ДОНЕСЕНИ 22 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 120-та седница одржана на 28 декември 2015 година, донесе 22 решенија и 8 заклучоци.
Одлучувајќи по 9 Жалби, Комисијата донесе исто толку Решенија за со кои жалбите се уважуваат и се задолжуваат првостепените органи на барателите да им ја достават бараната информација. Во четири случаи Комисијата донесе Решенија со кои Жалбите се одбиваат како неосновани и се потврдува дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз Закон засновано. Постапувајќи по три предмета, Комисијата донесе Решенија со кои Жалбите се уважуваат и предметите се враќаат на повторно постапување пред првостепените органи. Одлучувајќи во три случаја, Комисијата исто така донесе Решенија за одбивање на три Жалби како неосновани. На седницата е донесено и едно Решение со кое Жалбата се отфрла како неоснована. За една Жалба, Комисијата донесе Решение со кое се уважува и задолжува органот во рок од три дена да го препрати барањето до имателот кој располага со бараната информација. За една Жалба донесено е Решение со кое истата се одбива како неоснована и се потврдува Заклучокот на првостепениот орган.
Од вкупно донесените 8 Заклучоци, четири се Заклучоци за запирање на постапката по Жалба, поради тоа што барателите ја повлекле истата. Во три случаи се донесени Заклучоци за запирање на постапката по Жалба, поради тоа што барателите добиле одговор на бараната информација, како и еден Заклучок за спојување на Жалбите во една постапка.