ДОНЕСЕНИ 1 РЕШЕНИЕ И 4 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 103-та седница одржана на 5 март 2015 година, донесе 1 решение и 4 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, поднесена преку полномошникот Џ.Н., претседател на Здружението, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 05 март 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани-Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, поднесена преку полномошникот Џ.Н., претседател на Здружението, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копија од Договорот за откуп на земјиште од 6.308 квадратни метри на плоштадот Македонија на кое треба да се изгради хотел и да се обнови Офицерскиот дом“ СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25.03.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.  
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),  ja разгледа на Жалбата заведенa под бр. 08-26 на 26.01.2015 година, изјавенa од Здружението на граѓани-Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија, поднесена преку полномошникот Џ.Н., претседател на Здружението, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за транспорт и врски на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 25.03.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:  
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани-Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија на 24.11.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, примено во Министерството за транспорт и врски на 24.11.2014 година, со кое побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„Копија од Договорот за откуп на земјиште од 6.308 квадратни метри на плоштадот Македонија на кое треба да се изгради хотел и да се обнови Офицерскиот дом“.
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање  не одговорило во законски предвидениот рок, поради што барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-26 од 27.01.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорет и врски и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски не одговори ниту на дописот на Комисијата.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставило до барателот информацијата наведено во Барањето, а не одговори ни на дописот на Комисијата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.  
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на5 март 2015 година, го донесе следниот
З  А  К  Л  У  Ч  О  К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.Д. до Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристапдо информации од јавен карактер:
„Листа на добитници на субвенции-правни лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 1 од државна програма за финансиска поддршка на земјоделството за годините 2010,2011,2012,2013 и 2014“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-841 на 30.12.2014 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметотБарање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 24.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал електронски запис, по е-маил да му ја достават следната информација:
„Листа на добитници на субвенции-правни лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 1 од државна програма за финансиска поддршка на земјоделството за годините 2010,2011,2012,2013 и 2014“.
Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, во врска со ова Барање до барателот на 02.12.2014 година  доставила Информација по меил.
Незадоволен од добиената Информација, барателот достави жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-841 од 13.01.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по консултација со Комисијата, го повика барателот на увид во врска со бараните информации.
А.Д. од Скопје, на 04.03.2015 година до Комисијата достави меил во кој наведува“…Сакам да Ве известам дека по два одржани состаноци со надлежните во оваа институција, ги добив бараните податоци по однос на 4 жалби…07-841,842,843 и 844…Задоволен сум од примените одговори од страна на Агенцијата и со ова електронско писмо Ве известувам дека немампричина и повод да ја продолжам жалбената постапка по овие четири предмети…“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 05.03.2015 година достави допис “Одговор по жалби во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, во кој наведува дека дека по поднесените барања од барателот позитивно одговориле.
Врз основа на наведеното,Комисијата утврди дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој постапила по Барањето, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
***********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на5 март 2015 година, го донесе следниот
З  А  К  Л  У  Ч  О  К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.Д. до Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристапдо информации од јавен карактер:
„Листа на добитници на субвенции-физички лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 1 од државна програма за финансиска поддршка на земјоделството за годините 2010,2011,2012,2013 и 2014“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-842 на 30.12.2014 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметотБарање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 24.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал електронски запис, по е-маил да му ја достават следната информација:
„Листа на добитници на субвенции-физички лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 1 од државна програма за финансиска поддршка на земјоделството за годините 2010, 2011 ,2012 ,2013 и 2014“.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во врска со ова Барање до барателот на 02.12.2014 година  доставила Информација по меил.
Незадоволен од добиената Информација, барателот достави жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-842 од 13.01.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по консултација со Комисијата, го повика барателот на увид во врска со бараните информации.
А.Д. од Скопје, на 04.03.2015 година до Комисијата достави меил во кој наведува“…Сакам да Ве известам дека по два одржани состаноци со надлежните во оваа институција, ги добив бараните податоци по однос на 4 жалби…07-841,842,843 и 844…Задоволен сум од примените одговори од страна на Агенцијата и со ова електронско писмо Ве известувам дека немампричина и повод да ја продолжам жалбената постапка по овие четири предмети…“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 05.03.2015 година достави допис бр.04-1211/3 “Одговор по жалби во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, во кој наведува дека по поднесените барања од барателот позитивно одговориле.
Врз основа на наведеното,Комисијата утврди дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој постапила по Барањето, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на5 март 2015 година, го донесе следниот
З  А  К  Л  У  Ч  О  К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристапдо информации од јавен карактер:
„Листа на добитници на субвенции-физички лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 2 од државна програма за финансиска поддршка на земјоделството за годините 2010,2011,2012,2013 и 2014“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-843 на 30.12.2014 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметотБарање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 24.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал електронски запис, по е-маил да му ја достават следната информација:
„Листа на добитници на субвенции-физички лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 2 од државна програма за финансиска подршка на земјоделството за годините 2010, 2011 ,2012 ,2013 и 2014“.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во врска со ова Барање до барателот на 02.12.2014 година  доставила Информација по меил.
Незадоволен од добиената Информација, барателот достави жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-843 од 13.01.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по консултација со Комисијата, го повика барателот на увид во врска со бараните информации.
А.Д. од Скопје, на 04.03.2015 година до Комисијата достави меил во кој наведува“…Сакам да Ве известам дека по два одржани состаноци со надлежните во оваа институција, ги добив бараните податоци по однос на 4 жалби…07-841,842,843 и 844…Задоволен сум од примените одговори од страна на Агенцијата и со ова електронско писмо Ве известувам дека немампричина и повод да ја продолжам жалбената постапка по овие четири предмети…“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 05.03.2015 година достави допис “Одговор по жалби во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, во кој наведува дека дека по поднесените барања од барателот позитивно одговориле.
Врз основа на наведеното,Комисијата утврди дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој постапила по Барањето, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 5 март 2015 година, го донесе следниот
З  А  К  Л  У  Ч  О  К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Листа на добитници на субвенции-правни лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 2 од државната програма за финансиска поддршка на земјоделството за годините 2010,2011,2012,2013 и 2014“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-844 на 30.12.2014 година, изјавена од А.Д. од Скопје, поднесена против Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, А.Д. од Скопје на 24.10.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал електронски запис, по е-маил, да му ја достават следната информација:
„Листа на добитници на субвенции-правни лица-по субјект и висина на средства, по број на мерка 2 од државната програма за финансиска подршка на земјоделството за годините 2010,2011,2012,2013 и 2014 “.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во врска со ова Барање до барателот на 02.12.2014 година  доставила Информација по меил.
Незадоволен од добиената Информација, барателот достави жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-844 од 13.01.2015 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој по консултација со Комисијата, го повика барателот на увид во врска со бараните информации.
А.Д. од Скопје, на 04.03.2015 година до Комисијата достави меил во кој наведува“…Сакам да Ве известам дека по два одржани состаноци со надлежните во оваа институција, ги добив бараните податоци по однос на 4 жалби…07-841,842,843 и 844…Задоволен сум од примените одговори од страна на Агенцијата и со ова електронско писмо Ве известувам дека немам причина и повод да ја продолжам жалбената постапка по овие четри предмети…“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 05.03.2015 година достави допис бр.04-1211/6 “Одговор по жалби во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“,  во кој наведува дека по поднесените барања од барателот позитивно одговориле.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој постапила по Барањето, но со задоцнување.