ДОНЕСЕНИ 3 РЕШЕНИЈА И 5 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 102-та седница одржана на 26 февруари 2015 година, донесе 3 решенија и 5 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.Р. од Прилеп, поднесена против НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 26 февруари 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од И.Р. од Прилеп, поднесена против НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Да ми бидат доставени годишните финансиски извештаи за: 2013, 2012, 2011 и 2010 год. во онаа форма во која ги имате доставено до надредениот и надлежен управен орган одн. Министерството за култура“ СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.03.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ja разгледа на Жалбата заведенa под бр. 08-16 на 13.01.2015 година, изјавенa од И.Р. од Прилеп, поднесена против НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја уважи и го задолжи НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 16.03.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, И.Р. од Прилеп на 26.11.2014 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Со Барањето заведено во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп под бр.03-444/1 на 27.11.2014 година, побарал со доставна книга да му се достави фотокопија од следната информација:
„Да ми бидат доставени годишните финансиски извештаи за: 2013, 2012, 2011 и 2010 год. во онаа форма во која ги имате доставено до надредниот и надлежен управен орган одн. Министерството за култура“.
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, поради што барателот поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-16 од 14.01.2015 година, ја препрати Жалбата до НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, на 27.01.2015 година достави допис: Одговор на барање бр.03-50/2 од 23.01.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-16. Во прилог на дописот достави Одговор на барање заведен под горе наведениот број во кој наведува: „На барањето од И.Р. не е одговорено одма, бидејќи јас како овластено лице за давање податоци за пристап на информации од јавен карактер поради работните обврски по барања од Министерството за култура не бев во можност за тоа. Во неколку наврати лицето И.Р. беше за тоа усмено известено дека бараните информации ќе бидат доставени во најскоро време поради обврските, на што тој немаше приговор.“
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп не постапилa согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не ја доставилa до барателот бараната информација наведено во Барањето.
Согласно член 21 од од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014) имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми – Скопје, поднесена против Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 26 февруари 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми – Скопје, поднесена против Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје на барателот да му ги достави бараните информации:
„Предлозите за проекти доставени од продукциски куќи и поединци на „Јавниот повик за реализација на копродукциски проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 30.05.2014;
Одлуките за одобрување проекти, доставени од продукциски куќи и поединци на „Јавниот повик за реализација на копродукциски проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 30.05.2014;
Склучените договори со продукциските куќи и поединци врз основа на „Јавниот повик за реализација на копродукциски проекти“објавен на веб страницата на МРТ на 30.05.2014;
Одлуката за отстапување на следните документарни филмови: Сведоци – Децата бегалци – Продолжение – Канада, Документарецот за театарот, Документарецот за Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Кузман Јосифовски Питу, Скопје 2014 – 14 епизоди, Балканските војни, Тодор Александров – серијал 4 епизоди, Васил Чакаларов, Букурешкиот мировен договор, Цар Самоил и Битката на Беласица, Даме Груев, Христо Узунов, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, Христо Батанџиев, Александар Протогеров, Петар Чаулев, Пере Тошев, Наум Томалески, Анастас Лозанчев, Апостол Петков Терзиев, Димитрија Попгеоргиев – Беровски, Христо Матов, Ѓорѓи Баждаров, Петар Шанданов, Тиквешко востание, Охридско востание, Гоце Делчев, Сите кратки информативни спотови за верски или историски датуми, според објавениот напис на веб страницата на МРТ – „Поквалитетна документарна понуда од МРТ“ на 24.01.2014;
Листата на комерцијални радиодифузери на кои им се доставени следните документарни филмови: Сведоци – Децата бегалци – продолжение – Канада, Документарецот за театарот, Документарецот за Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Кузман Јосифовски Питу, Скопје 2014 – 14 епизоди, Балканските војни, Тодор Александров – серијал 4 епизоди, Васил Чакаларов, Букурешкиот мировен договор, Цар Самоил и Битката на Беласица, Даме Груев, Христо Узунов, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, Христо Батанџиев, Александар Протогеров, Петар Чаулев, Пере Тошев, Наум Томалески, Анастас Лозанчев, Апостол Петков Терзиев, Димитрија Попгеоргиев – Беровски, Христо Матов, Ѓорѓи Баждаров, Петар Шанданов, Тиквешко востание, Охридско востание, Гоце Делчев, Сите кратки информативни спотови за верски или историски датуми, согласно објавениот напис на веб страницата на МРТ – „Поквалитетна документарна понуда од МРТ“ на 24.01.2014;
Предлозите доставени до МРТ на „Јавниот повик за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 20.11.2013;
Одлуките за одобрување проекти доставени до МРТ на „Јавниот повик за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 20.11.2013 и
Склучените договори со продуцентските куќи и поединците за заедничка реализација или копродукција на ТВ проекти, врз основа на „Јавниот повик за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 20.11.2013“, најдоцна до 16.03.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-819 на 22.12.2014 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми – Скопје, поднесена против Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје на барателот да му ги достави бараните информации најдоцна до 16.03.2015 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми – Скопје на 17.10.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 03-312/14 од 14.10.2014 година до Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, заведено во Јавното претпријатие под бр.03-6948/1, со кое побарало по пошта да му бидат доставени фотокопии од следните информации:
„Предлозите за проекти доставени од продукциски куќи и поединци на „Јавниот повик за реализација на копродукциски проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 30.05.2014;
Одлуките за одобрување проекти, доставени од продукциски куќи и поединци на „Јавниот повик за реализација на копродукциски проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 30.05.2014;
Склучените договори со продукциските куќи и поединци врз основа на „Јавниот повик за реализација на копродукциски проекти“објавен на веб страницата на МРТ на 30.05.2014;
Одлуката за отстапување на следните документарни филмови: Сведоци – Децата бегалци – Продолжение – Канада, Документарецот за театарот, Документарецот за Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Кузман Јосифовски Питу, Скопје 2014 – 14 епизоди, Балканските војни, Тодор Александров – серијал 4 епизоди, Васил Чакаларов, Букурешкиот мировен договор, Цар Самоил и Битката на Беласица, Даме Груев, Христо Узунов, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, Христо Батанџиев, Александар Протогеров, Петар Чаулев, Пере Тошев, Наум Томалески, Анастас Лозанчев, Апостол Петков Терзиев, Димитрија Попгеоргиев – Беровски, Христо Матов, Ѓорѓи Баждаров, Петар Шанданов, Тиквешко востание, Охридско востание, Гоце Делчев, Сите кратки информативни спотови за верски или историски датуми, според објавениот напис на веб страницата на МРТ – „Поквалитетна документарна понуда од МРТ“ на 24.01.2014;
Листата на комерцијални радиодифузери на кои им се доставени следните документарни филмови: Сведоци – Децата бегалци – продолжение – Канада, Документарецот за театарот, Документарецот за Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Кузман Јосифовски Питу, Скопје 2014 – 14 епизоди, Балканските војни, Тодор Александров – серијал 4 епизоди, Васил Чакаларов, Букурешкиот мировен договор, Цар Самоил и Битката на Беласица, Даме Груев, Христо Узунов, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров, Христо Батанџиев, Александар Протогеров, Петар Чаулев, Пере Тошев, Наум Томалески, Анастас Лозанчев, Апостол Петков Терзиев, Димитрија Попгеоргиев – Беровски, Христо Матов, Ѓорѓи Баждаров, Петар Шанданов, Тиквешко востание, Охридско востание, Гоце Делчев, Сите кратки информативни спотови за верски или историски датуми, согласно објавениот напис на веб страницата на МРТ – „Поквалитетна документарна понуда од МРТ“ на 24.01.2014;
Предлозите доставени до МРТ на „Јавниот повик за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 20.11.2013;
Одлуките за одобрување проекти доставени до МРТ на „Јавниот повик за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 20.11.2013 и
Склучените договори со продуцентските куќи и поединците за заедничка реализација или копродукција на ТВ проекти, врз основа на „Јавниот повик за заедничка реализација или копродукција на ТВ Проекти“, објавен на веб страницата на МРТ на 20.11.2013“.
Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-819 од 23.12.2014 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје не одговори на барањето на Комисијата во законски предвидениот рок.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ја доставило бараната информација до барателот, ниту пак достави одговор на барањето од Комисијата.
Согласно член 39 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер “Глоба во износ од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на одговорното лице кај имателот на информацијата доколку не постапи во согласност со членовите 2(став 2) и 6 став(3) на овој закон.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против КПУ Затвор Скопје-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 26 февруари 2015 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против КПУ Затвор Скопје-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Наредба 02-3096/1 од 08.03.2013 година, Наредба 02-1008/1 од 21.03.2014 година и Наредба 02-2005/1 од 10.06.2014 година“, СЕ ОДБИВА како неоснована.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата бр.08-14 од 13.01.2015 година, изјавена од Г.Р. од Скопје, поднесена против КПУ Затвор Скопје-Скопје, по Барањето за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.Р. од Скопје на 12.12.2014 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.04-5242/1 до КПУ Затвор Скопје-Скопје, со кое побарал да му достават препис или фотокопија од следната информација:
„Наредба 02-3096/1 од 08.03.2013 година, Наредба 02-1008/1 од 21.03.2014 година и Наредба 02-2005/1 од 10.06.2014 година“.
КПУ Затвор Скопје-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-14 од 14.01.2015 година, ја препрати Жалбата до КПУ Затвор Скопје-Скопје и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Г.Р. од Скопје на 20.01.2015 година до Комисијата достави Дополнение на жалба во кое наведува дека „…не барав увид, туку во форма на препис или фотокопија…Побарав информацијата да ми се достави по пошта или на рака…истите ми се потребни во насока на регулирање на работните односи во КПУ Затвор Скопје“. Во прилог на овој допис не е доставен никаков доказ за евентуално постапување на имателот на информации по Барањето за слободен пристап до информации.
КПУ Затвор Скопје-Скопје на барањето на Комисијата да се произнесе по Жалбата на Г.Р. од Скопје на 27.01.2015 година достави Одговор на жалба 03-285/3 од 23.01.2015 година и Дополнување на Одговорот на жалба бр. 03-285/4 од 26.01.2015 година, заведени во Комисијата под бр. 08-14. Во наведените дописи е наведено дека КПУ Затвор Скопје-Скопје „…состави Записник по Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер бр. 04-5242/2 од 09.01.2015 година, изработи Одговор на барање со Покана заведен под бр. 04-5242/3 од 09.01.2015 година и одговорот го достави на барателот на информацијата по пошта на ден 12.01.2015 година. Во прилог на дописите до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Записник и од наведниот Одговор на Барање, во кои на барателот („вработен во КПУ Затвор Скопје“, како што самиот наведува во Дополнението на жалба) му се укажува дека бараните информации „…се документи кои се однесуваат и се во врска со работата на Секторот за обезбедување при КПУ Затвор Скопје – Скопје. Од тие причини КПУ Затвор Скопје – Скопје ќе Ви овозможи доставување на информацијата во поинаква форма, односно увид во бараната информација како поповолен начин за пристап до истите за Вас како барател и во функцијата на КПУ Затвор Скопје – Скопје која има надлежности од специфична природа. КПУ Затвор Скопје – Скопје во врска со горе наведеното со овој допис Ве поканува да дојдете во просториите на установата да извршите увид во бараната информација, секој работен ден од понеделник до петок од 08:30 часот до 16:30 часот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата утврди дека КПУ Затвор Скопје – Скопје правилно постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот (вработен во истата институција) му овозможила соодветна, поповолна форма за доставување на бараните информации кои произлегуваат од негова надлежност.
Согласно член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување“.
Во случајов, имателот на информација на барателот му овозможил пристап до информацијата согласно неговите надлежности кои се од специфичен карактер, притоа образложувајќи му ги причините за таквиот начин на доставување на информацијата. Барателот на информацијата не постапил согласно погорецитираниот член од Законот и без образложение не ја прифатил информацијата во понудената форма.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против ЈЗУ Клиничка болница Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 26 февруари 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку извршниот директор Н.С. од Прилеп, против ЈЗУ Клиничка болница Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Вкупен број на вработени во установата.
2.Број на вработени Роми во установата и нивна позиција“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-32 на 11.02.2015 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против ЈЗУ Клиничка болница Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С-Прилеп, на 21.11.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Со Барањето заведено во Здружението под бр. 07-621 на 20.11.2014 година, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп побарало во препис по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“1. Вкупен број на вработени во установата.
2. Број на вработени Роми во установата и нивна позиција“.
ЈЗУ Клиничка болница Тетово, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-32 од 12.02.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Клиничка болница Тетово и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со овој допис на Комисијата, ЈЗУ Клиничка болница Тетово на 20.02.2015 година до Комисијата достави Допис под број 03-549/2 од 19.02.2015 година, а во Комисијата заведен под број 08-32 на 20.02.2015 година. Во наведениот Допис е содржан и одговорот на бараната информација.
Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, на 23.02.2015 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.08-32 во кој наведува дека добило одговор по бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ Клиничка болница Тетово постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Џ.Б. од Прилеп, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 26 февруари 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Џ.Б. од Прилеп, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Дали додипломските студии на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин“ –Свети Николе и Битола се акредитирани од страна на Министерството за образование и наука.
2. Ве замолувам да ми доставите копија од актот на Министерството за образование и наука за трансформација во Универзитет со бр.17-338/3 од 10.01.2013 година како и копија од решението за акредитација на Универзитетот“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-15 на 13.01.2015 година, изјавена од Џ.Б. од Прилеп, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Џ.Б. од Прилеп на 21.11.2014 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука.
Со Барањето, Џ.Б. од Прилеп, побарал по пошта да му достават препис од следната информација:
“1.Дали додипломските студии на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин“ –Свети Николе и Битола се акредитирани од страна на Министерството за образование и наука.
2. Ве замолувам да ми доставите копија од актот на Министерството за образование и наука за трансформација во Универзитет со бр.17-338/3 од 10.01.2013 година како и копија од решението за акредитација на Универзитетот“.
Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр. 08-15 од 16.01.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за образование и наука до Комисијата достави Одговор на жалба бр.14-1177/2 од 23.01.2015 година, а во Комисијата заведено под бр.08-15 на 30.01.2015 година.
Во прилог на одговорот достави и: Копие од Решение бр.17-338/3 од 10.01.2013 година, за трансформација на приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански институт „Г.Р. Державин“- Свети Николе, издадена од страна на Одборот за акредитација и еваулација и Копие од Решение бр.17.338/3 од 10.01.2013 година за прифаќање и акредитација на приватна високообразовна установа Меѓународен Славјански институт „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе.
Џ.Б. од Прилеп, на 11.02.2015 година до Комисијата достави е-маил во кој наведува: “Целосно се одговорени поставените прашања и добиена е бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 26 февруари 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, поднесена преку извршниот директор Н.С. од Прилеп, против Фондот за здравствено осигурвање на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Број на Роми осигуреници на ФЗОМ кои поднеле барање за издавање на електронска здравствена картичка до 30.06.2014?
2. Број на Роми осигуреници на ФЗОМ кои ја подигнале електронската здравствена картичка до 30.06.2014?
3. Број на Роми осигуреници на ФЗОМ кои поднеле барање за издавање на електронска здравствена картичка и број на Роми кои ги подигнале електронските здравствени картички до 30.06.2014 за следните општини поединечно: Прилеп, Битола, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Штип, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Карпош, Сарај, Чаир, Куманово и Гостивар“, поради тоа што барателот ги добил бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-31 на 11.02.2015 година, изјавена од Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С Прилеп, поднесена преку извршниот директор, Н.С. од Прилеп, против Фондот за здравствено осигурување на Македонија , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С-Прилеп, на 02.12.2014 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Со Барањето заведено во Здружението под бр. 07-643 на 02.12.2014 година, Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп побарало во препис по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“1. Број на Роми осигуреници на ФЗОМ кои поднеле барање за издавање на електронска здравствена картичка до 30.06.2014?
2. Број на Роми осигуреници на ФЗОМ кои ја подигнале електронската здравствена картичка до 30.06.2014?
3. Број на Роми осигуреници на ФЗОМ кои поднеле барање за издавање на електронска здравствена картичка и број на Роми кои ги подигнале електронските здравствени картички до 30.06.2014 за следните општини поединечно: Прилеп, Битола, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Штип, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Карпош, Сарај, Чаир, Куманово и Гостивар“.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што се наведува во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-31 од 12.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Здружението Ромска организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. Прилеп, на 23.02.2015 година до Комисијата достави е-маил, заведен под бр.08-31 во кој наведува дека добило одговор по бараните информации.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалба изјавена од Ј.Д. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка на седницата одржана на 26 февруари 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Ј.Д. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копија од Акт за внатрешен ред во Собранието на РМ“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014),“ ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-30 на 10.02.2015 година, изјавена од Ј.Д. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.Д. од Скопје на 26.01.2015 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Собранието на Република Македонија, со кое побарал да му биде доставен електронски запис од следната информација:.
„ Копија од Акт за внатрешен ред во Собранието на РМ“.
Комисијата, со допис бр.08-30 од 11.02.2015 година, ја препрати Жалбата до Собранието на Република Македонија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 16.02.2015 година, Ј.Д. од Скопје преку е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата поднесена против Собранието на Република Македонија.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми Скопје, поднесена против ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје,по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), а во врска со член 247од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на26февруари 2015 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми Скопје, поднесена против ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барања за пристапдо информации од јавен карактер:
„1. Листа на институции кои ги обезбедиле средствата за наградниот фонд за Скопскиот фестивал 2014-та година кој беше организиран од МРТ?
2. Доколку средствата ги обезбедува МРТ, од која буџетска ставка од буџетот на МРТ се овие средства и по кој основ се прибрани од страна на МРТ?“,поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-21 на 16.01.2015 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми Скопје, поднесена против ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје,по предметот Барања за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми Скопјена 25.11.2014 година,поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-359/14 до ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје, заведено воЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје под бр.03-7877/1 на 26.11.2014 година, со кое побарало по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„1. Листа на институции кои ги обезбедиле средствата за наградниот фонд за Скопскиот фестивал 2014-та година кој беше организиран од МРТ?
2. Доколку средствата ги обезбедува МРТ, од која буџетска ставка од буџетот на МРТ се овие средства и по кој основ се прибрани од страна на МРТ?“
ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-21 од 21.01.2015 година, ја препрати Жалбата до ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопјеи побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје на барањето на Комисијата одговори со Одговор на жалба бр.03-533/2 од 22.01.2015 година, заведен во Комисијата под бр.08-21 на 22.01.2015 година. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Веднаш по приемот на дописот, констатирано е дека е направен ненамерен пропуст и бараната информација по грешка била погрешно заведена, поради што, и не била упатена до барателот-Здружение на граѓани Центар за развој на медиуми Скопје. МРТ како имател на информација од јавен карактер веднаш телефонски го извести подносителот на барањето …“.
Здружението на граѓани Центар за развој на медиуми Скопје на 04.02.2015 година достави е-маил до Комисијата во кој е наведено дека од ЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје добиле одговор на нивното Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното,Комисијата утврди декаЈП Македонска Радио Телевизија-Скопје постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.