барателот може да побара и добие информација…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Уставниот суд не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Уставниот суд, како првостепен орган во постапката по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, бил должен да постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер, а не да оцени дека „не е надлежен“, како што наведува во Одговорот на жалба. Во случајот, како што и самиот наведува во Одговорот на жалба, Уставниот суд ја создал бараната информација Су.бр.5/15/2 од 24.12.2015 година и бил должен истата да ја посредува до барателот, односно да постапи согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а не да го оневозможи пристапот до информацијата со молчење. Право е на барателот на информација до кој имател ќе се обрати со Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и каква информација од него ќе побара.
Согласно член 3 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности“, а според член 10 став 1 точка 5 од истиот Закон „Имателот на информации е должен да ја информира јавноста за податоци од неговите надлежности утврдени со закон“.
Согласно член 18 од истиот Закон „Ако имателот на информации што го примил Барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од приемот на Барањето, е должен да го препрати Барањето до имателот на информации кој според содржината на Барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот“.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на функционерот или раководното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2став (2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Бројна состојба на иматели на дипломатски пасоши и на иматели на службени пасоши на РМ на крајот на годините 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006, 2005, 2004“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-944 од 12.12.2015 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 06.10.2015 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за надворешни работи, со кое побарал по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Бројна состојба на иматели на дипломатски пасоши и на иматели на службени пасоши на РМ на крајот на годините 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006, 2005, 2004“.
Министерството за надворешни работи, како што е наведено во Жалбата постапувајќи по Барањето по електронски пат на А. Д. од Скопје му доставило Одговор на барање на 06.11.2015 година.
Незадоволен од одговорот, А.Д. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата во која е наведено дека не добил соодветно решение.
Комисијата, со допис бр.08-944 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за надворешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за надворешни работи на 31.12.2015 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.07-40541/1 од 24.12.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-944. Во Произнесувањето по жалба Министерството за надворешни работи, меѓу другото, наведува дека: „..по електронски пат и телефонски го информираше барателот дека, податокот за бројот на издадени дипломатски и службени пасоши, како и листа на иматели на ваков вид на патни исправи, е класифициран податок и не претставува информација од јавен карактер. МНР го упати барателот дека постапката за издавање дипломатски и службени пасоши може да ја најде во Правилникот за постапка за издавање на дипломатски и службени пасоши.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации било должно да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Иако во Произнесувањето по жалба се наведува дека се работи за класифицирана информација, како исклучок од слободниот пристап, Министерството не донело Решение за одбивање на пристапот согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата му укажува на Министерството за надворешни работи дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Со оглед на тоа што во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не се предвидени апсолутни исклучоци од истиот, пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Министерството за надворешни работи утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Исто така, Комисијата му укажува на Министерството за надворешни работи дека, согласно член 246 од Законот за општата управна постапка, е должно на Комисијата да и ги достави сите списи во врска со предметот, меѓу кои спаѓаат и доказите за степенот на класифицираноста на бараната информација, односно бараниот документ.
При повторното постапување по предметот, Министерството за надворешни работи треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/15), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-67/2 од 09.10.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Фотокопија од Известување на Агенцијата за катастар на недвижности бр. 13-7662/2 од 15.05.2013 год. користено при донесување на Решение КО бр.52/13 од 03.10.2013 год. од Основното јавно обвинителство Кичево“ СЕ ОДБИВА.
Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-67/2 од 09.10.2015 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/15), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-534 на 04.11.2015 година, изјавена од М.Ј. од Кичево, поднесена против Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-67/2 од 09.10.2015 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го констатира следното:
М.Ј. од Кичево поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство Кичево КО бр.52/13 од 10.10.2013 година и побарал во фотокопија, нему лично на рака, да му ја достават следната информација:
„Известување на Агенцијата за катастар на недвижности бр. 13-7662/2 од 15.05.2013 год. користено при донесување на Решение КО бр.52/13 од 03.10.2013 год. од Основното јавно обвинителство Кичево“.
Основното јавно обвинителство Кичево по ова Барање донело Решение А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на член 6 став 1 алинеја 2 и алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во образложението на Решението е наведено дека пристапот е одбиен „…од причини што бараната информација содржи лични податоци за вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, против кого е водена кривична постапка…и содржи податоци кои кај имателот на информација се стекнати за време на водење на кривична постапка, односнo во текот на преткривичната постапка…“.
Незадоволен од добиеното Решение, М.Ј. од Кичево на 01.11.2013 година поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 07-534.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата на 03.12.2013 година донесе Решение бр.07-534 со кое Жалбата ја одби како неоснована и утврди дека Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр. 03-68/3 од 16.10.2013 година за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер е правилно и врз закон засновано.
Против наведеното Решение на Комисијата, М.Ј. од Кичево на 24.12.2013 година поднесе Тужба до Управниот суд.
Управниот суд на Република Македонија со Пресуда У-5 бр.1531/2013 од 24.04.2015 година ја уважи Тужбата на тужителот, а оспореното Решението бр.07-534 од 03.12.2013 година на Комисијата заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го поништи.
Во образложението на Пресудата, меѓу другото Управниот суд наведува: „Во конкретниот предмет, Судот најде дека по писменото Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер на тужителот, имателот на информација одлучил и донел Решение дека бараната информација претставува личен податок чие откривање би значело повреда на заштита на лични податоци согласно член 6 ст.1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и информацијата е стекната во текот на кривичната постапка согласно член 6 ст.1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Но видно од списите во предметот, Судот утврди дека имателот на информацијата Основно јавно обвинителство Кичево пред да го донесе Решението со кое го одбива пристапот согласно со член 6 од овој Закон, не ја спровел постапката тест за штетност, со што сторил повреда на член 3 став 1 алинеја 6 постапката утврдена со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…“.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд повторно ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и донесе Решение бр.07-534 од 17.09.2015 година, со кое Жалбата ја уважи, Решението на Основното јавно обвинителство Кичево А.бр.03-68/3 од 16.10.2013 година го поништи и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот орган. Пред да го донесе наведеното Решение Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Кичево целосно не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Поради тоа Комисијата на Основното јавно обвинителство Кичево му укажа дека постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер. Во случајов, Основното јавно обвинителство Кичево сметало дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ги навело причините за одбивањето. Но, пред да го одбие пристапот, должно било да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Комисијата, исто така, му укажа на Основното јавно обвинителство Кичево дека спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Постапувајќи по Решението на Комисијата, Основното јавно обвинителство Кичево донело Решение А.бр.03-67/2 од 09.10.2015 година со кое го одбило Барањето на М.Ј. од Кичево за пристап до бараната информација, во чие Образложение е наведен спроведениот задолжителен Тест на штетност, во кој се наведени причините за одбивањето на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, односно штетните последици кои би настанале со евентуално давање на бараната информација.
Незадоволен од добиеното Решение, М.Ј. од Кичево на 04.11.2015 година до Комисијата достави Жалба бр. 07-534.
Комисијата, со допис бр.07-534 од 15.12.2015 година ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Кичево и побара во рок од 3 дена од доставувањето на дописот Обвинителството да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Постапувајќи по барањето на Комисијата, Основното јавно обвинителство Кичево на 25.12.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба А.бр.03-67/4 од 22.12.2015 година, заведен во Комисијата под бр.07-534. Во Одговорот на жалба, меѓу другото, е наведено дека по спроведениот Тест на штетност е утврдено дека ќе настанат штетни последици „…врз интересот кој се заштитува…ќе причини поголема штета одколку корист која ќе се добие со таа информација…бараната информација…претставува информација која содржи лични податоци кои се регулирани согласно Законот за заштита на личните податоци, како и согласно чл.6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…бараната информација во дел е информација која е стекната во текот на кривична, односно предкривична постапка, согласно чл.6 ст.1 т.5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…била приложена како доказ во предметот КО бр.52/13 во ОЈО Кичево која е предкривична постапка, која постапка претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност, согласно чл.6 ст1. т.1, а в.в. со т.4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…Имателот на информацијата му овозможи увид во предметот на барателот на информацијата КО бр.52/13 во ОЈО Кичево…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основното јавно обвинителство Кичево постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно наводите и укажувањата во Решението на Комисијата бр.07-534 од 17.09.2015 година и донело правилно и врз закон засновано Решение, со кое го одбило пристапот до бараната информација, повикувајќи се на исклучоците од слободниот пристап до информации наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, притоа спроведувајќи го задолжителниот Тест на штетност наведен во член 6 став 3 од истиот Закон.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Листа на иматели на службени пасоши, со датум на издавање и основ по кој се здобиле со правото“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-942од 12.12.2015 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 06.10.2015 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за надворешни работи, со кое побарал по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
“Листа на иматели на службени пасоши, со датум на издавање и основ по кој се здобиле со правото “.
Министерството за надворешни работи, како што е наведено во Жалбата постапувајќи по Барањето по електронски пат на 06.11.2015 година до А.Д. од Скопје му доставило Одговор на барање.
Незадоволен од одговорот, А.Д. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата во која е наведено дека не добил соодветно решение.
Комисијата, со допис бр.08-942од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за надворешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за надворешни работи на 31.12.2015 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.07-40541/1 од 24.12.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-942. Во Произнесувањето по жалба Министерството за надворешни работи, меѓу другото, наведува дека: „..по електронски пат и телефонски го информираше барателот дека, податокот за бројот на издадени дипломатски и службени пасоши, како и листа на иматели на ваков вид на патни исправи, е класифициран податок и не претставува информација од јавен карактер. МНР го упати барателот дека постапката за издавање дипломатски и службени пасоши може да ја најде во Правилникот за постапка за издавање на дипломатски и службени пасоши.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации било должно да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Иако во Произнесувањето по жалба се наведува дека се работи за класифицирана информација, како исклучок од слободниот пристап, Министерството не донело Решение за одбивање на пристапот согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата му укажува на Министерството за надворешни работи дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Со оглед на тоа што во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не се предвидени апсолутни исклучоци од истиот, пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“.
Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Министерството за надворешни работи утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Исто така, Комисијата му укажува на Министерството за надворешни работи дека, согласно член 246 од Законот за општата управна постапка, е должно на Комисијата да и ги достави сите списи во врска со предметот, меѓу кои спаѓаат и доказите за степенот на класифицираноста на бараната информација, односно бараниот документ.
При повторното постапување по предметот, Министерството за надворешни работи треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * *‘* *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Листа на иматели на дипломатски пасоши со датум на издавање и основ по кој се здобиле со правото“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр. 08-943од 12.12.2015 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 06.10.2015 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за надворешни работи, со кое побарал по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
“Листа на иматели на дипломатски пасоши, со датум на издавање и основ по кој се здобиле со правото “.
Министерството за надворешни работи, како што е наведено во Жалбата, постапувајќи по Барањето по електронски пат на 06.11.2015 година до Александар Димитриевски од Скопје му доставило Одговор на барање.
Незадоволен од одговорот, А.Д. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата во која е наведено дека не добил соодветно решение.
Комисијата, со допис бр.08-943 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за надворешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за надворешни работи на 31.12.2015 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.07-40541/1 од 24.12.2015 година, заведено во Комисијата под бр.08-943. Во Произнесувањето по жалба Министерството за надворешни работи, меѓу другото, наведува дека: „..по електронски пат и телефонски го информираше барателот дека, податокот за бројот на издадени дипломатски и службени пасоши, како и листа на иматели на ваков вид на патни исправи, е класифициран податок и не претставува информација од јавен карактер. МНР го упати барателот дека постапката за издавање дипломатски и службени пасоши може да ја најде во Правилникот за постапка за издавање на дипломатски и службени пасоши.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации било должно да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lex specialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Иако во Произнесувањето по жалба се наведува дека се работи за класифицирана информација, како исклучок од слободниот пристап, Министерството не донело Решение за одбивање на пристапот согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата му укажува на Министерството за надворешни работи дека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Со оглед на тоа што во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не се предвидени апсолутни исклучоци од истиот, пред да го одбие пристапот должен е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“.
Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Доколку, пак, Министерството за надворешни работи утврди дека документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Исто така, Комисијата му укажува на Министерството за надворешни работи дека, согласно член 246 од Законот за општата управна постапка, е должно на Комисијата да и ги достави сите списи во врска со предметот, меѓу кои спаѓаат и доказите за степенот на класифицираноста на бараната информација, односно бараниот документ.
При повторното постапување по предметот, Министерството за надворешни работи треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2 (став 2) и 6 став (3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Последна бројна состојба на иматели на дипломатски пасоши и на иматели на службени пасоши на РМ“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-945 на 12.12.2015 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
А.Д. од Скопјена ден 06.10.2015 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за надворешни работи,со кое побарал по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
“Последна бројна состојба на иматели на дипломатски пасоши и на иматели на службени пасоши на РМ.“
Постапувајќи по Барањето, Министерството за надворешни работи, на 06.11.2015 година до барателот достави по е-маил Одговорна барање.
Незадоволен од наведениот одговор, А.Д. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-945 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за надворешни работи и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за надворешни работина 31.12.2015 година до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.07-40541/1 од 24.12.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-945. Во Произнесувањето Министерството за надворешни работи наведува дека: „..по електронски пат и телефонски го информираше барателот дека, податокот за бројот на издадени дипломатски и службени пасоши, како и листа на иматели на ваков вид на патни исправи, е класифициран податок и не претставува информација од јавен карактер. МНР го упати барателот дека постапката за издавање дипломатски и службени пасоши може да ја најде во Правилникот за постапка за издавање на дипломатски и службени пасоши.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди декаМинистерството за надворешни работине постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.Постапувањето по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да го спроведе согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015) како „lexspecialis” во областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата му укажува на Министерството за надворешни работидека доколку смета дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучоци наведени во член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение во кое ќе ги наведе причините за одбивањето. Пред да го одбие пристапот должно е да го направи тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“.Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во Одговорот на жалба се наведува дека се работи за класифицирана информација како исклучок од слободниот пристап, но не донело решение за одбивање на пристапот согласно член 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
При повторното постапување по предметот, Министерството за надворешни работи треба да ги има предвид укажувањата на Комисијата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д. Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија, бр.13/2006. 86/2008, 6/2010, 42/2014и 148/2015), а во врска со член 239 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер(„Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-940 од 07.12.2015 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го констатира следното:
Д.Ј. од Скопје, како што се наведува во Жалбата,на 04.10.2015 година поднел по е-маил Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Доставете ми ги адресата и телефоните на сите подрачни одделенија на Државниот просветен инспекторат во Република Македонија. Исто така, доставете ми ја и месната надлежност за секое подрачно одделение посебно, односно подрачјето на кое има надлежност подрачните одделенија на Државниот просветен инспекторат, за секое подрачно одделение, посебно.“
Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат не му ја доставило бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донело и доставило Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што Д.Ј. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-940 од 15.12.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со наведеното Барање,Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат, на 12.01.2016 година достави до Комисијата Известување бр.08-1087/2 од 29.12.2015 година, а во Комисијата заведен под бр. 08-940. Во Известувањето се наведува дека: „..Ве известуваме дека официјален мејл до Државен просветен инспекторат при комуникација со граѓани и институции и постапување по претставки и предлози е dpi@mon.gov.mk. Во временскиот период но и до ден денес немаме добиено Барање по електронски пат од Д.Ј.од Скопје. Согласно Вашиот допис во прилог Ви доставуваме примерок од бараните податоци кои се доставени и до подносителот на претставката“, со допис бр.08-1087/3 од 29.12.2015 година.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: “Право на правна заштита во согласност со овој закон има барателот кој поднел писмено барање за пристап до информации.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Д.Ј. од Скопје нема право на правна заштита, бидејќи не поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука-Државен просветен инспекторат.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), на седницата одржана на 14јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-910 на 11.11.2015 година, изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Комисијата за заштита од дискриминација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактери ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
М.К. од Куманово на ден 21.08.2015 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено во Комисијата за заштита од дискриминација под бр.07-1459/6 на 01.09.2015 година, со кое побарал по пошта да му се достави следната информација:
“Уреденоста на рокот и условите за Ваша постапка по поднесена Претставка за дискриминацијата до поведување на судски спор по суштествено исто и доказите.“
Комисијата за заштита од дискриминацијане му ја доставилa бараната информација на барателот во законски предвидениот рок, ниту пак донелa и доставилa Решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива Барањето, поради што М.К. од Куманово поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-910 од 16.11.2015 година, ја препрати Жалбата до Комисијата за заштита од дискриминацијаи побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Комисијата за заштита од дискриминација на 23.12.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-1566/2 од 21.12.2015 година. Во прилог на Одговорот достави Одговор по Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.07-1459/8 од 14.09.2015 година, насловен до М.К. од Куманово. Во наведениот Одговор, Комисијата за заштита од дискриминација наведува: „Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во однос на Законот за заштита и спречување од дискриминација, Комисијата, на ден 14.09.2015 година (архивск и број: 07-1459/8), испрати одговор по барањето до подносителот М.К. “.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Комисијата за заштита од дискриминација постапилaсогласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на барателот му доставилa одговор на Барањето, во законски предвидениот рок, што се гледа и од Жалбата на жалителот во која се повикува по предмет бр.07-1459/8, што е всушност број на Одговорот доставен до барателот.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М. К. од Куманово, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-950 од 14.12.2015 година, изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Со оглед на тоа што Жалбата не беше разбирлива и Комисијата не можеше да постапува по истата, Комисијата со допис бр.08-950 од 15.12.2015 година побара од барателот, согласно член 65 од Законот за општата управна постапка, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на Дописот да ги одстрани недостатоците во истата за да може Комисијата да постапи во истата. Притоа му укажа дека треба да ги достави сите списи во врска со истата-Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, евентуална Одлука од имателот во врска со Барањето и сл.
Во врска со наведениот Допис, М.К. од Куманово достави меил до Комисијата заведен под бр.08-950 на 23.12.2015 година во кој наведува:“б) од мој енумериран поднесок бр.19 за електронска форма од Жалбата пополнета по бараните информации за нејзиното изготвување како моја “Жалба ИЈК АВРМ Знак бр. 03-1301/8.пдф“ заведена со Ваш бр.08-951 (наш бр. е 08-950) утврдена за непрецизна и без поребни податоци по која не сте можеле да постапувате додека имате извод од уредна достава до жалителот каде се располага од имателот кон централизираност во располагањето дека имател е друг подреден орган на управа а објавата за моето ново Барање од ЗСПИЈК (можам да Ви препратам ако не Ви го давале) била наменска за побараната информација кон децентрализацијата и од доставеното писмо чиј текст можам да Ви го дадам мој за потребите на Вашето второстепено и квалитетно пропишано постапување додека со истиот за жалбата располагам уставно (преписката е взаемна и неповредлива уставно е актот беше нивен за што обжалив навремено). Имено при изготвување на акт Знак на првостепениот орган истиот наместо да го примени ЗСПИЈК до жалителот се обрати со писмо кое не содржи акт пропишан за и од Барањето поднесено согласно податокот во мојата Жалба за ново барање од ЗСПИЈК па на тој начин жалбено истакнато го замајува кон постапка од која не може да се оствари правото бидејќи имател на информацијата објавена за АВРМ е токму таа централна служба која во слична постапка од мое слично барање по Вашиот Образец претходно редовно си имаше постапено. Така, на тој начин мојата жалба до Вас е поднесена дека по моето ново Барање имателот исто како да молчел бидејќи АВРМ ЦВ Куманово не ја има објавата на нивен интернет портал за потребата од поднесокот….“
Од наведеното, Комисијата утврди дека Жалбата е поднесена поради молчење на имателот и поради тоа со Допис бр.08-950 од 24.12.2015 година ја препрати до Агенцијата за вработување на Република Македонија, со барање да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за вработување на Република Македонија на 31.12.2015 година до Комисијата достави Допис-Доставување списи бр.03-1301/10 од 29.12.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-950.
Во прилог на Дописот достави Одговор на жалба и списите во врска со предметот.
Во Одговорот на жалба, меѓу другото, е наведено дека „…барателот М.К., преку е-маил поднесе неколку барања до информации од јавен карактер кои се нејасни, неконкретни и по основ на истите е одговорено. Последното барање е доставено по електронски пат на 26.11.2015 година, на кои и со оглед на неговата нејасност е одговорено во законски предвидениот рок. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопија од наведеното барање од М.К. од Куманово, како и од одговорот од Агенцијата за вработување на Република Македонија“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за вработување на Република Македонија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено од А.К. од Куманово, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 17 од истиот Закон на седницата одржана на 16 јануари 2016 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено од А.К. од Куманово, заведено во Комисијата под бр.08-17 на 23.12.2015 година, кое гласи:
“Статус на имплементација на Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07-1849/1 од 28 април 2006 година по објавата за Сл.Весник на Р.Македонија бр.57/2006 во надлежност на Комисијата предвидена со закон и назначување за прописниот одлучувачки состав“, се ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/201042/2014 и 148/2015),го разгледа Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер доставено од А.К. од Куманово, заведено во Комисијата под бр.08-17 на 23.12.2015 година и го ОТФРЛИ.
По разгледувањето на Барањето и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:
А.К. од Кумановона 22 декември 2015 година, по електронски пат до Комисијатан достави Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер заведено во Комисијата под бр.08-17 на 23.12.2015година кое гласи: “Статус на имплементација на Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07-1849/1 од 28 април 2006 година по објавата за Сл.Весник на Р.Македонија бр.57/2006 во надлежност на Комисијата предвидена со закон и назначување за прописниот одлучувачки состав“.
Со оглед на тоа што Барањето е непотполно и нејасно, службеното лице кое постапува по предметот со допис бр.08-17 од 24.12.2015 година до барателот достави Известување во кое му укажа на недостатоците во истото.
Барателот А.К.на 28.12.2015 година, по имеил достави Одговор во врска со наведеното Известување, заведен во Комисијата под бр.08-17 на 28.12.2015 година.
По разгледувањето на Одговорот и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека Барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите наведени во член 16 на Законот, односно барателот не навел точно со која информацијата сака да се запознае, поради што Комисијата не може да постапи по Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во рок од 15 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М. К. од Куманово, поднесена против Апелациониот суд во Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 14 јануари 2016 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.К. од Куманово, поднесена против Апелациониот суд во Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Електронска пополнета форма од Ваш Образец за потребите на оваа постапка од јавен карактер?“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014 и 148/2015),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-951 од 14.12.2015 година, изјавена од М.К. од Куманово, поднесена преку против Апелациониот суд во Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
М.К. од Куманово на 14.12.2015 година до Комисијата достави Жалба заведена под бр.078-951 а не 08-950 како што наведува тој.
Во Жалбата е наведено:“Жалбена основа: Апелациониот суд Скопје, бул.“Крсте Мисиирков“, spi@asskopje.mk; причина поради која не е добиена информацијата и не е пристапен судот е непозната: прилог кон Жалбава:барањето беше електронски и поднесено и информацијата побарана за нивна достапна а Ваша пропишана и за посредувањето.“
Со оглед на тоа Жалбата не беше разбирлива и Комисијата не можеше да постапува по истата, Комисијата со допис бр.08-951 од 15.12.2015 година побара од барателот, согласно член 65 од Законот за општата управна постапка, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на Дописот да ги одстрани недостатоците во истата за да може Комисијата да постапи во истата. При тоа му укажа дека треба да ги достави сите списи во врска со истата-Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, евентуална одлука од имателот во врска со Барањето и сл.
Во врска со наведениот Допис, М.К. од Куманово на 21 декември доставо меил до Комисијата заведен под бр.08-951 на 23.12.2015 година во кој наведува:“в) од мој енумериран поднесок бр.16 за електронска форма од Жалбата потполнета по бараните информации за нејзино изготвување како моја жалба “Жалба ИЈК АС Скопје бр.бб.pdf“ заведена со Ваш бр. 08-950 (наш бр. е 08-951) утврдена за непрецизна и без потребни податоци по која не сте можеле да постапувате додека имате извод од уредна електронска комуникација претходна и последователна на моја достава на ваш пропишан образец-Барање во постапка на имателот кога сега како жалител кон јавната администрација на Апелациониот суд во Скопје Вам по Образецот обжалувам пополнето мредовно од хоризонталните побарани информации дека побараната информација и покрај е-маилите во прилог Барањето кон една од нив сепак не беше ниту изготвена во смисла на ЗСПИЈК ниту беше донесено решение за истакнатата жалбена основа дека во молчењето на јавната администрација причините за тоа беа непознати, а од информацијата од јавен карактер по која е поднесено жалителовото барање пред првостепениот имател произлезен е ставот дека судот на тој начин останал непристапен за намената пропишана од истиот ЗСПИЈК: Во прилог кон таквиот став и жалбениот навод дека администрацијата молчела имате мое тврдење и доказ од датум и постапка дека Вашиот пропишан образец бил правилно пополнет а информацијата побарана за информација на судот достапна серверски и доменски но сепак непристапна за намената пропишана Ваша за посредување во подобрен пристапност на имателот Апелациониот суд во Скопје…“
Од наведеното, Комисијата утврди дека Жалбата е поднесена поради молчење на имателот и поради тоа со Допис бр.08-951 од 24.12.2015 година ја препрати до Апелациониот Суд Скопје, со барање да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Апелациониот суд Скопје на 30.12.2015 година до Комисијата достави Допис-Произнесување по доставена Жалба поднесена од М.К. од Куманово СПИ-27/15 од 29.12.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-951.
Во Произнесувањето е наведено:“..Точно е дека поради ненамерен пропуст во поглед на примање на електронска пошта и поради голем обем на работа на судот, од наша страна не е постапено по Барањето на подносителот М.К. од Куманово.
Имено, лицето М.К. од Куманово со поднесеното Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер од нас побара да му биде доставен Електронски пополнива форма од Образец за потребите на оваа постапка од јавен карактер односно барал да му биде доставен Образец кој се пополнува компјутерски за читкост и уредност.
Овој суд, по приемот на Вашето Барање и по констирањето на ненамерниот пропуст во поглед на примање на електронска пошта, на ден 29.12.2015 година му одговори на подносителот на барањето за слободен пристап на информации од јавен карактер и повторно му укажа дека образецот за слободен пристап на информации од јавен карактер кој се наоѓа на нашата веб страница нема можност електронски да се пополнува, туку истиот пополнет и скенирана може по електронски пат или пошта да се достави до Апелациониот суд Скопје.“
Во прилог на Произнесувањето достави Одовор на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до М.К. од Куманово, заведен под СПИ бр.27/15 од 29.12.2015 година.
Во Одговорот е наведено“….Со Барањето до нас како иматели на информации од јавен карактер барате да Ви доставиме електронски пополнива форма од Образец за потребите на оваа постапка од јавен карактер односно барате да Ви доставиме Образец кој се пополнува комјутерски за читкост и уредност. Меѓутоа, Ви укажуваме дека образецот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој се наоѓа на нашата веб страница нема можност електронски да се пополнува, туку истиот пополнет и скениран може по електронски пат или пошта да се достави до Апелациониот суд Скопје.“
На 29.12.2015 година, М.К.од Куманово до Комисијата достави меил заведен под бр.08-951 на 30.12.2015 година.
Во меилот е наведено;“Во жалбениот предмет деловоден со Ваш бр.08-950(наш бр.08-951) од мојата Жалба поднесена за примената на ЗСПИЈК од страна на имателот Апелациониот суд Скопје добив Записник деловоден од нивен СПИ-27/15 за денес со допис на истиот имател видно и од податокот:….“
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Апелациониот суд Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.