ДОНЕСЕНИ 23 РЕШЕНИЈА И 50 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 116-та седница одржана на 8 октомври 2015 година, донесе 23 решенија и 50 заклучоци.
Комисијата донесе 23 Решенија од кои во 18 случаи жалбите се уважуваат и се задолжува првостепениот орган на барателот да му ја достават бараната информација. Одлучувајќи по 3 Жалби, Комисијата донесе Решенија со кои истите се одбиваат како неосновани. За две Жалби донесени се Решенија со кои Жалбите се уважува и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
На истата седница Комисијата донесе и 50 Заклучоци. Со 15 донесени Заклучоци, Комисијата ја запре постапката по Жалбите, поради тоа што жалбите се повлечени од страна на барателите, а по 35 Заклучоци постапката по Жалбите се запира, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации.