ДОНЕСЕ НИ 4 РЕШЕНИЈА И 19 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 111-та седница одржана на 09 јуни 2015 година, донесе 4 решенија и 19 заклучоци.
Во два случаја Комисијата донесе Решенија со кои во еден дел од Барањата Жалбите се уважуваат и се задолжуваат првостепените органи на барателите да им ја достават бараната информација, додека во еден дел Жалбите се одбиваат како неосновани.
По еден поднесок донесено е Решение со кое Жалбата е отфрлена како неоснована, а во друг случај Комисијата донесе Решение со кое Жалбата се уважува и се задолжува институцијата до која било доставено Барање, истото во рок од три дена да го препрати до имателот кој располага со бараните информации.
Комисијата донесе 19 Заклучоци за запирање на постапките по Жалбите, поради тоа што барателите ги добиле бараните информации.