Дејноста на Бирото за развој на образованието опфаќа компоненти со кои се одредуваат целта и содржината на воспитно-образовната работа во областа на предучилишното, основното, гимназиското, средното стручно и постсредното образование, образованието на децата со посебни образовни потреби, образованието на возрасните, ученичките домови, како и за образованието на децата и граѓаните на Република Македонија во странство за учење на мајчиниот јазик и култура.
– ги утврдува потребите за развој на воспитно-образовниот систем;
– изготвува и предлага наставни планови и покренува иницијативи за изработка на наставни програми;
– врши утврдување на потребите за професионален развој на воспитно-образовниот и раководниот кадар;
– спроведува истражувања во областа на образованието;
– врши редовна советодавна стручна помош на училиштата;
– се грижи за изработување образовни стандарди и стандарди на постигањата на учениците;
– изработува концепција за учебници;
– подготвува методологија за вреднување на ракописи;
– предлага програми за издавање учебници;
– издавачка дејност поврзана со воспитно-образовната работа;
– развивање информациски систем и база на податоци;
Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3064-131; 02 3089-031