ДОНЕСЕНИ 14 РЕШЕНИЈА И 34 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 114-та седница одржана на 27 август 2015 година, донесе 14 решенија и 34 заклучоци.
Комисијата донесе 14 Решенија од кои во 4 случаи жалбите се одбиени како неосновани. Одлучувајќи по 3 Жалби, Комисијата донесе Решенија со кои истите се отфрлаат како недопуштени. Постапувајќи по 3 жалби Комисијата со Решение истите ги врати на повторно постапување пред првостепениот орган. Во 3 случаи Комисијата донесе Решенија со кои Жалбите се уважуваат и имателот се задолжува да ги достави бараните информации. За една Жалба донесено е Решение со кое Жалбата се уважува и предметот се враќа на повторно постапување.
На истата седница Комисијата донесе и 34 Заклучоци. Со 16 донесени Заклучоци, Комисијата ја запре постапката по Жалбите, поради тоа што жалбите се повлечени од страна на барателите, а со 17 Заклучоци постапката по Жалбите се запира, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации. Донесен е еден Заклучок, со кој се запира постапката по Жалбата поради тоа што имателот го препратил Барањето до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.