ДОНЕСЕНИ 234 РЕШЕНИЈА И 21 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 106-та седница одржана на 31 март 2015 година, донесе 234 решенија и 21 заклучок.
Комисијата, донесе  234 Решенија, постапувајќи по жалбите поднесени од Младински образовен форум, со кои Жалбите ги уважи и ги задолжи имателите (Министерството за образование и наука, Бирото за образование и Државниот Универзитет-Тетово) на барателот да му ги достават бараните информации.
Исто така, Комисијата донесе 21 заклучок, со кој се запира постапката по жалбите поради тоа што барателот ги добил бараните информации, но по истекот на законски предвидениот рок.