ДОНЕСЕНИ 17 РЕШЕНИЈА И 12 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 119-та седница одржана на 11 декември 2015 година, донесе 17 решенија и 12 заклучоци.
Одлучувајќи по 10 Жалби, Комисијата донесе исто толку Решенија за отфрлање на Жалбите како недопуштени. Во три случаи Комисијата донесе Решенија со кои Жалбите се одбиваат како неосновани и се потврдува дека Решението на првостепениот орган е правилно и врз Закон засновано. Постапувајќи по еден предмет, Комисијата донесе Решение со кое Жалбата се уважува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган. Одлучувајќи во два случаја, Комисијата исто така донесе Решенија за одбивање на две Жалби како неосновани. На седницата е донесено и едно Решение со кое Жалбата се уважува , а институцијата до која било упатено барање се задолжува во рок од три дена да го препрати истото до имателот кој располага со бараната информација.
Од вкупно донесените 12 Заклучоци, 11 се Заклучоци за запирање на постапката по Жалба, поради тоа што барателот ја повлекол истата. Во еден случај е донесен Заклучок за запирање на постапката по Жалба, поради тоа што барателот добил одговор на бараната информација.