ДОНЕСЕНИ 82 РЕШЕНИЈА И 8 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата единаесетта седница одржана на 21 октомври 2011 година, донесе 82 решенија и 8 заклучоци.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Б. од Кратово, поднесена против Одговорот на Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.Б. од Кратово, поднесена против Одговорот на Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Кратово на барателот да му ја достави бараната информација “Генералии (име и презиме) на лица кои се вработени во општинската администрација во Кратово и табеларен приказ на бројот на вработени во однос на звањето на држав. службеник.“, најдоцна до 07.11.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-295 од 18.08.2011 година, изјавена од В.Б. од Кратово поднесена против Одговорот на Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Кратово на барателот да му ја достави бараната информација “Генералии (име и презиме) на лица кои се вработени во општинската администрација во Кратово и табеларен приказ на бројот на вработени во однос на звањето на држав. службеник.“, најдоцна до 07.11.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
В.Б. од Кратово, како што е наведено во Жалбата, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Кратово, заведено во Општината под бр.08-888 на 03.08.2011 година и побарал во фотокопија по пошта да му ја достават следната информација.
“Генералии (име и презиме) на лица кои се вработени во општинската администрација во Кратово и табеларен приказ на бројот на вработени во однос на звањето на држав. службеник.“
На ова Барање, Општината одговорила со допис бр.08-888/2 од 18.08.2011 година, со кој го известила барателот дека ”…оваа информација не е од јавен карактер и како таква не може да Ви биде доставена. (Листата на јавни информации е прикачена на општинската веб страна)”.
Незадоволен од наведениот одговор, В.Б. поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр.07-295 од 18.08.2011 година.
Комисијата со допис бр.07-295 од 23.08.2011 година, ја препрати Жалбата до Општина Кратово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општината Кратово достави Одговор на Жалба бр.08-888/4 од 01.09.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-295 на 14.09.2011 година. Во Одговорот на Жалба, Општината наведува дека “…Со оглед на тоа што бараната информација содржи лични податоци на повеќе лица, согласно член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер откривањето на овие податоци може да значи повреда на заштитата на личните податоци, оваа информација не може да биде доставена на лицето В.Б..”
Во врска со гореизнесеното, Комисијата на Општина Кратово и укажува на следното.
Согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата може да одбие барање за пристап до информации од јавен карактер ако информацијата се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци.
Според член 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на лични податоци (“Службен весник на РМ“ бр.7/2005, 103/2008 и 124/2010), “Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно , посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.“ Во точката 10 од наведениот член, законодавецот таксативно ги набројал посебните категории на лични податоци, односно: ”…лични податоци кои го откриваат расното или етничкото потекло, политичко, верско, филозофско или друго уверување, членство во синдикална организација и податоци што се однесуваат на здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и генетските податоци, биометриски податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот.”, кои согласно член 8 став 1 од наведениот закон се заштитени, односно обработка на овие посебни категории лични податоци е забранета.
Во конкретниов случај, бараната информација “Генералии (име и презиме) на лица кои се вработени во општинската администрација во Кратово и табеларен приказ на бројот на вработени во однос на звањето на држав. службеник” е личен податок, но не е заштитен личен податок и давањето на бараната информација во никој случај не претставува повреда на заштитата на личните податоци, согласно член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Имињата и презимињата на вработените во Општината, кои се јавни службеници и бројот на вработени во однос на звањето не може да бидат исклучок од слободниот пристап, ниту пак нивното доставување до барателот ќе значи повреда на заштитата на личните податоци.
Граѓаните имаат право да знаат кои се јавните службеници, кои се финансираат од средствата на граѓаните, кои вршат работи од јавен интерес и јавни овластувања и нема основ оваа информација да претставува исклучок од слободниот пристап до информации.
Комисијата утврди дека постапувањето на Општината Кратово по конкретниот предмет е спротивно на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и спротивно на начелата на јавност, отвореност, транспарентност и економичност на имателите на информации. Целта на горенаведениот Закон е граѓаните да го остварат своето право на пристап до информации од јавен карактер на брз и едноставен начин.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-259 од 20.09.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Транспарентност Македонија како што е наведено во Жалбата, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје на 16.05.2011 година и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација:
„Фотокопија од Договорите и анекс договорите кои се однесуваат на проектот Скопје 2014“.
Град Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-259 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Град Скопје по ова барање од Комисијата достави Одговор на Жалба бр. К-21-3169/2 од 22.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-259 на 23.08.2011 година. Во Одговорот е наведено дека „наводите во Жалбата се неосновани и сосема невистинити, од причина што Град Скопје на ден 27.05.2011 г. изготви допис – Известување…кој е доставен до Транспарентност Македонија по пошта на 06.06.2011 г…Во однос на формата на одговорот, во прилог Ви доставуваме Заклучок, во кој се наведени причините зошто барањето …е одбиено“. Во прилог на Одговорот на Жалба, до Комисијата се доставени фотокопии од Известување бр.2007/2 од 27.05.2011 година, насловено до Транспарентност Македонија, од поштенска доставница потпишана од Транспарентност Македонија на 06.06.2011 година, како и фотокопија од Заклучок, без број и датум. И во наведеното Известување и во образложението на Заклучокот стои дека Град Скопје не располага со бараната информација.
Незадоволна од наведениот Заклучок, Транспарентност Македонија на 20.09.2011 година, преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата. Во неа се наведува дека го побива Заклучокот од причини што „…е неуреден…не содржи архивски број…ниту датум…испратен на адреса која е различна од онаа наведена во Барањето…е неправилен и незаконит…во смисла на…обврската на имателот…да го препрати барањето до имателот на информацијата кој според содржината на барањето е имател на истата…“.
Комисијата, со допис број 07-259 од 30.09.2011 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Град Скопје достави Произнесување по Жалба бр.21-2007/5 од 05.10.2011 година, заведено во Комисијата под бр.07-259 на 07.10.2011 година.
Во Произнесувањето по Жалба е наведено дека „…Известувањето е пуштено на различна адреса од адресата наведена во Барањето, но тоа е сторено од причина што адресата во Барањето…не е потполна, а адресата на која е пуштено Известувањето е адресата на која се наоѓа седиштето на жалителот…конкретниот допис е примен од барателот…“. Во врска со наводот во Жалбата дека Заклучокот не е архивиран и не е со датум, „Град Скопје ќе ги отстрани овие формални недостатоци…“.
Натаму, во Произнесувањето по Жалба се наведува дека „што се однесува на наводот на жалителот дека сме должни…да го препратиме барањето…како што наведовме во Известувањето, во Град скопје не постои проект со назив Скопје 2014…тоа е популарен новинарски назив за едно големо множество на поединечни проекти за повеќе објекти, од повеќе институции, за кои ние немаме информации… “.
Во прилог на Произнесувањето по Жалба до Комисијата е доставена фотокопија од уреден Заклучок за прекинување на постапката, заведен во Град Скопје под бр. 21-2007 на 05.10.2011 година.
По барање од службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, барателот на информацијата на 14.10.2011 година телефонски потврди дека го добил уредениот Заклучок од Град Скопје.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Град Скопје на Барањето од Транспарентност Македонија, од 16.05.2011 година, одговорило во законски предвидениот рок, на 06.06.2011 година. Но, наместо тоа да го стори со Заклучок за прекинување на постапката, до барателот доставило Известување, со што постапило спротивно на член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 6/2010). Потоа, Град Скопје до полномошникот на барателот на 12.09.2011 година доставил Заклучок, но истиот бил без број и датум. Дури откако наведениот Заклучок е обжален, на 05.10.2011 година, Град Скопје изготвил Заклучок без формални недостатоци.
Комисијата констатира дека Град Скопје постапил по Барањето во законски предвидениот рок, но не и во форма предвидена во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со што ја одолговлекол постапката. Потоа правилно се повикал и го применил членот 26 став 2 од наведениот Закон и донел Заклучок со кој ја прекинал постапката, бидејќи Барањето се однесува на информација со која не располага имателот.
Комисијата му укажува на Град Скопје дека во случај на идни исти или слични барања е должен да постапува согласно член 14 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010).
Во конкретниот случај барателот неосновано очекувал од имателот да го препрати Барањето до имателот на информации кој според содржината на Барањето е имател на информацијата, од причина што Град Скопје не знаел дали некој имател на информации располага со „ Договори и анекс договори кои се однесуваат на проект со назив Скопје 2014“.
Комисијата му укажува на барателот во иднина да ги прецизира и конкретизира своите барања и на нив да ја наведува целосната адреса на која го очекува одговорот од имателот, а не како во случајов, само името на булеварот, но не и бројот на седиштето.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Одговорот на Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Одговорот на Министерството за образование и наука по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Министерството на барателот да му ја достави бараната информација “Список на лица и според кои критериуми се избрани да бидат преведувачи, стручни рецезенти и лектори (онаму каде што се такви ангажирани) на странската стручна литература“, најдоцна до 7 ноември 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-307 од 20.09.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Одговорот на Министерството за образование и наука бр.18-4319/2 од 08.07.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 7 ноември 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното.
Транспарентност Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 16.05.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.171/03, до Владата на Република Македонија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Список на лица и според кои критериуми и по каква процедура се избрани да бидат преведувачи, стручни рецезенти и лектори (онаму каде што се такви ангажирани) на странската стручна литература “.
Владата на Република Македонија на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, па затоа барателот преку својот полномошник поднел жалба поради молчење на администрација. По поднесувањето на жалбата Владата на Република Македонија го известила барателот дека Барањето го препратила до Министерството за образование и наука како имател на информацијата.
Во врска со ова препратено барање Министерството за образование и наука до барателот доставило Одговор бр.18-4319/2 од 08.07.2011 година.
Во Одговорот покрај другото се набројува што согласно тендерската документација треба да достават понудувачите, потоа што е должен да обезбеди понудувачот и на крај се наведува “со оглед на горенаведеното од Понудувачите се бара до договорниот орган да достават Изјава дека ќе ангажираат лица за преведувачи, чии книги потоа ќе бидат дадени на стручна редактура и лектура од страна на доцент, редовен или вонреден професор од соодветната област“.
Во врска со овој Одговор Комисијата укажува на следното.
Барањето е конкретно и јасно и со него се бара список на лица кои се избрани да бидат преведувачи,стручни рецезенти и лектори на странска стручна литература, по кои критериуми се избрани и по каква процедура. Место конкретно да одговори на барањето Министерството за образование и наука набројува кои услови треба да ги исполнат понудувачите доколку би биле избрани за носители на набавката, согласно тендерската документација. Од наведениот одговор може да се заклучи само по каква процедура би требало да бидат избрани (распишување на тендер) лицата од наведената категорија. Меѓутоа, во конкретниов случај барателот бара имиња и презимиња на лица “кои се избрани“ и по кои критериуми се избрани.
Незадоволен од наведениот одговор барателот Транспарентност Македонија, преку полномошникот Ф.М., поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-307 од 22.09.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука во врска со ова барање достави Одговор бр.19-5647/2 од 30.09.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-307 на 07.10.2011 година.
Во Одговорот покрај другото се наведува дека Министерството за образование и наука не доставило одговор на барањето само во делот за список на лица, затоа што истото би значело “повреда на заштитата на личните податоци“.
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното.
Имињата и презимињата на преведувачите, стручните рецезенти и лектори, задолжитено се објавуваат на секоја книга и оттука не може да претставуваат исклучок од слободниот пристап, ниту пак нивното доставување до барателот ќе значи повреда на заштитата на личните податоци. Од друга страна пак наведените лица за завршената работа добиваат надоместок од Буџетски средства, а граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Исто така, граѓаните имаат право да знаат дали наведените лица се избрани согласно критериумите наведени во тендерската документација.
Врз основа на изнесеното, одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од претседателот Ј.Б., поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од претседателот Ј. Б., поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Колку вкупно трошковници се поднесени од страна на адвокати даватели на бесплатна правна помош до Министерството за правда на Р.М?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-303 од 13.09.2011 година, изјавена од Македонското здружение на млади правници, застапувано од претседателот Ј. Б., поднесена против Министерството за правда и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Македонското здружение на млади правници, како што се наведува во Жалбата, до Министерството за правда поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-853 од 12.07.2011 година, примено во Министерството на 14.07.2011 година. Со Барањето побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Колку вкупно трошковници се поднесени од страна на адвокати даватели на бесплатна правна помош до Министерството за правда на Р.М?“
Министерството за правда како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-303 од 15.09.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од три дена од денот на доставувањето на овој допис, да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барње на Комисијата, Министерството за правда достави Одговор по жалба бр.19-2834/4 од 28.09.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-303 на 07.10.2011 година, во кој наведува дека Министерството доставило одговор на барањето. Во прилог го достави наведениот одговор-Известување бр.19-2834/3 од 21.09.2011 година, насловено до Македонското здружение на млади правници, но не и доказ дека истиот е доставен и примен од Здружението.
Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот, кој потврди дека го добил наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за правда, одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Македонското здружение на млади правници, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација, поднесена против АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација поднесена против АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Која е процентуалната етничка застапеност на примените кандидати кои се јавиле на огласот за вработување објавен во дневен весник Нова Македонија од 24.02.2011 година?“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-298 од 24.08.2011 година, изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација поднесена против АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Комисијата за заштита од дискриминација, застапувана од претседателот Д.М. на 24.06.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје. Со барањето заведено во Комисијата за заштита од дискриминација под бр.2/29/11, побарала по пошта да и достават фотокопија од информацијата:
“Која е процентуалната етничка застапеност на примените кандидати кои се јавиле на огласот за вработување објавен во дневен весник Нова Македонија од 24.02.2011 година?“
АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-298 од 26.08.2011 година ја препрати Жалбата до АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје и побара, во рок од три дена од денот на доставувањето на овој допис, да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје, на 13.10.2011 година, до Комисијата достави Одговор бр.03-1744/2 од 23.09.2011 година, насловен до Комисијата за заштита од дискриминација. Во прилог на Одговорот ја достави и бараната информација.
По добивањето на наведениот Одговор, Комисијата за заштита од дискриминација до Комисијата достави Известување бр.07-53/16 од 13.10.2011 година, со кој ја известува Комисијата дека „…се откажува од Жалбата поради молчење на администрација…“, поради тоа што е задоволна од одговорот.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост-Скопје постапило по Барањето и барателот ја добил бараната информација со посредство на Комисијата.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.М. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.М. од Скопје поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “1.Идеен проект со тех.бр.11/08 од октомври 2008 2. Одобрение за градење бр.34-436 од 23.08.2010 за Крчин 10 б населба Козле Скопје.“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-309 од 22.09.2011 година, изјавена од Г.М. од Скопје поднесена против Општина Карпош и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Г.М. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, заведено во Општината под бр.10-5804/1 на 25.07.2011 година. Со Барањето побарал лично да му достават фотокопија од следните информации:
“1.Идеен проект со тех.бр.11/08 од октомври 2008
2. Одобрение за градење бр.34-436 од 23.08.2010 за Крчин 10 б населба Козле Скопје.“
Општина Карпош, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-309 од 26.09.2011 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од три дена од денот на доставувањето на овој допис, да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање, Општина Карпош достави Одговор на Жалба бр.10-5804/3 од 07.10.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-309 од 13.10.2011 година. Во Одговорот Oпштината наведува: ”Подносителот на жалбата…бил известен дека може да изврши увид во списите од предметот по издаденото одобрение за градење но истите го известија овој орган дека имаат заведено управен спор пред Управниот суд на РМ.”
Истиот ден, на 13.10.2011 година, Г.М. до Комисијата достави Известие за повлекување на Жалбата.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Општина Карпош, одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Горан Мартиновски од Скопје, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за Жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М, адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,(“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, заведена во Комисијата под бр.07-254 од 05.07.2011 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Список на лица и според кои критериуми и по каква процедура се избрани да бидат преведувачи, стручни рецензенти и лектори (онаму каде што се такви ангажирани) на странската стручна литература?“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 68/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-254 од 05.07.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Транспарентност Македонија на 16.05.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат. Со барањето заведено во Транспарентност Македонија под бр.171/03, побарала по пошта да и достават фотокопија од информацијата:
“Список на лица и според кои критериуми и по каква процедура се избрани да бидат преведувачи, стручни рецензенти и лектори (онаму каде што се такви ангажирани) на странската стручна литература?“
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-254 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од три дена од денот на доставувањето на овој допис, да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање, Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, на 12.08.2011 година, до Комисијата достави Известување бр.60-3920/4 од 11.08.2011 година. Во Известувањето наведува :”Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, постапувајќи по барањето…утврди дека надлежна институција, а следствено на тоа и имател на информацијата е Министерството за образование и наука, па согласно член 4 и 12 од Законот…изготви акт со бр.60-3086/2 од 20.05.2011 година и предметното барање го достави на надлежност и постапување на погоре наведениот орган, а за кое нешто со акт бр.60-3086/3 од 20.05.2011 година го извести барателот на информацијата.” Во прилог на Известувањето, Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат ги достави наведените дописи и другите списи во врска со предметот.
Транспарентност Македонија преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје на 02.09.2011 година до Комисијата достави уште една Жалба. Во Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-254 на 02.09.2011 година, Транспарентност Македонија наведува дека ја поднесува против Одговорот на барањето бр.60.3920/2 од 01.08.2011 година на Генералниот секретаријат.
Полномошникот на Транспарентност Македонија, адвокат Ф.М. , на 20.09.2011 година, до Комисијата достави Поднесок, со кој ја извести Комисијата дека Жалбата поднесена против Одговорот на Генералниот секретаријат ја повлекува.
По разгледување на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и го препратила Барањето до Министерството за образование и наука и за препраќањето ја известил Транспарентност Македонија со допис бр.60-3086/3 од 20.05.2011 година.
Од списите по предметот, што Транспарентност Македонија ги достави во прилог на Жалбата од 02.09.2011 година, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука постапило по препратеното Барање и со допис бр.18-4319/2 од 08.07.2011 година, насловен до Транспарентност Македонија одговорила на Барањето.
Незадоволна од наведениот Одговор, Транспарентност Македонија согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднела повторно Барање, но наместо до Министерството за образование и наука, барањето го поднела до Владата на Република Македонија.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, на повторното барање одговорила со допис бр.60-3920/2 од 01.08.2011 година, со кое ја известил Транспартентност Македонија дека веќе Генералниот секретаријат одговорил по Барањето со допис бр.60-3086/3 од 20.05.2011 година.
Незадоволна од овој одговор, Транспарентност Македонија ја поднела втората Жалба, заведена во Комисијата под бр.07-254 од 02.09.2011 година.
По разгледувањето на двете Жалби, заведени во Комисијата под бр.07-254 од 05.07.2011 година и бр.07-254 од 02.09.2011 година, Комисијата утврди дека Жалбите се изјавени од ист жалител, по исто барање, поднесени против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат преку ист полномошник, поради што согласно член 130 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 21 октомври донесе Заклучок за нивно спојување во една постапка.
Врз основа на спроведената постапка по Жалбата, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат постапил по барањето за пристап до информации од јавен карактер и согласно член 18 од Законот го препратил Барањето до Министерството за образование и наука и за истото ја известил Транспарентност Македонија.
Транспарентност Македонија со Поднесок ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Одговорот на Генералниот секретаријат, поради што Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-254 од 05.07.2011 година и бр.07-254 од 02.09.2011 година, изјавени од Транспарентност Македонија, поднесени преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 130 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Постапките по Жалбите заведени во Комисијата под бр.07-254 од 05.07.2011 година и бр.07-254 од 02.09.2011 година, изјавени од Транспарентност Македонија, поднесени преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги разгледа Жалбите изјавени од Транспарентност Македонија, заведени во Комисијата под бр.07-254 од 05.07.2011 година и бр.07-254 од 02.09.2011 година, поднесени преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Список на лица и според кои критериуми и по каква процедура се избрани да бидат преведувачи, стручни рецензенти и лектори (онаму каде што се такви ангажирани) на странската стручна литература?“ и го утврди следното.
Жалбите се изјавени од ист жалител, по исто барање, поднесени против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, преку ист полномошник поради што, согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за нивно СПОЈУВАЊЕ ВО ЕДНА ПОСТАПКА.
Водејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, а согласно член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за спојување на наведените жалби во еден предмет.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место на жалба.
Решено во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 21 октомври 2011 година, под бр.07-254.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Tранспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер „На колку граѓани/трговски друштва Министерството за финансии до април 2011 година им ја надомести штетата за „фискалните патриотски сметки“ кои беа предвидени со Правилникот на Министерството, а кој беше укинат од страна на Уставниот суд?“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-260 од 05.07.2011 година, изјавена од Tранспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за финансии и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Транспарентност Македонија на 16.05.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, со кое побарала да и ја достават следната информација.
„На колку граѓани/трговски друштва Министерството за финансии до април 2011 година им ја надомести штетата за „фискалните патриотски сметки“ кои беа предвидени со Правилникот на Министерството, а кој беше укинат од страна на Уставниот суд?“.
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-260 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање, Министерството за финансии до Комисијата достави Одговор на Жалба бр. 03-25981/2 од 12.08.2011 година, а во Комисијата заведен под број 07-260 на 25.08.2011 година.
Во Одговорот на Жалба, Министерството за финансии наведува: „…жалбата…сметаме дека е неоснована…по однос на предметното барање…имателот на информации изготви Заклучок за прекин на постапката…меѓутоа поради административни пречки при доставувањето заклучокот не можеше да се достави непосредно по неговото изготвување…“.
Во прилог на Одговорот на Жалба до Комисијата е доставена фотокопија од Заклучокот за прекинување на постапката бр. 03-17599/2 од 17.06.2011 година и фотокопија од поштенска доставница, потпишана од барателот на 04.07.2011 година.
Против наведениот Заклучок не е поднесена Жалба.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот добил одговор на бараната информација со задоцнување.
Наводите во Одговорот на Жалба дека „поради административни пречки при доставувањето Заклучокот не можеше да се достави непосредно по неговото изготвување“ не можат да бидат основ за одбивање на Жалбата, поднесена поради молчење на администрацијата.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во роковите предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на изнесеното одлучено е како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација поднесена против АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010) а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација поднесена против АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Која е процентуалната етничка застапеност на сите вработени во Акционерското друштво за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост – Скопје заклучно со 01.06.2011 година“, поради повлекување на истата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-297 од 24.08.2011 година, изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација против АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Комисијата за заштита од дискриминација, застапувана од претседателот, Д.М. на 24.06.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје. Со барањето заведено во Комисијата за заштита од дискриминација под бр.2/30/11, побарала по пошта да и достават фотокопија од следната информација.
“Која е процентуалната етничка застапеност на сите вработени во Акционерското друштво за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост – Скопје заклучно со 01.06.2011 година?“.
АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-297 од 26.08.2011 година ја препрати Жалбата до АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје и побара, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на овој допис, да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје, на 13.10.2011 година, до Комисијата достави Одговор бр. 03-1744/2 од 23.09.2011 година, насловен до Комисијата за заштита од дискриминација. Во прилог на Одговорот ја достави и бараната информација.
По добивањето на наведениот Одговор, Комисијата за заштита од дискриминација до Комисијата достави Известување бр.07-53/15 од 13.10.2011 година, со кој ја известува Комисијата дека „се откажува од жалбата поради молчење на администрација“, поради тоа што е задоволна од одговорот.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека АД за поштенски сообраќај Македонскa поштa во државна сопственост-Скопје постапило по Барањето и барателот ја добил бараната информација со посредство на Комисијата.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од ГП “Пелистер“ ДОО од Битола, поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 октомври 2011 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ГП “Пелистер“ ДОО од Битола поднесена против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Образец за барање за пристап до информациите“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-301 на 02.09.2011 година, изјавена од ГП “Пелистер“ ДОО од Битола, поднесена против Општина Битола и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата ГП “Пелистер“ ДОО од Битола, на 14.05.2011 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Битола, и побарало да му достават “Образец за барање за пристап до информациите“.
Општина Битола на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба преку Општина Битола до Комисијата. Жалбата во Општина Битола е заведена на 27.06.2011 година, а до Комисијата место веднаш препратена и заведена на 02.09.2011година.
Во прилог на Жалбата е доставен Налог за платени административни такси за жалба во висина од 250,00 денари.
Во врска со наведениот Налог Комисијата укажува на следното. Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не постои одредба со која е предвидено плаќање на административна такса при поднесување на жалба до Комисијата, без разлика дали жалбата е поднесена директно до Комисијата или преку имателот на информации.
Од тука произлегува дека, плаќањето на административна такса како што е постапено во конкретниов случај е спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во иднина не смее да се повтори.
По добивањето на Жалбата, а во функција на начелото на економичност и транспарентност на постапката службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот, а потоа и со имателот на информацијата, кој после телефонскиот разговор ја доставил бараната информација до барателот.
Како доказ за наведеното е Известувањето од Општина Битола заведено во Комисијата на 20.09.2011 година, под бр.07-301, во кое се наведува дека Општина Битола на 16.09.2011 година, до ГП “Пелистер“ ДОО Битола, доставила Образец/ барање за пристап до информации од јавен карактер.
Во прилог на Известувањето Општина Битола до Комисијата достави пропратно писмо насловено до ГП “Пелистер“ ДОО Битола, потпишано од барателот на 16.09.2011 година.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Општина Битола одговорила на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од ГП “Пелистер“ ДОО од Битола, со големо задоцнување и по телефонските укажувања на Комисијата. Во врска со ова Комисијата на Општина Битола и укажува дека целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е барателите да ја добијат бараната информација на брз и едноствен начин, а не како во случајов после четири месеци и со посредство на Комисијата.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Покрај гореспоменатите три решенија и осум заклучоци, Комисијата постапуваше по жалби против регистрираните политички партии во Република Македонија, изјавени од Транспарентност Македонија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, при што беа донесени 79 решенија со кои жалбите за пристап до информации од јавен карактер ги отфрли како недопуштени.
Транспарентност Македонија и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија од политичките партии побарале по пошта да им достават фотокопии од квартални односно годишни финансиски извештаи. Незадоволни од непостапувањето по барањата во законскиот рок, барателите поднесоа жалби до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
По разгледувањето на жалбите и другите списи во врска со предметите, Комисијата го утврди следното:
Во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, и 6/2010) во членот 3 алинеја 1 дефинирани се имателите на информации од јавен каракер. Во редот на „имателите на информации“ во наведениот член наброени се следните: органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија и правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон.
Комисијата ги разгледа Законот за политичките партии и Законот за финансирање на политичките партии и не најде основ дека политичка партија, како „доброволна организација на граѓани, формирана за остварување и заштита на политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања и заради учество во процесот на донесување на политички одлуки при учество во власта“, може да има, или врши јавни овластувања.
Што се однесува на финансирањето на политичките партии, на кое во случајов се однесуват барањата, тие своите квартални и годишни извештаи, согласно закон, се должни да ги достават до органите на надзор: Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и до Државниот завод за ревизија, државни институции кои се наоѓаат на листата на иматели на информации од јавен карактер.
Од наведените причини, произлегува дека политичките партии во Република Македонија не се иматели на информации од јавен карактер согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010“).
Имајќи го сето ова во предвид, Комисијата донесе решенија со кои ги отфрли жалбите како недопуштени.