ДОНЕСЕНИ 11 РЕШЕНИЈА И 7 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата десета седница одржана на 06 октомври 2011 година, донесе 11  решенија и 7 заклучоци.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија- Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на  6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија- Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација “Список на канцеларии за пријавување на корупција во високото образование на сите универзитети и факултети“, најдоцна до  28 октомври 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-258 од 05.07.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија- Скопје поднесена преку полномошникот Ф.С.М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за образование и наука на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28 октомври 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Транспарентност Македонија-Скопје како што е наведено во Жалбата на 16.05.2011 година, доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Список на канцеларии за пријавување на корупција во високото образование на сите универзитети и факултети “.
Министерството за образование и наука на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-258 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Полномошникот на барателот, Ф.С.М., адвокат од Скопје, на 25.08.2011 година достави Ургенција до Комисијата поради непостапување на Комисијата по предметот согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Службеното лице што постапува по предметот направи повеќе обиди за контактирање на службеното лице во Министерството, но освен информација од други вработени кај кого се наоѓа предметот и на кој телефон да се обрати, не успеа да стапи во контакт со службеното лице на Министерството.
Министерството не одговори ни на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Министерството за образование и наука постапило спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорило на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

            
**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје, поднесена преку овластеното лице С.Д. од Скопје, против ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“-Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје, поднесена преку овластеното лице С.Д. од Скопје, против ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација “Дали досега во Република Македонија се пријавени случаи на интерсексуални лица и дали се вршени хирушки зафати за детерминирање на полот на новороденчињата со дијагностициран интерсексуализам“, најдоцна до 28 октомври 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-189 од 27.06.2011 година, изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје, поднесена преку овластеното лице С.Д. од Скопје, против ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“-Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28 октомври 2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје како што е наведено во Жалбата на 05.05.2011 година,  доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ -Скопје и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Дали досега во Република Македонија се пријавени случаи на интерсексуални лица и дали се вршени хирушки зафати за детерминирање на полот на новороденчињата со дијагностициран интерсексуализам “.
ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ -Скопје на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата на 04.07.2011 година, достави допис број 07-189 до Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје и побара, согласно член 65 од Законот за општата управна постапка, во рок од 3 дена да ги одстрани формалните недостатоци во Жалбата.
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Скопје постапи по барањето на Комисијата и на 20.07.2011 година достави допис за уредување на Жалба, заведен во Комисијата под број 07-189.
Комисијата, со допис број 07-189 од 22.07.2011 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ -Скопје и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ –Скопје и покрај телефонските укажувања на службеното лице на Комисијата, на вработените во наведената институција, не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
ЈЗУ “Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ -Скопје постапила спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не одговорила на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.03-17598/6 од 17.06.2011 година, на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-253 од 05.07.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.03-17598/6 од 17.06.2011 година, на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Транспарентност Македонија како што е наведено во Жалбата, на 16.05.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Колкав е долгот на државата спрема приватниот сектор заклучно со април 2011 година?“
Министерството за финансии, во врска со ова Барање донело Заклучок бр.03-17598/6 од 17.06.2011 година, за прекинување на постапката, бидејќи како што е наведено во образложението “Бараната информација се однесува на податоци за побарувањата/обврските на државата кон приватниот сектор за кои софтерскиот систем на Трезорот не е конструиран да функционира. Имено, Софтерскиот систем на трезорот е конструиран да функционира на cash основа (се евидентираат приходите и расходите) а не пресметковната основа….Министерството за финансии не располага со бараната информација .“
Незадоволна од наведениот Заклучок, на 05.07.2011 година, Транспарентност Македонија преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-253 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Министерството за финансии достави Одговор на Жалба број 03-25983/2 од 12.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-253 на 25.08.2011 година.
Во Одговорот, Министерството за финансии наведува дека Жалбата е неоснована и ги побива наводите на жалителот: “дека во овој случај доколку имателот на информацијата сметал дека информацијата како таква не можела да се даде тој требало да бара преформулирање на барањето од страна на барателот, од причина што самото барање е јасно и прецизно и одговорот е соодветен на бараната информација……“
Исто така, имателот во одговорот наведува дека неосновани се наводите на жалителот “имателот на информацијата можел едноставно да ги стори достапни евидентираните приходи и расходи за бараните субјекти, а барателот врз нивна основа индиректно да дојде до својата барана информација, од причина што информацијата за приходите и расходите е јавно достапна за сите граѓани но откако ќе заврши фискалната година, додека пак нејзниното давање пред завршувањето на фискалната година би можело да предизвика погрешно разбирање на содржината, кое пак согласно со членот 6 став 1 точка 7 претставува исклучок од слободниот пристап до информации….“
Министерството за финансии смета дека во конкретниот случај не се работи за неука странка  во постапката на која е должно да и се даде помош.
 По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилен и врз закон заснован Заклучок.
Комисијата утврди дека Министерството за финансии правилно се повикало и го применило членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 6/2010) кој гласи: ”Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.”
Врз основа на спроведената постапка по Жалбата, Комисијата утврди дека Заклучокот на Министерството за финансии е правилен и врз закон заснован.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба
.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
                    

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фапром доо од Ариље, Република Србија, поднесена преку полномошникот А.В. адвокат од Скопје, против Решението на Министерство за финансии – Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 6 октомври  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фапром доо од Ариље, Република Србија, поднесена преку полномошникот А.В., адвокат од Скопје, против Решението на Министерство за финансии – Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, се УВАЖУВА.
Решението на Министерство за финансии – Царинска управа на Република Македонија бр.К:02-025147/11-0002 од 27.05.2011 година, се ПОНИШТУВА.
Се ЗАДОЛЖУВА Министерство за финансии – Царинска управа на Република Македонија, на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 28 октомври 2011 година, на начин и форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-172 на 31.05.2011 година, изјавена од Фапром доо од Ариље, Република Србија, поднесена преку полномошникот А.В., адвокат од Скопје, против Решението на Министерство за финансии – Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА УВАЖИ. Решението на Министерство за финансии – Царинска управа на Република Македонија го ПОНИШТИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии – Царинска управа на Република Македонија, на барателот да му ја достави бараната информација, најдоцна до 28 октомври  2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фапром доо Ариље, Република Србија, преку полномошникот А.В., адвокат од Скопје на 09.05.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Царинската управа, заведено во Управата под бр. 02-026147/11-0001 и побарало пристап до следната информација.
“Препис од УЦД број L 2752 од 12.06.2009 г. и  L 5001 од 30.09.2009 г. од ЦИ Струмица“.
Во врска со ова Барање, Царинската управа донела Решение со кое Барањето го одбила како неосновано.
Во Образложението на Решението се наведува “Царинската управа утврди дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер. Согласно одредбите на член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараната информација како препис од увозните декларации со броеви L 2752 од 12.06.2009  и  L 5001 од 30.09.2009 година, двете на Царинска испостава Струмица претставува исклучок, бидејќи се однесува на информација на комерцијални и други економски интереси вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата. Доколку  Царинската управа како имател на информацијата, бараните преписи од царински декларации ги достави до барателот на информацијата, ќе има штетни последици од комерцијален и друг економски интерес за економскиот оператор…..“.      
Незадоволно од образложението на наведеното Решение Фапром доо од Ариље, Република Србија, преку полномошникот А.В., адвокат од Скопје, достави Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-172 од 03.06.2011 година, ја препрати Жалбата до Царинската управа и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Царинската управа во врска со ова барање достави Одговор на жалба број 02-026147/11-0004 од 07.06.2011 година, а во Комисијата заведен под број 07-172 на 14.06.2011 година.
Во Одговорот на Жалбата останува на образложението од оспореното Решение.
Образложението на оспореното Решение со кое Царинската управа го одбива пристапот до бараната информација и Произнесувањето на Царинската управа во врска со Жалбата не беа доволни  Комисијата да може да одлучи по Жалбата и да донесе правилно и врз закон засновано решение.
Исто така, за да може Комисијата да одлучи по Жалбата не беше доволно ниту дополнителното објаснување доставено по меил до Комисијата на 25.08.2011 година, ниту пак Правилникот за видот на документите и податоците кои се означени како службена, деловна и друга тајна, начинот на нивно чување и заштита, кој  исто така по меил е доставен до Комисијата, од следните причини.
Во образложението на оспореното Решение со кое Царинската управа го одбива пристапот до бараната информација навела дека пристапот го одбива согласно член 6 став 1 точка 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дека бараната информација се однесува на информација од комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната политика и со нивно откривање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата. Меѓутоа, во образложението не е наведено дали евентуално и покрај тоа што бараната информација според тврдењето на Царинската управа претставува исклучок, сепак последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на истата, односно не е спроведен тестот на штетност.  
Во дополнителното објаснување Царинската управа се повикува на Правилник според кој е определено кои информации со кои располага Управата се класифицирани. Исто така, се повикува на Упатство за работа со класифицирани информации во Царинската управа, но не наведува со кој степен на класификација се класифицирани бараните информации и до кој период.  
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата констатира дека има потреба, а согласно своите законски надлежности има и право да бара увид во информацијата, што е предмет на барањето на барателот, по што ќе донесе законито и правилно решение по Жалбата.  
Од овие причини Комисијата на седницата одржана на 1-ви септември 2011 година, донесе Заклучок да изврши увид во предметот.
Заради погоре изложеното на 14.09.2011 година, достави Барање до Царинската управа за увид во бараната информација, со напомена дека лицето/та  кои ќе го извршат увидот поседуваат безбедносен сертификат за ракување со класифицирани информации со степен “државна тајна“.
Царинската управа постапи по ова Барање на Комисијата и на 30.09.2011година, на Комисијата и овозможи увид во бараната информација.
Согласно член 12 од Законот за класифицирани информации “Создавачот на класифицираната информација го означува на видно место степенот на нејзината класификација“.
По извршениот увид Комисијата утврди дека бараната информација не е одредена со степен на класификација, и според тоа не може да се смета за класифицирана и не може да се спроведе тестот на штетност.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), на седницата одржана на 6 октомври  2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, се УВАЖУВА и се ЗАДОЛЖУВА Собранието на барателот да му ја достави бараната  информација “Врз основа на последователен акт: 3305 објавен на последователна страна бр.8 во Службен весник на РМ бр.158 од 2010 г.и врз основа на одредбите од член 5 став (1) од истиот, односно од Закон за поштенски услуги, барам да ми се достави:
1.Име на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на поштенските услуги.
 2.Адреса на органот на државна управа наведен во точка 1 на овој поднесок“, најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/06, 86/08 и 6/10), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-99 од 21.04.2011 година, изјавена од М.К. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Собранието на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
М.К. од Скопје на 10.03.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Собранието на Република Македонија заведено под бр.36-1313/1 и побарал да му ја достават следната информација.
“Врз основа на последователен акт: 3305 објавен на последователна страна бр.8 во Службен весник на РМ бр.158 од 2010 г.и врз основа на одредбите од член 5 став (1) од истиот, односно од Закон за поштенски услуги, барам да ми се достави:
1.Име на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на поштенските услуги.
 2.Адреса на органот на државна управа наведен во точка 1 на овој поднесок“.
М.К. како што наведува во Жалбата на наведеното барање не добил писмен одговор, поради што поднесе Жалба до Комисијата.
Во Жалбата ја опишува постапката по неговото барање и консултациите во врска со барањето со службеното лице во Собранието, назначено за посредување со информациите од јавен карактер.    
Комисијата со допис број 07-99 од 03.05.2011 година ја препрати Жалбата до Собранието на Република Македонија и побара во рок од 3 (три) дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Собранието на Република Македонија на барањето на Комисијата одговори со  допис бр. 07-36-1313/3 од 05.05.2011 година, заведен во Комисијата под бр. 07-99 на 06.05.2011 година. Во прилог на дописот достави фотокопија од Записник за позитивно одговорено барање, фотокопии од две барања и фотокопија од одговор на барање насловен до М.К..
Во дописот е наведено дека службеното лице по приемот на барањето утврдило дека истото има формален недостаток, односно не била конкретно наведена бараната информација. Од наведената причина усно му укажало на барателот дека овој недостаток треба да го отстрани.
М.К. во Жалбата се повикува на член 65 став 1 од Законот за општата управна постапкаи наведува дека, службеното лице во Собранието не го известило во писмена форма  во врска со недостатокот.
Во врска со ова Комисијата укажува дека, согласно член 65 од Законот за општата управна постапка ако поднесокот содржи формален недостаток што го спречува постапувањето по истиот или поднесокот е неразбирлив или нецелосен, органот што го примил ќе направи се што треба недостатоците да се отстранат. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот. Оттука, е неосновано тврдењето на М.К. дека имателот на информацијата за формалниот недостаток на барањето, бил должен писмено да го извести.  
Од содржината на Записникот за позитивно одговорено барање подготвен од службеното лице во Собранието и доставен до Комисијата се наведува следното. “… на 10.03.2011 година, поднесено е писмено барање од М.К. бр.36-1317/1 …..кој е предлагач на Законот за поштенски услуги објавен во “Службен весник на РМ“бр.158/2010, односно барам да ми се достави Предлог закон за поштенски услуги“.    
Од увидот во списите Комисијата утврди дека наведеното Барање е уредно заведено во Собранието и во врска со истото М.К. нема поднесено жалба до Комисијата.
Во Записникот понатаму се наведува дека, од истиот барател на истиот датум било поднесено Барање несоодветно по својата содржина и е цитирано Барање заведено во Собранието под бр.36-1313/1. По укажувањето на барателот од страна на службеното лице, барателот истото го преформулирал како во текстот наведен во барањето бр.36-1317/1. Во Записникот понатаму се наведува дека, на барателот, во законски предвидениот рок, со писмо 36-1317/2 од 21.03.2011 година, препорачано по пошта на наведената адреса е доставена фотокопија од Предлог-закон за поштенски услуги, со што е одговорено во согласност со барањето.
Во врска со наведеното Комисијата укажува на следното.
Доколку имателот сметал дека барањето бр.36-1317/1 е исто со барањето бр.36-1313/1 само допрецизирано, како што наведува во записникот согласно со усните консултации на службеното лице во Собранието и барателот, требало да го заведе под истиот број. Комисијата од увидот во списите утврди дека Собранието во однос на заведувањето на барањата (под различни броеви) постапило правилно, затоа што тие се со различна содржина. Меѓутоа, не постапило правилно во однос на одговорите по истите. Одговорило само на едното, бидејќи сметало дека второто барање е допрецизирање на првото и дека истиот одговор е одговор на двете барања.    
Од наведените причини  е одлучено како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.К. од Скопје, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

                                  Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.К. од Скопје, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА, Решението на Агенцијата за вработување на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВА и се ЗАДОЛЖУВА Агенцијата на барателот да му ја достави бараната информација “Список со податоци за претпријатијата во кои РМ се јавува како доминантен сопственик на капиталот, обезбеден преку надлежните институции од Владата на РМ. –Преглед бр.19-2327/3-9 од 01.02.2010 г. кој според член 8 од Законот за материјално обезбедување невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост од 2000 г. до 2004 г.(“Службен весник на РМ“ бр.87/2008) истиот е доставен до Агенцијата за вработување“, најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

                           О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-306 од 14.09.2011 година, изјавена од Д.К. од Скопје, поднесена против Агенцијата за вработување на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ, Решението на Агенцијата од 04.08.2011 година, го ПОНИШТИ ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата на барателот да му ја достави бараната информација  “Список со податоци за претпријатијата во кои РМ се јавува како доминантен сопственик на капиталот, обезбеден преку надлежните институции од Владата на РМ. –Преглед бр.19-2327/3-9 од 01.02.2010 г. кој според член 8 од Законот за материјално обезбедување невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост од 2000 г. до 2004 г.(“Службен весник на РМ“ бр.87/2008) истиот е доставен до Агенцијата за вработување“, најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
Жалбата и другите списи во врска со предметот до Комисијата ги достави Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Комисијата ги разгледа истите и го констатира следното.
Д.К. на 13.07.2011 година, доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за вработување на Република Македонија заведено во Агенцијата под бр.03-900/1 и побарала да и ја достават следната информација.
“Список со податоци за претпријатијата во кои РМ се јавува како доминантен сопственик на капиталот, обезбеден преку надлежните институции од Владата на РМ. –Преглед бр.19-2327/3-9 од 01.02.2010 г. кој според член 8 од Законот за материјално обезбедување невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост од 2000 г. до 2004 г. (“Службен весник на РМ“ бр.87/2008) истиот е доставен до Агенцијата за вработување“.
Агенцијата за вработување место да ја достави бараната информација до барателот, Барањето со допис бр.03-900/1 наредниот ден односно на 14.07.2011 година, го препратила до Владата на Република Македонија.
Владата на Република Македонија во прилог на допис бр.60-3863/2 од 20.07.2011година, барањето го вратила до Агенцијата за вработување.
Во дописот Владата наведува “…бараната информација за целокупната информација од член 8 од Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, …..спаѓа во надлежност на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Согласно член 8…….Владата на Република Македонија преку надлежните институции ќе обезбеди список со податоци  за претпријатијата во кои Република Македонија се јавува како доминантен сопственик на капиталот и истиот ќе го достави до Агенцијата за вработување, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој Закон, што имплицира дека единствена институција која поседува комплетен список е Агенцијата за вработување“.
По добивањето на наведениот допис од Владата, Агенцијата за вработување, донела Решение со кое пристапот до бараната информација го одбива.
Против наведеното Решение Д.К., поднесе Жалба до Комисијата.
Во Образложението на оспореното Решение Агенцијата објаснува што е “информација од јавен карактер“, меѓутоа при тоа го нема во вид член 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.6/2010), иако е наведен во уводот на Решението.
Според наведениот член “информација од јавен карактер“ е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности. Од увидот во списите Комисијата утврди дека Агенцијата располага со бараната информација, односно е имател на истата, а право на барателот е да одлучи од кого ќе ја побара информацијата, дали од тој што ја создал или од тој кој со неа располага. Од тука произлегува дека, Агенцијата погрешно го применила член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и барањето го препратила до Владата на Република Македонија.   
Во Образложението на Решението понатаму се наведува дека, Агенцијата за вработување на Република Македонија “не е директен носител и имател на информацијата/ списоците и не може да спроведе тест на штетност и да оцени дали истата е од јавен карактер и дали истата треба да се даде или не на барателот на информацијата“.
Во врска со ова Комисијата укажува на следното.
Без оглед на тоа дали имателот на информации ја создал бараната информација или со неа располага согласно законските надлежности, тој е имател на истата и е должен да ја спроведе постапката по барањето. Доколку утврди дека бараната информација е од јавен карактер да ја достави до барателот, а доколку утврди дека претставува исклучок од слободниот пристап да го спроведе тестот на штетност и врз основа на тоа да донесе правилна одлука.
Во случајов Комисијата утврди дека Бараната информација е информација од јавен карактер и имателот е должен да ја достави до барателот.
Во Одговорот на Жалбата Агенцијата за вработување останува на образложението од оспореното Решение.
 По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното.
Агенцијата за вработување на Република Македонија погрешно ги применила одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Место да ја достави бараната информација до барателот, затоа што истата е од јавен карактер и со неа располага, барањето го препратила до Владата на Република Македонија.                                                                                                                                                                                                                                                                           
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.  

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Заклучокот на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.03-17602/2 од 17.06.2011 година, на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-252 од 05.07.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, против Заклучокот бр.03-17602/2 од 17.06.2011 година, на Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Транспарентност Македонија како што е наведено во Жалбата, на 16.05.2011 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Дали акциите за пошумување подлежат на некаква финансиска и фактичка инспекција? Ако да, кои се тие?“
Министерството за финансии, во врска со ова Барање донело Заклучок бр.03-17602/2 од 17.06.2011 година, за прекинување на постапката, бидејќи како што е наведено во образложението “Барањето … се однесува на информација која според надлежноста на Министерството за финансии не е во рамките на информациите со кои располага Министерството како имател на инфомации.
Видно од надлежностите предвидени со…закон Министерството за финансии вклучувајќи ги органите во состав без својство на правно лице-Управата за имотно правни работи и Државниот девизен инспекторат не е надлежно за вршење на финансиска инспекција.“
Незадоволна од наведениот Заклучок, на 05.07.2011 година, Транспарентност Македонија преку полномошникот Ф.М. адвокат од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис број 07-252 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова барање на Комисијата, Министерството за финансии достави Одговор на жалба број 03-25982/2 од 12.08.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-252 на 25.08.2011 година.
Во Одговорот, Министерството за финансии наведува дека Жалбата е неоснована и дека “…барањето за пристап до информација од јавен карактер се однесува на информација која според надлежноста на Министерството за финансии не е во рамките на информациите со кои располага министерството како имател на информации.
Министерството за финансии … истото не го препрати до надлежни институции од причина што самото барање не укажува на какви акции за пошумување се работи…ниту пак содржи било какви други информации кои би можеле да укажат на определени податоци за да може барањето да се препрати до соодветен државен орган односно институција на надлежност.”
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донел правилен и врз закон заснован Заклучок.
Комисијата утврди дека Министерството за финансии правилно се повикало и го применило членот 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 6/2010) кој гласи: ”Ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со заклучок ќе ја прекине постапката.”
Врз основа на спроведената постапка по Жалбата, Комисијата утврди дека Заклучокот на Министерството за финансии е правилен и врз закон заснован.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од Годишните финансиски извештаи за 2010 година за сите политички партии во РМ, согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии и Листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии,“, најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр.07-214 од 30.06.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Транспарентност Македонија како што е наведено во Жалбата на 16.05.2011 година,  доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од Годишните финансиски извештаи за 2010 година за сите политички партии во РМ, согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии и Листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 27 од Законот за финансирање на политичките партии.“
Државниот завод за ревизија на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-214 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот завод за ревизија не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Државниот завод за ревизија постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од првиот квартален извештај од 2011 година на сите политички партии во РМ кои истиот го доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии и Листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии“, најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-207 од 30.06.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија, поднесена преку полномошникот В.Д., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Транспарентност Македонија како што е наведено во Жалбата на 16.05.2011 година, доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од првиот квартален извештај од 2011 година на сите политички партии во РМ кои истиот го доставиле, согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии и Листа на политички партии кои не ја исполниле обврската согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии.“
Државниот завод за ревизија на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-207 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот завод за ревизија не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Државниот завод за ревизија постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од последниот квартален извештај (октомври-декември) за 2010 година на сите политички партии согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии (Сл.весник бр.76/04, 86/08, 161/08 и 96/09), кои ја исполниле обврската.“, најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата бр. 07-235 од 30.06.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер,  ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија како што е наведено во Жалбата на 16.02.2011 година, доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од последниот квартален извештај (октомври-декември) за 2010 година на сите политички партии согласно член 25 од Законот за финансирање на политичките партии (Сл.весник бр.76/04, 86/08, 161/08 и 96/09), кои ја исполниле обврската.“
Државниот завод за ревизија на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-235 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот завод за ревизија не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Државниот завод за ревизија постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација “Фотокопија од доставените изготвени пописи на имотот со кој располагаат политичките партии кои ја исполниле обврската од член 33 од Законот за финансирање на политичките партии (СВРМ бр.76/04, 86/08, 161/08 и 96/09)“, најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата бр.07-234 од 30.06.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот завод за ревизија на барателот да му ја достави бараната информација најдоцна до 28.10.2011 година, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  го констатира следното.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија како што е наведено во Жалбата на 16.02.2011 година, доставила Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација.
“Фотокопија од доставените изготвени пописи на имотот со кој располагаат политичките партии кои ја исполниле обврската од член 33 од Законот за финансирање на политичките партии (СВРМ бр.76/04, 86/08, 161/08 и 96/09).“
Државниот завод за ревизија на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис број 07-234 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по Жалбата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државниот завод за ревизија не одговори на ова барање на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот Комисијата го утврди следното.
Државниот завод за ревизија постапил спротивно на одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не одговорил на барањето на барателот во рокот предвиден во Законот, а не одговори ниту на дописот на Комисијата.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници-Скопје, застапувана од С.Д., овластено лице, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 06 октомври 2011 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр. 07-188 од 27.06.2011 година, изјавена од Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници-Скопје, застапувана од С.Д. овластено лице, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
    
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член  28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-188 на 27.06.2011 година, изјавена од Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, поднесена преку овластеното лице С.Д., против Министерството за здравство и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници на 05.05.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство и побарала по пошта  да и ја достават следната информација: „Дали досега во Република Македонија  се пријавени случаи на интерсексуални лица и дали се вршени хируршки зафати за детерминирање на полот на новороденчиња со дијагностициран интерсексуализам“.
Министерството за здравство на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и поднесена е Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-188 од 04.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство во врска со ова барање до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.09-7280/2 од 26.07.2011 година, заведен во Комисијата под бр.07-188 на 04.07.2011 година.  Во одговорот е наведено дека „Министерството за здравство испрати одговор на барањето до Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, преглед бр. 09-5331/4 од 25.05.2011 година на адресата која беше наведена за барател на информации. Ковертот со содржаниот писмен одговор после изминат период од 10 дена е вратен во архивата на Министерството за здравство заради непостоечка наведена адреса на примателот на пратката.“
Министерството за здравство во прилог достави фотокопија од препорачана поштенска пратка со поштенски печат од 26.05.2011 година и со  забелешка „не побарал“.
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, по е-маил на 12.09.2011 година, ја извести Комисијата дека „иако со закаснување“ добила одговор од Министерство за здравство, од кој се задоволни.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за здравство одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај е битно дека имателот постапил по Барањето, а барателот ја доби бараната информација.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНO СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против  Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 6 октомври  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер фотокопија од “Деловникот за работа на Националниот совет за заштита на природата“, поради тоа што на барателот му е доставена бараната информација.
 
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-267 на 20.06.2011 година, изјавена од Петар Бошевски од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, П.Б. од Скопје, на 26.04.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање, заведено во Министерството под бр.4169/1 и побарал да му достават фотокопија од  “Деловникот за работа на Националниот совет за заштита на природата“.
Министерството за животна средина и просторно планирање на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со имателот на информацијата, кој после телефонскиот разговор ја доставил бараната информација до барателот.
Како доказ за наведеното е Известувањето од П.Б. заведено во Комисијата на 05.09.2011 година, под бр07-267, во кое наведува дека ја добил бараната информација од која е задоволен, но не и од брзината на нејзиното добивање.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање одговорило на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од П.Б. од Скопје, но со задоцнување.  
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација поднесена против АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  а во врска со член 247 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 06 октомври  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација поднесена против АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Оглас објавен во дневен весник Нова Македонија од 24.02.2011 година“, поради повлекување на истата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010),  ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-296 од 24.08.2011 година, изјавена од Комисијата за заштита од дискриминација против АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што се наведува во Жалбата, Комисијата за заштита од дискриминација, застапувана од претседателот, Д.М. на 24.06.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје. Со барањето заведено во Комисијата за заштита од дискриминација под бр.2/31/11, побарала по пошта да и достават фотокопија од: “Оглас објавен во дневен весник Нова Македонија од 24.02.2011 година?“
АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со допис бр.07-296 од 26.08.2011 година ја препрати Жалбата до АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје и побара, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на овој допис, да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје до Комисијата достави Одговор на допис бр. 03-77/8 од 01.09.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-296 на 14.09.2011 година, во кој наведува дека наведеното барање од Комисијата за заштита од дискриминација не е пристигнато и евидентирано во архивата на АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје, но „…со цел да излеземе во пресрет…Ви доставуваме копија од јавен оглас…“. Барателот до Комисијата не достави доказ за уредно доставено барање.
Службеното лице што постапува по предметот го достави Одговорот од АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје и фотокопија од бараната информација до барателот на информацијата.
По добивањето на Одговорот, Комисијата за заштита од дискриминација до Комисијата достави допис бр.03-53/12 од 26.09.2011 година, со кој ја известува Комисијата дека „се откажува од жалбата“, поради тоа што е задоволна од одговорот.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека АД за поштенски сообраќај Македонски пошти во државна сопственост-Скопје постапило по Барањето и барателот ја добил бараната информација со посредство на Комисијата.
  Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето.     
Поради ова, Комисијата одлучи  како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

                
**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.С. од Кратово поднесена против Владата на Република Македонија – Комисија за приватизација на претпријатијата во општествена сопственост, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 6 октомври  2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Г.С. од Кратово поднесена против Владата на Република Македонија – Комисија за приватизација на претпријатијата во општествена сопственост, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Извештај (фотокопија или препис од Извештај) за спроведен тендер на наведеното локално радио (Радио Кратово) со останатите 6 локални радија од РМ, колку беа ставени на истиот тендер“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барање.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број бр.07-289 од 10.08.2011 година, изјавена од Г.С. од Кратово поднесена против Владата на Република Македонија – Комисија за приватизација на претпријатијата во општествена сопственост, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата Г.С. од Кратово, на 05.07.2011 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија – Комисија за приватизација на претпријатијата во општествена сопственост, заведено во Влада под бр.19-3629/1  и побарал по пошта да му ја достават следната информација.
“Извештај (фотокопија или препис од Извештај) за спроведен тендер на наведеното локално радио (Радио Кратово) со останатите 6 локални радија од РМ, колку беа ставени на истиот тендер“.
 Владата на Република Македонија – Комисија за приватизација на претпријатијата во општествена сопственост на ова барање не одговорила во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-289 од 17.08.2011 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија – Комисија за приватизација на претпријатијата во општествена сопственост и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат достави Известување бр.60-3629/5 од 19.09.2011 година, а во Комисијата заведено под бр.07-289 на 28.09.2011 година. Во Известувањето се наведува дека, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија Барањето го препратил до Министерството за економија, затоа што како што е наведено тоа е имател на бараната информација.
Во прилог на Известувањето достави фотокопија од Известување доставено до Г.С., со кое го известува за препраќањето на Барањето.
Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот, кој потврди дека го добил наведеното Известување.
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат, одговорил на Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Г.С. од Кратово, но со задоцнување.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, но по истекот на законски предвидениот рок.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр.07-237 од 30.06.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Дали се утврдени неправилности од финансиските извештаи на политичките партии за 2009 година согласно член 27-б од Законот за финансирање на политичките партии и ако да, кај кои политички партии и дали се известени надлежните органи заради поведување на соодветна постапка? Фотокопии од известувањата од надлежните органи.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-237 на 30.06.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 16.02.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија и побарала во фотокопија по пошта да и ја достават следната информација “Дали се утврдени неправилности од финансиските извештаи на политичките партии за 2009 година согласно член 27-б од Законот за финансирање на политичките партии и ако да, кај кои политички партии и дали се известени надлежните органи заради поведување на соодветна постапка? Фотокопии од известувањата од надлежните органи.“
Државниот завод за ревизија на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-237 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Државниот завод за ревизија достави Одговор по жалба бр.03-662/2 од 21.07.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-237 на 15.09.2011 година. Во Одговорот се наведува дека, Државниот завод за ревизија со писмо бр.36-571/2 од 14.07.2011 година, доставил одговор за наведеното барање до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.
Во прилог го достави наведениот одговор-Известување, но не и доказ дека истиот е доставен и примен до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.  
Во функција на начелото на економичност и транспарентност на постапката, службеното лице кое постапува по предметот, до барателот по факс го достави одговорот на барањето-Известувањето.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 19.09.2011 година, по меил ја извести Комисијата дека е задоволна од добиениот одговор доставен по факс.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, Комисијата укажува дека доставувањето на одговорите треба да се врши согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 6 октомври 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата бр.07-236 од 30.06.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Фотокопија од извештаите од извршената контрола или ревизија на финансиското работење, согласно член 27-б став 2 од Законот за финансирање на политичките партии.“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-236 на 30.06.2011 година, изјавена од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија поднесена преку полномошникот Ж.Х.З., адвокат од Скопје, против Државниот завод за ревизија и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 16.02.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот завод за ревизија и побарала по пошта да и ја достават следната информација “Фотокопија од извештаите од извршената контрола или ревизија на финансиското работење, согласно член 27-б став 2 од Законот за финансирање на политичките партии.“
Државниот завод за ревизија на ова барање не одговорил во законски предвидениот рок согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.07-236 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Државниот завод за ревизија и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата, Државниот завод за ревизија достави Одговор по жалба бр.03-657/5 од 21.07.2011 година, а во Комисијата заведен под бр.07-236 на 15.09.2011 година. Во Одговорот се наведува дека, Државниот завод за ревизија со писмо бр.36-572/2 од 14.07.2011 година, доставил одговор за наведеното барање до Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.
Во прилог го достави наведениот одговор-Известување, но не и доказ дека истиот е доставен и примен до Фондацијата институт отворено општество-Македонија.  
Во функција на начелото на економичност и транспарентност на постапката, службеното лице кое постапува по предметот, до барателот по факс го достави одговорот на барањето-Известувањето.
Фондацијата Институт отворено општество-Македонија на 19.09.2011 година, по меил ја извести Комисијата дека е задоволна од добиениот одговор доставен по факс.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување и со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на барањето.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, Комисијата укажува дека доставувањето на одговорите треба да се врши согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија со седиште во Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против  Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), а во врска со член 223 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на  6 октомври 2011 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Транспарентност Македонија со седиште во Скопје, поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер “Со каков кадровски капацитет располагаат службите во министерството за образование кои ги спроведуваат изборите на авторите за изготвување на учебниците основно и средно образование“, поради тоа што на барателот му е одговорено на барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 07-257 на 05.07.2011 година, изјавена од Транспарентност Македонија поднесена преку полномошникот Ф.М., адвокат од Скопје, против  Министерството за образование и наука и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Како што е наведено во Жалбата, Транспарентност Македонија на 16.05.2011 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука, со кое побарала да и ја достават следната информација.
“Со каков кадровски капацитет располагаат службите во министерството за образование кои ги спроведуваат изборите на авторите за изготвување на учебниците основно и средно образование“.
Министерството за образование и наука, на ова барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.07-257 од 15.07.2011 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и да ги достави до Комисијата сите списи во врска со предметот.
Во врска со ова Барање на Комисијата Министерството за образование и наука, достави Одговор бр.22-1418/3 од 26.08.2011 година, во Комисијата заведен под бр.07-257 на 02.09.2011 година. Во Одговорот се наведува дека, Министерството за образование и наука-Педагошка служба одговорила на барањето на Транспарентност Македонија, со допис  бр.22-896/2 од 19.05.2011 година.
Во прилог го достави наведениот Одговор, но не и доказ дека истиот е доставен и примен до Транспарентност Македонија.  
Службеното лице кое постапува по предметот телефонски комуницираше со барателот на информацијата, кој потврди дека не го добил одговорот. Од наведените причини, а во функција на начелото на економичност и транспарентност на постапката, фотокопијата од одговорот на барањето по факс ја достави  до барателот.
Полномошникот на барателот со допис заведен во Комисијата на 07.09.2011 година, под бр.07-257 ја извести Комисијата дека е задоволен од Одговорот.   
Врз основа на изложеното Комисијата утврди дека барателот ја добил бараната информација со задоцнување и со посредство на Комисијата. Од увидот во списите Комисијата неможе да утврди дали Министерството за образование и наука одговорило во рокот предвиден во Законот од причина што за истото не постои доказ.
Комисијата констатира дека во конкретниот случај битно е дека барателот ја добил бараната информација.
Комисијата укажува дека, конкретниот имател на информации при евентуални идни барања е должен да одговара на барањата во рок и форма предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Исто така, Комисијата укажува дека доставувањето на одговорите треба да се врши согласно одредбите од Законот за општата управна постапка.  
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.